Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

dino-park

Официјално отворање на Дино парк Скопје

Во Скопската зоолошка градина денеска официјално ќе биде отворен Дино парк Скопје, новата туристичка и едукативна атракција на градот.Дино паркот е заеднички проект на Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.– Овие тематски паркови се светска и туристичка атракција и покрај забавниот дел, имаат и едукативна функција, велат од Зоолошката градина.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-policija-1

143 сообраќајни прекршоци во Скопје, 18 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, шест за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 58 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

venko-filipce-7

од 1 јуни заштитните маски нема да бидат задолжителни на отворено, комисијата со предлози за низа олабавувања, еве кои се другите

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:👉 Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.👉 Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.👉 Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.👉 Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.👉 Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.👉 Полицискиот час останува на сила.👉 Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани. Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, напиша министерот Филипче во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

fudbalska-reprezentacija-na-makedonija

Владата направи исклучок – натпреварот Македонија – Словенија на 1 јуни ќе се игра со публика

Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада.

Македонија | пред 4 години

poplava-kumanovo

Силно невреме во Куманово и регионот

Невреме со пороен дожд, силни електрични празнења го зафати попладнево Куманово и регионот. Граѓани од улиците „Октомвриска револуција“, „Никола Тесла“, „Бајрам Шабани“, улиците од населбата „Зелен Рид“, „Серава“ и други урбани заедници пријавиле во РЦУК Куманово дека од водата се поплавени улиците и шахтите не можат да ја апсорбираат големата количина на вода.– Дел од граѓаните пријавија дека им се поплавени подрумските простории. Речните корита имаат можност да апсорбираат поголема количина на вода, изјави Горан Стојановски од РЦУК Куманово.На терен се екипите на „Водовод“, кои ги санираат штетите, настани од големата количина на дожд.извор: ТВ 21

Македонија | пред 4 години

kosta-2

Георгиески: Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион

Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион. Донесовме План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, кој доследно го почитуваме, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:👉Во моментот се работи на отстранување на бесправните објекти од плажите, кои тековно ќе се уредуваат согласно сите препораки за заштита на природата.👉Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот и континуирано вложуваме во поддршка на туристичкиот сектор.👉Само со одговорна и посветена работа ќе го зачуваме сјајот на Охрид и ќе овозможиме вистински развој на туризмот.  

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

Во подрум во Велес најден обесен човек

Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков“ е најден обесен 87 годишен старец,чие тело го нашол член на семејството.Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Службата за Брза помош.Од СВР Велес за МИА го потврдија настанот, и дека нивна екипа прави увид на местото на настанот.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_1

Заев за реформите во правосудството: Извештаите од ЕУ нотираат видливи успеси во владеењето на правото

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот изрази задоволство од извештаите од Европската унија коишто нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите. Тој констатираше дека тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството, да може уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите - да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било, да ја делат правдата, но истовремено да ја штитат и правичноста, давајќи им на граѓаните можност до крај да ги искористат сите правни алатки и инструменти што им стојат на располагање.„Изминатиот период сме сведоци дека е засилена ефикасноста, редовноста и одржувањето на рочиштата со засилен интензитет. Само во 2020 година најголемиот суд, Кривичнот суд Скопје 1 има 1.500 предмети повеќе, кога е корона-време, во споредба со 2019 година. Сето тоа го прави транспарентноста, гласноста на граѓаните, контролата на Судскиот совет во судството. Убеден сум дека ќе продолжиме заедно уште повеќе да ја градиме довербата во правосудството. Политичарите треба да ги тргнат своите раце далеку од правосудството. Судиите се должни да носат одлуки согласно Устав, закон и сопствено убедување. Секогаш постои второстепеност, Врховен суд, па и Стразбур, но дефинитивно делењето на правдата е нешто што го очекуваат граѓаните да биде еднакво за сите. Никој не е виновен додека не се докаже вина, секој мора да одговара доколку доказите тоа го потврдуваат. Само на тој начин можеме да зборуваме за европска вредност. Задоволен сум од досегашните реформи, но уште многу треба да работиме сите заедно, согласно својата одговорност: судии, обвинители, извршители, стручни соработници, како што очекувам личната одговорност од премиерот, министрите, замениците министри, јавната администрација и сите други, прво да работиме, тие осум часа дневно коишто ги имаме како обврска – поголемиот дел да го сработиме, верувам дека ќе имаме поефикасна земја којашто ќе им служи на граѓаните“, рече премиерот Заев.Тој порача дека „владеењето на правото и довербата во правниот систем значи економија, значи економски стандард, значи повеќе инвестиции, тоа е еден од главните постулати да се биде членка на НАТО, но и првото поглавје што се отвора при членство во ЕУ и последното што се затвора, па денес е и сериозна тема помеѓу земјите членки на ЕУ“, поради што во изминатиот период се подготвени повеќе системски закони од Министерството за правда.Тоа, како што посочи премиерот Заев, се Законот за судови и Законот за Судскиот совет, за коишто имаше позитивни оценки од Венецијанската комисија; дека Законот за Јавното обвинителство е најзначајниот закон со којшто се овозможи продолжување на сите постапки започнати од СЈО и се продолжија сите случаи против организиран криминал и корупција, што е и барање на Европската унија; дека е значаен и новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто се формираше нова комисија на отворен и транспарентен начин, а се овозможи неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата, со многу отворени истраги за носителите на јавни функции; дека се донесе и новиот Закон за бесплатна правна помош, со којшто се зголеми пристапот до правда и се овозможи правна помош за најранливите категории на граѓани; судските такси се намалија за осум пати, а се намалија и трошоците кон извршителите и нотарите; како и дека според предвиденото, во наредните месеци ќе се изврши целосна дигитализација на 34 судови и 187 судници, со што се решава и едно горливо прашање, како што е доставата.

Македонија | пред 4 години

radev-pendarovski-640x409

Радев не прифаќа европски историчари да се вклучат во решавање на македонско-бугарскиот спор

Бугарскиот претседател Румен Радев не прифаќа европски историчари да се вклучат во работата на Заедничката македонско-бугарска комисија, јавуваат бугарските медиуми.„Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите. Од нас зависи. Од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија, базиран на историски аргументи. Комисијата ќе сработи за историјата, но најважно е ние, на високо политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски престолнини и од таму да се изврши притисок врз Бугарија. Во никој случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние треба да бараме одржливо и неповратно решение“, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим.

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_2

Заев за економијата: Зголемен е економскиот раст, има покачување на платите, расте индустриското производство, ќе има нови работни места

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот соопшти дека економијата е во добра состојба и во услови на пандемијата и најави нови вработувања и зајакнување на стандардот на граѓаните.„Индустриското производство има раст од 7.6 проценти. Индексот на прометот на индустријата во март има раст од 27.1 процент. Извозот е зголемен за 18.1 процент. Просечната плата е зголемена за 6.8 проценти. Завршивме со 28.217 денари, според последниот податок - просечна плата во државата. Правиме дополнителни напори да ги видиме сите резервоари создадени од порастот на придонесите во фондовите за пензиско и за здравство, за да имаме рефлексија кон пензионерите. Еве завршуваме мај месец, овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управа за приходи и Царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година. Посериозен податок дека економијата се враќа, дека растот е зголемен, нема“, рече премиерот Заев.Тој додаде и дека „извозот од еколошко-индустриските развојни зони е 30 проценти поголем во споредба со првиот квартал од 2019 година“, како и дека „приходите се за 7 проценти поголеми овие пет месеци, во споредба со петте месеци од 2019 година, кога немаше Корона вирус“.„Тоа само по себе потврдува дека сите инвестици се реализирани досега во државата, пред сè домашни и странски, сите економски политики, можеби биле забавени за време на Корона вирусот, но секако носат економски раст, носат работни места, носат поголеми плати, поголеми пензии, носат извоз надвор од државата, девизен прилив, сето тоа го јакне стандардот на нашиот народ“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев соопшти дека за Оперативниот план за вработување се обезбедени 1.516.010.152 денари, со којшто ќе бидат опфатени 10.279 лица. Како поддршка за самовработувањето (претприемништво), рече дека се предвидени 591.913.222 денари; како поддршка за креирање нови работни места 513.296.580 денари, од кои за субвенционирање на плати се обезбедени 189.824.080 денари и за вработување и раст на правни субјекти - буџет од 33.972.500 денари; буџетска поддршка за обуки за дигитални вештини; за практиканство, програма за работно ангажирање.„Ова се конкретни мерки за конкретни резултати. Економските податоци навистина се добри и уверувачки и тоа го потенцирам и потврдувам за да охрабрам дополнително граѓаните да вложуваат, инвеститорите и бизнисмените, пред сè домашни, да продолжат да вложуваат, заради тоа што само на тој начин ќе расте бруто-домашниот продукт, економскиот стандард на народот, се отвараат нови работни места и ќе го зголемиме девизниот прилив на државата од зголемен извоз“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Македонија | пред 4 години

23042021_PVRSM_Zaev_telefonski_razgovor_so_premierot_Leven

Премиерите Заев и Јанев имаа телефонски разговор - Дијалогот носи решенија

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, имаше телефонски разговор со новиот бугарски премиер Стефан Јанев.Премиерот Заев му го честита изборот за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа.Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, беше заклучено при разговорот.Двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за взаемно прифатливи решенија.

Македонија | пред 4 години

Slika-Remenski

Ременски тврди фрка Русковска кривично ќе одговара и образложи за што

Фалсификатори во МВР❗Фалсификат лични карти, фалсификат возачки дозволи, фалсификат идентитети, фалсификат пасоши, фалсификат тендерски спецификации ..., фалсификат извештаи, известувања, записници во МВР ...Зошто ништо не ме чуди ⁉️Затоа што се' што е документирано и очигледно за фалсификатите до сега (а, има многу), за што јавно пишував не стана интерес за истрага по допрен глас или по службена должност на внатрешна контрола и организиран криминал при МВР, Напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Без да коментира актуелизирана улога на Лазе Велковски ќе кажам минимум:- Лазе даде лажно известување до Судот во кое фасификува факти за незаконскиот претрес во мојот дом за што има кривична пријава од моја страна КО бр.235/21;- Претходно на ист начин незаконски се вмешал во купопродажбата на рудникот САСА при што е "изземен" од кривично гонење , а пријаваа стои...Има уште, но за сега толку ...Вилма Русковска и екипата истражители во ОЈО ГОКК ... приказна за себе‼Стојам на ставот дека за нејзината злоупотреба на обвинителската функција со нарачани и измислени обвиненија кривично ќе одговара "за да не се повтори" во време кога нема да може да ја злоупотребува "обвинителската моќ" за да не биде "тресена од гаќи"."Живи били, па видели“, напиша Ременски на ФБ.

Македонија | пред 4 години

Policija

Санкционирани 59 возачи на возила за јаван превоз, 34 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност

Денеска министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 59 возачи. При контролата, 34 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 27 возила имале неисправен уред за запирање.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

mickoski27052021

Мицкоски: Лошото менаџирање и управување на енергетските компании ќе доведе до ценовен шок на електричната енергија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на Општина Прилеп во изјава за медиуми рече дека криминалниот скандал за изнудата на 250 илјади евра од РЕК Битола и лошото менаџирање со енергетските компании се поврзани работи. И според него, тоа ќе предизвика ценовен шок, односно поскапување на електричната енергија во државата.Лошото менаџирање со енергетските компании ќе предизвика ценовен шок, односно зголемување на цената на електричната енергија. Струјата ќе поскапи како за граѓаните така и за оние кои добиваат сметки кои што универзалниот снабдувач или ЕВН кој ги испорачува. Во случајов го имаме овој криминален скандал кој што вчера ВМРО-ДПМНЕ го соопшти на брифингот за новинарите. Но, тој е еден од многуте што доведе да лошо се менаџира и управува со ресурсите како што се јагленот и водата. И тоа понатаму имплицира зголемување на цената на струјата.Мицкоски од Прилеп исто така соопшти дека фокус на ВМРО-ДПМНЕ е ќе биде енергетиката и вложување во чиста енергија, но балансирано да не доаѓа до ценовни шокови како што сега ќе бидат предизвикани од СДСМ.Ќе вложуваме во избалансирана енергија, бидејќи сега нема никакви вложувања ниту во чистата ниту во друг тип на енергија. Но, за да го реализираме сето она на што сме се обврзале потребно е да ја добиеме довербата од граѓаните и да покажеме дека може поинаку, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Националниот Блок „Не отворам врата“ го подржува протестот за слобода и правда за осудените за 27 април

Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации - партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија одлучи да го подржи протестот за слобода и правда на неправедно осудените за 27 април што ќе се одржи на 29 мај, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.Во продолжение на истото се додава:Повикуваме на масовно учество за да и покажеме на марионетската власт што мисли народот за драконската осуда на два века затвор за осудените за 27 април.Во јавноста веќе излегоа нови факти и докази и дека пресудата за 27 април се заснова на лажен исказ на сведок, а кои севкупно се подобни да причинат ослободување на лицата осудени за 27 април, со што се создадени правните претпоставки согласно Законот за кривичната постапка за повторување на постапката.Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерна љубов кон Татковината.За таа цел, Националниот Блок „Не отворам врата“ бара повторување на кривичната постапка за неправедно осдуените лица за настаните од 27 април.

Македонија | пред 4 години

Foto-5

Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Папата Франциск

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Северна Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Македонија | пред 4 години

debarsko1

Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за „несовесно работење во службата“.На 19.03.2021, одговорните лица дозволиле истек на употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад, Законот за животна средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Македонија | пред 4 години

w_56437755

53 нови случаи на ковид, 13 починати во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово - 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2, Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.Направени се 2.691 тестови преку: ИЈЗ-461, ЦЈЗ Скопје-101, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–69, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-164, Авицена-196, Биотек-382, Систина-147, лабораторија Лаор-214, Синлаб-52, Ремедика-28, Плодност–33, Генеа–32, Никоб лаб-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 620.Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68460, Активни 1000Куманово 8813, Активни 231Прилеп 8294, Активни 101Тетово 7207, Активни 99Битола 6290, Активни 171Велес 5466, Активни 61Гостивар 5168, Активни 42Кавадарци 5151, Активни 28Охрид 4997, Активни 183Штип 4956, Активни 41Струмица 4108, Активни 61Струга 2980, Активни 65Кочани 2786, Активни 40Кичево 2557, Активни 71Гевгелија 2190, Активни 24Неготино 2184, Активни 20Свети Николе 1522, Активни 31Ресен 1234, Активни 31Крива Паланка 1219, Активни 6Радовиш 1156, Активни 51Берово 1029, Активни 3Делчево 971, Активни 24Дебар 939, Активни 0Виница 880, Активни 36Пробиштип 789, Активни 8Валандово 666, Активни 3Богданци 494, Активни 3Крушево 489, Активни 20Демир Хисар 397, Активни 16Демир Капија 396, Активни 0Кратово 373, Активни 14Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 11Дојран 132, Активни 0 Фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Продолжување на кризната состојба во Македонија бара Групата за процена

Денеска (27.05.2021) владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), одржа седница преку видеоконференциска интернет врска, на којашто учествуваше и националниот советник за безбедност на Претседателот, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.Раководителот на Групата за проценка, Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба. Учесниците на седницата, прво имаа кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со продолжување на кризната состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците беа едногласно прифатени.Конкретно, сите учесници на седницата на Групата за процена, едногласно, донесоа предлог до Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Македонија да достави предлог до Собранието на Република Македонија за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението. Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

Македонија | пред 4 години

carovska

МОН: Апелираме училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците

Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година. Министерството за образование и наука апелира до локалните самоуправи и училиштата да го почитуваат Законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците, се вели во соопштението од МОН.Тие додаваат:МОН редовно и навремено ги уплаќа блок дотациите кон локалните самоуправи, согласно динамиката со којашто тие ги доставуваат барањата.Исто така МОН, уште во месец октомври испрати писмо до сите училишта со кое ги потсети на законските обврски дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени средства.МОН и претходно во повеќе наврати апелираше до општините да го почитуваат Законот и да го исплатат надоместокот.Исто така МОН одговори, појасни и даде детални инструкции за постапување на секое училиште и општина која се обрати за барање за појаснување како да постапи во врска со пресметките за плата.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

mile27052021

Лефков со документи во ЈО: Ова се документи според кои Ковачевски и Вице барале 250.000 евра провизија, а се извадени од пријавата, ЈО да го истражи случајот

До нас пристигнаа документи кои се сомнежи и индиции за огромен криминал со државни тендери во РЕК Битола во времето на Васко Ковачевски, а укажуваат за притисок и закани врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев сопственици на Рубитон, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице во Хотел Вила Парк во Струмица, истакна пратеникот Миле Лефков.Лефков додаде:Целиот случај е пријавен во МВР, за што е изготвена и кривична пријава. Еве ја... но истата според нашите информации претрпела измени во ЈО или во МВР, и е изваден делот каде што се спомнува Вице. Кој, зошто и дали го направил тоа и фалсификувал јавна пријава треба да утврди ЈО, исто како што треба да се утврди одговорност за рекетарите.Бидејќи Русковска вели дека не е запознаена, еве шанса да се запознае и да и ја освежиме меморијата. Впрочем ова е тест за обвинителството.Оттука бараме ЈО да почне да си ја работи работата и веднаш да ги повика Вице Заев, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и Оливер Спасовски,да ја прибави целокупната документација и да постапи согласно закон. Одговорност мора да има.Според документите кои ги дојдоа до нас, сагата и притисокот со цел изнуда на пари врз Рубитон почнува при самото склучување на договорот со РЕК Битола. Според документите кои ги имаме Рубитон склучува договор за ископ на јаловина во РЕК Битола на 13.08.2018 година. На 24.08.2018 кога побарале влез во РЕК Битола на механизацијата Васко Василев добива повик од тогашниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, да се сретнат, што и се случило во хотел Епинал во Битола. На средбата Ковачевски побарал од Василев да отстапи 50% од работата на СВ Инвест на Стојан Чифлигаровски. На што Василев одговорил дека согласно потпишаниот договор ваквото барање е недозволиво.Наредниот ден Василев добива повик од Ковачевски со барање на СВ Инвест да му отстапи 75% од работата. Откако Василев повторно одбил наредниот ден ги повикал сопствениците на Рубитон - Василев и Радивчев на состанок во менувачницата Саат кула, сопственост на Стојан Чифлигаровски, газда на СВ Инвест со барање целосно да ја отстапат работата на СВ Инвест со надомест од 10.000 евра како трошок за тоа што учествувале на тендерот. По што сопствениците чувствувајќи огромен психолошки притисок рекле дека не им треба ништо, само сакаат правно да се раскине договорот без да одговараат.По оваа средба повторно се случува нова, сега веќе четврта, во хотелот Епинал помеѓу Василев, Радивчев и Ковачевски и Чифлигаровски. На која сопствениците на Рубитон му кажале на Ковачевски дека не постои можност за пренос на работата, на која тој им кажал да му дадат 250.000 евра во готово или да му ги однесат лично на Вице во Струмица. По што им го дал и бројот на Вице, стои и е наведено во овие документи кои ќе ги предадеме во обвинителството.Василев, според сведочењето организирал средба со Вице преку стар познаник од Струмица по што тие дошле на договореното место во Хотел Вила Парк во Струмица, каде Вице не дошол со образложение дека средбата не била договорена за 9 вечерта, а не сабајле. По што сопствениците на Рубитон си заминел. А врз нив почнал огромен притисок и терор.Како што стои наведено во документите Василев добива порака од Вице - Многу лош впечаток сте оставиле, недостапен си бил, а седиш во кафич. Имам слики. По што следи и вибер повик на кој како што е наведено во овие документи му било кажано: - Ќе си ја тераш твојата работа, а ние нашата, па ќе видиме до каде ќе стигнеш.По овие пораки им следува цело сценарио според Василев кое завршува со раскинување на договорот и наплата на банкарската гаранција со што на Рубитон и е нанесена штета од 30.000.000 денари.По раскинување на договорот РЕК Битола пристапило кон склучување на договор со второ рангираниот на јавниот повик, кој не прифатил, со третиот како што кажува Василев не било преговарано, и договор се склучува со 4 то рангираната фирма - СВ Инвест, со која е склучен договор во 4 очи со непосредно преговарање.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Обвинителството бара Мицкоски да достави докази дека е направен фалсификат со известувањето за РЕК „Битола“

Доколку некој има докази дека е направен фалсификат во известувањето за случајот со РЕК „Битола“, потребно е тие докази да ги достави до Обвинителството, велат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со вчерашните наводи што ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите, објави 360stepeni.mk.Во случајот со наводниот рекет во врска со тендер за ископ на јаглен, Мицкоски вчера рече дека постојат две верзии на известувањето што Бирото за јавна безбедност (БЈБ) го доставило до Обвинителството – во една верзија се споменува лицето Вице Н., додека во втората тој дел е изоставен. За ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери кон тогашниот втор човек во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски.Од Обвинителството, пак, не сакаат да ги коментираат неговите изјави, но порачуваат дека ако некој има докази тогаш тие треба да бидат доставени до нив.„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и во досегашната практика, нема да коментира изјави на лидери на политички партии или други институции. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапува по Известувањето за кое покажувате интерес во онаа форма во која го добил во работа. Доколку некој поседува докази дека известувањето имало поинаква содржина при неговото изготвување, а потоа се направени содржински измени што би значеле извршување на кривично дело фалсификување, како и времето кога тоа е извршено, потребно е тие докази да ги достави до надлежното обвинителство“, велат од Обвинителството.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Македонија | пред 4 години

skolo-izrael

СОНК: Учениците нема да ја завршат учебната година ако наставниците не се исплатат за прекувремена работа

Ако наставниците во основните училишта не ги добијат парите за прекувремена работа, можно е да се организира штрајк, учебната година да не заврши навреме, а учениците да не ги добијат свидетелствата додека надоместоците не бидат исплатени, рече на прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделковски.„Поради пандемијата и посебниот начин на одржување на наставата, децата беа поделени во две групи, а наставниците имаа зголемен број на часови и обврски, но пари како надоместок во многу општини не се исплатени, иако од Министерството за образование и наука велат дека средствата им се исплатени на општините. Ако до 1 јуни парите наставниците не ги добијат надоместоците, учебната година нема да заврши", рече Неделков. 

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_za-Fokus

Заев: Постои потребата за легализација на 50.000 дивоградби

„Во вакви околности, најлесно е да бидете популисти и да бидете гласни и да кажете – нема закон. Но, што правиме со другите 50.000 дивоградби, со стовариштата, фабриките, кои не се спорни за никој, а треба да добијат имотни листови?“, вели премиерот Заев во интервју за „Фокус“, за Законот за легализација, кој по изгласувањето во Парламентот, не беше потпишан од Претседателот на државата и за кој сега се води дебата.Тој посочи дека потребата од носење на новиот Закон беше поради тоа што престана да важи стариот и оцени дека новиот закон ќе овозможи приматели на социјална помош да не плаќаат ништо, напоменувајќи дека постои потребата од легализација на половина од постојните водоводни и канализациони мрежи, дел од локалните патишта и културни домови и обележја.Притоа, премиерот Заев потенцира дека се слушаат укажувањата на стручната јавност, колективните згради не беа ставени во Законот, поради остварување бизнис и избегнување на Законот и дека УНЕСКО е комплетно вграден во заштитата на Охридскиот Регион, согласно Законот за управување и таму нема легализација.Исто така, нема да биде дозволено градење и во националните паркови и во сите заштитени подрачја.

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_Zaev_revakcinacija_2

(ВИДЕО) Заев се ревакцинираше на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“

Премиерот Зоран Заев денес ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението.Премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.Премиерот Зоран Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања