Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Rabota-na-pat

Поради работа на пат пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, информираат од АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додаваат од таму.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski912

Димитиревски до Спасовски: Која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово?

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски јавно го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?„ Дали повторно ќе инволвирате дел од непрофесионалните од МВР во изборниот процес?- Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот.Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат“, вели Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

1.000.000 евра Шилегов потрошил за Нова година, обвинува Георгиевски

Петар Георгиевски Камиказа преку статус на Фејсбук ја поздравува ВМРО-ДПМНЕ која го откри скандалот поврзан со дочекот на новата 2020 година, но открива и други работи поврзани со таа Нова година.-Eеее,јас ова го верглав цела една година,но сепак браво за објавеното. Ако го додадете Винтерленд и осветлувањето на Скопје за таа нова 2020, сумата ближи скоро 1.000.000 евра, кој Шилегов ги потроши,ко да се негови,а не пари на граѓаните. Меѓу главните е Здравко Кочишки od “Dvd pet”кој ги има добиено сите 41 тендер во вредност од преку 1.500.000 евра, а сите други фирми: (O), По објавеното,истиот ја растура фирмата на две нови, Двд Плус и Двд рентал,за да ја затшка целата работа, па со нив во време на ковид,кога пола од компаниите од нашата дејност се затворија,овие две добија нови милионски суми,и се разбира повторно сите тендери со : МКЦ,УНИВЕРЗАЛНА САЛА,МОБ,ФИЛХАРМОНИЈА,СКОПСКО ЛЕТО,ОХРИДСКО ЛЕТО,МАК ФЕСТ,ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,како и многу други поситни тендерчиња.Значи ,едноставно ,овие две се,а сите други О !!!По овие локални избори многу работи ќе станат појасни!!!!!Македонија вечна, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

stefan-janev

Бугарскиот премиер Јанев: Со Македонија имаме заедничко минато и иднина

Со Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, при тоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари.– Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални интереси. За жал, раководството на Република Северна Македонија не брза да ги исполни обврските предвидени во Договорот за добрососедство, додаде Јанев, апелирајќи да „престане поттикнувањето омраза кон Бугарија”.Тој нагласи дека Бугарија е заинтересирани да се грижи за македонските граѓани кои имаат бугарско чувство и кои се идентификуваат како лица со бугарско потекло, со цел да имаат еднакви права со сите други и да не бидат „прогонувани и регресирани”.

Македонија | пред 4 години

mickoski-8

Големо ќе биде поскапувањето на струјата, можеби и двојно, вели Мицкоски

„Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, цените на берзите повторувам колку стотини евра од мегават на саат се, ќе ве потсетам. Она што го произведува ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евра и на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев уште некој ден, и малкумината кои што се околу него. Додека цените на електричната енергија, на струјата на берзите се качени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во вестите на Сител телевизија.„Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна“, укажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека поради неодговорното однесување на власта, цената на електричната енергија ќе се качи.„Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа на време ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми“, појасни Мицкоски.Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3 или 4.000 денари. Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен.

Македонија | пред 4 години

249378246_275439057826884_433642252689726334_n

Георгина повторно бремена со близнаци: „Роналдо прави свој фудбалски тим“

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и Георгина Родригез објавија дека чекаат близнаци. Тие ќе бидат родители на шест деца откако во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а заедно се грижат и за трите деца што Роналдо ги има од сурогат-мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.Веста дека ќе станат родители Кристијано и Георгина ја објавија на „Инстаграм“ неколку недели откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека манекенката е бремена.„Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве запознаеме“, стои во нивната објава на која се гледаат снимки од ултразвук.Голем број следбениците на упатија честитки, а некои коментираа и дека Роналдо прави свој фудбалски тим.Георгина и Кристијано се запознаа во 2016 година. Во тоа време Роналдо веќе го имаше синот Кристијано Јуниор. Светските медиуми со години пишуваат дека фудбалерот и манекенката се свршиле, се пишуваше и дека се венчале тајно, но тие не ја потврдија веста.

Магазин | пред 4 години

mickoski-5

Мицкоски: Нема реваншизам, секој кој работел според закон не треба да се грижи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето гостување во вестите на телевизија Сител, рече дека од она што до него доаѓа како информација за непотребното трошење, недостатокот на пари и задолжувањето на општините од страна градоначалниците на СДСМ кои изгубија на овие локални избори, се навистина застрашувачки. Мицкоски рече дека мора темелно да се навлезе за да се излезе со подетеални информации во јавноста, но од она што засега се гледа е дека и информациите кои досега ги доставиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои победија во 22 општини во првиот круг, ситуацијата е крајно застрашувачка и општините се сериозно криминализирани.- Јас не сум ниту обвинител ниту судија, си има органи на прогон во државата, има обвинителство, судови, обвинителите нека обвинуваат по закон, судиите нека судат по закон. Она коешто можат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е да го достават тој материјал до организираниот криминал, до обвинителството, антикорупциска, тоа се институциите кои можат да поставуваат а јас ги охрабрувам да постапуваат по закон и да не бидат слуги на Заев, да не бидат слуги на СДСМ затоа што на тој начин си прават штета самите на себе а и на народот, бидејќи го демотивираат, обесхрабруваат дека може да имаме правна држава. Затоа, ако не постапат според закон, ќе бидеме таму каде што сме, а тоа е најкриминална и најкорумпирана држава. – рече Мицкоски.На прашањето дали ќе го обвинуваат за реваншизам, Мицкоски рече дека секој оној кој чесно работел, кој работел според процедурата и закон, не треба да се плаши, неговото работно место е безбедно - тој со својата плата обезбедувал егзистенција за своето семејство и своите деца. Но, секој оној кој не работел според закон треба навистина да биде загрижен, затоа што неговата основна битка на овие избори е конечно после 30 години криминализирање на општеството, да биде ослободено и дa се работи според закон, чесно и исполнително.Мицкоски рече дека всушност тоа е она што новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ го работат, чесно, одговорно и според закон.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

И по 20 дена фолк-пејачот Васил Атанасов не е погребан

Фолк-пејачот Васил Атанасов, кој почина во Германија пред 20 дена, сè уште не е погребан. Неговата сестра Лидија вели дека семејството се соочува со финансиски проблеми, а во Германија им бараат околу 5500 евра за да го погребаат. Таа е лута што не можат да го погребаат ни во Македонија, оти во погребалното претпријатие тука никој не им се јавува.„Брат ми требаше да го закопаме на 28., ама Германците немаат жал, треба прво да платиш па да ти вршат работа. Брат ми го држат во фрижидер, а нас нè изморија со проблеми. Сега ќе одам во Виена да земам пари од минусно конто и не знам како ќе соберам 5500 евра за да го погребам брат ми. Да можам на раце ќе го донесам во Македонија. А во Македонија никој не се јавува во погребално, ниту има кој да го организира погребот“, стои во објавата.

Магазин | пред 4 години

korona-test

Прв случај на коронавирус во Тонга

Пацифичкото кралство Тонга го потврди првиот случај на коронавирус од почетокот на пандемијата, објави премиерот Похива Туионето.Островот, кој се наоѓа на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори своите граници кога почна пандемијата и досега немаше ниту еден заболен од коронавирус.Но, еден патник од летот за репатријација од Крајстчерч е позитивен, рече премиерот на прес-конференција.Патникот и другите 214 други се изолирани и ставени во карантин.Во авионот патувале сезонски работници и претставници на олимпискиот тим на Тонга, кои заглавија на Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри што се одржаа во Токио во август, објавија локалните медиуми. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели по откриањето случаи на Ковид-19 на Нов Зеланд.Тонга вакцинира 48 отсто од возрасното население со првата доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани.Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаја во Крајстчерч, први случаи во градот за една година.Денеска се потврдени уште два случаја, но нема да бидат воведени ограничувања во градот бидејќи здравствените власти соопштија дека епидемијата е под конрола.Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека го истражува случајот во Тонга и додаде дека патникот имал негативен тест пред да замине од Нов Зеланд.

пред 4 години

koronavirus-ukrepi-

Oткриен нов сој на коронавирусо

Новиот сој на коронавирус А.30, откриен во Ангола и Шведска, е високоотпорен на антителата од вакцините на „Фајзер“ и „Астра зенека“, покажа ново научно истражување.Тим научници од Германија го проучувале новиот вид коронавирус А.30, кој првпат беше регистриран во Танзанија, а потоа беше идентификуван кај неколку пациенти во Ангола и Шведска во текот на пролетта оваа година. Тие ги споредија мутациите на оваа варијанта со варијантите бета и ета. Бета е избрана затоа што има највисоко ниво на отпорност на антитела, објаснуваат германските научници.Според нивната студија, видот А.30 покажал подобрена способност да навлезе во повеќето клетки домаќини, вклучувајќи ги и клетките на бубрезите, црниот дроб и на белите дробови.Оваа мутација навлегува во одредени клеточни линии со зголемена ефикасност и избегнува неутрализација со антитела од вакцините „Астра зенека“ и „Фајзер“, покажаа резултатите од студијата.А.30 исто така покажал отпор кон моноклоналниот лек „бамланивимаб“, кој се користи за лекување Ковид-19. Сепак, оваа варијанта покажа слабост за мешавината на „бамланивимаб“ и „етесевимаб“.Светската здравствена организација во моментот не му придава преголема важност на новиот вид коронавирус поради неговата ниска распространетост.

пред 4 години

alec_0

Заканувачки пораки до ќерката на Болдвин

Ајреленд Болдвин добивала заканувачки пораки на социјалните мрежи и на е-поштата откога татко ѝ Алек Болдвин беше вмешан во случајно пукање на сетот на вестернот Rust.26-годишната манекенка му се заблагодари на еден фан, кој сподели позитивна приказна за 63-годишниот актер бидејќи тоа било добредојдено олеснување за неа по преплавувањето со непријателски имејлови, текстуални пораки и повици по смртта на камерманката Халина Хачинс на снимање на филм во Ново Мексико.Ајрленд сподели „скриншот“ од коментар од фан, кој се присети на своето искуство работејќи за продуцентската компанија на детски филм со Болдвин од 2000 година, Thomas and the Magic Railroad („Томас и магичната железница“), и раскажува како единствено барање на Алек било „да има млеко и житни зрна во хотелската соба кога ќерка му доаѓа во посета“.Корисникот на „Инстаграм“ додаде: „ Секогаш ќе го паметам тоа“.Ајрланд потоа напиша: „Меѓу некои од најодвратните и заканувачки коментари, е-пошта, текстуални пораки и говорни пораки што ги добивав деновиве… овој прекрасен коментар се издвојува“.Во својата објава таа им се обрати и на сите хејтери: „Го знам татко ми, а вие не го познавате. Те сакам, тато“.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Мнозинството во Градот Скопје значи дека градот ќе оди напред, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во вестите на Сител телевизија, истакна дека мнозинството во Град Скопје значи дека ќе бидат реализирани проектите кои се планирани, а окрупнувањето на фронтот против власта ќе продолжи, а во недела граѓаните против оваа власт треба да ги казнат за нивните криминални однесувања, заканите, уцените и поткупот ќе се победат со масовна излезност.-Ние веќе имаме мнозинство во Советот на Град Скопје, шестмина градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се избрани, тука е и професорката Котлар која е во вториот круг во општина Центар, го подржуваме Стевче Јакимовски во Карпош, така што очекуваме во Скопје бројката од коалицијата за „Обнова на Македонија“ да се затвори со седум градоначалници, плус независниот кандидат Данела Арсовска, вели Мицкоски.Мицкоски истакна исто така дека се продолжува со позитивна кампања за да се рефлектираат позиции за иднината, проекти кои се планирани да се реализираат, се продолжува со обединување, како и се продолжува да се работи на окрупнуваме на фронтот против оваа власт на СДСМ и ДУИ.-Ценат дека тоа наидува на одобрување на граѓаните, а граѓаните во недела масовно ќе излезат и ќе ја дадат својата поддршка за Данела Арсовска, и ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани масовно да излезат во недела, свесен сум за сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните особено онаму каде има втор круг, многу закани, уцени, обиди за поткуп, криминал, а сето тоа се победува со мобилизација и масовна излезност, а тоа во недела ќе се случи, појасни Мицкоски.

Скопје | пред 4 години

nafta-696x465-1

Одземени лиценците на две компании за трговија со мазут и „евродизел“

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците на трговците на големо: „Пертинакс“ ДООЕЛ Скопје во делот вршење енергетска дејност трговија наголемо со мазут (М-1) и на „Гуливер инженеринг“ ДООЕЛ Скопје за вршење енергетска дејност трговија наголемо со „евродизел БС“. Лиценците се одземаат поради тоа што трговците на големо не доставија докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват, информираа од Комисијата.„Дади оил“ ДООЕЛ Јакимово, Виница, доставил документи со кои докажал дека поседува резервори за „евросупер БС-95“ по што РКЕ ја запрела постапката. Од „Башино гас“ извоз – увоз ДООЕЛ Велес приложиле документи за обезбедени резервоари за вршење енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).„Двајца трговци наголемо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства, РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење енергетска дејност за ‘евродизел БС’ на ‘Гуливер инжинеринг’ и на ‘Пертинакс’ за мазут. Овие трговци не може да тргуваат со овие поединечни деривати затоа што немаат лиценца“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.„Што се однесува за постапките за одземање лиценци, кои беа почнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ ги доби записниците од извршениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат, во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативните резерви по што се донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, „Ли – оил ДБ“ ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци, „Супертрејд“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје.

Македонија | пред 4 години

image-29-10-21-11-23

Пецаков: Нема веќе селективно решавање на предметите за легализација

Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација. Сите активности во иднина има да се спроведуваат согласно законската регулатива.Во таа насока гарантираме решавање на предметите за бесправно изградени објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година. Оние предмети кои се заглавени во фиока и имаат комплетна документација во рок од две години има да биде решен нивниот статус додека сите останати предмети до крајот на четиригодишниот мандат. Ќе ја прекинеме праксата на селективно решавање на предметите за легализација.Формирање комисија од редовите на администрацијата и нејзин фокус има да биде итно решавање на овие предмети кои цели две години на никако да стигнат на дневен ред на Советот на Општина Охрид. Ја повикувам целата администрација воопшто да не подлегнува на притисоците и лагите затоа што сум убеден дека има професионалци кои си ја сакаат својата работа и умеаат да придонесат во развојот на градот, а со тоагарантирам дека ќе биде вреднуван трудот на сите оние кои посветено работат. На Охрид му треба ефикасна Локална Самоуправа за нови проекти и нова светла иднина.Заокружи 7 за Проекти, Промени, Победи! 7 за ефикасна Локална Самоуправа! 7 за Градоначалник од народот и за народот“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

banki-2

Јавниот долг заклучно со третиот квартал падна под 60 проценти од БДП

Јавниот долг заклучно со третиот квартал падна под 60 проценти од БДП, определено со мастришкиот критериум на Европската Унија, позиционирајќи се на ниво од 59,3 отсто од БДП. Ова ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии и во време на пандемија, информираа од Министерството за финансии.Јавниот долг забележа намалување од 3,8 процентни поени во однос на вториот квартал од 2021 година, односно од 63,1 отсто колку што изнесува заклучно со вториот квартал.Согласно денеска објавените податоци на Министерството за финансии, јавниот долг изнесува 6,950.7 милиони евра, додека на 30.06.2021 изнесувал 7,386.8 милиони евра.Намалувањето на долгот се должи пред се на исплатата на Еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од 500 милиони евра. Значајно е дека и покрај рецесијата, Владата успешно настапи на глобалните пазари на капитал и средствата за оваа Еврообврзница беа обезбедени со издавање нова Еврообврзница во март 2021 година со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто.Министерството за финансии цврсто стои на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање на ниво до 60 проценти од БДП што е во рамки на Мастришкиот критериум.На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7%, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7%.Тоа ќе се реализира преку Планот за фискална одржливост со кој се обезбедува постепено стеснување на вкупниот буџетски дефицит од 4,9 % во 2021 година на 2,2 % во 2026 година, а преку подобрување на наплатата на буџетските приходи, намалување и реструктуирање на буџетските расходи и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. Сето ова е насочено кон забрзан економски раст, кој пак согласно донесениот План за забрзан економски раст во наредните пет години треба да придонесе за двојно зголемување на стапката на БДП во однос на просекот во изминатите 10 години и од 2,5 % просечно годишно да имаме стапки на раст на БДП над 5 проценти до 2026 година, како и инвестиции кои се проценуваат на 12 милијарди евра. Важно е дека од предвидените 4 милијарди се инвестиции од јавниот сектор, а тие ќе генерираат дополнителни 8 милијарди евра приватен капитал. Концептот е така воспоставен што не генерира дополнително задолжување и даночни оптеретувања на граѓаните.Кризата предизвикана од Ковид 19 и справување со последиците наметна потреба од обезбедување дополнителни средства за мерки во здравствениот сектор и поддршка на економијата и граѓаните, што влијаеше на зголемување на долгот во скоро сите земји, вклучително и во нашата. Но исправните политики и навремените мерки кои изнесуваат над 1 милијарда евра, покажаа дека земјата се справува со кризата, а притоа обезбедува и фискална консолидација. Јавниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 60,2 проценти, во првиот квартал 2021 изнесува 61,2 отсто, во вториот квартал 63,1 проценти и сега на крајот на третиот квартал се спушти на 59,3 отсто.Податоците за нивото на јавниот долг Министерството за финансии транспарентно ги објавува на својата веб страна на квартално ниво. Воедно во рамки на фискалниот бројач Министерството за финансии објавува месечни податоци за висината на државниот долг.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Од август до октомври од коронавирус починале 282 вакцинирани лица

Во период од 6 до 28 октомври на територијата на државата 45.621 граѓанин биле позитивни на Ковид-19, од нив, како што соопшти Министерството за здравство, 27 % биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица.Според последниот извештај од здравствените власти, голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од коронавирус.Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.„Според статистиката за изминативе два месеца, 33.246 граѓани, односно 73 % од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 75 %, а само 25 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.8 до 28.10.2021 на територијата на државата починале 1.592 пациенти од Ковид-19, 1.310 од починатите, односно 82 %, не биле вакцинирани, а само 18 %, односно O, известуваат од Министерството.Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста од вакцинација, секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Сарс-Ков2, велат од таму.

Македонија | пред 4 години

korona-sertifikat-patuvanja

Сертификатите за вакцинација не се повлечени од употреба и се уште се валидни

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден граѓаните што имаат генерирано ЕУ-сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб-порталот да генерираат нов.Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни податоци. Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на системот, на 28.10.2021 трети страни успеале да генерираат четири лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека тие примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните ЕУ-сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“, информираат од Министерството за здравство.Тимовите на Министерството за здравство, додаваат од таму, се во постојана комуникација со тимовите за сајбер-безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската комисија. Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување зголемена заштита, ЕУ-сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен ЕУ-сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk.Министерството за здравство потенцира дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ-сертификатот, кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

Македонија | пред 4 години

gtc

Ќе се постават фотоволтаици на покривот на ГТЦ

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар.Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.„Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување покрив на деловен објект“, велат од ЕСМ.Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, особено на сончевата енергија.

Скопје | пред 4 години

IZBORI-GLASANJE2

Ги пречкртал и искинал гласачките ливчиња, па заработи кривична

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ј.(45) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“. На 17.10.2021 на гласачко место број 1443 во Прилеп, пријавениот јавно ги пречкртал и искинал гласачките ливчиња кои му биле дадени за гласање, по што ги ставил во гласачка кутија.

Македонија | пред 4 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична за 77-годишен кичевец поради коментар на Фејсбук

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Н.(77) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 31.08.2021 од својот Фејсбук профил на електронски медиум објавил коментар со кој во јавност промовирал и поттикнал омраза.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Вработен како обезбедување во основно училиште физички нападнал двајца скопјани

На 28.10.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје, З.И.(51) и Ѓ.С.(40), двајцата од Скопје, ангажирани од приватна фирма која работи на опремување на простории во основно училиште „Крсте Мисирков“ во населба Ченто, пријавиле дека биле физички нападнати од А.Ф., вработен како обезбедување во училиштето, кој потоа го оштетил и нивното службено возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

235381562_845076196184590_1622472952402001944_n

Нападна вработен на патарина во Петровец

На 28.10.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје, З.Р.(46) од Скопје пријавил дека околу 05.50 часот, додека извршувал работни задачи во објект на наплатна станица „Петровец“, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Ф.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Жена физички нападната во Ѓорче

На 28.10.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Т.М.(44) од Скопје пријавила дека околу 09.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија била физички нападната од А.Т.(43) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Полицаец нападнат со остар предмет

На 28.10.2021 околу 22.30 часот на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Кавадарци, Д.Б.(23) од Кавадарци физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што со остар предмет повредил еден од нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

potkup

Го поткупиле со 1000 денари за да гласа на изборите

На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија. Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања