Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

mickoski-6

Мицкоски се изјасни за оставката на Ѓорѓиев од комисијата со Бугарија

Шокирачки е што некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет, да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, изјави денес при посетата во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од историската комисија со Бугарија поради политичко мешање и не придржување до резолуцијата.Мицкоски истакна дека имаме јасна Резолуција изгласана во македонското Собрание и очекува личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна. Тој апелира до членовите на комисијата на трезвеност, патриотски чувства затоа што се ова чувствителни моменти за македонскиот народ и за Македонија и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат.- Веднаш повикувам не само до тие политичари кои вршат притисок, туку и до останатите членови на историската комисијата која преговара, да ја следи постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев, затоа што треба да се свесни дека слугувањето на тие кои ја продаваат Македонија ќе биде запишано во историјата, ама на темната страна, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека оваа влада која не се штедеше да ја распродава Македонија и македонскиот идентитет се ближи кон својот крај.- Немојте да бидете дел од тој крај, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Следува енергетска криза и рестрикции, владата не враќа 40 години назад, тврди Мицкоски

Македонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец ноември, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој ова го истакна денеска при посетата на Индустриската зона „Жабени“ во Битола, одговарајќи на новинарски прашања, при што беше прашан и за коментар за пропаднатиот тендер за јаглен за РЕК Битола.„Македонија е пред енергетска криза. Мислам дека веќе во ноември ќе ги чувствуваме првите последици на таа енергетска криза. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тој предупредувал дека поради нестручноста и лошата енергетска политика на СДСМ Македонија ќе биде пред енергетска криза.„Јас на ова предупредував токму од тука, од Битола пред неколку месеци, предупредив дека со оваа енергетска политика и со оваа нестручност наместо работа се крадат енергетските компании, многу лесно ќе се соочиме со енергетска криза и таа енергетска криза ни е на прагот, ни тропа на врата. И верувајте, јас очекувам уште во ноември месец такво нешто ќе се случи. Камионите наместо да копаат тие се фокусирани да крадат. А, зошто да копаат? Затоа што рударските машини и камионите се потребни за да може технолошкиот процес на производство да на електрична енергија да биде заокружен и на тој начин граѓаните да добијат соодветна количина на електрична енергија“, рече Мицкоски.Мицкоски потсети дека од власта се обидоа преку меѓународен тендер да обезбедат милион и 200 илјади тони јаглен.„Јас кажав дека тоа е сериозно логистичка операција, тоа е во еден момент 1.300 камиони во Македонија треба да се движат. Добиле многу помалку од тоа. Ќе видиме како ќе се развива целата таа работа, но жалам што можам да констатирам, еве не зборувам како политичар, како универзитетски професор и сум човек кој што ја разбира енергетиката, не само во Македонија туку и пошироко во регионот, дека можно е она што го слушам како полу информација, информација дека ќе дојде до рестрикции во наредниот период“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Колку вакцинирани и на која возраст има во Македонија

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Актуелно | пред 4 години

gjorgiev

Со обвинување за притисоци од Заев, историчар поднесе оставка од мешовитата комисија со Бугарија

Ванчо Ѓорѓиев од историската комисија со Бугарија поднесе оставка од таа функција, а во соопштение ги објасни причините за таквата одлука.Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“.“ – се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

21xp-newmexico-Baldwin-mediumSquareAt3X

Aлек Болдвин уби член на екипата среде снимање филм

Огнено оружје истрелано од ветеранот актер Алек Болдвин, кој глуми и продуцира вестерн, ја усмрти директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот во четвртокот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико.Службеници на канцеларијата на шерифот изјавија дека Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот Rust („Рѓа“) и режисерот Џоел Соуза се здобиле со прострелни рани, за жал, кај Хачинс фатални.Хачинс (42) со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била прогласена за мртва од медицинскиот персонал, соопштија властите.Соуза (48) со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Винсент“, каде што се лекува од повредите.Портпаролот на Болдвин (68) рече дека несреќата се случила за време на снимање сцена од претстојниот филм и дека била предизвикана од погрешно пукање на реквизитен пиштол.

Магазин | пред 4 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Кралицата Елизабета во болница, ја откажа посетата на Северна Ирска

Кралицата Елизабета (95) помина една ноќ во болница откако ја откажа посетата на Северна Ирска, соопшти Бакингемската палата.Кралицата требаше да тргне на дводневно патување во средата, но лекарите ја советуваа да ја откаже посетата и да одмори неколку дена во замокот Виндзор.Набргу потоа била однесена во болница на прегледи, а вчера се вратила дома.„Причината за нејзината посета на болницата нема никаква врска со коронавирусот, и таа ја помина ноќта во болница како мерка на претпазливост“, пишуваат британските медиуми.Од Бакингемската палата изјавија дека кралицата жали што не може да ја посети Северна Ирска, но ќе го послуша советот на лекарот и ќе одмори во следните неколку дена.

Магазин | пред 4 години

thumbnail_Foto-1-3

Пендаровски на средба со генералната секретарка на ОБСЕ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Хелга Марија Шмид, генерална секретарка на ОБСЕ.На средбата беше разговарано за севкупната соработка со организацијата, како и за подготовките за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека нашата држава високо ја цени долгогодишната соработка и дијалог со ОБСЕ и посочи на значајниот придонес на мисијата на ОБСЕ во Скопје во поддршката на реформските процеси, а во функција на севкупниот напредок на државата и исполнување на нејзините европски аспирации.Претседателот Пендаровски на средбата рече дека за Република Северна Македонија е важна екпертизата на ОБСЕ во однос на судските реформи, борбата против корупцијата, доброто владеење, како и изборните реформи во линија со препораките и европските стандарди.Претседателот Пендаровски се заблагодари за тековниот ангажман на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2021 година и изрази уверување дека наодите и заклучоците на мисијата ќе послужат за натамошно унапредување на изборниот процес.На средбата претседателот Пендаровски и генералната секретарка Шмид разменија мислења во однос на подготовките за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија да даде активен придонес во промоцијата на вредностите и заложбите на ОБСЕ и изрази очекување дека претседателството ќе придонесе за видлива промоција на нашата држава како активен чинител на мултилатерален план.

Македонија | пред 4 години

korona

260 луѓе иако биле вакцинирани, починале од Ковид-19

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 21 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.„ Во период од 06.08 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 21.10.2021 на територија на државата починале 1506 лица со Ковид-19, 1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“ се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Скопјанец фатен откако крадел на Камен мост

На 21.10.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје, фатен по извршено кривично дело „кражба“. А.Ќ. го извршил делото околу 16.55 часот на скопскиот Камен мост, при што од оштетениот О.К.(30) одзел пари. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје | пред 4 години

kucinja-kuce

Малолетник каснат од куче скитник

На 21.10.2021 во 08.30 часот Полициската станица Центар, В.К.(47) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк неговиот син бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

Kotlar

Центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром, вети Котлар

„За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго. Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи“, вети кандидатката за градоначалничка на Ценар, Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ.„Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа!“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

GP-Tabanovce

Уапсен холанѓанец, незаконски престојувал во Македонија

На 21.10.2021 во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-soobrakajka

Струмичанец е тешко повреден откако со автомобил излета од пат

На 21.10.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило „цитроен џампер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владиевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 4 години

grobista-2

Краделе на гробиштата во Куманово, им се заканува затвор до 5 години

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10.10.2021 година три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот.За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до 5 години. Согласно Законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу 8 дена. Со оглед на тоа што прибирањето на доказите се уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на Судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице.Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.​

Македонија | пред 4 години

Naum-Stoilkovski-1

Шилегов мисли само на јадење и пиење на буџетски трошок, обвинува Стоилковски

Следниов документ ја открива суштината за Петре Шилегов, и што му е најважно од градоначалничката фотелја, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за КАЕФАНА!На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со 3 фирми - во вредност од 32.000 евра! Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година!Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот:· Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ - 2 милиони денари за кафеана за една година;· Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;· Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов;· А, тука би додал дека фирмите - кафеаните се обврзале на 10 односно нудат од 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките;Почитувани,Додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана!Не, почитувани, ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов среде кампања за избор на градоначалник за град Скопје, кога он потпишува договор од 32.000 евра кафеански услуги!Почитувани,Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, се тоа на буџетски трошок, се тоа од ваш џеб.Ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден. Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана!Почитувани,Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок.Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!

Скопје | пред 4 години

Marija-Miteva

Кандидат за градоначалник на СДСМ вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка, обвинува Митева

Во општина Ново Село, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Звонко Ангелов вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка. Нападите врз жените од страна на СДСМ не се новина во политиката. Во текот на вчерашниот ден медиумите објавија информации за ова брутално злоупотребување на службената должност од страна на Звонко Ангелов кој како вработен во центарот за социјални работи во Струмица го извршил ова дело. Според нашите информации, тој вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка дека ќе и’ го одземе детето. Жестокиот притисок и уцените се одвивале во текот на неколку недели, а причините за тоа се најверојатно одбивањето на жртвата да ги користи каналите за правна помош кои и’ ги посочил Ангелов“ вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Во текот на предизборната кампања бевме сведоци на повеќе напади врз жените како кандидатки за градоначалнички од страна на СДСМ. Насилството, говор на омраза, сексизам и мизогинија беа употребувани од страна на СДСМ. Никој во раководството на СДСМ, ниту пак Форум на жени не се огради и не го осуди таквиот срамен чин на однесување. Да не го заборавиме и срамното покажување на лакти од страна на Заев и повторно никој од СДСМ не собра храброст да се извини. Очигледно од Заев можат да земат само лоши примери.Почитувани граѓани,Како ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваме жените да зборуваат за секој вид на насилство со кое се соочуваат. Јавно се спротивставуваме на ваквиот начин на третирање на жените во политиката и порачуваме дека за вакви луѓе нема место во политиката по 31 октомври. Затоа граѓаните на Ново Село го победија кандидатот на СДСМ во првиот круг и затоа истиот уште еднаш ќе биде поразен и во вториот круг.Промените во начинот на владеење во Македонија се само на чекор од сите нас“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

sonce

Сончево со температура до 23 степени

Наутро во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.И утре ќе се задржи релативно топло време, во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд, претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и в недела претпладне.За време на викендот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Македонија | пред 4 години

2-12

Џафери на средба со неговиот грчки колега

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со претседателот на Парламентот на Грција, Константинос Тасулас, на маргините на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која денеска и утре се одржува во Атина.„Џафери изрази задоволство што оваа прва средба со неговиот грчки колега се случува во Атина, во годината кога Република Грција ја прославува 200-годишнината од почетокот на борбата за независност и упати честитки до Тасулас за одличната организација на Конференцијата. Во однос на билатералната парламентарна соработка, тој го оцени постоењето на групите за соработка во законодавните дома на двете земји како одлична основа за развој на блиска парламентарна соработка и изрази надеж дека наскоро членовите на двете групи ќе остварат заедничка средба. Претседателот Џафери укажа дека, во грчкиот парламент сè уште не се донесени ратификациите со кои се унапредува соработката со Република Северна Македонија во повеќе области, вклучително и во делот на евроинтеграциите и побара нивна што поскора ратификација со цел да бидат ставени во функција“, соопштија од Собранието.Тасулас изразил големо задоволство од оваа, како што ја нарече, долго очекувана прва средба на ниво на претседатели на Парламенти и истакна дека ова потврдува дека односите меѓу двете држави напредуваат.„Се согласи дека Групите за соработка треба да ја воспостават и развиваат парламентарната соработка и конкретно, наместо нивното постоење да остане само на хартија, и нагласи дека грчкиот парламент ќе се потруди преку механизмите за соработка кои му се на располагање да му помогне на Собранието на Република Северна Македонија и во размена на искуства во процесот на евроинтеграција. Претседателот Тасулас ја поздрави храброста на двете држави за решавање тешки прашања и истакна дека по прифаќањето на Договорот од Преспа, тој мора да се почитува и внимателно да се чува. Притоа, му оддаде почит на претседателот Џафери за неговата лична посветеност и неговите напори за решавање крупни и тешки прашања. Поздравувајќи го чекорот на државата кон членството во НАТО, Тасулас изрази уверување дека следниот чекор за Република Северна Македонија ќе биде членството во Европската Унија и притоа ја повтори поддршката од Грција на процесот“, се наведува во соопштението.Соговорниците размениле мислења за напорите кои како претседатели на парламенти ги прават со цел да се исполнат обврските и она што е договорено да биде спроведено во пракса. Ја потенцирале и меѓусебната доверба како резултат на што е и договорот и соработката меѓу двете страни за заштита на нашиот воздушен простор.На крајот на средбата, Џафери упатил отворена покана до Тасулас да ја посети Македонија.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-2

СДСМ: Арсовска бега од дебата, свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, не се појави на за синоќа закажаната ТВ дебата на Канал 5, во која требаше да се соочи со Петре Шилегов. Со тоа, таа ја продолжи старата практика на ВМРО ДПМНЕ, односно, кога немаш решенија, аргументи или проекти, кога пораките се само евтин популизам, не се оди пред оние кои треба да те изберат. Сите добро знаеме како тоа се завршуваше во поновата историја и на Скопје и на Македонија – со измама на гласачите и назадување на градот. Избегнувајќи ја дебатата, г-ѓа Арсовска, уште еднаш покажа дека не ѝ се важни гласачите бидејќи не сака аргументирано да објасни штовсушност им нуди на граѓаните и на Скопје. Таа покажа и дека се плаши од отворен, директен дуел со Петре Шилегов бидејќи е свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат.Нејзиниот страв потекнува од нејзините сопствени сограѓани за кои нема решение за основните комунални и социјални прашања, а во дебата ова би било повеќе од очигледно. Но, граѓаните имаат право да знаат кој и како ќе управува со градот, кој има или нема реални и остварливи проекти, па затоа Петре Шилегов ја поканува г-ѓа Арсовска на дебата за медиумите, на место коешто таа сама ќе го одреди.На Скопје му требаат одговорни и транспарентни политичари, политичари кои ги застапуваат вистинските интереси на скопјанките, скопјаните и Скопје, политичари кои ги почитуваат своите граѓани и пред кои се отчетни за своето водство. Тоа е минимумот кој кандидатите за градоначалници им го должат на нашите граѓани. Данела Арсовска свесно го игнорира тој факт, кој е етичка обврска кон скопјани. Свесно го игнорира, што е недозволиво.

Скопје | пред 4 години

tutun-ljuboten

Скопјанец осомничен во Прилеп за недозволена трговија со над 45 килограми марихуана помешана со тутун

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, кое е осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми наркотична дрога марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба. Дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил Пежо 306. Движејќи се во правец кон Градско со возилото, во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп, осомничениот бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници. При прегледот на возилото, полициските службеници ги пронашле патните торби со дрога и ги одзеле.Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп затоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото или да се обиде да ги прикрие доказите. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 4 години

6

ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение ја чека оставката од Заев, со причини зошто треба да се повлече

„Заев да си даде оставка од партијата и владата, три пати лаже дека ја сфатил пораката, за да може да продолжи да краде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„На 22.04.2019 година за време на претседателските избори Заев доби метла на митинг, што требаше да биде метафора за чистки во власта. Тогаш Заев кажа дека ќе има реформи, кадровски промени и промени во пристап. Но што навистина се случи?1. Заев и Филипче наместо да набават вакцини тргнаа по светот по провизии.2. Убедливо најкатастрофално се справија со КОВИД кризата.3. Името на Вице беше избришано од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.4. Ден Дончев кој беше фатен со туце пари во ташна е на слобода.5. Македонија не успеа да отпочне преговорите со ЕУ.Една година подоцна Заев со истата лага од партиски конгрес кажа дека ќе менува, ќе има промени и ќе се подобрува работата на владата. Но што се случи навистина?1. Драги Рашковски кој инфлагранти беше фатен во местење тендери, наместо во затвор да заврши во домашен притвор, а тој го бранеше и влијаеше на истрагата преку медиумите дека е невин.2. Оливер Спасовски и тој дадоа над 200 пасоши на белосветски криминалци, кои со македонска патна исправа се шетале низ светот и вршеле кривични дела.3. Завршивме на 111-то место на листата на „Транспаренси интернешнл“ за криминал и корупција.4. Во Извештајот на Стејт Департментот е посочено дека американски фирми сведочат за корупција во државата.5. 60.000 останаа на улица, 5.600 фирми затворија.6. 14 луѓе живи изгореа и никој не понесе одговорност. Крив им беше кабелот или полначот.И сега повторно Заев вели дека ја сфатил пораката и повторно како и два пати до сега лаже, а лаже за да краде. За Заев нема простор за уште една шанса. Тој ги прокоцка сите шанси. Ги прокоцка нашите пари, дел од нашите животи и илјадници судбини“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

Многу бесплатни услуги нуди Шилегов, кажувајќи кој ќе ги користи

Покрај здравствените ризици кои ги донесе пандемијата на Ковид-19 во изминатите 2 години, силно беа погодени економијата и семејните буџети на граѓаните. Затоа, Град Скопје подготви пакет од силна финансиска поддршка за сите групи граѓани. Скопје е град на солидарноста и како таков се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни.– Овој пакет од социјални поволности е наменет за сите групи, за возрасните и пензионерите, лицата со попреченост, лицата со ретки болести, младите и идните родители. Продолжуваме со остварување на активности за поквалитетен живот во нашето Скопје, за подобро секојдневие на нашите сограѓани, за поудобни и побезгрижни денови во овој град, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.– Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин гo запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, нагласи Шилегов.– Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот. За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт, продолжува Шилегов.– Се грижиме и за лицата со ретки болести, како инклузивно општество кое се грижи за сите. Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната придружба при користење на превозот, порача Шилегов.– Во пакетот финансиска поддршка се вклучени и младите кои се движечката сила на градот. Ги поддржуваме во личниот и професионалниот развој. На сите постдипломци и докторанди кои студираат на државните универзитети во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси, изјави Шилегов.– Сите ученици од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште. Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети. За секој средношколец, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Создаваме навики кај младите за здрава и среќна иднина, додава Шилегов.– Инвестираме во среќата за идните родители и за сите семејства во градот. Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на 50% од месечниот трошок. Ги поттикнуваме семејствата да останат во Скопје, тука да се развиваат и остваруваат. За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на Биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот, потенцираше Шилегов.Град Скопје развива социјална политика на локално ниво која се повеќе се доближува до граѓаните и нивните судбини преку реални социјални мерки наменети за нив. Градот станува еднаков за сите граѓани, транспарентен и солидарен град, град на успешен соживот.– Постојаната комуникација со секој наш сограѓанин и подадена рака на секој на кого му е потребна е препознатлив пристап за нас. Ни претстои една поинаква приказна во социјалната слика на градот. Од Скопје правиме социјално сензитивен град за посреќни мигови, заклучи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Не дека Шилегов е сјаен, но сега е мајката на граѓаните

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев смета дека Петре Шилегов прави грешки и се поправа, но не одговори што значеше неговата изјава кога кажа дека без Скопје, Владата не може да оди напред. Без одговор остана и тоа дали значи дека е оставка во најава, доколку Шилегов не победи.“Не дека Шилегов е сјаен, граѓаните кажаа. Ама од другата страна имаме човек кон вика: мрш. Тоа е ризик. Затоа, ние одлучуваме. Народот е исправен, мора да ги донесат исправните одлуки”, кажа Заев.За Данела Арсовска кажа дека имал средби со неа бидејќи е претседателка на Сојузот за стопански комори, потенцирајќи дека знае и како е избрана и давајќи негативно мислење за неа.“Сега е мајката на граѓаните, сега е моментот, сега мора да пресечеме”, додаде Заев.

Скопје | пред 4 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична за скопјанец, се заканувал на Фејсбук

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.03.2021, пријавениот преку социјалната мрежа „Фејсбук“ упатил закани преку објава од неговиот профил.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Србин пронајден мртов во стан во Скопје

На 21.10.2021 околу 04.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на ул.„Орце Николов“ бил пронајден починат Н.П.(36) од Република Србија, со престој во Скопје. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања