Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

w_56803989

Нов негативен рекорд во Русија, петти ден по ред најголем број смртни случаи од корона од почетокот на пандемијата

Русија постави нов негативен рекорд по бројот на починати од Ковид. Денеска починаа 1.075 лица, а властите се подготвуваат да затворат одредени места низ земјата и да воведат карантин во Москва.Уште еден негативен рекорд падна во Русија, бидејќи уште 37.678 лица се заразени со корона, објави ТАС.Русија, која беше првата што ја разви вакцината против Ковид Спутник V, вакцинираше само една третина од населението.Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин одобри затворање на одредени места во првата недела од ноември, а Москва ќе биде под клуч од 28 октомври.

пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Фајзер: Вакцината кај деца меѓу 5 и 11 години успешна 90,7%

Компанијата Фајзер објави дека вакцината е 90,7 отсто успешна против ковид за време на клиничкото тестирање кај деца на возраст меѓу пет и 11 години, објави денеска американскиот производител.За време на тестирањето, 16 деца кои примиле плацебо биле заразени со Ковид, во споредба со три деца кои биле вакцинирани, рече Фајзер при поднесувањето на документацијата до Американската агенција за храна и лекови (ФДА), пренесе Ројтерс.Бидејќи меѓу 2.268 учесници во тестот, двојно повеќе деца примиле вакцина отколку плацебо, резултатот покажал дека вакцината била над 90 проценти успешна.Клиничките испитувања на деца на возраст меѓу пет и 11 години не се првенствено дизајнирани за мерење на ефикасноста против Ковид, туку за споредба на количината на неутрализирачки антитела кај вакцинираните деца со оние кај возрасните.Врз основа на овие резултати, Фајзер минатиот месец рекоа дека нивната вакцина создаде силен одговор кај децата.Советниците на ФДА ќе се состанат во вторник за да гласаат дали да препорача агенцијата да ја одобри вакцината за таа возрасна група (од пет до 11 години).Целосно вакцинирани се 190 милиони луѓе во САД, од кои 11 милиони се деца на возраст од 12 до 17 години и примиле Pfizer.Доколку ФДА ја одобри вакцината за деца на возраст од пет до 11 години, група советници од американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе се состанат на 2 ноември за да дадат препораки до агенцијата за дистрибуција на вакцините.

пред 4 години

Stoilkovski-26.09

Универзална сала не работи, а Шилегов изнајмува опрема за над 100.000 евра, обвинува Стоилковски

На почеток дозволете ми да ви честитам 23-ти Октомври – Денот на зачетокот на идејата за слободна Македонија.Но, тоа не значи дека денеска нема да продолжиме да објавуваме скандали и афери за актуелната власт, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Пет години во Скопје Универзалната сала е затворена, 5 години нема никакви случувања, ама тоа не значи дека Петре Шилегов и неговиот пријател Филип Аврамчев, поставен од Шилегов за директор на Универзалната сала, не виделе добра шанса за нелогични трошења во овие години.Имено, Универзалната сала 5 години е затворена и пропаѓа. Нема ниедно случување, а со години внимавајте изнајмува, плаќа рентање на опрема за настани, во вредност од над 100.000 евра!? A, притоа, внимавајте, се купува опрема за звук и светло, за 6.500 евра!Во 2019-тата година Универзалната сала на Шилегов, внимавајте, дава 52.381 евро за „Техничка поддршка и наем на техничка опрема за озвучување и осветлување на настани во организација Универзалната сала“. Односно ИЗНАЈМУВА опрема, плаќа над 52 илјади евра за опрема, за светло и озвучување, иако нема сала Универзалната сала е затворена и нема настани!?Истото се повторува и во 2021 година. Повторно тендер за изнајмување. За „Техничка поддршка и наем за озвучување и осветлување“ и се даваат 50.400 евра! Оваа 2021 година, сала нема, нема каде и што да се озвучува и да се осветлува. А, притоа, потсетувам постои опрема, а во 2018-тата и е докупена опрема за 6.500 евра!Овие договори ги добива компанија којашто според познавачите е позната и блиска на Петре Шилегов, а тој треба да каже дали тоа е основот за Универзалната сала да мора да изнајмува опрема иако е затворена и нема услови и нема каде да организира настани!?Секако, ова не е се!Во две години, 2019-та и 2020-та година, има склучени 4 договори на Универзалната сала за маркетинг и рекламирање сите платени по 23.000 евра или вкупно над 92.000 евра! 92.000 евра за реклами на Универзалната сала, а Универзална сала е затворена и нема настани! Што е тоа што е рекламирано за настан во Универзална сала што чини 92.000 евра платени за услуги од маркетинг агенции?Значи да повторам нема настани, 100.000 евра се дадени за изнајмување за опрема за звук и светло иако Универзална сала е затворена и не работи. Нема настани, ништо не се случува, Универзална сала е затворена, а мора да одговорат што е тоа што рекламирале во две години за 92.000 евра.Почитувани,Додека Шилегов секоја година имаше нов став за Универзалната сала, а неговиот кабинет уште и додаде „нема да се руши, ама ќе се гради, само да видиме каде“, Универзалната сала е непресушен извор и за луксузи! Над 18.000 евра за три години се дадени за резервации на авионски карти за Универзална сала. Следат трошоци за хотели, ресторански услуги, рентакар, храна, пијалоци, мобилни телефони, севкупно 65.000 евра за три години. Три години со Петре Шилегов Универзалната сала нема - ама има трошоци за изнајмувања опрема, рекламни агенции и за луксузи!Почитувани,Наместо со нова Универзалната сала, Скопје со Шилегов само пропаѓа и плаќа сметки за луксузи!Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“, вели Стоилковски.

Македонија | пред 4 години

Milososki-11.03

Нашите симпатизери ни даваат препорака да го поддржиме Димитриевски, вели Милошоски

Освоените 22 градоначалнички места се поволен тренд која дава добра oснова за успешност и во вториот круг, изјави синоќа во емисијата 360 степени на Алсат телевизија, пратеникот Антонио Миллошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички.„Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички. Освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, а исто така општини како Пролеп, Велес, Штип, Илинден, Свети Николе и други ни дава за право да сметаме дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг“, рече Милошоски.Не ја исклучи можноста да го поддржат Максим Димитриевски за Куманово во вториот круг. Тој е независен кандидат и во трката е со Оливер Илиевски од СДСМ. Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ не освои доволно гласови.„Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат“, рече Милошоски.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_pres1

Жителите на Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија, вели Весковски

Потребите на граѓаните, жители на Општина Карпош, се нашиот приоритет. Врз основа на потребите на граѓаните, но и врз основа на проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје, од понеделник, 25.10.2021 се отвара новата автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетна/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“, рече Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.– Чест ми е да Ве известам дека жителите на Општина Карпош, односно Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје – изјави Весковски.Карпош може и мора да продолжи напред со цел пресретнување на потребите на сите карпошани.

Скопје | пред 4 години

marihuana2

Приведени три лица, им пронашле кило марихуана

На 22.10.2021 во 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

hrana1-770x475

Во влез мириса на печено месо, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, бизарни претставки до АХВ

Ми мириса во влез на печено месо и пржени компири, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, да дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме, бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме…Ова се само дел од купот претставки што речиси секојдневно стигнуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство, пишува МИА.Една од побизарните е случајот со пензионерка во Скопје, која преку интернет купила машина за везење од странска компанија. Ја платила со картичка 50 долари, но наместо тоа, во поштенско сандаче добила коверт со две платнени маски.До АХВ стигнуваат и прашања од типот – дали и колку е здрав лебот „Тонус“, како влијае на цревната флора, дали јачменот предизвикува алергија, лебот што го купив е „жив“, не е допечен…Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, ваквите прашања, претставки и жалби се должат, пред сé, на недоволната информираност на граѓаните за ингеренциите на институциите во државата.– Кога ќе речам институции, мислам и на локалната самоуправа и на агенциите и на дирекциите и на министерства, но, нормално, и на Владата. Странки да се жалат кај нас за машина за везење и за тоа да се поднесува претставка е навистина повеќе од бизарно. Но, има и претставки поврзани со фарми, животни или објекти за сместување добиток кои исто така, не се во наша ингеренција. Луѓето треба да знаат дека комунален проблем е на пример тоа, дали некаде ќе се изгради објект за сместување животни или нема да се изгради, дали ќе биде дивоградба или ќе има соодветно градежно решение – вели Бабовски за МИА и дополнува дека сепак, ниту една претставка или прашање не се фрла во корпа, туку се процесуира понатаму, до соодветната надлежна институција и притоа, граѓаните подносители се за тоа известени.Во однос на животните на јавна површина, напоменува Бабовски, надлежност има комуналната инспекција.– Комуналната инспекција треба да повика ветеринарен инспектор, доколку животното се залови. Нашата служба ја констатира неговата здравствена состојба и ако тоа некаде се упатува, во прифатилиште или на друго место за сместување, треба да издаде уреден сертификат за здравствената состојба. Значи, ние не сме тие што трчаме по животните за да ги заловиме. Тука е проблем веројатно неинформираноста кај граѓаните – вели директорот на АХВ.Тој е дециден дека на интернет страницата на АХВ многу сликовито е објаснето како треба да постапат граѓаните во ситуација ако некој е, на пример, каснат од куче. Јасно е наведено и кого може да контактираат.– Меѓу тие сме и ние, односно соодветното ветеринарно друштво во регионот каде што настанало каснувањето. Најважно во ваков случај е дали животното е вакцинирано против беснило или не, тоа кај граѓаните е најбитно, покрај физичката и психичката траума што ќе ја доживеат. На нашата веб страницата е објаснето буквално целата процедура – истакнува Бабовски.Во однос на одговорното сопствеништво кон милениците, за жал, вели Бабовски, се уште не сме на посакуваното ниво.– Не би сакал да бидам погрешно разбран, но со здруженијата и воопшто со невладиниот сектор кој се грижи за здравјето и благосостојбата на кучињата и на други животни, треба да бидеме партнери. Наместо да поднесуваат неиздржани претставки до нас, да реагираат за одредени вдомувања или неисполнети услови на некои прифатилишта. Нека повелат заеднички да ја подигнеме свеста на граѓаните – нагласува Бабовски и додава дека некогаш има и оркестрирани напади врз некои правни субјекти.Оваа година се поднесени вкупно 331 претставка. Од нив, 181 се од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните од кои 84 директно се однесуваат на каснување од куче и на неодговорно сопствеништво. Останатите претставки се од ветеринарното јавно здравје и безбедноста на храната.Лани, пак. АХВ евидентирала 416 претставки. Најголем број од претставките по кои е постапувано се од областа на ветеринарството, 158 претставки се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните, а 131 на храна од неживотинско потекло. Најмал е бројот на претставки, 38, кои се однесуваат на храна од животинско потекло.

Македонија | пред 4 години

image1

Меѓународниот филсмки фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври

Од 27 до 31 октомври ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот филсмки фестивал „Киненова“.Свеченото отворање ќе се одвива во кино Милениум, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ / AS FAR AS I CAN WALK на Стефан Арсенијевиќ, а останатите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата“, како и краткометражни македонски и странски филмови.

Магазин | пред 4 години

ebb5d7be-3f32-42e5-9e28-a552a32f2cb0

На снимањето на филмот со Болдвин имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал помошник режисерот, кој му рекол дека е безбеден, покажуваат судските записи, а пренесува Би -Би -Си.Според судските записи, неименуван помошник не знаел дека во реквизитите има муниција.Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршум ја погоди во градите. Режисерот Џоел Соуза, кој бил веднаш зад неа, бил ранет. 48-годишниот режисер вчера бил пуштен од болница.Полицијата соопшти дека ја зеле крвавата облека на Болдвин како доказ. Исто така, сите реквизити од сетот се одземени.Болдвин (63) беше испрашуван од полицијата, но сè уште никој не е обвинет. Болдвин рече дека целосно ќе соработува со полицијата.Според „Ел-Еј Тајмс“, неколку часа пред трагичниот настан за време на снимањето на филмот „Р’ѓа“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштил местото на снимањето во знак на протест поради лошите услови за работа. Имено, луѓето кои работат на филмот се револтирани од условите во кои се снима овој нискобуџетен филм.Извор за „Ел-Еј Тајмс“ изјавил дека тие не се придржувале целосно до безбедносните протоколи на сетот на овој филм. Минатата недела, пишуваат, најмалку едно лице се пожалило во продукцијата за безбедносни проблеми со оружјето.Двајца вработени во „Ел-Еј Тајмс“ објавиле дека двојникот на Болдвин (лицето што го менува во одредени опасни сцени) минатата сабота случајно испукал два куршуми откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Тоа е терминот што се користи како знак дека во пиштолот нема вистински куршуми.„Тогаш требаше да се спроведе истрага“, рекол анонимен извор од сетот.Тие испратија порака до продукцијата за тоа како имале повеќе инциденти со употреба на вистински куршуми.

Магазин | пред 4 години

serava2

Започна модернизацијата на водоводната мрежа на Серава

Многу убава вест за сите жители на улицата Серава. Работните тимови ги започнаа активностите за модернизација на водоводната мрежа во овој дел на општина Чаир.Така, во должина од 120 метри на кракот на ул.Серава, започна замената и модернизацијата на старите водоводни цевки со нови цевки f80.„Благосостојбата на жителите на општина Чаир отсекогаш била и останува наш главен приоритет, затоа сите овие активности што ги преземаме за регулирање на патната и подземната инфраструктура се во таа насока“, изјави во оваа прилика градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.Инаку, во Општина Чаир само за овие 4 години се инвестирани речиси 4 милиони евра за реконструкција на подземната инфраструктура.

Скопје | пред 4 години

vmro-1

Мицкоски се обидува да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Бугарија, тврди СДСМ

Мицкоски вчера доживеа нов дебакл, бидејќи случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев е негово дело и по негова инструкција, велат од СДСМ.„Фактот дека Мицкоски ги повикува и останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка е потврда дека Мицкоски прави обиди да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши нашите односи со Република Бугарија.И покрај тоа што лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата беа демантирани, тоа не го спречува Мицкоски во неговите лаги и деструкции.Граѓаните одамна го прочитаа ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа одново ќе биде казнет од граѓаните“, се вцели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

struja-4

Цената на струјата нема да поскапе по изборите, а нема да има ниту рестрикции, уверуваат од владата

Цената на електричната енергија нема да поскапе по изборите, а нема да има ниту рестрикции, одговорија за САКАМДАКАЖАМ.МК високи владини извори. Распишан е нов тендер за набавка на јаглен за да има доволно да произведуваат струја сите три блока на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.Со засиленото производство на струја се планира да се стабилизира цената на електричната енергија за стопанството. Струјата добиена од увезениот јаглен ќе се понуди дополнително по цени пониски од моментално берзанските, а повисоки од производствената.Иако во Европа цената на струјата веќе не може да се контролира, светот се соочува со енергетска криза, а во повеќе држави се најавуваат и рестрикции, од Владата уверуваат дека кај нас тоа нема да се случи. Рестрикции нема да има, особено не кон фабриките, компаниите, кои се во групата големи потрошувачи, велат економистите од Владата. Целиот текст можете да го прочитате на СДК.МК

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-23-094640

Шилегов со финансиска поддршка за младите родители, средношколците и студентите

Шилегов денеска ги повика младите да излезат на вториот круг на изборите за Градоначалник на Скопје и да го дадат својот глас за опцијата која најдобро ги застапува нивните интереси и потреби. Тој ги претстави деловите од неговата програма кои се однесуваат на средношколците, студентите, но и на младите брачни парови.„Средношколците и студентите во првиот мој мандат добија целосно бесплатен јавен превоз и тоа се покажа како правилна политика. Сега одиме понатаму и на сите постдипломци и докторанди во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси, како и 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети“, вели ШилеговМладите родители и младите брачни парови се посебна група на Скопјани на која Шилегов се обрати неколку пати во оваа кампања. Свесен за тешкотиите да се формира и издржува семејство, Градоначалникот понуди социјален пакет кој треба да им ги намали трошоците за воспитување и образование на децата, но и да ги поттикне паровите да создаваат семејства.„Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на најјмногу 50% од месечниот трошок. За секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Сите ученици во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште. За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот“, додава Шилегов

Скопје | пред 4 години

Tito

Поради шега за Тито, новинарка на 22 години завршила на Голи Оток

За Јосип Броз Тито се напишани многу песни, а една од најпознатите „Друже Тито, бели љубичици“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор на Голи Оток, каде што заврши на само 22 години.Тогаш не се знаело многу за Жена, белграѓанка со еврејско потекло, ниту пак смеело да се пишува за страшниот период што го поминала на Голи Оток. Напис за неа беше објавен во 2013 година во „Политика“, весникот во кој работеше додека не беше уапсена поради шега на сметка на Јосип Броз Тито, која едно утро ја раскажа во редакцијата, пишува „политика.рс“.„Една колешка ѝ кажа шега за тоа како Југославија победила на меѓународниот натпревар за цвеќе затоа што пораснала 100 килограми љубичици, алудирајќи на песната „Друже Тито, бели љубичици, цела младина те сака“. , зборувала против Тито и не го пријавила непријателот на народот од кој го слушнала контроверзниот стил.Однесена е во затворот на УДБ Главњача, па во логорот Рамски рит, па во Жабела, Гргур и Голи Оток. Во пет затвори, каде што била од април 1949 до октомври 1951 година, била замолена да се премисли и да ја признае вината. Таа подоцна беше исклучена од Здружението на новинари“. По распадот на Југославија, таа објави книга наречена „љубичица бела“, која стана бестселер во Израел, каде живееше до нејзината смрт во 2009 година. Во него таа ги опишала ужасните искуства од кампот, а многумина дотогаш не ни знаеле дека таму има жени."Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило".„Девојките ги претворија во старици, им испаднаа забите, се разболеа додека доаѓаа вестите дека нивните деца, мајки и сопрузи се откажале од нив затоа што станале непријатели на народот“, пишува таа. 

Магазин | пред 4 години

testovi-korona-germanija

Активни околу шест илјади заразени со ковид-19, половина во Скопје

Во минатото деноноќие се регистрирани 411 нови заразени со Ковид-19, како и седум починати лица.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 87061, Активни 3082Куманово 12047, Активни 498Тетово 10933, Активни 89Прилеп 9343, Активни 243Гостивар 7994, Активни 37Битола 7316, Активни 194Велес 6637, Активни 297Кавадарци 6157, Активни 177Охрид 6118, Активни 205Штип 6034, Активни 210Струмица 5870, Активни 130Кичево 4070, Активни 78Струга 3828, Активни 41Кочани 3465, Активни 153Гевгелија 2517, Активни 79Неготино 2351, Активни 23Свети Николе 1969, Активни 64Радовиш 1579, Активни 48Ресен 1570, Активни 36Крива Паланка 1562, Активни 111Дебар 1453, Активни 6Берово 1222, Активни 12Делчево 1140, Активни 22Виница 1074, Активни 32Пробиштип 981, Активни 57Валандово 844, Активни 17Кратово 631, Активни 40Богданци 578, Активни 23Крушево 544, Активни 14Македонски Брод 476, Активни 2Демир Хисар 473, Активни 32Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 350, Активни 49Пехчево 318, Активни 3Дојран 142, Активни 2

пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата може да води напред само ако и општините туркаат напред, велат од СДСМ

Само со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, може да продолжи развојот и напредокот на општините, вели СДСМ.„Овие избори се од исклучителна важност, бидејќи нивниот исход ја одредува иднината, ќе одреди дали општините и државата ќе продолжат напред кон развојот, или ќе се вратат назад во изолација и режим.Владата покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред.Како одговорна и домаќинска партија покажавме дека економскиот раст е можен ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, наместо во барокни фасади, жални врби и споменици.Власта предводена од СДСМ може да се грижи за потребите на секој еден граѓанин ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај во Битола.СДСМ постојано покажува и докажува дека работи единствено со и за граѓаните, бидејќи знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните и исклучиво во нивен интерес.Да се обединиме на 31 октомври за да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош,за парите и понатаму да завршуваат во семејните буџети, во развојот, во мостови и железници, во булевари и водови, а не во палми, галии и криминални тендери.Да се обединиме и да гласаме за број 12 да продолжи развојот на општините“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

angel-dimitrov

Ангел Димитров: Веќе две години не можеме да зборуваме за резултат на комисијата

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати резултати. Веќе две години не можеме да зборуваме за резултат. Ова на денешниот брифинг, како што пренесуваат бугарските медиуми, го истакнал Ангел Димитров, копретседателот на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Северна Македонија.„Се надевавме дека нешто може да се промени. Тоа го направивме за да може да се постигне договор, но вчера попладне нешто се промени и нашите колеги од РСМ се вратија на старите позиции. Нашите колеги не може да дозволат размислување за заедничка историја и за она што е запишано во договорот за пријателство и добрососедство“, рече Димитров.Според него, Македонците, како што вели, не покажуваат никаква желба да имаат заедничко чествување на заеднички личности.„Нашата желба да излеземе од ќор-сокакот декларативно ја поддржуваат нашите колеги, јавно се кажуваат работи што навистина немаат врска со работата на заедничката комисија“, рече историчарот и посочи дека не гледа никаква желба од страна на РСМ.„За жал, сите наши обиди да направиме чекор напред застанаа. Наводите на РСМ потонаа во јамата на безволност ископана од нив“, заклучи тој.

Македонија | пред 4 години

hrana-ada-750x430-1

Хуманитарна акција: „Нахрани 10.000“ во девет градови

Голем број граѓански организации од целата држава на иницијатива на „Ајде Македонија“ денеска од 10 до 18 часот ќе спроведат национална хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна. Станува збор за национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозени граѓани.Како што информираат организаторите, целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна која ќе заврши во рацете на 10 000 социјално загрозени граѓани. Хуманитарниот чин ќе се одвива во девет градови низ државава: Скопје, Битола, Виница, Струмица, Неготино, Охрид , Струга , Прилеп и Берово.– Хуманитарниот чин ќе се случи на 23 октомври кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 18 часот. Учество во настанот ќе земат организациите: Свети Спас , Кризен ’’Центар Надеж“, ХОПС , Здружение на пензионери Ѓорле Петров, , Здружение на пензионери Чаир, Здружение на пензионери Кисела Вода, Здружение на пензионери Гази Баба , Здружение на пензионери Битола , Организација на Жени – Скопје , Доверба , Умиление, Вера , Утешител и Порака Неготино – се наведува во соопштението.Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Македонија | пред 4 години

bolnica-bitola

Страотно сведоштво за 22-годишниот битолчанец кој почина од корона, семејството раскажа како бил третиран!

Семејството на починатиот 22 годишен битолчанец во отворено писмо до јавноста ги објаснува деновите пред смртта на нивниот брат и син. Велат дека првите три дена по појавата на болеста редовно оделе на лекар но никој не препознал дека е сериозно. Имаат извештаи од прегледите и велат дека имало шанси да се спаси младиот живот.Во писмото стои дека на сега починатиот ковид му бил дијагностициран на 9 октомври. Веднаш било почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му била 39.2°C. Брат му во писмото вели дека починатиот не бил вакциниран против КОВИД-19 и со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа.„Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на Инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100 од мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин, вели во обраќањето.Следниот ден сега починатиот повторно имал температура, но добра сатурација и по прегледот во болницата во Битола повторно бил пуштен дома со температура од 38°C, отежнато дишење и кашлица. Веќе третиот ден бил хоспитализиран и ставен на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите.„Следните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.Во собите на пациентите оставени се броеви за помош од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125 килограми, 180 сантиметри висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме, вели брат му на поочинатиот.Тврди дека во случајот со брат му се покажало дека здравството е сосем нефункционално. Со емоции се простува од прерано починатиот брат.

Коментари | пред 4 години

Izbori

ДИК денес ќе ги објави конечните резултати

ДИК денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Александар Даштевски денес на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите, како и да го соопшти бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ (23 октомври), а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Колев до Ѓорѓиев: Се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, на Фејсбук ја искоментира оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од мешовитата историската комисија со Бугарија.„Професорот Ванчо Ѓоргиев ми беше „последната“ надеж, дека ќе застане како научник и професор во одбрана на вистината и ќе даде се од себе, за да го зачува идентитетот.После неговата оставка, сите надежи паѓаат во вода.Професоре се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?“, пишува Колев.Колев објави и неколку фотографии од книгата на Ванчо Ѓорѓиев „ВМРО 1893-1903 поглед низ документи“.

Коментари | пред 4 години

IMG_4260

Променливо облачно и релативно топло

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.– Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени, информираат од УХМР.Од таму додаваат дека утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Македонија | пред 4 години

8079309

Хоспитализиран Мишо Ковач

Пејачот Мишо Ковач е хоспитализиран поради респираторни проблеми кои не биле предизвикани од коронавирусот.Мишо е во стабилна состојба и се чувствувал добро, а за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.Ова не е првпат поради респираторни проблеми, пејачот да заврши во болница.

Магазин | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски го честиташе 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Почитувани сограѓани,Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.Датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали.Драги сограѓани,Во македонската револуционерна организација имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја ‒ Македонија слободна и независна.Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата, да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана. Да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери.Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба.

Македонија | пред 4 години

nastavnik-dete

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Наставник тепа дете во скопско училиште

Вознемирувачко видео од наставник кој малтретира дете се појави на социјалните мрежи.Според објавата, немилиот настан се случува во скопско училиште.Станува збор за училиштето „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања