Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

nenad-lazarov4

Со кого да се обединиме?, прашува доктор од Скопје

„Со кого да се обединиме? Со тие што 4 и повеќе години држат затворени врати и уши како во министерство за здрсвство така и во Лекарска Комора? Или со сервилните и неспособни директорчиња што мислат дека институциите им се фамилијарно наследство-оставштина од татко им, на кои еве им завршуваат мандатите, ретко кој славно. Или со санитарна која беше мач за притисок врз колеги? Сега соберете си се сите тие што си бевте бандичка, мала група знаете што, и директори и комисии и управни надзори, едни те исти луѓе цело време, и пакујте се полека и со време.Казната не е разрешувањето, казните се потоа. Јас секогаш отворено и директно сум ви кажувал, не послушавте“, прашува доктор Ненад Лазаров.

Коментари | пред 4 години

1

„Јас како градоначалник на Скопје ќе бидам само еден од вас“, Шилегов се надева на победа

- Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа дури дванаесет кандидати, секој со своја визија за развојот на градот. Драго ми е што со повеќето од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива. Верувам дека граѓаните кои ги поддржаа нив во првиот круг ја поддржуваат политиката на напредок и развој која ние веќе четири години ја спроведуваме, со овие зборови ја започна денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.- Од денес започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака до сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива она како што почнавме, дека Скопје мора да остане град каде граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој, нагласи Шилегов.- Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане. Јас силно верувам дека граѓаните ја препознаваат позитивната промена која ја направивме во Скопје за само четири години. Дека го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме а верувајте не беше лесно. Скопје од град во целосна стагнација во развојот за кратко време конечно тргна напред. Јас верувам дека вие граѓаните ја препознавате храброста и визијата плански и стратешки да вложуваме наместо популистички празно да ветуваме, порача Шилегов.- Затоа, само заеднички може да го продолжиме ова што го започнавме. Скопје има сила само во единството, само во обединувањето на сите оние кои го гледаат нашиот град во заедницата на модерни, развиени градови на Европската унија. На Скопје му треба сила која обединува, а не дели, сила на просперитет, а не на лаги и митови. Со обединување на сите демократски сили Скопје ќе расте во единствена коалиција, со граѓани кои ќе учествуваат во одлуките за сите важни проекти преку системот на директна демократија, додаде Шилегов.- Јас како градоначалник на Скопје ќе бидам само еден од вас во донесувањето на сите важни одлуки за заедничката иднина. Политиката мора да им служи на граѓаните. Тоа е платформата на која ги повикувам сите гласачи и политички партии кои го имаат Скопје во срцето масовно да излезат на изборите за победа, продолжи Шилегов.- Ова се избори за Скопје и иднината на нашиот град и тоа не смееме да го заборавиме. Ова се избори на кои бирате како Скопје треба да продолжи напред и за тоа во каков град сакаме да живееме. И ништо друго. Сите вие кои во првиот круг решивте од кои било причини да не излезете на гласање, ве повикувам на 31 тоа да го направите, повика градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

пред 4 години

14092021_106-ta_sednica_na_vladata_6

Укинати дел до забараните кај угостителите, нови одлуки од Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.Владата разгледа и усвои Информација во врска со процесот на доставување предлог проект до глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој при Обединетите нации и го задолжи заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, до Канцеларијата на Постојниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, да го достави Писмото на намери за кофинансирање на предлог проектот „Зелен финансиски фонд за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата против климатските промени во Северна Македонија“.На оваа седница Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршените преговори и го прифати усогласениот текст на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.Со оваа спогодба се обезбедува целосен континуитет на трговските односи меѓу двете држави, на начин и во обем кој тековно се реализира, откако после Брегзит, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска нема да е обврзана со договорите на Европската Унија.Дополнително, предложените дополнувања на Спогодбата нема да имаат импликации на примената на Договорот за социјално осигурување од 1958 година, односно со Спогодбата не ги загрозува правата од областа на здравствена заштита на осигурените лица од двете држави.Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година.Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година.Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година (четврток); и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Македонија | пред 4 години

234919664_370538324742995_6225757936327626117_n

Граѓаните кои се вакцинирани со Синовак и Синофарм трета доза вакцина може да примаат по три месеци од ревакцина

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација. Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

пред 4 години

19102021_MTV_Bocvarski_potpisuvanje-Memorandum-vo-Sofija_4

Бочварски од Софија: Даваме силна регионална поддршка за изградба на железничкиот Коридор 8 за побрз регионален економски развој

„Република Северна Македонија е силно посветена на евроинтегративниот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и со транспортниот систем на Европската Унија“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска престојува во работна посета на Софија, каде заедно со министрите за транспорт на Република Бугарија, Христо Алексиев, и Република Албанија, Белинда Балуку, го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за изградба и координиран развој на Коридорот 8.„Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија е од клучно значење за развој на севкупниот железнички систем во Република Северна Македонија. Изградбата на нови пруги треба да овозможи забрзан економски раст на целиот регион долж Паневропскиот коридор 8“, истакна министерот Бочварски.„Како земја аспирант за членка во ЕУ сме силно посветена на регионалниот развој преку изградба и моденизација на патната и железничката инфраструктура. Политиките што ги спроведуваме како Влада се насочени токму кон комплетирање на Коридорот 8.Поради тоа, денеска овде во Софија заедно со моите колеги министри од Република Бугарија и Република Албанија го потпишавме Меморандумот за соработка со кој се залагаме за развој на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8.На овој начин ја потврдивме заедничката волја и подготвеноста на сите нас за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8, со фокус на инвестициските проекти со најголема вредност за регионот“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Овој Меморандум дополнително ќе помогне за координација и спроведување на мерките за олеснување на транзитот на граничните премини и ќе обезбеди коридори со брз и непречен транспорт на стоки.Приоритет е и постигнување на одржлива мобилност и висока ефикасност и квалитет на транспортните услуги на долг рок.„Република Северна Македонија вложува силни напори во изградба и финализирање на транспортната инфраструктура на Оската Исток-Запад. Инвестициите што ги планираме за изградба и докомплетирање на железничкиот Коридор 8 надминуваат 1 милијарда евра.Денешната средба и овој Меморандум е доказ на нашите цели и заложби, добрососедски односи и заедничката волја за изградба и комплетирање на железничкиот Коридор 8. Благодарност до моите колеги што сите заедно работиме на реализација на стратешките определби на нашите Влади за комплетирање на овој европски коридор“, истакна Бочварски во својата изјава по потпишување на трилатералниот Меморандум за соработка.На средбата министерот ги потенцираше проектите што ги реализира Република Северна Македонија на Коридорот 8 во делот на патната и железничката инфраструктура.

Македонија | пред 4 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Опозициските гласови покажаа дека има сериозно незадоволство од власта и бараат нова иднина, повикувам на здружена опозиција

„Денес имавме заеднички состанок со коалицијата за „Обнова на Македонија“, на овие избори коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 55.000 гласови повеќе од СДСМ, на советничките листи. Тоа е убедлива победа. Јасна порака до власта, а за нас голема одговорност“, рече Христијан Мицкоски.Тој додаде:„Иако сликата е јасна има уште еден круг на овие локални избори. И уште еден чекор до промени и остварување на нашата заедничка нова иднина. Она што го видовме во првиот круг од изборите, а тоа се поткуп на гласови, полнење на кутии, притисоци, уцени, го очекуваме во поголема мера во вториот круг.Но, воедно ги повикувам граѓаните да излезат во што е можно поголема бројка во вториот круг на изборите бидејќи само со мобилизација и зголемена излезеност може да се победи полицијата на Спасовски, обвинителството на Рускоска и сите оние бандити кои што се закануваат низ Македонија и собираат на тој начин поддршка за СДСМ и коалицијата која што ја предводи СДСМ.Но, остана уште само еден чекор – нова иднина на почитување на вредностите, принципите, на промените, проектите и победите. Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес СДСМ вели дека ќе донесе прогрес. По пет години власт нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на инфлацијата и цените во маркетите, прогрес на трошоците за живот. Прогрес на аферите и скандалите, на неказнетиот криминал, на неуспесите во здравството, КОВИД жртвите, експериментите во образованието. Прогрес на нивниот личен имот и лични удобства, за сметка на сиромаштијата кај народот. Не е тоа прогрес, тоа е назадување за народот и земјата.Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта. А, опозициските гласови и нивната заедничка цел е ПРОМЕНА НА ВЛАСТА И НОВА ИДНИНА ЗА МАКЕДОНИЈА. Затоа повикувам на ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА. ЗАЕДНИЧКИ до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за да Македонија оди напред со сите луѓе. Здружена опозиција на леви, центар и десни, со една мисија рушење на оваа Влада, бандитизмот и стегите кои носат сиромаштија, несреќен живот и апатија.Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа и го бара народот на овие избори. Македонија има иднина, Македонија мора да победува. На чекор сме. Сите заедно да направиме големи работи, иднината да дојде сега. Заеднички сите заедно обединети до целта“.

Македонија | пред 4 години

spasovski

МВР за следењето на Максим Димитриевски

„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“, велат од МВР. 

Македонија | пред 4 години

1-5

„Полициска бруталност и насилен втор круг“, Мицкоски се фокусира на Данела и ново собраниско мнозинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.Мицкоски кажа дека очекува брутална кампања во вториот круг, додавајќи: „Очекувајте бруталност полицијата од Спасовски, очекувајте од насилниците да се однесуваат понасилно“.„Очекуваме да победиме секаде каде не сме победиле. Мислам дека сме блиску и до мнозинство во Град Скопје. Фокусот ние д а победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Откриени заболувањата на починатите кои се вакцинирани против корона

Министерството за здравство неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.„Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.8 октомвриПријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:84 год. кардиолошко заболување62 год. кардиолошко заболување78 год. кардиолошко заболување63 год. кардиолошко заболување и дијабет73 год. кардиолошко заболување и дијабет9 октомвриПријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.10 октомври14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.64 год. кардиолошко и малигно заболување59 год. со кардиолошко заболување68 год. кардиолошко заболување и дијабет11 октомври18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:72 год. кардиолошка и белодробна болест69 год кардиолошка болест81 год кардиолошка болест и дијабет76 год кардиолошка болест64 год белодробно заболување56 год кардиолошко заболување12 октомври6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години - нема хронично заболување;13 октомври20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување77 год. кардиолошко и белодробно заболување78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет71 год. кардиолошко заболување14 октомври13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:75 год. крдиолошко заболување74 год. кардиолошко заболување и дијабет64 год. кардиолошко заболување и дијабет77 год. невромускуларно заболување“, велат од МЗ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев испрсти писмо до сопартијците со барање од нив

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, два дена по првиот круг од локалните избори, преку писмо им се обратил на своите сопартијци, повикувајќи ги на обединување. Тој во писмото нагласува дека граѓаните во првиот круг изборите им испратиле јасна порака која мора да ја слушаат, да ја разберат и да постапуваат по неа. Писмото на Заев испратено до сопартијците до кое ексклузивно дојде „Слободен печат“ преку партиски извори, ви го пренесуваме интегрално:„Другари и другарки, храбри социјалдемократи, поддржувачи на демократијата и на прогресот,Дозволете да ви се заблагодарам за целокупниот ваш ангажман и труд што го дадовте за овие избори, но и за сите процеси во изминатите години низ кои заедно ги направивме големите промени во македонското општество. Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борбата не е завршена.Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно.Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и нашата борба за нов циклус промени. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Во спротивно, режимот тропа на вратите. И веќе успеа да влезе во некои од општините. Ние имаме демократска обврска да се бориме, да испорачаме промена и подобрување во начинот на наше управување и да застанеме на патот на заканите и опасностите кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ.Влегуваме во вториот круг и во борба за секој глас, за секој град, за секоја општина. Нема важни и неважни. Сите се важни. Ако сакаме да ја добиеме оваа борба, мораме да разбереме дека секој човек е важен, секој глас е важен. Секој глас мора да биде слушнат, испочитуван, уважен. Тоа е промената која ја бараат граѓаните од нас. Затоа, мораме да ја зголемиме нашата достапност, отвореност и експедитивност во решавањето на проблемите на секоја индивидуа, на секоја група граѓани. Ние не сме и никогаш нема да бидеме недостижни и недостапни, тоа нам не ни прилега. Напротив, ние сме и мораме да останеме скромни и приземјени. И само така ќе го одржиме правецот на кој заедно ја поставивме нашата земја.Затоа, ве повикувам на ОБЕДИНУВАЊЕ!Сега е време за обединување затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа нашата земја со години. СДСМ греши, но учи и се поправа. ВМРО-ДПМНЕ е партија на своеволие и узурпација на сè државно за свои интереси. И тука има голема разлика. Сега е време за борба, за уважување на гласот на секого и за обединување. А, ние сме борци, ние сме отворени луѓе и отворена партија и знаеме и даслушаме, и да постапуваме, и да се менуваме. Тоа го имаме и докажано, и покажано преку бројни примери кога критиките и пораките од граѓаните сме ги прифаќале и сериозно сме ги ревидирале и подобрувале нашите чекори и политики.Велат дека за да победи злото доволно е добрите луѓе да не направатништо. Овој пат, ние нема да набљудуваме и да не правиме ништо додека злото сезаканува. Ќе дејствуваме! Затоа, од секоја општинска организација барам акција.Исклучително важно и неопходно е секој Општински изборен штаб да биде во постојана консултација со Централниот изборен штаб и да ги следи насоките, од една страна, но и да биде отворен за предлозите, ставовите и пораките кои доаѓаат од членството, од поддржувачите и од граѓаните, од друга страна.Потребна е брза анализа и враќање на теренот ВЕДНАШ. Потребни се брзипромени и акции кои ќе придонесат кон БОРБА, УВАЖУВАЊЕ НА ГЛАСОТ НАГРАЃАНИТЕ, ОБЕДИНУВАЊЕ и со тоа ПОБЕДА на СДСМ во вториот изборен круг.Тоа и тоа како е можно и е на дофат.Од нас зависи. Потребно е да се обратиме и да подадеме рака на секој еденчовек, секој еден глас којшто можеби сме го пропуштиле во првиот изборен круг.СДСМ го слушна гласот на граѓаните и ќе направи сè да го обединипрогресот.Напред другари. Борбата продолжува!Ваш,Зоран Заев“, стои во писмото.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-19-at-12.11.51

ВИДЕО: Максим тврди дека полициско возило го следело низ Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.Градоначалникот се жали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела. Ги задржала петнаесетина минути во кои бил блокиран сообраќајот на улицата Лесковачка.„Објавувам вака јавно да видат сите како работи полицијата на мојот другар Оливер Спасовски. Не држат без објаснување, не ни кажуваат зошто не сопреле. Тргнав кај мојот матичен лекар. На улицата заглавен стои и автобус, сообраќајот е стопиран. Сакам да порачам дека вакви притисоци нема да успеат“, вели во обраќањето во живо градоначалникот Димитриевски.Тој објаснува дека му било побарано полномошно за управување со возилото на Дејан Димитриевски, документ кој тврди дека го имале со себе.Кусо по првото вклучување во живо, Димитриевски се вклучи и вторпат со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако се возеле во ново возило, што им било познато на полицајците.

Македонија | пред 4 години

19102021_Gragjani-na-Avganistan-zaminaa-za-Irska_1

Привремениот престој во Македонија заврши за уште 27 граѓани на Авганистан

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште.Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација.

Македонија | пред 4 години

245934438_916016009004003_5852731348878840013_n

Георгиески: Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто

Кандидатот на СДСМ за Охрид, Константин Георгиески, тврди дека Охрид заслужува да оди напред, алудирајќи дека тој е најдобриот избор за градот. Тој влегува во втор круг, каде ќе се бори за повторна власт во Охрид.„Ние сме тие кои реализираат проекти. Ние сме тие кои градат улици, канализации, водоводи, реконструираат училишта. Ние сме тие кои обезбедуваат подобри услови за развој на туризмот и подобра социјална сигурност за сите граѓани. Ние сме тие кои носат храбри одлуки и затоа од нас знаете што може да очекувате. Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто“, напиша Георгиески.„Реални проекти за Охрид.Нова улица „Јордан Мијалков“ и Реконструкција на улиците: „Партизанска“ „Димитар Влахов“ „Галичица“, „7-ми Ноември“,„Илинденска“, „Шар Планина“, „Даме Груев“, „Момчило Јорданоски“, „Бекир Алириза“, „Веле Марко“, „Винковачка“, „Тетовска“, „Ѓорче Петров“. Со сите успеси кои ги постигнавме во делот на инфраструктурата покажавме дека сме суштински поразлични од претходниците. Продолжуваме заедно со граѓаните, да работиме за интересите на Охрид“, додаде Георгиески.

Охрид | пред 4 години

IMG_4868

Акции на полицијата во Битола и Штип: Фатени десетици граѓани со прекршоци

На 18.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 21 мерка, од кои 13 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место, додека за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место преземени се 8 мерки. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.На 18.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 11 за управување на возило со брзина поголема од дозволената во населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување на возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирани возила, 2 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење сигурносен појас.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Се славела победа пред штаб со пукање од пиштол

На 18.10.2021 околу 21.30 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан Е.Ј.(44) од гостиварски Градец, постапувајќи по пријава според која на 17.10.2021 околу 21.00 часот пукал со огнено оружје на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино, полошко.Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и на посоченото место пронајдени се и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. бил одземен пиштол што го поседувал со дозвола.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Апсења во Тетово, Аеродром и Карпош поради марихуана

На 18.10.2021 околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 години. При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.НА 18.10.2021 околу 15.50 часот во тетовско Теарце лишен од слобода е А.Ф.(31) од ова село, затоа што му била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.На 19.10.2021 во 04.40 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.М.(32) од Виница, а со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.10.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

deve-bair

Упасен турчин на градница, откако ја дал возачката на увид

На 18.10.2021 во 11.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (возачка дозвола), бил лишен од слобода A.Ц.(32) од Република Турција, кој управувал товарно возило „рено“, со турски национални ознаки, а при контролата ја доставил на увид возaчката дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

Можно е короната да се шири низ окото, докотор Лазаров упати апел до колегите

Откако во светот проструи веста дека коронавирусот може да се шири преку аеросолите кои се шират преку контакт со заболено лице, а инфекцијата може да се добие и со нивно таложење на окото, реагираше докторот Ненад Лазаров, специјалист од Скопје. Тој упати апел до колегите.„Колеги, апелирам да носите визири или било каква друга заштита за очите, се поочигледно станува дека недоволно заштитена влезна врата за коронавирусот се конјунктивите. Имаме уште некоја количина на бесплатни визири, кажете ако ви треба, заштитете се“, напиша Лазаров.Во една од студиите пишува и: „Близината со заразените претставува најголем ризик. Во моментов, претпоставените главни модалитети на вирусна инвазија вклучуваат вдишување или контаминација на површината на мукозата со рака. Таложењето капки на површината на окото не се исклулчува како варијанта, бидејќи е честа рута за пренос“.Линк до неа

Актуелно | пред 4 години

Pecakov

Пецаков: Да застанеме цврсто за победа во втор круг

„Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна. Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Сите во Охрид недвосмислено ја даваат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и затоа победивме со голема разлика во првиот круг. Победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат“, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Пецаков.„Затоа со народот сме одлучни за промени. Промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа. Проекти за подобро живеење на сите, борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери од општественото живеење. Претстојат уште две недели, да немате воопшто двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа. Да излеземе и да се избориме сите заедно! Сега е времето наше, да застанеме цврсто, гордо и достоинствено! Охрид и Македонија се на чекор до конечна победа. Продолжуваме кон промени, проекти и победи. Создаваме нова и светла иднина за Охрид и охриѓани“, додава тој.

Охрид | пред 4 години

242540359_2671098966532615_4411733976704507129_n

„Има неколку причини зошто Шилегов не им одговара на скопјани во ниеден случај како избор на 31 октомври“, пишува Јоци

Новинарката и политиколог, Јорданка Ивановска Јоци, наброја неколку причини зошто според неа, кандидатот Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, не им одговара на скопјани во ниеден случај како избор на 31 октомври.„1. Советот на Скопје, каде се гласаат сите одлуки и Буџет, е веќе формиран, мнозинството е опозиција.Вмровци го имаат водството со 17 советника + 2 од АА/А = вкупно 19. Тука се и 4 советника на Левица и 2 на ЗХГ = вкупно 6.2. Сите скопски општини добија вмровски градоначалници, а Шилегов негува анимозитет кон таа партија, што автоматски значи дека е невозможна кохабитација и било каква меѓуопштонска соработка за решавање на градски проблеми во тие општини.3. Тој и досега не работеше со полна пареа, што логично доведува до заклучок дека ќе ги игнорира или казнува целосно општините каде вмровци победија, а со тоа и граѓаните, доколку добие 2 мандат, а нема“, напиша таа.

Коментари | пред 4 години

1925AC5B-0A3C-40AF-98A0-17B20F931045

Падна интересот: Во просек се даваат по 1500 дози вакцини против корона дневно

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

najcevska

„Сите нови градоначалници нешто ново ќе почнеле. А некој да кажеше дека ќе продолжи или доврши или надгради?“, прашува Најческа

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на изјавите од новите избрадни градоначалници, кои велат дека ќе спроведуваат нови проекти и ќе градат нови објекти. Таа прашува, дали некој планира да доврши нешто од проектите на претходните градоначалници.„Сите нови градоначалници нешто ново ќе почнеле. А некој да кажеше дека ќе продолжи или доврши или надгради?Ова е држава која со секој избор тргнува од нула во развојот и од највисоката претходно достигната точка во апашлукот“, коментира Најчевска.

Коментари | пред 4 години

apasiev-dimitar-7

Апасиев за рејтингот на Левица: Од три во 2017 сега имаме 51 советник во 38 општини!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев посочи дека за четири години, рејтингот на партијата драстично се зголемил. Тој тоа го гледа и преку бројот на освоени советници на локалните избори годинава.„ЛОКАЛНИ 2017: Левица настапува во 11 општини и освојува 3 советника. ЛОКАЛНИ 2021: Левица настапува во 38 општини и освојува 51 советник. Ама, Заев вика рејтингот од 4% ни паднал на 2%, после „инцидентот“ во Прилеп!? p.s. Премиерот забораил да ја додаде единицата пред двојката (12%), ама ај сега да не го омаловажуваме вака јавно. Пасокизација. Нема Влада без Левица“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 4 години

oliver-varhei

Стразбур ќе каже за пакетот за проширување преку извештајот за Западен Балкан

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан.Пакетот за проширување вклучува и годишен извештај за напредокот на Македонија и другите земји од Западен Балкан во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, потврди Европската комисија.Комесарот Оливер Вархеји ќе го претстави Пакетот за проширување на прес -конференција во 17:15 часот, откако ќе го претстави пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, беше објавено во Комисијата.За Македонија е клучно и овој извештај уште еднаш да ја потврди подготвеноста на земјата за започнување на преговорите за членство со ЕУ, како што тоа повеќе пати е посочено во Европската Комисија и Европскиот Совет.Земјата не може да ги започне преговорите со ЕУ поради блокадата на Бугарија за билатерални прашања.Пакетот за проширување што го изработи Европската комисија вклучува проценка на состојбата и реформите во земјите во процесот на пристапување во Унијата.Пакетот исто така вклучува индивидуални извештаи за земјите од Западен Балкан и Турција кои се во различни фази на пристапување во ЕУ.Пакетот за проширување се објавува еднаш годишно и е најважниот документ што укажува на состојбата во сите области, го оценува исполнувањето на економските и политичките критериуми и дава препораки за понатамошни реформи на земјите на патот кон членство во ЕУ.

Македонија | пред 4 години

IMG_0743

Сонце, но не цел ден нѐ очекува денеска

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и со слаб северозападен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања