Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pari

И земал злато и 70.000 денари со уцена дека ако не му даде ќе и објави разголени слики

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(20) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.Пријавениот, во периодот од 01.08.2020 до 02.12.2020, уценувал 22-годишна жителка на гостиварско село, дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина, за што во неколку наврати на оштетената ѝ земал околу 70.000 денари и златен накит.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Млад штипјанец со тешки повреди, по страшна сообраќајка

На 13.08.2021 околу 02.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и „Славчо Стојменски" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управуван од А.С.(25) од Штип и мотоцикл, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(24) од Штип.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Д., додека со телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 4 години

plaza-potpes

Овие лица добија по 12.000 денари за одмор

Министерството за економија ја објави листата на одобрени потврди за користење средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари.Во соопштението се појаснува дека добитниците кои се од Скопје потврдите можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство од понеделник (16 август) од 9 до 14 часот. На оние добитници кои не се од Скопје потврдите ќе им бидат испратени по пошта, се додава во соопштението.Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16.08.2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.Целата листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-belgrad

5 починати лица и 672 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.Направени се 6.770 тестови преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-120, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–125, ЦЈЗ Куманово–96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 4, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-108, Авицена-413, Биотек-406, Систина-119, лабораторија Лаор-737, Синлаб-46, Ремедика-9, Плодност–59, Генеа - 7, Никоб лаб-1.289, ВФВ Медикал-62, Ели Медика-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.727.Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Македонија | пред 4 години

shutterstock-517310971

Денеска е петок 13, зошто се смета за несреќен ден?

Милиони луѓе ширум светот се плашат секој петок 13. Поради тоа, се откажуваат патувања, состаноци и други обврски. Но, кога и зошто почнавме да се плашиме од обичен ден?Фобијата од петок 13-ти, исто така, има официјално име „Трискадекафобија“ или страв од бројот 13, и „параскевидекатриафобија“ или стравот од петок 13-ти.Во САД, меѓу 17 и 22 милиони луѓе се плашат од петок 13. Секој петок 13. во светот на бизнисот, има загуба од околу 900 милиони долари, според Центарот за контрола на стрес и фобија во Северна Каролина (САД). Имено, многу претприемачи се плашат да летаат на тој ден и да договараат работа и тоа е главната причина за загубите.Невозможно е една година да нема барем еден петок 13. Просечниот интервал помеѓу два такви петоци е 212 дена. Сепак, можно е да поминат 12 месеци без петок 13. Всушност, најдолгиот таков период траел 14 месеци – од 13 јули 2012 година до 13 септември 2013 година.Повеќето облакодери во светот немаат 13. кат. Обично се нарекува ’12А’ или гостите едноставно немаат пристап до него. Многу хотели и болници немаат соба со број 13.Хорор-серијалот Friday the 13th има 12 продолженија. Филмската сага „Петок 13.“ се состои од 12 филмови, при што последниот е римејк на првиот. Можеби самите автори на франшизата се плашеле од 13. продолжение.Познати личности родени на петок 13 -ти. На „кобниот петок 13., се родија близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, Џули Луис Драјфус, Стив Бушеми, Кристофер Пламер, Кет Денингс … На тој ден во август 1899 година, се роди познатиот режисер Алфред Хичкок. Да успееше да наполни 100 години, на петок 13. ќе го прославеше својот 100. роденден.Некои веруваат дека почетокот на суеверието во бројот 13 започнало во нордискиот мит за 12 -те богови што вечерале во Валхала. Како 13. гостин се појавил Локи кој го организирал убиство на богот на радоста. Дури и денес, некои француски ресторани ја нудат услугата на 14. професионален гостин. Имено, ако сте 13 луѓе и сте суеверни, ресторанот со задоволство ќе ангажира уште еден човек за да ви прави друштво.Истражување ги потврдува стравовите – Една студија објавена во British Medical Journal покажа дека во петок на 13. имало 52% повеќе сообраќајни несреќи отколку во другите петоци. Шведските научници исто така открија дека тој ден во земјата секогаш се случува натпросечен број инциденти, пишува британски Телеграф

Магазин | пред 4 години

Dograma_pokriv_skolo_08122021010

Променет покривот на училиштето во охридско Пештани

Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава.Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот.Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање. Вредноста на вкупната инвестиција во ова училиште изнесува околу 3 милиони денари.Во текот на изминатиот период, со средства од општинскиот буџет, беше извршена промена на покривната конструкција во подрачните училишни објекти на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селата Коњско и Елшани и беше инсталиран фотоволтаичен систем на централниот училишен објект.

Охрид | пред 4 години

Susica_08132021004

Охрид го чисти коритото реката „Сушица“

Општина Охрид започна со работни активности за чистење на речното корито на река „Сушица“ на улица „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“.Со помош на механизација се врши чистење на дивата и обрасната вегетација и се прави ископ на натрупани наноси од земја.Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, во делот за чистење и одржување на реки, речни корита и канали.Според планираното, во текот на наредниот период, ќе се врши чистење и на останатите речни корита на територија на општината.

Охрид | пред 4 години

Screenshot-2021-08-13-at-13.59.25

Драконски казни доколку од понеделник бидете затекнати без сертификат за вакцина во угостителски објект

Драконски казни се предвидени за граѓаните и фирмите кои нема да ја испочитуваат владината одлука и без сертификат влезат во угостителски објект или пак на организиран настан. Физичкото лице односно граѓанинот кој нема да ја испочитува владината одлука, а биде затекнат во угостителски објект, ќе биде казнет со 250 евра. Но, тоа не е единствената казна.И фирмата чиј редар дозволил да влезе внатре, ќе треба да плати од 2.500 евра до 30.000 евра, зависно од видот на објектот, неговата големина, бројот на лица кои се внатре. Предвидена е и трета казна, а таа е за управителот на фирмата, кој на државата ќе треба да и плати дури 1.500 евра. Контролите ќе ги вршат инспекторите од Пазарниот инспекторат. Од понеделник контролите ќе бидат засилени.Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина. 

Македонија | пред 4 години

215138078_225968676057957_5841949479216798173_n

Изборниот законик сепак ќе се менува кога пратениците ќе се вратат на работа? „Зелен хуман град“ со реакција

Реакција на „Зелен хуман град“, откако добиле неофицијални информации дека сепак, Изборниот законик ќе се менува. Тоа според нив, треба да се направи веднаш штом Собранието почне со работа. Целосната реакција:Според неофицијалните информации кои ги добија независните кандидати, Изборниот законик ќе се менува штом пратениците се вратат од одмор на 17 август со цел да се покачи прагот за потребни потписи среде почнат процес за собирање потписи. Ќе се зголеми прагот во сите општини каде што има најавено независни листи. Менување на правилата на игра среде почнат процес за собирање потписи е досега невидено и е вовед во диктатура на партизмот која не смееме да ја дозволиме.Прагот од 1% не е нималку наивна ниту демократична бројка. Тоа во комбинација со исклучително бирократизираниот процес преполн со административни пречки, за најавените независни листи значи енормно зголемување на потребните потписи, кое е најизразено за Град Скопје. Наместо досегашните 1.000 потписи, за Град Скопје со најавените недемократски измени на Изборниот законик ќе бидат потребни речиси 5.000 потписи. За споредба, на последните локални избори (2017 г.) советничко место во Град Скопје се добивало со 5.700 гласови. По општини бројките се следни: Центар од 250 на 435, Карпош од 350 на 539, Гази Баба од 350 на 618, Град Скопје од 1.000 на 4.613, Тетово од 350 на 829 и Битола од 350 на 818. Но не е само зголемувањето на потребниот број на потписи проблематично во новите измени.Проблематични се и измените со кои наместо на сите учесници во изборниот процес да им се обезбеди фер и еднаков пристап за рекламирање, тој простор е максимално ограничен за „помалите“. Со измените, предност во користење на медиумска поддршка во изборната кампања ќе имаат четирите најголеми партии (дури 90%), а за останатите, во кои спаѓаат и независните советнички групи, е определена рамка од само 10%.Посебно проблематично е и менувањето на членот 67 со одредба која за првпат се воведува од независноста на земјава. Со измената ќе може дури и по целиот успешно поминат процес на собирање потписи, еден човек од листата да се откаже и со тоа целата листа да пропадне, односно да нема право да учествува на изборите, па макар се собрале и 10.000 потписи.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-13-at-13.40.38

„Опција беше и поделба на Македонија“, Ахмети за времето кога беше командат на ОНА

Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да направиме и ќе направиме.Ова е пораката што лидерот на ДУИ Али Ахмети ја упати на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.– Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија да се применат од точка до точка сите обврски да бидеме бескомпромисни во борбата против корупцијата и криминалот. Ние Европа ја имаме блиску на прагот, но задачите треба да ги направиме сами. Ние сме земја членка на НАТО, ние треба да ја избришеме во нашите глави таа класична автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузништва и пртнерски односи со ЕУ и треба да ги примениш нормите, правилата на сите. Колку си мал стануваш голем. Ние сме сега исто како најголемите во НАТО, но ние треба да поставиме НАТО стандарди, бидејќи ние сме барале да станеме членка на НАТО. Сигурен сум дека можеме да постигнеме, нагласи Ахмети.Истакна дека имаат големи историски одговорности, и како политичка партија да работат со луѓето да ги надминат пресдсрасудите.– Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава. Тогаш пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингот и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани, заклучи Ахмети.

Македонија | пред 4 години

joci-111

„СДСМ тоне во неповрат, тоа го констатираше и анкетата“, Јорданка за анкетата која предвидува водство на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци, ја искоментира анкетата на Националниот демократски институт во која се опфатени и прашања за политичките партии, политичарите и гласањето на избори. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива.„Она што цело време го зборувам, дека незадоволството е огромно, па СДСМ тоне во неповрат и дека нема назад од оваа точка, сега го констатира и анкетата на американскиот институт НДИ. Патем, лани од НДИ им кажаа дека водат. И стварно водеа, направија едвај и нова влада. А, сега, многу заостануваат пред вмровци и на овие избори ќе си пу*ат“, објави Јорданка Ивановска-Јоци.

Коментари | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

ВМРО-ДПМНЕ во игра има кандидатка која ќе му се спротистави на Шилегов на изборите

Се поизвесно е дека Даниела Арсовска, актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Град Скопје. Нејзиното име добило и најголема поддршка на анкетите кои ги спроведувала партијата, а ќе биде натпартиски кандидат, дознава „Скопје1.мк“.Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија.Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.СДСМ и официјално го промовираше актуелниот градоначалник Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

13082021_PVRSM-Zaev_Ambasada-SAD_sredba_1

Заев на средба со Брнз: Поддршката од САД е огромна во насока на реализирање на реформите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со американската амбасадорка Кејт Брнз, која му го претстави новиот заменик-амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Ерик Мејер.Заменик-амбасадорот на САД изрази задоволство од доаѓањето во земјата позитивно оценувајќи ги условите за зголемена економска соработка и обезбедување економски просперитет на сите граѓани во земјата.Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на новиот заменик-амбасадор на САД и поздравувајќи ја амбасадорката Брнз, истакна дека Владата успешно ја остварува реформската и економската агенда, следејќи ги политиките на отворен дијалог со земјите од регионот.„Нашата посветеност за демократизација на земјата, почитувањето на правото и искоренување на корупцијата е силна и со огромен ангажман. Условите за инвестирање стануваат се поповолни и се забележува зголемување на динамиката на домашни и странски инвестиции. Нашата основна определба, следејќи ја владината програма е да обезбедиме економски просперитет на нашите граѓани, поттикнување на економскиот раст и давање сериозни причини на младите да не ја напуштат татковината“, рече премиерот Заев подвлекувајќи дека поддршката од САД е огромна во насока на реализирање на реформите во областа на владеење на правото, обезбедување одржлив раст, поттикнување на конкурентноста, зајакнување на човечките ресурси и дигитализација на економијата.На средбата беа поздравени одржливите политики и иницијативи на отворен дијалог со соседите, поттикнување на економската соработка и продолжување на патот за остварување на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

Dimsa-PRESS-1309-2

Арсовски: На 28 јуни Филипче прогнозираше дека во август пандемијата ќе заврши, а сега воведува дискриминаторски и фашизоидни мерки

Интегрално Ви ја пренесуваме прес-конфренцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:Пред самиот почеток на прес конференцијата, би сакал да проследиме видео од оваа година на 28 јуни на Венко Филипче, каде на трибина јасно кажува и прогнозира дека во август или септември пандемијата ќе завршела.Како што гледате Венко Филипче по десетти пат ги лажеше граѓаните дека ќе ја победел пандемијата и дека ќе завршела заврши и ги охрабруваше граѓаните.Наместо победа над пандемијата, власта на граѓаните им стави лисици со фашистички мерки и им го ограничува правото на движење.Наместо победа над пандемијата, сега сме пред четвртиот бран за кој докторите и експертите велат дека ќе бил најопасен.Наместо победа над пандемијата, Филипче почна да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани.Фашистичките мерки на СДСМ се крајно понижувачки за граѓаните и тоа од власта која им ветуваше победа над пандемијата, а не нов четврт бран.Власта не смее во ниту еден случај да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани и да им го ограничува правото на движење. Наместо ова треба да применува стимулативни мерки.Сеуште власта нема јасен став, дали невакцинираните ќе одат на своите работни места, дали невакцинираните професори ќе можат да им предаваат од септември на учениците и студентите, дали невакцинираните во јавната администрација ќе можат да услужуваат странки итн.Мерката која ја имаат замислено на плажите додека се на одмор, очигледно немаат план како да ја спроведат, а нема ниту да имаат, бидејќи да имаа план, немаше воопшто да отпочнуваат вакво насилие кон граѓаните.Очигледно е дека та пандемија им е купување време и само одложување на хоророт кој што го истрпи народот во Република Македонија.

Македонија | пред 4 години

anketa-NDI

Започнаа анкетите, првата е на НДИ и се предвидува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе е победник на локалните

Анкетата спроведена од американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ.На прашањето „Доколку партии, а не коалиции се претстават на избори, за која партија би гласале?“, 14 проценти одговориле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.Податоците покажуваат разлика од четири проценти кај најголемите македонски партии, само 10 отсто од анкетираните ќе гласаат за СДСМ на избори.Пет проценти или помалку имаат ДУИ, Левица, АА.Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Македонија | пред 4 години

1-1

„Ништо не завршува тука“, потенцираше Џафери зборувајќи за Рамковниот договор

„Охридскиот рамковен договор, актот кој што ја промени иднината на нашата земја и истовремено беше наш најдобар патоказ за обезбедувањето на стабилноста, одржливоста и конструктивниот дијалог“, смета собранискиот спикер Талат Џафери. Тој вели дека договрот бил предизвик и сам по себе, кој што овозможи  Македонија да биде успешна сторија која е пример, не само во нашата земја туку и пошироко, во целиот регион и е договор кој што овозможи простор за третирање на прашања кои беа во однос на почитувањето на правата на сите заедници, правичната и соодветна застапеност, вклучувањето во политичкото и институционалното одлучување и неговата имплементација влијаеше врз подигнувањето на граѓанската свест во насока дека придонесот на секој граѓанин во земјава е еднаков и дека за вистински соживот, заложувањето на секој поединец е повеќе од ценет и добредојден придонес.„Основањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, официјализацијата на Тетовскиот универзитет, основањето на Универзитетот Мајка Тереза, на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Агенцијата за примена на јазикот, Инспекторатот, именувањето на нашите улици со достоинствени претставници на сите заедниците во земјата и серија други економски, културни и други институции се реалност која е резултат на помирувањето, меѓуетничкото почитување и соработка. Јас, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Артан, Бујар и серија други претставници на чело на домашните институции се реалност.Ова што ви се обраќам на албански е реалност и знак дека имаме за што да бидеме горди, меѓутоа, никако да сметаме дека сме ја завршиле домашната задача, затоа што, како што вели и слоганот на манифестацијата - „ПОСЛЕ ОХРИД“, затоа што процесот продолжува, предизвиците не се исцрпуваат и нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога ќе ја исполниме и нашата втора стратешка определба и цел, односно, по полноважното членство во Сојузот на НАТО, да почнеме преговори и со Европската Унија, по определувањето на датумот за одржување на првата меѓувладина седница на Република Северна Македонија - Европска унија. И, повторно, ништо не завршува тука! Грижата и обезбедувањето на правата и слободите, се разбира и обврските на секој граѓанин во земјава остануваат сега и засекогаш, прв, втор и последен приоритет на сите нас!“, вели Џафери.

Македонија | пред 4 години

grozdanovski

Избрканиот доктор што ја фотографираше неписмената табла си заминува во приватно здравство

Доктор Мирослав Гроздановски, кој доби отказ на три години до пензија откако ја фотографираше погрешно напишаната табла за дерматовенерологија во поликлиниката Букурешт, заминува во приватното здравство.Доктор Гроздановски за „Слободен печат“ вели дека е уверен дека причината за таа прераспределба е самиот факт што ја фотографирал таблата, како еден вид на одмазда.-Имам неколку понуди во приватното здравство и од септември ќе прифатам една од нив. Морам да ја сервисирам мојата егзистенција. Чекав, културно напоменав дека решението за моја прераспределба дојде еден ден откако ја фотографирав таблата погрешно испишана, но нема одговор од надлежните. Искрено ми е жал што повеќе нема да им бидам на услуга на пациентите во системот Мој Термин, за терапија, помагала, мислење за туѓа нега, боледувања, зашто тоа можев да го правам само во државното здравство а не во приватното. Меѓутоа, морам да се грижам за мојата егзистенција. Општествениот фактор е глув, учтиво чекав и цивилизирано, барем да се извинеа, но ништо, изјави доктор Гроздановски за „Слободен печат“. 

Македонија | пред 4 години

vakcini-1

450 лица од новозаразените биле целосно вакцинирани, а ниту еден од починатите немал примено вакцина

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Македонија | пред 4 години

pehcevo-pozar-4

Цела недела гори кај скопски Сарај: откако ќе го изгасне подземно се гледа само чад кој на некои места повторно избива во пламен

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција информираше дека пожарот во Сарај е специфичен бидејќи откако ќе го изгасне подземно се гледа само чад кој на некои места повторно избива во пламен.– Припадници на специјалната полициска единица заедно со француските експерти ги изгаснаа сите жешки точки кои беа видливи. По нивното симнување повторно забележавме чад и се разви пожар во една точка. За утре е договорено 30 припадници на специјалната единица со соодветна опрема, придружувани од француските експерти и четворица Французи кои работат со специјални дронови со термални камери што можат да откријат и оган кој гори под земја, да ги најдат жешките точки што не се видливи од хеликоптер, вели Ангелов.Се уште е активен пожарот над селата Буковиќ и Раовиќ, на планинската страна Осој. Се работи за непристапен терен, каде се дејствува со два хеликоптери на Армијата за да се изгасне. Се уште е активен и пожарот кај Барово, во Неготино, Демир Капија. Гори сува трева и нискостеблеста шума на тешко пристапен терен. Интервенираат противпожарни возила, комуналното претпријатие и припадници на Шумското стопанство.Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека е локализиран пожарот во село Дивље, во скопската општина Петровец. Од ЦУК информираат дека добиле инфорамции од Шумско стопанство „Караџица“ дека локалната самоуправа прави се и оти овој пожар е локализиран.Територијалната противпожарна единица Виница информира дека пожарот на градската депонија е локализиран, но се уште тлее. Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ е во постојана контрола на депонијата.

Скопје | пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Пописот го споредува со влез во продавница, Симовски за попишувачите кои ќе влегуваат по домови

Од здравствен аспект, пописот ќе биде безбеден како да влезете во продавница да купувате намирници, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Тој изјави дека по домаќинствата нема да одат триесет луѓе за да создаваат кластери, туку, според него, ќе оди еден попишувач кој ќе ги почитува сите протоколи.-Законски немаме право да ги лимитираме попишувачите со вакцинација. Сепак поставуваме такво прашање заради информација, а повеќе од половина од пријавените се вакцинирани, а останатите кои не се, имаат волја да се вакцинираат – рече Симовски на Сител.За оние кои не се вакцинирани, а сакаат тоа да го сторат, првиот човек на Заводот кажа дека во соработка со здравствените власти ќе им обезбедат можност за вакцинација.

Македонија | пред 4 години

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Груби горд на Рамковниот, ја модерира прославата, збори за еднаквоста и лојалноста

Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.– Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост. Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат. И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата. Кога демократијата е правилно спроведена и разбран, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа, Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата, рече Груби.Наглаив дека со Рамковниот договор ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби, напротив сите заедници, сите граѓани имаа корист, а С Македнија од земја во војна стана земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската унија.– Заедничкиот успех на домашните лидери и меѓународни пријатели, ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, граѓанското општество и медиумите, луѓе кои ги делат истите вредности и од бездната на војната, ја претворија мојата земја во место на надеж и успешна приказна. Денес сакам да се присетам на сите оние кои во 2001 година ја спасија мојата земја и не научија како да се постигне рамнотежа, многу од нив денес се меѓу нас, ви благодарам, некои од нив не се денес со нас, ви благодарам многу, а некои веќе не се со нас, како претседателот Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејм Пардју на кои ви велам дека нема да ве заборавиме и ви благодариме, кажа Груби.

Македонија | пред 4 години

wsw91-befunky-collage

Петицијата за докторот Гроздановски да биде вратен на работа, ќе биде во вторник пред Филипче

Петиција за враќање на работа на докторот Мирослав Гроздановски, кој доби отказ од поликлиника Букурешт, три години пред пензија, собра над 3600 потписи. Во вторник, таа ќе биде доставена до Министерството за здравство, за докторот да биде вратен на работа. Гроздановски ја фотографираше неписмената табла за дерматовенерологија во поликлиника Букурешт.„Собравме повеќе од 3600 потписи за поддршка на почитуваниот колега а против неправдата која му е нанесена. Петицијата е отворена до Понеделник,во Вторник ќе биде доставена до ресорното министерство. Тешко се менуваат овде работите,но навистина е битно вакви неправди да не се премолчуваат. Ве молам за поддршка сите оние кои не ја дале до сега“, напиша доктор Ненад Лазаров.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За преполните контејнери, Општина Центар ќе ги казнува граѓаните

Комуналните редари од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар на подрачјето на Дебар Маало затекнале преполни контејнери, расфрлан отпад до контејнерите и несовесно одложени отпадоци. Од Општина Центар велат дека особено во време на викендите е непријатна глетка која секојдневно ги затекнува жителите на општината.Досега од страна на комуналните редари, согласно Законот за јавна чистота, изречени се неколку опомени на правни и физички лица кои биле затекнати како го одложуваат својот отпад на необележани места.Општина Центар апелира до несовесните граѓани и правни лица својот отпад да го одложуваат на места специјално предвидени за таа намена (контејнери, канти за отпадоци, специјални контејнери за пластика, стакло итн.), затоа што во спротивно редарите ќе изрекуваат поригорозни санкции, во согласност со Законот за јавна чистота.

Скопје | пред 4 години

skopje-14

Ќе осетиме ли ветер покрај високите температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.До сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер, а од почетокот на идната седмица ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во благ пораст.

Македонија | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

За СДСМ, Владата има најдобри политики за буџетот

Од овој месец македонските компании можат да учествуваат на јавните тендери на НАТО. Законските измени веќе се направени и стапени на сила за оваа огромна можност за македонските компании, соопшти СДСМ.„ 5 милијарди евра изнесува годишниот буџет за којшто може да конкурираат македонските компании. Членството во НАТО делува како катализатор за подобрување на економските потенцијали на земјите членки. Дека спроведуваме добри економски политики покажуваат сите економски параметри.Република Северна Македонија во првите шест месеци од годината бележи раст на извозот на стоки од 39,1%, споредено со истиот период лани. Извезени се стоки во вредност од 3,4 милијарди евра. И во услови на криза, просечната плата постојано расте и достигна 28.721 денари. Ова е исклучително важно за подобрување на економскиот стандард на нашиот народ.Успеавме да ја намалиме невработеноста на историско најниско ниво од 16 отсто, и покрај сериозните предизвици предизвикани од пандемијата. Оваа година, индустриските зони бележат највисока рекордна активност во изминативе дваесет години.Сите пакети антикризни мерки ја оддржаа стабилноста на најпогодените во време на здравствена и економска непогода и овозможија во најбрз можен рок да се создадат услови за закрепнување и развој. Имаме за над 20% повисоки наплатени приходи споредено со 2020 година.Овие економски показатели се вистинска потврда дека Владата на СДСМ има добро осмислена економска политика и мерките кои се реализираат даваат резултат. Буџетот е ликвиден, државата пред две недели се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, која минатата власт ја зеде со превисоки камати за да ја троши за најнепродуктивни цели.СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на економската програма во интерес на граѓаните, фирмите и на државата“ се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања