Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

23042021_PVRSM_Zaev_telefonski_razgovor_so_premierot_Leven

Заев најави game change: Ако јас кревам телефон, ќе креваат сите

Јас знам дека вие не сакате да се врати режимот. Но, некој во вашиот личен живот ве повредил, некој ве потценил, некој ви ја затворил вратата неправедно, некој не ви кревал ни телефон за да ја слушне вашата мака. Ви благодарам на сите вас што причините ги споделивте со мене, рече синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев од Скопје.„Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер, ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите. И секој од највисоко до најниско раководно ниво. Ќе ве слуша и ќе ви помага, затоа што за тоа е поставен, за државата и за граѓаните. Давам директива до сите, општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE -  излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот“, изјави Заев

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Фатен прилепчанец додека крадел BMW

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки.Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Kovacki

Полицајци блиски до СДСМ формирале злосторничка група за време на изборната кампања, вели Ковачки

Според Извештајот на Стејт Департментот на САД, Македонија под водство на Зоран Заев е хибриден режим, вели  Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Еве и зошто. Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор:Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз.Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.За изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп  - Дарко Цуцулоски, заменикот командир - Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп - Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е  личен шофер на советникот на министерот Спасовски - Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец.Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата.Друга порака од групата вели – „Застанете ги возилата и на принуден технички преглед“!Еве ги грозоморните детали:Цитирам една од пораките:„Вчера во 19.00 часот на ул. Кеј 19-ти септември пред зградата на зоолошката, втора зграда, Тојота црн џип ПП 0200 во кој седеше Борче Јовчески, во возилото седеше со УПС Мики Чадамов кој му предаваше список, односно документи“ – дава информација во групата Марјан Мачорот од БПС Прилеп.Ова е извадок од таа конверзација, која открива дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе избран градоначалник на Прилеп, бил следен од полицијата за партиски цели на СДСМ.Во друг дел од брифинзите кои си ги даваат помеѓу себе, Дарко Цуцулоски, командирот на ОВР Прилеп пишува – цитирам:„Онај од комуналец замина пешки на кутии“, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукарески дава насока – „На технички, земете му ја колата“. Додека Александар Крајоски од БПС Прилеп додава – „Крфта да му ја е...“. На тоа Кире Китаноски, шоферот на Оливер Лукароски уште еднаш дава насока – „Земете му ја колата, убијте го, напрајте нешто“.Од овие пораки јасно гледаме наредба за шиканирање, малтретирање, одземање на возило за политички причини, и наредба за нанесување на физички повреди и убиство.Во групата се давани насоки и се договарани и други физички пресметки, како и закани по животот на прилепчани.Откако Давор Пашкоски од БПС Прилеп во групата ќе напише - обезбедувањето, Александар Крајоски му одговара – „Е...“ Во продолжение Младен Љољо од БСП Прилеп информира – БМВ црно (0898) АЦ, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукароски дава насока и информира – „Му пуштив на Џо едни билдери минатиот пат шо го нашлакаја ќе го посетат за кратко“. А, Давор Пашкоски од БПС Прилеп на тоа додава – „Ќе му прата поздрав и од друга страна“.Почитувани,Од ова се гледа како високи полициски функционери создавале групи за пресметки и тепање на граѓани кои не размислувале како раководството на СДСМ.Во целост се  злоупотребувани и полициските овластувања за што е можно поголема саботажа на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во дел од конверзацијата во групата, Борче Црнески од БПС Прилеп информира - Голф ПП (9260) АЦ Мирослав Кусибојски, Пежо ПП (5008) од Проданоски, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукароски дава насока – „Барајте купопродажен, полномошно, кој го има законот нека види кој член е, носете го во полиција, колку минути повеќе ги држите - толку помалку ќе однесат, да дојди газдата по возилото ако немаат полномошно“.Почитувани граѓани,Почитувани новинари,Скандалот продолжува.Ова е само мал дел од комуникацијата помеѓу високи полициски функционери кои биле дел од група во рамките на МВР за следење, шиканирање, малтретирање, физички напади и оневозможување на функционери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во нивната работа. Во наредниот период ќе откриеме уште детали за овие нелегални и  казниви активности.Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај против Оливер Спасовски, Зоран Заев и Љупчо Николовски, како одговорни во МВР и СДСМ за овие избори. Истовремено ги повикуваме меѓународните претставници во земјава внимателно да ги следат случувањата организирани од власта, а се со цел уривање на демократијата.Народот да не се плаши од Заев, како што не се исплаши ниту во првиот круг. Позади параванот никој не може да види за кого ќе гласате. Бидете свои и изберете промени. За сите криминалци ќе има одговорност.Доколку Заев се обиде со притисоци да ја заташка работата, треба да знае и тој и сите директно вмешани дека ќе одговараат веднаш по ослободувањето на институциите од ваквите криминалци за сите злоупотреби и криминали кои ги правеле, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

kanabis

Пронајдена дрога кај 19-годишник

На 23.10.2021 во 09.30 часот на ул.„Стево Филиповиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Г.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Од локалните избори зависи развојот на општините, вели СДСМ

Овие локални избори се важни бидејќи од исходот ќе зависи развојот на општините. Од исходот ќе зависи дали парите од Буџетот ќе одат во општините и граѓаните или во споменици, бикови, палми и жални врби, велат од СДСМ.„А, развојот на општините е можен само ако сите се обединиме околу политиките што гарантираат напредок, економски раст, како и грижата за подобар животен стандард на граѓаните.Во изминатите четири години постигнавме сериозни успеси на полето на економијата, при тоа соочувајќи се со предизвиците од пандемијата на коронавирусот.Како одговорна и државотворна партија со домаќинско работење ги зголемивме сите плати во просек за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15.9 отсто, а за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош. Зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ вративме 36 милиони евра кај над 400.000 граѓани за само две години. Обештетивме 13.000 стечајни работници и воведовме социјална државна пензија.И не застануваме тука. Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна нето-плата по вработен во август 2021 година, изнесува 28.642 денари. Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Овој тренд на раст е директен резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ.Посветено вложувавме и во развој на локалните самоуправи. Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, а потоа вложивме 500 милиони евра во реализација на над 7.000 локални проекти.Сето ова ја потврдува нашата намера да вложуваме во граѓаните, во општините, во сето она што е важно за да се подобри квалитетот на живот во секое населено место.Затоа, ги повикуваме сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта за ранливите категории, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат кај граѓаните.Да гласаме за бројот 12 да продолжи развојот на општините“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

struja-2

Четири опомени за МЕПСО, следуваат ли санкции за Македонија?

Македонија во просек секој ден влече околу 4.500 мегават часови електрична енергија од Европската мрежа за струја, велат извори за Сител.Ова МЕПСО го чини најмалку еден милион евра дневно. Според анализите сметката која ќе треба преносниот систем да ја плати за октомври ќе надмине 10 милиони евра. Поради големите количини кои се влечат од меѓународната мрежа, пред се заради недоволното домашно производство на ЕСМ и слабите акумулации, земјава доби нова, четврта по ред опомена од Европа. За оваа известени се сите надлежни институции. Поради ваквата состојба познавачите велат дека земјава може да се соочи со санкции.Според експертите состојбата е алармантна, во системот недостасува струја, поради што се користи меѓународната мрежа.– Оваа енергија се зема од европскиот систем и на крајот од месецот доаѓаат фактурите кои треба да се платат и треба да се знае колку тоа чини. Јавноста треба да знае колку струја недостасува и каква е состојбата со акумулациите и што ќе се прави во ноември и престојната зима – вели за Сител Сања Божиновска консултант по енергетика.Состојбата стана уште поалармантна откако пред неколку дена пропадна тендерот со кој државата требаше да ги обезбеди потребните количини на јаглен за РЕК Битола. Увозот се прави главно да се обезбеди струја за стопанството. Затоа од бизнисот се надеваат дена навреме ќе пристигне јагленот во земјава.Енергетичарите очекуваат стабилизација на енергетскиот сектор дури во втората половина следната година. Но дотогаш велат не чека тежок период.

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Герасимовски откри кој е неговиот приоритет за Центар

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата изјави дека нема да отстапи од хумана урбанизација преку планско градење и заштита на јавниот интерес. Општина Центар и граѓаните претрпеа огромна неправда со ГУП-от од 2012г кој конечно ќе се ревидира следната година, рече Герасимовски. Според него со постоечкиот ГУП во општина Центар било уништено зеленилото пред Градскиот трговски центар за деловен и комерцијален простор, но и многу други зелени површини во општината каде се изградија објекти.„Јас ќе ги ревидирам сите ДУП-ови кои не се совпаѓаат со Градскиот урбанистички план. Досега преку ревидирање на девет ДУП-ви заштитивме 14000 метри квадратни зелена површина и изградивме градинка на место предвидено за деловен објект и памптрак на место на маркица за изградба на хотел. Ова е единствениот пат до хумана урбанизација. Понатаму, строго почитување и спроведување на законите за градба се императив. Со носењето на новиот закон за градба која е во финална фаза, новиот ГУП и носење на ДУП-овите на ниво на општина, Центар конечно ќе го заштитиме од градежно дивеење“ - истакна Герасимовски.Герасимовски истакна дека со новиот ГУП кој ќе биде донесен следната година конечно ќе се предвиди урбанизација надвор од централното јадро, со што притисокот за градба во општината значително ќе се намали. ГУП-от кој веќе е во подготовка од страна на Град Скопје нема да предвидува тешка индустрија на градското подрачје, ќе предвиди хумана урбанизација на секој дел од градот а со тоа и конечна заштита на Центар“, изјави Герасимовски.Тој рече дека во следните четири години граѓаните ќе се шетаат по најголемата пешачка зона од 70 хектари со слободен простор и многу зеленило. Герасимовски порача дека обединети со граѓаните ќе го продолжат развојот во општините и градот по што Центар и Скопје нема да претрпат ново понижување и узурпација на зеленилото со нов барок.

Скопје | пред 4 години

240774212_276953147210948_2455151188250889863_n-1

Ќерката на Хајди Клум на 17 години позира топлес

Ќерката на супермоделот Хајди Клум (48), Лени, се сликаше топлес за британското списание „Ролеркостер магазин“. На сликата Лени (17) позира во раскопчано палто и со рака ја покрива голата града.Фотографијата предизвика негативни коментари, бидејќи ќерката на Клум е сè уште малолетна.„Дали е тоа воопшто легално? Таа има само 17 години“, „Ова е нелегално“, „Девојко, зарем не си малолетна? Кој ти дозволува да правиш вакви работи? Каде е мајка ти?“, коментираат на социјалните мрежи.Во коментарите многумина ја критикуваат и поранешната манекенка.„Каква мајка е таа што дозволува нејзината малолетна ќерка да објавува такви фотографии. Таа е дете. Не треба да дозволите да биде сексуализирана на тој начин“, пишуваат на интернет.

Магазин | пред 4 години

maksim-dimitrievski1

Димитриевски очекува поддршка од СДСМ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој во вториот круг од локалните избори влезе како независен кандидат, одговора на нападите од неговата партија СДСМ дека склучил пакт со злото, што би требало да значи дека е во коалиција со опозицијата.– Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото. Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани. Побарав поддршка од сите политички партии во нашата земја. Очекувам поддршка деновиве да ми даде и мојата политичка партија СДСМ, членовите и симпатизерите од ДОМ, ЛДП, Коалиција на Албанците и Алтернатива, како и сите останати политички субјекти од македонскиот и албанскиот блок – објави градоначалникот на Куманово.Димитриевски порача дека има само една коалиција, односно дека веќе се здружил со граѓаните на Куманово.– Јас имам само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните! Тие на 17-ти октомври се изјаснија кој заслужува да ја добие довербата во Куманово. Изминативе денови сме сведоци на невидени притисоци, злоупотреби, обиди за поткуп и дискредитација на членови од нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово“! Ова е недозволиво. Како актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник ќе продолжам да работам за сите граѓани подеднакво, затоа што граѓаните заслужуваат да живеат подобро – додаде тој.

Македонија | пред 4 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Јакимовски потресен зошто му упаднаа Кинези додека збореше во живо

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на опозицијата, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.– Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили – вели Јакимовски.Лидерот на ГРОМ ги замоли своите противници да останат коректни во пресрет на вториот круг од локалните избори.– Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања – посочи тој.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Започнува претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Во вторник (26.10.), Општина Центар ќе започне со изведбата на 5-тата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.Во оваа фаза се предвидува целосно затворање на улицата од крај на фаза 4 до крстосницата со улица „Ѓорѓија Пулевски“. За време на реализацијата на оваа фаза се забранува паркирањето на дел од улицата „Благоја Давков“ и возилата што доаѓаат од ул. „Франклин Рузвелт“ се пренасочуваат преку ул. „Ѓорѓија Пулевски“ по останата мрежа.Едниот пристап до Министерството за одбрана се затвора и возилата до министерството ќе пристапуваат преку веќе претходно изградениот пристап. Улицата „Алберт Ајнштајн“ се предвидува да биде целосно затворена, со тоа што жителите од истата ќе можат да пристапуваат преку улицата „Донбас“ која е поврзана со ул. „Орце Николов“, со пристап преку тротоар. Улицата „Дане Крапчев“ е затворена на делот кон крстосницата за што е поставена соодветна сигнализација и е оставена можност жителите по должина на истата да пристапуваат во слепиот крак.Реализацијата на оваа фаза од реконструкцијата е предвидено да трае 30 дена. Реконструкцијата на „Орце Николов“, поделена во 6 посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни. Целиот зафат чини 64.847.608 денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Скопје | пред 4 години

2-7

Скопје има над 115км вело патеки, вели Шилегов

Велосипедизмот во Скопје изминативе четири години зема вистински замав. Следејќи го правилото велосипедските патеки задолжително да бидат дел од сите нови сообраќајници што ги гради градот, нивната должина се дуплираше во првиот мандат на Шилегов, но и стандардите на изведбата драстично се подобрија. Ако до неодамна Скопје имаше 50-ина километри патеки, лоцирани на кејот на Вардар и најшироките булевари Партизанска,Илинденска, Јане Сандански и Александар Македонски), сега градот има поврзани велопатеки од Ѓорче Петров до Пинтија и Маџари. Со пробивањето на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, велосипедската мрежа изби до самата обиколница.Но, градоначалникот Шилегов нагласува дека не е сè во километрите: „Работевме на конектори, бидејќи тие ги прават велосипедите функционални. Џабе имавте велопатеки на партизанска и Илинденска, кога немавте начин со точак да преминете од една до друга. Затворањето на Голем Ринг со целосно одвоени велосипедски патеки за мене е многу поважно од квантитетот. Пробивањето на кејот за велосипедите во центарот на градот за мене е многу поважно од колку километри се направиле.“Бројот на велосипедисти во главниот град е драстично пораснат и тоа е видливо по сите скопски булевари, дури и во зима. Големиот број на топли денови во годината, како и рамниот терен, го прават Скопје град со совршени предуслови за вело метропола. За напредокот на Скопје на ова поле говорат и активистите од соседна Софија кои упатуваат на Скопје како пример како треба да се развива велосипедизмот.Шилегов додаде: „Развивањето на велосипедизмот не значи само изградба на патеки. Напротив, треба истовремено да се работи и на другите аспекти кои го охрабруваат возењето. Во Скопје денес има неколку стотини нови велопаркинзи, Поделени се над 15.000 субвенции за велосипеди и 600 електрични тротинети, осигурителните компании започнаа да нудат полиси за кражби, го изградивме првиот велоштад под транспортен центар, како и два памптрак полигони за да го популаризираме велосипедот кај младите скопјани.“

Скопје | пред 4 години

IMG_4715

Денес променливо облачно и посвежо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Температурата ќе се движи до 18 степени, во Скопје до максимални 15 степени.Од утре времето ќе биде стабилно и без дожд но се очекува значајно намалување на утринските температури. Од понеделник тие ќе се спуштаат и под нулата.Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-24-092126

Болдвин присуствуваше на комеморацијата на режисерката што ја уби

Алек Болдвин присуствуваше на приватна комеморација за Халина Хачинс, режисерката на фотографијата што случајно ја уби во четвртокот, кога пукаше со пиштол, кој по грешка бил наполнет со вистински куршуми.Болдвин заедно со сопругата и синот на трагично загинатиот Хачинс присуствуваше на комеморацијата со семејството и пријателите, јавуваат американските медиуми.Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина“, напиша тој.Откако пукал од реквизит, за кој му било кажано дека е „ладен пиштол“, Болдвин случајно ја убил Хачинс (42) и го ранил режисерот Џоел Соуза (48).Испадна дека имало вистински куршуми во пиштолот за потпирање, и се се случило на снимањето на филмот „Рѓа“. Се очекува Соуза целосно да закрепне, пренесуваат американските медиуми.

Магазин | пред 4 години

denis

Космонаутко раскажа низ што минува како медицинар во корона кризата

Трае....трае...и трае. Трае предолго, очекувавме кратко, верувавме и се надевавме дека брзо ќе заврши, за месец два, ај еве три. До јуни (ланскиот, да не се разбереме погрешно) и - толку. 20 месеци...речиси две години, кој би рекол, вели Денис Јанкуловски-Космонаутко.„Една реченица со која често се среќавам во разговори со луѓе кај што имам земано брисеви е "ќе полудам, мислам дека сум на крај со нервите".Многу моменти придонесуваат за ова, изолациите, карантините, долгомесечните неизлегувања од дома, негледањата со своите најблиски но и со роднините и пријателите, монотонијата. Однеси потребни намирници и остави ги пред врата со болка во срцето што не можеш да влезеш и да гушнеш. Болка до коска....Недостатокот од поздравување, гушкање, чувството на топла прегратка која дава сигурност и блискост, која е човечка карактеристика и едно од најубавите животни секојдневија. Недостатокот од визуелен момент со родителите/децата/внуците/љубовта на животот кој обезбедува топлина во срцето и енергија за денот, кој е грб во ветерот за полесно минување на тешките моменти.Недостатокот во најтешките моменти на загуба на некој близок да ја споделиш болката со некој до тебе, самотијата во последното испраќање заради ете протоколи, правила и најмногу заради сечија безбедност.Она што дополнително отежнува или што би рекле "како сол на рана" а што за мене претставува мноооогу големо оптеретување за сите е тоа она што јас го нарекувам "бескраен кружен тек". На пример имаат близок контак со некој позитивен, чекаат неколку дена за појавување на симптоми, стрепат, во грч прават тест - негативен. Супер. Но веќе во наредните неколку минути повторно влегуваат во шемата наречена "внимавај, носи маска, дезинфицирај се, немој блиску, чувај се" ииииии - пак некој сомнителен контакт, пак истиот круг - симптоми, стрепење, ев тест. И така во круг. Но тоа всушност е и единствениот начин да се дочуваме и тоа трае.....и трае....и трае.Затоа сметам дека после оваа криза многу работа ќе имаат психијатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме. Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткоронски синдром.Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат.Личи на бескрај, но се' има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре.Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, да се насмееме, со дооооолги прегратки, со физичко присуство. Онака како што треба како што сакаме, како што личи.Како што е нормално.И нема да полудиме, тоа знам 😉 Затоа си пееме, си се смееме, па макар и онлајн нека е. Тука сме, на број сме. Живи и здрави.И уште еднаш:Чувајте ми се за Гуш и Бац во живо“, стои во објавата на Фејсбук.

пред 4 години

najcevska

Да дадеш отворена поддршка на Мерко е исто како да ни плукнеш право во лице, вели Најчевска

Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека на овие избори за вториот круг партијата ќе му даде поддршка на Рамиз Мерко, кандидат од ДУИ и покрај тоа што предходно имал забелешки за него, се огласи професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.„Да дадеш отворена поддршка на Мерко е исто како да ни плукнеш право во лице на сите нас кои се уште мислиме дека во Македонија барем се прават обиди за поставување на темелите на владеењето на правото.Срамно дечки, срамно и жално“, напиша Најчевска

Коментари | пред 4 години

policija-3-640x382

Детали за страшната несреќа кај Ласкарци, каде загина едно лице

Една жртва и тројца повредени е исходот од страотната сообраќајка која се случи вчера попладнето на автопатот Тетово- Скопје. На лице место во незгодата починал педесет и тригодишникот Н.З од селото Чегране. Тој е сопатник во возилото кое излетало од коловозот.Според СВР Тетово несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, вчера во 17,53 часот. Патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од селото Чегране гостиварско, излетало од коловозот.На местото на несреќата починал Н.З. а возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-2

Ахмети до дијаспората: Дојдете да гласате и да го вратиме Кичево!

Заедно сме биле предизвикани во повеќе наврати и никогаш не се откажале. Сме застанале силно затоа што сме биле заедно, како цел народ посветен на нашиот роден град. Еден од најголемите предизвици кои ги имавме овие години е враќањето на Кичево во наши раце и денес не треба да дозволиме историјата да се врати назад, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, со што ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Фатмир Дехари.Тој апелира до граѓаните да покажат и демонстрираат дека се обединети на 31 октомври.– Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома – вели Ахмети.

Македонија | пред 4 години

d7g0nogmanx96hggerls

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211023_194606_410

Арсовска: Не е потребен цел градоначалнички мандат за да се решат сите проблеми

„Скопје стагнира, обвиено е во сивило и е премногу загадено. Проблемите во Скопје можат да се решат со ефикасни и брзи решенија. За реализација на проектите од мојата програма не е потребен цел градоначалнички мандат, сукцесивно и со внимателно креиран план, можат да се решат сите проблеми. Цели заборавени населби има во моментов во Општина Ѓорче Петров, без основни услови за живот како што се чиста вода за пиење, атмосферска канализација и неасфалтирани улици. Потребно е итно делување во населените места Волково, Кучково, Даме Груев, Ново Село, Орман и Никиштани и Кисела Јабука“ – им порача на вечерашната средба на жителите од Ѓорче Петров, Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје.Таа пред нив се обврза на сообраќаен ред наместо хаос, како што рече, каков што има во моментов, паркови и зеленило наместо бетон и згради на секој ќош, чистење на дивите депонии, наместо отпад на секоја страна.„Уште за време на предизборната кампања во првиот круг од изборот за градоначалник на Град Скопје, заедно со мојот тим детектиравме проблеми од секоја скопска населба и се обврзуваме дека ќе работиме на принцип на нивен приоритет со цел да започнеме еден по еден да ги решаваме. Како дел од проектите од мојата програма за општина Ѓорче Петров е проширување на кракот на булевар Теодосиј Гологанов до раскрсница со бул. Ѓорче Петров и изградба на сообраќајница со четири ленти, инфраструктурни проекти значајни за општина Ѓорче Петров, два нови кружни тека, еден на влезот во Ѓорче Петров од Сарај и друг на улица Македонска војска. Еден од петте мега паркови ќе никне токму во оваа општина, а исто така ќе направиме и нови велосипедски патеки со што ќе се овозможи подобро поврзување со останатите општини“, истакна Арсовска.

Скопје | пред 4 години

silegov-1

Скопје десет години е жртва на ГУП-от од 2012 кој го донесе ВМРО-ДПМНЕ, вели Шилегов

Во следните четири години Скопје целосно ќе се промени драги скопјани. Скопје за четири години од денес ќе биде град без метеж со целосно нови сообраќајни решенија. Скопје ќе биде град без загадување, ако за четири години успеавме да го намалиме за 33%, за уште четири можеме прашањето да го елиминираме. За четири години од сега ќе се шетаме по 70 хектари пешачка зона во центарот со многу зеленило и слободен простор, порача градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, од собирот на граѓани во спортска салата Борис Трајковски.„Погледнете го драги скопјани слободниот Кеј 13 ноември, тоа е визијата за Скопје која ја имам! Погледнете го паркот Ибни Пајко, тоа е јавниот простор кој сакам да го создавам. Погледнете ги новите МАН автобуси, тоа е стандардот кој сакам да го постигнам. Тоа е Скопје кое ќе продолжиме да го градиме а не згради и споменици на секој чекор! За една година од сега драги пријатели, Скопје ќе има нов ГУП, кој ќе гарантира дека никој повеќе нема да го злоупотребува Скопје за приватни цели, кој ќе гарантира хумана урбанизација надвор од центарот на градот. Скопје десет години е жртва на ГУП-от од 2012 кој го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме истите луѓе да го носат ГУП-от во 2022 бидејќи знаеме што не чека“, кажа Шилегов.

Скопје | пред 4 години

ivor-mickovski

Мицковски до Заев: Ќе бевме добра држава да беше само Мерко проблемот, него и ти си Мерко

Новинарот Ивор Мицкоски, на социјалните мрежи објави статус преку кој го прашува премиерот дали жали за Усени, платформите на Матка и уништеното Охридско езеро„Џабе премиере жалиш за Мерко, тоа ти е релативизација.За Нефи Усеини жалиш ли? За платформите на Матка осеќаш ли некаква вина?!За уништеното Охридско за кое 5 години лажете пред Унеско и за дивоградбите кои ги аминувавте, жалите ли?Дали жалиш што ДУИ трет пат по ред на избори го воскреснуваш, а наводно ќе ги праќаше во опозиција?Жалиш ли што им изгради министерства од зградите на Грујо и што им вдоми уште илјадници партиски клатачи на врати?Жалиш што денес во Скопје те гласа само Сарај, Чаир и Шутка?Имаш многу за жалење денес, пошто тоа е ликот на власта која ја водиш и ќе бевме добра држава да беше само Мерко проблемот, него и ти си Мерко и сите околу тебе се Мерко и Мерко ни ја води владата и Мерко ни ја пљачкосува државата.Сите вие сте јебан Мерко“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

nastavnik-dete

МВР се огласи за немилиот настан во училиште во Бутел

МВР соопшти дека директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ од скопската населба Бутел, попладнево поднела и писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде се гледа насилство врз ученик.„Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител“. – стои во соопштението од МВР.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ја нападнал бившиот дечко во ресторан во Центар

На 23.10.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека во угостителски објект на ул.„Кеј 13 Ноември“ била физички нападната од Н.Н.(39) од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

park

Малолетник нападнат во Градски парк

На 23.10.2021 во 02.15 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје пријавил дека на 22.10.2021 околу 21.30 часот на бул.„Илинден“, кај Фонтана во Градски парк, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања