Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

tramp-sin-boldvin-foto-EPA-750x400-1

Синот на Трамп за Болдвин: Го обвинува пиштолот наместо себеси!

Синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по повод смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која ја уби актерот Алек Болдвин.Тој преку саркастични фотографии на споменатата мрежа јавно го обвини актерот за несреќата.„Тој поглед кога лудак кој не умее да користи пиштол убива повеќе луѓе со пиштол отколку што досега убила вашата гобемна колекција огнено оружје“, напиша Трамп и објави фотографија од Болдвин.Трамп помладиот потоа објави фотографија од Болдвин и неговата сопруга Хиларија, со натпис којшто ја исмева.„Како се вели на англиски дека сме за*бени? – Хиларија Болдвин“, пишува на фотографијата.

Магазин | пред 4 години

ahmeti-2

(ВИДЕО) Поради трагичната сообраќајка кај Ласкарци, Ахмети го прекина говорот

Веста за несреќата што се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарце, во која загина жител на Чегране, а тројца се повредени, го натерало лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, да го прекине митингот со жителите на Чегране.Веднаш штом бил информиран, Ахмети го прекинал говорот, најавувајќи им на присутните дека средбата ќе биде прекината поради трагичниот случај.

Македонија | пред 4 години

248683374_1205577936607156_6797235745024557758_n

„Едниот го уништи здравството, другиот ја уништи Струга, буквално“, Јаулески „удри“ по Мерко и Филипче

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески со жестока критика за министерот за здравство, Венко Филипче и струшкиот градоначалник на ДУИ кој бара нов мандат, Рамиз Мерко.„Едниот го уништи здравството и зацрни многу фамилии, другиот ја зацрни и уништи Струга. Ама буквално! Ова се тие ,,прогресивни" ликови кои велат дека народот мора да се обедини, за да не се вратело ,,злото и режимот" и да не се кочела државата. Овие, кои нѐ вратија 30 години наза“, напиша Јаулески.

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

За пензионерите, лицата со попреченост и ретки болести ќе имаат бенефиции и поволности, ветува Шилегов за да добие нов мандат

Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години, најавува Петре Шилегов од СДСМ.„Повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат секојдневно бесплатно да ја користат јавниот превоз. На овој начин, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија. Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, што ќе вратат и голем број на помлади патници. Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, вели Шилегов.

Скопје | пред 4 години

121206035_gettyimages-1235944169

Ед Ширан има коронавирус

Ед Ширан соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека се наоѓа во изолација.Музичарот во објава на својата страница на Инстаграм рече дека ќе продолжи да дава планирани интервјуа и настапи од дома.Ширан, кој живее во близина на Фрамлингем во Сафолк, напиша: „Се извинувам на секој што сум го изневерил, бидете безбедни сите x“.Минатата недела тој настапи во Лондон како дел од инаугуративните награди „Earthshot Prize“, чии домаќини беа војводата и војвотката од Кембриџ.

Магазин | пред 4 години

247898493_4868047746561983_6567218127981195791_n

„Влеговме во ЕУ и без преговори“, лавина реакции откако скопјанка влета во зградата на делегацијата

Скопјанка вчера со својот автомобил влетала и го скршила стаклото на канцеларијата на Европската унија во Скопје. Овој настан предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.https://twitter.com/Djpanchomk/status/1452369290984820749https://twitter.com/Marencai/status/1452363767854116865https://twitter.com/pipelinmkd/status/1452543610159775752https://twitter.com/Beliotpesjak/status/1452532938747351044https://twitter.com/IshmaelStarfor/status/1452408480653103106https://twitter.com/IshmaelStarfor/status/1452519447181340674 

Коментари | пред 4 години

120190520_080018

Сончево и променливо облачно

Времето ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 11 до 16 степени.Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.Од денеска времето ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник понекаде ќе се спуштат на некој степен под нулата.Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Македонија | пред 4 години

248435279_446619626864222_1406566193830946941_n

СДСМ Центар: Наташа Котлар е под котрола на Коце Трајановски и Христијан Мицкоски

„Конечно паднаа маските и „независноста“ на Наташа Котлар пукна како меур од сапуница. Тонејќи во сигурен изборен пораз, Котлар ги отвори картите па на помош од врата до врата го викна Коце Трајановски, извршителот на Груевски кој е одговорен за масакарот на зеленилото и спроведувањето на криминалниот проект Скопје 2014“, стои во соопштението на СДСМ Центар.„Ова ли се свежите кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Неверојатно и дегутантно е истите луѓе со истите намери и криминални идеи повторно да ја бараат довербата на центарци. Котлар треба да одговори на што ја советувал Коце Трајановски и каква улога му е ветена за поддршката? ВМРО-ДПМНЕ буквално се нема сменето ни малку, истите луѓе кои го уништија Центар денес без срам повторно ја барааат довербата на граѓаните. Во недела ги очекува уште еден сигурен пораз заради тоа што ги потценуваат граѓаните на Центар“, додаваат тие.

Скопје | пред 4 години

20211025_jamiejeremy_twitter-1

Почина Џејмс кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.

Магазин | пред 4 години

szo

Директорот на СЗО со нови предупредувања за коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена.„Ги имаме сите алатки што ни се потребни. Сепак, светот не ги искористи добро. Со близу 50.000 смртни случаи неделно, пандемијата е далеку од завршена. А ова се само пријавени смртни случаи“, рече Тедрос на Светскиот здравствен самит во Берлин.Тој додаде дека СЗО си поставила цел до крајот на оваа година да вакцинира 40 отсто од населението во секоја земја во светот.„Таа цел е остварлива, но само ако државите и компаниите кои ги контролираат набавките ги усогласат своите изјави со делата. Има неколку работи што предлагам да ги направиме. Земјите кои веќе достигнаа 40 отсто од вакцинираните, вклучувајќи ги сите земји од Г20, мора да го отстапат своето место во редот за испорака на вакцината“, додаде тој.Тедрос нагласи дека производителите мора да дадат приоритет и итно да ги исполнат своите договори со програмата Ковакс (глобална програма за рамномерна дистрибуција на вакцини низ целиот свет), додавајќи дека мора да има поголема транспарентност.„Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет“, предупреди директорот на СЗО.

пред 4 години

struja

ВМРО-ДПМНЕ: Експертите потврдија дека државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја

Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„ Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО. Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја“ додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Со ветување за минимална плата од 18.000 денари, СДСМ бара поддршка на локалните

„Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време. Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата“, велат од СДСМ.Тие додаваат: „Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година. Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија. За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред. А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“.

Македонија | пред 4 години

247898493_4868047746561983_6567218127981195791_n

ФОТО: Скопјанка ги „прелета” столбовите, со кола ќе влезеше во канцеларијата на Европската Унија

Утринава околу четири часот скопјанка која го управувала својот автомобил, од засега необјасети причини влетала и го скршила стаклото на канцеларијата на Европската унија во Скопје, пишува Сител..Таа заедно со совозачаот ги помина барикадите и стигнала до зградата во која е сместена канцеларијата на ЕУ.

Скопје | пред 4 години

2-1-1

Шилегов: Новите булевари во Бутел се доказ дека оваа општина најбрзо се развиваше

Денес во Бутел градоначалникот Петре Шилегов оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина. Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите 4 години.- Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје.- Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска, додаде Шилегов.- Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.„Вие сте моќта на овие избори, вие сте гаранција за победа што значи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство. Вие сте гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате, вие сте гаранција за победа иднината наместо на минатото. Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел - силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје и Бутел не смее да запре“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

Скопје | пред 4 години

MickoskiGaziBaba

Мицкоски: Заев најавува “game change”, a народот во недела ќе му испорача “game over”

Новата иднина значи и промена на реалноста во која живееме. Реалноста и голиот живот кој покажува дека имаме власт која е корумпирана, криминална. Власт која се пазари со нашите најсвети чувства, власт со која цели 5 години се вртиме во истиот круг. Ја нема ниту Европската Унија која толку многу ја ветуваа, нема ниту живот каков што убедуваа дека ќе донесат. Но затоа има борба за тендери, понижувања, притисоци и порази, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Вевчани.Мицкоски ја искоментира оставка на Ѓорѓиев, посочувајќи дека владата на СДСМ и Заев му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, односно како што рече тој под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на штета на Македонија, а во корист за Бугарија.Замислите член на историската комисија си поднесе оставка затоа што неговата, нашата македонска влада вели дека му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар, под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија на наша штета, а на корист за Бугарија. Па има ли поголем блам од ова за Владата. Заев работи како да не е на чело на македонска влада. Кој знае какви нови ветувања им продава сега на Бугарите, додека молчи за оставката на историчарот Ѓорѓиев, додаде Мицкоски.Во однос на најавата на Заев дека играта се менува и дека ја сфатиле пораката од народот по поразот од првиот круг на локалните избори, претседателот Мицкоски вели дека Заев тоа го прави само поради избори и е само уште еден начин за да ги излаже граѓаните и да продолжи да се однесува пак по старо, укажувајќи дека е сигурен дека народот на Македонија на 31ви октомври ќе му порача дека играта е завршена, потенцирајќи дека само така ќе се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата, вели Мицкоски.И драги пријатели, кога Зоран Заев вели дека се менуваат во работата, знајте дека тоа го прави само поради изборите, и тоа им е начинот како да излажат повторно за да продолжат со старото однесување. Кога Заев најавува “game change”, како што тој вчера нарече, тогаш сигурен сум народот на Македонија во недела ќе му испорача “game over”, играта заврши. Game over е потребен затоа што само така ќе им се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата кои му ги носат на народот цели 5 години. Ќе има “game over“ за Заев затоа што народот го прочита дека волкот влакното го менува карактерот не. И затоа што нема “game change“ кога веднаш до него се Венко Филипче во чиј мандат починаа над 7000 луѓе од корона и 14 живи изгореа, Љупче Николовски Путерот кој е министер за борба против корупција, во најкорумпираната влада во Европа, и арогантниот самобендисан Петре Шилегов чиј личен имот се зголемува од година во година. И навистина е тажно што ова за Заев е само игра, и таа негова игра народот го чинат упропастени судбини и сиромаштија. Затоа што воопшто не е игра кога ќе нема одговорност за ниту една грешка, за ниту еден криминал кој го направи досега, појасни Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

w_56631710

227 нови случаи и 15 починати од коронавирус

Во последните 24 часа направени се 2 595 тестирање, а регистрирани се 227 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.Новите случаи се во: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.Регистрирани се 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 75 г, 70 г, 76 г, 64 г и 64 г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковив-19 од „Мој термин“, пријавено е уште едно лице со вчерашен датум на смрт – 23 октомври 2021. Станува збор за пациент на возраст од 82 години од Охрид кој починал во домашни услови.Активни се 6 393 случаи од кои 3 267 се во СкопјеВкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 766, бројот на оздравени пациенти е 186 322, на починати е 7 051, а бројот на активни случаи изнесува 6 393.

пред 4 години

struja-4

Рамадани: Земјава троши двојно повеќе струја од што се произведува

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична енергија од европската мрежа за што добила четири предупредувањаНиту производството, ниту пак увозот на електрична енергија не можат да ја покријат потрошувачката во земјава, вели директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани.Тој во интервју за Телма вели дека енергетката криза во земјава е реалност, односно се троши двојно повеќе од што се произведува.Она што го открива Рамадани е и дека земјава досега добила четири опомени за ненајавени преземање на електрична енергија од европската мрежа.И на крајот вели дека, ова само за еден месец може да го чини МЕППСО 15 милиони евра, пари кои компанијата ги нема сметка.„Имаме недостаток на електрична енергија. Според првичните извештаи, во секој час колку се произведува електрична енергија, еве конкретно за 23 октомври ситуацијата е следна: произведени се 500 мегавати, а конзумацијата е 1 000 мегавати. Ако тука се додаде и увозот, ќе се добие дека 315 мегавати ни фалат во мрежата“, вели тој.Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.„На 15 минути се следи кој колку отстапува од мрежата, и не е дозволено така да се презема, освен во случај на хаварија. А ние, знаејќи дека немаме хаварија, се знае дека преземаме за потрошувачите, што не е дозволено“, вели Рамадани за Телма.Според пресметките за ваквите преземања МЕПСО треба да плати досега околу 10 милиони евра. Рамадани вели дека сметката ќе стаса околу 5-ти следниот месеци, и ако продолжи овој тренд до крајот на октомври, можно е таа сума да достигне и 15 милиони евра кои МЕПСО треба да ги плати околу средината на ноември само за еден месец.„Отстапувањата секојдневно растат. Оваа енергија треба да ја платиме. Ние од преносната тарифа имаме вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ова е голем удар врз ликвидноста на МЕПСО, тие средства апсолутно ги немаме на сметка за да ги исплатиме кон Европа“, вели директорот Рамадани, кој додава дека ситуацијата ќе стане полоша во зимските месеци кога ќе се зголеми потрошувачката на струја и ќе треба да се презема уште поголемо количество на енергија.

Македонија | пред 4 години

dimitrov

Сакаме резултати од Комисијата за историски и образовни прашања, ама се направи амбиент на уцена, вели Димитров

Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.Во однос на работата на Комисијата за историски и образовни прашања, Димитров, вели дека тоа што можат владите да го направат е да создадат позитивна клима, за непречена работа на историчарите, но политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават.– Значи нашата задача е позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент и затоа мислам дека без разлика на желбите, големиот проблем во сегашната констелација на односи, позиции и политика по ова прашање е токму во тоа. Се сака резултати од таа Комисија за историски и образовни прашања, меѓутоа се направи амбиент на уцена, нагласува Димитров.Прашан за планот 5+1 разговаран на Самитот Брдо кај Крањ, во Словенија, Димитров вели дека, клучно е дали техничката влада во Бугарија може да испорача, ако се најде решение.– Многу е битно да знаеме, дали ако најдеме разбирање, со оглед на датумот на изборите, и претседателски и парламентарни кај соседите во Бугарија, дали техничката влада може да испорача зелено светло, усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, тоа е клучно. Второ, за нас исклучително важно е македонскиот јазик во преговарачката рамка, формулацијата за македонскиот јазик во однос на тоа дека земјата треба сите, целиот корпус на европско законодавство да го преведе на македонски и да има доволен број на преведувачи пред да стане членка, да биде така напишана како и за сите други европски јазици, изјави Димитров.Тие точки, посочи Димиртов, се контекст на спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија, меѓутоа вкупниот пакет мора да содржи почеток на преговорите, значи усвојување на преговарачката рамка, одржување на првата меѓувладина конференција.– Нам ни е исклучително важно ова што го споменав, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, што е апсолутно наша работа, прашање за македонскиот народ. Нам ни е исто така многу важно пристапниот процес да носи европеизација – дали одиме напред кон ЕУ, отвораме кластери, исполнуваме одредници итн, да зависи од реформите дома. Не, не може да зависи тој процес од работи што не се на накој начин во наша ингеренција, на пример работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Ако нашиот прогрес во ЕУ зависи од историчарите тогаш многу тешко тој процес можеме да го наречеме европеизација, вели Димитров.Исклучително важно, нагласува Димтров, е една одредба од Договорот за пријателство, членот 14, кој што вели дека Договорот не може да влијае на права и обврски што државите, договорни страни, обете ги презеле по други меѓународни конвенции, договори итн.– Членот 14 е на некој начин врзан или е другата страна на заложбата за немешање во внатрешните работи, бидејќи и ние и Бугарија имаме извесни права и обврски коишто сме ги презеле по други меѓународни конвенции и тоа не значи мешање во внатрешните работи. На пример, Европската конвенција за човекови права и нашата улога како држава членка на Советот на Европа, нагласува Димитров.Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Жена заврши со тешки повреди по сообраќајка во Струга

На 23.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат с.Ложани, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Н.М.(68) од с.Ложани и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од В.В.(23) од с.Велешта, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „фолксваген туран“, Л.М.(56) од с.Ложани, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 4 години

granata

Прилепчанец нашол неексплодирана граната

На 23.10.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп – Полициска канцеларија Тополчани било пријавено дека во атар на с.Алинци, прилепско, Б.К.(70) од Прилеп пронашол неексплодирана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека станува збор за артилериска граната од 155 мм од Првата светска војна. Увид бил извршен.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Трагедија: На 63 годишен работник му се слошило па починал на лице место

На 23.10.2021 околу 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, П.А(63) од Кочани, додека извршувал работни задачи во фирма, му се слошило и починал. Смрт констатирал лекар од здравствена установа од с.Брвеница. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Лишен од слобода 36 – годишник по пријава дека допирал малолетничка

На 22.10.2021 во 14.00 во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.Г.(36) од Богданци, поради сомнение дека вознемирувал малолетничка од Богданци, со прикажување фотографии со недолична содржина и допирање по телото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

atanas-vangelov

По тешко боледување почина Атанас Вангелов

По тешко боледување денес почина Атанас Вангелов, писател, универзитетски професор, теоретичар и лингвист, преведувач, полемичар, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.Со својата богата дејност во литературната сфера се профилираше како врвен познавач на структуралистичкиот метод, како прецизен критичар-валоризатор на современата книжевна продукција, како остар и аргументиран полемичар и како автентичен творец во неколку книжевни жанрови.Роден е на 6 февруари 1946 година во Богданци. Член е на ДПМ од 1967 година.Атанас Вангелов е автор на десетина поетски книги (од кои три се наградени со престижните награди: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“ и „Григор Прличев“). Неговиот поетски опус го сочинуваат збирките: Земјата на цветот (1966), Препев на планината (1970), Живеалиште (1974), Глетки и привиденија (1977), Преданија (1978), Строго доверливо (1985), Траги (1991), На безгласје глас (поема, 1994), Водопад (1998), Изучување на молкот (2008). Автор е и на романот Див занес (2001), како и на драмските текстови: Мистер Порфирие (1971), Неодредени лични заменки (1986).Централно место во неговото творештво заземаат теоретските, критичките и полемички студии, меѓу кои се издвојуваат: Литературни студии (1978), Артизмот и современата македонска поезија (1978), Решето (1985), Семантичките фигури во македонската народна лирика (1987), Преписите на Божин Павловски (1992), Микрочитања (1993), Исказот и стварноста (1995), Морфологија на бо(љ)шевизмот (1998), Про ет контра – македонизми (1998), Маките на Моцарт од Жван (2007), Деспот Караѓоз (2010). Вангелов е еден од најдобрите познавачи и толкувачи на делото на Блаже Конески, што се потврди со објавата на неговите најнови филолошки студии: Лирската биографија на Конески (2020) и Филолошката критика на Конески (2021), кои требаше да бидат заокружени и со трета книга која, за жал, останува во работна верзија, како последен ракопис на кој работел Вангелов. Важноста на првата книга од оваа трилогија беше верификувана и со доделувањето на наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2020 година.Вангелов беше и значаен преведувач од француски јазик: Цветан Тодоров, Поетика (1990), Дикро/Тодоров: Енциклопедиски речник на науките за јазикот I-II (1994), Група автори: Теорија на прозата (1996). Меѓу преведените наслови е и драмата Праведници од нобеловецот Албер Ками за кој во 2021 година Атанас Вангелов ја доби наградата за најдобар превод од Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ од Париз.Покрај веќе посочените награди, добитник е и на наградите: „Божидар Настев“ (Поетика), „Златно перо“ (Енциклопедиски речник на науките за јазикот), „Григор Прличев“ (На безгласје глас), а оваа година му беше доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието.Со загубата на Атанас Вангелов македонската книжевност губи еден од најверзираните и најостри критичари и проследувачи на книжевната продукција кај нас, и во историска перспектива, и во однос на современата книжевност од најнов датум.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Пронајдени тела на двајца мигранти, едниот е малолетник

На 23.10.2021 околу 09.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на место викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско, биле пронајдени тела на две починати лица, најверојатно мигранти. По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација. По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Приведен скопјанец, бил агресивен кон полицајците

На 23.10.2021 околу 22.00 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(68) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. На него му бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 4, 6 и 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања