Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Foto-4

Пендаровски на средба со евроамбасадорот Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година.Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија.На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

19-годишен Србин превезувал мигранти од Куба, меѓу нив и две деца

На 19.10.2021 околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата.За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Тешка сообраќајка меѓу четири возила во Тетово, има повредени

На 19.10.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај „Требошки надвозник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје, по што удриле во патничко возило „опел зафира“, паркирано од Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“,поради дефект паркирано од Е.К.(27) од Тетово, двете со тетовски регистарски.На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Тетовец уценувал 23-годишник со компромитирачки фотографии

На 19.10.2021 околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш.При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje4

48,4% од населението над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17ти октомври, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%.Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

пред 4 години

1000-1-2

Нуркач пронајде меч стар 900 години, му припаѓал на витез од крстоносните војни

Аматерски нуркач пронајде 900 години стар меч додека ги истражувал плитките води покрај северниот брег на Израел. Се верува дека еден метар долгиот меч му припаѓал на крстоносен витез.Мечот е целосно покриен со морски организми и се верува дека повторно испливал поради поместувањето на песокот. Откако Израелската агенција за антиквитети (ИАА) ќе го исчисти и анализира, мечот ќе биде изложен за јавност.Крстоносните војни почнале во 1095 година и траеле со векови, а целта на европските христијани била да ја преземат контролата врз Ерусалим и други делови од Светата земја.Шефот на поморскиот археолошки оддел на ИАА, Коби Шарвит, вели дека израелската крајбрежна рамнина, каде што мечот бил пронајден, во минатото служела како засолниште за бродови за време на бури.„Таа привлекувала трговски бродови со векови, што оставило богати археолошки наоѓалишта. Мечот е многу тежок зашто е голем и железен, а и поради сите камења залепени за него. Тој што го носел морал да биде многу силен“, вели Шарвит.

Магазин | пред 4 години

stevo-pendarovski-indonezija-438943898943

Пендаровски доби необичен точак од бамбус

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски на приемот на амбасадорот на Индонезија Иван Богананта примил необичен подарок, еколошки велосипед од бамбус.„Ми беше задоволство лично да се сретнам со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта, кој поради пандемијата, акредитивите ги предаде по писмен пат.Етничката и културна разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за продлабочување на нашите меѓусебни контакти“, стои во објавата на Фејсбук.

Магазин | пред 4 години

Mobile_lifestyle_51_thumb1200_4-3-768x576-1

„Нетфликс“ поскапува во Сингапур

Стриминг-платформата, која навистина има пулс за тоа што луѓето сакаат да гледаат со хит-сериите како „Сквид гејм“ (Squid Game) и „Бриџертон“ (Bridgerton), ги зголеми цените за сите три опции месечна претплата во Сингапур.Овие нови цени стапија на сила на 7 октомври 2021 година, а постојните претплатници ќе бидат известени по е-пошта еден месец пред новите цени да почнат да важат за нив.Иако зголемувањето на цената никогаш не е пријатна вест за потрошувачите, особено со оглед на тоа што ова е второ зголемување на цената на претплата на „Нетфликс“ во Сингапур за помалку од две години, имајќи го предвид квалитетот на содржините достапни на платформата, веројатно ќе им биде тешко на корисниците да се откажат, коментираат медиумите што ја пренесоа веста.

Магазин | пред 4 години

skolo-4

Започнува скринингот во 9 средни училишта во Скопје

Скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје почнува денеска. Ќе се тестираат 258 средношколци.Средношколците ќе се тестираат во посебна просторија во училиштата и за еден ученик нема да трае повеќе од една минути. Истото, велат од Министерството за здравство, е безболно и безбедно односно со земање брис од грлото и носната шуплина.Ученици ќе се тестираат на коронавирусот и во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.кринингот ќе се спроведува и во основните училишта, а вкупно на територија на државата треба да опфати 8 200 ученици.Учениците се бираат по случаен избор преку електронскиот дневник, по што се бара согласност од нивните родители– Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата – велат од Министерството за здравство.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Цените на горивата достигнаа ново рекордно ниво, фирмите веќе ставаат клуч на врата

Инфлацијата ќе се зголемува, но просечната стапка нема да надмине 3 отсто. Ова се очекувањата на аналитичарите наведени во новото анкетно истражување на Народната банка. Јасно е дека и Македонија не е поштедена од ценовното цунами – поскапи горива, метали, увозни производи, пишува „Порталб“.„Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 отсто во претходната анкета. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година (2,1 отсто во претходната анкета) и 2,3 отсто во 2023 година (2,0 отсто во претходната анкета)“, се неведува во новата Анекта инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја објавува Народната Банка.Ценовниот притисок засилува. Минатата недела цените на горивата достигнаа ново рекордно ниво – „еуросупер БС 95“ се продаваше за 75,5 денари за литар а „еуросупер БС 98“ за 77,5 денари по литар. Цената на горивата заедно со цената на електричната енергија се едни од клучните инпути од кои зависат и цените на основните прехранбени.Од Здружението на транспортери „Макам-транс“ велат дека се соочуваат со големи проблеми – од една страна поради ковидпандемијата не можат да ги зголемат цените а од друга страна транспортните фирми бројат загуби, дури некои и се затвораат.– Голем дел од транспортните фирми се борат за опстанок. Кога во Европа цените на горивата се намалија, кај нас се зголеми акцизата. Тогаш не бевме во состојба да реагираме со поскапување на транспортот поради пандемијата. Сега цените на горивата растат секаде во светот – ние повторно не можеме да реагираме поради неколку причини. Дел од фирмите сѐ уште не работат со полн капацитет па на пазарот има поголема понуда од побарувачка за транспортни услуги. Дополнително- голем дел од нашите професионални возачи веќе заминаа во страство – работат за странски фирми. Во вакви услови не можеме да ги зголемиме цените иако корисниците на транспорт, значи фирмите, веќе го пресметуваат, вградуваат ценовнитот раст во крајните производи – вели Билјана Муратовска од „Макам-транс“.Таа алармира дека дел од фирмите веќе ставаат клуч на врата.– Транспортниот сектор се соочува со големи проблеми. Има фирми кои се одржуваат во живот само поради поврат на ДДВ, но има фирми кои веќе се затвораат зошто не можат да опстанат, нема работа а и таа што ја има не е исплатлива. Возачите и сопствениците на фирмите трошат лични средства, ги вложуваат за да ги задржат фирмите. На годишно ниво и по 10 отсто од побарувањата што ги имаме не можеме да ги наплатиме – вели Муратовска.Додека транспортерите се борат за опстанок без да ги зголемат цените – крајните производи, особено увозните веќе се поскапени. Но поскапување има и кај домашни производи – во млечната, пекарската индустрија и индустријата за масло.Од јануари до септември годинава во споредба со истиот месец лани трошоците на живот ( инфалција) најмногу се зголемени за маслата и мастите за дури 23,2 отсто и кај течните горива за 24,1 отсто.Во анализираниот период, од јануари до септември 2021 година во однос на истиот во 2020 година, трошоците на живот според Заводот за статистика се зголемени за 2,8 отсто – или толку изнесува инфлацијата. Цените на мало во анализираниот мериод се зголемени за 3,7 отсто.Економистите лоцираат повеќе фактори кои придонесуваат за растечка инфлација.„Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата – се наведува во Анкетата на НБМ.Состојбата со ценовниот притисок будно се следи но засега Народната банка нема да преземе мерки за евентулано затегнување на монетраната политика .„Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата и заедно со нагорните ревизии кај увозните цени укажува на ризици за умерено повисока инфлација од проектираната од 2,2 проценти“ – соопштија од НБМ со што најавија нагорно ревидирање на стапката на инфлација.Сепак – засега мерки нема да се преземат.„Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме“, информираа од Народна банка чија клучна улога е задржување на ценовната стабилност а со тоа и стабилност на домашната валута.Земјите од регионот и од светот се соочуваат со ценовно цунами но и со енергетска криза – домашните економистите сметаат дека сепак ценовниот притисок е времен карактер и дека по стабилизирање на пандемијата, веќе со завршување на зимата се очекува и стабилизација на цените. Од Владата најавија можен ребаланс на Буџетот за реалокација на средства со кои би се ублажиле последиците од ценовниот бран.

Македонија | пред 4 години

apasiev-8123

Апасиев се изјасни за коалицирањето преку мисла од Фидел

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со специфичен, даде свој став за коалицирањето со други партии. Оваа тема е отворена по првиот круг од локалните избори. Понуда е добиена од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер ги повика сите партии во Собранието кои се опозициски да му се придружат.“Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“ Кастро (1948)”, напиша Апасиев.Тој и претходно кажа дека треба обединување за пад на Влада, но не и преку формално коалицирање.

Коментари | пред 4 години

ohridsko-ezero-ohrid-dron

Земјотрес го стресе тлото на Охрид!

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала е регистриран ноќеска во Охрид.Епицентарот на потресот забележан во 3.26 часот бил во близина на Охрид и на длабочина од 0,4 километри.Земјотресот е регистриран и во останатите места во Охрискиот регион.

Охрид | пред 4 години

lefkov05042021

Лефков: Инфлацијата е подгреана од лошото раководење на економскиот тим на Владата

„Граѓаните бараат нова надеж, поради тоа се такви резултатите на изборите. Не можеме да дозволиме да кажеме дека ова што ни се случува денеска во Македонија е најдоброто. Сметам дека тоа е еден апсолутно арогантен начин да и се обратите на луѓето кои што буквално се борат за егзистенција. Гледате дека ни се случува еден инфлаторен шок во државата, впрочем кој што го призна и на Народната банка која што излезе нели гувернерката со информација дека имаме умерена инфлација. Токму таа инфлација е подгреана од лошото раководење на економијата од страна на економскиот тим на Владата“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во утринска програма на Алфа телевизија.Лефков додаде дека власта потфрли буквално на секое поле.„Имаме страшни проблеми во здравството, за жал сме држава со најголем број на индекс на она што го нарекуваат светските медиуми кои што ја следат сферата која што ја нарекуваат прекумерна смртност. И ако погледнете добро ќе видите дека нашиот индекс од 19.1 е за 5-6 бројки повисок од второ рангираната земја. И тоа кога зборуваме за здравството, да не зборуваме за катастрофално лошата политика во образованието“, нагласи Лефков.Лефков потсети дека во образованието има ситуација во која што децата немаат учебници или буквално во едно одделение ќе видите дека различни видови на учебници се користат кај децата. Има 6 изданија од еден учебник, 10 изданија од друг учебник. Ќе се случи да децата немаат учебници која што треба да ја следат наставната материја која што треба да се реализира. За тоа е виновна министерката за образование, Мила Царовска.

Македонија | пред 4 години

51527621330_a208ef9159_c

Модуларната во Скопје прокисна, во Тетово изгоре, Филипче мува не го лази, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч. Или модуларната во Скопје прокиснува. На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 13 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Зошто прокисунува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, исто не се знае, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи. Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор. Бројката на починати од корона е речиси седум илјади. Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања. На Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето!“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Тестирањето на учениците почнува во девет средни училишта само во Скопје

Денеска почнува скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје, соопшти Министерството за здравство.„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носна шуплина“, велат од МЗ.Од таму додаваат дека целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на коронавирусот помеѓу учениците. Со релевантните податоци, велат од МЗ, ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

пред 4 години

Нема фотографија

Данела е убедена дека ќе победи, па во Кисела Вода излезе со десетици ветувања

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, продолжи со теренските активности по победата во првиот круг на изборите и со тоа го означи почетокот на изборната кампања за вториот круг.Таа синоќа имаше средба со граѓани од Кисела Вода. За жителите од оваа населба, рече Арсовска, во моментов приоритетно е решавањето на проблемот со неконтролирано градење, затоа што на овој начин им е загрозен животниот простор, се намалува зеленилото, а се намалуваат и местата за паркинг.„Јас многу добро ги знам проблемите со кои што се соочуваат жителите на општина Кисела Вода, а имам и конкретни решенија како да се надминат. Непланското градење ќе запре со креирање детален урбанистички план во соработка со повеќе експерти. Проектите од мојата изборна програма се предложени врз основа на нивните проблеми. Затоа, за Кисела Вода е предвидена реализација на еден од петте мега паркови, ќе се изградат и повеќе монтажни паркинзи што значително ќе го решат проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и тротоарите, а ќе се започне и со чистење на депониите веднаш по моето стапување на функцијата градоначалник на Град Скопје. Освен тоа, Кисела Вода ќе биде поврзана со вело патека и ќе се реализира изградба на директна патна поврзаност со Аеродром. Позитивните промени за Скопје доаѓаат по 31 октомври. Заедно со скопјани ќе успееме во тоа“, рече Арсовска.На крајот од средбата Арсовска им се заблагодари на присутните за поддршката што и ја дале во првиот круг од изборите и ги повика сите оние кои ја поддржуваат нејзината визија за модерно и современо Скопје, да излезат на изборите и во вториот круг и заедно да го направат главниот град – град на среќни и задоволни жители.

Скопје | пред 4 години

3

Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите, обвини Димитриевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција попладнево соопшти дека тој и неговиот тим биле следени од полицијата веќе три недели. Тоа го разбира како тортура и притисок од одредени полициски службеници поради неговата кандидатура за втор градоначалнички мандат.„Јас како кандидат за градоначалник и сите мои поддржувачи и активисти од штабот ’За наше Куманово’ сме предмет на физичко и друго следење од страна на одделни лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Денеска, кога го напуштив работното место и се упатив кон мојот матичен лекар за да одам на редовен преглед и да примам терапија, се упативме со лицето Дејан Димитриевски, кој го управуваше возилото, кое е уредно и технички исправно. Бевме следени целиот тој период од страна на бело возило со полициски таблички, управувано од возачот на актуелниот началник на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.Возилото во кое бил градоначалникот го сопреле тројца полицајци, побарале полномоштво за Дејан Димитриевски, кој го управувал возилото што им било дадено, а потоа ги пратиле на вонреден техники преглед на возилото.„Целиот период полициските службеници беа крајно непрофесионални. Побарав тие да се идентификуваат, на моето барање неколкупати, го одобрија тоа. Ги дадоа своите значки, а третото лице рече дека нема значка и е полициски приправник. Ми го кажа своето име и презиме. По моето барање, кога заврши техничката и рутинската контрола на возилото, беа утврдени неточни податоци“, се пожали Димитриевски.Тој објасни и дека се невистинити податоците објавени во некои од медиумите дека возилото било нерегистрирано и нагласи дека за време на кампањата, иако ретко, користеле возило со уредна техничка документација. Димитриевски смета и дека сопирањето утрово е само дел од континуираните обиди да ги заплашат него и неговиот тим.„Сакам да испратам една јасна порака до господинот Оливер 1 и господинот Оливер 2. 31 октомври е многу блиску. Граѓаните ќе видат со каква нереална власт, која од страна на поединци се трансформира, за жал, во режимска власт, се соочуваме. Кај нас во Куманово притисоци не поминуваат. Дополнително, слушнав дека е поведена активност во рамките на Министерството за внатрешни работи, сега е тоа на истрага од внатрешна контрола. Сакам притоа, за да не се водиме по системот кадија те суди, кадија те тужи, да го потсетам министерот Спасовски дека во штабот ’За наше Куманово’ имаме пријавено неколку кривични дела што се работат во согласност со законот, поврзани дејства со изборниот процес“, рече Димитриевски.МВР, по сопирањето на Димитриевски, соопшти дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и нема да дозволи каков било притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, но не кажаа која била причината поради која градоначалникот бил сопрен, а потоа и пратен на дополнителен технички преглед.Неофицијално, тој бил сопрен оти возилото има затемнети стакла, кои се забранети, а го спровеле до најблиската станица за технички преглед на возила оти тоа била редовна процедура во такви случаи.

Македонија | пред 4 години

thumb3

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.Вархељи пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Северна Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето датум е многу поважно од прашањето за изборите.„Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив“, рече тој.Повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат откога бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија место да ја чекаат Северна Македонија да го реши спорот.„Големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение“, изјави Вархељи.Вархељи ги повика европарламентарците да влијаат на своите земји да овозможат напредок за ова прашање со цел и самата ЕУ да оди напред.

Македонија | пред 4 години

infektivna-kovid-ambulanta

Министерството откри што се случува со модуларната инфективна болница во Скопје!

Поради интерес на медиумите, Одделението за односи со јавност на Министерството за здравство испраќа реакција на КИБФС во врска со модуларната болница од Клиниката.„КИБФС реагира на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници.На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување.Поради намалување на бројот на хоспитализации во изминатиов период затворени се и други ковид центри во склоп на Клинички, како и низ државата, бидејќи рационално мора да се користат ресурсите како и здравствените работници.КИБФС апелира медиумите да се воздржат од сензационалистички наслови и текстови кои непотребно креваат паника и предизвикуваат страв кај граѓаните“, велат од МЗ.

Скопје | пред 4 години

w_56674000

Починаа 14 пациенти од корона, 498 се новозаразени

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.669Оздравени се 498 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.• Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8починати лица: 5 починати лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 починати лица од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.• Направени се 3.431 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-49,ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–14, Жан Митрев (Филип Втори)-54,Авицена-164, Биотек-238, Систина-97, лабораторија Лаор-150, Синлаб-19, Ремедика-20, Плодност–44, Генеа-9,Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-42, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.575.Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Македонија | пред 4 години

and-just-like-that

Сара Џесика Паркер на снимање во тренерки

Папараците ја забележаа Сара Џесика Паркер кога пристигна на снимањето на новата сезона на серијата „Сексот и градот“ во центарот на Менхетен во понеделникот.56-годишната актерка на себе има долни тренерки и памучна кошула со долги ракави, со што стана јасно дека не е облечена како Кери Бредшо за да продолжи со снимањето.Иако на ваквото лежерно издание Кери можеби ќе направеше гримаса, Сара Џесика изгледа комотно и среќно додека чекори по тротоарот.Таблоидите веднаш ја искоментираа „премногу лежерната облека“ на актерката што е во спротивност со уникатните комбинации на Кери, препознатливиот лик на една од најгледаните серии на сите времиња.

Магазин | пред 4 години

zaev-pres-23-1024x641-1

Сајкоски до Заев: Да ги наречеш зло сите што не гласале за тебе, значи дека си отсутен од реалноста

Гледам дека Зоран Заев се обраќа во некакво писмо до неговото членство во кое бара мобилизација, оцрнува дека сите кои не биле за него биле зло, и дека тој бил циклусот на промени, вели Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.„Нема да навлегувам во неговите квалификации и во потребата да се обраќа со писмо до членството и граѓаните, што само ја нагласува нервозата во неговите редови и фактот дека борбата за гласови, единствено ја перцепира како борба за привилегии, моќ и политичко преживување, како и неговата состојба на раздразнат човек кој е свесен дека го губи тлото под нозете и знае дека деновите во политиката му се одбројуваат.Како генерален секретар на партијата се чувствувам должен да одговорам на неколку негови тези.Тоа што над 400 000 илјади граѓани не гласаа за Зоран Заев на овие избори, како и оние кои не гласаа, не значи дека се зло, како што ги нарекува актуелниот премиер, туку единствено значи дека исклучително се незадоволни од начинот на кој што неговата влада ја води државата, празните џебови на народот и неисполнетите ветувања. Да ги наречеш зло сите што не гласале за СДСМ е одлика на човек и поединци кои се бескрупулозни во намерата да ја задржат фотелјата кон која се однесуваат дека природно им припаѓа и целосно отсутни од реалноста. Функциите не се наследно право, туку обврска дадена од граѓаните кон која мора да се пристапува одговорно и со должна почит.ВМРО-ДПМНЕ има над 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на овие избори, и повеќе победи на градоначалници на општини во прв круг од СДСМ, било да е во градот Скопје или другите општини надвор од државата. Заев велеше дека се обраќа на народот во исто време кога заглавен во минатото имаше монолози, повторно наметнуваше неосновани стравови, клевети. Епа сега со овој резултат народот му се обрати на Заев и вика доста е! Доста е од таа ароганција, од неодговорност, од криминал и корупција. Претеравте.Прогресот на СДСМ е назадување за Македонија, затоа што тој прогрес единствено и значи прогрес во тендерите кои ги местат, во инфлацијата која се зголемува, во привилегиите што самите си ги приграбуваат. Заев вели дека ја научил лекцијата, така велеше и кога беше тесно во првиот круг од претседателските избори, така велеше кога едвај победи на парламентарните избори така велеше и кога му дадоа метла и ништо не измете. Така вели сега и кога знае дека губи, затоа што е уплашен поради губењето на власта. Тоа за него ќе значи одговорност, а за Македонија промени и чекор поблиску до новата иднина.Заев треба да знае дека народот е веќе обединет, и е против него обединет, против сите делби, продажби, одрекувања, пазарења, против сите лаги и неисполнети ветувања.“Волкот влакното го менува, но карактерот не”. Ова твое писмо е само откривање на карактерот. Тоа покажува дека ти гори под нозе, и дека покрај слаткоречивоста, целта ти е повторно да го изманипулираш народот. Разликата е тоа што 5 години си на власт и народот има искуство што значи Заев за премиер. Од таа гледна точка Ти не можеш да бидеш промената, Ти можеш да бидеш само променет. На 31 октомври, народот доаѓа по своето“, вели Сајкоски.

Македонија | пред 4 години

tumblr_pnpuf8Se7e1rkd2bio4_1280

Џони Деп утре на ракија и ќебапи во Белград

Холивудскиот актер Џони Деп утре доаѓа во Белград за да ја промовира новата анимирана серија „Пафини“. Тој ќе биде сместен во претседателски апартман во познат хотел во Белград, а потоа во Андричев венац ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.Џони Деп ќе има можност пак да проба од некои од националните јадења во Србија, како ракија и вино. Тој и претходно има доаѓано во Белград, кога го снимаше филмот Минамата, а од традиционалната храна рече дека најмногу му се допаднале ќебапчињата.По прес-конференцијата, Деп планира да направи мала турнеја низ филмското студио. Новата серија е произведена во продукција на „Архангел студио“, од актерот Милош Биковиќ, а создадена е во „Јерволино студио“.Актерот лани додека беше во Монте Карло изјави дека ги обожава Србија и Србите, а првпат беше во посета во Србија во 1992 година.

Магазин | пред 4 години

244407967_2635096066637214_4985597124160080646_n

Наумоски му честиташе на Стојкоски: Ѓорче мора да продолжи да се развива

“На противкандидатот Александар Стојкоски му ја честитам победата, а на останатите кандидати им честитам за мирниот, демократски изборен ден. Ѓорче мора да продолжи да се развива”, напиша Наумоски.

Скопје | пред 4 години

modularna-bolnica

Затворена модуларната во Скопје, прокиснала и стигнала вода до струја, вели Лазаров

Доктор Ненад Лазаров на Фејсбук напиша статус во кој вели дека модуларната болница во Скопје е затворена. Тој додава дека истата прокиснала, а водата стигнала до струјата.„Затворена модуларната "болница" до Инфективна, прокиснала и стигнала вода до струја, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања