Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

Муцунски на терен со инспекторите: Ги мапиравме дивите депонии во Аеродром

Денеска Тимчо Муцунски и официјално ја презеде градоначалничката функција во Општина Аеродром. На првиот ден заедно со инспекциските служби за животна средина спроведоа мапирање на дивите депонии во општината.Прва локација што беше мониторирана е локацијата кај ФФМ, каде што во програмата беше предвиден мегапарк, а во моментов за жал е дива депонија. При инспекцискиот надзор беа затечени неколку камиони од приватни компании што носеа и истураа шут.„Како што и ветивме во програмата, ние се фаќаме за работа од првиот ден. Денеска бевме во обиколка со инспекциските служби на терен да ги мапираме дивите депонии кои се еден од најгорчливите проблеми за општината. На самото место денеска заедно со инспекциските служби сосема случајно затекнавме два камиона од приватна компанија, кои истураа градежен шут на местото каде што сакаме да креираме парк. Она што сакам да го нагласам е дека инспекциските служби и сите други ќе бидат ослободени од политички или бизнис- притисок. Тие од денеска ќе работат согласно со законите и за граѓаните и добија насока да ги прекинат ваквите девијантни и противзаконски појави што се случуваат во општината. Од денеска, ве уверувам, Аеродром ќе биде општина со нула корупција и дека во Аеродром ќе владеат законите. Аеродром е општината од која ќе почнат промените на владеењето во Македонија, а местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните“, изјави градоначалникот Муцунски.На ова место, според градоначалникот на Општина Аеродром, е предвидено да има парк од 100 000 м 2 со забавни содржини. Според Тимчо Муцунски, Општина Аеродром во наредниот период ќе има редовни контроли натерен заедно со сите служби.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник и претседател на ОО СДСМ Куманово:Почитувани граѓани, драги кумановки и кумановци,Во недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат – тоа е Оливер Илиевски.Максим Димитриевски кој лажно се претставува како социјадемократ е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово.И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски.За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди.Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата во јавните претпријатија, ако тој победи.Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето.Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани граѓани,Во недела добро размислете и донесете одлука.Дали во Куманово ќе продолжи да победуваа социјадемократијата, правдата и еднаквоста или ќе дозволиме нашиот град да го преземе режимот преку инсталацијата наречена Максим Димитриевски?Дали ќе се избориме против ова подметнување или ќе дозволиме градот да стане приватен имот на Димитриевски?Сите знаеме дека Куманово секогаш било на вистинската страна, дека секогаш пркосело на режимите и неправдите и така ќе биде и овој пат.Да се обединиме во недела и повторно пред целата држава да покажеме како победува социјадемократијата, како победува прогресивноста, како победува сплотеноста.Да гласаме за број 12, да гласаме за Оливер Илиевски, да гласаме за Куманово да продолжи да биде бастион на социјалдемократските вредности.

пред 4 години

slavjanka-321462

Петровска: Ова е бугарската лична карта на Данела Арсовска, со номер, со дата на раждане, потпис

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска:„Почитувани граѓани, почитувани новинари,Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ.Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка.Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година.Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.Почитувани граѓани,Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.Почитувани граѓани,Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”.

Македонија | пред 4 години

IMG_7521

(ВИДЕО) Стојкоски ја презеде градоначалничката функција: Вработените ќе бидат во служба на граѓаните, кои ќе се задоволни од услугата

Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците. Градоначалникот Стојкоски, посочи дека со неговиот влез во Општината, сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.„Вработените во Општината, од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место кое треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес, како беше и сите изминати години, кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање“, рече Стојкоски.Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија, потенцираше дека ќе биде човек кој како градоначалник ќе е секогаш отворен и тука за граѓаните.„Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано!“, вели новиот градоначалник Александар Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Мицкоски за црната кампања на СДСМ: Колку пониско удира власта, ние повисоко ќе се креваме

Не сакам да коментирам луѓе кои што се заглавени во едно политичко мочуриште, тоа е очекувано од структурата која што е во заминување. Не очекувам дека ќе зборуваат за проекти, бидејќи немаат проекти и не очекувам да зборуваат за иднина, бидејќи не знаат како да создадат нова иднина. Ако забележите во оваа кампања тие или зборуваат за минатото, не враќаат 10 години наназад, или помеѓу двата круга гледате дека само на црната кампања се фокусирани. Тие нека продолжат да удираат ниско, колку пониско тие удираат, ние толку повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, за нова иднина и така уште ден, два до крајот на кампањата ќе продолжиме, а од понеделник не чека многу работа, да ја извадиме Македонија, да го извадиме Кочани од политичко мочуриште во кое што денеска се наоѓа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на црната кампања од страна на СДСМ.Мицкоски посочи дека нема ниту едно поле каде што може да се издвои еден успех од страна на владата на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дека додека тие се заглавени во минатото и продолжуваат да тонат во политичкото мочуриште, ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните има нуди проекти, план и визија.Јас не очекувам повторно ќе кажам нешто поинакво од Зоран Заев, СДСМ или ДУИ. Фактот е дека владата на СДСМ и ДУИ ја направи Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ направи Македонија да биде трета во светот според смртноста од ковид пандемијата и наместо да бараат вакцини за да се имунизира населението, тие одеа бараа и трчаа по провизии. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ практично ја турна на дното Македонија според економијата во регионот па и во Европа. Факт е дека е презадолжена, факт е дека единствено што направија е распродажбата на националниот идентитет, факт е дека во образованието и реформите кои што ги спроведоа немаме ниту еден Универзитет во првите 100 на Шангајската листа и уште многу, многу порази кои што ги направија. Незадоволни земјоделци, па еве прошетајте овде во Кочани, ќе видите како живеат луѓето кои што се занимаваат со производство на ориз, оризопроизводителите, тие кои што произведуваат оризова арпа и тие кои што го произведуваат белиот ориз, додаде тој.Практично не можам да издвојам ниту едно поле каде што имаме успеси, единствено нешто што им преостанува е да го плашат народот, да го делат на леви и десни, да го делат по етничка основа, по верска основа. Така што тие нека останат заглавени во минатото и нека продолжат да тонат во ова политичко мочуриште, ние гледаме кон иднината, нудиме проекти, план и визија и така ќе продолжиме, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

kotlar

Ќе ја прошириме пешачката зона околу плоштадот ,,Македонија”, вели Котлар

Само кај нас луѓето одат по коловози, а на тротоарите се возилата и затоа ќе ги ослободиме тротоарите од возила, етапно и паралелно со решавање на паркирањето, вели Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар„Ќе ја прошириме пешачката зона околу плоштадот ,,Македонија”, ќе направиме сврзна, проширена и безбедна велосипедска мрежа, велосипедски паркинг во секое училиште и установа, систем за изнајмување на велосипеди, ден без автомобили – во чекор со најдобрите светски практики.За Центар, со душа“, додава Котлар.

Скопје | пред 4 години

maxresdefault

Поранешен министер за финансии: Ќе влечеме струја и натаму, ситуацијата е безизлезна

Поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и треба на клучните позиции во државата да се постават постручни луѓе за справување со вакви ситуации, смета поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24.-Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се прави лажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите. Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите. Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглен не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.

Македонија | пред 4 години

Primopredavanje-na-funkcijata-gradonacalnik-na-opstina-Ilinden-27.10-2

Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на општина Илинден

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.Георгиевски како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври го освои потребниот број на гласови.Веднаш по примопредавањето на функцијата, тој одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.

Скопје | пред 4 години

Pecakov

Пецаков: Проекти за светла иднина во Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка

Гарантираме проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка, вели Д-р Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.За жителите во населбите Воска и Далјан:Реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување.Изградба и реконструкција на современо детско игралиште.Реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан.Партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница.Партерно уредување на речното корито на река Грашница.Во населба 15 Корпус:Асфалтирање на краци на улиците „15ти Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“,„Александар Турунџев“, „Кленоец“ и „Веле Марков“.Поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“.Партерно уредување на коритото на река Сушица.За населба Железничка:Изградба и реконструкција на современо детско игралиште.Изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“.Промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“.Асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“.Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Нападнале малолетник и му го одзеле мобилниот и парите

На 26.10.2021 во 14.10 часот и во 15.40 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране. Тие се сомничат дека со уште едно лице, на 25.10.2021 на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар, физички нападнале малолетник од Гостивар и му одзеле мобилен телефон и пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Кумановец пренесувал мигранти од Куба

На 26.10.2021 околу 19.20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Ф.А.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица - мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен Албанец на барање на Интерпол

На 26.10.2021 во 12.40 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници ја лишиле од слобода Р.Л.(30) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во опертивната евиденција е со мерка „апси“, на барање на Интерпол Белгија. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

Foto-4-1

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Исламската Република Пакистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија им придава значење на односите со сите држави, за доброто на нашите народи, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и одржлив развој и економски просперитет.„Дозволете ми, во тој контекст, да ги нагласам интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и за развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, рече претседателот Пендаровски.Новоименувата амбасадорка Мариам Мадиха Афтаб нагласи дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји пред речиси 20 години, Пакистан и Северна Македонија градат срдечни и пријателски односи и споделуваат заеднички вредности и силна посветеност за заеднички придонес кон изградба на мирен и просперитетен свет.„Пакистан со нетрпение очекува тесна соработка со Северна Македонија за понатамошно зајакнување на нашите билатерални односи во низа области, од економија и трговија до образование, култура и животна средина“, рече амбасадорката Афтаб.Претседателот Пендаровски на новоименувата амбасадорка на Исламската Република Пакистан, Мариам Мадиха Афтаб ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Му ветил дека ќе му донесе водовод ако организира група жители да гласаат

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик. На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија.

Македонија | пред 4 години

1-17

Дрисла веќе не го труе Скопје, тврди Шилегов

- Денес говориме за Дрисла - депонијата која девет години беше симбол на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, најопасен загадувач на воздухот во Скопје и опасност по здравјето на граѓаните. Скопската депонија беше извор на загадување каде се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината криминална продажба и управување го доведуваа здравјето на скопјани во ризик. Ова е минато благодарение на нашите напори ја вратиме Дрисла во владение на Град Скопје, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес конференција.- Со тоа почнавме да инвестираме после девет години никакво вложување во депонијата, спречивме горење и складирање на опасен отпад, нешто што за ВМРО-ДПМНЕ претходно беше главен бизнис. Цели девет години, откако ВМРО-ДПМНЕ ја отуѓи Дрисла ништо не беше вложено, нагласи Шилегов.- Девет години немаше ниту една инвестиција, а ние за година и пол успеавме да набавиме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА - иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, потенцираше Шилегов.- Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и со систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината, додаде Шилегов.- Градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и се повторно вратени во употреба. Старите и дотраени теренски возила се заменети со нови 3 теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила. По десет години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија, продолжи Шилегов.- За редовно мерење на амбиенталниот воздух, набавена е нова мерна станица за амбиенталниот воздух со автоматско ажурирање на податоците на една минута. Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно со европските стандарди. Поставен е нов систем за видеонадзор, со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери, дополни Шилегов.- Денес граѓаните на Скопје може да бидат спокојни дека Дрисла повеќе не го труе Скопје. Во Дрисла се работи законски, не согорува опасен увезен отпад како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа здравјетона граѓаните повеќе не е во ризик, нагласи Шилегов.- Дрисла во следниот период добива голема инвестиција со што го решаваме еден од најгорливите проблеми - дивите депонии од градежен шут кои за жал ги создаваат несовесните граѓани. Имено, Дрисла за прв пат ќе започне со третирање и преработка на интертен отпад - градежен шут. Така, наместо да се плаќа за депонирање на шутот кој сега ги мотивира некои да го исфрлаат на диво и да ја загадуваат природата, тоа ќе може да го прават бесплатно во депонијата кој ќе го преработува и од него ќе произведува градежни материјали, најави Шилегов.- Дрисла беше симбол на корупцијата и криминалот на претходната власт, извор на загадување и опасност за скопјани. За само четири години ја претворивме во ефикасно претпријатие каде безбедно и одговорно се третира отпадот без да се загрозува животната средина. Претпријатие кое се развива и кое во следниот мандат ќе прерасне во модерен центар за третирање на отпад по светски стандарди со што ќе го решиме проблемот на дивите депонии во градот. На изборите во недела бираме дали сакаме овој развој и заштита на здравјето на граѓаните да продолжи или сакаме да ја вратиме Дрисла на управување на истите кои ја продадоа за криминални цели и свесно го труеја градот и скопјани, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес конференција.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Данела Арсовска има бугарска лична карта издадена една недела по 27 април, тврди Петровска

Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција.„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“.Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.„Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Скопје | пред 4 години

korona-sertifikat-patuvanja

СЗО: Не треба документ за вакцинација при патувања во странство

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања, бидејќи тоа ќе го ограничи глобалниот пристап поради неправедната дистрибуција на вакцините.Во соопштението на Комитетот се вели дека и покрај зголемената употреба на вакцини, пандемијата е далеку од завршена.„Не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствена опција или услов, со оглед на ограничениот глобален пристап и нерамномерната дистрибуција на вакцините. Државите треба да размислат за пристап заснован на ризик за да го олеснат меѓународното патување со укинување или менување на мерките како што се барањата за тестирање и карантин, онаму каде што е соодветно, следејќи ги упатствата на СЗО“, се наведува во документот.Комитетот повика на признавање на сите вакцини што се одобрени од СЗО за итна употреба и на сите шеми за вакцинација во согласност со препораките на нејзината експертска група.

Актуелно | пред 4 години

heroin-111

Кај дилери од Битола, пронајден хероин

На 26.10.2021 полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул.„Осма” во Битола, ги лишија од слобода В.У.(33) и М.К.(31), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени девет пакувања хероин.Тие биле приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство по чл. 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

Andonovski27102021

Андоновски: Шилегов фатен во лаги, концертот на Дино Мерлин чини 300.000 евра

Нема тема на којашто градоначалникот во заминување Петре Шилегов не ја лаже македонската јавност. Дава одговори со неточна и лажна содржина постојано овие четири години, а тие лаги ги чинат скопјани стотици илјади евра, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ„Предлагам на почеток да погледнеме едно видео од настап на Петре Шилегов од 17-ти октомври 2019 година, за веднаш потоа видео од 1-ви септември 2020 година.Зборовите на Шилегов се „ќе чини НУЛА денари и градот за тоа нема да плати средства“ - рече Шилегов на крај на 2019 година. Во септември 2020 вели платил 80.000 за ѕвездата, а пари од градот биле дадени за бројни настани. Притоа вели дека парите биле дадени и за други настани, како на пример за пречекот на ракометарите.Е па почитувани еве ја вистината. Со документи и потписи на Шилегов и неговите назначени директори.Прв договор кој ќе ви го презентирам е Договор на Град Скопје со МКЦ за - прецизно наведено - исплата на активности поврзани со дочек на нова 2020 година. Вредноста на договорот е 9.660.000 денари.Опфаќа: Изнајмување техничка опрема 1.500.000 денари, Други оперативни трошоци 800.000 денари; Сместување на учесници, транспорт, авторски надоместоци, маркетинг, се заедно договорот вреди 9.660.000 денари.Дел од овие средства во висина од 1.300.000 ќе се дадат како АВАНС за за отпочнување на предновогодишни активности, а другите пари ќе бидат дадени по концертот, до 15.03.2020 година.Потпис, градоначалник на Скопје Петре Шилегов и ЈУ МКЦ Русе Арсов.Значи, разбиена е една голема лага, а тоа е дека парите се употребени за пречекот на ракометарите, со бина и озвучување. За тоа има и друг документ.На овој договор пак следува АНЕКС 2 на истиот Договор меѓу Шилегов и Арсов, со кој што внимавајте, се опфаќа ИЗМЕНА на деловите - Изнајмување техничка опрема и од 1.500.000 денари станува 6.500.000 денари, пет милиони денари повеќе; а ставката Други оперативни трошоци од 800.000 денари стануваат 3.160.000 денари.Така, договорот за организација меѓу Скопје и МКЦ станува потежок и со анексот вреди 12.020.000.Договорот од 157.000 евра станува речиси безмалку 200.000 евра, односно 40.000 евра повеќе!За новогодишната прослава за којашто Шилегов велеше НУЛА денари ќе ги чини граѓаните, ги чинела граѓаните 200.000 евра! Наместо нула денари, 200 илјади евра.Првичните 9.660.000 веќе стануваат колку за првите две ставки, колку што требало да чини целиот договор. Со Анексот цената на договорот е плус 40 илјади евра.Следува дел во којшто се крши договорот и МКЦ спротивно на Закон за јавни набавки избира здружението Дирекција за култура и уметност на Скопје како коорганизатор на тој настан. И тоа коорганизатор само за двете ставки кои имаат речиси 50.000 евра повеќе од Анекс 2.На МКЦ должноста му е да го обезбеди главниот изведувач Дино Мерлин и неговиот оркестар , како и преку спонзорства и донации да се обезбеди хонорарот за Дино Мерлин.И еве го договорот со Дино Мерлин. Тука хонорарот е 100.000 евра во нето сума.Ова е Трошковникот на Дирекцијата чиишто пари се обезбедени со Анекс 2 кој видовме дека има напумпани цени. Најголем дел од нив оди за изнајмување техничка опрема, замислете за техничка опрема.2,460,000 денари за Берар - техничка поддршка и 2,648,805 денари за ДВД ПЕТ техничка поддршка. Тоа се вкупно 5,109,605 или над 83.000 евра. За две фирми за техничка поддршка за настан организиран од МКЦ.Речиси еден милион денари зема Дирекцијата за реализација, со што сумата се качува на цели 100.000 евра. Колку за Дино Мерлин, толку за озвучување само за две компании.Една од фирмите, ДВД ПЕТ е истата фирма блиска на Шилегов од којашто и Универзалната сала изнајмувала опрема иако истата не работи со години, но и фирма за којашто Дирекцијата за заштита на конкуреннцијата смета дека е фаворизирана и дека по тој основ во континуитет добивала 41 тендер од МКЦ и Универзална сала и други институции, во вредност од 1.500.000 евра. И за ова поседуваме документи кои докажуваат дека оваа фирма е фаворизирана од градските институции.Почитувани, сето ова покажа дека прославата на нова година за 2020-та која што според Петре првично чинеше нула, за која лажеше дека чини 80.000 евра, на крај завршува со 300.000 евра пари на скопјани.Математиката е јасна. Договорот и анексот на Шилегов со МКЦ чини 200.000, а договорот со Дино Мерлин е јасен и чини 100.000 евра.Прашање е дали воопшто има спонзори или фирмите добро познати на Шилегов кои заработиле милионски суми заради фаворизирање , биле покритие за пари од Градот да бидат дадени како наводна донација за концертот?Почитувани, најцрнните напади и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон кандидатите за градоначалници започнаа кога беше кажано дека ќе има ревизија на сите договори направени и во Град Скопје и во општините.Ревизија ќе има!За Скопје нема полошо од Петре Шилегов“, додаде тој.

Скопје | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска до Заев: Нека си ја спреми оставката за во понеделник

Данела Арсовска рече дека нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат. Таа рече нема променето име како што се пишува јавно, а тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство“Јас не поднедувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека кандидатката Данела Арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, има бугарско државјанство.Тој рече: „Македонија е пријателска земја, ама ова е too much“ бидејќи излезе со тврдење дека поркрај бугарско државјанство, таа е конзул на Унгарија.„Во Скопје се бира градоначалник, не кмет. Во Бугарија се бира кмет, со сета почит кон Бугарија“, вели Зоран Заев а прашан дали е сигурен дека таа е бугарски државјанин, тој додаде: „Тврдам и јас верувам дека цела аргументација ќе излезе на површина. Сега дознав, ако вчера излезе ова, тоа е завчера. Дека е бугарски државјанин, е бугарски државјанин и тоа не е спорно. Морате да им кажете на граѓаните на Скопје кога се кандидирате, тоа е нечесен однос“.„Веднаш да се повелче ако малку го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, недозовлено вака да се постапува. Ако ја изберат, нема враќање назад, министри може да се сменат, градоначаници не. Нека се повлече жената“, додаде Заев.

Скопје | пред 4 години

Stroilkovski27102021

(ВИДЕО) Стоилковски со фотографии: Параполициски структури во Битола, се уценуваат луѓе со работа и станбено прашање

„Ова се фотографии кои ги добив пред малку, од пара-полициските структури испратени вчера во Битола.Ова се тројца членови на онаа група на полициски структури и пара-полициски структури испратени во Битола. Благојче Ј, Маријан Н, Антонио Б, сите полицајци, испратени вчера од единицата за специјални задачи, испратени од така познатиот „Љубовник на Водно“, близок на Зоран Заев и на Оливер Спасовски.Почитувани, ова се специјалци испратени во Битола, во цивилна облека и цивилни автомобили, коишто немаат официјална потреба да бидат распределени таму, бидејќи се луѓе коишто официјално треба да се занимаваат со тероризам. Но, таму се испратени и ставени на располагање на Васко Ковачевски, и неговата група во Битола за поткуп и терор врз населението за изборни цели“, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги обелоденува сите информации за теророт и злоупотребата на институциите во изборни цели на СДСМ.Во рака држам докази, испратени од свиркачи за списоци со луѓе- гласачи и со нивните потреби, како и уцени и ветувања дека ќе се сретнат со некој со кого имаат доверба дека ќе им го реши проблемот ако го дадат гласот за СДСМ.Е сега ќе продолжам со друг вид на докази за притисок од СДСМ кон граѓаните со една цел, гласање на избори со цел опстанок на режимот.Не запираат информациите за притисоци, за терор, поткуп, но и за нудење на различни удобности на граѓаните само за глас повеќе за опстанок на режимот. Во поразот се прават злоупотреби на сите нивоа, се ветуваат вработувања, бришења на хипотеки, социјална помош, се' што ќе им се види примамливо да го понудат“, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Во рака држам докази испратени од свиркачи за списоци со луѓе гласачи, и за нивните потреби, како и уцени и ветувања дека ќе се сретнат со некого, во кого имаат доверба за да им го реши проблемот, доколку се даде гласот за СДСМ. Притисоците за гласови одат до најсилното чувство, чувството за безбедност и за работа.Ќе прочитам неколку имиња и детали од списоците:-Џулиета Ш. од Тетово - проблем стан под хипотека, и се нуди помош;-Андријана А. од Битола- вработување за ќерката во Скопје;-Наташа П. од Росоман - вработување дипломиран детектив;-Јордан П. дипл електроинженер, му се нуди за подобра позиција во ТЕЦ Неготино;Следи една запишана порака - Да се најде Менче од Прилеп од сточен пазар преку ОО Прилеп, за вработување;Понатаму, Никола Н. од Суводол, запишано вработување на Александар Н. лице со телесен инвалидитет, за којшто е побарана услуга за глас;Ванчо М. вработен, самохран родител со плата од 16,000 денари, му се нуди вработување на неговата ќерка;Душанка Ј. од Бутел, 4 години немала електрична енергија и се нуди решавање на проблемот доколку гласа за СДСМ;Весна С, текстилен работник од Штип, од оние кои веројатно останаа без работа од Баргала, бара вработување за синот;Елизабета П. - реализирање на станбено прашање.Почитувани, ова е игра со најболните чувства на луѓето, среде економска криза, рецесија, затворени фабрики и надоаѓачка енергетска криза. СДСМ го пробива дното. Се служат со сила, репресија и казни, но и со лаги нудат работа и корка леб на луѓе само за глас“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Но, веќе на сите им е јасно, дека никој повеќе не верува и не им се плаши на насилниците од СДСМ, па затоа вакви докази стигнуваат до ВМРО-ДПМНЕ. Народот е охрабрен, народот е храбар, доставува информации за сите нерегуларности, народот знае дека зад параванот на изборите е тој кој одлучува за себе и за Македонија.Почитувани, затоа во недела се гласа, да се стави крај на овој насилнички режим“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

1234

Никола пиша за Петре: Режимот тешко да се памети

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се јави на социјалните мрежи со порака за поддршка на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.Димитров пишува дека се мислел дали да се заложи за кандидат на локалните избори, бидејќи не е партиски човек, но чувствувал обврска кон граѓаните на Скопје да го соопшти мојот став.„Со гласачите од ИЕ 1 имаме заемна доверба од парламентарните избори. Секогаш сум бил и ќе бидам гласот на граѓаните. Немам политичка, ниту етичка обврска да давам бланко поддршка водејќи се од буквите на партијата, по логика што мене не ми е блиска: ако се моите, добри се без разлика на сè – ако се другите, лоши се без разлика на сè", започнува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук Димитров.Димитров е роден во Скопје и пораснал во Центар, а голем дел од детството го поминал и кај неговата баба во Карпош.„Си го сакам Скопје, иако кога можам го заобиколувам плоштадот што искрено преку Скопје 2014 го направија прослава на кичот. Го сакам Скопје со сите негови маани. Можеби сум пристрасен, бидејќи речиси нема улица и сокаче каде немам сеќавања, ама градот ни има голема душа. И токму затоа, како граѓанин, решив да си кажам што мислам за изборот за градоначалник на мојот град“, додава Димитров.Со ова писание, вели Димитров, сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест.„Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми. За нашиот избор пак во поширока смисла, што се однесува на стратешкиот правец на татковината, ситуацијата ни е тешка. Опозицијата ниту помага, ниту реално се трка во истиот правец – силна и европска демократија, слобода и правда за сите, членка на НАТО и заслужена, иако сè уште неостварена одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори“, пишува Димитров во својата објава.Од друга страна, на Димитров му е сосема јасно дека за многумина тоа не е доволно.„Јасно ми е дека поминаа речиси пет години. Режимот тешко да се памети. Лекцијата од првиот круг локални избори е дека мора да се работи поинаку, далеку подобро и поискрено. Парадоксално можеби, но или ќе се разбере таа лекција вистински и ќе се вози директно нагоре или ќе се стркала колата повторно надолу. Од резултатите на таа лекција навистина ќе зависи многу… или сè“, завршува Димитров, посакувајќи му среќа во недела на изборите на Петре Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев побара Данела да се повлече од изборната трка: Ова е понижување, недозовлено вака да се постапува

Премиерот Зоран Заев во „Утрински брифинг“ тврди дека кандидатката Данела Арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, има бугарско државјанство. Тој вели: „Македонија е пријателска земја, ама ова е too much“ бидејќи излезе со тврдење дека поркрај бугарско државјанство, таа е конзул на Унгарија.„Во Скопје се бира градоначалник, не кмет. Во Бугарија се бира кмет, со сета почит кон Бугарија“, вели Зоран Заев а прашан дали е сигурен дека таа е бугарски државјанин, тој додаде: „Тврдам и јас верувам дека цела аргументација ќе излезе на површина. Сега дознав, ако вчера излезе ова, тоа е завчера. Дека е бугарски државјанин, е бугарски државјанин и тоа не е спорно. Морате да им кажете на граѓаните на Скопје кога се кандидирате, тоа е нечесен однос“.„Веднаш да се повелче ако малку го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, недозовлено вака да се постапува. Ако ја изберат, нема враќање назад, министри може да се сменат, градоначаници не. Нека се повлече жената“, додаде Заев. 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-27-102055

(ВИДЕО) Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција, обвинува СДСМ

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните.Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?

Скопје | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Колку семејни фирми на Арсовска имаат седиште во спортската сала „Расадник“, прашува СДСМ

„Почесната конзулка на Унгарија Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што е одговорна за пропаѓањето на спортската „сала Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани“, изнесе на денешната прес-конференција Градската организација на СДСМ - Скопје.СДСМ - Скопје тврди дека Данела Арсовска бега од одговори на прашања во врска со нејзиното катастрофално менаџирање на салата „Расадник“, кое било овозможено од власта на ВМРО-ДПМНЕ кога министер за финансии е Никола Груевски во 2002 година.Претходно, СДСМ обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“ со седиште на улица Благоја Гојан 24 (од 01.01.2002), кога Данела имала само 22 години: „Арсовска (тогаш Јовановска) се обврзала да го развива спортот во Општина Кисела Вода со користење на салата, но, наместо спортот, директорката Данела развивала семејни фирми - дел од нив со седиште токму на спортската сала „Расадник“ – објект изграден на државно земјиште од град Скопје преку самопридонес на скопјани“, тврди СДСМ Скопје.На прес-конференцијата беа обелоденети повеќе документи за поврзаност на Данела Арсовска со фирми на нејзиниот татко, дека заедно воделе бизниси во државната сала „Расадник“ и на други места, како што е фирмата РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ со седиште на ул. НАРОДНИ ХЕРОИ ББ Спортска сала - Расадник:„Арсовска станува претседател на ССК во 2014 токму како генерален менаџер на „Ројал Груп“ и истата година дава интервјуа како „сопственик на Ројал Скопје“. Наредната 2015 година Арсовска и „Ројал Груп“ се на списокот на донатори за црквата на Никола Груевски, а Арсовска седи на иста маса со Груевски“, укажа СДСМ Скопје.СДСМ Скопје обелодени документ за историјатот на фирмата „РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ од кој се гледа дека Арсовска и татко и претходно биле заеднички сопственици, а била и управител на оваа фирма со седиште во сала „Расадник“:„Фирмата „Империал ДООЕЛ“ (претходно „Империал Данела“) ја дала на подзакуп салата Расадник на семејната фирма „РОЈАЛ ГРУП“ токму во периодот кога е констатирана кражба на струја. Кога Арсовска станува претседател на ССК во 2014, кога се објавуваат информации за неа како генерален менаџер на „Ројал Груп“, тогаш се крадела струја, а фирмата „Ројал груп“ била подзакупец на Спортската Сала „Расадник“!“, тврди СДСМ Скопје.СДСМ ја обвинува Арсовска дека додека салата Расадник пропаѓала како резултат на лошо менаџирање и неплаќање огромни долгови кон ЈП, „Арсовска си развивала семејни бизниси - и на државна адреса во сала „Расадник“, но и на Благоја Гојан 24 каде е регистрирана фирмата „Империал Данела“ – првиот закупец на салата „Расадник“ во 2002“.Од обелоденетите документи, се гледа дека Данела Арсовска била менаџер на „Хотел Империјал“, на ул. Благоја Гојан 24, каде што биле регистрирани и брендовите „Hotel Imperial“ и „Hotel Royal“ на фирмата Хотели Ројал ДООЕЛ Скопје.СДСМ Скопје обелодени и документ дека фирмата „Хотели Ројал“ е сопственик на „Хотел Ројал“ во Капиштец, и постави директни прашања до Арсовска:„Колку приватни или семејни фирми на Арсовска имаат седиште на државна адреса во спортската сала „Расадник“, објект изграден од скопјани со самопридонес? Дали тие приватни фирми краделе струја, не плаќале долгови и исцрпувале ресурси од државната сала, за да си развиваат бизнис со хотели и други бизниси?“

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања