Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

shilegov-11

Шилегов не негира дека се согласува со ставовите на Мирко Попов дека скопјани се сељаци и со погрдните зборови за Албанците, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Напишаната реакција на СДСМ кажува дека Шилегов не му пречат ставовите на Мирко Попов искажани на митинг на СДСМ, а по тоа заклучуваме и дека се согласува со сите ставови на Мирко Попов кој смета дека Скопје е дијагноза, скопјани се сељаци, албаниците ги нарекува со погрдно име и дека сите цркви треба да се запалат. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на .... Останатите 700.000? Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат. Тука има и многу пострашни зборови јас нема да ги прочитам оставам вие да процените“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Ко би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од... и ова нема да го прочитам. Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е... дијагноза. Шилегов всушност го финансира Мирко Попов, неговата ПМГ рекордингс од јануари 2018 година до октомври 2021 година имаат добиени тендери во вкупна вредност од 56.280 евра. Или, од МКЦ 34.154 евра, од Универзална сала 13.822 евра и од Град Скопје 8.300 евра. Најверојатно, ова е мерит системот по кој СДСМ одлучува кој е хард кор скопјанец и кој ќе биде говорник на митингот на Шилегов. Драги скопјани, со сигурност ќе знаете да го цените ова на претстојните избори на 31 октомври“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

пред 4 години

24032020_ME_Bekteshi_pres-konferencija

Бектеши одговори дали ДУИ ветува вработувања за да добие гласови

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конфернеција, коментирајќи ги изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива за Албанците околу распределбата на секторите во Град Скопје, истакна дека Демократската унија за интеграција „ветува проекти, а не директорски позиции“.– Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со „Комунална хигиена“ и мислам ЈП „Паркови и зеленило“, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција, потенцираше Бектеши.Тој, изјавите на Ибрахими ги оцени како несериозни и, како што рече, тоа го утврдија и граѓаните на 17 октомври кога ДУИ во делот на листата на советници доби 26 000 гласови во однос на Алијансата за Албанците, за која, како што рече, не знае дали надминала 11 000 гласови „што би можело да биде резултат 3:1“.

Македонија | пред 4 години

shilegov

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поинакво од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту со среднорочни активности. Но, преземањето комплементарни мерки, кои ќе ги третираат најголемите загадувачи, е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, изјави градоначалникот Петре Шилегов.Бројките покажуваат дека последните четири години нивото на ПМ 10-честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојде речиси до граничната вредност од 40 μg/m3. Ако во 2016 имало 71,91 ПМ 10 μg/m3, во 2020 беа 47,70 ПМ 10 μg/m3.„Иако се верува дека метеоролошките услови се тие што значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво брзината на ветерот и температурата биле со речиси константни вредности, а количеството врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето“, рече Шилегов.Како што посочи, имајќи ги предвид најголемите загадувачи, односно затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата, последните четири години воведени се низа мерки што влијаеја токму на нив.„Мерките се многу: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад на ‘Дрисла’, засилени инспекциски контроли, подигање нови зелени површини, кампања за пријавување огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци. Овие мерки се рефлектираа во: 8.000 активни оџаци помалку во Скопје, 100-ина заменети котли за греење на државни згради, 33 еколошки автобуси на ЈСП, 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени сите диви депонии во градскиот урбан опфат, 300.000 м2 ново зеленило и над 20.000 нови садници. Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти, кои дополнително го задушуваат нашиот град и неговиот воздух“, истакна Шилегов презентирајќи ги постигнатите резултати во делот на намалување на аерозагадувањето.

Скопје | пред 4 години

avganistanci-begalci-prestoj-1

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија дава прибежиште на 407 граѓани од Авганистан, информираат од Владата.Oд таму додаваат дека Авганистанците овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации.„Четворица возрасни и три деца изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште“, се наведува во владиното соопштение.Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое, како што нагласуваат од Владата, е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пред училиштата и градинките ќе има возен ред 30, вели Котлар

Се наоѓам на раскрсницата кај училиштето Кочо Рацин, безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте за нас е многу важна, вели Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар.„Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација.Секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и знак Стоп, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе поминува поголема група на ученици.За Центар со душа“, вели Котлар.

Скопје | пред 4 години

danela-avtobus-1170x780-1

Арсовска: Поради скршеница на ногата, од 2018 година не користам јавен превоз

Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека од 2018 година не користи јавен превоз поради повреда на ногата.-Пред 2018 година го користев јавниот превоз. Бидејќи имам проблем со ногата, имав скршеница на две места и од 2018 бев трајно онеспособена да ја имам функцијата на десната нога, оттогаш не можам да чекам 30 минути автобус. Планирам да го користам јавниот превоз кога ќе се чека по 3-4 минути. А, возењето со автобусот, сакавме да го направиме за новинарите, а не за реклама. Да направиме една тура за новинарите, за да можат и тие самите да видат каква е состојбата на патеката, вели Арсовска.

Скопје | пред 4 години

danela-arsova-2

Имам одлични релации со Унгарија, вели Арсовска

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска во интервју на телевизија Телма објасни зошто е избрана за почесен конзул на Унгарија во земјава.-Имам одлични релации со Унгарија. Искрено, имав повеќе понуди за конзул. Тоа беше многу злоупотребувано од мојот противкандидат, а неговата влада ми ја даде одлуката за именување. Унгарија како членка на ЕУ која не поддржува на патот на ЕУ интеграциите, сметам дека е држава која е достојна за почит. На крајот, не сметам дека еден или два инциденти кои сме ги имале во животот треба да трасира некој да биде означен како неподобен пат, рече Арсовска.

Скопје | пред 4 години

marija26102021

Митева: Шилегов се согласува со изјавите на Мирко Попов со кои ги навредува скопјани

„Видовме дека веќе три дека нема реакција за навредите кои беа кажани од Мирко Попов на митингот на СДСМ и Шилегов. Тоа ни дава право да заклучиме дека Петре Шилегов ја одобрува изјавата и се согласува со претходните дефиниции за тоа што се скопјани. Шилегов се согласува дека Скопје е дијагноза, скопјани се сељаци, албаниците ги нарекува со погрдно име и дека сите цркви треба да се запалат. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на останатите 700.000? Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат. Тука има и многу пострашни зборови јас нема да ги прочитам, оставам вие да процените. Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Кога би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од... и ова нема да го прочитам“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е дијагноза. И последно, но не помалку важно Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: ова нема да го цитирам, ве молам да погледнеме. За крај, фирмата на Мирко Попов ПМГ рекордингс од јануари 2018 година до октомври 2021 година имаат добиени тендери во вкупна вредност од 66.280 евра. Или од Министерство за култура 10.000 евра, од МКЦ 34.154 евра, од Универзална сала 13.822 евра и од Град Скопје 8.300 евра. Најверојатно, ова е мерит системот по кој СДСМ одлучува кој е хард кор скопјанец и кој ќе биде говорник на митингот на Шилегов.Драги скопјани, со сигурност ќе знаете да го цените ова на претстојните избори на 31-ви октомври“, додава Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

dragan26102021

(ВИДЕО) Ковачки со нови пораки: Злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски правела списоци за гласање за СДСМ

„Злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски изрекувала измислени казни, принудни запирања, и правеле списоци за гласање за СДСМ. Денес повторно продолжуваме со нови скандалозни сознанија поради кои отворено се сомневаме дека била раководена од министерот Спасовски. Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски, а на кој подреден му бил командирот на ОВР Прилеп на ден по изборите на 17 октомври до припадниците во групата, извршители на политички притисоци напишал “една битка е изгубена, ама војната не е изгубена”, “ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму”, “централната власт е наша”. Воедно во истата група припадник на МВР повикува за отворање на штаб на СДСМ. Имаме отворено сомневање дека истата структура на злосторничко здружување на партизирани полицајци е пресликана и во Битола, Радовиш, и Охрид“, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Еве ги деталите од новите сознанија: Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски пишува, - Добар ви ден дечки, ај како постар да ви кажам нешто, една битка е изгубена, ама војната не е изгубена, главата горе, бидете по мотивирани, покажете сплотеност меѓу вас, поголема дружба, соработка, сеуште сте на власт и ќе останите, локалната нема врска со вашите позиции, ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму, продолжете храбро, гордо и вчерашниот ден да ви биди поголем мотив, дадовте се од себе и јас лично сум горд на сите вас! Одиме понатаму!!!! Од оваа порака станува сосема јасно дека тој е директно надреден на групата, а тој му одговара само на Оливер Лукароски. Второ дека станува збор за свесно ставање на полицијата во партиски цели, и ветување за позиции во рамки на полицијата, што се гледа од делот каде вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт. Трето Китаноски вели дека злосторничката група продолжува да функционира и по изборите и дека истата ќе продолжи со истите методи на делување, што се чита од делот дека битката е изгубена, а војната не“, додава тој.„Во вториот допис испратен од Емилија Велковска, началник на НККР кој го објавуваме стои покана до полицајците за посета на промотивниот штаб на СДСМ – Денес во 18:00 часот е отворањето на централниот промотивен штаб на градскиот плоштад ( истиот од лани, до пицерија Уно ). Се гледаме во 18:00 часот. Го повикувам ЈО да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска началник на НККР, Трајан Комиција – Командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење на истите. Тоа мора да биде направено веднаш. Во спротивно постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности. Од досега објавеното гледаме дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес. Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да и служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш. Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал“, кажа Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата.

Македонија | пред 4 години

sertifikati-za-vakcina

Европската агенција за лекови одобри уште една вакцина која може да се дава како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри третата доза на вакцината „Модерна“ против ковид, за лица над 18 години.Третата доза од вакцината на американската компанија, најмалку шест месеци по втората доза, доведува до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии нивоа се ослабени, наведува Европската агенција за лекови.Бустер дозата се состои од половина од редовната доза на Модерна дадена на возрасни.Европското регулаторно тело изјави дека моментално достапните податоци покажуваат дека зачестеноста на несаканите ефекти е слична на онаа што е забележана по примањето на втората доза на вакцината, пришто било забележано дека предизвикува привремено воспаление на срцето и белите дробови кај мал број луѓе.„На национално ниво, здравствените власти можат да издаваат официјални препораки за употреба на бустер дози, имајќи ја предвид локалната епидемиолошка ситуација“, соопшти европската агенција.Претходно овој месец, ЕМА ја одобри и употребата на засилувачки дози на вакцината „Фајзер“.Таа, исто така, препорача трета доза од вакцината кај луѓе со слаб имунолошки систем.Бустер дозите на „Фајзер“ и „Модерна“ веќе се одобрени во Соединетите Држави, но сè уште има ограничувања за тоа кој може да ја прими таа доза.Шест месеци по примањето на втората доза, третата се препорачува за лица над 65 години, ако се во старечки дом или имаат најмалку 50 години и зголемен ризик од тешко заболување поради здравствени проблеми.

Актуелно | пред 4 години

244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

Уапсени четири лица во Аеродром, Бит Пазар и Ѓорче Петров, полицијата нашла нож, прашкаста материја и марихуана во нив

На 25.10.2021 во 19.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 25.10.2021 во 19.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров ги лишиле од слобода Л.Б.(25) од Скопје и Д.И.(23) од Свети Николе, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 25.10.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

16042021_PVRSM_Zaev_sredba_Alijanca_za_Albancite_i_Alternativa-1

Алтернатива најавува ново владино мнозинство, со кого?!

Пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими синоќа најави дека по вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство.На прашањето како ќе се формира ново мнозинство тој одговори дека тоа зависи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка – истакна Ибрахими во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Македонија | пред 4 години

vmro-1

Членови и структури блиски на раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно испраќаат закани, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица, велат од СДСМ.„Имено, после првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија.Членови и структури блиски на раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно испраќаат закани, на кои граѓаните секојдневно сведочат на социјалните мрежи.Граѓаните сведочат и дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувач на СДСМ и со најави за некакви наводни одмазди.Пред два дена, личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект во Вевчани, легитимирало, се заканувало кон гостите.Така правеше и полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа.Кандидатот за градоначалник на Василево физички нападна активистка на СДСМ.Насилничката матрица на ДПМНЕ не застанува тука. Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел Дарко Костовски на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел дека ако не се иселат ќе ги убие.Додека СДСМ е на власт граѓаните ќе бидат заштитени, а заканите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат нереализирани. СДСМ и државните институции го штитат народот од насилниците.Но, за да се сопре овој налет на обид да се врати режимот и да им се стави крај на нивните закани, мораме да се обединиме и да гласаме за број 12 во недела.Да гласаме за број 12 за да ги заштитиме граѓаните и државата од нови насилства, конфликти, омраза, поделби и омрази.Да гласаме за број 12 за да продолжиме да живееме во мирна, безбедна и слободна држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

6-2

Минатата недела казнети 80 возачи кои непрописно се паркирале

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 80 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 18.10. до 24.10.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 31 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 49 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Скопје | пред 4 години

Foto-1-1

Првата дама ќе учествува на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“.Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ќе учествува на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020.Сопругата на претседателот, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен министер за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати, а во придужба на Худа ал Хашими, генерален директор за стратегии и иновации во Канцеларијата на премиерот на Обединетите Арапски Емирати и Шамса Салех, генерален секретар на Советот за родова еднаквост на Обединетите Арапски Емирати ги посети Кулите Емирати. Ѓоргиевска во Дубаи ги посети и музеите Етихад и Ал Шиндага.На маргините на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, Ѓоргиевска во Дубаи ќе оствари средби и со Омар Султан Ал Олама, државен министер за вештачка интелигенција, како и со Риим Ал Хашими, министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати и главен директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.

Македонија | пред 4 години

1-15

Шилегов: Последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан пад

- Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту среднорочни активности. Но преземањето на комплементарни мерки кои ќе ги третираат најголемите загадувачи е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, изјави градоначалникот Шилегов.Бројките покажуваат дека последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојдоа речиси до граничната вредност од 40 μg/m 3 . Ако во 2016 имало 71,91 ПМ10 μg/m 3 , во 2020 беа 47,70 ПМ10 μg/m 3 . Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речи си константни вредности, а количеството на врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето.Земајќи ги предвид најголемите загадувачи, односно затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата, последните четири години воведени се низа мерки кои влијаеја токму на нив.- Мерките се многу: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци, додаде Шилегов.- Овие мерки се рефлектираа во : А се рефлектираа во: 8.000 активни оџаци помалку во Скопје, 100-ина заменети котли за греење на државни згради, 33 еколошки автобуси на ЈСП, 3.000 m 3 подигнати стрништа, затворени сите диви депонии во градскиот урбан опфат, 300.000 м 2 ново зеленило и над 20.000 нови садници. Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти кои дополнително го задушуваат нашиот град и неговиот воздух, истакна Шилегов презентирајќи ги постигнатите резултати во делот на намалување на аерозагадувањето.- Овие бројки се доказ дека се движиме во вистинскиот пат кога станува збор за загадувањето и мојата намера, нашата намера е да продолжиме во таа насока. Скопје заслужува издржан и континуиран пристап во неговото развивање. Скопје го заслужува најдоброто, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје | пред 4 години

20211025212009

Истакнати членови на СДСМ со поддршка за Димитриевски: Покажа како се работи за сите граѓани

Голем број на истакнати членови на Социјалдемократскиот сојуз, како и дел од основачите на СДСМ Куманово Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски го поддржаа независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски“.„Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро. Вечерва, со моите партиски другари му ја дадовме поддршката затоа што ја заслужува. Му посакуваме многу успех во недела“, рече Миле Арсовски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ

„Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија.– Срѓан СредиќАна пишува за недостигот на работите за кои обично не мислиме дека толку ќе ни недостигаат. Може ли, воопшто, на човекот да му недостига нешто што не го ни имал? Може ли да ни недостигаат доживувања и чувства што допрва ќе ги доживееме и почувствуваме или, пак, оние што никогаш и нема да ги доживеееме? Секако дока може. Кога ќе изгубиме некого или нешто, како што вели таа, со него си одат и неговите манири,начините на кои нешто работел, неговиот мирис. И тогаш сме по малку љубоморни на сите луѓе на таа возраст што ја имаат среќата уште да се тука.– Оливера ЛазаревиќОвој роман е своевидна вивисекција на интимата внатре во општеството кое своите правила ги поставило на многу едноставен начин, рапсодија на деструкцијата и несфатеноста, која никако да запре, и интерпретација на едно „друго тело“ што кореспондира со суровоста и отуѓеноста.– Сашо ОгненовскиАна Вучковиќ (1984, Белград) дипломирала на Факултетот за драмски уметности на отсекот за драматургија, а магистрирала на филмологија. Нејзината писателска кариера ја започнува на петнаесетгодишна возраст во 1999 г. кога за краткиот расказ „Нишалка“ ја добива наградата „Борслав Пекиќ“. Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“ (2003), „Ласт’н’даст“ (2004), „Сурфинг Србија“ (2021) и „Југослав“ (2019), како и назбирката раскази „Плишениот солитер“ (2007). Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, додека, со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат ‒ алтернативна радиостаница во Белград.Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

Магазин | пред 4 години

danela-arsova-2

Данела сака Шилегов да и се извини оти ја навредил

Пред Петре Шилегов да повика на дуел, го повикав да се извини за сите навреди, но тој не се одважи да се извини. Кога ќе се извини, уште истиот ден ќе имаме дебата, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје на вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма.Според неа, она што Шилегов го прави е само црна кампања.– Верувам дека граѓаните ќе знаат да препознаат дека црната кампања е резултат затоа што Шилегов не работел четири години. Очекувам црната кампања да биде поизразена во наредните денови – рече Арсовска, посочувајќи дека таа не сака да влегува во дебати во кои тема е црна кампања, туку што треба да се направи за граѓаните.На прашањето како ќе ги убеди жителите во Сарај, Чаир, Центар каде предност има Шилегов, Арсовска вели „Убедена сум ќе препознаат кој и што вети и кој тоа што го вети ќе го реализира“.– Низ овие локални избори се докажа дека луѓето знаат да препознаат што е добро, квалитетно. Имав можност да одам таму да разговарам со граѓаните, зборувавме за нивните проблеми. И видовте дека имам добиено многу гласови. Во Центар разликата е минорна, некои околу 500 гласови, во Чаир и во Сарај верувајте ќе знаат да ценат, секаде каде што бев, граѓаните се соочуваат со основни проблеми – додаде Арсовска.Според неа, без разлика на политичката определба, на граѓаните им е важно како ќе живеат.– Затоа јас верувам дека тие сакаат да живеат подобро и сакаат тоа што им е ветено да се реализира – вели Арсовска.

Скопје | пред 4 години

ahmeti-4

Ахмети: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар

Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со жителите на гостиварското село Форино.– Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Во недела часовникот се враќа еден саат наназад

Зимското сметање на времето годинава почнува на 31 октомври (недела) во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Така, времето во 3 ќе се смета како 2 часот, изјави портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер и откри дека и понатаму ќе продолжи летното и зимско сметање на времето.Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер предложи во цела Европска Унија да се унифицира едно време. Секоја земја сама требаше да одлучи дали ќе функционира само по летно или само по зимско време.Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но не го усвоија земјите-членки.Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но тоа ќе продолжи и во иднина.

Македонија | пред 4 години

2767249_dron-pluca-za-transplantaciju_ls

Дрон пренесе бели дробови за трансплантација на пациент

За првпат во историјата во медицината дрон бил користен за да се испратат бели дробови од една болница во друга, за трансплантација на пациент. Дронот со белите дробови на крајот на септември биле испратени од кровот на болницата Торонто Вестерн, до Општата болница.Канадскиот хирург доктор Шаф Кешавџи, рече дека тој успеал да направи нешто, што никој пред него го немал направено. На дронот му биле потребни само десетина минути за да стигне до целта.„Докажавме, а тоа е многу важно, дека вакво нешто може да биде направено“, рече Шаф.Шаф со неговиот тим работеле две години за да успее ваквата операција. Леталото летало 1,2 километри на канадската метропола.Белите дробови биле успешно всадени на 60 годишен пациент кој боледувал од белодробна фиброза. Дробовите биле сместени во посебен фрижидер, кој ги одржува топлотните параметри на органите.„Мислам дека технологијата со дронови има голем потенцијал и би можела да стане стандард во здравствената нега“, рече Микаел Кардинал, претседателот на Unither Bioelectronics, биотехнолошката фирма која го направила летот.Шаф рече дека нивниот следен предизвик е да ја прилагодат постоечката технологија за да биде достапна на сите пациенти ширум светот.Тој појаснил дека временските услови претставуваат најголема пречка за транспортот на органи. Досегашното искуство покажува дека технологијата со дронови, која во некои земји веќе се користи за достава на пакети купени онлајн, може да се искористи и за транспорт на органи.На тој начин се намалуваат и трошоците за превоз. Во април 2019 година, на сличан начин, со беспилотно летало бил пренесен бубрег за пациент кој чекал на трансплантација во болница во американскиот град Мериленд.

Магазин | пред 4 години

jahta-gejts-696x391-1

(ВИДЕО) Бил Гејтс со „Лана“ стигна во Бодрум

Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, пристигна во турското летувалиште Бодрум со луксузната јахта „Лана“, долга 107 метри. Тој избра туристичка тура, наместо да се сонча и плива на плажите во Бодрум, како што прават повеќето гости, пренесуваат светските медиуми. Тој со неговата придржуба го посети античкиот замок во Бодрум.„Лана“ најпрво беше закотвена на одморалиштето Кушадаси, а потоа со неа ги обиколи блиските антички градови. Јахтата на Гејтс има осум апартмани, седум ВИП салони, голем базен и турска бања. Поради должината на бродот, мораше да ја заготви на брегот, наместо на пристаништето.Медиумите додаваат дека Гејтс, опкружен со телохранители, поминал два и пол часа во замокот, каде се фотографирал и го посетил локалниот подводен археолошки музеј. Ова е втора посета на американскиот милијардер на Турција во последните четири месеци.

Магазин | пред 4 години

IMG_4235

Денес сонце и температура до 17 степени

Наутро ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.Според УХМР и в среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата.Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Без вода дел од Карпош

Поради технички зафати денеска дел од скопските општини во определен временски период ќе останат без вода за пиење.Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради менување на вентил во шахта од ф – 1 цол на ул. Мексичка бр.5 во населба Тафталиџе, во периодот од 9:00 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Ташкенска, Мексичка и Хаванска, како и дел од корисниците од улиците Варшавска и Хелсинки (општина Карпош)

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања