Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Untitled-.3

34,22 отсто од гласачите излегле на гласање до 15 часот, најмногу во Вевчани најмалку во Сарај

До 15 часот одѕивот на изборите е 34,22 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски извести дека и попладнево продолжува трендот на поголема одѕив во споредба со првиот круг. Одѕивот во првиот круг при пресекот во 15 часот бил 31,47 отсто.До 15 часот најголем е одѕивот во Вевчани 66,54 отсто, а најмал повторно во Сарај, каде на гласање излегле 16,38 отсто од запишаните гласачи.„Немаме пријави за неправилности на ниту едно избирачко место и засега гласањето тече мирно. Се надевам дека така ќе продолжи и ги повикувам сите граѓани и кои досега не го направиле тоа да излезат и да го остварат своето гласачко право“, рече претседателот Даштевски.Во Државната изборна комисија пристигнале 311 приговори од кои 268 се прифатени, 25 се одбиени, а 18 од гласачите било утврдено дека ги има во Избирачкиот список.Гласањето во цела држава се гласа со користење на уредите за биометриска идентификација, без проблеми.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

12 починаа, 349 нови со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1.Регистрирани сe 208 оздравени пациент од: Скопје – 90, Охрид – 37, Куманово – 17, Штип – 13, Велес – 10, Битола – 9, Кавадарци – 7, Крива Паланка – 5, Неготино – 4, Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Кичево – по 2.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 2.754 тестови преку: ИЈЗ-186, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-35,ЦЈЗ Тетово–45, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-134, Биотек-116, Систина-32, лабораторија Лаор-161, Синлаб-8, Ремедика-19, Плодност–54, Генеа-2, Никоб лаб-203, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-17, Ројал Медика –26, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 88659, Активни 3413Куманово 12283, Активни 427Тетово 11025, Активни 153Прилеп 9496, Активни 297Гостивар 8005, Активни 27Битола 7460, Активни 252Велес 6823, Активни 348Кавадарци 6316, Активни 254Охрид 6176, Активни 187Штип 6183, Активни 223Струмица 5912, Активни 121Кичево 4104, Активни 73Струга 3843, Активни 43Кочани 3586, Активни 192Гевгелија 2564, Активни 91Неготино 2395, Активни 52Свети Николе 2022, Активни 88Крива Паланка 1650, Активни 143Радовиш 1601, Активни 49Ресен 1595, Активни 51Дебар 1453, Активни 3Берово 1256, Активни 39Делчево 1169, Активни 46Виница 1092, Активни 38Пробиштип 1026, Активни 69Валандово 858, Активни 27Кратово 650, Активни 33Богданци 586, Активни 24Крушево 549, Активни 14Демир Хисар 494, Активни 43Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 361, Активни 45Пехчево 323, Активни 5Дојран 150, Активни 7

пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint010101

24,87 отсто е излезноста до 13 часот, поголема од првиот круг

До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 269.684 гласачи, односно одѕивот е 24,87 отсто. Излезноста е поголема од минатиот прв круг, во ова време. Во Вевчани, Ранковце, Деми Капија има најголема излезност. Од скопските општини, Карпош има најголема излезност. Доста мала излезност има во Сарај со 9,84 отсто излезност, па Теарце со 15,85 и Шуто Оризари со 15,8 отсто излезност.„Имаме многу мирен избирачки ден. Прилично солидна, добра излезност. Немаме пријавено дека има редици. Јас и лично гласав сега. Минатиот пат чекав 1 час, а сега ни пет минути“, рече ДаштевскиСите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Ужасна сообраќајка близу Куманово

Вчера во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа“, атар на с.Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од с.Никуштак.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с.Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с.Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од с.Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Кочанчанец нудел пари за глас за кандидат за градоначалник

Вчера во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.Во врска со пријавата, во 17.50 часот во Полициската станица бил извршен службен разговор со М.М..Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Македонија | пред 4 години

ohrid-turisticka-1

Искршен штаб на ден пред избори

Штаб на политичка партија бил оштетен во с.Лескоец, охридско соопшти полицијата.Вчера во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека бил оштетен штаб на политичка партија ул.„Илија Смически“ во с.Лескоец, охридско.Полициски службеници извршиле увид на местото и се преземаат мерки расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Поднесена кривична за спречување на избори и гласање во Кочани, за случајот во Ѓорче нема информации

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со Штабот во рамките на оперативна акција Избори 2021 година се следат сите настани поврзани со неправилности за локалните избори.Основното јавно обвинителство Кочани синоќа прими кривична пријава против две лица за кривично дело – Спречување на избори и гласање од член 158 став 1 и кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 1 од Кривичниот законик. Јавен обвинител веднаш издаде наредба до МВР-ОВР Кочани за да се извршат проверки по наводите во пријавата.До Комисијата, преку електронската адреса во текот на вчерашниот ден пристигна една пријава од невладина организација, која се однесува на притисоци и закани упатени кон набљудувачи на изборите искажани преку коментари на социјална мрежа. Комисијата ги проверува наводите.Во претходните денови, Комисијата постапуваше по сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведување на локалните избори. Дадени се задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности преку воспоставените дежурства на јавни обвинители во основните јавни обвинителства продолжува да го следи спроведувањето на локалните избори.​

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprint

МВР за изборниот процес

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„ По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме два настани во Кичево и еден во Тетово.Полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.К.(64) од Кичево затоа што во 07.45 часот го искинал гласачкото ливче откако гласал на избирачко место бр.0745 во Кичево. По насоки на Јавен обвинител на Б.К. ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување на изборен материјал“. Во 08.25 часот во Полициската станица Кичево, од избирачкиот одбор во с.Премка било пријавено дека на избирачко место бр.0796 во с.Премка, А.У. од село Премка го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.15 часот во СВР Тетово, заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“ во Тетово пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако и било кажано дека тоа е противзаконски започнала агресивно да се однесува кон неа. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Ангеловски.Регистрирани се и пријави за агитација во Кочани и Кратово, но за сега овие пријави не се докажани.„Апелирам до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-fingerprinti3112

ВО ЖИВО: Следете излезност по градови и општини

Проверете сами каква е излезноста низ градовите и општините.

Македонија | пред 4 години

dastevski-9182

Апаратите се отпечаток прават проблеми и во вториот круг

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски кажа дека има прекини во десетина избирачки места, поради проблем со апаратите за идентификација со отпечаток од прст. Тој кажа дека причините се банални, а тоа е проблемот со мемориската картица на уредите. Таму каде имало прекини, додека да стигнат картиците, се гласало на класичен начин.„Имаме прифатени 109 приговори, 65 се одбиени. До 24 часот ние одлучуваме, а потоа ги одлучуваат општинските изборни комисии. Имаме уште 84 кои се испратени таму. 72 се прифатени, 8 одбиени. Прекини повеќе од 1 час имало на три места во Скопје и три места во Сарај, едно место во Карпош, едно во Чешиново-Облешево, едно во Зелениково каде е повеќе од еден час. Причините за подолгите прекини и неизвесност дали ќе продолжи гласањето, се немање на мемориска картичка, односно немање сигнал во апаратите за фингерпринт. Тие проблеми се во главно во Скопје. Банални се причините“, рече Даштевски.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Излезноста до 11 часот е зголемена споредено со првиот круг

До 11 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 160.035 гласачи, односно одѕивот е 14.11 отсто. Највисок одѕив има во Ранковце, Вевчани.. Најмала излезност има во Сарај со пет осто и Боговиње. Во првиот изборен круг, излезноста до 11 часот беше 10,22%, односно тогаш излегоа 135.906 гласачи да го остварат своето право.Излезноста до 9 часот според Државната изборна комисија беше 5,25 отсто, односно на гласање излегле 63.006 гласачи.Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

2146

Два изборни инциденти: Се кинат и фотографираат гласачки ливчиња

Два инциденти се регистрирани од полицијата, по отворањето на гласачките места. И двата се во Кичево. Како што информира МВР, првата нерегуларност е фотографирање на гласачко ливче, а вториот е уништување на гласачки материјал.Според првичните информации, гласач го искинал гласачкото ливче бидејќи како што кажал, заокружил погрешен број.За двата настани се постапува и се преземаат мерки.

Македонија | пред 4 години

Untitled-.3

Скоро дупло поголем одѕив до 09 часот од првиот круг на изборите

Излезноста до 9 часот според Државната изборна комисија е 5,25 отсто, односно на гласање излегле 63.006 гласачи. Во првиот круг на изборите, излезноста беше 3,30 отсто од запишаните избирачи. Ова значи дека скоро е дупло повеќе избирачи изглегле сега да го остварат своето право на глас.„Излезноста е 5,25 односно гласале 56.700 гласачи. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и низ државата. Сите се решени. Гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од саат време, ќе биде продолжено за толку-колку што било прекинато“, рече Александар Даштески, претседател на Државната изборна комисија.Во Ранковце, Пехчево, Лозово, Зелениково има најголема излезност.Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

Македонија | пред 4 години

IMG_6962.00_00_22_17.Still003

(ВИДЕО) Ужас на Козјак, местото претворено во депонија со отпад насекаде

Купишта отпад расфрлани насекаде. Ваква е сликата од Козјак денеска. Екологистите фрапирани од еколошката катастрофа која се случува на ова излетничко место. Контејнерите за отпад, исто така се полни. Некои коментираат дека вака е постојано во викенд, особено во недела.

Скопје | пред 4 години

izbori-makedonija-Copy

По изборниот ден, 44 општини ќе добијат градоначалници

Гласањето за вториот круг од локалните избори започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Во вториот круг се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2.481 избирачко место.Во првиот круг беа избрани 32 градоначалници, како и членовите во општинските совети.Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.Денеска нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани, бидејќи за нив не е потребен цензус.Во 19 часот треба да следи затворање на гласачките места.Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Изборниот материјал до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.Гласањето започна вчера кога се изјаснуваа болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Првпат на локалните избори се применуваат терминали за биометриска идентификација на гласачите, а се применуваат и општите мерки за заштита од Ковид-19.

Македонија | пред 4 години

soobrakaj-1-1

Пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Поради изведување на градежни работи на експресниот пат од Градско до Дреново, поточно кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 ќе се одвива со девијации, односно пренасочување.Пренасочувањето на сообраќајот е предвидено да трае во наредните 4 (четири) дена, почнувајќи од 29.10.2021 година, соопшти АМСМ.Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

w_57237192

Вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи го следат вториот изборен круг

Вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи се акредитирани за следење на вториот круг од Локалните избори 2021.Овој број е поголем за 347 споредено со првиот круг кога беа акредитирани 1251.Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација „АКСИОС 2017“ и од Здружението „ЦИВИЛ“, а останатите се од „Центар за слобода Скопје“, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак-Сонце“, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението „Млади европски федералисти – ЏЕФ“.Од странските набљудувачи најбројни се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на БиХ.Акредитирани се и 10 странски новинари.

Македонија | пред 4 години

collagea1ijnmikamsda

Гласаа ли Мијалков, Камчев, Јанева, Јанкулоска

Денеска, за вториот круг на локалните избори, се гласа во сите затвори низ земјава. Излезноста е голема, односно затворениците и притворениците го користат своето право да учествуваат во изборот на идните градоначалници.Како што неофицијално дознавa „Фокус“ на гласање излегле и „вип” станарите на затворите, односно поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, екс специјалната обвинителка Катица Јанева, како и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.Право на глас имаат вкупно 1.409 затвореници и притвореници, кои гласаат во 14 Казнено – поправни установи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-30-at-16.01.05

(ВИДЕО) Фатен поткуп во Геге: Две лица приведени, едното и на претходни избори агитирало за ист кандидат

Поткуп на гласачи е регистриран во населбата Даме Груев, односно Општина Ѓорче Петров. Повеќе лица од Ромска припадност, биле затекнати во двор, каде бил поставен и печатач преку кој се правеле копии од лични карти. Агитирањата почнале од утрово, а според наши информации, приведени се две лица. Сумите кои се давале за глас се движеле од 200 денари па до 1000 денари.Според жители на маалото, лицето кое било ангажирано за да дава пари во замена за глас и на претходни избори агитирало за ист кандидат. Снимка од случајот објави и „А1он“. На неа се слуша и како присутни се бунтуваат зошто им се даваат малку пари. Всушност, станува збор за сиромашно маало, на влезот од населбата Даме Груев.На местото и натаму се присутни полициски службеници. Дел од нив се во цивилна облека и со цивилни автомобили. Блокирана е улицата до куќата, а забележително е и дека има гужва. 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-30-at-16.10.55

Детали за поткупот во Геге од МВР

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.

Скопје | пред 4 години

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Обвинителството најавува приоритетно постапување ако има изборни нерегуларности

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање.Ја известуваме јавноста дека и во текот на изборниот ден, во вториот круг од локалните избори, на 31 октомври 2021 година, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување.Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потсетува дека во функција е отворената електронска адреса izbori@jorm.mk, каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

Трагедија: Почина млада девојка од Велешко последица на корона

23-годишна девојка почина ноќеска од последиците на ковид-19 во болницата во Велес. Таа е велешкото село Иванковци, во модуларната болница била донесена на 23 октомври, а на 28 октомври е регистрирано дека е позитивна на коронавирусот.„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“, соопшти Велешката болница за СДК.мк.

пред 4 години

guguceska-1

Објавено како тече гласањето ден пред изборите: 5.588 гласаат дома, 376 во карантин, 1.409 во затвор

376 лица кои се во карантин ќе гласаат во вториот круг на локалните избори, соопшти Државната изборна комисија. 1598 набљудувачи од кои 368 странски ќе го набљудуваат процесот на гласање во текот на утрешниот ден.„Право на глас на локалните избори се 1.353.990 гласачи. Своето право на глас ден пред изборите можат да го остварат 7.645 гласачи. На местата во 14 казнено-поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1.409 гласачи“, кажа ДИК.До сега, гласањето во застворите тече без проблеми. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 5.588 граѓани кои се пријавиле.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Дрога, сообраќајки, лица со тешки повреди, мигранти - полицијата постапувала во десетина случаи

На 29.10.2021 во 19,00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 30.10.2021 во 00,40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 30.10.2021 во 00,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Неготино затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 28.10.2021 во 22,35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил со патничко моторно возило „киа пиканто“ со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 29.10.2021 во 09,25 часот било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек од ул.„Т.Паунов“ и ул.„Македонска“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ј.М.(53) од Кочани и мопед „хонда“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Кочани.На 29.10.2021 во 19,30 часот било пријавено дека на ул.„6“ во с.Стајковци–скопско, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.И.(47) од с.Батинци удрило во велосипед управуван од Д.К.(71) од с.Стајковци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.На 29.10.2021 во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.На 29.10.2021 во 14,00 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.К.(30) од Скопје пријавил дека на ул.“Ферид Мурати“ бил каснат од куче скитник.На 29.10.2021 во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

Ковид удира по младите: 16-годишна пациентка во тешка состојба се лекува на Инфективна

На Клиниката има хоспитализирано 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, изјави директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител.Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ.Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања