Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

dastevski-9182

ДИК менува правила: Да важат и гласачките ливчиња без печат од одборот

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња кое предвидува одредба спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.Инаку печат на секое искористено гласачко ливче е пропишана со Изборниот законик.Во правниот систем, законите се повисока категорија на акти од упатствата кои шти претставуваат подзаконски акти. Упатствата секогаш треба да се усогласат со законите.Членовите на ДИК и претседателот Александар Даштевски се правници по образование и вокација, а при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.Но во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои објаснувањето за печатот: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“Правниците, адвокатите и членовите на ДИК одлучиле дека иако законски гласачкото ливче мора да има печат пред да му биде предадено на избирачот, всушност ќе се брои за важечко и доколку нема печат удрен од избирачкиот одбор.На гласањето денеска не бил само членот на ДИК Кренар Лога, предложен од Алијансата на Албанците.Одлуката е донесена, најверојатно откако Управниот суд поништил гласање на едно избирачко место во општина Шуто Оризари затоа што ливчињата во кутијата немале печати на нив. Сега членовите на ДИК сметаат дека ќе нема вакви проблеми ако го сменат упатството, иако во Изборниот законик останува обврската за печат.Дополнителен проблем е што имаше обуки на илјадници членови на избирачките одбори дека мора да удираат печати на ливчињата, а сега се менува упатство 5 дена пред изборите, без можност за обука. Од друга страна, членовите на избирачките одбори ќе мора да одлучуваат дали ќе ги печатираат ливчињата како што им е законската обврска или пак да ги послушаат правниците од составот на комисијата кои тврдат дека може да сегласа и на непечатирано гласачко ливче.

Македонија | пред 4 години

IMG_4235

Студенo утрo а преку ден сончево, ова се температурите за денеска

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура на повеќе места ќе биде под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.Во наредните денови следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност.Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Македонија | пред 4 години

vmro_dpmne

СДСМ е во паника и се поочигледниот пораз сака да го минимизира со поткуп и насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Параполициски структури како таа во Прилеп, се формирани и во Битола, Охрид, Кочани. Поткуп во првиот круг е вршен и во Крива Паланка каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски. Сашко - Нафаќат се пак за 200 евра. Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде. Сашко - Да! Сабајле се договараме. Новица – З.... ѕверче си. Сашко - Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо. Новица - Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка! Власта ја злоупотребува и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Групи на доверливи лица за врвот на власта од Единицата за интервенции се пратени од пред 2 дена во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како во Прилеп, каде преку вибер групи се давани насоки за следење, малтретирање и шиканирање на неистомисленици. Во Битола главен на овие групации е Васко Ковачевски, а извршители се тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Додека дел од групата се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци. ВМРО-ДПМНЕ за овие активности ќе ги извести меѓународните претставници, но и ќе поднесе соодветни пријави. Граѓаните веќе не се плашат и сами ги пријавуваат ваквите бандити од власта. Време е за промени. А бандитите да заминат во историјата“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

fajzer

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на вакцините на „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години.Одборот, со еден воздржан, гласаше за придобивките од вакцинацијата во превенцијата на Ковид-19 во таа возрасна група и смета дека се надминати сите потенцијални ризици, вклучително и несаканите срцеви нарушувања кои се многу ретки кај адолесцентите и младите кои имаат добиено повисоки дози, јавуваат агенциите.Сепак, ФДА не е обврзана со препораките на ова тело и се очекува да донесе независна одлука во рок од неколку дена.Ако ФДА одобри дози прилагодени за децата, претстои уште еден чекор: следната недела, Центрите за контрола и превенција на болести ќе треба да одлучат дали да препорачаат вакцинација и за која возраст.Иако децата се изложени на помал ризик од тешки форми на Ковид-19 од постарите, децата на возраст од пет до 11 години сè уште се соочуваат со сериозна клиничка слика, бидејќи беше откриено дека од 8.300 регистрирани хоспитализации, околу една третина од пациентите биле на интензивна нега, додека починале речиси стотина болни деца.Препорачаната доза за деца е една третина од целосната доза на вакцината на „Фајзер“ препорачана за оние над 12 години.

пред 4 години

Нема фотографија

Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на Бул. Македонско-косовска бригада бб кај Стовариштето, прекинато водоснабдување во време од 9:00 часот па до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците: 376, Самоилова, Банатска, американска амбасада, турска амбасада и Јааким Крчоски (о. Чаир).

Скопје | пред 4 години

BeFunky-collage-10

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов две години плаќа по 1 милион евра за машини за чистење на снег кој го нема

Петре Шилегов две години по ред плаќа 1 милиони евра годишно за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема. Две години по ред сопственикот на фирмата Аполо Инжинеринг става 1 милиона евра во џеб, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Додаваат дека 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021.„Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма. Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво“, објаснуваат од опозициската партија.„Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречува Аполо Инжинеринг да се наплати и да си ги земе 1 милион евра, кои и следат според договорот“, потенцираат од партијата на Мицкоски.„За периодот од 15 Ноември до 15 Март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од скоро нула денари. Како што бевме сите сведоци снег тие 2 зими и да не видовме. Во превод чист милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните“, стои во писмената реакција од опозициската партија.Што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра ? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување“, пишува во нивното соопштение.Нагласуваат дека на таквите договори ќе им дојде крај и парите на Скопјани, како што додаваат нема повеќе да се трошат на непродуктивни трошења и крајно сомнителни набавки.

пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-222607

(ВИДЕО) Данела нервозна на дебата: Срмота е ова да го прават луѓе со кој 5 години сум седела на маса

Колку и да ме напаѓате во следните денови имаме уште три дена од оваа кампања почитуван господине Шилегов, треба да знаете дека одговорност ќе имате за парите на скопјани кои ги потрошивте, а не дадовте отчет, за сите работи кои ги направивте вклучително за она што ме навредивте мене како личност и целото мое семејство, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.Арсовска одговори и на обвинувањата, односно како што рече небулози дека има бугарски пасош.– Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност, рече Арсовска.Јас знам, посочи таа, во каква борба влегувам и дека немам ниту една дамка.

Скопје | пред 4 години

kalendar

Објавени неработните денови во 2022 година

Bo согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ01 јануари (сабота), Нова Година,07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,02 август (вторник), Ден на Републиката,8 септември (четврток), Ден на независноста,11 октомври (вторник), Ден на народното востание,23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.За граѓаните од православна вероисповед06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,19 јануари (среда), Богојавление (Водици),22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,25 декември (недела), првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,За граѓаните припадници на српската заедница во РМ27 јануари (четврток), Свети Сава,За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,За граѓаните припадници на турската заедница во РМ21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Македонија | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска: Ја нападнаа идејата за бесплатен јавен превоз, а после еден ден излегоа и го понудија истото

Скопјани ќе го добијат она што го заслужуваат, јас во оваа кампања се занимавам со тоа што ќе работам за скопјани, јас не сум како нив. Од друга страна има човек кој не остварил ни 5 проценти од тоа што ветувал, за што ќе зборува тој освен што ќе ме напаѓа мене. Тоа зборува за нив, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.Таа додаде „ако јас само дискутирав за нивните небулози, ќе требаше само да се бранам“. Оттука рече Арсовска, не ме чуди што имам водство, затоа што јас нудам проекти конкретни работи.„Верувајте проблемите на скопјани не се нерешливи, треба да се има само волја и посветеност и токму тоа е кое што имам намера да им го покажам на скопајни дека треба да се одважат, дека треба да излезат. Време е да се престане со тоа да им се дава на политичарите шанса, треба да се даде шанса и на некој кој може добро и квалитетно да ги менаџира процесите“, рече Арсовска.Арсовска рече дека е разочарана што идејата за бесплатен јавен превоз наиде на критики.„Критикуваа, а потоа го понудија и тие самите. Знаат и самите дека е возможно, зошто и тие го нудат ако не невозможно“, рече Арсовска.Таа додаде дека за оваа идеја важно неа само добро да се менаџираат процесите.

Скопје | пред 4 години

248418925_226674272800389_8447153366420518921_n

Ќе се жени Иван Иванов синот на поранешниот претседател

Се сврши Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. По долга врска тој ја побара за жена неговата девојка Јана, а веста ја објави на социјалните мрежи.„Од сега па за навек“, напиша Иван.

Магазин | пред 4 години

bolnica-tetovo2

14 луѓе живи изгореа, не може да нема одговорни, доктор удри по власта

Два месеци по трагедијата во Тетово, за жал никој не понесе одговорност за истата.На оваа тема денеска реагираше доктор Ненад Лазаров.„Обединете се и самоказнете се,14 луѓе живи изгореа и не може да нема одговорни! Не забораваме!Сите што молчите може и вас да ве снајде“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

Pecakov-1

Пецаков ветува дека плажите повторно ќе бидат под концесии

Промените во Македонија започнаа и тоа е видливо на ниво на цела држава, посебно во оние што претставуваат големи градови. Или е завршено во првиот круг или во истите тие градови има огромна разлика и предност кои што во вториот круг треба да ја ефектуираме. Самата енергија е видлива и трендот е тој кој што е и затоа на сето тоа го темелам оптимизмот, вели кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.Тој во емисијата „Објектив“ на националниот сервис МРВ1 истакна дека очекува убедлива победа во вториот круг од локалните избори и дека сите учесници во изборниот процес се расположени за соработка, при што се очекува до крајот на вториот круг ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди и мнозинство од советници во општинскиот Совет.„Гледајќи дека во Македонија веќе е појавена потребата од промени, а до промена ќе се дојде само и само ако има промени во локалната власт, односно ако ВМРО-ДПМНЕ успее да победи во најголемиот дел од општините, како и во првиот круг. Што значи дека, сите оние кои се одлучиле да направат промени, без разлика дали се независни или настапуваат како партија, биле незадоволни, а дел биле порано и во некаква коалиција со СДСМ, биле незадоволни од тоа како се води Македонија, така да, убеден сум дека се спремни да ја поддржат оваа власт да падне. Ние секако сме во преговори и до крај на вториот круг или откако ќе завршат изборите, ќе се знае за мнозинството во општинскиот совет, затоа што сите се расположени за соработка“, рече Пецаков.Проблемот со плажите кои што оваа туристичка сезона дојде најмногу до израз, Пецаков вели дека ќе го реши со тоа што, со него на чело на Општина Охрид, за плажите повторно ќе се даваат концесии.„Плажите повторно ќе добијат концесија. Како туристички град не смееме да си го дозволиме она што летово ни се случуваше, во јуни да имаме рушење или до чистење на плажите. Тоа беше некаква идеја на досегашната локална самоуправа и градоначалникот Константин Ѓеорѓиевски, за да во август имаме некаков си јавен повик за изглед на плажите. Проблемот таму е што беа истечени концесиите и во рок од четири години владеење на СДСМ, на локално ниво, не најдоа за сходно, како локална самоуправа, тој проблем да го решат. Така да, проблемот со плажите и нивното уредување ќе го решиме со тоа што плажите повторно ќе добијат концесии“, истакна Пецаков.Пецаков вели дека, во неговиот градоначалнички мандат, екологијата ќе има посебно внимание, затоа што како во светот и во Европа, така и кај нас е особена важна за граѓаните, и дека Охридско езеро како едно од најстарите во Европа ќе го заштитат така што, ќе постават две пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа и, исто така ќе ја заврши и реконструкцијата на колекторот.„Екологијата, заштита на еко системот, зеленат агенда се топ приоритети на светско и на европско ниво, така што и кај нас се наметнуваат како теми важни за граѓаните. Ние, како град во кој што имаме најстаро езеро во Европа, ќе се грижиме за неговата заштита. Еден од главните приоритети ќе ни биде да ја довршиме реконструкцијата на самиот колектор и ќе поставиме пречистителни станици на две места, во Трпејца и во Љубаништа и со тоа ќе го заокружиме нашиот дел од езерото да биде заштитено од влез на отпадни води“, потенцираше Пецаков.Во однос на заштита на старата охридска архитектура, тој истакна дека во неговата програма има проекти за реконструкција на плоштадот и угостителските објекти за зачувување на изворниот изглед.„Во програмата имам проекти за унифицирање на изгледот на објектите на самиот плоштад со цел зачувување на старата охридска архитектура која е највидлива во старото јадро на градот. Предвидуваме реконструкција на угостителските објекти на градот со цел унифицирање на нивниот изглед, отсранување на светлечките реклами од стариот дел и заменување со резбани, односно реклами од дрво“, истакна Пецаков.

Македонија | пред 4 години

26102021_VRSM_115_sednica-2

Нови ковид мерки донесе Владата, но и десетици други одлуки

Соопштение до медиумиОд 115-тата седница на Владата: Усвоен Планот за забрзан економски раст - 156.000 нови работни места; Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост - од 15 ноември за влез ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 денаВладата на Република Северна Македонија на денешната 115-та седница го разгледа и прифати Планот за забрзан економски раст за период 2022 - 2026 година, кој покрај традиционалниот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст, пристап кој успешно функционира во Европската Унија.Предвидено е, покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, со ИПА фондовите и со меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од страна на приватниот сектор.Планот за забрзан економски раст ќе поддржи инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе бидат концентрирани во повеќе приоритетни области како зелена економија, дигитализација, иновациите и технолошкиот развој, развојот на физичката инфраструктура и човечки капитал, во износ од 12 милијарди евра и обезбедени нови 156.000 работни места.Подетално за денеска усвоениот План за забрзан економски раст премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими информираа на одделна прес-конференција попладнето (https://vlada.mk/node/26910).Владата на Северна Македонија на денешната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:- Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.- Се дозволува работа на барови и ноќни клубови - дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.- Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:- до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.Согласно ова, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19.На денешната седница, министрите го разгледаа и усвоија Извештајот од Дванаесеттата седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија, при што беа донесени задолжувања за Министерството за економија и Министерството за животна средина во рок од 10 дена по усвојувањето на Извештајот да достават писма на намери до ресорните министерства во Република Словенија за интересот на размена на искуства за бањскиот туризам и искористување на геотермална енергија, за покренување иницијатива за билатерална техничка помош за размена на добри практики во процесот на развој и понатамошна имплементација на Стратегијата за паметна специјализација и имплементација на Ревидираната индустриска политика, како и за покажување интерес на идентификување на можности за конкретна соработка во заштитата на природата и управувањето со водите.На предлог на Министерството за труд и социјална политика беше разгледан и усвоен Акцискиот план за формализирање на неформалната економија 2021-2022, чија стратешка цел е унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на неформалната економија со цел подобрување на статистичкиот систем и зголемен капацитет на носителите на економската и социјалната политика за редовно следење и детектирање на неформалната економија.Овој План содржи конкретни активности, со соодветни индикатори, временска рамка, фискални импликации и одговорни институции за секоја активност за реализирање во периодот 2021-2022 година.Утврдени се 16 мерки за овозможување воспоставување на систем на превентивни и стимулативни мерки за поддршка на формализација на неформалните бизниси и неформално вработените лица, како што е воспоставување на ваучер системот, одделни законски измени, поддршка за развој на задругарството, поддршка за развој на микро и малите претпријатија, развојот на социјалното претприемништво, спроведување на одделни промоции за справување на неформалната економија и сл.Со цел јакнење на даночниот морал и намалување на толеранцијата кон неформалната економија предвидени се 16 активности за подигнување на даночниот морал на граѓаните и нивото на толеранција на општеството кон неформалната економија.Предвидено е промовирање на придобивките од формалната економија, односно за штетноста од неформалните вработувања, едукативни активности во училиштата и универзитетите, безбедност при онлајн плаќање кај легалните ентитети и др.Владата на денешната седница донесе Одлука да ја прекине градбата на прифатниот Центар за сместување странци на локацијата во село Бардовци и ги задолжи одделните министерства, за внатрешни работи и за транспорт и врски до крајот на ноември годинава да работат на изнаоѓање на соодветна локација надвор од населено место како основа за исполнување на проектот Центар за прифаќање и сместување на странци.

Македонија | пред 4 години

oliver-spasovski-4

Локалните избори се целосно слободни и демократски, ВМРО-ДПМНЕ да престане да дезинформира заради партиски цели, апелира МВР

„ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата“, велат од Министерството за внатрешни работи.„Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела, на вториот круг од локалните избори“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

Hristijan-Mickoski

Заев загуби затоа што не го разбира народот, вели Мицкоски

Зоран Заев загуби затоа што тој не го разбира народот, а не затоа што народот не ги разбрал бројките на гласачкото ливче, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во општина Аеродром, додавајќи дека потценувачка е изјавата на Заев дека народот ги згрешил бројките.- До вчера власта ни велеше дека ја разбрала пораката, а денес го слушам во едно интервју од Зоран Заев, каде ни вели дека практично изгубил затоа што граѓаните не разбрале за кого да гласаат, па ги помешале бројките на ливчињата. Не знам дали верува во тоа, или тие околу него така го учат, но тоа е брутално потценување на народот. Заев не загуби затоа што народот не ги разбрал бројките, туку затоа што Заев не го разбрал народот, и кога го гледам ова негово бледо и исплашено делување, се повеќе ми оди да повторам дел од неговите зборови – се сеќавате на она - изгубен низ времето го барам семето, ја барам жицата итн. Ете тоа е вистината за Зоран Заев и неговиот game-changе кој е всушност станува неговиот game over, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека фалбите на Заев дека биле најдоброто нема врска со реалноста, затоа што народот е сиромашен, а го очекува и енергетска криза со која оваа власт не може да се справи.- Кога сме кај реалноста, се поголем број на експерти го потврдуваат она што пред неколку месеци го велев, а тоа е дека не чека тешка енергетска криза и шокови кои може да направат сериозен удар врз економската стабилност на Македонија но и силно нагризување и на и така кревкиот животен стандард на граѓаните, изјави Мицкоски.Тој потенцираше дека добивме и официјална потврда дека покрај тоа што Зоран Заев, Љупче – Путерот, и останатите од владата си крадат на тендери, договори во четири очи, крадат и струја од регионалниот систем, повлекувајќи струја од системот, затоа што немаме домашно производство.- Немаме домашно производство, а зошто немаме домашно производство, затоа што крадат. Тоа е суштината зошто ние денеска се соочуваме пред тешка енергетска криза која што сериозно ќе го нагризе нашиот животен стандард и ќе ја доведе под знак прашање егзистенцијата на граѓаните. Вчера ги слушнавме како велат дека едниот блок во РЕК Битола работел, па ќе го вклучиле другиот блок, па излажаа, па доцна во ноќта направија некакви обиди и денеска и двата блока работат како еден бидејќи се на половина снага“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

Муцунски: Со победата на Данела Арсовска, СДСМ заминува во историјата

Од тука тргна поразот на СДСМ, од тука тргна тој историски процес кој ќе значи слобода за Македонија, слобода за општините низ Македонија. Процес кој ќе значи многу работа, многу проекти, додадена вредност за нашата општина Аеродром, рече градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски на вечерашниот митинг во Лисиче.Тој рече „ветивме многу работи и тоа што го ветивме е една офанзива во инфраструктурата, тоа што сакам да го пратам како порака е дека целиот тим не заборава што е ветено, така ќе биде и за Скопје“.„Тоа што е клучно е дека огромен дел од проектите кои се од интерес на нашите сограѓани може да бидат блокирани доколку Петре Шилегов остане градоначалник. И навистина имате избор меѓу прогрес кај Данела Арсовска и корупција кај Петре Шилегов, изборот е квалитетен професионалец или политичар кој не може да се гордеее со ниту еден капитален проект“, кажа Муцунски.Муцунски посочи дека граѓаните веќе ја препознаа разликата, а таа треба да се потврди во недела и Данела Арсовска да биде градоначалник на град Скопје.„Со победата во Скопје на Данела Арсовска, СДСМ заминува во историјата“, порача Муцунски.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Арсовска цел ден молчи за бугарското државјанство, каде се крие, прашува СДСМ

Кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска цел ден денеска не се изјаснува по јавно објавениот документ дека 10 години има бугарско државјанство, велат од СДСМ.„Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите.Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство.Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство.Кандидатка за градоначалник која е почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, не може да работи за интересите на Скопје и неговите граѓани.Затоа скопјани в недела на изборите ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка е“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

cigari

Необично известување од студентски дом стана хит на интернет

Соопштението кое се појави во загрепскиот студентски дом „Цветно насеље“ ги забавуваше твитерџиите. Имено, управата на домот објави известување на англиски јазик во кое напоменува дека е забрането пушење во собите и другите простории на домот, наведува Вечерњи лист.– Почитувани, строго е забрането пушење во просториите и другите простории од домот, а особено да се гасат „кокошки“ на ѕидовите, клупите и фасадите поради опасност од предизвикување пожар. Ваквите дејствија повлекуваат дисциплинска и материјална одговорност - се наведува во известувањето на англиски јазик.Предмет на потсмев на Интернет стана контроверзниот збор „кокошки“.Во меѓувреме се извинија од раководството на Студентскиот дом бидејќи имало „непрофесионален превод на англиски јазик“.- Со оглед на тоа што забележавме пушење во кујните на студентските павилјони и дека отпушоците се изгаснати на масите, ѕидовите и фасадата на павилјонот, управата на домот напиша известување до студентите во кое ги информира дека пушењето е строго забрането бидејќи претставува опасност и може да доведе до пожар, па ваквото дејствие повлекува одговорност на станарите според Правилникот за правилата за домови и условите за престој на студентите во домовите на СЦ во Загреб. За жал, имаше непрофесионален превод на англиски. Им се извинуваме на сите студенти за непријатностите и збунувачките информации. Сите спорни известувања се отстранети - напишаа тие

Магазин | пред 4 години

2609817_tea-2_share

Таировиќ на свадба 47 пати ја испеала „Hajde“ и заработила 14.000 евра

Српската пејачка Теа Таировиќ заработи 14.000 евра од бакшиш на ромска свадба во Германија, откако 47 пати го испеа својот хит „Ајде“. На интернет се појавија видеа од свадбата, а еден од гостите за српските медиуми рекол дека тоа е најдобрата журка на којашто бил некогаш.„Теа имаше тезга на ромска свадба во Берлин. Кога ја испеа ‘Ајде’, сите скокнаа и почнаа да ѝ даваат евра. Рацете ѝ беа полни со пари. Сите само таа песна ја нарачуваа. Јас броев, таа ја пееше дури 47 пати. На крајот на вечерта слушнав дека добила бакшиш од 14.000 евра“, рекол тој.Освен Теа на свадбата пееле и Џани, Љупка Стевиќ и групата „Џогани“, но тие заедно не заработиле колку Теа сама.„Џоле Ѓогани беше многу нерасположен. Му беше жал што Теа цела вечер ја пееше истата песна и за тоа доби многу пари“, рекол истиот извор.Не е првпат пејачката да добие многу пари за една вечер, особено за песната „Ајде“ која има 49 милиони прегледи на Јутјуб. Таа во јули на приватна прослава за само три минути добила 3.000 евра бакшиш.

Магазин | пред 4 години

Silegov

Јас со ништо ја немам навредено Арсовска, вели Шилегов

Вечерва на телевизија Телма во емисијата Топ тема гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Водителката објасни дека двајцата кандидати за градоначалник на Скопје гостуваат во посебни емисии, а не во дебата, бидејќи Данела Арсовска рекла дека не сака да доаѓа на дебата со Шилегов, затоа што се чувствува навредена од него.-Навредливо за скопјани е двајцата главни кандидати да не го видат судирот на концептите и врвот на демократаија е дебатата. Дебата се одвива меѓу двајца кандидати, за публиката. Мене ова ме потсетува на други времиња, кога немаше дебати. Станува збор за тоа дека се сериозно свесни дека кога ќе дојдеме тет а тет целосно ќе се разобличат флоскулите кои ги кажува. А, јас со ништо ја немам навредено Арсовска, рече Шилегов.

Скопје | пред 4 години

marija-i-ceca-830x0-1

Цеца откри што и прави Марија под маса

Фолк-ѕвездите Светлана Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ ги сумираа впечатоците по официјалното завршување на првиот круг од Ѕвездите на Гранд.На социјалните мрежи се појави видео на кое Марија бара од Цеца да ги каже своите впечатоци по снимените емисии.- Светлана, да им кажеме на луѓето какви впечатоци од оваа, првата снимена рунда - ја праша Марија.Цеца ја прегрна и со насмевка одговори:- Романтично, љубов, од тебе. Затоа што ме малтретираш, хронично, ми викаш, штипкаш под маса. Ем ме галиш, ем ме штипеш, правиш се, но јас не се жалам.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Ако Град Скопје да продолжи да се развива, ќе продолжи и развојот на Шуто Оризари

Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари каде разговараше за понудата на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори.Наша цел е, порача Заев заедно со Ферат Асан да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми.Претседателот Заев повика дека е потребно обединување за да продолжи напредокот на општините, како и развојот на државата.„Важно е да го постигнеме единството и мене ми е мило што тоа го постигнуваме. Овие денови праќаме порака до сите други кандидати да дојдат и да се обединиме, и тие доаѓаат се приклучуваат. Сите знаат дека овде Асан победува. Како коалиција сме многу силно заедно, затоа што сме мултиетничка коалиција, затоа што сме едно заедничко општество каде сите се со еднакви шанси„ порача Заев.Претседателот Заев од присутните побара поддршка и за нов мандат на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов.„Многу е важно Град Скопје да продолжи по патот на развојот, тоа е гаранција дека и развојот на скопските општини и развојот на Шуто Оризари ќе продолжат. Затоа во недела да гласаме и за Петре Шилегов, за нов мандат градоначалник на Град Скопје“ повика претседателот Заев во Шуто Оризари.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Лукашенко не ги сака вакцините од западните земји, кинеските и руските се подобри

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека не гледа причина да увезува вакцини против коронавирусот од западните земји бидејќи кинеските и руските што се користат во неговата земја се подобри.Тој додаде дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини со помош на руска технологија и дека во иднина ќе се појави белоруски лек против Ковид-19, пренесуваат руските агенции.Во Белорусија се користи кинеската вакцина на „Синофарм“, како и руските „спутник В“ и „спутник лајт“.Како што беше претходно најавено, експерти од Белорусија до крајот на годинава ќе добијат пробни дози од вакцината развиена во таа земја, а првите комерцијални дози се најавени за в година.Според податоците на Министерството за здравство, прва доза од вакцината досега примиле повеќе од 2,7 милиона Белоруси, а повеќе од 2,02 милиона од вкупно 9,35 милиони жители се целосно имунизирани.

Актуелно | пред 4 години

thumbnail_KUCINJA-VDOMENI-VO-UK

„Лајка“ вдоми кучиња во Обединетото Кралство

Кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“ добива нова димензија.По успешните удомувања бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство.„Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на удомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност. Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП ‘Лајка’ денеска пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства“, велат од ЈП „Лајка“.Претпријатието упати благодарност до сите удомувачи, администратори, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и на професионалниот транспорт.

Магазин | пред 4 години

121214883_sos_gettyimages-1348331611

Кој е одговорен за безбедноста на оружјето на филмските сетови?

Страшниот инцидент што резултира со смрт на камерман на филмски сет минатата недела поттикна прашања за употребата на огнено оружје во забавната индустрија.Актерот Алек Болдвин изјави дека неговото срце е скршено кога во четвртокот во Ново Мексико фатално ја застрела камерманката Халина Хачинс со пиштол реквизит.Кој е одговорен за безбедноста на оружјето на филмските сетови? Одговорноста за користење пиштоли и друго оружје лежи кај т.н. оружар на секоја продукција.Тие го обезбедуваат оружјето кога не се користи и ги поучуваат актерите за негова правилна и безбедна употреба. Тие исто така го полнат огненото оружје и го проверуваат пред и по секоја сцена.Кои се правилата? Не постои дефинитивна листа со прописи за употреба на огнено оружје во филмската индустрија.Според новинската агенција АП, американската Федерална агенција за безбедност на работното место не ја регулира безбедноста на оружјето на снимање, а многу држави ѝ оставаат на индустријата да креира и да почитува сопствени правила.Професорот Ден Леонард од Универзитетот „Чепмен“ во Калифорнија, кој специјлаизира за прописи на снимање, изјави за Би-би-си дека „главно ѝ е препуштено на индустријата да развие и да користи насоки… и ваквите насоки, доколку се почитуваат, овозможуваат безбедно користење огнено оружје на снимање“.Но, дури и тогаш не постои еден дефинитивен сет на процедури и протоколи.Инцидентите како оној на снимањето на Rust се многу ретки, но се зголемија повиците за забрана на „живо“ огнено оружје на филмски сетови со петиција што собра повеќе од 23.000 потписи до понеделникот. Актерката Оливија Вајлд беше меѓу оние што дадоа поддршка.Сенаторот од Калифорнија, Дејв Кортезе, во саботата изјави дека ќе поднесе предлог-закон за забрана на бојна муниција на филмските сетови во државата.Трагедијата од минатата недела предизвика лавина твитови и полемика на социјалните мрежи.„Веќе нема причина да има пиштоли наполнети со ќор-фишеци или што и да било во текот на снимањето. Треба да биде целосно забрането“, напиша Крег Зобел, актер и режисер (Westworld и Mare of Easttown), на „Твитер“.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања