Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

brodovi-japonija

(ВИДЕО) Бродови од Втората светска војна испливаа од морското дно

Дури 24 бродови што беа потонати за време на битката за Иво Џим, во која Американците и Јапонците се судрија во последните месеци од Втората светска војна, испловија од морското дно на брегот на Иво Џим.Причина за ненадејното појавување на бродоломи е движењето на морската почва поради активноста на вулканот Сурибахи, пишува „Дејли мејл“.Снимките на јапонскиот весник „Ал Нипон“ покажуваат остатоци од трупот на 24 транспортни бродови што беа заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на Иво Џим, за да послужат како основа за формирање на пристаниште што не постоело на островот во тоа време.Овие бродови служеле како заштита од бранови и ветер за американските бродови, војниците, оружјето и опремата.Неколку децении подоцна, сеизмичката активност на вулканот Сурибахи, кој се смета за еден од најактивните во Јапонија, го подигна морското дно, а со тоа и бродовите.Денес нема жители на островот, но има јапонски вооружени сили кои дошле таму откако Американците го вратиле островот под контрола на Токио во 1968 година.

Магазин | пред 4 години

dua-lipa

Тимот на Дуа Липа ќе го избере британскиот претставник на Евровизија

Тимот што стои зад Дуа Липа и Лана Дел Реј ќе го избере претставникот од Велика Британија за Евровизија 2022 година.Компанијата Tap Management Inc, која исто така се грижи за Ели Гоулдинг и Хејли Стејнфилд, ќе го преземе изборот откако Велика Британија заврши на последно место на овогодинешниот натпревар.Џејмс Њумeн не доби ниту еден поен со неговата песна Embers, продолжувајќи ја срамната низа на неуспеси на натпреварот.Ниту еден британски кандидат не успеа да влезе во првите 10 уште од Џејд Ивен во 2009 година.Вклучувањето на „Тап“ значи дека дискографската куќа BMG повеќе нема да биде вклучена во изборот на британски претставник.

Магазин | пред 4 години

kotlar

Подземни гаражи во Дебар Маало и Пролет, ветува Котлар

Стојам врз еден од најголемите подземни паркинзи во Скопје, но како што гледате ова е зелена рекреативна зона каде паркингот не го гледате.Затоа уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила.Горната површина ќе биде послана со тревник за разни содржини. Надземните гаражи ветени од конкуренцијата фаќаат простор. Често се пренаменуваат и не го озеленуваат Центар.Подземните паркинзи изградени за Градски ѕид сега се нефункционални и запуштени. А, замислете има вкупно гаражи за 800 возила. За да ги оспособиме ќе субвенционираме врати на далечинско управување, а осветлувањето и исфрлувањето на шутот ќе бидат целосно на товар на Општината.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен крадец во Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот

На 20.10.2021 во 19.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 16.00 часот на ул„Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „ауди“, сопственост на В.З.(45) од Скопје.Одземените пари биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

w_56674000

Расте смртноста кај младите невакцинирани пациенти во Црна Гора

Од појавата на делта варијантата на коронавирусот, бројот на заразени кај помладите луѓе расте, а со тоа и бројот на сериозно болни, што доведува до зголемена смртност кај овие пациенти, вели началникот на Пулмологија и лекар во црвената Ковид зона на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) Владимир Јовановиќ.Тој за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека од почетокот на вакцинацијата во мај оваа година до денес, само во ККЦГ веќе починале 15 пациенти со Ковид на возраст од 19 до 50 години.– Ниту еден од нив не беше вакциниран и повеќето од нив претходно немаа сериозни здравствени проблеми, објаснува Јовановиќ.– Бројките зборуваат сами за себе и тие покажуваат дека Црна Гора надминала две илјади починати, изјави за РСЕ Небојша Кавариќ, поранешен директор на Здравствениот дом во Подгорица и актуелен претседател на Комисијата за заштита и подобрување на здравјето на граѓаните на Подгорица.– Имаме трагична ситуација кога умираат постари и помлади пациенти, адолесценти. Не ги спасивме и покрај сите протоколи во третманот. Жално е што овие инфекции можеа да се спречат со вакцинација, но за жал не беа, заклучува Кавариќ.Со појавата на делта варијантата, смртноста од Ковид-19 се зголеми на глобално ниво, така што дневните бројки на смртни случаи во Црна Гора се зголемија во споредба со времето кога беше присутен таканаречениот вухански сој, вели пензионираниот епидемиолог Новица Вујошевиќ.Тој за РСЕ како клучен проблем го наведува тоа што голем процент од граѓаните не сакаат да се вакцинираат. Вујошевиќ потенцира дека се залага за задолжителна вакцинација, не само на возрасните, туку и на децата.– Не постапуваме рационално и одговорно, имаме вакцини на располагање како најефекасно средство против вирусот, но го „кренавме носот“, па не сакаме да се вакцинираме. За да започнеме да живееме нормално, треба да се вакцинираат најмалку 85 до 90 проценти од вкупното население, наместо сегашните 55 проценти од возрасната популација. Тоа е, според моја проценка, уште 250 илјади граѓани кои мора да се вакцинираат, вели Вујошевиќ.Според Институтот за јавно здравје, само 37,9 од вкупното население ја примило втората доза на вакцината. Масовната вакцинација во Црна Гора започна на 4 мај.Официјалните податоци покажуваат дека Црна Гора е на второ место по смртност од Ковид-19 во регионот, веднаш зад Северна Македонија.Во Северна Македонија се регистрирани 336 смртни случаи на 100.000 жители, 324 во Црна Гора, 319 во БиХ, 223 во Словенија, 219 во Хрватска, 165 во Косово, 132 во Србија и 99 во Албанија.Во Црна Гора, според најновите податоци, 2.050 луѓе починале од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

пред 4 години

vakcinacija-skopje

Бројот на дадени вакцини опаѓа

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

maksim

Димитриевски: Недозволиво е личното обезбедување на Спасовски, да учествува во монтирање на избори

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во дебатата на телевизија 24 зборуваше за узурпацијата на системот на МВР, нешто што по 5 години, требало да биде минато во земјава.„Потрошивме многу време на улица заедно за да го спречиме тоа, да не се повтори никогаш. Ако се сеќавате на слоганите „Нема правда нема мир“ и „ова повеќе никогаш нема да дозволиме да се случува“, тоа уште повулгарно се случува во Куманово. Недозволиво е такво инволвирање на полицијата и во изборниот процес и злоупотреба на позициите на многу полициски службеници. Голем дел од нив ангажирани во шеста управа, некои во личното обезбедување на министерот Спасовски, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. Но, за тоа ќе зборуваме после изборите, сега сакам да се насочам исклучиво на проектите и развојот на Куманово. Впрочем, четири години ги поминав на тоа. Решивме голем број проблеми, а некои поединци доколку имаат доблест еден ден ќе се срамат – рече Димитриевски.Во земјава, според Димитриевски, има урупирани политички партии, трансформирани во акционерски друштва кои функционираат по желба на поединец.

Македонија | пред 4 години

FCFx5ArWQAMNknw

Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мајка ми

На натпреварот ПСЖ – Лајпциг, што се играше вчеравечер во Париз, јавноста ја насмеа транспарентот со кој момче му го бара дресот на аргентинскиот фудбалер.„Лео дај ми го дресот, ќе ти ја дадам мајка ми“, стои на транспарентот што го држи момчето, додека неговата мајка седи покрај него.Фотката се споделува на социјалните мрежи. Некои велат дека одамна не прочитале нешто толку смешно, други велат дека пораката е невкусна и неморална, а дека мајката не смеела да му го дозволи тоа.За потсетување, ПСЖ го победи Лајпциг со 3:2, а Меси постигна два гола.

Магазин | пред 4 години

IMG_4235

Сончево со мала облачност

Времето утрово во одделни котлини и речни долини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степена.Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. В сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Македонија | пред 4 години

benzinska-benzin-nafta-

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, a Заев вели тоа е најдоброто, велат ВМРО-ДПМНЕ

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„ Од лани до сега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%. Животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне.Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо.Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит. Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе.Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек“ се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Русија објави случаи на новата мутација на делта-сојот

Русија објави неколку инфекции со нов сој на Ковид-19, за кој се верува дека е повеќе заразен од делтата, објави агенцијата РИА.Можно е варијантата AY.4.2 да се шири побрзо, изјави научникот Камил Хафизов, цитиран од РИА.Тоа може да предизвика ново, па дури и побрзо ширење на инфекцијата, а Русија со денови се соочува со невидени рекорди.„ Новиот сој на крајот може да го замени делта-сојот, иако процесот може да биде бавен“, додава Хафизов.Претседателот Владимир Путин оваа недела го одобри владиниот предлог за еднонеделно отсуство што ќе започне на 1 ноември, откако бројот на смртни случаи низ Русија во изминатите 24 часа достигна нови рекорди. Имаше 1.028 смртни случаи и 34.073 новозаразени.Варијантата AY 4.2 е веќе откриена во Велика Британија и неколку други европски земји, а Израел во средата објави дека го идентификува првиот случај на својата територија.Подваријантата AY 4.2 сочинува околу 6 проценти од примероците со секвенционирани примероци, објави британската Агенција за здравствена безбедност минатата недела, но не е под истрага и не е означена како варијанта на загриженост.Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на UCL во Лондон, рече дека новата варијанта е сè уште ретка и се чини дека не е позаразна од другите.

Актуелно | пред 4 години

1-12

Нема да има кафуле на Водно, вели Шилегов откако по четири години мандат се прошета на падините

„Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментов се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцираше градоначаланикот Шилегов.Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти којашто нуди неповторлив 20 минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) и граѓаните ќе можат да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.„Денес местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со инспекторатот на Општина Центар осуети уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, кажа Шилегов.

Скопје | пред 4 години

zaev-mickoski

Заев мисли дека Мицкоски не може да се одржи во опозиција, одговарајќи дали може да се очекува ново собраниско мнозинство

Од сето тоа учиме, не сме сјајни, имаме свои слабости, но сме подобри од противниците. Ова го смета претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев. Според него, не е возможно ново парламентарно мнозинство, бидејќи, како што кажа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал проблем да се одржи и во опозиција.„Ние ги изгубивме нашите гласови, не ги дадоа на противникот, но останаа дома. Затоа се обратив на тие граѓани, кои не сакаат режим и кавги дома и со соседите. Но седејќи дома ќе го овозможат тоа за што се бореле, како граѓани. Затоа адресираме до нив. Еден дел е недоволната отвореност на досегашните градоначалници и кандидати, недоволната активност за кандидатите. Канализацијата во руралните средини, не донесе гласови. Веројатно граѓаните очекуваат повеќе“, кажа Заев.Според него, незапочнатите, а ветени преговори со ЕУ, исто така се одразуваат на одлуката на граѓаните, да не дадат поддршка за СДСМ.„Мицкоски има проблем да одржи опозиција а не да зема ново парламентарно мнозинство. Никој нашите гласачи не ги носи во џебот. Ние можеме да ги привлечеме врз основа на кандидати и програма. Нашите членови, кои се активисти на СДСМ, ќе добијат задача да гласаат за СДСМ во Чашка, Долнени, Арачиново. Ние за членовите може да дадеме инструкции. Тие сами се определуваат, тропаат на врата за нас“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-20-at-16.34.16

Заев бара поддршка: Кажете „не“ за шмизли, кажете „да“ за инфраструктура

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединета за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција која се корегира и менува по критика“Тој побара сплотување и обединување на сите сили, во име на се што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.„СДСМ е влезена во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапна за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, рече Заев.Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да иде државата напред ако државата има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме, за власт која обединува и влече напред“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајка на Скопје-Тетово: Еден починат по судар меѓу два автомобили и товарно возило

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото, објави „Канал5“.-На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф додека товарното возило е мерцедес.

Македонија | пред 4 години

IMG-0634

Ќе ги посетиме заборавените и ќе се извиниме, сметаме на нив во вториот круг, вели Маричиќ

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, министерот за правда Бојан Маричиќ, како гостин во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека владеачката партија ќе наметне поголема контрола над своите градоначалници и дека функционерите ќе мора да бидат подостапни за граѓаните.„Ова е порака на гласачите и граѓаните на прогресивната опција, ние таа порака ја свативме многу јасно. За нас е важно да останеме обединети за да се движиме напред. Назад се враќаме само за да ги научиме лекциите. Граѓаните сакаат да одат побргу реформите и функционерите да работат на повеќе нивоа. Има на кои гласови да сметаме во вториот круг, да ги посетиме заборавените и да се извиниме. Имаме сериозни шанси за победа во повеќето општини од вториот круг. Но некои лични релации на функционерите не биле отворени и достапни доволно.Затоа ќе работиме како да поставиме сериозна контрола над сите градоначалници кои ќе ги добиеме“, рече Маричиќ во студиото.Тој додаде дека ароганцијата повеќе не е одлика на СДСМ, а тоа се гледа при носењето на одлуките.„Арогантноста ние одамна сме ја тргнале, таа никогаш не може да послужи во политиката. Граѓаните имаат пристапност до функционерите на централно и локално ниво. Таму каде што не било така, сме работеле тоа да се исправи. Ние сме рекле дека ниту една одлука нема да се носи без да ги слушнеме граѓаните“, рече Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

skopje-vodno

Општина Центар со информации за новата населба на Водно

Во врска со новата населба во парк шумата Водно, Општина Центар информира дека и вчера и денес инспекторите од Секторот за инспекциски работи на општината го завршија увидот.„Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна.Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради. За сите понатамошни постапки, јавноста ќе биде информирана дополнително“, велат од Општина Центар

Скопје | пред 4 години

ye

Канје Вест има ново име

Високиот суд во Лос Анџелес го одобри барањето на Канје Вест за промена на неговото име.Познатиот рапер, продуцент и моден дизајнер пред неколку месеци поднесе барање за легална промена на своето име Канје Омари Вест во Је, без средно име и презиме.Во барањето што го достави до судот во Лос Анџелес во август, Канје наведе дека неговата одлука е од лични причини, но не даде дополнителни информации во образложението.Судијката Мишел Вилијамс во документите наведува „барањето за промена на името е одобрено бидејќи немаше приговори“.Претходно, во своите објави на социјалните мрежи како и во неколку интервјуа, Канје откри дека Је е кратенка од неговото прво име кое го сака и е збор што често се користи во Библијата.

Магазин | пред 4 години

dastevski-780x470-1

Во 99% од избирачките места, фингерпринтовите работеа добро, тврди Даштевски

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, оцени дека локалните избори од првиот круг се успешни.Во дневникот на ТВ Сител, Даштевски нагласи дека неколку поплаки стигнале до ДИК, додека рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите, односно денеска. Што се однесува до решенијата за сертификација за градоначалниците и советниците, тие ќе бидат издадени десет дена по завршувањето на изборите, односно во ноември.„Овие избори се најголемите избори досега, потрошени се 60 тони хартија и отпечатени се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки за спроведување“, додаде претседателот на ДИК.Во 99 проценти од избирачките места, читачите на отпечатоци работеа добро, рече Даштевски, додавајќи дека во текот на денот донесени биле само шест одлуки за преминување на класично гласање, главно на планинските места.

Македонија | пред 4 години

konstantin-georgieski-kosta

Ги воочив пропустите за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини, вели Георгиевски

Најпрво сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои го заокружија бројот 12 и ја дадоа својата поддршка за „Најдоброто за Охрид“. Секој глас за мене претставува огромна доверба и е моја основна сила и поттик за уште една голема демократска борба, која ни следува на 31-ви октомври. Вториот круг на локалните избори го гледам како еден нов почеток и моја втора шанса, да продолжиме заедно на патот кон просперитетна иднина за нашиот Охрид, вели кандидатот за градоначалник, д-р Константин Георгиески.„Овие два дена преку анализа и реални показатели ги воочив пропустите и ги согледав причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини. Пораката од граѓаните е јасна и затоа веќе започнавме интензивна теренска кампања за да стигнеме до секој дом и до секој жител. Потребно е да ги слушнеме сите проблеми, предлози и потреби, затоа што до сега покажавме дека сме посветени на сите подеднакво, преку чесна и одговорна работа.Во животот се имам соочено со многу потешки ситуации и многу поголеми битки од оваа сега, но јас сум човек што никогаш не се откажува. Ќе го вложам целиот свој професионален и личен капацитет Охрид да остане на вистинскиот пат. Но ми треба вашата поддршка мои охриѓани, ми треба вашата цврста определба за подобра иднина. Мораме да застанеме заедно на браникот на вистинските вредности и да не им дозволиме да го сопрат започнатиот развој на градот и да ги ставиме во ризик сите резултати кои ги постигнавме.Охрид не заслужува да се врати во рацете на политичари кои ќе работат по диктат на Белата палата, Мицкоски и Груевски, кои немаат кредибилитет и на кои им е важен само интересот на партијата. Охрид мора да продолжи да оди НАПРЕД, со најдобра визија и кадровски потенцијал. Охрид го заслужува најдоброто!Преку посветена, искрена и чесна работа, за само 2,5 години успеав да реализирам многу важни проекти и да донесам многу важни одлуки за Охрид. Затоа цврсто ви ветувам дека продолжуваме напред со нови проекти кои се очекувани и потребни. Шансите се реални и остварливи, затоа ве повикувам да останеме обединети и сплотени во борбата за нашиот Охрид. Да не се откажуваме и да покажеме дека заедно можеме да донесемевистински одлуки од кои зависи иднината на нашите деца и внуци. Почитувани граѓани убедени сме дека заедно можеме да бидеме и посилни и поодлучни. Ајде заедно да покажеме дека можеме да се одлучиме за најдобрите политики и најдобрите мерки за развој.Ајде заедно да донесеме уште една голема ПОБЕДА за Охрид“, додава тој

Охрид | пред 4 години

Marija-Miteva

Шилегов изгуби со 8.000 гласови, граѓаните се определија за промени, вели Митева

Шилегов изгуби во Скопје со разлика од 8.000 гласа, граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот јасно даде глас против власта и против силно антивладино расположение, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Бројките го покажуваат тоа.1. Во Општина Бутел:Петре Шилегов изгуби со разлика од 408 гласа или (6%);2. Во Општина Ѓорче Петров:Петре Шилегов изгуби со разлика од 2.696 гласа или (40%);3. Во Општина Гази Баба:Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.425 гласа или (79%);4. Во Општина Аеродром:Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.567 гласа или (72%);5. Во Општина Кисела Вода:Петре Шилегов изгуби со разлика од 5.895 гласа или (81%);6. Во Општина Карпош:Петре Шилегов изгуби со разлика од 1.867 гласа или (20%);Во советите на општините и во советот на Град Скопје Шилегов и СДСМ изгубија со разлика од над 50.000 гласа. И тоа:1. Во Општина Бутел:СДСМ изгуби со разлика од 3.617 гласа;2. Во Општина Ѓорче Петров:СДСМ изгуби со разлика од 2.873 гласа;3. Во Општина Гази Баба:СДСМ изгуби со разлика од 7.877 гласа;4. Во Општина Аеродром:СДСМ изгуби со разлика од 6.803 гласа;5. Во Општина Кисела Вода:СДСМ изгуби со разлика од 6.000 гласа;6. Во Општина Карпош:СДСМ изгуби со разлика од 784 гласа;7. Во Чаир:СДСМ изгуби со 844 гласа;8. Во Скопје, разликата на советничките листи е 26.205 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.Желбата на огромното мнозинство скопјани е јасна, тие сакаат промени и поубава иднина. Тоа се гледа и по бројките кои потврдуваат дека споредбено со минатогодишните парламентарни избори на овие избори имаме нови 13.000 гласови во Скопје и тоа:Во Аеродром нови 3.800 гласа, во Кисела Вода нови 1.500 гласа, Ѓорче Петров 800, Гази Баба 3.400 и во Бутел нови 3.000 гласа.Почитувани скопјани,Петре Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник и тоа се потврдува на овие локални избори. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани и партии од опозицијата да се обединиме затоа што само еден чекор не дели од промените кои ги посакуваме, но пред се ги заслужуваме. Петре Шилегов е минато за Скопје“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

244411575_1145527179305593_5851313207239487698_n

23 октомври неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 23 октомври, сабота, Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Македонија | пред 4 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Кралицата Елизабета не се чувствува старо, ја одби наградата Стара личност на годината

Британската кралица Елизабета Втора (95) ја одби наградата Стара личност на годината, што ја доделува списанието „Олди“, оти смета дека не ги исполнува критериумите. Наградата се доделува на постари лица што имаат голем придонес во општеството, па така, покојниот сопруг на кралицата, принцот Филип ја прими наградата во 2011 година.Откако кралицата одби да ја прими наградата, списанието го објави одговорот од Бакингамската палата.„Нејзиното височество верува дека си стар онолку колку се чувствуваш, па смета дека не ги исполнува релевантните критериуми за да ја прими оваа награда. Таа се надева дека ќе најдете друг, посоодветен добитник“, стои во писмото што го потпишал помошникот на нејзиниот личен секретар Том Ленг-Бејкер.Откако кралицата ја одби наградата, списанието одлучи да ја додели на 90-годишната француско-американска актерка Лесли Керон.Инаку, во минатото наградата Стара личност на годината ја примија бившиот британски премиер Џон Мејџор, холивудската легенда Оливија де Хевиланд и уметникот Дејвид Хокни.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Фејсбук ќе има ново име?

Фејсбук планира да го промени името на компанијата во текот на следната недела со што ќе го одрази својот фокус на изградбата на метаверзумот, објави „Д Врџ“ (The Verge) повикувајќи се на извор упатен во ситуацијата.Претстојната промена на името, за која извршниот директор Марк Закерберг планира да зборува на годинашната „Конект“ конференција на 28 октомври, треба да ја сигнализира амбицијата на технолошкиот гигант да не биде познат само по социјалните мрежи и сите скандали со кои се соочува периодов, туку по многу повеќе од тоа.Ребрендирањето најверојатно ќе ја стави апликацијата Фејсбук на исто место со другите производи на матичната компанија, под која ќе припаѓаат и Инстаграм, Вотсап, Окулус и многу други.Од Фејсбук сè уште нема коментар за написот на „The Verge“.Закерберг претходно за овој медиум изјави дека во следните неколку години Фејсбук „од компанија за социјални медиуми ќе премине во компанија на метаверзум“.Ребрендирањето ќе помогне и за понатамошно одвојување на работата на Закерберг од интензивната контрола под која се наоѓа Фејсбук во моментов, поради начинот на кој функцинира социјалната мрежа. Поранешната вработена Френсис Хоген неодамна за „Волстрит Журнал“ (The Wall Street Journal) откри повеќе застрашувачки внатрешни документи на Фејсбук, за кои сведочеше и пред Конгресот на САД.Антимонополските регулатори во САД и во други земји се обидуваат да го ограничат влијанието на компанијата, а довербата на јавноста во работата на Фејсбук опаѓа.Инаку, Фејсбук не е првата голема технолошка компанија која го променила своето име поради зголемените амбиции. Во 2015 година, „Гугл“ (Google) се реорганизираше под компанија наречена „Алфабет“ (Alphabet), делумно за да сигнализира дека повеќе не е само пребарувач, туку конгломерат на компании, меѓу кои има и такви кои произведуваат автопилотски автомобили и здравствена технологија.И „Снепчет“ (Snapchat) се ребрендираше во „Snap Inc.“ во 2016 година, кога започна да се опишува како „компанија за камери“ и дебитираше со својот прв пар очила со камера.Новото име на Фејсбук е строго чувана тајна, но според „The Verge“ може да биде поврзано со „Хоризонт“ (Horizon) – сè уште необјавената платформа за виртуелна реалност на Фејсбук.Последните недели од Фејсбук гласно се зборува за изградба на „метаверзум“ – онлајн простор каде луѓето ќе можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелна средина.

Магазин | пред 4 години

dik-1

13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите.СДСМ има поднесено четири преговори, ВМРО-ДПМНЕ три приговори, од Алијанса за Албанците и Алтернатива се поднесени шест приговори.ВМРО-ДПМНЕ има поднесено и два приговори кои се однесуваат на прекршување на изборниот молк.Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања