Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

umnpalgnvoyxnzmwddef

Извршниот директор во ММФ: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“.Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата.Извршниот директор Хилберс посочи и дека одржувањето на независноста на Народната банка е висок приоритет и дека ММФ ја цени стручноста и истрајноста на раководството и стручниот тим на Народната банка, особено во напорите да се надминат ефектите на корона-кризата.„Народната банка спроведе политики и неуморно работеше заедно со централните банки од Европската Унија за надминување на негативните ефекти предизвикани од корона-кризата. ММФ оддава особено признание за овие залагања. Професионалноста, стручноста и посветеноста се на највисоко ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка. Исто така, даваме целосна поддршка за мерките на монетарната политика за одржување на макроекономската и финансиската стабилност“ – нагласи извршниот директор.За време на состаноците, посебно внимание им беше посветено на најновите проекции на ММФ, што укажуваат на натамошно закрепнување на македонската економија, во услови на поволно надворешно опкружување, поголема доверба и стимулативните мерки од политиките. Проекциите укажуваат и на намалување на инфлациските притисоци и стабилна надворешна позиција на економијата.Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка внимателно ги следи економските случувања и потврди дека економските изгледи се во согласност со очекувањата на ММФ. Таа истакна дека со оглед на целокупната неизвесност предизвикана од пандемијата на ковид-19, Народната банка и понатаму внимателно ќе ги следи сите показатели, вклучително и движењето на цените и инфлациските очекувања. Централната банка е подготвена да реагира доколку е потребно.Министерот Фатмир Бесими, кој го предводи тимот на Министерството за финансии, исто така учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Скршено стакло од штаб на политичка партија во Кочани

На 22.10.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во текот на ноќта на 21/22.10.2021 било скршено стаклото од влезната врата на изборен штаб на политичка партија во Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

gtc

19-годишна скопјанка нападната во ГТЦ

На 22.10.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје, В.А.(19) од Скопје пријавила дека околу 14.15 часот во Градскиот трговски центар била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

pretepan

Малолетници се тепале за девојка, едниот заврши во болница

На 22.10.2021 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник со телесни повреди од остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека настанот се случил околу 16.00 часот на ул.„Џон Кенеди“, а малолетникот бил повреден од друг малолетник поради расправија за девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Сред бензинска пумпа го нападнал со остар предмет

На 22.10.2021 во 16.50 часот во Полициската станица Драчево, од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.Како што пријавило неговото семејство, настанот се случил на бензинска пумпа во с.Студеничани, а повредите му ги нанел М.Џ. од с.Батинци, скопско, поради меѓусебно нетрпение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Професорка пријавила физички напад врз ученици

На 22.10.2021 околу 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, професорка во средно училиште пријавила дека двајца нејзини ученици, поради претходно несогласување, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Четири лица се обиделе да поминат граница со фалсификувани ПЦР тестови

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Р.Е.(50) од Липково, А.Е.(27) од Арачиново, А.Т.(33) од Батинци и К.С.(45) од с.Брест, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.Пријавените на 16.09., на 18.09. и на  24.09.2021 на Граничен премин „Табановце“ приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Македонија | пред 4 години

134301833

Измамен струмичанец: Платил за огревни дрва, но не ги добил

На 22.10.2021 во 11.35 часот во СВР Струмица, 66-годишен жител на струмичко село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло кај него и му понудило огревно дрво, а откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило да ги донесе дрвата. Се преземаат мерки за расчистувањена случајот.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Битолчанец со автомобил удри во пешак

На 22.10.2021 во 09.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „сузуки свифт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) од с.Дедебалци, општина Могила, удрило во пешакот С.А.(72) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 4 години

image-151808

Видео: Арсовска во 82 секунди наброја кои проекти ќе ги реализира

Кандидатката за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО ДПМНЕ го прифати предизвикот на новоизбраниот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски.– За Скопје треба да се направи многу, а јас за 82 секунди набројувам дел од проектите кои што се приоритетни за Скопје, напиша Арсовска на својата Фејсбук објава.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_1-4

СДСМ до Арсовска: Загадувањето на воздухот не е намалено заради ветрот, туку заради мерките

Арсовска продолжува да ги манипулира Скопјани со шарени лаги и ветувања за невозможни проекти. Загадувањето на воздухот во Скопје според официјалните мерења е намалено од 71 mg/m3 на 48 mg/m3 ПМ10 честички за само четири години, што е пад на просечната вредност од 33% од последната година на Скопје со Коце Трајановски, велат од СДСМ Скопје.„ Загадувањето не е намалено заради ветер, туку заради мерките што континуирано ги спроведуваа Град Скопје и владата.Досега Градот Скопје додели над 7.500 инвертери, и изгаснати се 10.000 активни оџаци во Скопје. Поради намалената цена за топлинска енергија, околу 2.000 исклучени домови повторно се приклучија кон централното парно греење. На 100 државни згради им се сменети котлите за греење и елиминирани се како загадувачи. Дрисла е вратена во рацете на градот, а огромен број диви депонии се санирани, а дел се претворени во градски паркови“ соопштија од СДСМ Скопје.Оттаму додаваат дека загадувањето во Скопје и натаму ќе продолжи да паѓа со нови 5 милиони евра за субвенции за инвертери, со зголемување на бројот на велосипедски патеки и субвенции за велосипеди, со воведувањето на брз автобуски превоз со ултраеколошки еко-автобуси, како и со постепено отстранување на тешката индустрија од Скопје во новиот ГУП.Тоа се мерки кои што даваат конкретни резултати, и затоа воздухот во Скопје е многу почист отколку пред 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ предизвика еколошка катастрофа во Скопје, порачаа од СДСМ Скопје.

Скопје | пред 4 години

nastavnik-dete

Наставникот кој тепаше дете пријавен во МВР, следува дисциплинска комисија

Вознемирувачко видео од наставник како тепа дете, му удира шлаканици и со раце го крева во воздух се појави на социјалните мрежи, а за случајот ќе постапуваат и надлежните органи.Станува збор настан во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.Директорката претходно за „Слободен печат“ изјави дека ќе го даде наставникот на дисциплинска комисија и потврди дека исконтактирала со полицијата.„Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик“, изјави директорката Камуран Абдулах Реџа за „Слободен печат“.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_12

Монтажна мултифункционална сцена во Градски Парк

Денес во Градскиот парк, Град Скопје ја постави првата од трите летни сцени наменети за одржување на културни настани на отворено.Станува збор за монтажна и мултифункционална сцена на отворено, со движечки челични профили, идеална за одржување на музички настани, изложби, театарски претстави, уметнички перформанси и разни други собири.На отворањето, актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, не го криеше своето задоволство од реализацијата.„Мултифункционалната сцена ќе биде новата гордост на Градски Парк. Местото каде ќе се одржуваат најубавите настани, градски фестивали, местото каде многу скопски уметници за прв пат ќе застанат на сцена и каде публиката ќе има можност да ужива во незаборавни моменти“, изјави градоначалникот Шилегов.Изминатите две години поминати со пандемијата на КОВИД 19, ги натера граѓаните повеќе време за одмор и рекреација да поминуваат на отворено, а едно од омилените места на скопјани е токму Градскиот парк.„Овој процес го започнавме веднаш по започнувањето на пандемијата. Град Скопје беше првата европска метропола со кризни мерки за културата во насока на заштита на егзистенцијата на скопските уметници, но и првата метропола што организираше цели фестивали сред пандемија, па дури и во карантин. Оваа сцена е избрана на јавен конкурс во конкуренција на 12 други трудови и беше претставена на изложба заедно со сите останати примени трудови минатото лето. По изработката на основниот проект и неопходните процедури за јавни набавки, сцената е тука“, додаде Шилегов.Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре, посочи Шилегов, изградбата на европско урбано и зелено Скопје мора да продолжи.„Ајде да се обединиме за модерен град кој вложува во иднината, а не во минатото. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура“, заклучи Шилегов на денешната прес-конференција, со повик за обединување затоа што Скопје не смее да запре да расте и да го продолжи својот пат меѓу најразвиените градови во Европа.

Скопје | пред 4 години

Nikoloski17082021

Николоски: Членовите на историската комисија со Бугарија да не работат на штета на македонскиот народ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оставката на членот на историската комисија со Бугарија и оркестрираниот напад од власта врз него, рече:Идејата на историската комисија е историчарите да разговараат за историските прашања а не политичарите. Ние долг временски период предупредуваме дека Зоран Заев сака да разговара за историјата а не историчарите, имаше обиди и Стево Пендаровски да го прави истото кога го прогласуваше Гоце Делчев за Бугарин, така што гледаме дека јасен притисок врз Комисијата. Професорот се одважи да даде оставка и на тој начин да предупреди што се случува, ги гледаме механизмите на власта коишто одат со притисок, но тоа е власт во заминување.Ги повикуваме останатите членови на Комисијата да се достоинствени и да не работат на штета на македонскиот народ, а исто така, да кажам директно дека за службениците во Министерството за надворешни работи и министерот за надворешни работи затоа што не можат да работат без него, кои што вршат притисок врз Комисијата – ќе има одговорност веднаш после промената на власт, истакна тој.Николоски ги прокоментира и односите помеѓу Македонија и Бугарија и рече дека помеѓу двата народи се добри, а тоа што го прават политичките елити е сосема друго и дека се лажат сами себе, односно Заев го лаже Радев, Радев го лаже Заев и тоа се прашања на карактери.

Македонија | пред 4 години

Foto-1

Заврши првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

Вчера и денеска во соработка со партнерските организации, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ) се одржа последниот, четврт модул со кој се финализираше Школата за политики за 2021 година при Претседателскиот центар за политичко образование.Четвртиот модул се реализираше со учество на еминентни предавачи и обучувачи од земјата и од странство, а учесниците дебатираа на теми кои ги тангираат прашањата од областа на односи со јавноста, креирање на јавни политики, демократски алатки и стратегии за борба против дезинформациите и манипулацијата со информации, како и начините на комуникација на геополитичката сцена на трансатлантските актери.На тема социјални медиуми и транспарентност на јавни институции, одбрана на дигиталната демократија, предизвици во сајбер-безбедноста и политички дискурс и партизација, во текот на вчерашниот ден предавања одржаа Скот Мастик, потпретседател за програми на ИРИ, Дерек Мичел, претседател на НДИ, Тоше Зафиров, заменик-генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Пријал Бат, програмски офицер за технички иновации во НДИ, Медлин Николоф, програмски асистент во тимот за демократија и технологија во НДИ, Крис Дотен, директор за иновации во НДИ и Мери Ендрјус експерт за политичка комуникација и поранешна асистентка на претседателот на САД, Џорџ В.Буш за глобални комуникации.На четвртиот едукативен семинар, со кој се заокружува Школата за политики за 2021 година, денеска со свои предавања се претставија Крис Холзен, виш советник за Европа и Евроазија при ИРИ, Тибо Музергес, програмски директор за Европа при ИРИ, претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, Александар Љ. Спасов, Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Моира Вилан, директор за демократија и технологија во НДИ, Брет Бароумен, виш специјалист за истражување при Центарот за глобален импакт во ИРИ и Даниел Арнаудо, советник за информатички стратегии во НДИ.Утре, претседателот Стево Пендаровски на сите учесници од првата генерација, свечено ќе им ги додели сертификатите за успешно завршување на Школата за политики.Целта на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование е да придонесе кон градење на единство преку учење, да ја промовира културата на дијалог и да влијае во реформата на образованието преку сеопфатно вклучување на политичкото образование во нашиот формален и неформален образовен систем.

Македонија | пред 4 години

1-13

Улиците Цветан Димов и Џон Кенеди ќе станат главни артерии во Чаир, вели Шилегов

„Скопје е град за сите. Во изминатите години Скопје за прв пат по повеќе децении се развива рамномерно во сите општини, во секоја населба, во секое маало. Затоа во Чаир во изминатите 4 години во развојот на инфраструктурата вложивме многу. Затоа што оваа општина на планот на инфраструктурата заостануваше зад останатите во градот. Затоа ги реконструиравме Македонско-косовска бригада, Џон Кенеди и Кемал Сејфула. Затоа ги направивме новите кружни текови, првите велопатеки во Чаир, затоа ги изградивме булеварите БиХ и Христијан Тодоровски – Карпош, затоа ги реконструиравме чаирските средни училишта, за Чаир повторно да стане дел од нашиот град“, изјави градоначалникот Шилегов на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.„Во идниот мандат заедно со Висар Ганиу ги пробиваме Цветан Димов и Џон Кенеди кои ќе станат главни артерии во Чаир и нивна врска со јужниот дел на градот. Овие два булевари ќе го растоварат сегашниот метеж кај Јаја Паша, истовремено нудејќи нови рути за БРТ, за останатиот јавен превоз, како и нови велосипедски коридори до Центар. Од особена важност е и фактот што на овој потег е предвидено да минува и втората траса на БРТ системот на брз автобуски превоз која ќе де движи од Бутел до Кисела Вода.Новите и реконструирани сообраќајници сега се со прекрасно булеварско зеленило и модерно ЛЕД осветлување. Недостатокот од тротоари и велосипедски патеки во оваа општина се надомести со изградбата на околу 10 километри нови велосипедски патеки и околу 6 километри нови тротоари.„Поради сето ова, недвижностите на луѓето во северниот дел на нашиот град во Чаир се покачени за 30%. Тоа се случува затоа што институцијата конечно пружила тоа што треба да го добијат граѓаните.Тоа е должноста на градоначалникот“, додаде Шилегов.„Конечно на задоволство на сите нас, заедно со Општина Чаир, после 4 години посветена работа дојдовме до решение кое подразбира еден систематски пристап во справувањето со недостатокот на паркинзи во оваа општина. Во Чаир се наоѓаат најстарите населби во нашето Скопје кои во инфраструктурна смисла сè уште имаат задржано елементи од османлиски урбанизам кога не постоеле ниту автомобилите, ниту проблемот со нивното паркирање“, истакна Шилегов.За таа цел, градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот Ганиу пред неколку месеци го започнаа и процесот на изградба на неколку катни гаражи во јавно приватно партнерство. А изградбата на булевари и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре, а приказната за европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи.„Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше Шилегов.

Скопје | пред 4 години

merko-3

Заев со поддршка за Мерко, иако лани кажа дека се изгорел со поддршката дадена за него

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи струшкиот кандидат на ДУИ, Рамиз Мерко за нов мандат во градот. Ова доаѓа откако пред повеќе од година дена, Заев кажа дека е разочаран од Мерко и посочи: „со него се изгоревме“. Според премиерот, владината коалиција е стабилна.„Секаде каде што сме поставени со коалиционите партнери, а СДСМ нема свој кандидат, од спротивна страна има опозициона партија, во принцип даваме поддршка на коалициониот партнер. Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево даваме поддршка на Фатмир Бехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир ќе го поддржиме Висар Ганиу. Како што впрочем ја очекува поддршката, апелираме до нашите коалиционите партнери. Коалицијата е стабилна со надеж дека ќе расте во иднина. Во општините каде сме заедно само ние коалиционите партнери, кај што сме со ДУИ во Долнени, Арачиново, Чашка, во Желино и Тетово каде ДУИ и БЕСА имаат кандидат, во такви околности секако прво ќе се обидеме како СДСМ да победиме“, рече Заев.Прашан што се променило од последната негова изјава во која кажа дека е разочаран од Мерко, премиерот посочи дека кандидатот на ДУИ дејствувал и преземал чекори за зачувување на статусот УНЕСКО.„Нашите членови имаат добиено инструкции по слободно убедување, тоа што мислат дека е најдобро за нивниот град, да го изберат. Имаше доста промени потоа, по по моите апели. Кога Коста почна во името на иднината на Охрид и Македонија, да презема чекори кои значат потврдување на статусот УНЕСКО, не бевме задоволни од Мерко. За недела-две почна и тој. Навистина почна активности, кога ги направивме ваквите предизвици, мораме да им служиме на граѓаните“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

23102021_VRSM_delegacija_polozhuvanje_cvekje_23_Oktomvri-3

Владина делегација се поклони пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“

Владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“.Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба“, во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Возило удри пешак во Неготино

На 22.10.2021 во 08.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Пешо Самарџиев“ во Неготино, патничко возило „ауди А6“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(44) од Неготино, удрило во пешакот М.Ј.(63) од Неготино. Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на Илинденска

На 22.10.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од И.Е.(31) од Скопје и патничко возило „даихатсу“, управувано од С.Г.(52) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Косовец направил сообраќајка и избегал

На 22.10.2021 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 4 години

heroin-111

Бела прашкаста материја пронајдена кај пет лица

На 23.10.2021 во 01.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 22.10.2021 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 23.10.2021 во 00.50 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 22.10.2021 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(54) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 22.10.2021 во 22.00 часот во с.Дебреше, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишија од слобода Ѓ.М.(33) од с.Здуње, гостиварско и А.Б.(31) од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Димитриевски: Не верувајте на лажни ветувања, заедно ќе го направиме Куманово европски град

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски им порача на кумановци да продолжат заедно да го развиваат градот во еден модерен европски град.– Куманово ќе биде поубаво место за живеење, затоа што кумановци отсекогаш биле пркосни како граѓани. Не верувајте на лажни ветувања, бидете рационални. Излезете масовно на 31-ви октомври и поддржете нè! Јас сум подготвен, секогаш за вас и со вас да ги бранам интересите на кумановци. Одиме до крај! – порача независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна терапија, вели Филипче

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест.Подобрувањето на достапноста на современата терапија и дијагностика за онколошките пациенти во Република Северна Македонија, почна во 2018 со стратегија за подигнување на здравствената грижа на граѓаните, која беше на иницијатива на министерот за здравство д-р Венко Филипче.Со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.).-Во изминатите четири години овозможивме широка достапност на иновативна терапија според високите стандарди на земјите од Европската Унија. Над триесет нови молекули кои во моментов не се на позитивната листа на лекови, станaa достапни за граѓаните на кои им е неопходен третман, пред се за пациенти со тешки хронични и онколошки заболувања. Во делот на онкологија стана достапна биолошка терапија за цервикален канцер и оваријален канцер, како и за канцер на дојка, бели дробови, колоректален канцер, меланом и др. Сега, повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите имаат можност да се третираат според најновите препораки на Европската асоцијација на медицински онколози од 2021 година, што е голем напредок - рече министерот за здравство.Министерот Филипче истакна дека набавена е иновативна терапија за ХЕР2 позитивен карцином на дојка, за рана и метеастатска болест. Оваа терапија им дава најдобра шанса за излекување и долготрајна ремисија на над 200 пациенти кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојка.-Обезбедивме и нова субкутана формулација за пациентките кои се борат со HER2 позитивен карцином на дојка. Станува збор за повеќе од 100 пациенти на годишно ниво кои сега можат да ја примат терапијата само за 5 минути за разлика од интравенските инфузии кои траат два и повеќе часa.Особено е важно што ова е во насока на превенција и заштита на оваа ранлива категорија на пациенти во актуелната КОВИД 19 пандемија. Со комбинирање на делотворните целни терапии и прецизната дијагностика како што се моментално достапните генетски анализи и сеопфатното геномско профилирање кое планираме да го воведеме наскоро, придонесуваме за унапредување на концептот на персонализирана медицина. Нашата визија е обезбедување на ефикасна и безбедна терапија за пациентите согласно нивниот единствен геномски профил. Секој човек е уникатен, затоа се стремиме секое лице кое се бори со канцер да добие најсоодветен третман за неговата специфична болест и со тоа да добие најдобра шанса за излекување и квалитетен живот - рече на Конференцијата министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

marihuana

Приведени млади тетовчани, кај нив е пронајдена дрога

На 22.10.2021 во 21.35 Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања