Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

maricic-2-1

Маричиќ: Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат на граѓаните со линч

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека изминатите денови сите сме сведоци на досега невидени повици на пресметка и линч со неистомислениците, кои доаѓаат од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во дебата покажа пред јавноста дел од заканите кои преку социјалните мрежи се упатуваат до дел од граѓаните, а се полни со навредливи зборови, повик за насилство и закани до гласачите и симпатизерите.„Целта е да се уплашат граѓаните, да се поделат преку закани кои уште по првиот круг се упатуваат. Наследството на ВМРО-ДПМНЕ и во Скопје и во другите општини е барок, загадување и корупција. Граѓаните сигурно ќе се обединат околу прогресивната агенда и на 31 октомври ќе ги победат барокот, корупцијата и загадувањето“, кажа Маричиќ.Според Секретарот за меѓународна соработка ова е доказ дека е потребно обединување на сите прогресивни граѓани со цел да се обезбеди стабилен развој и напредок.

Македонија | пред 4 години

gerasimovski_554334-678x381-1

Двојно повеќе инспекторски служби, најавува Герасимовски

Преку зајакнување на инспекторските служби Општина Центар ќе го спроведува хуманото градење во општината, најави Горан Герасимовски во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.„Прво нешто што ќе направиме е промена на систематизацијата и зголемување на бројот на општинската инспекциска служба, тоа е нешто што мора да се направи и е неопходно. За поздравување е брзата реакција на општина Центар со нелегалната градба на Водно која веднаш беше сопрена и во наредниот период ќе постапуваме на ист начин. Само така ќе имаме спроведување на законите и градење според закон“, изјави Герасимовски на Канал 5.Тој исто така кажа дека во општина Центар зеленилото има навистина висок приоритет. Во општината за секое иселено дрво ќе одлучува стручен тим од професори екологисти и за сите дрва ќе биде направен регистар. Така ќе се знае кои дрва се стари и може да се исечат, а за секое исечено ќе бидат засадени две нови, најави Герасимовски. Тој напомена и дека не треба да се заборави како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со зеленилотоизминатиот период.„Да не заборавиме што во минатото. Сега зборуваме за сеча на 13 дрва но да не заборавиме дека имаше сеча на бул. „Илинденска“ и сеча и протест на паркот на бранителите кај х. Бристол, дека имаме бетонизација на цел плоштад каде имавме многу дрва и зеленило. Сега имаме зелен појас колку што дозволуваат условите, а ќе спроведуваме колку што можеме. Не треба да заборавиме дека изминативе неколку години со ревидирање на ДУП-овите имаме заштитено 14 000 метри квадратни зеленило, имаме памптрак наместо нов хотел кај Олимписки базен и сите тие примери мора ги продолжиме. Примерите во другите земји се одлични и треба да ги применуваме и секоја површина која е јавна да биде зелена површина, градинка, училиште, културен Центар и за што повеќе зелени површини и што повеќе дрва во нашата општина“, рече Герасимовски.Во иднина сериозно внимание општината ќе посвети и при реконструкцијата на улиците чија пракса често е истите да се реконструираат па потоа да се раскопаат за поставување на атмосферски канализации или други зафати, најави Герасимовски кој порача дека тоа повеќе нема да се случува.

Скопје | пред 4 години

20200122092016

Новинар до шефот на кабинет на Шилегов: Дан требит работа?

Новинарот Кристијан Ландов на Фејсбук објави видео од шефот на кабинет на Петре Шилегов, Никола Наумоски, во кое за новинарите вели дека не известуваат коректно кога кажуваат дека нема да се отстрани ниту еден споменик од проектот Скопје 2014.Откако Шилегов губеше во првиот круг на локалните избори, новинарот го прашува неговиот шеф на кабинет дали му треба работа, веројатно мислејки на тоа дека ако актуелниот градоначалник ги изгуби изборите, Наумовски ќе остане без работа.„Ова е Никола Наумовски-Никса, шеф на кабинет на Петре Шилегов. Изјавата му е за новинарите, кои очигледно не згрешиле туку тој ги потценувал. Кога јадеше гурбаии за мене, не знам дали му пренесоа, ама им кажав да му кажат: Секој почеток има свој крај.Инаку, типов е од наводен борец против “Скопје 2014” до борец за Шилегов и власт.Никса, дан требит работа?“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Ќе се отруеме ли и зимава? Скопје повторно се гуши, најзагадено во Лисиче

Вечерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките покажаа дека воздухот во Скопје е многу загаден.Според апликацијата на Министерството за животна средина во Лисиче измерени се 146 µg/m3.Во Центар измерени се 109мг/м3 од ПМ10 честичките, во Бутел 111 µg/m3, а во населбата 11 Октомври 103µg/m3.На останатите локации во Скопје, мерните станици покажуваат дека конвентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 50µg/m3.Но многу загаден воздух покажуваат и мерните станици низ целата територија на Македонија.Вечерва најзагадено е во Кавадарци каде концентрацијата на ПМ 10 изнесува 227 µg/m3, потоа следи Тетово со 147 µg/m3, Куманово со 132 µg/m3, Гостивар со 124 µg/m3 и Миладиновци со 117 µg/m3

Скопје | пред 4 години

2-5

Пуштена втората велопатека на Водно

Скопјани и сите љубители на природата и велосипедизмот овој викенд може да го искористат за адреналинска рекреација на новата велопатека „Flow“, наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје каде обезбедуваме безбеден простор за движење на велосипедистите, комплетно одвојувајќи ги од планинарите и останатиот сообраќај, вели Шилегов во објавата на Фејсбук.„Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и истата ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Со просечна стрмнина од 6%, патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“, истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема.За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикувам сите љубители на природата недела на 24-ти Октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава“, додава тој.

Скопје | пред 4 години

PRSM-Pendarovski

Дали Пендаровски ќе ги заштити државните интереси или ќе премолчи?

Пратеникот Илија Димовски на Фејсбук напиша статус во кој вели дека Претседателот на Република Македонија има уставна должност.„Што чека Претседателот Стево Пендаровски после денешната изјава на професорот Ванчо Ѓорѓиев?Ќе ги заштити ли државните интереси (согласно Резолуцијата на Собранието од 29.07.2021) или ќе премолчи?Ќе ја заштити ли Комисијата од политички притисок?Претседател на Република Македонија има уставна должност“, напиша Илија Димовски на Фејсбук.Историчарот Ванчо Ѓоргиев преку соопштение до јавноста поднесе оставка од историската комисија. Тој наведува 5 причини за оваа оставка, а како прва ја наведува причината дека имал „политичко влијание“ врз работата на историската комисија.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски: Заев ја разбрал пораката од народот, ама и понатаму за Рашкоски вели дека е чесен

Зоран Заев вели дека доколку загубел на овие избори во Скопје и другите места низ државата ќе си заминел од местото премиер. Јас велам на 31-ви октомври да му помогнеме да се случи тоа. Излезете и гасајте за промени. Излезете и додека заокружувате зад параванот не заборавајте дека вие сте силата која може да се избори за промени. Не заборавајте и на тешкиот живот, на трговијата со идентитетот која ја прави Заев, за таа неправда кога министрите на државна сметка тераат луксузи додека народот се дави во сиромаштија, на ветувањата за живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со граѓаните во општина Демир Хисар.Мицкоски потенцираше дека волкот влакното го менува но карактерот не, исто како Заев кој вели дека ја разбрал пораката на народот, но тендерите во РЕК Битола и понатаму врват, како и дека Ден Дончев е во бегство, а Вице испорачува списоци по фирми.Волкот влакното го менува, но карактерот не. Многупати порано кога ве гледал во очи и ве лажел, и денес лаже кога вели дека ја разбрал пораката од народот. По трет пат, го вели тоа и продолжува по старо. Ја разбрал пораката, ама СИ врват тендерите за РЕК, врват и договорите за службени ручеци и кафеани. Ја разбрал порака од народот, но од рекетот не дознавме каде завршиле парите, ја разбрал порака ама не рече дека ќе го врати Ден Дончев кој го пушти да избега во Австралија, со торби полни кеш, народни пари, ја разбрал пораката, но, и понатаму за Рашкоски вели дека е чесниот. Ја разбрал пораката ама батето и денес оди од фирма во фирмите и презентира список со барања од секоја фирма поединечно, истакна тој.

Македонија | пред 4 години

kotlar

Пешачки зони во централното подрачје, ветува Котлар

Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вечерва во емисијата ,,Само вистина” на телевизија Канал 5 дебатираше со својот противкандидат од СДСМ, Горан Герамимовски.Котлар рече дека неопходно е самиот град Скопје да си преземе мерки во регулирањето на сообраќајниот хаос особено на главните булевари, кои се под надлежност на град Скопје.-Она што мене најмногу ми пречи е што нема ниту една населба, ниту една улица каде што граѓаните нема да ви се пожалат дали за квалитетот на улицата или за надвиснатите згради кои веќе во моментот се во градба. Во должината на Васил Ѓоргов толку се начичкани зградите што имаме згради под остар агол, само што не си влегуваме едни во други.Меѓутоа, кога ќе забележите долу веднаш наговестува дека тоа ќе бидат деловни простории, а не забележувате место за паркирање. Мислам дека најголемиот дел во овој дел од од градот, општина Центар е местата за паркирање. Затоа кога зборувам за СТОП бетонизација мислам на конкретно анализирање на ДУП-овите затоа што таму ги имаме сите параметри дали ни треба јавна институција, социјална, културна па и стамбена и затоа мора да ги анализирате сите нешта кои нема да ви создадат проблеми. – рече Котлар.Котлар потенцира дека она што сега се случува во општина Центар е непроток и не дозволува движење на возилата и дека потребно е едносмерни улици и создавање на пешачки зони од Градскиот парк во правец на плоштадот кон Триумфалната порта и сите оние придружни улички кои доаѓаат од Дебар Маало, Капиштец и делот од Буњаковец да бидат со дозволена брзина од 30км/ч и да можат да бидат повеќе пешачки зони за да може плоштадот да биде место за културен и социјален живот како во другите метрополи.

Скопје | пред 4 години

Kamioni-so-RDF-otpad

Скандал: Шверц на цигари и алкохол во камион со дипломатска пошта на МНР

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава порталот МКД.Порталот пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“. Цигарите и алкохолните пијалаци во земјите од ЕУ на црните пазари достигнуваат високи суми.Летово бил претресен контејнер со македонска „дипломатска пошта“ кој со брод пристигнал на пристаништето во Бриндизи, Италија. Крајната адреса била амбасадата во Франција, а за содржината на „поштата“ во документацијата пишувало „…за опремување на амбасадата во Париз“.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Сообраќајка вечерва на Илинденска, едно лице тешко повредено

Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вечерва околу 19 часот на булеварот Илинденска, пред кафе бар Трибека. Во несреќaта, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница.Во тек е увид за причините на несреќата

Скопје | пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

Oд почетокот на следната година 300 евра минимална плата

Oд јануари минималната плата ќе биде 300 евра, вели премиерот Зоран Заев.„Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра. Грижата за сите граѓани продолжува“, напиша Заев на Фејсбук.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август била 28.642 денари.

Македонија | пред 4 години

Web-capture_22-10-2021_131556_24sedam.rs_

(ВИДЕО) Стјуардеси се соблекоа во знак на протест за изгубените работни места

Околу 50 поранешни стјуардеси на веќе згасената италијанска авиокомпанија „Ал Италија“ се соблекоа на плоштадот Кампидољо во центарот на Рим. Тие се соблекоа во знак на протест поради изгубените работни места и условите во кои нивните колеги се вработуваат во новата компанија „ИТА Ервејс“.Тие прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата и високите потпетици.„Ал Италија“ со години има финансиски проблеми. Последен пат кога авион од оваа компанија леташе беше на 14 октомври. Нејзините авиони сега ги презеде авиокомпанијата ИТА, чии авиони почнаа да летаат само еден ден по затворањето на „Ал Италија“.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Болдвин се огласи по трагедијата

Американскиот актер Алек Болдвин се огласи на социјалните мрежи за првпат по трагичниот инцидент на снимањето на филм во државата Њу Мексико, кога тој случајно ја застрела и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот на филмот, Џоел Соуза.„Нема зборови кои ќе го опишат мојот шок и тага поради сето она што ѝ се случи на Халина и трагичната несреќа која доведе до губење на нејзиниот живот. Халина Хачинс – мајка, жена и многу почитувана колешка. Соработувам со полицијата во истрагата како би се октирло како се случи оваа несреќа“, пишува 63-годишниот актер.„Во контакт сум со нејзиниот сопруг и му понудив поддршка нему и на семејството. Срцето ми е скршено и страда поради нејзиниот сопруг, синот и сите оние кои ја сакаа и ја познаваа Халина“, напиша Болдвин.Истражителите соопштија дека несреќниот инцидент се случил за време на снимање на сцена која вклучувала користење на реквизит на огнено оружје, кога Болдвин стрелал од пиштол, а се истражува какви куршуми биле користени.Според сведоштвата од сетот на филмот, актерот по несреќата цело време повторувал само една реченица: „Зошто во раце добив наполнет пиштол?“

Магазин | пред 4 години

download-1-2-768x511-1

No Time to Die треба да инкасира 900 милиони долари за да има заработка

Новиот филм за Џејмс Бонд имаше доста долг пат да стигне до големото платно. Претходно беше поставен за премиера во април 2020 година, пред да стане првиот голем блокбастер одложен поради пандемијата со Ковид-19. По уште неколку одложувања, „Не е време за умирање“ конечно беше премиерно прикажан во американските кина пред две недели, најавувајќи го крајот на Бонд-ерата на Даниел Крег.Од режисерот и косценарист Кери Џоџи Фукунага, „Не е време за умирање“ го дава она што многумина го сметаат за задоволително испраќање за Крег.Филмот открива дека Бонд живее мирно во пензија пред да му пријде еден стар пријател, агентот на ЦИА Феликс Лејтер (Џефери Рајт) и неговиот колега Логан Еш (Били Магнусен) за да го пронајдат Валдо Обручев (Дејвид Денчик), киднапиран научник од МИ6. Последната мисија на Бонд го запознава со новиот 007, Номи (Лашана Линч), со чудна оперативка на ЦИА Палома (Ана де Армас), и можеби неговиот најдостоен противник досега, Луцифер Сафин (Рами Малек).No Time to Die дебитираше со 56 милиони долари на првиот викенд дома, бројка што би била многу поимпресивна ако не се земе предвид продукцискиот буџет на филмот од 250 милиони долари, заедно со уште 100 милиони долари потрошени за продолжена маркетинг-кампања.Сега, новата анализа на киноблагајните од „Вараети“ сугерира дека филмот на Фукунага ќе треба да заработи минимум 800 долари на глобално ниво за да се исплати, иако во извештајот се тврди дека таа бројка веројатно е поблиску до 900 милиони долари.За филм за кој се предвидува да заврши далеку зад заработувачката на своите непосредни претходници, тоа може да биде предизвик.

Магазин | пред 4 години

dokument-administracija

Матичар ѝ издал извод дека мајка и е умрена, па почнала оставинска постапка

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги денеска поднесе кривична пријава против Т.Х. (43) од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и В.Т.(55) од Скопје, поради сомнение дека сторила кривично дело поттикнување.Како што информираат од МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.Тој од второпријавената не ја обезбедил потребната документација за впишување на смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со непотполна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои на незаконит начин В.Т. ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.

Скопје | пред 4 години

pistol-vperen

Како може филмски пиштол реквизит да убие?

Откако актерот Алек Болдвин ненамерно ја уби камерманката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на снимањето на неговиот нов филм „’Рѓа“, во јавноста се поставува прашањето како е можно филмски реквизит да убие човек и зошто би се користел вистински пиштол на филмски сет? Инцидентот се случил кога Болдвин го чистел пиштолот реквизит кој бил наполнет со т.н. ќорци.Според инструкторот за огнено оружје, Дејв Браун, причината за ова е убедливост на сцените. Тој во натпис за списанието „Американски кинематографер“ во 2019 година, откри дека вистинското огнено оружје создава впечаток за автентичност, особено кога се снима во крупен план. Секој што некогаш држел вистинско оружје во раката, може да потврди дека вистинскиот пиштол изгледа и тежи сосема поинаку од лажниот.Но, според Браун, употребата на вистинско огнено оружје на филмски сет или на снимањето серии, бара и обучен професионалец чија задача е да се осигури и дека оружјето се користи во согласност со строгите безбедносни мерки.Ќорецот е всушност речиси идентичен со куршум, а клучната разлика е самиот проектил. Наместо оловниот проектил што го имаат вистинските куршуми, врвот на ќорецот обично се запечатува со восок или некој друг материјал што спречува барутот да испадне од внатрешноста на патронот. Тоа значи дека со повлекување на чкрапалото на пиштол со ќорци во цевката, ќе добиете ефект речиси идентичен како истрелување на вистински куршум – звук, повратен удар, блиц на цевката, исфрлен патрон – сè е исто, освен што во случај на ќорец нема парче олово што излегува од цевката.Со употреба на пиштол реквизит може да дојде и до смрт ако пиштолот е неправилно наполнет. Во 1993 година на снимањето на филмот „Враната“ смртно беше ранет актерот Брендон Ли, син на легендарниот Брус Ли. Во цевката на пиштолот претходно останал вистински куршум, а кога во оружјето бил додаден и ќорец, експлозијата од цевката го истуркала проектилот, кој претходно бил заглавен и го усмртил Ли. Тој починал по шест часа во болница.Истрагата за овој немил настан сè уште е во тек, a Болдвин по инцидентот сам се пријавил во полиција за да даде изјава.

Магазин | пред 4 години

35-velosipedi-grad-skopje

Фатен малолетник кој крадел велосипед сред Скопје

На 21.10.2021 во 10.50 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што бил затекнат во обид да изврши кражба на велосипед, сопственост на М.А.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

Foto-2-3

Пендаровски: Важно е да се спротиставиме на културата на заборав

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Небрегово ја посети Спомен-куќата на Блаже Конески и се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.Во рамките на настанот претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе пред родната куќа на Блаже Конески и ги посети внатрешноста на Спомен-куќата, обновената училишна училница и црквата во Небрегово.На настанот се обратија и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, и проф. д-р Људмил Спасов, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а беше рецитирана и поезија на Конески од страна на ученици од Небрегово и Прилеп.„Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата нѐ дистанцира од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви што ни даваат стабилност во нестабилново опкружување“, рече Пендаровски.Додаде дека една од заедничките вредносни котви е она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, филолог, лингвист, визионер.„Тој опстојува како заштитник на нашата модерност – јазична, мисловна, книжевна, образовна и институционална. Тивок човек, кој со својата посветеност, одговорност, работливост и смиреност, треба да ни биде модел за нашето сегашно и идно дејствување во промоција на заедничката кауза“, истакна претседателот на државата.Токму затоа, дополни тој, личноста што е парадигма за нашата национална еманципација и прогресивност треба да ја чествуваме постојано, не само јубилејно.„Многу е важно да се спротиставиме на културата на заборав, која, за жал, е голема закана во овие брзи времиња. Неопходно е да ги реартикулираме во нашата сегашност, белезите на оние што се арматурата на нашиот национален и културен континуитет. Овој собир, посветен на Конески, токму тоа и го прави“, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-5

Млад скопјанец со повреди од огнено оружје донесен на Клиника

На 22.10.2021 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. отиштол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Драма: Му дошле дома, го истепале и му се заканувале со оружје

На 21.10.2021 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на И.С.(44) во с.Арнакија, скопско, дошле А.Ј. и Ј.Ј., физички го нападнале синот на И.С. и му упатиле закани со огнено оружје. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Расте просечната месечна нето плата

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари.Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на месец јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари.Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), уметност, забава и рекреација (14.2 %) и други услужни дејности (13.5 %).Согласно статистика, највисока просечна нето плата е регистрирана во секторот информации и комуникации, потоа следат финансиски дејност и дејности на осигурување.Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари.Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, вели СДСМ

Христијан Мицкоски денеска случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција, велат од СДСМ.„Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија.И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции.Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

02

Спасовски на средба со генералниот секретар на ОБСЕ амбасадор Хелга Шмид

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска оствари работна средба со делегација на OБСЕ, предводена од генералниот секретар на ОБСЕ амбасадор Хелга Шмид и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.Министерот Спасовски се заблагодари на континуираната, плодна и интензивна соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во јакнењето на институционалните капацитети, нагласувајќи ги стратешките приоритети за продолжување на реформскиот процес на полицијата, борбата против сериозниот и организиран криминал, корупцијата, тероризмот, илегалната миграција и кибер криминалот, како и професионализацијата на полицијата и можностите за зајакнување на интегритетот на полициските службеници.Министерот Спасовски нагласи дека денешната средба претставува силна порака за сериозното партнерство со ОБСЕ и токму фактот што на Република Северна Македонија и е доверено претседавањето во 2023 година претставува чест и признание за остварениот реформски напредок и придонесот во регионалната соработка со уверување дека Министерството за внатрешни работи е посветено и активно ќе придонесува за успешно претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, со целосното почитување и унапредување на заедничките вредности на оваа организација.Генералниот секретар на ОБСЕ Шмид изрази целосна подготвеност и поддршка за Република Северна Македонија во фазата на подготовка и во процесот на организација на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и тоа дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста мора да се разгледуваат и од аспект на животната средина, почитување на човековите права и владеењето на правото.Од двете страни беше изразена заложба за соработката во иднина да продолжи со засилен интензитет, надополнета со актуелни теми од областа на конфискација на криминално стекнат имот, поголема транспарентност во презентирањето на резултатите од борбата против корупцијата, борбата против семејното насилство, како и родовата еднаквост, се во насока на креирање конструктивна агенда за нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.

Македонија | пред 4 години

nikolovski

Граѓаните ја пратија пораката, знаеме каде треба да се корегираме, вели Николовски

Николовски денес на новинарското прашање што ќе се случи со општините каде што СДСМ нема кандидати за градоначалници, одговори:“СДСМ води во над 25 општини во коишто одиме во вторито изборен круг, односно ние имаме кандидати во шест општини повеќе д ВМРО ДПМНЕ и во 80%од сите сме во водство. Влегуваме во вториот изборен круг во овие општини, имаме вкупно 130.000 гласови, ВМРО ДПМНЕ и опозицијата има 120.000 гласови.Дополнително овие денови испративме и силна порака и 27 политички партии застанаа зад коалицијата предводена од СДСМ, коалиција ккојашто води напред и концепт којшто е единствен во државата којшто води напред. Не е тоа сила, нее став, не е инспакции, не е режим, туку ја слушаме пораката на граѓаните се коригираме, се менуваме и токму затоа имаме најголем коалициски потенцијал и капацитет. Тоа е гаранција за успехот којшто ќе го токму оваа коалиција предводена од граѓаните на 31-ви октомври.ВМРО не расте туку настапивме посебно неколку коалиции, неувајќи ги вредостите коишто ги добивме, за коишто се изборивме во ова пштество, негувајќи ги и поттикнувајќи ги независните кандидаи, граѓанските општества, граѓанските организации и пред се индивидуите да навистина излезат пред граѓаните и да имаме поширока понуда.Граѓаните одбраа, граѓаните ја пратија пораката, ние знаеме што треба да направиме, во кој правец да се коригираме, меѓутоа повторно влегуваме како фаворити затоа што сме освоиле во сите овие општини поголем број на гласови од ВМРО ДПМНЕ, и секако дека во вториот изборен круг во Арачиново во Чашка и во Долнени ќепбедат кандидатите на владината коалиција затоа што таму нема опозициски кандидати. Во Тетово и во Желино повторно ќе победат кандидатите на владината коалиција заради тоа што нема опозициски кандидати. ВО македонскиот блок во најголем дел од општините сме во водство и се очекува силна победа и поддршката во вториот изборен круг секако дека на принципелни основни којашто е изградена којашто се негува зад којашто застанаа како што кажав сите политички партии вклучително и оние коишто се надвор од коалицијата Можеме, а тоа е ДУИ ДПА и БЕСА, и таа порака сите поединачно ја пратија. Ние утре во Ксопје ќе имаме централен настан на којшто пред граѓаните токму тоа обединување и пораки за обедување целата оваа коалиција ќе биде пратена/ Во вторито изборен круг во Чаир, во Тераце во Студеничани во Врапчиште во Дебар во Гостивар во Кичево и во Струга ќе ги поддржиме канидатите на Демократската унија за интеграција и на тој начин ќе заокружиме еден процес на обединување во коешто граѓаните на 31-ви ќе ја имаат таа можност и прилика да гласаат на овие избори.Во Тетово и Желино како што кажав кадешто се само владини канидати односно тоа се наши партнери од коалицијата секако дека ќе победат владините кандидати но членството, поддржувачите и приврзаниците на СДСМ ќе гласааат по нивна волја . Секако дека во овие општини коишто ги набројав во Чаир, Студеничани Тераце Врапчиште Дебар Гостивар и Струга застануваме зад владините кандидати предложени од ДУИ”.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_6-10

Емоцинално ВИДЕО: На скопските клиники 4-годишната Умејра го победи ракот

Четиригодишната Умејра заѕвони на ѕвончето на Детската клиника. Овој звук ја симболизира добиената битка со канцерот.Во знак на благодарност, ги почести со слатки медицинскиот персонал кои цели девет месеци безрезервно се грижеа за неа.Пред Клиниката нестрпливо чекаа да ја прегрнат татко ѝ, браќата и останати роднини. Но, најмногу ѝ недостигаше на сестра ѝ близначка, Унејса.-Ја чекам мама и Умејра.-Што ти е Умејра?-Душа.По триесетина минути излезе Умејра. Аплауз, солзи и прегратки….Најмногу се израдува нејзината сестра близначка.Сите се фотографираа со неа…-Колку години имаш?Умерја Исени: Четири.-Каде ќе одиш?У.И.: Дома.-Дали си среќна?У.И.: Да.-Што сакаш да правиш?У.И.: Да си играм со играчки.Симболично пуштија балони во воздух за да се збогуваат од болеста…Нејзината мајка, Несрин, вели дека битката против болеста била тешка, но со помош на роднините и медицинскиот персонал никогаш не се предале.„Сите родители чии деца боледуваат од оваа болест треба да имаат храброст и многу трпение“, додава Несрин Исени.„На два месеца пред да наполни четири години, на Умејра ѝ беше дијагностицирана акутна леукемија. Тоа се случи на 17 јануари годинава. Моментот кога лекарите ни ја соопштија веста за мене беше многу тежок, за мене како мајка и за целото семејство. Фала му на Господ досега сѐ помина добро“, истакна Несрин Исени.Несрин им порача на сите родители кои се борат со оваа болест да имаат трпение.Умејра уште одреден период ќе продолжи да прима терапија и да ги прави потребните прегледи. Насмеана и среќна си замина од болницата. Едвај чекаше да влезе во својот дом со семејството за да си игра со сестрата и браќата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања