Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

policija-3-640x382

Експлозија во подрум од зграда во Аеродром, повреден маж

На 20.10.2021 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрум од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од с.Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото. Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-51

Повреден работник од Скопје – завршил во болница со тешки телесни повреди

На 20.10.2021 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Т.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил околу 14.50 часот додека вршел работни задачи, како вработен во фирма, на ул.„Киро Фетак“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

noz-ubistvo-napad

Син го уби својот татко со нож

Грозоморно убиство го потресе Кичево, каде син го уби својот татко.Полицијата синоќа го приведе М.М.(30), поради сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. На местото на злосторството јавен обвинител и екипа од полициската станица Кичево извршија увид. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

Морачанин ги манипулира статистиките за изборите за да остане лидер на партија во изумирање, вели Петровска

ДОМ и ЛДП преку својот кандидат за градоначалник на Скопје освоиja 8911 гласа, додека кандидатката на активистичката коалиција Зелен хуман град освои 9954, или 1043 гласа повеќе. Две партии со децениско присуство на политичката сцена што потрошија стотици илјади евра на билборди, промотивни видеа и печатен материјал, освоија помалку гласови од независен кандидат поддржан од граѓанска иницијатива, која немаше пристап до државни финансии и која се формираше неодамна и активно делува последните 2 месеци.Маја Морачанин креира сопствена слика за реалноста и ги манипулира статистиките за изборите за да остане лидер на партија во изумирање. Собира гласови за советници и градоначалници, за да си ја зголеми “цената” за пазарење со коалициските партнери.Кандидираше кадри од двете големи партии (Шуто Оризари, Радовиш, Кисела Вода), бидејќи нема сопствено членство. Нејзиниот Генерален секретар, Потпретседател и Претседател на младинската организација (која не функционира веќе подолго време) доживеаја фијаско во Ѓорче Петров и Карпош. Од 21 советник од претходните избори ДОМ спадна само на 5.Маја Морачанин со своето недемократско и нестатутарно “лидерство” ја претвори ДОМ во партија без идеологија и без поддржувачи. Профитерството и политиканството што ги застапува се единствени нејзини “вредности” и заради тоа оваа партија под нејзино раководство нема иднина.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211021_190431_016

Арсовска со сопствениците: Ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата

“Добро ми се познати проблемите и препреките со кои се соочувате при водењето на вашите фирми. Ако некој ве разбира тоа сум јас и ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата, затоа што знам колку е тешко во денешни услови и во град каков што моментално е Скопје, да се работи, да се води фирма и да се обезбеди егзистенција за вработените”, истакна независниот кандидат за градоначалник на Скопје, ДанелаАрсовска на денешната средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром. “За секој проблем има решение и начин како фирмата да продолжи да расте и да се развива. Едно такво решение е 24часа достапна општинска канцеларија за сите ваши потреби, да завршувате работа без губење време и непотребни чекања. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму, затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми”, им порача Арсовска на стопанствениците.“Потребни се добри сообраќајни решенија, не можеме да стигнеме до тука, се прават недогледни колони и метеж насекаде, автобускиот превоз што ги носи вработени е спор и нередовен. Сето тоа се одразува врз нашата работа и врз функционирањето на фирмите”, ги истакнаа стопанствениците своите проблеми. Уште додадоа дека нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот, комуникациските врски, се клучните точки поради кои последици трпат малите и средни фирми. Тие, пред кандидатката за градоначалник уште се пожалија дека нема осветлување по улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како сите, а и не се чисти доволно.

Скопје | пред 4 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Шилегов: Граѓаните нема да дозволат државата и Град Скопје да се враќаат назад

Граѓаните нема да дозволат државата и Град Скопје да се враќаат назад, нивната порака ја примивме и постапуваме, дополнително имаме окрепнување на гласовите со потврда од сите партии кои се дел од владината коалиција и неспорно е дека мнозинството граѓани ќе одбере развојот на Град Скопје, истакна вечерва кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.Тоа значи, додаде Шилегов дека политиките на градската власт мора да биде во симбиоза со политиките и вредности на централната власт.„Факт е дека Скопје е една третина од нашата држава, факт е дека во Скопје се најголемите економски активности и факт е дека во Скопје морате да имате симбиоза помеѓу Владата и градот. Невозможно е државата да оди во еден правец, а државата во друг правец. Во 27 годишното владеење на ВМРО –ДПМНЕ во Скопје пред моето доаѓање, последните 12 години имавме симбиоза помеѓу централната власт, Владата на ВМРО–ДПМНЕ и локалната власт, кога беше во тој мандат Коце Трајановски и ние видовме што добивме, добивме Скопје со барок, Скопје без визија. Сега зборуваме за едно сосема поинакво Скопје, Скопје кое што се поврзува, интензивно се гради, се обидува во еден мандат да надомести она што 27 години било пропуштено. Пораките кои што би ги испраќал градот под водства на Арсовска би биле пораки повторно на делба, на барок, на неразвивање на градот, затоа што Данела Арсовска е несомнено кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Пораките кои би ги испраќала централната власт се пораки на интегрирање, на заедништво и тие едни со други се во конфликт. Ние во Скопје напорно работевме во изминатите 4 години и јас со екипата, но и граѓаните. Во овој мандат ние немавме конфликт меѓу средношколците што порано беше редовна појава. Сега како ние ќе креираме на државно ниво едно општество за сите кога овде ќе имате политичка структура која ги дели луѓето.“ посочи Шилегов.Шилегов оцени дека граѓаните на 31 октомври ќе се обединат и ќе дадат поддршка на концептот кој води напред, кон развој на Град Скопје и напредок на целата држава

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен маж баран со потерница за 12 години затворска казна

Денеска ( 21.10.2021) во 16:30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров, пред трговски центар во Гостивар лишена од слобода е С.Р. (42) од с.Чајлане -Скопје која се барала со потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор во траење од 12 година.Лицето ќе биде предадено на КПУ -Идризово.

Скопје | пред 4 години

darko-dimitrov

Песна на Дарко Димитров по седум години ја избраа за најслушана на радио во Србија

Песната „Радио свири за нас“, која пред седум години Дарко Димитров и Александра Милутиновиќ ја направија за Јелена Томашевиќ, е избрана за најслушана емотивна песна на радио во Србија. Наградата „Годум“ секоја година се доделува според изборот на музичките работници во земјата, а доделувањето на плакетите се одржа вчеравечер во Белград.„По седум години ‘Радио свири за нас’ е најслушана песна“, се пофали Дарко.Ни Јелена не криеше дека е среќна што го добила ова признание, особено што наградата ја добила од колегите.„Секоја награда им значи на уметниците, но ова признание ми е особено драго бидејќи го доделуваат моите колеги и експерти кои ја разбираат музичката индустрија од друг агол и знаат колку ни е важна поддршката во овие времиња. Чест ми е што сум на овогодишната листа на уметници што се наградени од еминентните музички институции“, рече Јелена.Дарко и Јелена соработуваа на неколку нејзини песни последните години, а се дружат и приватно.

Магазин | пред 4 години

DSC_0683

14 пациенти го загубија животот, 490 се борат со коронавирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 3.073 тестови преку: ИЈЗ-290, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-44,ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-140, Биотек-152, Систина-54, лабораторија Лаор-100, Синлаб-17, Ремедика-17, Плодност–21, Генеа-5, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-35, Ројал Медика –5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.393.Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 86863, Активни 3008Куманово 12007, Активни 481Тетово 10926, Активни 93Прилеп 9328, Активни 236Гостивар 7994, Активни 37Битола 7303, Активни 193Велес 6619, Активни 294Кавадарци 6141, Активни 168Охрид 6115, Активни 203Штип 6015, Активни 202Струмица 5865, Активни 131Кичево 4067, Активни 86Струга 3822, Активни 35Кочани 3449, Активни 145Гевгелија 2513, Активни 80Неготино 2347, Активни 22Свети Николе 1966, Активни 64Радовиш 1572, Активни 42Ресен 1566, Активни 33Крива Паланка 1552, Активни 115Дебар 1453, Активни 6Берово 1222, Активни 12Делчево 1139, Активни 21Виница 1073, Активни 32Пробиштип 976, Активни 54Валандово 842, Активни 16Кратово 631, Активни 47Богданци 575, Активни 20Крушево 541, Активни 11Македонски Брод 476, Активни 3Демир Хисар 471, Активни 31Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 347, Активни 47Пехчево 318, Активни 3Дојран 142, Активни 2

пред 4 години

boki

Боки 13 со нова бomба: 3aeв нapaчувaше пpecyди преку претседателот на Kpивичен cyд Џолев, имам дoкaз во мобилниот

Премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев тврдеше денеска Бојан Јовановски пред судечкиот совет на рочиште за предметот „Меѓународен Сојуз“. Боки 13 рече дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање, пренесува „Алфа.тв“.„Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет“, рече Бојан Јовановски пред судот.Откако Боки 13 влезе во расправа со судијката Софче Гаврилова, која му кажа дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон а неговото барањето ќе биде доставено, по што Јовановски беше избркан од судницата. Откако тргна да ја напушта судската сала, Јовановски се обраќаше кон Гаврилова говорејќи дека во судот нема ниту ред ниту достоинство.Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Следното рочиште е закажано за 8-ми ноември кога пред судот искази треба да даваат сведоци кои ги предложи одбраната на обвинетата во случајот Јасна Мандиќ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Зошто Арсовска денес не се возеше со двокатните автобуси на Коце?, прашува СДСМ

Интегрален текст од соопштение на СДСМ-Скопје:Зошто Данела Арсовска денес не се возеше во двокатните дизел автобуси што ги набави нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, туку во автобуси од фабриката „МАН“, какви што набави Петре Шилегов?Одговорот е јасен – затоа што криминалната набавка на ВМРО-ДПМНЕ на двокатните дизел-загадувачи имаше катастрофални последици за аерозагадувањето на Скопје, секаде каде што сообраќаа автобусите кои трошат над 40 литри дизел на 100 километри. Двестете двокатни дизелаши годишно трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку МАН-овите на CNG, значи, со набавката на МАН-овите веќе се заштедија неколку милиони евра на скопјани!На денешната прес-конференција Данела Арсовска повторно се обиде да ги „извози“ новинарите и граѓаните со нејзиното ветување за бесплатен превоз со 250 електрични автобуси, 18-метарски, какви што се налепени на автобуските станици на градот, за кои тврдеше дека ќе ги обезбедила ВЕДНАШ.Маските почнуваат да паѓаат, и Арсовска веќе не ветува набавка на електрични автобуси. Арсовска сега тврди дека по 82 дена ќе започнала со набавка на150 автобуси на CNG (МАН-овите што ги набави Шилегов се на CNG), и сега веќе не зборува за купување на дополнителни НОВИ 100 автобуси, туку за етапно приспособување на 100 автобуси на „алтернативен енергенс“. Арсовска воопшто не спомнува купување на електрични автобуси, како 18-метарскиот електричен автобус на нејзините плакати, што е срамно манипулирање на скопјани, новинарите, и медиумите.Арсовска продолжи да дезинформира дека со БРТ ќе се отстранува средишното зеленило и дека ќе се сече, иако средишното зеленило нема да се сече, туку ќе се пресадува и двојно ќе се зголеми. Арсовска манипулира и дека БРТ нема да било за цело Скопје, иако сите скопјани ќе ги користат новите ултраеколошки автобуси, а постојната флота ќе се користи за новата поопфатна сообраќајна мрежа која ќе обезбеди многу помалку чекање.Арсовска нема проект за 250 електрични автобуси, ги манипулира скопјани со фотографии од електрични автобуси, а сега ветува набавка на 150 автобуси на ЦНГ и приспособување на 100 автобуси на „алтернативен енергенс“, што е бесрамно манипулирање на јавноста.За разлика од Арсовска која нема никаков проект за јавен транспорт, Шилегов има конкретен проект за Брз автобуски превоз, за кој веќе се обезбедени средства за два нови коридори, за нова флота за ултра-еколошки автобуси, за нови автобуски станици и депоа, за дигитализација и „при-пејд“ систем на билети со единствена карта. Со зелениот проект за Брз автобуски превоз, Скопје добива посовремен, похуман, позелен, подинамичен и побезбеден транспорт, по мерка на граѓаните Скопје станува прв град на Балканот со БРТ систем и продолжува успешно да го решава проблемот со сообраќајното аерозагадување. 

Скопје | пред 4 години

246854664_1561374137555405_3878179232727919482_n-1

(ВИДЕО) Загина жена во тешка сообраќајка во Тетово

Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.–Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.

Македонија | пред 4 години

Kovacki

Заев три пати вика дека ја разбрал пораката, а продолжува да лаже и да краде, вели Ковачки

Народот три пати му испраќа порака. Заев три пати вика дека ја разбрал, а продолжува да лаже и да краде. Заев треба да си даде оставка и од партијата и од владата. Заев и СДСМ да ги напуштат институциите за Македонија да тргне напред, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.На Зоран Заев на 22.04.2019 година во тек на кампањата за претседателски избори му беше дадена метла што требаше да биде метафора за да направи промени во работењето. Тогаш Заев кажа: „Секако ќе има чистки и секако дека ќе расчистиме, граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт“.Што се случи после така наречената метла?1. Заев и Филипче наместо да набават вакцини тргнаа по светот по провизии.2. Убедливо најкатастрофално се справија со КОВИД кризата.3. Името на Вице беше избришано од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.4. Ден Дончев кој беше фатен со туце пари во ташна е на слобода.5. Македонија не успеа да отпочне преговорите со ЕУ.Една година подоцна на партискиот конгрес Заев повторно со истите лаги кон народот кажа - Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија во нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против висока корупција и криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“.Што се случи после втората изјава на Заев?1. Драги Рашковски кој инфлагранти беше фатен во местење тендери, наместо во затвор да заврши во домашен притвор, а тој го бранеше и влијаеше на истрагата преку медиумите дека е невин.2. Оливер Спасовски и тој дадоа над 200 пасоши на белосветски криминалци, кои со македонска патна исправа се шетале низ светот и вршеле кривични дела.3. Завршивме на 111-то место на листата на „Транспаренси интернешнл“ за криминал и корупција.4. Во Извештајот на Стејт департментот е посочено дека американски фирми сведочат за корупција во државата.5. 60.000 останаа на улица, 5.600 фирми затворија.6. 14 луѓе живи изгореа и никој не понесе одговорност. Крив им беше кабелот или полначот.И по трета разбрана порака може да биде само полошо со Заев, Македонија со Заев го допре дното и тој мора да си замине. И тоа не го велат само граѓаните, тоа го велат истакнати членови на СДСМ кои се освестија и кои гледаат дека насоката во која што ја води Заев државата е погрешна.Залудено Заев бара уште една шанса, тој ги прокоцка сите шанси, а ги прокоцка и нашите пари, дел од нашите животи, ги стави на коцка судбините на сите граѓани само за да ја зачува сопствената власт за да прави криминал.Граѓаните избраа промени, граѓаните избраа проекти, граѓаните избраа победи. Ни останува уште еден голем исчекор, тој се вика 31 октомври, и победата е на дофат.

Македонија | пред 4 години

Pecakov-1

Фотоволтаични панели на спортската сала „Билјанини извори“, базенот и на трибина на Градскиот стадион, ветува Пецаков

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.„Обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија. Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во таа насока има да обезбедиме проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места коишто не можат да се користат за други намени.Со ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина. Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се остварат заштеди на енергија. Овој проект опфаќа поставување на фотоволтаични панели на спортските објекти, со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност. Истите ќе бидат поставени на: спортската сала „Билјанини извори“, на базенот и на трибина на Градскиот стадион.Заокружи 7 за промени, проекти, победи!7 за уште поубедлива победа на 31 октомври“, додава тој.

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија и на Република Кореја

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија и на Република Кореја во Република Северна Македонија.На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Хосе Луис Лосано Гарсија, новоименуван амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство. Во тој контекст, претседателот Пендаровски рече дека Кралството Шпанија е важен сојузник и партнер на Северна Македонија.„Пред нас е период на заедничко дефинирање и координирање на активностите, имајќи го предвид нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 и Претседателството на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на 2023“, рече претседателот Пендаровски.На церемонијата претседателот Пендаровски додаде дека како земја ја цениме инволвираноста на Кралството Шпанија во критичните моменти од нашата историја, потенцирајќи ги напорите на шпанскиот Парламент за ратификација на Пристапниот протокол на нашата држава во НАТО во услови на политичка и здравствена криза.„Благодарност и за досегашната поддршка на Кралството Шпанија во однос на започнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека натамошната блокада поставена од една од земјите членки на Унијата не е од интерес на никого и убеден сум дека почетокот на преговорите, не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западен Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможи побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во сферата на борбата со организираниот криминал и високата корупција“, подвлече претседателот Пендаровски.Амбасадорот Гарсија истакна дека како партнери во НАТО двете земји ги зајакнале и ги збогатиле меѓусебните односи додавајќи дека Шпанија и Северна Македонија припаѓаат на истото европско семејство.„Нашата взаемна сила како земји партнери во НАТО ни овозможува платформа преку која можеме да ги зајакнеме пријателските врски, но исто така претставува импулс за час поскоро да стане реалност заедничкото членство во Европската Унија. Шпанија, како што и досега беше случај, нема да ги штеди напорите за таа цел да биде остварена“, рече амбасадорот Гарсија.На церемонијата на предавање на акредитивите од страна на Ли Хо-шик, новоименуван амбасадор на Република Кореја со седиште во Софија, претседателот Пендаровски нагласи дека по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 2019 година, постојат бројни можности за збогатување на соработката, како и за меѓусебно запознавање со богатото културно и историско наследство на двата народа.„Впрочем, во градењето на нашите односи како фундамент ги имаме заедничките вредности како мултилатерализмот, почитување на човековите права, зачувување на животната средина и демократијата, со силен фокус на интегралниот човечки развој“, рече претседателот Пендаровски.Во таа насока, на средбата двајцата соговорници изразија интерес за унапредување на билатералната соработка во областа на економијата, земјоделството, културата, образованието и спортот.Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија и на Република Кореја, Ли Хо-шик, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-10-21-at-12.26.20

Граѓаните од Центар покажаа заби и му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ, вели Герасимовски

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес.„Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ кое преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Се лажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува ДУП-ови во три часот наутро“, изјави Герасимовски.Тој истакна дека чесно, отчетно и транспарентно работење е негова одлика и затоа како иден градоначалник нема да отстапи ниту една педа од интересот на граѓаните во општина Центар.„ Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Центар секогаш бира демократска и одговорна власт и верувам дека тоа и на овие избори ќе го потврдиме. Центар не смее да се враќа назад и сигурен сум дека тоа нема да го дозволите. Изборот е јасен. Бираме дали сакаме власт која слуша и одговорно владее или пак власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која докажано работеше и ќе работи спротивно интересите на нас центарци“, изјави Герасимовски.Тој ги повика граѓаните но и оние кои гласаа за другите кандидати обединети да излезат на гласање во вториот круг затоа што верува дека сите се борат за иста цел, а тоа е Центар да го води способна, демократска и одговорна власт, изјави Герасимовски притоа истакнувајќи дека од гласот на народот зависи во каква општина ќе продолжат да живеат.„Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел - нашата општина да продолжи напред!“, порача Герасимовски.

Скопје | пред 4 години

trifun-kostovski-55

Заев му е товар на Шилегов, анализира Костовски

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски во својата колумна во која ги анализира изборните резултати од локалните избори вели дека актуелниот градоначалник Шилегов настрада поради тоа што народот го казнува Зоран Заев.„Чувствувам дека овојпат народот го казнува господинот Заев. Најтипичен пример за оваа казна е битката за прв човек на градот Скопје. Како поранешен градоначалник можам да кажам дека господинот Шилегов својот прв мандат го одработи многу солидно, не навлегувајќи дали градската каса била користена и за некои лукративни интереси. Најголемиот товар на господинот Петре Шилегов не му е Данела Арсовска, туку е Зоран Заев –  пишува Костовски.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-10-08-084800

Се помалку деца се заболени од корона во Македонија

Се намалува бројот на новозаболени од ковид-19 кај децата, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во извештајот за период од 11 до 17 октомври, стои дека се регистрирани 2.206 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 6,2% во однос на минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (628, 28,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (66; 3,0%).Од регистрираното вкупно намалување на бројот на случаи, се забележува и намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи поединечно, вели ИЈЗ. Намалувањето се движи од -0,3% кај лицата над 60 годишна возраст до -21,4% кај децата на возраст од 0-9 години.За споредба, од 4-10 октомври, кај децата од 0-9 биле регистрирани 84 нови случаи, (3,6%).Во текот на мината недела вкупно се пријавени 34 реинфекции, исто како и претходната неделa.Во земјава има 6.719 активни случаи на ковид-19. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во земја е вакцинирана со една, а 35% со две дози вакцина.Средношколци од скопските училишта „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“ денес беа првите во земјава кои се тестираа за ковид-19, како дел од процесот на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука (МОН).Извор СДК.

Актуелно | пред 4 години

kamikaza-12

Георгиевски-Камиказа со порака до скопјани: Не гласајте за Шилегов

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000 . Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски-Камиказа во првото интервју за „Република“ по локалните избори.Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат,но не излегло така.Сепак тој е горд дека од овие избори излегол горд без ниту едена дамка и со чист образ.Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.-Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено.Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.-Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.Целото интервју прочитајте го на РЕПУБЛИКА

Скопје | пред 4 години

meteorit-nikad-vidjen-830x0-1

(ВИДЕО) Метеор го осветли небото над Хрватска

Метеор што беше видлив од голем дел од земјата вечерва падна на територијата на Хрватска - имаше зеленкаст сјај, а снимени се и три посилни блесоци, пренесува Срна.Интересен астрономски настан се случи вчера во вечерните часови, а бројни набудувачи објавија дека станува збор за многу светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.Објектот е виден низ Хрватска. Според првите информации, станува збор за пад на метеор што изгоре многу ниско на хоризонтот.- Имајќи предвид многу прашања и извештаи за светлина која е видена од Хрватска вечерва во 18.28 часот, сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност бидејќи максималната активност на метеорскиот рој Орионид се предвидува во раните утрински часови на 21 октомври, велат од хрватскиот астрономски сојуз

Магазин | пред 4 години

tan2021-10-10105210690-830x0-1

Кучиња кои беа заробени на Ла Палма, ќе бидат спасени со дрон

Три кучиња кои беа отсечени од светот со река лава во ограден напуштен двор, по ерупцијата на вулкан во Ла Палма, ќе бидат спасени со беспилотно летало.Тие четири недели се во дворот, а дури вчера е добиена дозвола за нивно спасување, пренесува Мирор.Покриени со вулканска пепел, тие преживеале благодарение на пакетите кои им биле доставени со дрон.Тешките гасови можат да ги оштетат пропелерите на хеликоптерот, па спасувањето беше невозможно се додека не се одлучи дека ќе се изведува со помош на дрон.Извршниот директор на Аерокамарас, Хаиме Переира, рече дека планираат да испратат дрон тежок 50 килограми, со голема мрежа, и да ги фатат животните едно по едно, за да ги пренесат 450 метри преку жешката река од лава.Лицето кое ќе управува со беспилотното летало ќе има само четири минути да го фати кучето и уште четири за безбедно да го пренесе преку лавата.

Магазин | пред 4 години

dejan-trajkovski-vakcinacija

Укинувањето на мерките ќе има свој удел во бранот што следи, вели д-р Трајковски

Сите индикатори. прикажани и неприкажани, кажуваат јасно дека дневните броеви започнаа да искачуваат, односно епидемијата започна да забрзува, анализира во својата најнова објава на Фејсбук професорот Дејан Трајковски.-Секое подножје е благо, но како што ќе изминува времето, се повеќе ке се гледа угорницата. Ефективниот репродукциски број веќе е над единица со пристојна резерва, па дури и најавеното затоплување на времето малку веројатно дека ќе го намали. Најверојатно се работи за сезонски фактор, бидејќи есенскиот бран стратуваше во Европа, но и во светски рамки, но и влијанието на предизборната кампања не може сосема да се исклучи, вели тој.Трајковски даде и свој став за укинувањето на дел од ковид протоколите за угостителските објекти:-На нашата влада, пак, бројките не и се гледаа многу високи, па побрза да укини едно ограничување за кафеаните, што сигурно ќе има свој удел во претстојниот бран. Ги виделе неделните броеви кои изгледаа привидно намалени (привидно поради намаленото тестирање поради празникот 11 октомври), па побрзале да прогласат победа над епидемијата. Веќе никој не ги сфаќа сериозно, гледајќи какви непромислени чекори прават. Којзнае кој ли ги учи така или пак самите нешто импровизираат. Во секој случај, машинеријата е ставена во погон и повеќе ништо не може да ја сопре, барем не со вакво несериозно однесување какво што гледаме цело време…, пишува професорот.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен скопјанецц баран со потерница

На 20.10.2021 во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на распишана потерница од Основен Суд Скопје, го лишиле од слобода А.П.(41) од Скопје. Тој се барал за издржување казна затвор од две и пол години за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Скопје | пред 4 години

106859814-1616728027721-gettyimages-1230594866-Xiaomi

„Шаоми“ ќе произведува електрични автомобили

„Шаоми“ ќе почне со производство на сопствени електрични автомобили во 2024 година, откри претседателот на компанијата Леи Џун. Производството на електрични автомобили ќе оди во полза на постоечкиот екосистем, што вклучува примена и на технологија за управување со паметен дом или канцеларија.Во септември „Шаоми“ ја заврши регистрацијата на подружницата која ќе се занимава со производство на електромобили. Регистрираниот капитал на новата компанија, „Шаоми квиче“, е околу 1,3 милијарди евра. Вкупната инвестиција во електрични возила се очекува да достигне 10 милијарди евра во следните 10 години.„Шаоми“ веќе ангажираше 300 стручни лица за новата компанија и продолжува да бара висококвалификувани луѓе. На крајот на јули, тие најавија и создавање структура за развој на сопствена технологија за управување беспилотни возила.„Шаоми“ е основан во април 2010 година и е еден од најголемите производители на паметни телефони во светот. Во 2018 година, компанијата ја одржа првата јавна понуда на своите акции на берзата во Хонг Конг. На крајот на декември лани, пазарната вредност на фирмата првпат надмина 100 милијарди долари.

Магазин | пред 4 години

af781f596db531804999698e08793c74-950x755-1

Солистите на НОБ со концерт по повод Светскиот ден на операта

По повод Светскиот ден на операта, на 25 октомври во 20 часот концерт ќе одржат солистите на Националната опера и балет. На концертот во НОБ ќе настапат Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас), а гостинка е Сандра Митровска (сопран).На програмата се арии и дуети од оперите на Чајковски, Верди, Џордано, Дворжак и на Маскањи.Билетите во ограничен број се пуштени во продажба. Настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид-19, а влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против или за прележан ковид во последните 45 дена. Задолжително е и носење заштитна маска.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања