Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

partizanska-brza-pomos-914

Драма во Скопје: Фрлил летоци од политичка партија, па завршил претепан во болница

На 28.10.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од с.Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто“ бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреди бил однесен М.Ѓ.(31) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на ул.„Есперанто“ бил физички нападнат од повеќе лица. На местото било пронајдено оставено патничко возило „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka1

Го истепале и го снимале со телефон

На 28.10.2021 во 02.00 часот во СВР Скопје, С.С.(26) од Скопје пријавил дека во периодот од 00.30 до 01.20 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од едно лице, додека другите лица кои биле со него снимале со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Го излажал дека ќе му изгради куќа и му земал над 500.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.На 28.07.2021, пријавениот го довел во заблуда Н.В. дека ќе му изгради викенд куќа во с.Јастребник, за што на 06.08.2021 склучиле договор заверен кај нотар. По ова, Н.В. му исплатил во два наврата 400.000 денари и 128.400 денари, за што му бил даден документ „каса исплати“, а пријавениот сѐ уште не започнал со работа според договореното, причинувајќи му материјална штета од 528.400 денари.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Оштетен билборд на кандидат за градоначалник во Скопје

На 28.10.2021 во 01.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.51 часот повеќе лица, кои биле со пет патнички возила оштетиле билборд на кандидат за градоначалник на бул.„Видое Смилески-Бато“. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

danela-avtobus-1170x780-1

Арсовска крие дека била менаџер на фирма за продажба на автобуси, вели СДСМ

„Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за доброто на Скопје и скопјани“, укажува Градската организација на СДСМ, на денешната прес конференција.СДСМ потсетува што се обидува да скрие Арсовска од нејзината биографија што ја сподели на својата веб-страница: „Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“. Унгарската конзулка Арсовска се обиде да скрие и дека има бугарско државјанство и бугарска лична карта и дека поврзана со бугарски капитал во Македонија.“„Зошто Арсовска, која ветува 250 нови автобуси, не кажува во биографијата дека била менаџер на фирма која се занимавала токму со продажба на автобуси во Македонија?“, прашува СДСМ, обелоденувајќи докази дека Арсовска ја менаџирала фирмата „ТЕМ МК“, која во 2008 се занимавала со продажба на автобуси и нудела за продажба турски автобуси во Македонија. Според обелоденетите документи, „ТЕМ МК“ била семејната фирма која се трансформирала во „Ројал Груп“ со седиште во сала Расадник и во обете фирми биле сопственици Арсовска и татко и.СДСМ Скопје укажува дека во целиот тек од кампањата, кога ветува 250 нови еко-автобуси, Арсовска промовира и рекламира еден од најскапите кинески електрични автобуси од 18 метри, од кинеската фирма BYD, без воопшто да каже колку чини кинескиот автобус: „Арсовска рекламира кинески автобуси, а „Македонска кинеска стопанска комора“ се наоѓа на иста адреса со организации и фирми поврзани со неа и нејзиниот татко.“СДСМ Скопје обелодени документи дека на иста адреса - Рилски конгрес бр. 112 - се наоѓа и „Македонска кинеска стопанска комора“ и Сојуз на организации на работодавачи на Македонија (каде што Арсовска се јавува како овластено лице за застапување) и подружница на семејната фирма „Ројал груп“ од „Расадник“ и имотен лист од објектот кој е во сопственост на таткото на Арсовска.СДСМ Скопје тврди дека „покрај семејните фирми во сала „Расадник“ и на „Благоја Гојан 24“, „Рилски конгрес бр. 112“ е трета адреса каде што допираат пипците од семејниот бизнис октопод“.На крајот од прес-конференцијата СДСМ Скопје укажува дека јавноста има право да знае: „Дали Арсовска била успешен или неуспешен менаџер на фирма за продажба на автобуси во 2008? Дали нејзиното рекламирање на електрични кинески автобуси во кампањата има врска со „Македонска кинеска стопанска комора“, која е на иста адреса со нејзини приватни и семејни правни лица? До кога Арсовска ќе бега од новинари и ќе ги крие пипците на семејниот бизнис „октопод“ кој ја упропастил скопската сала „Расадник“ - изградена од град Скопје со пари на скопјани?“

Скопје | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

11 починати од коронавирус, 436 нови случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево - по 5, Струмица и Берово - по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар - по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 321 оздравени пациент од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.Направени се 2.732 тестови преку: ИЈЗ-258, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-29,ЦЈЗ Тетово–52, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–160, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-132, Биотек-129, Систина-59, лабораторија Лаор-71, Синлаб-8, Ремедика-16, Плодност–36, Генеа-9, Никоб лаб-258, ВФВ Медикал-21, Ели Медика-31, Ројал Медика –15, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.192.Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 88111, Активни 3258Куманово 12217, Активни 445Тетово 10992, Активни 127Прилеп 9427, Активни 256Гостивар 8000, Активни 23Битола 7402, Активни 231Велес 6760, Активни 332Кавадарци 6249, Активни 220Охрид 6150, Активни 199Штип 6122, Активни 207Струмица 5905, Активни 134Кичево 4089, Активни 69Струга 3839, Активни 43Кочани 3546, Активни 177Гевгелија 2546, Активни 82Неготино 2377, Активни 45Свети Николе 2003, Активни 82Крива Паланка 1621, Активни 137Радовиш 1590, Активни 46Ресен 1585, Активни 43Дебар 1453, Активни 3Берово 1237, Активни 25Делчево 1158, Активни 38Виница 1086, Активни 35Пробиштип 1007, Активни 60Валандово 852, Активни 24Кратово 642, Активни 31Богданци 584, Активни 25Крушево 547, Активни 14Демир Хисар 483, Активни 34Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 357, Активни 41Пехчево 320, Активни 4Дојран 148, Активни 6

Македонија | пред 4 години

IMG_4225

Арсовска на средба со претставници од „Го сакам Водно“: На Водно нема да се закова ни шајка

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓанското здружение „Го сакам Водно“, веднаш по нивниот повик преку соопштение до јавноста, во кое што стои дека Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Тие бараат од Арсовска да направи чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нејзината намера за вистински и целосно заштитено Водно еискрена, затоа што, како што велат, само нејзината заложба може да се најде над секоја одлука која што води кон уништување на Водно.На средбата Арсовска ги ислуша сугестиите и се обврза итно да ги иницира сите неопходни чекори кои ќе обезбедат сеопфатна и целосна заштита на Водно. Таа истакна дека за Водно не смее да има компромиси и дека решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање на работен комитет од здруженијата, со професори и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно. Како доказ за своите намери, кандидатката за градоначалник ја посочи и својата програма, во која се опфатени повеќе проекти a чија цел е Водно да стане зелен штит, токму како што граѓаните бараат.„Ќе се залагам за заштита на просторот со Закон и ќе го решам проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, без да дозволам да се закова дури и една шајка. Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје ќе вклучува и пошумување со 100 000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично”, посочи Арсовска.Арсовска истакна и дека додека граѓаните го бранеле Водно со жив штит поради сечењето дрвја и се обидувале да ја одбранат парк шумата, никој од локалната управа не им помогнал, напротив, застанале на другата страна.„Ова не смее да биде нашата реалност. Градоначалникот мора да ги слуша барањата на жителите и да наоѓа решенија во нивен интерес“, истакна Арсовска. На крајот од средбата, заклучија дека неопходна е итна реакција и брзо делување за да се изборат за зачувување на парк шумата. Арсовска се обврза на заедничка соработка и континуирана комуникација со цел Водно да продолжи да биде зелена заштита за Скопје и скопјани.

Скопје | пред 4 години

Vodno3

Шилегов ги прифати барањата на иницијативата „Го сакам Водно“

„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам и за свои. Изминатите четири години направивме многу за омиленото место за рекреација на скопјани. Воведовме ред во паркирањето, воведовме бесплатни автобуски линии, набавивме нова противпожарна опрема и возила само за планината и организиравме спасителни служби за рекреативците. Парите од паркингот ги инвестиравме во нови детски содржини и во две патеки за планински велосипедизам“, вели градоначалникот Шилегов.„Водно го штитевме заедно со активистите во долгите и мачни преговори за гасоводот кој го наследивме како проблем. Успеавме да ја измениме трасата во критичните четири километри каде требаше да се пресече шума, но и успеавме да ја преполовиме ширината на коридорот со што дополнително заштитивме илјадници дрвја на Водно. Успеавме да обезбедиме средства од државата за компензација и пошумување на ерозивните подрачја на планината“, кажа Шилегов.„Во мојата програма недвосмислено изјавив дека нема да дозволам покачување на градежната линија и дека јужната обиколница на Скопје (автопатот на Коце Трајановски низ падините на Водно) ќе биде избришан од новиот ГУП. За разлика од мојата противкандидатка, јас нема да сечам нова шума за нов коридор на жичницата до градот. Јас нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец. Јас нема да дозволам пробивање на нови патишта како што правеа нејзините сопартијци. Ниту пак ќе дозволам нови сончеви населби на падините на Водно, како што правеа нејзините другари“, потенцира Шилегов.„Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам за свои. Специјалниот закон за Водно е заедничка заложба со МЖСПП и Владата. Изработката на просторниот план со зонирање на Водно како простор од посебен интерес за Скопје е исто така моја заложба и планирам да ја изведам во соработка со централните институции. Денес ги задолжив службите во градот итно да постапат по одлуката на Владата за прогласување на Водно во заштитена зона и да испратат барање до Агенцијата за Просторно Планирање за изработка на Просторен План за Водно. Се надевам на вашата поддршка во вториот круг и на плодна соработка во вториот мандат“, вели градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 4 години

120190520_075559

ВЛАДА: Македонија е подготвена за дијалог, време е Бугарија да ја покаже истата подготвеност

Со Договорот од 1 август 2017 година, Северна Македонија и Бугарија потпишаа дека ќе обесхрабруваат провокации кои не се во интерес на ниту една страна, дека нема да влегуваат во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои не носат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.Наместо тоа, Договорот обврзува да се одржува европски дијалог и да се почитува и применува целосно, вклучувајќи го и темелниот принцип за немешање во внатрешните работи на двете земји.Имаме разбирање за внатрешна политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но сметаме дека тоа не е причина за политички пораки за кампањски потреби кои излегуваат од рамката на европските вредности и принципи за почитување на кој е изграден Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Таквите тонови не се доживуваат како пријателски од страна на македонските граѓани. Немешањето во внатрешните работи е принципиелен став, а таков став очекуваме и од соседите.Постигнувањето договори и нашата посветеност на нивната имплементација, меѓу другото, се потребни за помирување на народите и државите во нашиот регион за да живееме во траен мир, и да развиваме трајно пријателство, како што тоа го правиме со сите наши останати соседи.Остануваме посветени на дијалог со Софија и барање на взаемно прифатливо решение за прашањата што се отворија. Република Северна Македонија покажа максимална проактивност и политичка волја да се доразјаснат одредени дилеми и понудивме одговор на повеќе од покренатите прашања. Континуирано работиме на активна имплементација на договорот.Решенијата не се во минатото, тие се во иднината, а иднината бара дијалог, не монолог за внатрешна употреба. Кога станува збор за земја членка на ЕУ и за земја со потврдено признание дека ги исполнила сите услови за почеток на преговори за членство, дијалогот е единствено решение за билатералните прашања и за изнаоѓање меѓусебно разбирање.Република Северна Македонија е подготвена за тој дијалог. Време е Бугарија да ја покаже истата подготвеност.

Македонија | пред 4 години

nastavnik-dete

Наставникот кој тепаше ученик не дошол на работа, отказ се уште нема

Наставникот по англиски јазик од основното училиште „Панајот Гиновски“, кој беше снимен како тепа ученик од седмо одделение, денеска не дошол на работа и ќе биде заменет од друг наставник, информира директорката на училиштето, Ќамуране Реџа за ТВ21, додавајќи дека тој не е отпуштен од работа, но оти нема да држи настава додека се чека одлуката на дисциплинската комисија во училиштето.Таа вели дека досега немало жалби против наставникот, кој предава во ова училиште 13 години.„Јас како директорка не можам сама да донесам одлука за да го отпуштам од работа. Формирав дисциплинска комисија со наставници од училиштето, синдикатот и советот на родители. Тие ќе дадат свое мислење и потоа ќе се одлучи за отпуштање од работа од училиштето“, вели Реџа.

Скопје | пред 4 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Димитриевски го објави бројот кој праќал заканувачки пораки до активистка од Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски на неговата фан-страница на Фејсбук објави фотографии на кои се гледаат пораки кои се испраќаат, како што вели тој на активистка од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.„Погледнете ги пораките што се испраќаат на наша активистка, мајка за нејзиното дете! Ова е недозволиво, срамно и загрижувачки! Барам МВР веднаш да спроведе детална истрага, а ние ќе направиме сè семејството да остане анонимно за да немаат дополнителни трауми од поединци!Првата порака е испратена на 16.10.2021, од телефонскиот број 076 866 464 со следната содржина:„Максо нон стоп спомнуе несреќан случај за некое дете води ред и твое така да не се спомнуе, а дете убаво си вози мотор. Последна опомена“.По 5 минути, повторно уште една порака, која гласи:„Док си таму поздрави се последан још мало па бивши градоначалник“.Но, комуникацијата не завршува тука. На 26-ти октомври во 18:22 часот, повторно уште една порака:„Убав дн днска на дете ти роденден, другара ти Максу покани ли га мож ќе биде последан роденден да се подружите“.4 минути подоцна, уште една порака:„Многу убаво те опоменасмо да се повлечеш ама ти не. што и да се деси сама си крива“.Според нашите неофицијални информации со кои располагаме, станува збор за лице кое е поранешен осуденик и кое издржувало казна затвор, а во моментов е во штабот на СДСМ. Случајот е пријавен во Министерството за внатешни работи. Досега имаме пријавено многу случаи во МВР, но оваа институција не реагира.Со кое право вршите закани врз родител жена, мајка на нечие дете испракајќи и порака дека може на нејзиното дете да му биде последен роденден! Вака ли сакате да водите кампања за локални избори! Застрашувачки е тоа што се случува од месец септември досега во Куманово. Срамота!Ги повикувам сите кои се соочуваат со закани и притисоци поради сопствено убедување веднаш да ги пријават!“ - пишува Димитриевски на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

248496632_583914012876026_3884716189739878668_n

Алек Теранова нема доказ дека инвестирал во туѓи станови и плацеви

Обвинетиот Сашо Мијалков го распрашуваше сведокот Александар Ивановски-Теранова околу деталите дадени во неговиот исказ. По скоро секое цитирање на исказот, Сашо Мијалков го интересираше дали сведокот има материјален доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал. Ивановски-Теранова негираше.“Нели е нелогично преку тебе да се распрашувам за земјиште, туку за друг, како што кажуваш и ти, па не ја гледам причината зошто би прашувал, особено ако тој за кого ти кажуваш дека било наменето земјиштето имал секојдневен контакт со сите институции. Која е логиката?”, праша Мијалков, на што сведокот одговори: “А што тој што гледал ДУП-ови не сакал да се знае дека има плацеви”, на што Мијалков му рече: “Ќе ја видиме таа логика понатаму затоа што не е така”. Судијата реагираше на коментарот, а Мијалков врати: “Ако да се разбереме малку”.“Дали ти Алек имаш доказ дека јас сум ти се јавил?”, праша Мијалков, на што Ивановски-Теранова одговори: “Немам доказ, телефонски беше тоа”.“Треба да ги снимам разговори, ако барате доказ, немам”, одговори Александар Ивановски-Теранова на уште едно прашање за тоа дали за исказот и разговорите кои ги споменува има материјални докази.“Ти немаш вакво искуство, ти посакувам и да немаш. Постапката е таква да одговараш само тоа што прашувам”, рече Сашо Мијалков.На ова реагираше Лиле Стефанова, поради што судијата Илија Трпков ја предупреди дека не смее да се обраќа директно до Сашо Мијалков.“Немојте да преговарате директно. Мене ќе ми се обратите па ќе направам јас ред во судница”, рече судијата Илија Трпков до Лиле Стефанова.Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема доказ со кој може да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацеви.“Ваш плац, ваши пари, ваши комуналии. Како да веруваме дека тие станлви и плацови не се ваши?”, праша адвокатот Давидовиќ, а сведокот кажа: “Мој плац мои комуналии, моја градба а беше правена за Телеком. По вашата логика ако одиме”, а адвокатот врати: “Ама сте земале пари за тоа”.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211028_105243

Нов Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ – инвестиции од 750 милиони евра и 15.000 нови работни места

​​​​​​​​​​​Нов Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ се креира во рамки на Планот за забрзан економски раст на Владата. Истиот ќе биде наменет и за домашни и странски инвеститори, со фокус за средни и големи компании. Концептот за фондот го развиваа заедно ТИРЗ и Светската банка во изминатите девет месеци.Структурата и начинот на функционирање на фондот денеска го претставија Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.„Идејата за Планот за забрзан економски раст е воспоставена уште при носење на Буџетот за 2021 година и веќе една година се работи на овој концепт со меѓународните финансиски институции, бизнис заедницата и сите институции. Идејата на овој концепт е да обезбедиме забрзан раст, а при тоа да одговориме на потребната трансформација во целина и на дигиталната трансформација, на фискалните импликации од кризата од Пандемијата, а притоа да имаме фискална консолидација. Тоа може да се постигне преку инвестиции и единствен начин како да обезбедиме раст, да зголемиме инвестиции, а при тоа да не го зголемиме јавниот долг и буџетскиот дефицит е ваков концепт, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.Според него овој концепт не значи нови задолжувања, туку на еден денар државни пари или пари на граѓаните, толку ќе се генерираат и пари од приватниот сектор. Односно, инструментите предвидени во Планот се така дизајнирани за да може преку нив да се привлече приватниот капитал и при тоа да нема дополнително задолжување и даночно оптоварување. Со предвидените јавни инвестиции од 4 милијарди и дополнителни 8 милијарди евра приватен капитал, ќе се генерираат 12 милијарди евра што ќе значат забрзан раст, повеќе приходи во буџетот, поголема конкурентност, а со тоа и остварување на овој План. Според министерот тоа ќе биде „убава приказна на која ќе може да се следи реализацијата и сериозно стоиме на бројките со целата одговорност“.Покрај Владата преку ТИРЗ, партнери во финаниската структура се и Меѓународни финансиски институции како и приватни финансиери - банки, капитални фондови, поединци.„Механизмот ќе функционира така што во Зелениот стратешки фонд државата и приватни институционални инвеститори ќе соработуваат заедно, а одлуките за инвестициските проекти ќе се носат од страна на стручен панел. Со учество на државата не поголемо од 10% сакаме да поттикнеме вклучување и на приватниот капитал, пред се банките во државата, но и од надвор, во проекти и инвестиции во зелена инфраструктура и технологии со кои ќе се поттикне забрзан економски раст. Со Зелениот стратешки инвестициски Фонд, не е предвидено никакво зголемување на јавниот долг, појасни Деспотовски.Поврат на финансирањето ќе биде по пат на закуп, ројалти и други основи, а распределбата на удделот на сите вклучени во Фондот ќе биде врз база на нивниот придонес во вкупниот фонд.„Логиката на самото финансирање е дека инвестираме во проекти кои генерираат конкретни приходи кон ТИРЗ и инвеститорите. Нашата цел е да се искористат дел од овие приходи за да поттикнеме вакви инвестиции. Фондот е димензиониран да поттикне 750 милиони евра инвестиции во наредните 4 години, да додадеме 1% дополнителен раст на БДП на сегашниот, и уште поважно да се креираат најмалку 15000 добро платени работни места, како и значително зголемен извоз од плус 2 милијарди над сегашниот. Имаме реални цели кои можеме да ги исполниме во наредните 4 години со ваков начин на паметно финансирање,“ рече Деспотовски.Тој посочи и дека веќе се во фаза на реализација два вакви големи проекти кои треба да се финансираат преку овој Фонд. Веќе се подготвува студија на одржливост за инсталирање на фотоволтаични централи во ТИРЗ и креирање на посебна технолошко развојна зелена зона за која една од можните локации е Гевгелија.„Комплетната реализација на овие проекти би чинела над 120 милиони евра. Според досегашниот начин на функционирање овие пари ќе требаше да се обезбедат од буџетот или со задолжување. Со новиот модел што денеска го презентираме државата ќе обезбеди само 10% останатите 90% ќе ги добиеме од приватен извор на финансирање. Ефектот врз јавниот долг ќе биде 0 денари, а ниту граѓаните ќе имаат обврски преку камати да ги исплаќаат овие проекти во наредните години ,“ појасни Деспотовски.Инаку целите на новиот фонд се олеснето финансирање на приватниот сектор за транзиција кон модерна, ефикасна и компетитивна економија со нула емисија на стакленички гасови до 2050, подобрена усогласеност на Северна Македонија со Софиската декларација за Зелена агенда за Западен Балкан од 2020 и ЕУ, намалување на фискалниот товар врз Владата и креирање на фонд кој ќе има мултиплицирачки ефекти преку зголемено приватно инвестирање, поттикнување забрзан економски раст преку привлекување на странски и домашни инвестиции во „зелени индустрии“ и креирање работни места.Зелениот фонд се базира на два столба, Промоција на зелени инвестиции во Северна Македонија, вклучувајќи зелени инфраструктирни капацитети за инвеститорите во Зоните, енергетика, транспорт односно поврзување до главните патнички-железнички линии во земјата, како и во делот на услуги. Вториот столб се однесува на подобрување на технолошката подготвеност на домашните компании да се вклучат во глобалните синџири на набавка.

Македонија | пред 4 години

w_56803989

Ужас: Почина 17 годишна пациентка од Демир Хисар последица на корона

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово почина 17 годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар.„Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18.10, младата пацинетка за првпат побарала лекарски преглед во КБ Битола. Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, ТТ 40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во болницата во Битола.Лекар ја прегледал во пнеумофизиологија - амбуланта за суспектни пациенти со Ковид, тестирана е за Ковид 19 и истот ден е добиен резултат - Ковид позитивна. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на КИБФС во Скопје.На 19.10 пациентката со возило на Итна Помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. За време на транспортот е на постојана кислородна поддршка под надзор на медицински тим во возилото. Пациентката е примена во единица за интензивна нега на КИБФС и почнат е интензивен третмант по протокол за лекување пациент со тешка Ковид 19 инфекција.Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите превземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, се вели во соопштението.

пред 4 години

maxresdefault

Погледнете ги „експертитe“ во МЕПСО, и сакате да нема криза за струја?, вели Хајредини

поранешниот министер и еконимски аналитичарот Џевдет Хајредини, кој денеска на својот профил на Фејсбук објави дел од „експертите“ во МЕПСО:– Дел од „експертите“ во МЕПСО! Синот на Бучко! Ќерката на Талат Џафери! Синот на Грчев! Ќерката на Невзат Бејта! Сестрата на Бектеши… И сакате да нема криза за струја?- напиша Хајредини.Хајредини вчера беше гостин во ТВ 24 каде најави дека енергетската криза во Македонија ќе биде платена со дополнителни оданочувања за граѓаните.

Коментари | пред 4 години

borisov

Нема преговори со Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот, вели Борисов

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено во македонскиот Устав.Борисов на социјалните мрежи напиша дека остварил средба со претставници на бугарското малцинство во Северна Македонија кои му кажале дека се чувствуваат како фантоми затоа што претседателот и премиерот ги третираат како да не постојат.„На присутните им кажав дека гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде наведено како такво во Уставот. Тие знаат дека нашата поддршка како владејачка партија или опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. Веднаш се договорив на истата тема со Еди Рама, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Северна Македонија и Албанија е исклучително важно да бидат во Европската Унија!“, пишува Борисов.Тој рече дека Бугарија во последните месеци западнала во меѓународна изолација, а демократските земји се смеат на нивната слаба дипломатија. Бугарија се тресе од скандали, вели Борисов, наместо да дебатира за важни теми како што се односите со Северна Македонија и кризата со Ковид-19.

Македонија | пред 4 години

arsovska-sakiri-750x430-1

Бени Шаќири со поддршка за Арсовска

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, се сретна со Арбен Шаќири, кој беше кандидат за градоначалник на коалицијата на владејачките ЛДП и ДОМ.Арсовска сподели фотографија од средбата на Фејсбук со коментар „скопски муабети“, алудирајќи дека ја добива поддршката од Шаќири во вториот круг.

Скопје | пред 4 години

vakcina

24.021 граѓани се вакцинирале со трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.Заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Македонија | пред 4 години

248483970_126270133107397_1452280617575334704_n

Стефковски се откажа од службеното возило

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на социјаалните мрежи ја информираше јавноста дека се откажува од користење на служено возило како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Во објавата Градоначалникот Стефковски напиша:"Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните."

Скопје | пред 4 години

D-Butel2

Бегањето од јавноста на Арсовска, не враќа во време на режимот на Никола Груевски, вели СДСМ

Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје затоа што бега од дебати, не одговара на новинарски прашања и ја потценува јавноста. Најновото бегство од јавноста на Данела Арсовска е неодржувањето на нејзината редовна прес-конференција, со што им се оневозможува на новинарите да и поставуваат било какви прашања од интерес на скопјани, велат од СДСМ.„Ваквата практика на бегање од јавноста, неодговарањето на директни прашања од јавен интерес и арогантниот однос кон новинарите, не враќа во време на режимот на Никола Груевски кога практично беа укинати ТВ дебатите. Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога Никола Груевски и Коце Трајановски бегаа од дебати за да не одговараат на конкретни прашања за уништувањето на градот со проектот „Скопје 2014“ за кој првично ветуваа дека ќе чини 80, а потрошија околу 700 милиони евра.Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога студенти беа насилно дислоцирани од плоштадот, кога специјалци влегуваа во А1 телевизија и го штитеа уништувањето на паркови и сечењето дрвја за барокните згради и фасади на Груевски и Коце Трајановски. На Скопје не му треба повторно медиумски мрак и градоначалник кој бега од дебати и ја потценува јавноста. Скопјани ќе ја казнат во недела Данела Арсовска, затоа што со својот арогантен однос ја потценува јавноста“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Муцунски на средба со работниците: Одржувањето на хигиената во Аеродром е наш приоритет

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска имаше средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина.„Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде што имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните. Почнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките. Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една хумана средина“, изјави Муцунски.Тимчо Муцунски вчера ја презеде функцијата градоначалник на Аеродром и уште од првиот ден почна со работа. Според Муцунски, местото на градоначалникот и на советниците е помеѓу граѓаните. Во наредниот периодградоначалникот на Аеродром најави интензивни средби со граѓаните за изнаоѓање решенијата во секое маало.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-28-130415

Арсовска доби поддршка од Дорис Пак: Скопје заслужува млада, силна и посветена жена за градоначалник

Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Која ќе биде во служба на сите граѓани - Данела Арсовска,  вели Дорис Пак, Претседател на асоцијацијата на жени во ЕПП„Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје.Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани.Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.Како претседател на ЕПП Жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.Се најдобро! Ви стискам палци“, додава таа. 

Скопје | пред 4 години

ebb5d7be-3f32-42e5-9e28-a552a32f2cb0

Болдвин испукал оловен куршум, револверот не бил темелно проверен

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат на актерот Алек Болдвин, кој испукал оловен куршум во фаталната несреќа минатата недела во Ново Мексико, според официјални лица и нов судски поднесок.Нови детали за инцидентот се појавија во средата за време на прес-конференција на шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, и окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис, како и во новиот поднесок од одделот на шерифот.Мендоза им рече на новинарите дека на сетот постоел „самозадоволен став во однос на безбедноста“ пред пукањето минатиот четврток во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс за време на пробата.Хана Гутерез, член на персоналот задолжена за оружје, им кажала на истражителите дека го проверила пиштолот и во него немало т.н. „жешки куршуми“, односно жива муниција пред пукањето.Дејв Холс, асистент на режија, им рекол на истражителите дека требало да го провери оружјето пред дa му го даде на Болдвин, но дека тој не го сторил тоа.Мендоза и Кармак-Алтвис рекоа дека иако не се поднесени кривични пријави, тие не ја исклучуваат таа можност.„Сите опции се на маса… Никој не е исклучен во овој момент“, рече обвнителката.

Магазин | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Не очекува ли инфлација?

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а „подгревање“ на инфлациските движења не е потребно, порача вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска, во гостување на емисијата „Утрински брифинг“.„Причината за побрзиот раст на цените во првите девет месеци годинава од 2,8%, во однос на очекувањата за раст од 2,2% за целата година, се на страната на понудата. Тоа се должи, пред сѐ, на повисокиот раст на цените на енергенсите на глобално ниво ‒ цената на нафтата и гасот, што доаѓа по високиот пад на цените минатата година и нарушувањето на глобалните синџири на снабдување, како резултат на пандемијата“, вели Нацевска.Таа додава дека нема простор за паника од инфлација.„Простор за паника од инфлација нема, но треба да се однесуваме одговорно и не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба, бидејќи тоа ќе се одрази на целата економијата. „Подгревањето“ на инфлациските очекувања е нешто што може да доведе до раст на цените. Во вакво сценарио, централната банка реагира преку монетарната политика, вклучително и со раст на каматната стапка, што сепак не е пожелно во услови кога нема нерамнотежи, а на економијата сѐ уште и е потребна поддршка за закрепнување од пандемијата ‒ вели Нацевска.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

РКЕ: Радијаторите ќе се затоплуваат од порано за да се постигне температура, сметките остануваат исти

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.„На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.Според РКЕ, новиот оптимизиран режим на испорака ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите. Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања