Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

И сопругот на Данела Арсовска имал бугарско државјанство, вели Петровска

Покрај Данела Арсовска и целото нејзино семејство имаат бугарско државјанство, излегоа денеска од СДСМ со нови нови докази.-Не само Данела Арсовска, туку целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е уверението на господениот Ангел Арсовски сопруг на Данела издадено во 2010 година.Идентично исто како и Арсовска, тој има бугарска лична карта .Личната карата на Арсовски е издадена еден месец пред личната карта на Данела, вели Славјанка Петровска пратеник од редовите на СДСМ.Таа објасни дека документите кои се пристигнати до партијата се проверуваат преку министерството за внатрешни работи на Бугарија.-Јас од оваа позиција зборувам како пратеник. До нас пристигнуваат овие документи кои ги проверувам преку МВР на Бугарија, а Арсовска слободно може да тужи деколку смета дека нешто е неисправно, кажа Петровска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-28-121902

(ВИДЕО) Девојка ја прескокна оградата во ЗОО и ги малтретира животните

Млада девојка ја прескокнува оградата од живеалиштето на мечките и ги вознемирува животните во скопската Зоолошка градина. Видеото е објавено на профилот на Зоолошката градина, а е преземено од „Тик Ток“.„Мила , студент по криминологија на факултет за безбедност. Доаѓа во Зоо Скопје да се иживува врз животни и да си го ризикува животоСекако, ќе си добие соодветна пријава , а ваквото однесување е недозволиво! п.с Чекаме едно исто вакво видео со јавно извинување“ – се вели во објавата на Инстаграм.

Скопје | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Пратениците кои се кандидираа за градоначалници, да си поднесат оставки од пратеничката функција, вели Апасиев

Димитар Апасиев од Левица на својот фејсбук профил објави дека очекува неговите колеги-пратеници кои се кандидирале за градоначалници и не освоиле доверба од граѓаните – да си поднесат ОСТАВКИ од пратеничката функција.„Оти, според хиерархискиот „Ред на честа“ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката! Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови ниту за едил!? Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните. Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале. Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава“ пишува Апасиев.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и в сабота и в недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање лични карти со редовно работно време од 8:00 до 16:00 часот.Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат следните подрачни единици: Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат следните подрачни единици: Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат следните подрачни единици: Струмица, Гевгелија и Радовиш.Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ на 30.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8:00 до 16:00 часот.В недела, пак, на 31.10.2021 година, сите наведени надлежни организациски единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 7:00 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево), информира Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 4 години

Marija-Miteva02102021

Дали Нова Година чинела 300.000 евра, прашува Митева

Петре Шилегов повторно крие: колку пари потроши за организација на Нова Година, за која што прво се колнеше нема да чини ништо? Почитувани, според договорите и документите организацијата чинела не нула, не 80, туку речиси 300 илјади евра! И тоа директно од буџетот 200.000 евра, а наводно според спонзорства уште 100.000 евра, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Шилегов мора да одговори, што е точно, дека прославата чинела нула денари, или дека чинела 80 илјади евра, или сепак сето чинела 300илјади евра? Тоа се пари од граѓаните, наши пари и Шилегов мора конечно да одговори: Што сокрива Шилегов во врска со оваа прослава?Шилегов мора да одговори и зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека фирмата ДВД ПЕТ дека била фаворизирана, а таа е истата фирма со која што Петре Шилегов има договори преку Универзалната сала, којашто инаку не работи пет години, и преку МКЦ, двете ЈП под Шилегов?Зошто организацијата е дадена на ЈП коешто нема свое озвучување, кое бара потоа на незаконски начин партнер во организацијата, и за потоа речиси 90.000 евра да се дадат за изнајмување опрема, од кои поголем дел на фаворизираната ДВД ПЕТ?Дали преку изнајмувањето на опрема по нереални цени, всушност не се извадени пари од буџетот за да се плати и концертот кој што требаше да биде платен со спонзорства? Дали затоа е избрана МКЦ, а потоа незаконски и спротивно на договорот е баран партнер во организацијата, за да се сокрие патот на парите?Почитувани,Шилегов молчи и не кажува дали е точно дека за оваа прослава дочек на Нова Година 2020 е предметот на ДКСК, дали тој веќе е изработен, дали се најдени недоследности, и дека за тоа случај ќе поведе и ЈО?Прослава на плоштад од 300 илјади евра е премногу, ако се има предвид колку Шилегов го остави запуштен градскиот плоштад, девастирано Скопје, пропаднат плочник во центарот на градот, без ниеден капитален проект за Скопје.Почитувани,Петре Шилегов и неговите договори ќе бидат предмет на ревизија по смената на градската власт“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

suddqhxegudr2khff3to

Мерџан Даути го демантира ОЈО: Барам почитување на ЗКП

Институцијата Јавно Обвинителство неможе да знае за постапките на Бурим Рустеми и јас никогаш не сум кажал дека Обвинителството влијае, туку дека Бурим тврди дека е договорен со судот, се вели во демантот на Мерџан Даути.„Предметот никогаш не бил во фаза на завршни зборови, а тоа лесно може да се провери од записниците од судските рочишта. Причината зошто судењето почнало одново не е по вина на одбраната и кога судењетопочнува одново мора да се почитуваат одредбите од ЗКП.Крајно тенденциозно е тврдењето дека на судењата Јас не зборувам на Албански јазик, што е тотална невистина и тоа може лесно да се утврди преку тонските снимки од самите рочишта. Одговорно тврдам дека нитуеден доказ, ниту записник не ми е даден на Албански јазик, за што има потврда од Судскиот совет, кој констатира прекршување на законот за употреба на јазиците.Во оваа прилика би сакал да апелирам до Јавното обвинителство доколку обезбедило превод на доказите истите да ми ги достави и доколку сакаат да ја потврдат својата теза нека ги презентираат преведени до целокупната Македонска јавност.Јас не барам одолговлекување на судската постапката, туку почитување на ЗКП“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

Vodno3

„Го сакам Водно“ бараат гаранција за Водно од Арсовска и Шилегов

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат, реагираат од граѓанското здружение „Го сакам Водно“.На само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, тие ги повикуваат кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска, како што појаснуваат, не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно се искрени.„Заложбите и апелите за носење севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарството, хидрологијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија не успеаја да ја спречат одлуката која отвора врата за негово брзо урбанизирање и уништување. Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе победи во трката за градоначалник“, велат од ова здружение.Напоменуваат дека потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе.„Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа одлука. Ако го сакате градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен. Инаку, ќе го изгубиме Водно“, се додава во писменото соопштение.Во предлозите што треба да направи градот сугерираат дека треба да се започне итно со изработка на просторен план на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно зонирање на Водно, наспроти она предвидено во одлуката, подвлекуваат од здружението.„Тој да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена зона. Паралелено да се иницира постапка за носење специјален закон за Водно во Собрание. Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе просторен план за Водно, како план од највисок ред“, објаснуваат од „Го сакам Водно“.Очекуваме, додаваат од таму, идејна драфт-верзија на специјалниот закон.„Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за просторен план на Водно. Можеби веќе имaте нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или, пак, нешто друго? Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите“, потенцираат од граѓанското здружение.

Скопје | пред 4 години

kotlar

Стипендија за најдобрите ученици, учениците од социјално загрозените семејства и талентираните ученици, ветува котлар

Ќе обезбедиме стипендии за ученици од социјално загрзоени семејства, талентирани ученици и за првенците на генерација од основните училишта, вели Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар„Ќе обезбедиме секоја година по 20 стипендии за најдобрите студенти од општина Центар.За Центар со душа“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Премиера на „Модиљани“ вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи премиера на претставата „Модиљани“, во режија на Сибел Абдиу.„МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо.Ова дело го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта, ветува Пецаков

Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина,вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид.„Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување.Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време.Новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид.Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова исветла иднина“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-28-115841

СДСМ бара одговорност за активистите кои вчера беа нападнати во Карпош

Денеска пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ даде изјава за медиумите по повод синоќешниот напад на активистите на СДСМ кои делеа флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група.„Одговорност ќе има, очекуваме брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада.Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?Нападот е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што очекуваме и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.Почитувани граѓани,Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела.На 31 октомври во недела да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош“, вели Георгиевска.

Актуелно | пред 4 години

Silegov-520x292

Арсовска до Заев и Шилегов: Се што кажавте досега е лага

Последниве денови сме сведоци на силна црна кампања против мене и моето семејство. Еве на крајот од оваа кампања сакам да ви се обратам директно и искрено вам, дека јас, Данела Арсовска ја побарав вашата поддршка како човек без ниту една дамка во животот и таа поддршка ја добив.  Јас за разлика од моите противници не направив никаква негативна кампања за нив. Немам потреба од такво нешто, бидејќи локалните избори треба да бидат борба на идеи и проекти на ниво на градот. За жал овие избори некој ги направи извор на лажни вести и црни кампањи, вели Арсовска.„Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка. Никој не заслужува ваква црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого. Никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван. Затоа што тој што тоа го прави покажува ароганција и слабост.Затоа што тој што тоа го прави сака да ги скрие своите криминали и да избегне одговорност. Сега гледам право во нив, моите противници, бидејќи сега се двајца и градоначалникот во заминување и премиерот во заминување со порака – Ќе ве победиме! Готово е!Сега јасно и гласно кажувам – се што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго. Едниот мој противкандидат е познат по тоа што ги излажа скопјани и во 4 години оствари само 5% од ветените проекти. А другиот по тоа што континуирано се пазари со македонските национални интереси. Јас кажав дека лажат, побарав извинување, а добив нови напади и закани за мене и моето семејство. Сум победила многу пострашни битки во својот живот, а ќе победам и сега бидејќи не сум човек што се откажува.  Колку е само очајно и тажно наместо да се бориш со квалитет и проекти да се бориш со лаги. Една порака и до предводниците на црната кампања – треба да знаете дека скопјани го имаат последниот збор, добив илјадници пораки и повици за поддршка да не се откажувам бидејќи проектите за скопјани ќе победат а не црната кампања. Драги мои Скопјани,Мора да ставиме крај на поделбите. Мора да ставиме крај на лошото менаџирање на градот. Скопје заслужува повеќе од ова што сега му се случува. На нивната омраза ќе одговориме со нова надеж, промени, добри дела и одговорна работа. Промените е тука, да се здружиме сите за модерно и поубаво Скопје“, додаде таа.

Скопје | пред 4 години

apasiev-1068x580

Левица: СДС и ДУИ ја губат локалната власт во Скопје

Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје, велат од Левица.„Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Сообраќајка меѓу мерцедес и мопед, едно лице тешко повредено

На 27.10.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Морани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) и мопед, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(24), двајцата од с.Морани. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен Албанец, го барал Интерпол

На 27.10.2021 во 20.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(60) од Република Албанија, затоа што по извршените проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кај стружанец пронајден пиштол и 26 куршуми

На 27.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

boksirac

Приведен битолчанец, му нашле метален боксирач

На 27.10.2021 околу 21.15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул.„Партизанска“ во Битола лишен е од слобода Б.У.(37) од Битола. Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За Скопје се ветува и аквариум во предизборието од Петре Шилегов

Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет кој ќе биде рамо до рамо со европските аквариуми“, најавува градоначалникот Шилегов.Град Скопје ќе го има првиот аквариум од градовите на поранешна Југославија. Со што овој објект ќе има и регионално влијание, односно планот е да стане една од „must see“ дестинациите при посетата во Скопје, како на наши граѓани од периферијата, така и гости од регионот, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција. На овој начин самата инвестиција ќе се врати мошне брзо, а самата институција ќе егзистира и вработува нови млади научници и љубители на акваристиката и подводниот свет.„Идејата за локацијата првенствено беше таква да се искористи постоечки објекти со што ќе се заштедат средства и ќе се оптимизираат истите за да се инвестира повеќе во содржина на аквариумот. Овој објект со децении немаше никаква намена, но од друга страна е идеален за потребите на скопскиот аквариум. Стратешки објектот е лоциран до Природно научниот музеј на Град Скопје и е во самото двориште на Скопје ЗОО“, вели Шилегов.Аквариумот има можност за независен влез и излез во зоолошката градина, со што се овозможува практичен проток на посетители. Објектот е изграден во склоп на двата споменати објекти и практично има и историско значење поради самиот комплекс на предната фасада од овој зоолошки центар, така да и природно припаѓа на целата содржина, Зоолошка, природонаучен музеј и аквариум.„Концептот на аквариумот е таков да првенствено ќе ја задржиме целосната градба и архитектура на зградата, практично без никакви архитектонски шминки и вешто ќе ги искористиме самите капацитети кои објектот ги нуди. Долниот подрумски дел, кој е голем практично како целата зграда која ја гледаме однадвор, во еден дел ќе бидат сместени филтерските станици за прочистување, а во останатиот дел ќе биде карантин со аквариуми, во кој планираме да обезбедиме капацитети за чување на жив подводен свет, флора и фауна и еден мал дел кој ќе има истражувачки капацитет преку кој планираме да формираме тим на биолози и ихтиолози за презервација на одредени загрозени автохтони подводни видови“, објаснува Шилегов.Изложбениот дел ќе се состои од две нивоа со галерија, каде првенствено ќе бидат искористени сите можности кој ги нуди просторот и во кој ќе бидат сместени повеќе аквариуми егзотични видови и кои ќе бидат распределени по одредени континентални области, Јужна Америка со Амазонија, тропска Африка, Азија и Австралија. Аквариумите ќе бидат поделени системски на аквариуми со слатка и аквариуми со солена вода. Планираме да адаптираме идеални услови за преку 300 видови на риби, мекотели, водоземци и сл.„Веќе имаме обезбедено контакти од неколку врвни центри од Европа, за соработка и стручна како и материјална помош од Берлински аквариум, Виена, Истанбул и т.н. со што целта ни е да се приклучиме кон глобалната идеја за конзервација и заштита на животната средина и подводниот свет. Она што најмногу не мотивираше се најмладите и децата, за кои овој објект, Скопскиот аквариум треба да претставува една од главните атракции, слично како и Дино Паркот ќе биде место каде фасцинацијата и возбудата ќе бидат на прво место. Преку тематските аквариуми децата непосредно ќе се запознаат со поинаква димензија, со што сакаме што повеќе да научат за природата и начинот како функционира подводниот свет, кои се разликите помеѓу нашите видови и оние од тропските краишта, зошто е тоа така и на крај да им дадеме покрај добрата забава и еден поинаков курс и начин на размислување. Можност да се научи повеќе и да се приближи повеќе кон природата на најнепосреден можен начин. Секако во склоп на аквариумот се предвидуваат и многу останати активности, како работилници за ученици, престој и организирање на разни детски групи, активности и соработка со разни едукативни центри од целата земја, комерцијални организирани посети од Скопје и другите градови од републиката“, вели Шилегов.

Скопје | пред 4 години

sdsm

СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат, врати ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата за Арсовска

„СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат. СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети. Со СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија. За да продочжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„И Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети. И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни. Времето на криминал заврши. Време е за промени, за победи, за проекти“, додаваат тие.

пред 4 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и таа ја криела исто како бугарското државјанство, повторува СДСМ

„Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на петти мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта“, велат од СДСМ.„Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања и тајни не поминуваат кај скопјани. Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со режимот да добијат можност да го уништуваат Скопје“, додава СДСМ.

пред 4 години

Screenshot-2021-10-28-at-08.38.50

(ВИДЕО) Како помина првиот градоначалнички ден на Стојкоски: имаше време за граѓаните, но и вработените

Од состанок со сите вработени, до средба со граѓани и советници. Вака течеше првиот градоначалнички ден на Александар Стојкоски од Ѓорче Петров. На средбите тој бараше да му бидат кажани сите проблеми на администрацијата, но и да посочи, дека нема да дозволи да има реваншизам како порано, туку ќе бара ефективно и брзо работење.„Прво со вас, моите ѓорчепетровци, а потоа и на средба со вработените во Ѓорче Петров. Заедничка цел е да имаме најдобра општина во Македонија. Со работа, заедно со нив, почнуваме веднаш – нема повеќе чекање за решавање на проблемите! На административците јасно им укажав дека од нив ќе барам брзо и ефективно работење, бидејќи вие тоа го барате од нас. Сакам задоволни граѓани, а тоа ќе биде заедничка цел, моја и на вработените! Но и задоволни вработени, бидејќи тоа е клучот на успехот“, рече Стојкоски.Тој имаше средба и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои освоја мнозинство во Советот на Ѓорче Петров.„Советот на Ѓорче Петров во најскоро време ќе започне со работа, за вас, граѓаните! На првиот работен ден се сретнав со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во ветувањата кон вас бевме реални, па за тоа да се реализира, треба да ги поставиме работите на правилна основа. Посочив и дека нема да има реваншизам или селекции кон вработените, како што тоа било случај во минатото. Не сум таков човек. Но, ќе барам одговорност и отчетност, тоа што и вие како граѓани го барате од нас“, кажа Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

joci-naumoski

Јоци откако Наумоски чкрташе по ѕидови: Зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција

Новинарката, политиколог и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци за чкртаниците на ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, посочи дека “зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција”“Саше, како екс градоначалник на Ѓорче, со отечените очи - чрктал по ѕидови. И тоа со женски ракопис. А, бе, ви кажав дека ќе губи 100:0 и ќе плаче? Ах, бееее... Место во канцеларијата на Заев да чкрта. “Клинички во Ѓорче" пошто владата ја вети таа инвестиција , зел плачел ко девојчица со искинати чорапчиња на примопредавање на функција. Класична пичкица! Биди маж, бре, алоУууу! Изгуби и подај рака. Подај ми мене, бе....ти реков лом ќе бидеш! И ти си бил маж!”, напиша Јоци.

Коментари | пред 4 години

245622216_292110199581898_1948198869225165298_n

ФОТО: Што наследи Стојкоски во кабинетот во Ѓорче Петров

Исчкртани ѕидови затече новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кабинетот кој го презеде од ексградоначалникот Александар Наумоски од СДСМ. На ѕидот зад градоначалничкото столче, со пенкала и моливи е испишано „Клинички центар во Ѓорче“. На местото, имало и фотографија која е отстранета, за да може да се пишува на местото.Александар Наумоски при предавањето кажа дека тоа е негов ракопис, откако Стојкоски изреагира што е со чкртаници на ѕидот. Неофицијално, според информации на „Скопје1“ кои ги доби од вработените, тој бил испишан во текот на оваа недела, откако Наумоски ги изгуби изборите.Ова е првпат да се затече ваков чин во градоначалнички кабинет, кој наместо во уредна состојба, истиот се предава со чкртаници. Новиот градоначалник на Ѓорче, Стојкоски, во наредните денови ќе провери каква е состојбата со општината, по што ќе ја извести јавноста.

Скопје | пред 4 години

petar-arsovski

Арсовски: Важни се квалификациите, а не бугарското државјанство

Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски вечерва во емисијата 24 анализа на ТВ24, изјави дека бугарското државјанство не е забрането да се има, и дека најважни се квалификациите за да се биде градоначалник„Не е забрането да се има бугарското државајанство. Важна е квалификацијата да биде прв човек на градот. Гласачите ќе се поведуваат дали нејзиното однесување ги менува нејзините квалификации за да биде градоначалник. Дали идеологијата која ја застапува, а вели дека сегашните разговори со Бугарија се велепредавство и дали тоа ја прави хипоктритична таа нејзина идеологија, вели Арсовски.

Македонија | пред 4 години

pozar

Богдановиќ објави што ќе се гради на местото на бараките кои вчера гореа во Парк

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на социјалните мрежи објави дека на местото каде вчера гореа бараките на поранешен суд за прекршоци, предвидено е да има училиште.„На ова место и во постоечкиот и во Деталниот урбанистички план кој е во процедура предвидено е да има објект со намена В1 - Образование и наука, односно училиште. Во моментот спроведувањето се одвива по стариот Детален урбанистички план Дебар Маало 2, донесен од Советот на општината со Одлука бр.07-3727/2 од 28.12.2009 година“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања