Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

policija-3-640x382

Ограбена аптека во Скопје

На 23.10.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во аптека на ул.„Лазар Трпевски“ едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

alijansa-za-albancite

Ова е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција, велат од Алијанса за Албанците

Почитувани стружани! Дојде време да се oбединиме! Време е да го повикаме секој граѓанин на Струга, со или без партиска припадност, од Алијанса и Алтернатива, од Беса и ДПА, од ВМРО и СДСМ, oд Либералите и од Левица, од сите етнички, верски и јазични припадности, од сите идеолошки припадности и од која било група, велат од Алијанса за Албанците.„Ова не е лична битка на Идри Истрефи, туку е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција.Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од секоја страна на земјата што неа ја посетува. Струга нема сопственик.Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за СТРУГА. Гласајте број 6 и радувајте и се на победата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, вели Заев

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат. А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред - кон развојот, кон напредокот, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.„Во овие четири години потавивме високи економски стандарди.Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет.Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година,Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество.За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата.Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата.Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

ВМРО-ДПМНЕ ги објави полицајците кои малтретирале граѓани

Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот, во име на Заев и Спасовски „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици“, Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Сите до еден се вработени во МВР.И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски.Не пробувајте да ги заштитите и понесете одговорност.Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот во име ма Заев и Спасовски "убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици".Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР ПрилепТрајан Комиција – Командир на БПС ПрилепЕмилија Велкоска – Началник на НККР ПрилепАндреј Лашкоски – БПСИгор Нешкоски – БПССтефан – граничнаДавор Паскоски – БПСМелита – ПСНевенче – администратор во БПСКире Китаноски – личен шофер на Оливер ЛукароскиКоста Талески – ПС во дежурнаВенко Илиески – БПСВалентин Димоски – БПСЖарко Цуцулоски – БПСАндреј Дукоски – БПСТеодора Китаноска – БПСАлександар Крајоски – БПСЉубе Стојаноски – БПССтефан Кучкарот – БПСБорче Црнески – БПСВанеса Колашинац – Заменик командир на ОВР ПрилепАнастас Паризо – БПСИгор Божиноски – БПСМарјан Мачорот – БПСДоста е од бегање од одговорност. Време е за одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-25-at-13.06.09

СДСМ: Каде завршувале стотици илјади евра што ги должат фирмите со кои менаџирала Арсовска?

Инвеститор на Спортската сала „Расадник“ е град Скопје, а парите за спортската сала се собрани од сите скопјани по пат на самопридонес. Објектот на спортската сала „Расадник“ денес претставува градски срам, целосно деградиран и запуштен.Постојат сериозни докази дека средствата од самопридонесот на скопјани се злоупотребувани и раскрчмувани токму од страна на лицето Данела Арсовска, која катастрофално ја менаџирала спортската сала „Расадник“.Пред фактите и боговите молчат, затоа молчи и Данела Арсовска и се обидува да избега од прашања за нејзиното користење и упропастување на Спортската сала „Расадник“.Факт бр. 1: Постои фирма со име „Империал - Данела“ која има договор за користење на сала Расадник до 2026 година со закупнина од само 1.000 евра месечно.Еве го Договорот за закуп на спортска сала Расадник, со печат од фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“ склучен на 1.01.2002, кога министер за финансии е Никола Груевски. Даниела Јовановска (моминското презиме на Арсовска) е директор на фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со адреса „Благоја Гојан бр. 24“ на која се наоѓа сегашниот Хотел Империјал во Скопје, во сопственост на нејзиниот татко.Факт бр. 2: Овој документ покажува дека спортската Сала „Расадник“ во 2021 должи струја од речиси 3 милиони и 330 илјади денари, или над 54.000 евра, и е доказ за катастрофално менаџирање!Факт бр. 3: Овој документ докажува дека фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со која директорувала Данела, била затворена со долг кон Јавното претпријатие од 8 милиони денари, или над 130 илјади евра!Почитувани, Скопјани имаат право да знаат дали фирмите на Данела Арсовска, дел со седиште во Сала Расадник, ја менаџирале и упропастувале Спортската сала „Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани.Јавноста има право да знае каков менаџер била Арсовска, и каде завршувале стотици илјади евра што ги должат фирмите со кои менаџирала Арсовска. Ако Арсовска е транспарентна пред јавноста, нека не избегнува новинарски прашања и нека одговори: Кој период менаџирала со фирми кои ја закупувале Спортската сала „Расадник“, или имале седиште во неа како што се фирмите „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „РојалГруп“?Дали со стотиците илјади евра што ги должи за струја и кон ЈП, фирмите на Данела Арсовска „Империал Данела“ „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „Ројал Груп“ развивале бизнис со луксузни хотели во Скопје кои носат име Империјал и Ројал?

Скопје | пред 4 години

mickoski-5

Мицкоски: Ние сме пред вратата на енергетска криза, потребни се итни мерки

„Јас зборував за оваа енергетска криза дека ќе дојде уште пред четири месеци. Имавме еден брифинг тогаш и се обидов да објаснам дека ова ќе се случи, но тогаш се направи еден маневар во рамките на Регулаторната комисија, предложивме ако се сеќавате тогаш намалување на ДДВ-то и еве го прифатија и тогаш го поздравивме сето тоа. Гледате денеска и дел од европските земји прифаќаат намалување на ДДВ-то за струјата и за гасот и предупредивме тогаш дека и тоа не е доволно, бидејќи навистина имајќи го предвид сето ова што се случува на енергетскиот пазар во Европа, дека ние сме пред вратата на енергетска криза и дека ќе се соочиме со таа енергетска криза, но не нѐ слушаа тогаш и еве денеска со тоа се соочуваме“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во одговор на прашања по изјавата за медиуми во Пештани.Мицкоски додаде дека производство нема бидејќи тендерите беа за да се краде, не беа тендерите за да се обезбеди јаглен.„Сега се копа стихијно, се уништува технолошката шема на самиот рудник бидејќи се копа колку да се ископа денес за утре да се помине денот. Создаваат дополнителни проблеми, сега тонат сѐ подлабоко во тоа мочуриште, а на крајот на денот цената ќе ја плаќаат граѓаните и компаниите со повисока цена на струјата од таа која што денеска ја плаќаме, а можни се и рестрикции доколку не успее Владата да обезбеди“, појасни Мицкоски.Мицкоски ја повика власта сериозно да ја разгледа ново станатата ситуација на полето на енергетика.„Затоа ги повикувам веднаш да седнат сериозно да ја разгледаат ново настанатата ситуација, бидејќи таа е настаната од пред неколку месеци, а не е од сега, но еве до сега не успеаја да седнат. Ги повикувам веднаш да седнат, да формираат кризен штаб и на тој кризен штаб да се разгледаат сите сценарија затоа што ни доаѓа зима којашто според предвидувањата на метеоролозите ќе биде исклучително студена, ќе биде зголемена потрошувачката на електрична енергија и јас не би сакал да имаме ние рестрикции коишто граѓаните ќе ги почувствуваат на своја кожа“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

1-14

Шилегов: Водно го вративме на граѓаните

„Денес имавте можност да ја пробате новоотворената втора, надолна, шумска патека со којашто Средно Водно го поврзавме со центарот на градот. Оние што ја пробале кажуваат дека нуди незаборавно 20 минутно адреналинско искуство. Оваа патека значи функционално комплетирање на проектот „Водно Вело Парк“ со што омилената планина на скопјани станува функционална рекреативна и туристичка зона. Водно со овие две патеки и придружната инфраструктура станува регионална туристичка атракција“, изјави градоначалникот Шилегов на отворањето на новата велопатека на Водно.„За овие четири години воведени се бесплатни автобуски линии, воведен е ред во паркирањето, поставени се нови детски содржини, набавена е планинска противпожарна опрема и возила, организирана е спасителна служба со црвениот крст на Град Скопје. Двете патеки за планински велосипедизам дојдоа на барање на велосипедистите и планинарите кои често влегуваа во конфликт на планинарските патеки. Овие патеки немаат никаков контакт со патеките на планинарите“, вели Шилегов.Патеката е долга над 3.5 км и широка е 3 м. Косините се лесно совладливи и од помалку искусните возачи, но носењето на заштитна опрема е задолжително и е препорачливо. За оваа патека се расчистуваше единствено ниска вегетација, но она што е важно е дека не се сечеше шума. Кога се воведе паркингот на Водно најавата беше дека парите ќе се инвестираат во планината. Денес може да каже дека оваа патека со вредност од 8 милиони денари е финансирана со паркинг картите на автомобилистите.„Да ве потсетам, на Водно му се случија тешки злостори во нашето блиско минато. На Водно му се случи Сончев Град – населба која не се догради а за која се пресече шумата на источните падини кон општина Кисела Вода. На Водно му се случи патот до Сончев Град – којшто се изгради несоодветно и сега е небезбеден за употреба и затворен. Овој пат не само што пресече илјадници дрвја на планината, туку ги пресече и најубавите планинарски патеки од Кисела Вода кон Марково Крувче и Средно Водно.На Водно му се случи и поместувањето на градежната линија и засилената урбанизација над Центар и Карпош за коишто ја имаа помошта на ГУП-от изработен од мојот претходник Коце Трајановски“, потсети градоначалникот Шилегов.„Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје не смее да запре“ потенцираше Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Screenshot_81-3-700x409-1

(ВИДЕО) Темелков од „Гранд“ со песна за Магде

Фолк-пејачот Александар Темелков, кого публиката го запозна од шоуто „Ѕвездите на Гранд“, ја промовира новата песна „Ах мори Магде“. Песната има преку 11.000 прегледи на Јутјуб, а фановите го прашуваат која е таа Магде што го спобудале.Текстот за „Ах, мори Магде“ го напиша Ангела Стрезовска, музиката и аражманот се на Славко Ристески, а трубата ја свири Филип Нуне од „Нуне брадрс“. Александар сними и видео кое го реализираше „Ин продукција“.

Магазин | пред 4 години

Capture-3

МВР: Невистинити се обвинувањата за следење, малтретирање и попречување на слободата на луѓе

Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало.Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.Во исто време, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.

Македонија | пред 4 години

slika-3

Пецаков: Потребно е да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее

Измината е од прилика веќе една недела каде што со несмален интензитет и буквално енергија која што ја поседуваме. Одиме по граѓаните, тропаме по вратите, ја бараме нивната поддршка едноставно она кое што е потребно и покрај огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од 2.000 гласови, е потребно масовна излезност за навистина да дојде крајот на она зло кое надвиснало во Македонија предводено од Зоран Заев и СДСМ, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.„Во суштина гласањето на 31-ви октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргнеме кон една нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее.Во таа цел имаме многу огромна поддршка од страна на граѓаните и се надевам дека она кое што го добивме во првиот круг и не само што се надевам, туку и убеден сум дека во вториот круг ќе имаме повеќе од дупло поголема разлика. Секако за тоа работиме. Ја гледаме атмосферата на терен и ја гледаме поддршката на граѓаните која што расте од ден на ден, и не се сомневам во тоа.Охрид, а и Македонија ќе има нова власт која што ќе знае и умее како Македонија да оди во вистински правец, а секако и сите останати градови не само Охрид“, дпдава Пецаков.

Македонија | пред 4 години

slika-1-1

Мицкоски бара обвинителството веднаш да поднесе кривична за злосторничко здружувањe

ретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Пештани одговарајќи на новинарско прашање во однос на злосторничката групација формирана од полициски службеници под водство на Заев и министерот за внатрешни работи, за малтретирање на граѓани во изборна кампања истакна дека има повеќе докази кои се доставени до меѓународната заедница и го повика обвинителството да отвори истрага.„Да, имаме повеќе вакви докази што се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење. Повеќе од двајца, според кривичниот законик е злосторничко здружување, така што го повикувам обвинителството веднаш да постапи затоа што ќе даде лош пример, а ќе даде лош пример во насока на обесхрабрување на граѓаните бидејќи нема правда во оваа држава, ако тоа може да го прават на најголемата политичка партија во Македонија и ако тоа може да го прават на идниот градоначалник на таа општина станува збор за општина Прилеп каде што Борче Јовчевски убедливо победи, би рекол 2 спрема 1 наспроти неговиот политички противник кандидат за градоначалник, тогаш како ние граѓаните можеме да се чувствуваме безбедни, кога истите тие што треба да се грижат за нашата безбедност всушност ја загрозуваат нашата безбедност. на ова мора да му дојде крајот и затоа го повикувам обвинителството веднаш да постапи според овие индиции“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Zaev-25

СДСМ во целост се оградува од какви било нерегуларности за овие избори

СДСМ во целост се оградува од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори, велат од СДСМ.„Тоа време заврши пред четири години, тоа е времето на МВРО-ВМРО од кое граѓаните денес се заштитени и преку институциите и преку севкупниот демократски амбиент. Граѓаните од 2016 година наваму гласаат слободно, а сите четири изборни циклуси од тогаш наваму, како и референдумот, се потврдени како целосно слободни, фер и демократски.Во пресрет на вториот круг се засилува Центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели.Сепак, за и овој куп лаги на ДПМНЕ да распука како меур од сапуница, бараме од институциите итна постапка и расчистување на овој случај. Јавноста треба да знае дали било која институција креирала таква група и дали наводните дејствија презентирани на прес-конференција било кога реално се случиле“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

sana

Сања Вучиќ направи драма на аеродром: Мислеа дека сум терорист

Сања Вучиќ вели дека најголемиот срам и се случил на аеродромот во Будимпешта, кога со куферот направила целосна конфузија.Седнала во кафуле, бидејќи на аеродромот стигнала многу порано. Наместо да го земе куферот со себе, таа го оставила.Тогаш започна драмата.„Бев на аеродромот во Будимпешта, пристигнав малку порано и отидов да јадам нешто. Наеднаш ми пријде жена која работеше на каса, ќе ми вика „Брзо, брзо, излегуваме, затвораме, брзо“. Се вртам, гледам полиција и сфаќам дека немам куфер! Го оставив куферот среде кафуле, дојдоа полицајци со кучиња, и проверуваа дали има бомба. Го земам куферот, сите почнуваат да трчаат кон мене, да викаат, на унгарски, ништо не ги разбирав!“, рече Вучиќ.Таа истакнува дека ова е најголемиот срам во нејзиниот живот.„Најлошо од се е што ми пријде жена и ми вели „Сања, знам унгарски, сакаш ли да ти преведам?“, само помислив дали е реално што и овде се посрамотив! Значи, тоа ми е најголемиот срам, што го узурпирав цел аеродром, го испразнив кафулето со 500 луѓе поради куферот! Мислеа дека станува збор за терористички напад, и настана хаос во таа ситуација - изјави пејачката за 24seven.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Во Кина вакцинирани 75% од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг.„Околу 1.068 милијарди луѓе сега се вакцинирани со потребните дози, од вкупното население од 1.412 милијарди“, рече Ми на брифингот со новинари, пренесуваат светските медиуми.Во земјата се дадени 2,245 милијарди дози вакцина против Ковид-19 до 23 октомври.Кина во голема мера го ограничи ширењето на инфекцијата во повеќето области, а спорадичните локални епидемии се мали во споредба со оние во другите земји.Сепак, Ми предупреди дека постои зголемен ризик од повторно разгорување на епидемијата.

пред 4 години

midou-volker-vin-dizel1-700x428-1

Вин Дизел ја одведе ќерката на Пол Вокер до олтарот

Медоу (22), ќерката на трагично загинатиот актер Пол Вокер, се омажи за глумецот Луи Торнтон Алан. До олтарот ја одведе најдобриот пријател на нејзиниот починат татко, Вин Дизел, кој бил и кум на свадбата.Манекенката на својот инстаграм-профил објави неколку слики и видео од венчавката. Таа и Луи се венчаа три месеци по свршувачката.„Се венчавме“, напиша Медоу.Пол Вокер, ѕвездата на „Брзи и бесни“, почина 2013 година, неколку недели пред 15. роденден на Медоу.

Магазин | пред 4 години

Dajte-Muzika1

Избрана песната за Јуниор Евросонг во Париз

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од серијалот „Дајте музика“ ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, со песната „Грин форсес“. Откако од МРТ пред неколку дена најавија дека децата од „Дајте музика“ ќе бидат македонски претсавници на Јуниор Евросонг, сега ги открија имињата на двете момчиња и двете девојчиња што ќе пеат, а го открија и името на песната, чија промоција ќе биде наскоро.МРТ оваа година реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претставник на музичката манифестација. „Дајте музика“ е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Тие испеаја повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, а издадени се два албума и има милионски прегледи на музичките платформи на нивните детски хитови.Годинашното 19. издание на Јуниорската Евровизија ќе се одржи на 19. декември во Париз, откако лани победи Валентина од Франција. Настанот ќе го пренесува Македонската радио телевизија.

Магазин | пред 4 години

IMG_20211024_123225_464

Арсовска планира нов Мега парк во Аеродорм

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители и поддржувачи од општината. „Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во општината, во градот и на сите нас. Фокусот ќе го ставиме на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемите во сообраќајот, брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, повеќе пешачки и велосипедски патеки, повеќе зелени површини. Во општина Аеродром е планиран и нов Мега парк, по примерот на градски парк, како и повеќе паркови низ сите населби кои се дел од општината“ – изјави Арсовска на средбата со жителите од општината. Жителите на општината се пожалија и на лошиот квалитет на воздухот од дивите депонии и од Вардариште, за што Арсовска најави итно санирање и чистење. Таа, исто така го престави и својот проект за изградба на Скопје Инопарк на површина од 7000 метри квадратни за економско јакнење на општината преку користење на ИТ ресурсите и потенцијалите од индустријата и овозможување професионален раст за младите од оваа општина но и од целиот град. Арсовска најави и изградба на мултимедијален центар кој ќе нуди содржини за сите посетители.

Скопје | пред 4 години

kina-korona-2

За бесплатен ПЦР се чека 7 до 11 дена, ако платите може и веднаш

За ПЦР тест во внатрешноста на земјава се чека 3 -4 дена, а во Скопје и по една повеќе од една недела, потврдуваат матичните доктори. За 24 вести велат дека додека чекаат за тест дел од пациентите оздравуваат.„На терен имаме проблеми, во секој град е исто. Се чека од 3 до 4 дена, во Скопје се чека од 7 до 11 дена. Не секој има финансиски средства да отиде на приватно. Во последниот случај имам тројца членови од едно семејство кои што се позитивни, чекаа тест, а сите се болни, дадена им е терапија, секако дека се покриени, но мораме да ги тестираме, немаат сите пари да прават и тестови за антитела на приватно.“ - вели д-р Лилија Чолакова Дервишова - Претседателка на Здружение на приватни матични лекари.Скопјанка со симптоми на Ковид требало да чека седум дена за термин за тестирање. Се обидела да закаже тест кај својата матична лекарка, но првиот слободен термин бил дури за седум дена. Со оглед на тоа што не можела да чека, била принудена тестот да го направи на приватно. Она што ја револтира е што отишла во Институтот за јавно здравје каде и покрај тоа што немало гужви тестот и бил наплатен приватно.„Отидов до ИЈЗ и прво се изненадив таму што никој не чека, најлогично ми беше дека ако нема термини за закжување ќе има полно луѓе кои што ќе чекаат за тестирање со термин. Внатре беше лаборантот, го прашав имате ли тестови ми одговорија дека има, може да се тестирам, но приватно затоа што немам термин. Платив приватно 1850 денари, си го платив и го добив резулатот за среќа немав корона, ама како и да е - јас требаше цела недела да чекам и да се прашувам дали имам или немам  корона, дпополнително кој ќе ми даде мене оправдување на работа дека јас чекам тест, вели таа.

Македонија | пред 4 години

f_12901927_1024

ФОТО: Во Нова Градишка поставен споменик на Тоше Проески

На шеталиштето „Новоградишки куриозитети“ во Нова Градишка, свечено бешe откриен споменикот посветен на починатата музичка ѕвезда Тоше Проески. Овој споменик, кој го изработи уметникот Славко Буниќ, е поставен во близина на местото каде што Тоше загина пред 14 години во сообраќајна несреќа.На откривањето на споменикот присуствуваа македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Крушево, Томе Христовски и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, но и ветераните на македонската ракометна репрезентација на чело со Пепи Манасков и граѓани на Нова Градишка.„Статуата е симбол на пријателството меѓу Нова Градишка и Крушево“, рече за хрватските медиуми градоначалникот Гргиќ.„Со Нова Градишка нѐ поврзува трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови обожаватели и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени“, рече градоначалникот Христовски на откривањето на споменикот, а пренесоа хрватските медиуми.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Скопјанец превезувал мигранти од Индија

На 23.10.2010 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка - с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“. По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Малолетник направил сообраќајка во Гостивар, едно лице тешко повредено

На 23.10.2021 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Гостивар – с.Чегране и локален пат во с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(18) од с.Форино и патничко возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Гостивар.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Р., а со телесни повреди се здобил малолетниот возач и малолетен сопатник во возилото „опел“, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Автомобил удрил во пешак и избегал, полицијата трага по сторителот

На 23.10.2021 околу 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „фиат браво“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово

Македонија | пред 4 години

oliver-andonov-1

(ФОТО) Предлог до Стевчо: Кандидирај се за градоначалник на Ханој

Лидерот на политичката партија ГРОМ, а воедно и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.„Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили“, напиша Јакимовски.Еден од неговите следбеници под објавата остави интересен коментар.„Кандидирај се за градоначалник на Ханој“, стои во коментарот. 

Коментари | пред 4 години

njemac-traktor1

РСБСП: Возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот

Во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот итн., бројот на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот) значително се зголемува, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП), во рамки од кампањата „Безбедно на трактор“.Возењето трактори претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај, бидејќи незгодите во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети.Статистичките податоци покажуваат дека: Секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколка го губат животот во сообраќајни незгоди. Во првите шест месеци од 2020 година, еден возач на трактор го загубил животот, а во сообраќајна незгода се повредени 12 лица. Во летниот период од 2020 година, според неофицијални податоци на РСБСП, двајца возачи на трактор го загубиле животот.РСБСП посебно апелира до возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.Искуството од теренот и податоците од станиците за технички преглед на возила покажуваат дека голем број на возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола, како и дека голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини учествуваат во сообраќајот нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.Во рамки на кампањата „Безбедно на трактор“, РСБСП во соработка со МВР, организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоресцентни налепници, триаголници и ротациони светла.РСБСП реализира и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел подигнување на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор итн.Реализацијата на оваа кампања ќе придонесе за повисока сообраќајна едукација на возачите на трактори, приколки, мотокултиватори и останатите учесници во сообраќајот, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Македонија | пред 4 години

20211024104937

Исчистена депонијата во Карпош, ќе се прави парк со ботаничка градина на 86.000 квадрати

Големиот зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија, вели Душко Весковски кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.„Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 проценти до крајот на 2025 година, вели Весковски.Додава дека иако живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“ и пензионерските денови минати во дружба со пријателите на партија шах.„Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане, барем за еден миг, вели Весковски.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања