Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

soncevo-vreme-vremenska-ohrid-lugje-turisti

Нема отстапки, од утре по нови протоколи: Нови рестрикции само за невакцинираните

Од утре, 16 август на сила стапуваат новите рестриктивни мерки според кои во угостителските објекти и на настани ќе може да влезат вакцинираните граѓани, а според дополнувањето и оние кои прележале Ковид -19 во изминатите 45 дена.Тоа значи дека се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза. Ќе има редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители. Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид–19.Како што објави вчера МЗ, во претходното деноноќие од направени 9.270 тесторања, регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19, од компликации од вирусот починале десет пациенти, а 104 оздравеле.Со оглед на наглиот раст на бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 во следните недели, според министерот за здравство Венко Филипче, ситуацијата може да биде критична, но здравствениот систем е подготвен за новиот бран.Според официјалните податоци, од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, односно само десет проценти од вакцинираните се позитивни.

Македонија | пред 4 години

krusevo-4

Само три градови ширум Македонија се без заразени од корона

Само Кратово, Крушево и Богданци немаат случај на заразен со коронавирус според последната статистика. Зад нив се Демир Хисар и Дојран и Македонска Каменица со по еден заразен.Во моментот најмногу заразени има во Скопје, Тетово и Гостивар, каде се регистрирани две третини од активните случаи низ целата држава. Главниот град има 1.677 активни случаи, Тетово – 1079 и Гостивар – 688. Вкупно 5.043 лица се водат за активно заразени.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542.Досега се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.

Македонија | пред 4 години

filipce

Ексклозија од заразени се случи додека Филипче одмараше на плажи во Грција, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека министерот за здравство Венко Филипче со недели одмараше на плажите во Грција, во Македонија се случува експолозија на четвртиот бран од Ковид пандемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Наведуваат дека само за 24 часа во земјата има нови 792 нови потврдени случаи и 10 починати, а тоа се должи на целосното олабавување на мерките и немањето контрола на граничните премини.„Најнеспособниот министер за здравство Филипче пред само неколку недели, пред да замине на одмор, спектакуларно најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата. Кажа и замина на одмор. Целосно ги олабави мерките, без никакви контроли на граничните премини, Македонија за 10 дена повторно стана жариште од корона пандемијата. На врвот сме на сите листи по процент од заразени и починати. Целосно дезорентиран, од грчките плажи донесе нови фашистички мерки кои не кореспондираат со моменталната ситуација. Овие нови мерки ги делат граѓаните и немаат никаква логика. Но на Филипче не му е гајле за здравјето и животот на граѓаните, па за тоа побрза како потписник до Собранието да го поднесе законот за марихуана со европско знаменце. Ете толку од грижата на Филипче. Најбитно му беше да му се покори на криминалецот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата обвинува дека премиерот Заев и министерот Филипче ја водат државата кон сигурна пропаст.

Македонија | пред 4 години

20141002-kade-se-troshat-parite-od-studentite-smesteni-vo-studentskiot-dom-goce-delchev-1-1

Објавени се резултатите за сместување во студентски домови

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување Oбјавени се резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година, a можат да се погледнат на следниот линк.Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31 август.При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително да се водат согласно насоките наведени во Протоколот за постапување при сместување на ученици во Јавните ученички домови во Република Северна Македонија во учебната 2021/2022 година.Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).Согласно конкурсот кој беше објавен за оваа намена, право на сместување во ученички дом имаат учениците кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.Оваа година учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација, или со достава на потребната конкурсна документација директно во ученичкиот дом

Македонија | пред 4 години

GP-Tabanovce

Долги колони на „Табановце“

Повеќе од еден час се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.На останатите гранични премини, како што информираат, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 4 години

nasilstvo-vrz-deca

Малолетници добиле закани во скопска Гази Баба

Возрасен скопјанец им се заканувал на малолетници. Од полицијата известија:На 13.08.2021 во 13.30 часот во Полициска станица Гази Баба И.З.(45) од Скопје пријавил дека на 12.08.2021 околу 20.00 часот на игралиште во населба Ченто, на неговиот малолетен син, кој бил заедно со други малолетници, им биле упатувани закани од двајца малолетници, од кои едниот имал остар предмет со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Тешко повреден млад битолчанец, излетал од патот додека возел од Охрид кон Ресен

Возило излетало од патот, а е управувано од млад битолчанец. Од полицијата соопштија:На 13.08.2021 во 15.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на охридското село Опеница, патничко возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(28) од Битола, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Битола, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Увид извршија полициски екипи.

Македонија | пред 4 години

Policija-i-inspekcija

Иако има и по 136 заразени, во Тетово мерки не се почитуваат, а се седи и во ресторани на затворено

Тетово има нови 136 заразени лица во последните 24 часа. Но, тоа не е пречка за да не се почитуваат протоколите за заштита од коронавирус. Вчера полицијата поднесе и кривична пријава, бидејќи затекнала како 50 лица седеле во затворен дел од угостителски објект.СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и М.А.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти.

Македонија | пред 4 години

policija-grcka-ambasada

Полицијата откри: Малолетник со марихуана во Охрид, продавачи на дрога во Тетово и Гостивар

На 13.08.2021 во СВР Охрид е приведен 16-годишник од Неготино, кај кого при контрола во близина на плажа во Охрид била пронајдена марихуана. Со него, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, извршен е разговор по што ќе следи соодветен поднесок.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Б.(57) и Б.И.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.08.2021 на паркинг простор на автопатот с.Желино-Тетово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин.ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори “ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.08.2021 на магистралниот пат Гостивар-Маврово, полициски службеници извршиле преглед во такси возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Притоа, при обид да побегне, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. Од судија на претходна постапка на пријавениот му била одредена мерка притвор.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-2

Нови 792 заболени од корона, починаа 10 лица од кои најмладиот има 33 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар – по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево – по 5, Кавадарци и Виница – по 4, Свети Николе и Берово – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од: Скопје – 31, Тетово - 26, Гостивар – 16, Куманово - 8, Кичево, Струмица и Берово – по 3, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево – по 2, Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод – по 1.Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Гостивар (44г,65г,69 и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.Направени се 9.270 тестови преку: ИЈЗ-198, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–89, ЦЈЗ Куманово–99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 2, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–103, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-581, Биотек-578, Систина-163, лабораторија Лаор-1.304, Синлаб-56, Ремедика-24, Плодност–76, Генеа - 18, Никоб лаб-1.497, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-105, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.888.Досега во земјата се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 161.359 бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи изнесува 5.043.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 70559, Активни 1677Куманово 9249, Активни 313Прилеп 8375, Активни 41Тетово 8487, Активни 1079Битола 6436, Активни 110Велес 5521, Активни 42Гостивар 5915, Активни 668Кавадарци 5206, Активни 46Охрид 5139, Активни 118Штип 5004, Активни 36Струмица 4331, Активни 193Струга 3095, Активни 112Кочани 2838, Активни 38Кичево 2882, Активни 266Гевгелија 2200, Активни 3Неготино 2186, Активни 2Свети Николе 1539, Активни 11Ресен 1264, Активни 30Крива Паланка 1232, Активни 5Радовиш 1194, Активни 29Берово 1063, Активни 25Делчево 985, Активни 11Дебар 1066, Активни 112Виница 906, Активни 19Пробиштип 791, Активни 2Валандово 688, Активни 18Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 401, Активни 1Демир Капија, Активни 399 3Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 382, Активни 22Пехчево 282, Активни 9Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 133, Активни 1

Македонија | пред 4 години

2919B41A-C9DA-48A4-9F9D-B19ADFEF977F

Експретседавачката на Советот во Центар од СДСМ без партијта ќе се трка на изборите

Јана Белчева, која до лани беше претседавач на општинскиот Совет, од понеделник ќе собира потписи за независна советничка листа „Шанса за Центар“Јана Белчева Андреевска, која околу 2, 5 години претседаваше со Советот на Центар, пред да си даде оставка, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.Белчева, како потенцијална носителка на листа на „Шанса за Центар“, заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, како потенцијални кандидати за советници, утре ќе ја претстават граѓанската иницијатива, за која велат дека произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.

Скопје | пред 4 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

И Теута Арифи заразена од корона

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека примил две дози вакцина, втората пред повеќе од еден месец.„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна сум на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, напиша Афири на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-14-at-13.50.32

Уапсени лихвари кои запалиле возило на должник од кого барале енормно високи камати

На 13.08.2021 од Одделот за криминалистичка полиција - Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции и со СВР Велес, лишени се од слобода П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино.По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист. За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината.Против нив СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.

Македонија | пред 4 години

20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Мал е бројот на заразени помеѓу вакцинираните граѓани

Бројот на новодијагностицирани случаи во последните денови во државата нагло расте. Според динамиката со којашто бројот се зголемува пред нас се неколку денови или недели во коишто ситуацијата може да биде навистина критична, изјави денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче за време на посетата на Болницата во Охрид. Според анализата, зголемен е бројот на новодијагностицирани пациенти и пациенти за хоспитализација особено во градовите кадешто е најмал опфатот на вакцинирани граѓани, односно во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово кадешто околу 20-23% е опфатот на вакцинирани граѓани. За разлика од Охрид, кадешто има скоро 50% опфат со вакцинација, во моментов има помалку од 10 пациенти коишто се хоспитализирани. Според директорите на Клиниките во градовите кадешто е голем опфатот на вакцинирани граѓани, констатациите се дека е мал бројот на пациенти коишто се јавуваат на преглед и коишто имаат индикација за тестирање.Од вкупно 3497 пациенти коишто се дијагностицирани изминатите 7 дена, 3047 се невакцинирани, што значи само 10% се вакцинирани и се позитивни и тие коишто се во болница и на лекување имаат прилично стабилна состојба. Она што охрабрува е дека вкупниот број на вакцинирани во нашата држава, околу 400.000 ревакцинирани од околу 500.000 со прва доза, само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека само вакцинираните граѓани и таа популација е прилично сигурна и обезбедена. Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, тие граѓани немаат никакви компликации, дека е ефикасна очигледно, еве сега доказ дека е ефективна. Во однос на вакцинацијата таа и натаму добро се одвива во сите градови, верувам дека опфатот и понатаму ќе расте, одличен е одзивот за најавата на новите мерки коишто почнуваат од 16 август, околу 8000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина, јас верувам дека ако продолжиме со таа динамика за прилично некое кратко разумно време значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација. - кажа министерот Филипче.Инфективната клиника е пополнета со пациенти којашто пред извесен период го подготви вториот спрат за прием на пациенти од критичните градови. Во КИБФС се третираат и пациенти дијагностицирани во градот Скопје. Инфективните одделенија се исполнуваат, се активираат останатите ковид центри, а системот, лекарите во тимовите за ротација, се спремни да го дочекаат притисокот и од овој бран.

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

Продолжува праксата наместо во изолација, тие да заминуваат во странство: Осум кривични за тетовци

Наместо во изолација тетовци заминале во странство.-СВР Тетово ќе поднесе кривични пријави против М.Ш., В.Е., Н.Е., Л.В., Ј.З., К.М. и Н.А сите од с.Челопек, и А.А. од с.Гургурница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена проверка од полициски службеници од СВР Тетово на 13.08.2021, пријавените не биле пронајдени на наведените адреси, односно заминале во странство и покрај тоа што од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат им било издадено решение за изолација во домашни услови, инфрмираат о дполиција.

Македонија | пред 4 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево

Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Станува збор за 28 годишна медицинска сестра од општата болница во Кичево која поради компликации од коронавирусот во текот на вчерашниот ден ја загубила битката, пишува Плусинфо.мкДиректорот на општата болницата во Кичево, д-р Станко Трпески за Плусинфо ја потврди информацијата и ни ја објасни ситуацијата околу починатата 28 годишна медицинска сестра, која не била вакцинирана, поради тоа што други здравствени причини.– Во текот на минатата недела нашата колешка беше примена во болницата во инфективното одделение кај нас при што и беше укажана соодветна грижа. Таа се лекуваше во болнички услови од четвртокот до неделата, но поради влошената здравствена состојба беше транспортирана на Инфективната клиника во Скопје – ни изјави директорот на кичевската болница.

Македонија | пред 4 години

parking

Наместо во затвор си седел во кафеана сред Скопје

Синоќа околу 01.15 часот по полноќ пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, лишен од слобода бил 22-годишен скопјанец со иницијали С.С., по издадена централна потерница и судска наредба заради издржување казна затвор во траење од две години.Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведен во затвор за издржување на казната.

Скопје | пред 4 години

filipce-4

И прележаните од корона ќе можат да одат во угостителски објекти, но само првиот месец

Засега нема да има рестрикции за влез и излез од Македонија, но министерот за здравство Венко Филипче кажа дека дополнително ќе се разгледува и тоа прашање. Тој соопшти и новина, а тоа е дека и прележаните, во првите 45 дена откако ќе бидат излечени, ќе може да одат во угостителски објекти без сертификат за вакцина.„Освен бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Се зголеми интересот по најавата за новите мерки. Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Одличен е одзивот по најавата за новите мерки. Околу 8.000 граѓани се вакцинираат со прва доза. Популацијата која е вакцинирана е многу мал дел, што значи тоа се безбедни граѓани“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

pozar-55

Осум лица уапсени, а две се од Албанија поради потпалување на пожар

Дебарската полиција поднела пријава во врска со пожар кој на 8 август настанал во дебарското село Бомово.Пријавата е поднесена против 60-годишник од Дебар со иницијали Б.М. кој се товари за кривично дело предизвикување шумски пожар.Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во дебарското село Горно Мелничани од страна на полицијата биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Албанија) и во консултација со јавен обвинител тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од селото Броштица.По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

Zivko_Cingo_08142021001

“Вечер на Живко Чинго“ се одржа во Охрид

Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација “Вечер на Живко Чинго“, посветена на големиот писател. Манифестацијата беше одбележа со доделување на наградата за најдобар расказ на авторката Јована Матевска Атанасова за расказот “Пура во Осака“ и промоција на антологиската “Книга за Чинго“ подготвена од проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски.Од името на Општина Охрид пред присутните се обрати, претседателката на советот на општината, Живка Ангелоска.– Почитувано семејство на Живко Чинго, почитувани дами и господа, драги пријатели,Волшебната Пасквелија и оваа година не собра на едно место, за да искажеме должна почит, на магот на пишаниот збор, најголемиот македонски раскажувач, еден од најголемите синови на Велгошти и Македонија, вечниот Живко Чинго. Чествувањето на великанот преку манифестацијата “Вечер на Живко Чинго“, ја покажува нашата сегашна определба, а воедно е и аманет за идните генерации, делото на големиот книжевник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со вечерашново чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Живко Чинго е во самиот врв на таа листа на достоенственици. Веќе неколку децении, Конкурсот за најдобар расказ, што го распишува Општина Охрид, е во врвот на македонските книжевни манифестации. Секоја година расте конкуренцијата и во бројот на пристигнати раскази и во литературниот израз, што покажува дека ликот и делото на Живко Чинго се слави на најсоодветен начин. Неговото творештво е во врвот на македонската литература, а преку преводите е значаен дел од светското книжевно наследство. Почитувани присутни. И вечерва како и секоја година, кон сите, а посебно кон идните генерации, замолница и аманет: Читајте го и славете го творештвото на магичниот раскажувач, нашиот вечен Живко Чинго – истакна во своето обраќање Ангелоска.Лауреатот за најдобар расказ Јована Матевска Атанасова, која втора година по ред ја добива престижната награда, истакна дека за неа ова е огромна чест и врв на досегашната нејзина писателска кариера.За првото издание на “Книга за Чинго“, зборуваше проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Димитар Пандев. Во неа се поместени бројни прилози на домашни и странски писатели и литературни критичари, кои фрлаат нова светлина врз великанот Живко Чинго. Вечерта беше збогатена со извонредниот музички перфоманс на младите академски музичари Даниела Петкоска и Милош Дрпа.

Охрид | пред 4 години

236614972_1833678590135817_94677996816549323_n

„Ве пратам што правите и не ми се верува“, доктор запрепастен од забавите низ цела Македонија во време на енормна заразеност

Фестивали, журки по плажи, но и во клубови. Сето ова се одржува изминативе три дена, непосредно пред на сила да стапат новите мерки. Низ повеќе градови во Македонија доаѓаат балкански ѕвезди, а неретко не се почитуваат ковид протоколите, па заразата лесно може да биде пренесена. Забавите се случуваат кога има над 600 заразени од коронавирусот, секојдневно. Бројките и натаму растат. Токму поради ова, реагира и докторот Ненад Лазаров, кој е матичен во Скопје.„Сите што лудувате викендов по кафани,концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со темперљтури,главобочки и т.н. После вие паничете,ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува“, напиша тој.

Коментари | пред 4 години

h_54816678

Шварценегер не бира зборови кога го искажува својот став за лицата кои одбиваат вакцина против ковид

Арнолд Шварценегер не бира зборови кога го искажува својот став за Американците кои одбиваат вакцина против Ковид-19.Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија (74) упати жестока порака до оние кои не сакаат да се вакцинираат или да носат маски.Во текот на интервју за Си-ен-ен во средата, тој ги повика луѓето да се вакцинираат и да помогнат да се запре ширењето на вирусот.„Луѓето треба да знаат дека тука има вирус. Тој убива луѓе, а единствениот начин да го спречиме тоа е да се вакцинираме, да носиме маски, да правиме социјална дистанца, да ги миеме рацете цело време, а не само да размислуваме: мојата слобода е нарушена“, рече тој, како што пренесува „Холивуд репортер“.„По ѓаволите со твојата слобода, бидејќи со слобода доаѓаат обврски и одговорности.“Sвездата на „Терминатор“ додаде: Не можеме само да велиме ‘имам право да правам икс, ипсилон, зет.’ Кога заразувате други луѓе, тогаш станува сериозно.“

Магазин | пред 4 години

policija-5

Секојдневно по стотици казни во Скопје за брзо возење и возење под дејство на алкохол

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (13 август) спровела засилени контроли на територијата на град Скопје.Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум за возење под дејство на алкохол, три за возење без возачка дозвола, 29 за непрописно паркирање.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемена безбедност во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

protest-88

Против корона мерките утре ќе се протестира во Скопје и Охрид

Протести против новите мерки донесени за да се спречи ширењето на короната се организираат и во Охрид, покрај најавените во Скопје. На социјалните мрежи се шири објава каде се повикуваат жителите на Охрид да излезат во 19 часот во недела, на градскиот плоштад. Тие сметаат дека сертификатот за вакцина не треба да биде пропусница за во угостителски објект.Во Скопје, протестот е најавен пред неколку дена. Незадоволството ќе се искажува пред Собранието. Организаторите имаат направено и покана преку социјалната мрежа „Фејсбук“, а мерките ги нарекуваат фашистички. Протестот го карактеризираат како непартиски и народен.Незадоволството на граѓаните доаѓа откако Владата донесе мерка со која невакцинираните нема да можат да одат на настани и да влегуваат во угостителски објекти

Скопје | пред 4 години

227683913_1945490695613520_5943138933658347687_n

Пожари и натаму има, гори и во скопски Сарај

Центарот за управување со кризи попладнево на прес-конференција соопшти дека се уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка.По интервенцијата на двата армиски хеликоптери пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 часот повторно е активиран на три места по што е информирана Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.Нов пожар околу 14 часот е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума,а друг пожар утрово е забележан и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка.– Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна. Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење за што се бара и интервенција од воздух, информираше портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања