Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

galicica

МКД.МК: Националниот парк „Галичица“ има над две илјади дивоградби!

Во Националниот парк „Галичица" евидентирани се 2.321 објекти за кои тече постапката за легализација, изјавија за МКД.мк од Општина Охрид. Тоа е бројка која зачудува бидејќи станува збор за „Галичица", делот кој не само што е национален парк, туку е и под заштита на УНЕСКО, објави МКД.МК.Kој и како успеал да се охрабри и да гради без дозвола таму, во таква светска природна реткост, е отворено прашање, кое се актуелизира откако беше донесен нов закон за легализација на бесправните објекти, кој не го потпиша шефот на државата, но за кој повторно се најавува дека ќе расправа парламентот. Можно ли е урбаното безаконие да го загрози статусот на „Галичица", а воедно да се загрози и статусот на целиот Охридски регион под заштитата на УНЕСКО. Не помалку битно, во постапка се 414 објекти евидентирани во крајбрежниот појас од 50 метри на Охридското Езеро.Од oпштинатa велат дека Националниот парк „Галичица" за 29 бесправно изградени објекти има поднесено пријави.Директорот на Националниот парк Андон Бојаџи за МКД.мк вели дека од Општина Охрид до Националниот парк, од сите барања за легализација за објекти или за други видови градби во границите на Паркот, пристигнати се 480 барања за давање мислење од страна на установата со која тој раководи.Тоа што за Бојаџи е исто така битно, покрај тоа дали станува збор за бесправни градби, е дали се работи за куќи во кои живее локално население, или за викендички. Има примери кога локалното население доизградило потрковје, гаража, настрешница, тоа не се сериозни проблеми за Галичица. Но, нагласува, најбитно е дали со дивоградбата е узурпирано и државно земјиште, за викендичка, или што е уште пострашно, за комерцијален објект, па дури има и хотели - дивоградба.Текстот во целост на: МКД.МК.

Македонија | пред 4 години

divogradbi-2

Ќе биде ли усвоен одново: Законот за легализација на дивоградби повторно во рацете на пратениците на 8 јуни

Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, а, како што рече Џафери, ако повторно биде усвоен со најмалку 61 глас, Пендаровски е обврзан да го потпише указот за негово стапување во сила. Првиот закон кој се однесува на легализација на бесправно изградените објекти, на кој претседателот Стево Пендаровски стави вето, се враќа на изјаснување кај пратениците на 8 јуни, кога почнува новата собраниска седница, објави 360stepeni.mk. Претседателот на парламентот Талат Џафери изјави дека негова деловничка обврска е да го врати законот на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. Тој рок, како што рече, истекува на 11 јуни. Бидејќи е во трето читање, како што рече Џафери, законот ќе оди директно на пленарна седница, каде што евентуално ќе може да се поднесат амандмани на спорните одредби.Пендаровски не го потпиша Законот за легализација на дивоградби: Неуставен е и овозможува скриена амнестијаЌе го урнат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првото вето на Пендаровски откако тој го поткопа законот за неуривање на дивоградбите?!Претседателот Пендаровски, исто како и Џафери, минатата недела изјави дека нема друг избор освен да го потпише Законот за легализација на дивоградбите доколку пратениците по вторпат го усвојат истиот закон и без никакви измени.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 4 години

pendarovski-i-radev

Од Софија најави за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Бугарскиот претседателот Румен Радев вчера во Брисел изјави дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за страт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, додека во исто време од Варшава полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау порача дека за Полска нема дилема оти земјава заслужува да почне преговори со ЕУ, објави ТВ 24.мк.Радев во Брисел, каде учествуваше на Самитот на Унијата, истакна дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро.– Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно, изјави Радев во Брисел, каде учествуваше на Самитот на Унијата.Според бугарскиот претседател, политичкото раководство на земјава „треба да се стимулира да бара дијалог“ со Бугарија.Текстот во целост на: ТВ 24.мк.

Македонија | пред 4 години

predlozi

Сите предлози на граѓаните, кои требаше да го направат Скопје поубав град - одбиени

На вчерашната седница на советот на Град Скопје, 3-те најгласани предлози од платформата МојГрад беа одбиени од советот. Според гласовите од советниците (што рачно требаше да ги составуваме зошто истите нигде не ги ни објавуваат јавно), се гледа дека воглавном СДСМ и коалицијата гласа против а ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласаат воздржани, напиша на својот ФБ профил Горган Јовановски.Јовановски во објавата додава:Единственото образложение дадено од некои од членовите е дека градот веќе работел на темите. Ако градот работел, зошто граѓаните не гледаат резултати и ги поднесуваат и гласаат предлозите?Вистинската цел зад овој начин на гласање е да се обесхрабрат граѓаните и да се поткопа идејата за директна демократија преку МојГрад. Но ефектот е спротивен! Со самото тоа што овие точки беа ставени на дневен ред, гласани, и одбиени со некое (за нас неприфатливо) образложение, МојГрад беше признат како вистинска платформа за гласот на граѓаните! Тоа е ОГРОМЕН УСПЕХ!Што значи ова за МојГрад?- Гласањето за предлози продолжува со нови 3 предлози за следната седница на советот на градот, ние нема да се откажеме од гласот на граѓаните!- МојГрад нема да ги заборави овие предлози, тие ќе влезат во архивата на одбиени предлози кои нашата коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ги поддржува (види точка 3).- Бидејќи како коалиција на еко и граѓански организации, не се сложуваме со советот и нивното одбивање на овие предлози, многу брзо следи и нашиот следен чекор на темава (wait for it 😎)--пс. Времето за директна демократија е дојдено, без разлика дали тоа одговара на одредени групи или не. МојГрад веќе се докажа како платформа за граѓанскиот глас, а резултатите од истата ќе останат на плаформата и видливи на наредните локални избори.Преку имањето статистика кој како има гласано, може граѓаните да знаат дали нивните претставници навистина го слушаат нивниот глас, или исклучиво следат одредена партиска политика.Извор: ФБ Горјан Јовановски

Скопје | пред 4 години

30122020_PVRSM_Zaev_Pratenicki-prasanja

Повторно ќе се знае кој за што гласал: Талат ги сели пратениците

Пратениците се селат во старата сала за одржување пленарна седници. Салата во моментов се варосува и дезинфицира и планот е таму да се одржи првата седница следниот месец, веројатно на 8 јуни.Спикерот Талат Џафери вели дека со вакцинирањето на сите пратеници се создадоа услови тие да се вратат во салата број 1, така што пленарните седници веќе нема да се одржуваат во салата со куполи, која беше оспособен како пленарна поради пандемијата со ковид-19.За разлика од салата со куполи, каде што пратениците гласаа со картончиња во три бои, во старата сала гласањето е електронско, а исто така е овозможено медиумите да ги следат седниците од галеријата во салата. 

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_za-Fokus

Заев за Фокус: Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите

„Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка“, вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето на „Фокус“, по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.Притоа претседателот на Владата, Заев додава дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија ниту кон другите соседи“.„Дефинитивно, мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса на нашето пријателство да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа“, оцени Заев изразувајќи задоволство од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје и изразувајќи надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме.Посочувајќи дека со цел да успее процесот е договорено да не се соопштуваат детали, Заев додава дека нашиот народ треба да биде информиран дека ова е добра основа и дека очекувањата се во рамките на предлогот, кој ќе биде разгледуван од Владата и во консултации со Претседателот на државата и сите соодветни инстанци ќе бидат изградени позициите на нашата држава.„Важно е дека ќе го добиеме она што очекуваме како минимум, а тоа е, да се води грижа за чист македонски јазик и за македонскиот идентитет“, изјави Заев за „Фокус“, повторувајќи дека европските лидери и членки на ЕУ потврдија дека аргументите се на наша страна и со оглед на условите во Бугарија која има техничка Влада, се очекува во наредниот период, по седницата Министерскиот совет - ГАК, да почнеме со Првата меѓувладина конференција.За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев вели дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира и за кого има уште многу да се направи, притоа повторувајќи дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, за кои ниту Владата ниту Унијата можат да разговараат и да ги менуваат.„Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога“, вели Заев посочувајќи го изнајденото решение за проблемот со името со соседна Грција, која сега не е само пријател туку и важен стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори.

Македонија | пред 4 години

policija-i-inspekcija-2

Затворен угостителски објект во скопско поради непочитување на мерките за заштита од Ковид 19

На 26.05.2021 во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од с.Јурумлери.При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.Објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

tsrnagora

(ФОТО) Рај: 11 места кои мора да постетите во Црна Гора

Иако патувањето со автобус не е најомилено, сепак е одличен избор доколку сакате да ја видите и да ја доживеете Црна Гора.Мостот на Ѓурѓевиќа ТараМостот кој се надвиснал над реката Тара е висок 150 метри, а долг е околу 370 метри. Партизаните го срушиле во Втората светска војна со цел да ги спречат нацистите да преминат. Мостот по војната е обновен, и сега е вистинска туристичка атракција, првенствено поради погледот кој го нуди.Има повеќе луѓе кои пешачат преку мостот, отколку оние кои преферираат да возат, но од сите страни се слуша кинескиот, рускиот, англискиот, шпанскиот јазик…Црно езероОва прекрасно место се наоѓа во Жабљак, поточно во Националниот парк Дурмитор, меѓу шумите кои просто ве мамат за да се изгубите во нив. Езерото го добило своето име поради шумата од црн бор која го опкружува, па водата го рефлектира тоа црнило.Во езерто се бањаат само оние кои се најхрабри, додека останатите уживаат во недопредната природа и чистиот воздух.Манастирот ОстрогСтрмниот и тесен пат им оневозможува на големите туристички автобуси да дојдат до самиот манастир. Иако патот е доволно широк за автомобилите, велосипедите и моторите, ние сепак ви препорачуваме пешки да појдете до манастирот.Ова место не е само за оние кои сакаат да доживеат духовно патешествие, туку и за оние кои сакаат да го почувстуваат духот на историјата, да ги посетат незаборавните знаменитости, и да го посведочат за неверојатното.ПерастОва е идеално место за оние кои сакаат да одат на одмор со цел да осознаат нешто ново, како и да се одморат и да уживаат во морето. Пераст лежи на подножјето на брдото Свети Илија (873 m).Името го добило по илирското племе Пируст, а праисториските остатоци пронајдени во пештерата Шпила над Перaст сведочат за многу раното населување во оваа област, па така што ова е совршено место за сите оние ги интересира историјата и кои мечтаат за големите археолошки откритија.КоторОвој град е под заштита на UNESCO, па така што ниту една фасада не се разликува од дамнешните времиња кога градот бил изграден. Кога ќе го посматрате градот додека крстарите по морето, ќе имате впечаток дека патувате низ минатото, а по влегувањето во градот, тоа чувство ќе се зголеми.Тесните улички со калдрма, куќите направени од камен, како и скаличките кои водат до тврдината, заедно даваат впечаток дека во овој град времето застанало. Но, тоа е голема грешка, затоа што ретко каде е живо како овде. Што се однесува до ноќниот живот, тука е познатиот Maximus. А за оние кои не се за големи гужви, за нив постојат дестици пријатни кафулиња, како и голем број на ресторани кои нудат специфична морска храна.Наша препорака е доколу се одлучите да го посетите Котор, да одвоите барем 2 дена, а кога ќе тргнете во таа прошетка, облечете удобни обувки, затоа што со високите потпетици сигурно нема весело да си поминете.ТиватВо Тиват постои една нова есклузивна населба „“Porto Montenegro” посветена за клиентите кои живеат на висока нога. Ова место е идеално за сите оние го бараат врвна услуга и исти такви цени. Тука доаѓа светскиот Џет Сет кој почнал да доаѓа и пред официјално отварање за гостите.Доколку успеете да резервирате лежалка на нивниот базен (цената е скромна, 65 евра), можете да налетате на членовите од кралските семејства, како и познатите личности од светот на музиката, модата и спортот.БудваБудва е вистинска убавица во која има за секого по нешто. Ако сте дошле поради забава, градот е полн, а доколку сакате да одите на мирно летување со семејството, тука е „Словенската плажа“, местото каде што можете со мирна душа да ги пуштите децата да трчаат боси и да не се грижите дали нешто ќе им се случи.Ова прекрасно летувалиште е така направено што не морате за ништо да се грижите, персоналот е прекрасен, а храната одлична.УлцињВо текот на сезоната, Улцињ ја претставува поранешната СФРЈ собрана на едно место, затоа што доаѓаат гости од сите држави на старата Југославија, како и гости од цела Европа. Плажите се чисти и уредни, а инфраструктурата е одлично развиеана, не постојат проблеми со електричната енергија и водоснабдувањето како во некои поединечни места во црногорското приморје.Тој е исто така најбезбедниот град на црногорското приморје. Мештаните велат дека не памтат кога последен пат се случил било каков инцидент.Стариот град Улцињ е задолжително место за прошетка кај сите посетители. Иако е преубав, сепак не е она што бил претходно. И покрај тоа што има голема историска вредност и вреди да биде посетен, сепак приватните куќи и новонастанатите недовршени градби го грдат изгледот на градот.Ада БојанаСите знаеме дека Ада Бојана е познато нудистичко место, но она што е малку познато е дека ова место своите услуги ги нуди на сите туристи. Мирната и топла вода, како ситниот и мек песок ја прават оваа плажа задолжителна дестинација  доколу ја посетувате Црна Гора. Доколку дојдете, немојте да ја препуштите приликата да крстарите по реката Бојана и долж крајбрежјето на плажата. Ќе се воодушевите од погледот на отвореното море.БарСамиот Бар не е особено интересен, голем град е, со своите плажи не се разликува од многуте други места кои се наоаѓаат на приморјето, но едно место сигурно ќе посакате да го посетите – Стариот Град.Иако не е сочувано како многу други тврдини, сепак ова место плени со својата убавина. Пред посетата, оставете ги високите потпетици и апостолките дома затоа што е многу стрмно, а калдрмата по која што треба да се движите е лизгава.Кога еднаш ќе влезете во некогашната тврдина, ќе стекнете впечаток дека сте го оставиле светот зад себе и сте влегле меѓу рушевините на некој замок од бајките.Скадарско езероЕзерото опфаќа неверојатна променлива површина која варира од 300 до 500 метри квадратни и е едно од најголемите езера на Балканот кого го одликува и криптодепресијата – односно, неговата надморска височина е над нивото на морето.Ова прекрасно езеро има свои острови. На едниот остров имало некогаш затвор, на другиот остров е лоциран манастирот Св. Никола, а на третиот се наоѓа најубавата плажа на езерото. Таа малечка плажа плени со својата едноставност и чистата вода. Ситните камчиња не ги повредуваат босите стапала, а мал број на посетители се мамат да останат.Многмина ќе се запрашаат зошто доаѓаат на море ако се бањаат во слатката вода, но доколку еднаш го посетите ќе го посетите ова место, сигурно веќе никогаш нема да сакате да се вратите на морското приморје!

Магазин | пред 4 години

dete-siluvanje

Гостиварец обвинет за обид за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.​​

Македонија | пред 4 години

policija-3-1

152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 санкционирани мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, осум за возење без возачка дозвола, 21 прекршок што го чинат возачите за мотоцикли.Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 42 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

joveski-ruskovska

Јовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во Софија се сретнаа со Главниот обвинител на Обвинителството на Република Бугарија Иван Гешев.Двете страни на средбата ги разгледаа прашањата од заемен интерес, особено поврзани со соработката во кривичните постапки и во борбата против организираниот криминал.Јовески и Русковска во Софија учествуваат на меѓународната конференција „Заштита на еврото во Бугарија, земјите од Југоисточна Европа и балканскиот регион – постигнувања и предизвици пред правосудните органи“, која е организирана во рамките на проект со финансиска поддршка од Европската комисија преку програмата „Перикле 2020“.Јавните обвинителства на Република Северна Македонија и на Република Бугарија имаат потпишано Спогодба за соработка во 2015 година, со која се предвидува зајакнување на контактите меѓу македонските и бугарските обвинители, како и соработка во сите области од обвинителското постапување.

Македонија | пред 4 години

zaev-4

Заев: Не ѝ верувам на Русковска дека Рашковски ја злоупотребил функцијата

Не ѝ верувам на обинителката Вилма Русковска дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, ја злоупотребил функцијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Фокус“.Тој посочува дека досега не направил никаква штета на државните и на националните интереси, туку напротив, како што вели, не само што ги има сочувано, туку ги има и доафирмирано и потврдено.Како што е наведено во најавата на „Фокус“, премиерот во најновото интервју зборува и за очекувањата во јуни, внатрепартиските односи, актуелните афери, како и локалните избори.

Македонија | пред 4 години

Foto-3

Средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот претседател Серџо Матарела

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Рим оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.На средбата, двајцата претседатели разговараа за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што нагласија дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба.Тие го истакнаа и одличниот и континуиран политички дијалог којшто може да придонесе за зајакнување на трговската и економската соработка.Соговорниците разговараа за најновите случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија во однос на нашите евроинтеграции.Претседателите Пендаровски и Матарела констатираа дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет и порачаа дека е неопходно што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија.По средбата претседателот Пендаровски даде изјава за медиумите во која посочи дека имаме целосна поддршка од Италија, не само за Северна Македонија, туку за целиот Западен Балкан. Претседателот Матарела ќе се заложи евроинтегративните процеси да се интензивираат, рече претседателот Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател.Претседателот Стево Пендаровски, утре - 27 мај 2021 година, четврток, ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, а во попладневните часови, претседателот Пендаровски заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 4 години

legalizacija-kocanski-gradonacalnik

Левица: Кочански началник со викендичка во заштитената Осоговија спремен да го дочека Законот за легализација на дивоградби

По долги години заложби, Осоговијата беше прогласена за заштитено подрачје со петти степен на заштита. Но, само на хартија, на терен е многу поинаку. Се гради каде, од кого и како ќе се стигне! Планините лелекаат под товарот на бесправното градење. Престапниците тријат раце во исчекување на Законот за легализација на дивоградби кој, судејќи по интензитетот на градба, очигледно им е ветен, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Општина Кочани е соучесник во криминалот со самото тоа што ниту има донесено урбанистички планови за најголем број од селата во тој реон, ниту пак успева да врши соодветен инспекциски надзор, согласно надлежностите што ги има.Најјасен индикатор дека рибата смрди од главата е фактот што токму оние кои би требало да го спречуваат, го промовираат нелегалното градење. Имено, последната година на земјоделско, а не на градежно земјиште, во атарот на село Пантелеј, како печурка по дожд има изникнато пространа двокатна куќа, сопственост на брачниот пар Шахинови - сопругот началник во полиција именуван од актуелната власт и сопругата пресно вработена во општина Кочани, корисник на секоја можна субвенција што ја доделува општината.Дали споменатите пулени на власта со нивната дивоградба во заштитено подрачје се дел од педесетте илјади семејства кои наводно ќе останат без покрив над глава, како што се правдаше премиерот Заев кога беше прозиван во врска со скандалозниот Закон за легализација на дивоизградени објекти!?Шминкерските зафати и позерскиот популизам не се доволни да се покаже свесно и совесно работење, насочено во полза на граѓаните. Очигледно е дека зад ситните зафати низ градот се тркалаат крупни, засега нелегални профитерски интереси во планината.Колкумина вакви „бездомници“ се во очекување да биде донесен скандалозниот закон!?Левица остро се спротиставува на ваквата пракса и на очигледните, непосредни штети кои, уште неизгласан, ги предизвикува криминалниот закон за легализација на дивоградби. Нашите пратеници ќе побараат негово целосно повлекување, затоа што единствена цел му е да ги легализира криминалите на поединци блиски до власта!фото: Левица

Македонија | пред 4 години

joci-111

Јоци за директорот на Водовод: Не знам какви инкасатори му работат, ама реално доаѓаат ко манијаци

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот ФБ профил раскажува како инкасатори  од ,,Водовод"  доаѓаат како манијаци и прво висат на ограда и гледаат кој што јаде, пие, зборува во двор Таа во објавата наведува дека ова доаѓа откако почнала да пишува за директорот на Водовод.Во продолжение објавата на Јоци во целост:На вмровскиов директор на ,,Водовод", именуван од Шилегов, викан Душко Весковски, разрешен организационен секретар на СДСМ (пуштен низ вода), не знам какви инкасатори му работат, ама реално доаѓаат ко манијаци и прво висат на ограда и гледаат кој што јаде, пие, зборува во двор, хехехе...ℹ Кога го прашав што сака, ми рече дека сакал да чита водомер, а ја му реков дека не знам ни како изгледаат инкасатори на ,,Водовод", не сум ги видела 10 и више години у маало. Се шета овој без легитимација, хехехе....туку-така ќе пуштаме секој.Сево ова, откако го пишав Весковски дека гради улица до куќа во Злокуќани,а не приложи доказ дека не е со државни пари.Инкасаторов ми се претстави како ,,ангел чувар на Дуле", хехехе....луѓе беа сведоци на настанов.Среќа, клучот не можев да го најдам да го пуштам за читање ,,ангел чуваров на Дуле" кој се сликаше со вмровски знамиња у кафани док беше вмровец .Дуле, сечаш ли се твојих вмровских дана, маци? Кога работеше за Грујо во Еврејска заедница со Мартин или имаш црни рупи?Еве, те потсетувам.ℹ Дуле, маќко, што викаш, да го глеаме на камери твојов ,,ангел" како се понаша? Да го пуштаме да го глеа народ?А, тек ја какви ангели имам, хехехе....Шта пије кафанааа, Дулеееее? Пази да не се напиеш многуНего стварно, кој е на власт - вмро или сдсм, хехехе, напиша Јоци на ФБ.

Македонија | пред 4 години

protest-4

Народот повторно ќе излезе на улица, закажан нов протест против неправдите за 29 мај

ПРАВДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ и СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА е можна само со рушење на марионетската влада на Зоран Заев, се вели во јавниот апел за масовниот семакедонски народен протест на 29 мај.Ви го пренесуваме во целост:Почитувани браќа и сестри Македонци по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината…Како што војна не се добива со една битка, ниту влада се руши со еден протест! Ако не’ нема, како и да сме без мака… А, проблеми има премногу, натежнале кај сите и насекаде… Лагите на власта не можат да ги скријат сиромаштијата и емиграцијата – белата чума на 21 век… Мораме да бидеме упорни, трпеливи, единствени и што помасовно на улица!Затоа, на 29 мај 2021 година ПРОТЕСТИРАЈТЕ!Протестирајте против промената на името на државата Македонија!Протестирајте против промената на идентитетот на Македонскиот народ!Протестирајте против Договорот Заев-Борисов и Договорот Димитров-Коѕиас ништовни според меѓународното право!Протестирајте против суспензија на референдумот од 8 септемвеи 1991 година!Протестирајте против суспензија на референдумот од 30 септември 2018 година!Протестирајте против ревизијата на македонската историја по барање на Софија и Атина!Протестирајте против антимакедонизмот во сите сфери на општеството и државата!Протестирајте против велепредавството од Владата на нацијата и државата и обидот Македонија од држава да се претвори во територија без народ и историја чии администратори би биле Софија и Атина!Протестирајте против Законот за употребата на јазиците и јазичната федерализација на државата на штета на Македонскиот народ и етничките заедници во Македонија!Протестирајте против методологијата на пописот на населението!Протестирајте против стигматизацијата на семејството и замената на мајката и таткото со родител 1 и родител 2!Протестирајте против нестандардните измени на условите за прием на македонско државјанство!Протестирајте против продажбата на македонските национални интереси!Протестирајте против дигиталните учебници!Протестирајте против укинување на предметот по историја во основното и средното образование и катедрата за историја и Македонски јазик на факултетите!Протестирајте против неоткупената реколта на тутун, грозје, јаболка, праски и зеленчук!Протестирајте против неразумната продажба на земјиштето!Протестирајте против нарко-картелите, против дрогата која ги убива младите!Протестирајте против цензурата на социјалните мрежи и во медиумите!Протестирајте за работничките права, за колективните права на работниците!Протестирајте за минимална гарантирана плата и сатница достојна за пристоен живот!Протестирајте за правата на вработените во Армијата и Полицијата!Протестирајте за лицата со посебни потреби, за старите и немоќните, за децата без родители без соодветна грижа од државата!Протестирајте за квалитетно образование, здравство, спорт!Протестирајте за правда, за права и слободи, за демократија!Протестирајте за правдено судство и независно јавно обвинителство!Протестирајте за ослободување на сите УСТАВОБРАНИТЕЛИ од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, бидејќи ПАТРИОТИТЕ НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ И УБИЈЦИ ТУКУ РОДОЉУБИ !Има 1000 причини да протестираме на улица, но ниту една да останеме дома и да бидеме неми набљудувачи додека марионетската Влада на Зоран Заев ја уништува државата Македонија, а Македонците по род и државјанство се иселуваат од својата татковина во светот поради дивеењето на башибозукот, нарко-картелите и мафијата во власта!Да побараме предвремени парламентарни избори, да побараме нова влада која ќе ја врати правдата и довербата, редот и поредокот во државата, достоинството на нацијата!Поради сето горенаведено, на 29 мај 2021 година (сабота) бидете уште побројни од претходниот протест, помасовно да бидеме во 18:30 часот пред Владата, а во 19:30 часот со марш до Собранието! Да го победиме стравот, заедно да ја освоиме победата и слободата, затоа што во единството е силата на народот, тоа е нашето најсилно оружје за ослободување на татковината, да ја вратиме светлината, надежта, верата и љубовта за Македонија!Никогаш северна, само Македонија!

Македонија | пред 4 години

arsovski

Арсовски: Најмалку седум лица, меѓу кои Вице Заев, Русковска и Јовевски, треба кривично да одговараат

Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра, напиша во објава на „Фејсбук“, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.Тој додава дека јавноста е сведок на криминал, како што вели, до гуша на фамилијата Заеви, каде што 2 случаја кои денес биле објавени се клучни.„Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000 евра и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000 евра. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице“, смета Арсовски.Според него, второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој, како што посочува Арсовски, се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000 евра.„Значи да сумираме, за овие 2 дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш: Вице Заев, Васко Ковачевски, Стојан Чифлигароски, Лазе Велковски, Оливер Спасовски, Вилма Русковска и Љубомир Јовевски“, пишува во објавата портпаролот на опозициската партија.

Македонија | пред 4 години

puska

Го убил кучето на својот сосед и трупот го фрлил надвор од селото

Во вечерните часови на 24 мај 47-годишен жител на прилепското село Крушејца пријавил дека неговиот сосед П.Т. (61) од Скопје, кој престојувал во селото, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација.По извршениот увид, полицијата пронашла две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В, а потоа го фрлил надвор од населеното место.Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „застава М 72“, кое го поседувал без дозвола. По документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

foto-1

Бочварски: Сметам дека сме во добра насока сите заеднички да креираме законско решение за бесправно изградените објекти

Министерството за транспорт и врски ја продолжува отворената консултација за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, велат од министерството.Денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средбa со Комората на овластени архитекти и инженери како и со граѓанските здрженија “О2” и “Форнт 21/42”.На средбата се отворија низа прашања и предлози во насока на подобрување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.“Денеска имав плодна дискусија со невладините организациии О2” и “Форнт 21/42” како и Комората на овластени ахритекти. Разговаравме за подобрување на Законот и сметам дека сме во добра насока сите заеднички да креираме законско решение кое ќе понуди фер можности за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти. Сите предлози внимателно ќе ги анализираме и се што е конструктивно решение ќе инкорпорираме во Законот, притоа ќе водиме сметка да го заштитиме јавниот интерес”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Министерството за транспорт и врски и во следниот период ќе продолжи со јавните консултации во насока на подобрување на Законот.

Македонија | пред 4 години

26052021_PVRSM_sredba_USAmb-1

Средба Заев - Брнз: Политиките на дијалог отвораат перспективи, САД со поддршка за следниот чекор во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кејт Брнз, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја.На состанокот е реафирмирано партнерството меѓу Северна Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата.Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на Северна Македонија, по НАТО - и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности.Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Северна Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.„Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности“, рече премиерот Заев.На состанокот е поздравена определеноста на Владата кон успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.„Градењето консензус и политичкиот дијалог се здрави за секое демократско општество и како земја членка на НАТО и држава којашто има за цел да стане членка на ЕУ, силно сме посветени на ваквиот начин на работа“, рече премиерот Заев.На средбата е разговарано и за можностите за унапредувања на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија, во областа на здравството, енергетиката, економијата, како и за подготовките за претстојните локални избори во нашата држава.

Македонија | пред 4 години

kacarska

Единствена Македонија: Заев денеска ја награди Кацарска за осудата на младиот Ченто, како што во 1948 е награден Панта Марина за осудата на стариот Ченто

Зоран Заев денеска ја испорача ветената награда до Добрила Кацарска со претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа за наменската осуда на Јане Ченто и останатите за 27 април на затворска казна од два века затвор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Но, изборот на Кацарска за претседателка на Уставниот суд ја потврдува и поразителната вистина дека марионетската власт во Скопје ја држи Македонија на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.Судечкиот судија на стариот Ченто, судијата Панта Марина, после наменската осуда на Методија Андонов Ченто, во 1948 година е награден од власта со избор на судија во Врховниот суд каде станува и претседател на судот.Судечкиот судија на младиот Ченто, судиката Добрила Кацарска, после осдудата на Јане Ченто, во 2020 година е наградена од власта со избор на судија во Уставниот суд каде денеска стана и претседателка на судот.Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме, бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај и со лажен исказ на сведок.

Македонија | пред 4 години

granica-so-srbija

Српските туристи ќе бидат ослободени од плаќање патарини само за пат до Грција

Од плаќање патарина летово ќе бидат ослободени само српските туристи кои одат за Грција, бидејќи подарокот од македонската влада како благодарност за донираните вакцини ќе важи за коридорот 10, од граничниот премин Табановце на српската граница до граничниот премин Богородица на грчката граница, објави СДК.МК.Останатите српски државјани, кои ќе одат во Охрид, преку автопатот Скопје-Гостивар, или во Дојран, преку автопатот Скопје-Штип, нема да можат да го користат подарокот од македонската влада.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 4 години

6-CUK-POSETA-OBUKA-PILOTI

Ангелов во работна посета на дел од воздушните капацитети на државата за справување со кризи

За зајакнување на превенцијата против пожари и други катастрофи, а и за справување со истите, Центарот за управување со кризи (ЦУК), како и во поглед на спасување загрозени лица, презема низа активности за запознавање на постоечките воздухопловни капацитети во државата. Тоа, во случај на криза, се користи во рамките за воздушно извидување, справување со пожари, пребарување и спасување на загрозени лица, транспорт на повреден лица, како и транспорт и на сили за справување со кризи на тешко пристапни места во Системот за управување со кризи (СУК).Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Ценатарот за управување со кризи (ЦУК) реализираше работна посета на Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, Непосредното запознавање со Центарот за обука е во рамки на настојувањата и активностите на ЦУК да се искористат капацитетите од воздухопловството што се имаат во државата за стратешко интегрирање во СУК. Конкретно, тоа интегрирање во СУК е и во правец на согледување можности и на обука на пилоти што потоа би се искористило и во поддршка на потреби при детектирање и управувањето со кризни ситуции. Тоа е секако и во правец за согледување на можностите да се координираат и да се селектираат капацитетите и во поглед за воздухопловните дејства потребни во кризни ситуации, согласно и според расположивите ресурси и во луѓе, во техника и во нивна оперативна подготвенот, достапност и разместеност.Инаку, Центарот за обука на пилоти е Сквадрон за обука и тренажа во Воздухопловниот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група) во структурата на Армијата на Република Северна Македонија како составен дел и од Министерството за одбрана. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит“, која до неодамна управуваше со Центарот. По истекот на осумте години, според договорот, Центарот помина во владение на Министерството за одбрана, заедно со целокупната опрема и техника - неколкуте хеликоптери, но и софистицирани симулатори на хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24, летала со какви што располага АРМ.

Македонија | пред 4 години

faton.

Алтернатива: Министерката за култура, Ирена Стефоска, продолжува со дискриминација на Албанците

По завршување на конкурсот за независни уметници, објавен во декември 2020 година, на кој уметниците го бараат правото за покривање на трошоците за здравствено осигурување и другите месечни придонеси, Министерството за култура сè уште, дури и по 5 месеци, не ги објавува овие резултати на веб-страницата на Министерството на транспарентен начин, како што треба и како што функционира секоја нормална демократска држава, туку известувањата за победници се пратени лично на уметниците како решенија. Иако ова не е единственото кршење на законот, ние ја потсетуваме јавноста дека, според Законот за култура, овие резултати требаше да бидат објавени на веб-страницата, односно на транспарентен начин, уште на 15 јануари 2021 година, беше истакнато на денешната прес конференција од АлтернАтивА.Во продолжение на истата додадоја:Од информациите што ние ги имаме добиено, чудно е како со ова право се стекнаа само македонските уметници, бидејќи од друга страна постои апсурд – ниту еден албански уметник не се стекнал со тоа право. За да биде ситуацијата уште поконтрадикторна, и покрај јавните изјаснувања на оваа влада како граѓанска, во ова комисија немаше ниту еден албански член, што претставува дискриминација од посебен вид.Затоа АлтернАтивА ја повикува министерката за култура, Ирена Стефоска, да ја повлече оваа одлука, да ја разреши комисијата именувана во декември 2020 година и да формира друга комисија со мултиетнички состав. Преиспитувањето на оваа одлука ќе биде поздравена и од уметниците, бидејќи на овој начин сите уметници објективно ќе го добиеја заслуженото право.

Македонија | пред 4 години

20171117095751

Вице Заев одговори на обвинувањата од Мицкоски: ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем

Обвинувањата на Хрстијан Мицкоски немаат врска со реалноста, станува збор за лага, измислица, креација во умот на човекот кој е опседнат со мене, реагира бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, откако Мицкоски го обвини дека изнудил 250.000 евра од компанија од Битола која добила тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола.-Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила – вели Заев во изјава за Фокус.Повеќе на Фокус.мк

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања