Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

1-2-1

Град Скопје тврди дека Пожарна стигнала веднаш, а не по 40 минути како што рече ВМРО-ДПМНЕ

На денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот Парк првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета.Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот.Скопските пожарникари досега многупати ја докажаа својата професионалност и пожртвуваност, а ваквите обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ никому не прават добро, туку напротив, само покажува непочит кон скопските херои.

Скопје | пред 4 години

pozar

Дронска снимка од пожарот кој ги зафати бараките во близина на Градски Парк

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар.Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени.Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Скопје | пред 4 години

20211026161306

Нема да се гради прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. Како што велат од владината прес-служба, граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница.„Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект“– истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Скопје | пред 4 години

bektesi

Бектеши за електричната енергија: Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цента на струјата, ниту по први јануари.„Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден согласно законот и работата на РКЕ. Секои шест месеци ние ја утврдуваме цента на струјата преку ЕСМ, која таа ја продава до ЕВН. Има времe до први јануари и ќе интервенираме секаде каде ќе има потреба. Не верувам дека ќе се доведеме во ситуација за да ја зголемиме цената на струјата од први јануари“, кажа Бектеши.Тој додаде дека во Владата се подготвуваат различни мерки за во одредени моменти ако има потреба да се делува и да бидат подготвени.„Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на ЕСМ и МЕПСО во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар“, рече Бектеши.

Македонија | пред 4 години

zaev-ahmeti

Главниот непријател на меѓуетничките односи е криминалот на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Главниот непријател на меѓуетничките односи е криминалот на СДСМ и ДУИ.СДСМ и ДУИ се единствените кои сеат поделби помеѓу граѓаните и подгреваат конфликти. Кога ДУИ и СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе има проблем со Албанците, тие всушност велат дека ќе има проблем со нивните криминални тендери.СДСМ и ДУИ не можат да прифатат дека нивното време поминува, и дека завршува времето на здружено ограбување на државата.СДСМ и ДУИ единствено се плашат дека нема да можат да продолжат да крадат по 31 октомври, затоа е болката голема кај Заев.Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше со Филипче да лупаат провизии на вакцини, немаше Шилегов да мести тендери за дупло поскап асфалт, противпожарни скали итн. Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше да мести тендери.Заев само потпалува конфликти. Но тоа нема да го спаси, ниту со криминалот ќе може да продолжи, ниту ќе избега од одговорност. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-at-16.52.27

40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот. Главните прашања на кои треба да се одговори, дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради? И дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја уништува?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за пожарот.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-at-16.50.39

ВО ЖИВО: Противпожарните екипи не можат да го изгнасат пожарот близу Томче Софка, се прави се да не се прошири

Засега нема информации како настанал пожарот близу Томче Софка, кој избувна во напуштена барака каде порано беше Судот за прекршоци. Пожарната се обидува да се избори со огнената стихија.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-26-at-16.48.30

ВИДЕО: Огромен пожар во Градскиот парк во Скопје

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени.Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-541

Кражба во Аеродром и тепачка во скопско Ново село

На 25.10.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 20.52 часот во аптека на бул„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.10.2021 околу 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на маркет во с.Ново село, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка со употреба на тврди предмети помеѓу М.Т.(63) од с.Ново Село и Д.Б.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

DSC_0718

Штипјани ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(41) од Скопје и И.Т.(53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавените, неовластено издале одобрение за регистрирање на товарно моторно возило „Ман“ сопственост на правно лице од село Долно Средорече-општина Дебарца, иако знаеле дека возилото не ги исполнува условите и согласно Законот за возила не може да се регистрира.

Македонија | пред 4 години

DSC_0737

Среде ден скопјанка ограбена, а во Тетово тепачка и мавање со дрвен предмет

На 25.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 17.00 часот едно лице од Н.К.(56) со закана одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.06.2021, пријавениот физички и со дрвен предмет го нападнал Л.З.(33) од с.Боговиње.

Македонија | пред 4 години

vodnjanska-brza-pomos

Починат скопјанец пронајден среде Скопје

На 25.10.2021 во 23.35 часот во СВР Скопје, Б.Е.(22) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 23.30 часот во негов стан сопственост на подрачје на Бит Пазар го пронашол починат Љ.Р.(60) од Скопје кој престојувал во станот и за кого се грижел тој. Лекар од доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина-Скопје за обдукција.

Македонија | пред 4 години

tepacka-222

Масовна тепачка сред Велес, се боделе со ножеви

На 26.10.2021 околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода И.А.(24), Ѓ.Ш.(28), Б.Х.(24) и Б.Д.(20), сите од Велес, затоа што околу 01.30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У..Според пријавеното, на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Велес.Повредениот бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-2

Данела со бугарско државјанство да излезе пред граѓаните да не се крие зад лажни соопштенија, порача СДСМ

„Наместо да се крие зад лажни соопштенија на нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да признае дека има државјанство на Република Бугарија. Официјални документи потврдуваат дека кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има бугарско државјанство. Во документот „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство“, велат од СДСМ.„Тоа е вистината која ниту едно нервозно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја демантира. Цели десет години, Данела Арсовска има резервна татковина. Таа не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија. Странски инсталации како Данела, кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Скопјани нема да дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот. На 31 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат број 12, за Петре Шилегов, за да продолжи напредокот на Скопје“, додаваат оттаму.

Скопје | пред 4 години

1-16

Шилегов: Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник

На денешната прес-конференција во МКЦ градоначалникот Шилегов ги коментираше најавите на Данела Арсовска да прави центар за младинско претприемништво во најголемата градска културна институција.„Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник“ изјави Шилегов, дообјаснувајќи се: „МКЦ е културна институција и е една од најдобрите во нашиот град. Разбирањето на градот, разбирањето на системот и општото разбирање на проблематиката на градот е нешто што секој кандидат треба да го има ако сака да биде градоначалник, а не пак да помислите од МКЦ да правите сала Расадник.Арсовска во својата програма предвидува центар за младинско претприемништво во МКЦ – дејност којашто не е својствена за неговата мисија и основање. МКЦ отсекогаш бил културна институција за младите и децата во Скопје, а не бизнис инкубатор, или хаб за младинско претприемништво. Во него функционира галериски простор, киносали, концертни сали, планетариум и детски креативен центар и неговото мешање со бизнис активности и канцелариско работење може да го убие духот на институцијата и нејзино целосно пропаѓање како во случајот со Расадник, каде наместо со спорт, Данела Арсовска менаџирала со свадбени ресторани, кафулиња, сместувачки капацитети и дискотеки.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_KUCINJA-VDOMENI-VO-UK

„Лајка“ вдоми куче во Обединетото Кралство

Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија.По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство.„Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност. Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка денеска пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства“, велат од ЈП Лајка.Претпријатието упати благодарност до сите вдомувачи, админи, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт.

Скопје | пред 4 години

slavjanka

Арсовска има бугарско државјанство и е почесен конзул на Унгарија, тврди пратеничката Славјанка од СДСМ

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува: „Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“ Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Oд кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?“, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.„Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија. Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани. Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје. Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани? Во недела, на 31 октомври да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје“, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Скопје | пред 4 години

242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, врати ВМРО-ДПМНЕ

„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт. Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски за можното повлекување на Заев: Заев рекол - Заев порекол, неговата борба е само за моќ и функции

Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, во врска со изјавата на Заев за негово повлекување.Мицкоски истакна исто така дека овој изблик на национализам и штитење на национални права од страна на ДУИ и „ол –ин“ политиката со плашење на граѓаните, е само со единствена цел власта да се задржи за да можат да продолжат заедно ортачки да го пљачкаат народот и државата, а граѓаните треба тоа да го знаат.Мицкоски посочи дека наспроти ова граѓаните од било кој етникум без разлика на било каква определба секогаш имаат партнер во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што целта на партијата е да ги штити интересите на народот.

Македонија | пред 4 години

vakcini

Објавена статистиката на вкупно вакцинирани, бројот на дневно дадени дози е под 1000

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Македонија | пред 4 години

51527621080_9aa63d8f6e_c

За една недела: 27 починати имале примено вакцина, откриени и заболувањата кои ги имале

Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина.Еден пациент е вакциниран со Фајзер. Двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В.Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.15 октомври71 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување75 год. кардиолошко заболување ДМ16 октомври69 год. кардиолошко заболување и дијабет72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида74 год. кардиолошко заболување и дијабет68 год. каридолошко заболување и обеситас17 октомври87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување86 год. кардиолошко заболување и дијабет65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас75 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување63 год. кардиолошко заболување69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет69 год. кардиолошко заболување и обеситас18 октомври68год. кардиолошко заболување72год. белодробно заболување80год. кардиолошко и белодробно заболување19 октомври74год. крдиолошко заболување и обеситас83год. HTA ABI81год. HTA20 октомври79год. HBI79год. ХОББ и кардиолошко заболување67год. кардиолошко заболување21 октомври93год. кардиолошко заболување89год. HTA белодробно заболување

пред 4 години

w_56674011

Короната зема замав: 511 нови случаи на корона, 10 лица ги загубија животите

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 247, Куманово – 54, Велес - 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.Регистрирани сe 497 оздравени пациент од: Скопје – 255, Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г,79г,64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 3.622 тестови преку: ИЈЗ-343, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-42,ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–9, Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-180, Биотек-242, Систина-84, лабораторија Лаор-224, Синлаб-23, Ремедика-21, Плодност–31, Генеа-7, Никоб лаб-312, ВФВ Медикал-31, Ели Медика-22, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.693.Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87721, Активни 3177Куманово 12158, Активни 433Тетово 10964, Активни 105Прилеп 9393, Активни 243Гостивар 7998, Активни 25Битола 7361, Активни 207Велес 6720, Активни 316Кавадарци 6209, Активни 196Охрид 6133, Активни 183Штип 6081, Активни 191Струмица 5892, Активни 134Кичево 4081, Активни 69Струга 3836, Активни 40Кочани 3514, Активни 166Гевгелија 2533, Активни 80Неготино 2364, Активни 33Свети Николе 1993, Активни 78Крива Паланка 1594, Активни 118Радовиш 1585, Активни 45Ресен 1576, Активни 36Дебар 1453, Активни 5Берово 1228, Активни 16Делчево 1151, Активни 31Виница 1083, Активни 35Пробиштип 995, Активни 54Валандово 848, Активни 21Кратово 637, Активни 31Богданци 582, Активни 25Крушево 546, Активни 15Демир Хисар 480, Активни 37Македонски Брод 476, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 354, Активни 38Пехчево 319, Активни 3Дојран 144, Активни 2

пред 4 години

6

Мицкоски: Погрешното менаџирање на Ковид кризата доведе до огромна смртност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска во изјава одговарајќи на новинарско прашање рече дека власта катастрофално се справила со Ковид кризата и поради тоа стапката на смртност е огромна, потенцирајќи дека со смена на власта може да се промени и начинот на кој се управува со кризата.Катастрофално. Катастрофално и тоа сум го коментирал во многу наврати во минатото, така ќе кажам и сега сето она на кое што апелиравме, за жал не, не послушаа и сега ние ја живееме оваа реалност каде што сме трети според смртноста во светот, повеќе од 7.000 луѓе за жал го загубија својот живот. Но, она што е по алармантно има еден податок кој што вели дека 60тина проценти од луѓето кои што биле хоспитализирани завршиле фатално. Таквата бројка и таквиот просек во светот е околу 10 проценти и тоа не е поради тоа што медицинскиот персонал не одговорил соодветно, напротив тие луѓе дадоа повеќе од максимум имајќи ги во предвид околностите, и имајќи ги во предвид ресурсите кои што ги имаат на располагање, туку ова е исклучиво последица поради погрешното менаџирање од страна на надлежните во Министерството за здравство и во владата на здравствениот систем. Затоа апелирам и до нив, но апелирам и до сите оние кои што се уште остануваат лојални на тие луѓе да бидат свесни дека веднаш после 31ви октомври, ќе дојдат луѓе кои што се компетентни и кои што ќе работат за иднината на Македонија, луѓе кои што ќе знаат да се справат со сето она кое што тие за жал ќе го остават, а е погрешно и сето она кое што го работеа до сега, а е погрешно, објасни Мицкоски.Така што, таква ни е состојбата, јас од оваа влада буквално и од овие надлежни лица во Министерството за здравство не очекувам ништо. За жал многумина од нас и наши сограѓани ова го платија со својот живот и завршија фатално, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

slika-5

Мицкоски: Власта покрај тоа што краде од тендери, сега крадат струја и од регионот, тоа се плаќа од џебот на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, а во однос на енергетската криза, истакна дека ова недомаќинско работење на власта освен со крадење од тендери, резултира со крадење на струја од систем операторите од регионот, а за жал неработењето на власта ќе го платат граѓаните.Неколку месеци наназад се обидувам да алармирам за ова коешто се случува, за жал не сум убеден дека она коешто го говори Зоран Заев ќе се оствари, затоа што оние луѓе кои го водат енергетскиот сектор во земјава не знаат како тоа да го направат, а за жал и состојбата во Европа е таква да тешко ќе можеме да дојдеме до ефтин енергенс и ефтина струја која ќе ја користат граѓаните, и сега не само што крадеа до сега од тендерите во РЕК Битола, сега почнаа да крадат и од соседните земји, критикуваше Мицкоски.Тој вели дека аларми од Брисел стигнуваат да се престане веднаш со крадењето на струјата од соседните систем оператори, а власта се обидува да фингира старт на некој од блоковите, а состојбата во земјава е алармантна и јасно е дека многу скоро енергетскиот систем во Македонија ќе биде сериозно оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството а државата нема обезбедено евтин ресурс, вели Мицкоски.Мицкоски појасни дека многу брзо Македонија ќе се врати 40-50 години наназад, која домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија и се воведуваа рестрикции.Сето ова недомаќинско работење, работење по принципот „да го клекнеме народот на колена, да ја клекнеме државата на колена“ ќе доведе до сериозна не само енергетска и финансиска криза, затоа што се ова мора некој да го плати, а на крајот од денот тоа ќе го плати за жал народот, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

1143A335-F5C1-4F85-8969-FCCABE117B39

Шилегов не се огради и не се извини од Попов, кој кажа дека скопјани се сељаци и дека сите цркви треба да се запалат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Петре Шилегов не се огради и не се извини за навредите на Мирко Попов, дека скопјани се сељаци, за погрдните зборови кон Албанците и дека сите цркви треба да се запалат. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува со Мирко Попов кој кажа: „Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на останатите 700.000. Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат“. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува ставовите на Мирко Попов кој кажа: „Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Кога би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од...“. Шилегов на митинг го викна Мирко Попов кој кажа: „Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е дијагноза“. Шилегов не само што ги навредува Скопјани, туку и ги краде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Петре Шилегов е и градоначалник кој потпишува гломазни договори за чистење снег, кој го нема, а плаќа милиони, наместо да купи механизација за градот. Имено 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма. И тоа внимавајте во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво. Шилегов е човекот кој ги навредува Скопјани, но и човекот кој ги ограбува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања