Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Screenshot-2021-10-25-at-19.25.13

Заев најави оставка ако изгуби Шилегов, има кој да го замени од СДСМ

Влада предводена од СДСМ и зајакната плус, останува, ова го посочува претседателот на Владата, Зоран Заев кој најави оставка ако Петре Шилегов не победи во Скопје на локалните избори. Тој за „Сител“ вели дека нема предвремени избори затоа што 2,5 години се наменети за зајакнување на економскиот стандард. Заев посочи дека има кој да го замени.„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец, сум се борел против режим, сум се борел внатре за соединување на ова општество, дипломатски, но треба поддршката од граѓаните. Јас или Влада предводена со мене, не може понатаму да води“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

6

Мицкоски со порака до администрацијата: Не се плашете, сигурни се вашите работни места

И како поминува времето до денот на гласање притисоците, пропагандната машинерија на власта, обидите за поткуп на вашиот глас се засилуваат. И тоа го прават не затоа што се моќни, туку затоа што се слаби и знаат дека ќе загубат. Само слаба власт посегнува кон злоупотреба на моќта на државата. И тука сакам да потенцирам неколку работи. Лудилото во кое се наоѓаат пред се поради стравот од пораз кој ќе им се случи е толку големо што тие посегнаа да шират невистини, да подгреваат тензии, да измислуваат работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.Тој информираше за тоа што го информираат луѓето деновиве.„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.Затоа, кажа Мицкоски, испраќам порака до тие луѓе да не се плашат.„Сигурни се нивните работни места, и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од било какви притисоци да си ја изразат својата волја позад параванот. Не се плашете затоа што тие кои го велат тоа треба единствено тие да се плашат затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон, ниту пак ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни ќе треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа. Јас и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваме со работа, проекти и развој, и за тоа е потребен секој еден човек, а не со чистки, притисоци и реваншизам“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Не можел да ја трпи сопругата, па наместо домашен притвор, сакал да оди во затвор

Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објави италијанската полиција.Станува збор за 30-годишен Албанец, кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим.„Во очај решил да побегне, сам се пријави и побара да ја издражи казната зад решетки“, информираат од полицијата.Човекот е осуден на домашен притвор, каде што се наоѓа веќе неколку месеци поради злосторства поврзани со дрога. Таквата казна требало да ја издржува неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.Рекол дека животот му станал пекол и дека веќе не може да издржи, па сака да оди во затвор.Кога се пријавил во полицијата, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен зад решетки.

Магазин | пред 4 години

vakcina-moderna

„Модерна“ тврди дека вакцината е сигурна за деца

Компанијата „Модерна“ ги објави позитивните резултати од својата вакцина против коронавирус кај деца на возраст од шест до 11 години и има намера истите наскоро да ги достави на одобрување до регулаторните тела ширум светот.Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат силен имунолошки одговор на антителата, поволен безбедносен профил и препарат кој генерално добро се поднесува, се вели во соопштението на „Модерна“.Најчестите несакани ефекти се замор, главоболка, треска и болка во раката каде што е дадена инјекцијата соопштија од компанијата.„Ние брзаме да ги доставиме податоците до светските регулаторни агенции“, изјави шефот на „Модерна“, Стефан Бансел.Дозата за деца е прилагодена на 50 микрограми, во споредба со 100 микрограми за лица во постари години. Таа доза од 50 микрограми беше избрана и за засилувачка доза на „Модерна“ за постари лица, која неодамна беше одобрена во САД.Овој резултат значи дека две вакцини против коронавирус за помали деца наскоро би можеле да бидат достапни во Соединетите Американски Држави.Американската агенција за лекови треба да се состане во вторник за да ја разгледа можноста за одобрување за употреба на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години.Во исто време, „Модерна“ спроведува клинички испитувања на уште помали деца на возраст од шест месеци до пет години.

пред 4 години

pretepan

Гостиварец ја претепал поранешната вереница и ѝ предизвикал потрес на мозокот

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​

Македонија | пред 4 години

licna-karta

Излажал дека е полицаец и сликал лични карти на партиски митинг

На 24.10.2021, во 22.30 часот во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани (пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот. Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

rudnik

Рудар од Кратово заврши во болница со тешки телесни повреди

На 24.10.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во рудник во с.Добрево, штипско, А.Д.(55) од Кратово се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Додека работел колегата физички го нападнал

На 25.10.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје, К.М.(22) од Скопје пријавил дека на 24.10.2021 околу 02.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, додека извршувал работни задачи бил физички нападнат од неговиот колега Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka1

Остар предмет употребен во тепачка на Бит Пазар

На 24.10.2021 околу 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар, поради семејни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Ф.(22) и Е.Л.(50), двајцата од Скопје, при што Е.Л. се обидел со остар предмет да го нападне В.Ф., но бил спречен. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

МВР со детали за возилото кое се запали кај ТЦ Скопјанка

На 24.10.2021 во 09.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на трговски центар „Скопјанка“ настанал пожар во комбе „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т.(59) од Скопје.Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „опел вектра“ со кочански регистарски ознаки, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки. При обид да го изгасне пожарот, Т.Т. вдишил чад и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

Скопје | пред 4 години

Panel_2021-10-25_1

Арсовска: Мојата визија за Скопје предвидува современи услови за учење за нашите деца

„Мојата визија за Скопје предвидува овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме соодветни модели за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука, дома и дека треба да останат во Скопје”, нагласи кандидатката за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска на денешнатапанел дискусија на тема „Младите во градот Скопје, младите во центар“.Во ера на дигитализација Арсовска изјави пред учесниците во панелот дека потребно е да се вложува во младите кои се дел или кои имаат афинитети во ИКТ (информатичка, комуникациска и телекомуникациска) индустријата. Таа додаде и дека ќе се залага за младите луѓе, преку транспарентен процес за избор на Совет на млади, дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.„Ќе вложиме не само во основни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со којашто ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со невладиниот сектор ќе започне со работа Центар за младинско претприемништво“ - изјави Арсовска од денешната панел дискусија со младите во општина Центар.

Скопје | пред 4 години

vmro-1

Само пад на власта е гаранција за заштита на граѓаните од параполициските структури, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Само пад на власта е гаранција за заштита на граѓаните од партиските параполициски структури на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ не може поинаку освен да шири лаги и конструкции додека во јавноста излегуваат докази за насилство и терор против политички неистомисленици, а за таа цел злоупотребувајќи ја полициската униформа за своите криминални структури.На граѓаните им е доста од теророт и мафијашките делувања на СДСМ. Граѓаните упатија јасна порака до параполициски и криминални структури на СДСМ. Никој повеќе не им се плаши.Лагите и конструкциите повеќе не минуваат. МВР чиј што дел беше и Славјанка Петровска мора да ги истражи сите околности за параполициската партиска структура, наместо да шири конструкции и лаги.За почеток Славјанка Петровска нека даде одговор за нападот врз новинарска екипа во Прилеп. Петровска нека одговори за полициските функционери кои што следеле опозициски, тогаш кандидат за градоначалник. Петровска нека одговори за пораките на партиски поставени високи полициски функционери коишто гласат „Убиј го“.Измислените конструкции на СДСМ и Петровска не може да ги покријат подмитувањата притисоците, насилствата.Народот точно знае кој е насилник и што се неговите права без разлика од притисоците, следењата, заканите за тепање, технички прегледи, укинување на социјална помош или бркање од работа од јавните комунални претпријатија.Народот точно знае и ја препознва вистината пред конструкциите за покривање на скандал. Партиските параполициски структури нема да поминат без одговорност и нема да бидат покриени со некој нов „продолжен кабел“.СДСМ како партија повеќе не може ништо да ветува, се додека не може и себе да се заштити додека со неа управува мафијата во полициска униформа меѓународно позната трговија со дрога и давање идентитетска заштита на белосветски мафијаши“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

dui

ДУИ треба да падне од власт, вели Алијанса за Албанците

Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, велат од Алијанса за Албанците.„Го поздравуваме повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите и го повторуваме нашиот конзистентен став дека нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.Во исто време продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и создадеме ново парламентарно мнозинство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

avtobus

Продолжена на трасата на линијата 50 во Хиподром

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја информира јавноста дека од утре, вторник (26 октомври), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од автобусите ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.„Всушност, автобусите на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линијата 63 и ќе ги користат постојните постојки на трасата. Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со * во делот возен ред на линијата 50“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 4 години

vlada-sednica23

Влада: Вклучен и вториот блок на РЕК Битола, граѓаните не треба да стравуваат од рестрикции

Во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено.Граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи.АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата.Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија.Донесена беше и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата.Ние како држава не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи, и токму затоа правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите.Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти.Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата.Количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик, и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини на јаглен.Како дел од соработката со Стопанската комора, се анализираат и можностите за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година.Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, Ве информираме дека постојат Правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика.Во нив е јасно утврдено дека операторот на електропреносниот систем им фактурира на учесниците на пазарот на електрична енергија за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдени во правилата за балансирањето на електроенергетскиот систем. Ова значи дека тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба.Напоменуваме дека додека трае изборниот период Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите, во секој случај ќе им биде излезено во пресрет на енергетските компании со цел одржување на сигурноста со снабдување во идниот период.Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е, и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

11 починати и 135 нови случаи на корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.Регистрирани сe 330 оздравени пациент од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Направени се 1.514 тестови преку: ИЈЗ-52, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0,ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-91, Биотек-87, Систина-53, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-228, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-19, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 913.Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87474, Активни 3190Куманово 12104, Активни 446Тетово 10949, Активни 104Прилеп 9378, Активни 245Гостивар 7997, Активни 24Битола 7343, Активни 201Велес 6691, Активни 309Кавадарци 6195, Активни 190Охрид 6130, Активни 190Штип 6066, Активни 198Струмица 5888, Активни 143Кичево 4074, Активни 69Струга 3834, Активни 44Кочани 3493, Активни 151Гевгелија 2525, Активни 80Неготино 2358, Активни 27Свети Николе 1987, Активни 73Крива Паланка 1584, Активни 111Радовиш 1582, Активни 47Ресен 1574, Активни 36Дебар 1453, Активни 6Берово 1227, Активни 15Делчево 1142, Активни 22Виница 1078, Активни 33Пробиштип 994, Активни 60Валандово 845, Активни 18Кратово 634, Активни 30Богданци 579, Активни 24Крушево 545, Активни 14Демир Хисар 477, Активни 35Македонски Брод 476, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 353, Активни 43Пехчево 319, Активни 3Дојран 143, Активни 3

пред 4 години

Нема фотографија

Сега и СДСМ презентира пораки, но од 2016 година, за кои тврди дека се од ВМРО-ДПМНЕ со вулгарна содржина

„ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица. Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија. За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи“, вели Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ„Еве дел од нивата содржина: „Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“, „Ти се бројат деновите гаде предавнички“, „Гробови да ви се отворат“, „Мора ја снема оваа чума“, „Живи да ги закопаат“. Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди. Почитувани граѓани, Синоќа во Вевчани лице од личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект, легитимирало и се заканувало кон присутните гости“, додава таа.Во остатокот од прес-конференцијата, Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ вели:„Така правеше и обезбедувањето на Никола Груевски - влегуваше во телевизии и бараше од камерманите и новинарите да бришат видеа и фотографии на кои се гледа Груевски.Така правеше полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа.Кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ во Василево физички нападна активистка на СДСМ. Поминаа 24 часа, а осуда од единствената кандидатка градоначалничка Данела Арсова нема. Го поддржувате ли насилството врз жените, госпоѓо Арсовска? Осуда нема ниту од политичката партија ДПМНЕ, затоа што очигледно дека тоа е нивниот старо нов концепт.Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел Дарко Костовски на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел, дека доколку не се иселат ќе ги убие. Осуда нема.Додека СДСМ е на власт вие ќе бидете заштитени, а нивните заканите ќе им останат само на уста изговорени. СДСМ и демократските институции на државата се гарант за заштита на народот од насилниците.Но, за да се запре овој налет на обидот да се врати режимот и да им се стави СТОП на нивните закани за репресија, мораме да се обединиме и да излеземе во недела да гласаме.Да гласаме за да си ги заштитиме граѓаните и државата од нови внатрешни насилства, конфликти, омрази, делби и одмазди.Да гласаме за да продолжиме да живееме во мирна, слободна, граѓанска и безбедна држава.Можеби имате десетици причини да бидете незадоволни, но има една причина доволно силна за не поддржите во победата, а тоа е слободата“.

Македонија | пред 4 години

DSC07343

Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води. Тоа е последица на фактот што Шилегов нема одговор на прашањата како стигна до имот од неколку милиони евра. 1. Луксузна хациенда од 300 м2 во Маврово; 2. Зграда со два ката дивоградба во Карпош; 3. Стан во Скопје од 68м2 4. Стан во Скопје од 64м2; 5. Стан во Скопје од 72м2; 6. Стан во Скопје од 87м2; 7. Накит од благородни метали во вредност од 8.000.000 денари; 8. Уметнички и колекционерски предмети во вредност од 3.000.000 денари; 9. Удели во две фирми;10. Парични средства во висина од 8.538.000 денари; 11. Две луксузни возила Ауди кои не ги пријавил во анкетниот лист“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Двата непријавиени луксузни автомобили, хациендата во Маврово и доградбата дивоградба на зградата во Карпош Шилегов ги направил од позиција на градоначалник и треба да одговори од каде ги стекнал тие пари! ДКСК да постапи во однос на случајот со Шилегов и да отвори постапка“, додаваат оттаму.

Скопје | пред 4 години

2Naum-Stoilkovski

На Дрисла се носи медицински отпад од цела држава, обвинува Стоилковски

Скандалозно: Граѓаните се трујат, следниот спот Петре Шилегов нека го направи на Дрисла, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека Шилегов се обидува да се спаси од потоп со употреба на зборот- придавката еко(лошки), Дрисла која што е ЈП под Град Скопје со Шилегов, прераснува во БОМБА за ширење на зараза!Ова се фотографии од Дрисла за тоа како во „борбата со епидемијата“ се постапува со медицинскиот отпад.Притоа, не станува збор за отпад само од скопскиот регион, туку според информациите се носи медицински отпад од цела држава.Според правилникот, тој отпад е спакуван прописно од страна на институциите, но незаконски се третира во Дрисла под Шилегов.Според законот:-„Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции“.-„Медицинскиот отпад се пакува во пакувања кои се со жолта боја и треба да бидат соодветно и безбедно означени со знакот за опасен медицински отпад во црна боја“.-„Означените и затворени пакувања се пренесуваат прво во локално собирно место, а потоа се транспортираат по најбрза можна патека на движење до централното собирно место. Централното собирно место за медицински отпад ТРЕБА ДА БИДЕ ОДВОЕН, ОЗНАЧЕН, ОГРАДЕН, ПОКРИЕН И ЗАКЛУЧЕН ПРОСТОР ПРЕДВИДЕН САМО ЗА ТАА НАМЕНА. ЗАДОЛЖЕНИТЕ ЛИЦА КОИ ПОСТАПУВААТ СО ОТПАДОТ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБУЧЕНИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО МЕДИЦИНСКИ ОТПАД И ДА БИДАТ ОПРЕМЕНИ СО РАБОТНА ОБЛЕКА И ЗАШТИТНИ РАКАВИЦИ СОГЛАСНО ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА“.-„Медицинскиот отпад СЕ ОТСТРАНУВА ВО ИНСТАЛАЦИИ ЗА ГОРЕЊЕ НА ОТПАД, ИЛИ СО ПОСТАПКИ ЗА ТРЕТМАН (дробење, мелење, дезинфекција, стерилизација) ЗА ДА СЕ ДОВЕДАТ ВО СОСТОЈБА КОЈАШТО НЕ Е ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, после што може да се рециклира или отстранува како комунален отпад“.Ништо од ова не се почитува, а се работи за време на епидемија, кога Македонија има најголема смртност од корона во светот.Ова што се случува е ЕКОЛОШКА БОМБА!За ова Шилегов нема да го слушнете“, додава тој.

Скопје | пред 4 години

MINISOngsessions-AleksandraJaneva_2021

Александра Јанева со акустична верзија од најновата макфестовска песна

По објавувањето на спотот за синглот Денот што ни носи, Александра Јанева започнува нов емотивен и акустичен проект кој ќе посакате да трае подолго.Викендов го објави првото MINISONG видео - кратка акустична верзија од најновата макфестовска песна. Поп-пејачката Јанева и Минисо Македонија во наредниот период најавуваат повеќе кратки акустични верзии на македонска музика.Нејзиниот глас, емотивниот текст и разбрануваното Дојранско езеро се добитна комбинација во само 100-тина секунди. 

Магазин | пред 4 години

Foto-3

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 76 години од основањето на Обединетите нации

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на одбележувањето на 76 години од основањето на Обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски во своето обраќање говореше за визијата на генерацијата чија историска задача била да го обнови разрушениот свет после двете светски војни и преку Повелбата на Обединетите нации ги постави основите на новиот поредок и ја изрази споделената визија за мир и безбедност, развој и човекови права.„Во текот на изминативе 76 години, Обединетите нации спречија повеќе конфликти, искоренија многу заразни болести, издигнаа милиони луѓе од сиромаштија. Универзалната декларација на човековите права и сродните меѓународни пакти и конвенции го потврдија вроденото достоинство на секој човек. Корпусот на меѓународното право внесе поголема извесност во односите меѓу државите. И покрај сите успеси на Обединетите нации, живееме во свет што сеуште е далеку од сонот на нејзините основачи. Пандемијата на Ковид-19 ги разоткри постоечките системски нееднаквости и социјални неправди и дополнително ја влоши состојбата на ранливите сегменти во речиси секое општество“, рече претседателот Пендаровски.Тој истакна дека многу од плановите за климатска акција се директно поврзани со Целите за одржлив развој, а кореспондираат и со Зелената агенда на Европската Унија. Претседателот посочи и на неодамна усвоената Долгорочната стратегија за климатска акција со акциски план чија цел е да постигнеме зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој и рече дека со надеж гледаме на претстојниот самит за климатски промени – COP26 во Глазгов. Освен за посветеноста на климатската акција, претседателот Пендаровски посочи дека од пресудна важност е да имаме споделена визија и за развојот на државата.„За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој на Северна Македонија до крајот на оваа деценија. Вклучувајќи претставници на сите сегменти во општеството, преку „МКД2030“ ние ги поставуваме темелните долгорочни развојни приоритети. Исто така, ја поддржувам и Националната развојна стратегија 2021-2041 која како следна фаза треба да се надоврзе на „МКД2030“. Благодарни сме на поддршката од Обединетите нации и другите донатори за спроведување на овој единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање. Во ова кратко време што го имаме мора да ги насочиме нашите заеднички напори за да создадеме иднина за младите тука, во Северна Македонија“, порача Претседателот.Тој додаде дека последиците од одлуките што ги носи нашата генерација ќе ги чувствуваат наредните генерации и дека не смееме да носиме одлуки за младите без нивно учество.„Затоа со УНИЦЕФ ја започнавме иницијативата „Преобмисли ја иднината“ со која им даваме простор на младите да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации. Наша должност е да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас. За да ја достигнеме таа светла иднина, ние мора истовремено да работиме на повеќе полиња. Поткрепено со нови цели и методи, преку образованието ние уште денес треба да ги градиме граѓаните на утрешнината кои ќе бидат посвесни за економските и социјални нееднаквости, кои ќе се гледаат како дел од природата, но не како нејзини господари, и кои попродуктивно и поодговорно ќе ги користат новите дигитални технологии. Мора да образуваме генерација на луѓе кои ќе го почитуваат достоинството на разликите. И уверен сум дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, ќе има незаменлива улога во градењето на таква иднина кај нас и во светот“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на Обединетите нации.

Македонија | пред 4 години

nastavnik-dete

Каква казна ќе добие наставникот кој тепаше ученик?

Наскоро ќе се знае каква ќе биде казната за наставникот по англиски јазик во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската населба Бутел, кој со шлаканици натепа ученик на час. За тоа ќе решаваат и наставниците во училиштето, и полицијата, а најверојатно и судот.За овој настан се дозна кога беше објавено видео на социјалната мрежа Тик Ток, што го снимил ученик и на кое се гледа како наставник со шлаканици удира ученик во училница, потоа го крева од земја со двете раце и агресивно го спушта.По објавувањето на видеото новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски изјави дека тој како градоначалник веднаш по преземањето на фукнцијата, ќе направи се што е во негова надлежност овој случај да не остане неказнет.„Малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето.Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2.Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник.Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот.Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ.Одговорност мора да има. На насилниците не им е местото во училиштата.Наставникот треба да образува и воспитува, а не да застрашува, малтретира и шиканира. Децата од учичиште мора да излезат со знаење, а не со трауми.Стоп за насилството врз децата.Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет“, изјави Костовски

Скопје | пред 4 години

bebe-vakcina

Кина почна да ги вакцинира децата од три години

Во Кина децата на возраст од три години ќе почнат да примаат вакцини против Koвид-19, каде што 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите одржуваат политика на нулта толеранција кон вирусот.Градските и провинциските власти во најмалку пет провинции во последните денови објавија известувања во кои најавуваат дека децата на возраст од 3 до 11 години ќе мора да се вакцинираат, пренесува агенцијата АП.Провинциите Хубеи, Фуџиан и Хаинан издадоа известувања на ниво на провинција, што укажуваат на нови барања за вакцинација, а одделни градови во провинциите Жеџијанг и Хунан исто така објавија слични известувања.Проширувањето на кампањата за вакцинација доаѓа во време кога одредени делови на Кина преземаат нови мерки за борба против вирусот.Северозападната провинција Гансу, која е силно зависна од туризмот, денеска ги затвори сите туристички локации кога откри нови случаи на Ковид-19. На жителите во делови од Внатрешна Монголија им е наредено да останат во затворени простории.Кинеската национална здравствена комисија објави дека се откриени 35 нови случаи на локално пренесување на вирусот во изминатите 24 часа, од кои четири во Гансу. Уште 19 случаи се откриени во регионот на Внатрешна Монголија, а другите се во целата земја.За време на пандемијата, Кина примени ограничувања, карантини и задолжително тестирање на вирусот и во голема мера ги искорени случаите на локална инфекција и целосно вакцинира 1,07 милијарда луѓе во население од 1,4 милијарда.Кина одобри две вакцини во јуни, вакцината на „Синофарм“ од Институтот за биолошки производи во Пекинг и вакцината на „Синовак“ за деца на возраст од 3 до 17 години, но во моментот се вакцинираат само деца на возраст од 12 години и постари.Во август регулаторите одобрија друга вакцина на „Синофарм“ од Институтот за биолошки производи во Вухан.

пред 4 години

thumbnail_pres1

Весковски нуди решение за проблемот со паркирањето во Карпош

Веднаш ќе започнеме да ги решаваме проблемите со паркирањето во сите делови на општина Карпош – Карпош 1 и 2 – кај Драмски театар, Карпош 3 и 4, кај Млечен, Влае..., најавува кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски.Спроведувањето на проектот за воведување на зонско паркирање во овие делови ќе ги подобри условите за паркирање на жителите, кои бесплатно ќе ги користат паркинзите. Посетителите на деловните субјекти, од друга страна пак за симболична цена, комфорно и безгрижно ќе можат да го поминат времето на одредената локација. Истовремено ќе се создадат зелени површини со современо хортикултурно уредување и урбана опрема, што ќе придонесе за сеопфатната цел на нашата политика за зголемување на зеленилото во Карпош.Средствата кои ќе се влеат во општинскиот буџет, ќе бидат искористени за финансирање на проекти за изградба на нови детски игралишта.Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители.Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

Скопје | пред 4 години

1-1

Шилегов: Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот и урбанизација надвор од централното јадро

„Влегуваме во последната недела во кампањата и би сакал да ги сумирам клучните ветувања, проекти и планови за градот кои во следните 4 години ќе се спроведат, а за кои интензивно зборував изминатите недели. Овие решенија кои ги понудивме јас и мојот тим се од суштинско значење за развојот на Скопје, обезбедуваат поквалитетен и поздрав живот за скопјани, создаваме град без сообраќање метеж и го решаваме проблемот со урбанизмот со носењето на новиот ГУП во 2022 година“, изјави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.„Прво, Скопје до 2024 ќе биде град без сообраќаен метежи бидејќи ги завршуваме сите стратешки сообраќајни решенија кои 40 години биле запоставени. Со пробивање на булеварот АСНОМ и мостот Михајло Апостолски, сите кои патуваат од Аеродром до Карпош ќе го заобиколуваат центарот на градот по нова сообраќајна артерија. Со пробивање на тунелите под Лимак ја пробиваме другата артерија и сите кои патуваат од Кисела Вода и Драчево односно по јужната страна ќе го заобиколуваат центарот на градот. Со ова, ја отвораме можноста центарот да биде затворен за автомобили и да поминува само БРТ системот кој треба да е готов со 2024. Со комплетирање на овој мастер сообраќаен план Скопје ја добива најголемата пешачка зона од сите европски градови и сосема нов лик и начин на живеење“, вели Шилегов.„Скопје до 2024 година добива брз, еколошки и целосно нов јавен транспорт. БРТ системот е решение кое е одобрено и веќе исфинансирано од ЕБРД, решение кое е прогласено за најеколошкиот начин и најефикасниот систем за превоз на патници од страна на Европската банка за развој. Со воведување на Бас рапид транзит системот, скопјани од Ново лисиче до Ѓорче Петров ќе стигаат за само 35 минути. На секои 3,5 минути ќе имаат превоз на станиците кој никогаш не доцни. Ова е вистинско решавање на транспортот во Скопје и стратегија за транспорт, а не ветувањата на за нови автобуси кои нема воопшто да го сменат начинот на јавен транспорт во Скопје“, истакна Шилегов.„Трето, Скопје за само четири години го намали загадувањето од просечни 71 микрограм на метар кубен на 40 микрограми. Ова е резултат на јасната и ефикасна стратегија на градот за борба со овој проблем. Во следните четири години стратегијата која функционираше нема да ја менуваме туку ќе ја унапредиме но и дополнително ќе ги завршиме стратешките инвестиции во затоплувањето. Во следните 4 години издвојуваме 4 милиони евра за клими инвертери и замена на стари нееколошки печки кои сè уште ги имаме. За само четири години изгасивме 8000 оџаци токму преку ваквите субвенции и со овие мерки продолжуваме бидејќи дадоа видлив резултат. Ќе субвенционираме 30.000 велосипеди во следните 4 години бидејќи граѓаните ги менуваат навиките и почнуваат да користат еколошки транспорт. Со изградените преку 115 км велопатеки, скопјани може да се движат безбедно и брзо со алтернативен транспорт. Ако на ова го додадеме и еколошкиот јавен превоз, за четири години Скопје ќе биде еколошки, чист и зелен град“, потенцира Шилегов.„До 2022 Скопје конечно ќе добие нов, квалитетно подготвен ГУП кој веќе се работи. Скопје изминатите десет години беше жртва н ГУП-от донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и сега тоа мора да го поправиме. Со новиот ГУП, ја селиме тешката индустрија надвор од градот, долг и тежок процес кој мора да го започне. Со новиот ГУП го урбанизираме северниот дел на Скопје и целосно го селиме градежниот фокус надвор од центарот на градот. Ова е клучот да го растеретиме централното градско подрачје од градежен притисок и да го развиваме градот. Со квалитетно донесен ГУП на кој работат сите експерти од оваа област и со вклучување на граѓаните во неговото носење, Скопје во следните десет години загарантирано квалитетно ќе се развива со фокус на заштита на јавните површини и креирање на многу нов јавен простор, зеленило и паркови“, кажа градоначалникот Шилегов.„Скопје е град кој се грижи за сите и кој ги поддржува граѓаните. Затоа за следните четири години подготвивме сериозен пакет финансиска поддршка за сите граѓани. Пензионерите добиваат бесплатен превоз во јавниот транспорт секој ден во неделата. Бесплатен превоз сега имаат студентите и средношколците, но сега добиваат и докторандите и постдипломците. Понатаму на младите сегашни и идни родители им нудиме сериозна финансиска поддршка. До 200 евра годишно заштедуваат семејства со едно дете кое оди во градинка бидејќи ќе го покриеме половина од трошоците за градинката ние од Град Скопје. До 150 годишно заштедува едно семејство со едно дете во основно училиште бидејќи ќе ги покриеме половина од трошоците за оброк. Семејства со две или повеќе деца во гадинка и училиште ќе имаат двојно или повеќе заштеда на годишно ниво. Ова е вистинска грижа за граѓаните“, заклучи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања