Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

bitola-kovid

Потресно сведоштво на братот на 22-годишниот битолчанец кој почина од Ковид

Отворено писмо до јавноста и министерото Венко Филипче упатува семејството на младиот битолчанец кој на 22 години пред десетина дена почина на Инфективното оддделение во битолската болница од последици од КОВИД-19. Тој не бил вакциниран, но немал ниту хронични заболувања.Неговиот брат пишува за голготата низ која мина младиот човек, а писмото содржи и низа обвинувања за начинот на кој е лекуван. 22 годишниот Дарко Мицкоски, три дена со дијагностициран КОВИД и со висока температура одел на болница, добивал терапија, но не бил хоспитализиран. Задржан бил третиот ден, кога му била дадена и крвна плазма„Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се броеви од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа, а на бројот од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот пациент.Веќе следнито ден по хосптализацијата состојбата на Мицкоски се влошува и тој станува неконтактибилен, тврди семејството.„Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Навистина имаше 125кг, 180 цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За време на хоспитализацијата со мојот брат контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот“ , пишува во отвореното писмо на братот Дејан Мицкоски.Исто така преку писмо се обрати и раководителот на КОВИД центарот во битолската болница, Ели Димитровска. Таа вели дека сите пацинети се по 24 часовен мониторинг од медицинскиот пероснал на Инфективното оддление, а младиот пацинет бил лекуван согласно протоколите.„Дарко беше хоспитализиран, лекуван и перманентно следен од сите во ковид центарот и целокупниот медицински персонал, со терапија којашто се спроведува по сите медицински протоколи. Но, со оглед на неговата голема телесна тежина, и со самиот факт што Дарко не беше вакциниран, припаѓаше на групата високоризични пациенти иако досега беше без придружни здравствени проблеми. За нас најголем пораз е губиток на млад човечки живот“, наведува д-р Ели Димитровска, раководител на Инфективно одделние во Клиничка билница Битола.22 годишниот Дарко Мицкоски од Битола, почина на 15 октомври, само 6 дена откако кај него беше дијагностициран коронавирусот.

Коментари | пред 4 години

maricic-2

Маричиќ на Европскиот ден на правдата: Реформите кои ги преземаме во правосудството даваат резултат

Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните. За Владата и Министерството за правда ова е апсолвирано прашање и затоа изминатите години навистина вложивме многу време и енергија во менувањето на сликата за судството, потенцираше министерот кој потсети дека извештаите на Стејт Департментот и последниот на Европската комисија нотираат континуиран напредок во правосудството.-Денеска, кога се одбележува Европскиот ден на правдата сакам да ви порачам дека Министерството за правда и Владата продолжуваат уште посилно да работата за модернизација на судството, што веќе резултира со зголемена транспарентност и ефикасност. Дозволете ми да ве потсетам дека само за една година успеавме да ги намалиме судските такси за 8 пати, успешно спроведовме попис, ги дигитализиравме услугите за граѓаните, донесовме нов Закон за заштита на личните податоци со кој се гарантира поголема дигитална безбедност за граѓаните, направивме измени на Кривичниот законик и на тој за граѓанска одговорност, со кои заштитата на новинарите сега е на многу повисоко ниво. Воведовме нови кривични дека како „Демнење“ и „Полово вознемирување“. Започна филтрација во судството и досега 16 судии се разрешени поради пропусти во работењето. Обезбедивме меѓународен мониторинг на судските случаи за висока корупција и организирани криминал. Зголемени се платите на судската полиција. Постигната е договор за етапно зголемување на платите на судиите и судската администрација. Се разговара и со обвинителите. Министерството за правда се отвори за средношколците кои сега тука извршуваат практична работа. Се реконструираат повеќе затвори. Го отворивме Волковија - најмодерниот Воспитно-поправен дом во регионот. Затворската полиција добива нови униформи и ова навистина е само дел од работите кои успеавме да ги направиме за само една години, напиша Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

248499261_288980019756822_6762033257927977950_n

(ФОТО) Ќе се сечат дрва за профит и нови згради во Кисела Вода, обвинуваат од „Зелен хуман град“

„Новите згради кои се планира да никнат до ул. Борис Трајковски во населба 11. Октомври значат смрт за 17 големи дрвја и приближно уште толку дрвја кои се помлади“. Ова е ставот на Зелен хуман град, од каде велат дека на терен има механизација и табли и наведуваат: „следно ќе биде извршувањето на пресудата против овие дрвја кои стојат на патот на профитот“.Нивната реакција во целост:„Според изјавите на градежните работници, тие воопшто не ни знаат дали дрвјата ќе се сечат. Меѓутоа, на самата табла, тоа е повеќе од очигледно - планираат да исечат сѐ. Визуелизацијата на таблата открива оскуден, тенок појас трева и мали зимзелени дрвца, за разлика од сегашното бујно зеленило кое се гледа на фотографиите.Во мирното маало кај последна 4ка, старите згради стојат спремни за рушење. Логично, ќе си помислите. Зад нив стојат големите, здрави дрвја, кои до неодамна беа дел од удобни, затскриени задни дворчиња во дебела сенка. Тие дрвја, според општината и документацијата, треба да бидат убиени, за врз нив да се гради нешто што веќе го има премногу, и во Кисела Вода, и во цело Скопје. Непосредно зад нив веќе има нова зграда, која сѐ уште не е ни довршена. Околу неа има само бекатон. Ни трага, ни глас од некогашното игралиште, лулашките, малите дрвја.Половина парк го нема, другата половина се гуши во градежен шут и друг отпад. Профитот упорно турка напред.Зелен Хуман Град испрати барање за информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода во кое бара увид во одобренијата за градба, како и увид во решенијата за одобрување на сечење и кроење урбано зеленило. Очекуваме одговор во најкраток рок и ќе постапуваме по сите недоследности. Сосема е надвор од разумот да се уништи толкава површина природа, со цел да се оствари профит од продажба на станови, а населбата да продолжи да се гуши во прашина, граѓаните да продолжат да до губат здравјето, а профитерството да напредува.Вие, кои не сакате да се гушите во бетон и кои сметате дека бетонизацијата и сечата на дрвја треба да запре, за да не го загадуваме воздухот дополнително а дрвјата да ни помогнат за прочистување, Ве замолуваме: споделете ја оваа објава, изразете го вашето незадоволство, и следете нѐ за понатамошни информации. Ако ситуацијата ескалира, ќе треба да организираме протест, на кој ја очекуваме и вашата поддршка!Зеленилото во Скопје треба да се одржи и да се зголеми. Ниту едно здраво дрво не смее да падне!“.

Скопје | пред 4 години

C567FA47-65F1-4719-949D-EA30DDB9D0DA

Од тврдење дека е невозможно Шилегов соочен со огромен пораз почна да копира проекти на Данела, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од тврдење дека е невозможно Шилегов соочен со огромен пораз почна да копира проекти на Данела. Проектот бесплатен јавен превоз е проект на Данела Арсовска, а Шилегов со ветувањето за бесплатен превоз само копира. Шилегов во првиот круг од изборите велеше дека проектот е невозможен, а сега дел по дел копира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Не само што е возможен проектот за бесплатен јавен превоз за сите скопјани, туку и возниот парк на ЈСП ќе има 250 нови еколошки автобуси. Шилегов ќе има можност од 31 октомври натака да гледа како се работи за Скопје“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

133482167_1805636049614010_615093259097823783_o

МВР се огласи за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ околу координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе

„Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла невистините кои втор ден по ред ги шири партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно 'координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе', велат од МВР.Оттаму додаваат:„Повторуваме дека во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало. Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.На денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму“.

Македонија | пред 4 години

DA253566-FEF9-4AC9-854C-4E3790397CC9

(ВИДЕО) Богдан на Цеца се пресели во вилата на Дедиње

Дечкото на Цеца, Богдан Срејовиќ, се всели во вилата на фолк-ѕвездата по десет месеци љубов, пишуваат српските медиуми. Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го следела Богдан седум дена го снимиле како секое утро излегува од вилата на Дедиње, а во текот на денот или навечер се враќал таму да преспие. Поради ова српските медиуми тврдат дека Цеца и нејзиниот дечко живеат заедно.Според „Папарацо лов“, Богдан е во вилата на Цеца дури и кога пејачката не е таму.

Магазин | пред 4 години

Captureasdefrsgtdhzujgiho

Мајли Сајрус еволуираше и стана Лепа Брена

Откако Мајли Сајрус го смени имиџот, на Твитер во регионот се шегуваат дека американската ѕвезда конечно еволуирала во Лепа Брена.„Брено ти ли си?“, „Брена авангарда, била пред времето“ се шегуваат и ги споредуваат двете пејачки.

Магазин | пред 4 години

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Донесена одлука какви ќе се цените на горивата од утре

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за цената на горивата.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.Од 26.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,377 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

FCiLkxMXMAYlt3n

(ФОТО) „Да не има игра со собирање столпчиња во Скопје?“, Уште една незгода во центарот на градот

Скопјанка со автомобил доживеа незгода во близина на театар „Комедија“. Откако искрши две столпчиња кои се ставени како заштита за пешаците и велосипедистите, таа со десната страна од автомобилот се качи над останатите столпчиња кои беа поиздржливи. Од вчера, ова е втора ваква незгода во потегот од ЕУ инфо центарот кој се наоѓа на почетокот од булеварот, до театар „Комедија“ кој се наоѓа на средина од него.„Да не има некоја игра за собирање на столпчињата на потегот меѓу ЕУ центарот и ЈБТ?“, прашува Душко Арсовски на „Твитер“.Скопјанка вчера во 4 часот наутро ги „прелета“ столпчињата и со автомобилот удри во канцелариите на Европската Унија. 

Скопје | пред 4 години

IMG_20211025_114143_064

Ако Арсовска победи ветува дека одговор на барањата ќе се дава од 24 до 72 часа

„Граѓаните во секое време ќе можат да проверат што се случува со нивното барање, а одговор ќе добиваат во рок од 24-72 часа. Административните услуги ќе бидат достапни електронски со едноставни постапки, без обврска за одење во општината. Чекањето во редици и трчањето од шалтер до шалтер ќе биде минато благодарение на дигитализацијата и новата едношалтерска услуга. Во исто време за граѓаните кои не користат дигитални решенија ќе биде на располагање канцеларија отворена 24 часа во служба на граѓаните. Додека пак апликацијата ќе обезбеди и опции за пријавување дефекти во јавната инфраструктура, пријавување диви депонии или повикување општински служби и ќе бидеповрзана со системот за дигитален мониторинг во сообраќајот овозможувајќи брзо детектирање на достапните места за паркирање“- истакна независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција што ја одржа пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“.Со реализација на дел од проектите од програмата за модерно Скопје и со новата апликација на Град Скопје, таа кажа дека градот ќе се трансформира во Град на дигитални можности, со целосна дигитализација на администрацијата за јавните услуги да бидат побрзи, поефикасни и потранспарентни.Во исто време, таа најави реновирање, модернизација и реконструкција на градската библиотека, со подобрен пристап до интернет, поголема база на стручни списанија и подобрување на инвертарот. Уште кажа дека во исто време е предвидена и нова библиотека во Аеродром, опремена со најмодерна техничко-технолошка опрема, како и нови современи читални во повеќе скопски општини.За новиот ИТ-центар во Аеродром, Арсовска кажа дека ќе им овозможи на повеќе од 1000 млади граѓани годишно да добијат пристап до стручни обуки во ИКТ секторот, а во рамките на надлежностите, Градот Скопје ќе ги поддржи малите и средните претпријатија во креирање дигитални решенија како што се е-трговија, развој на услуги за испорака базирани на апликации и други дигитални иновации.„Како иден градоначалник на Скопје мојата цел е граѓаните да живеат во модерна, европска метропола, што ќе значи повисок квалитет на живот, модерна инфраструктура, одржливи решенија за сообраќајните проблеми и заштита на животната средина“ – заклучи Арсовска.

Скопје | пред 4 години

236523441_428698648515749_6059897496560555557_n

За два дена, 25 граѓани казнети зошто не носеле маски во затворени простории.

Во текот на изминатото деноноќие (24.10/25.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 25 прекршоци.

Македонија | пред 4 години

DSC_0410

Автомобил удрил во пешак кој со тешки повреди заврши во болница

На 24.10.2021 во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак, во с.Отља, општина Липково, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52) од с.Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63) од с.Отља.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Малолетник со тешки повреди заврши во битолската болница, откако автомобил удрил во мопедот со кој управувал

На 24.10.2021 во 19.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Широка“ и ул.„Смилево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(42) од Битола и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Почина Џејмс Мајкл Тајлер од „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.

Магазин | пред 4 години

Kotlar

Ќе ги лоцираме загадувачите и ќе ги елиминираме, вели Котлар

Скопје е најзагаден град во Европа. Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа, вели Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар.„Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии.Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно.Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

248482780_10160034974947932_8627687466395721985_n

Заев: Владата вложува во луѓето, а не врши терор врз нив

Од овде, од Споменикот на слободата во Кочани, повикувам на обединување за скапоцената слобода која заедно ја освоивме и која сега мораме заедно да ја браниме, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.„Сетете се дали познавате некој во последниве четири години којшто бил репресиран? Дали знаете за некој новинар, бизнисмен, сопственик на медиум или било кој друг, да биде неправедно и спектакуларно апсен, да бил понижуван јавно, влечен со лисици или да им влегувала полицијата на луѓето по домовите во глуво доба, додека децата им спијат?Еден дали има? Нема, и нема да има.Бидете горди што заедно донесовме слобода. И што денес имаме Влада која вложува во луѓето, а не врши терор врз нив. Сега граѓаните владеат и никој не помислува да ја фалсификува нивната волја. И овие и претходните четири изборни циклуси се потврда за тоа. Нема веќе Пустец, нема печатење лажни лични карти, нема МВРО-ВМРО, нема влечење за уши, нема гасење лифтови. Наспроти тоа, ние сме отворена власт – и нема да се затвораме и секогаш ќе се бориме никој да не смее ништо да крие од народот.Во тоа име, повикувам да се обединиме и да продолжиме да работиме заедно за уште повеќе слобода и уште повеќе демократија“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасив до власта: За еден мандат, станавте поомразени меѓу народот дури и од Грујо

Пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека оние кои се на власт се плашат од народниот гнев.„Кога го гледам стравот кај нашите властодршци од народниот гнев, не можам, а да не се сетам на онаа политичка крилатица која ја учевме на факултет: "Владата која ја штитат ЧУВСТВАТА НА НАРОДОТ, нема потреба многу да се грижи за заговорите".p.s. Тоа што, за само еден мандат, станавте поомразени меѓу народот дури и од Грујо - е ваш, а не наш проблем! Патетично е на нас да ни го "сентиментирате". 😉#БаравтеГледајте“, стои во објавата на Фејсбук

Коментари | пред 4 години

konstantin-georgieski-kosta

Георгиески ветува изградба на пречистителни станици во Охрид

Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, вели кандидатот за градоначалник, д-р Константин Георгиески.Согласно препораките на УНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија. Локалната самоуправа беше вклучена во постапката за поделба на МЈП „Проаква“, со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата.Изготвена е Студијата за валоризација на Охридското Езеро, со која се обврзавме за директно учество во заштитата на биолошката разновидност. Оваа студија ќе обезбеди висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот. Остануваме максимално посветени на заштитата на езерската вода и креираме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина. Предвидуваме изградба на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, со што ќе се надминат проблемите со отпадните води.Исто така, остануваме посветени на новиот концепт за уредување на крајбрежјето кој ќе биде во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштита Охридското Езеро.Во текот на изминатите 4 години во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Носиме нови проекти за подобри услови за животот на сите наши граѓани. Силната динамиката не смее да запре во ниту еден момент.Имаме јасна визија за развој во сите сфери на општественото живеење, затоа на 31-ви октомври заокружете го бројот 12 и изберете го најдоброто за нашиот град. На 31-ви октомври заедно да продолжиме напред и да донесеме уште една голема победа во Охрид, додава тој.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Ќе се зголемат ли повторно цените на горивата?

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати. Дали ќе има повторно поскапување на цените на горивата ќе биде познато денес после пладне.Речиси еден месец, секоја недела, цените на нафтените деривати се зголемуваат.Ова се актуелните цени на горивата:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 43,010 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

dejan-trajkovski

Единствениот спас зимава е набавката на косовски лигнит, вели проф. Трајковски

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, направи анализа на движењата на цената на електричната енергија, и што поконкретно се случува на нашиот пазар.„Ова е графикот на цената на електричната енергија на централноевропската берза, за таканаречени долгорочни фјучерси (финансиски инструменти преку кои се договара купување или продавање на електрична енергија на иден датум).Постои многу развиен пазар за тргување со фјучерси за електрична енергија во Европа (https://www.eex.com/en/market-data/power). Тие што сакаат да купат ел. енергија на иден датум (потрошувачите) преку берза купуваат фјучерсен контракт (договор), а тие што сакаат да продадат енергија (производителите) продаваат фјучерсен контракт. На тој начин двете страни се заклучуваат во цената (се хеџираат) на денот на фјучерсната трансакција (денеска), без разлика колкава ќе биде спот цената на ел. енергија (фактички остварената) на денот на испораката. Загубата од скапо купената енергија се компензира со добивката на фјучерсот и обратно.Предноста е што можат да ги планираат цените со денови, недели, месеци, па и години однапред. Од тоа имаат корист и потрошувачите и производителите (таканаречени „бона фиде хеџери“), но и шпекулаторите (приватните трејдери кои тргуваат во свое име и за своја сметка), кои се обидуваат да профитираат од разликата во цената на фјучерсите, под услов да ја погодат насоката на движење на цената во иднина. Тие се важни учесници на пазарот, затоа што на пазарот му даваат ликвидност (обезбедуваат во секое време да има доволно купувачи и продавачи кои ја формираат цената со тесен куповно-продажен распон).Нашите трговци со струја најверојатно ништо не планирале долгорочно, односно лани не купувале фјучерсни контракти. Самиот премиер рече дека не знаеле како ќе се движи цената на ел. енергија, откаде заклучуваме дека сме биле оставени на милост и немилост на пазарот. Нормално е да не знаат, но требало да имаат стратегија за хеџирање, т.е. менаџирање со ризикот. А зошто би влегувале во такви фјучерсни трансакции и би менаџирале со ризикот од промена на цена, кога кај нас крајниот потрошувач секако ќе ја плати цената, колкава и да биде? Додуша, ако сакаат да ја задржат цената на прифатливо ниво (заради социјален мир), разликата ќе ја плати државата, но во основа тоа сме пак сите ние, преку даноците.При сегашната цена, веќе е предоцна за купување фјучерси, бидејќи цената заминала превисоко (би било налудничаво да се заклучиме во сегашната цена), ама ако лани сме се заклучеле по тогашната цена за испорака годинава, сме можеле да постигнеме нешто, особено знаејќи дека домашното производство ни е несигурно и недоволно.Покрај фјучерсите, има уште еден финансиски инструмент, опции на електрична енергија. Најлесно е да ги сфатиме како кладење (или полиса за осигурување) на идната цена. Таканаречената куповна или кол (Call) опција со дадена извршна цена и одреден датум на матурирање на опцијата во иднина ни ги надоместува загубите поради претеран раст на цената над извршната цена. Но, за тоа се плаќа цена, таканаречена премија на опцијата, која е прилично висока во вакви неизвесни времиња и волатилен пазар. Доколку на денот на матурирање цената биде под извршната, не губиме ништо освен платената премија.На пример, доколку лани биле купени кол опции со извршна цена од 60 EUR/MWh за испорака во октомври годинава, сега би ја платиле ел. енергија по извршната цена на опцијата, односно по 60 EUR/MWh иако моменталната цена е 160 EUR/MWh. Така би се заштитиле од порастот на цената, односно загубата на спот пазарот (купената физичка ел. енергија) би била компензирана со растот на цената на финансискиот инструмент - кол опцијата - дури и по цена на платената премија, која лани беше ниска (не повисока од 20 EUR/MWh). Од друга страна, ако цената годинава опаднела на пример на 30 EUR/MWh, би ја купиле ел. енергија по сегашнава, пониска цена, а опцијата би истекла неискористена, односно загуба би била само платената премија.Овие пазари се многу развиени и важни во развиениот свет, а нам ни преостанува да купуваме по цена што ќе ни биде побарана кога ќе бидеме фатени во тесно, колку и да биде висока. Колку ќе платиме за оваа енергија што сме ја повлекле деновиве од Европа без претходно купување, не смеам да помислам. Додуша, ако имавме свое производство, само за свои потреби без извоз, тие инструмент немаше да ни бидат важни, но без доволно сопствено производство уште како ќе го почувствуваме немилосрдниот камшик на пазарот по својот грб.Инаку, колку и да изгледа неблагодарно прогнозирањето, ќе си дозволам да дадам лична проценка дека сегашната цена на ел. енергија е вештачки „пренапумпана“ од страна на шпекулаторите или евентуално поради пазарна паника. Ако е тоа случај, односно ако нема некакви неповолни фундаментални фактори (на пример недостаток на ураниум за нуклеарните електрани), тогаш во рок од една година цената би требало да се врати на нивоата до пред 2020 година.(Обновено) Еве уште едно возможно сценарио. Нашите снабдувачи со ел. енергија можеби минатата година се заштитиле од раст на набавната цена, поради што продажната цена останала непроменета годинава. Сега дојде време да се хеџираат за следната година, но по која цена? Ако со фјучерси се заклучат во оваа превисока цена, а не добијат одобрение за зголемување на малопродажната цена, тогаш ќе претрпат големи загуби, што за нив не доаѓа во предвид. Ако се заштитат од раст на набавната цена со куповни (кол) опции, а во меѓувреме цената на ел. енергија од увоз се намали, дури и со намалена набавна цена и сегашната малопродажна цена ќе бидат во загуба (иако не многу голема) поради моменталната скапа премија на опциите. Ако пак набавната цена не се намали или дури се зголеми (малку веројатно), а малопродажната цена остане иста или само минимално се зголеми, загубите на снабдувачите пак би биле големи, иако не толку големи како без хеџирање.Токму затоа снабдувачите им упатиле писмо на компаниите да очекуваат зголемување на цените и изгледа дека тоа е неминовност во сите сценарија, доколку не сакаат да останат без струја. Домаќинствата можеби ќе бидат делумно заштитетни благодарение на државните субвенции, но и тоа не е извесно.Тоа се чудесата на капитализмот и токму затоа СФР Југославија градела свои електрани, за да не зависи од променливиот меѓународен пазар. Денеска ние сé уште живееме благодарение на нашите електрани во државна сопственост. Доколку и тие беа приватизирани, ќе моравме од нив да купуваме ел. енергија по цена еднаква на меѓународната берзанска цена или пак да останеме во темница. Но, со трошењето на последните резерви домашен јаглен изгледа дека сме сé поблиску и до тоа сценарио. Изгледа дека единствениот спас зимава ни претставува набавката на косовски лигнит, затоа што сé е поевтино од скапата увезена струја“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

stefkovski-3-960x789-1

Бобан Стефковски го доби уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба

Во 10 часот утринава, Општинската изборна комисија Гази Баба ми го додели уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба, стои во Фејсбук статусот на Бобан Стефковски.– Се заблагодарив на членовите на Општинската изборна комисија за професионално спроведениот изборен процес за градоначалник на Општина Гази Баба и посакав успешно спроведување и на вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, пишува тој.

Скопје | пред 4 години

fatmir-limai

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево доби поддршка од внукот на Ахмети

Независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани кој е и внук на Али Ахмети в недела во вториот круг  од локалните избори за Кичево ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.Лимани кој освои над 4.500 гласови и беше трет на изборите сега најавува дека нема да му помогне на Фатмир Дехари од ДУИ кој е втор, туку на лекарот Александар Јованоски кој во првиот круг освои најмногу гласови.„По завршувањето на вториот круг, ќе се направат подготовки за предвремени парламентарни избори. Тука сме подготвени за големата промена“, напиша Лимани на ФејсбукД-р Јовановски, кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот изборен круг.

Македонија | пред 4 години

dragan25102021

Ковачки со нови детали: 40 полицајци правеле црни списоци на автомобили кои биле следени, стопирани, остранети од сообраќај

„Денес ќе објавиме јасни докази дека злосторничката група на Заев и Спасовски составена од над 40 полицајци правела црни списоци на автомобили кои морале да бидат отсранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ, и давале наредби за измислување на прекршоци. Наместо во име на законот, тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски. "Црн список на возила за отсранување", "измислете прекршок, тргнете го"," барајте му лекарско", "до вечер список од акцијата глас плус важи за сите", се дел од пораките кои ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:„Да одиме со ред: Оваа група, која според тоа што имаме на увид била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и истата целосно се ставила во партиска функција на СДСМ. Еве доказ. На 17.10.2021 година командирот на ОВР – Дарко Цуцулоски, во вибер групата каде се одвивала координацијата на групата дава команда:ПП 8(725) АД - бел опелПП 7(323) АЦ - 206 караванПП 3(420) - Фиат црвенПП 9(142)-АЕ - Пасат зеленПП 8(77) – Ровер црнПП 4(125) АД – Корса сиваПП 1(29) ЦХ – Астра сиваСите овие возила воза за нив. Гледајте да ги отстраните одма. Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР Прилеп со цел шиканирање на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Од комуникацијата во вибер групата гледаме, дека буквално полициските службеници на смена само следеле луѓе кои политички не се согласувале со власта. Во една друга комуникација Андреј Лашкоски БПС Прилеп дава информација - Јапано вози низ Тризла сиво комбе со такси ознака на него, на што Крајоски Александар БПС Прилеп дава насока - Ако има такси табла запрете го и барајте му лекарско. Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп кој дава наредба - Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни“.Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, смета и:„Не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање на гласови за СДСМ. Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп во групата на вибер издава насока - Колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 часот до 19 часот. Во друга порака станува јасно, дека тие имале систем или список во кој ги внесувале гласачите, Цуцуловски појаснува – Да ве потсетам за вечер после 18.00 часот за внесување глас плус важи за сите нас. Од ова се гледа дека станува збор за злосторничко здружение кое работело за потребите на СДСМ во целост, од следење, малтретирање, шиканирање и тепање. ЈО да постапи веднаш и да го истражи случајот. Очекуваме истрага која ќе резултира со конкретни обвиненија. Институциите не смее да се користат за партиски притисоци. Доколку институциите кои се надлежни да го расчистат овој случај и да превенираат вакви злоупотреби не работат по закон и не ги спречат и санкционираат овие дејствија треба да знаат дека по ослободувањето на системот ќе има одговорност за сите кои учествувале во вакво организирање, шиканирање и малтретирање, како и тие кои оневозможувале истрага“. 

Македонија | пред 4 години

najcevska

Најчевска е лута на ботовите: Ситни криминални умови без имагинација и со многу ограничени интелектуални способности

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека бот е платено занимање, додавајќи дека не треба никој да им се објаснува, туку да бидат блокирани. Таа не посочи на кого мисли кога ги споменува „ботовите“, но потенцира дека тие се криминални умови.„Бот е занимање. Платено. И не е воопшто ново. Напротив. Едно од постарите. Само сега ги користи социјалните мрежи како алатка за остварување на дејноста. Основна задача на ботот е да загадува. По нарачка на газдата тој треба да го сврти вниманието од суштински проблеми, незгодни прашања и/или да прикриe несакани податоци. Тоа го прават со производство на енормни количини фекалии. Најзафатени се кога треба да ги прикриjaт продуктите од големата нужда која ја направил газдата. Тука се применува правилото на право пропорционалност. Колку е поголем и посмрден тотлакот кој го направил газдата, толку се поактивни и попродуктивни во продукцијата на фекалии ботовите. Во моментот кога ќе забележите зголемена активност на ботовите веднаш барајте кај е тотлакот на газдата, кој е податокот кој сака да го прикрие или кое е прашањето на кое не сака да одговори. Самите ботови се ситни криминални умови без имагинација и со многу ограничени интелектуални способности кои не знаат да ги искористат вистинските слабости на оној кој го напаѓаат затоа што немаат доволно мозок воопшто и да ги препознаат. Меѓутоа го загадуваат просторот и можат да бидат дури и опасни по живот доколку премногу се намножат. На ботовите не им се докажува или објаснува. Со нив не се комуницира. Едноставно се блокираат и се пушта вода. Големи количини вода“; напиша таа.

Коментари | пред 4 години

doktori-skopje-klinika

Медицинарите си одат во странство и во приватни клиники, Европската комисија тврди дека здравството е проблематично

Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата.Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.Во делот каде ЕК се осврнува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.– Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година. се вели во Извештајот.Еврокомисијата додава дека Северна Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.– (Земјата) стана членка на Договор за заедничка набавка за медицински средства, како и набудувач во Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, кој обезбедува пристап до Системот за рано предупредување и одговор на ЕУ. Северна Македонија, исто така, ги обезбедува информациите до системот за собирање податоци на Комисијата за Ковид-19 и назначи претставник во Европскиот центар за контрола и превенција на болести, се вели во Извештајот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања