Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Brza-pomos

14 лица починаа и пораст на заболените од корона за денеска

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово - 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.Регистрирани се 147 оздравени пациенти од:Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.Направени се 3.073 тестови преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-115, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, МАНУ-144, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-315, Биотек-376, Систина-200, лабораторија Лаор-418, Синлаб-45, Ремедика-41, Плодност–34, Генеа–12, Никоб лаб-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 630.Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68432, Активни 1025Куманово 8809, Активни 235Прилеп 8287, Активни 104Тетово 7207, Активни 101Битола 6288, Активни 179Велес 5466, Активни 61Гостивар 5166, Активни 41Кавадарци 5151, Активни 30Охрид 4995, Активни 181Штип 4956, Активни 44Струмица 4108, Активни 65Струга 2980, Активни 66Кочани 2785, Активни 40Кичево 2554, Активни 75Гевгелија 2190, Активни 24Неготино 2184, Активни 20Свети Николе 1522, Активни 32Ресен 1234, Активни 33Крива Паланка 1219, Активни 6Радовиш 1155, Активни 58Берово 1028, Активни 2Делчево 971, Активни 24Дебар 939, Активни 5Виница 880, Активни 37Пробиштип 789, Активни 8Валандово 665, Активни 3Богданци 494, Активни 3Крушево 489, Активни 21Демир Хисар 397, Активни 17Демир Капија 396, Активни 0Кратово 373, Активни 15Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 12Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

kacarska

Судијката Кацарска која ја осуди Јанкулоска и 30 лица за „27 април“ е нова претседателка на Уставен

Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставнот суд.Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа „за" од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.Мандатот на новоизбраната претседателка на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.Кацарска на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше таа должност од 30 октомври 2019 година.Биографија на Добрила КацарскаРодена е во 1957 година во Ресен. Диполомирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј" Скопје во 1982 година, а правосудниот испит го положила во февруари 1984 година.Од 1982 до 1984 година работела како приправник во Општински суд Скопје 1 Скопје, од 1984 до 1986 година како стручен соработник во Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 1986 до 2005 година била судија во Основен суд Скопје 1 Скопје во Граѓански оддел-Парница.Од 2005 до 2009 година била Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 15.02.2009 година до 13.07.2009 година ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Од 13.07.2009 година била распоредена во Кривичен Оддел – кривично полнолетни до 09.01.2018 година кога била распоредена во Одделението надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.Две години била одговорен судија во парничниот отсек; два мандати член на Управен одбор на Здружение на судии, при што еден мандат и Заменик претседател; од 2007 година била член на Дисциплинскиот совет на Нотарска комора, а од 2008 година била Заменик на претседателот на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора; од септември 2008 година до месец јули 2009 година била Претседател на Советот за судска служба.Во текот на 2006 година едукатор за новоизбрани претседатели и секретари на судови; Обучувач на обучувачи-напредно ниво на судските службеници на тема„ Управување со движење на предмети"; Панелист-презентер на Првата судска административна конференција на РМ; Панелист-презентер на тема „Ориентација на нови претседатели на судови"; Панелист на судската административна конференција на Македонија на тема „Меѓувладина соработка, развој на стратегии за признавање и почитување на меѓусебните улоги во демократско општество кое се раководи според владеењето на правото".Учество на повеќе советувања за различни теми и тоа: Примена на европските стандарди за правосудниот систем во пресрет на претстојни реформи; Европски стандарди и модели за избор и именувањ на судии и обвинители; Програма за обука по права на Европска унија – пилот обука на едукатори по право на Европска унија; учество на Регионална работилница на тема„ Влијанието на правото на европската заедница на национално ниво и заштита на основните права од Европскиот суд на правата и Европскиот суд за човекови права"; Конференција на тема „Организација на судството во Германија"Учество на Регионална работилница на тема„Пристап до судовите 1 и 2 дел одржана во Белград; Студиска посета на Бања Лука на тема „медијација во судски постапки"; Студиско патување во Ирска и Словачка на тема „Судски деловник за работа на судовите и управување со предмети"; Студиска посета на судот во Босна и Херцеговина – Оддел за воени злосторства; Студиска посета на Италија организирана преку Твининг проектот-Одделение за борба против организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство во соработка со Министерство за правда на Италија и меѓународниот институт за виши кривични судии од Сиракуза, Италија во Сицилија, Палермо и Катанија, Окружни обвинителства за борба против организиран криминалБила член во работните групи за изготвување на неколку закони и тоа: Измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. Исто така, била еден од авторите на Прирачникот-Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана на 26 ноември 2020 година.

Македонија | пред 4 години

50250552858_c1667b3294_c

„Абе торлаци, пропуштете ги колите со српски таблици, ама вас ви е битно тендерчето“, Апасиев запука по Владата

Жестока реакција на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, откако Владата предвиде над 2 милиони евра да потроши на картички за странските туристи кои ќе патуваат во Македонија, а за кои се предвидени бесплатни патарини.„Не озбилно... Вие не сте нормални! Три милиони ЕУР за картички за неплаќање патарини на српски туристи летово!? WTF? Абе торлаци, тоа се решава така што, во знак на благодарност, ќе ги пропуштаме сите коли со српски таблици на сите патарини. И толку! Многу едноставно. Ни картички, ни ваучери, ни тендери, ни пи*ке-си-материне! p.s. Ама вас ви е битно тендерчето за „картичките“ да си го наместите - ѓубриња смрдени клептомански“, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 4 години

Penzioneri

МТСП: Во тек е етапната исплата на пензиите за месец мај

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година -среда.За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година -четврток.За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година -петок.За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година -понеделник.Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 мај -среда, напоменуваат надлежните.Од таму дообјаснуваат дека етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Македонија | пред 4 години

26052021_PVRSM_sredba_NP-Ziberi1

Заев се сретна со народниот правобранител Зибери: Нашата соработка е отворена и позитивно се рефлектира во унапредувањето на правата и животот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска во својот кабинет, се сретна со народниот правобранител Насер Зибери, со кој се согласија за важноста на позицијата на институцијата Народен правобранител во поглед на зајакнување на критериумите со цел заштита на уставните и законските права на граѓаните.Премиерот Заев со народниот правобранител Зибери разговараше за актуелните случувања во земјата во поглед на продолжувањето по европските патеки на земјата на меѓународен план и преземените мерки кои веќе даваат резултати во поглед на заживување на економијата од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 вирусот.„Вашата независност, ефикасност и транспарентност се рефлектира во унапредувањето на параметрите на живот на граѓаните и вие сте коректив на институциите и органите на државната управа во насока на обезбедување поефикасен сервис на граѓаните и заштитата на нивните права“, рече премиерот Заев изразувајќи задоволство и отвореност за продолжување на соработка со институцијата.Народниот правобранител Насер Зибери, кој беше придружуван од своите соработници му го предаде во дигитална форма и го запозна премиерот Заев со главните карактеристики на Годишниот извештај за 2020 година, кој ќе биде разгледуван од Собранието на Република Северна Македонија, по што се очекува да се донесат мерки, кои ќе бидат упатени до Владата, а кои ќе се однесуваат за подобрување на состојбите во насока на поголема ефикасност на функцијата на Народниот правобранител.Според Народниот правобранител во текот на 2020 година, пандемијата на КОВИД-19 имала влијание и на работата на институцијата што ја предводи, во поглед на бројот на примените претставки и во однос на останатите активности во насока на обезбедувањето, почитувањето и унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права.Соговорниците се согласија дека продолжува соработката за унапредување и актуелизирање на правата на граѓаните со поддршка за поттикнување на поголема респонзивност на државните институции со институцијата Народен правобранител чија надлежноста е заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Две лица обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар, додека уште едно лице се товари за помагање при извршување на истото кривично дело.Првообвинетиот, во три наврати во текот на септември 2020 година, во продавници, аптеки и маркети во Гостивар употребил фалсификувани банкноти од по 50 евра со цел да набави одредени производи. Вработените веднаш не ја забележувале разликата, со што на секое од правните лица му била нанесена штета во износ од по 3.050 денари. Второобвинетиот, пак, ги набавил лажните банкноти и му ги ставил на располагање на првообвинетиот со намера тој да ги пушти во оптек. Притоа го возел до одредените локации и го чекал надвор од наведените места.​​

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Жител на Скудриње обвинет за узурпација на недвижност во државна сопственост

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Узурпација на недвижност, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во сопственост на Република Северна Македонија со површина од 2.176 м2. На наведената катастарска парцела, без одобрение за градење, земјиштето го преградил од двете страни со бетонски ѕид со висина од 3 метри и дебелина од 40 сантиметри.​​

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Реализирана првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во неделата и понеделникот во раните утрински часови беше извршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, на вкупна површина од околу 15.000 хектари.Авионската дезинсекција ги опфати урбаните подрачја и приградските населби, кои со своите блата се природната средина на комарците.Во тек е и терестричната дезинсекција против возрасни комарци, која почна во понеделникот, а ќе се реализира до петок.За потсетување, оваа година Град Скопје изврши и 2 авионски и 2 терестрични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“

Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.Се поставува нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Активностите се дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

danilovski

Даниловски: Граѓаните кои и по две дози од Синофарм вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета - најдобро Фајзер

Професорот на Медицинскиот факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за Слободен печат вели дека во случаите каде што граѓаните и по две дози од Синофарм вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител. Според него, најсоодветен производител за оваа намена е Фајзер, бидејќи имунолошкиот систем на постарите граѓани е исцрпен, а фајзеровата вакцина дава посилен стимул на имунитетот да реагира адекватно.-Најчесто антитела не развиваат постари лица, над 70 години од јасни причини. Кај нив имунолошкиот систем е веќе исцрпен заради возраста и веројатно заради редовното присуство на некое хронично заболување. Кај нас ретко можете да најдете човек над 70 години без здравствени проблеми, што е трагично и претставува посебна, многу сериозна тема. Обединетите Арапски Емирати користеа Синофарм и Синовак, веќе вакцинираа со трета доза одреден број свои граѓани кои не развиле антитела. Бахреин вакцинираа со Синофарм, се подготвува да администрира трета доза од друг производител. По углед на ОАЕ и Бахреин, а врз основа на најавите на официјални лица од Синофарм, кои изјавуваа дека многу веројатно за нивните вакцини ќе требаат три дози, веројатно ќе треба да донесеме и ние слична одлука. Дефинитивно мислам дека третата доза треба да биде Фајзер. Зошто? Зашто на исцрпен имунолошки систем му треба посилен стимул за да реагира адекватно, нешто што Синофарм не е секогаш во состојба да го стори. Значи, се сомневам дека и трета доза на Синофарм би имала значаен ефект, вели д-р Даниловски.Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пронајдена дрога, приведени две лица

На 25.05.2021 во 22.00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н.(26) од Велес и М.С.(32) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ во кое се превезувале и при нивен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

kucuk

Ќучук: Тешко почеток на преговорите во јуни

Европратеникот Илхан Ќучук вечерва е соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21. Ќучук кажа која е разликата за договорот на Северна Македонија со Грција, и оној со Бугарија. Тој смета дека на оној со Грција е ставена точка, додека во Договорот со добрососедство има запирка.Тој напомена дека ќе биде потребно време да се реши проблемот, и дека ќе треба „подобро да се запознаеме“.„Договорот од 2017 година поставувајќи ја темата за заедничка историја кажува и уште нешто дека тоа прашање не може да биде решено во рок од неколку години, тоа е значајната разлика со Договорот од Преспа. Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква врска, т.е. Република Северна Македонија нема поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка.Додека со договорот од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање. Дефинитивно мислам дека ова прашање ќе биде решавано во текот на времето и нема како во следните неколку години да биде побаран, како што и господин Василев кажа едноставен одговор на многу сложени прашања акумулирани во текот на годините. Ќе бидат потребни напори, ќе треба да се запознаеме повеќе. Евидентно е дека за исти историски настани имаме различно толкување, имаме различно објаснување, различно гледање, едно во Бугарија друго во Северна Македонија“, изјави Ќучук.извор:  ТВ21.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Претпладне сончево, попладне дестабилизација со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.Во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.УХМР

Македонија | пред 4 години

Tabanovce

Српските туристи летово ќе добијат 200 илјади електронски картички за бесплатна патарина во земјава

Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година, информираат од Влада.Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард.Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот.Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Македонија преку Граничниот премин Табановце.

Македонија | пред 4 години

skolo-4

Единствена Македонија: Заев го започнува завршниот удар за бришење на Македонците и злосторството врз македонските ученици

Бирото за развој на образование како орган во состав на министерството за образование, пред два дена ги објави новите наставни програми што ги донесе министерството на предлог на Бирото, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат?Со овие наставни програми Зоран Заев започнува со завршниот удар за бришење на Македонците и злосторството врз учениците. Македонските ученици уште од најмали од септември ќе учат дека нема повеќе Македонци со македонска национална припадност, туку ќе ги учат на нов идентитет: „граѓанин на Република Северна Македонија“.Според новата наставна програма, националниот идентитет на Македонците кои живеат во Македонија е „граѓанин на Република Северна Македонија“ а не Македонци како национална припадност.Македонската античката историја која ја подаривме на Грција и македонската средновековна историја која на подаривме на Бугарија, повеќе нема да ја учат македонските ученици. Ќе се почува од Илинденското востание и АСНОМ.Исто така, во рамките на новиот интеркултурализам, наставниците ќе ги учат децата од најмали за родова рамноправност каде се бришат разлики за машко/женско, мајка/татко....дека педери и лезбејки и заедница на посвоени деца со двајца татковци и две мајќи како „брачен пар“ е нормална работа.Марионетската власт во Скопје и Зоран Заев го губат компасот. Добра работа е што крајот им се ближи. Ова лудило мора да престане. Единствена Македонија ветува дека сите овие налудничави програми ќе бидат поништени.

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Георгиески: Покрај значајните инвестиции во инфраструктурата континуирано инвестираме и во образованието

Покрај значајните инвестиции во инфраструктурата континуирано инвестираме и во образованието.Извршена е реконструкција на подови, санитарни јазли и поставена е нова дограма во неколку основни и средни училишта, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Доделивме 412 ученички и студентски стипендии.Ова се само дел од инвестициите во образованието. Како Општина ги препознаваме приоритетите и вложуваме во младите кадри и иднината на државата.

Македонија | пред 4 години

raskovski34

Владата ги раскина договорите со „Инвока груп“, фирма поврзана со набавката на софтверот на Рашковски

Владата ги раскина договорите со „Инвока груп“, фирма поврзана со набавката на софтверот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги РашковскиВладата на денешната редовна 72. седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ од 11.8.2020 година склучен со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје.Генералниот секретаријат на Владата е задолжен да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, со задолжение согласно Законот за јавни набавки да се побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции.„Генералниот секретаријат на Владата беше задолжен по раскинување на Договорот да почне со редовна постапка за јавна набавка на услуги – одржување софтвер за полагање испити на државните институции и да склучи нов договор за групна набавка и да ги извести: Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Царинска управа, Агенција за катастар на недвижности, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители, дека договорот со’Инвока гроуп’, ДООЕЛ Скопје е раскинат и за постапката по заклучоците да ја информира Владата на Република Северна Македонија“, стои во владиното соопштение.Инаку, фирмата „Инвока груп“ е основана девет дена откако Драги Рашковски беше избран за генерален секретар. Фирмата во своето постоење добила три тендери и сите три од Генералниот секретаријат во вредност од над 320 илјади евра. Вниманието на јавноста го привлече софтверот за казни за сообраќајни прекршоци, а за кој МВР ниту било известено, ниту, пак, му бил потребен. Рашковски самиот го заштитил софтверот како свој патент.За овој случај, Рашковски е во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Македонија | пред 4 години

pozar

ВИДЕО: Голем пожар во близина на Чаирчанка, дел од улицата е целосно затворена

ТВ21 Во живо известува од големиот пожар кој попладнево настана во близина на Чаирчанка. Дел од улицата е целосно затворена поради густио чад.

Скопје | пред 4 години

pozar

Во пожарот кај Чаирчанка зафатени се 4 објекти, се интервенира со 8 противпожарни возила

Попладнево голем пожар избува во близина на Чаирчанка. Од МВР за ТВ21 потврдуваат дека зафатени се 4 објекти и на истите се интервенира со 8 противпожарни возила.На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила.Истрагата ќе треба да утврди која било причината за големиот пожар.извор: ТВ21

Скопје | пред 4 години

venko-filipce-5

Филипче: За две недели повеќе од 100 илјади пријавени за вакцинација

– Министерот за здравство Венко Филипче поспладнево на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле ва вакцинација.Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.– Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, напиша Филипче на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

struja

МЕПСО бара двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат

Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани денеска истакна дека побарале скоро двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат.„Побаравме зголемување на цената. Но, кога ќе видиме дека уделот на МЕПСО во сметка платена од крајни клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1000 денари за МЕПСО се плаќаат само 35 денари. Сите приходи од сметките во однос на преносот се инвестираат на вистинското место затоа што имаме далекуводи кои се од 50-тите и 60-тите години и треба да се модернизираат. Побаравме скоро двојно зголемување. Ако тие досега на сметка од 1000 денари плаќаат 35 денари, ние побаравме сега да платат по 60-70 денари“, рече Рамадани.извор: slobodnaevropa.mk

Македонија | пред 4 години

bacev-1

Единствена Македонија ќе го подржи протестот на 29 мај за слобода и правда за неправедно осудените за 27 април

Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да го подржи народниот протест што ќе се одржи во сабота на 29 мај за слобода и правда за осудените лица за настаните од 27 април 2017 година, се вели во соопштението од Рдинствена Македонија.Во продолжение на истот се додава:Република Македонија денеска е земја со политички затвореници. Постоењето на политички затвореници може да се спречи само со доследно почитување на правната држава и владеењее на правото, почитување на основното човеково право на фер судење пред независен и со закон воспоставен непристрасен суд.Во јавноста веќе излегоа нови факти и докази и дека пресудата за 27 април се заснова на лажен исказ на сведок, а кои севкупно се подобни да причинат ослободување на лицата осудени за 27 април, со што се создадени правните претпоставки согласно Законот за кривичната постапка за повторување на постапката.За таа цел, Единствена Македонија бара реотворање на процесот и повторување на кривичната постапка за неправедно осудените лица за настаните од 27 април.

Македонија | пред 4 години

artan-grubi0

Груби се подготвува за прослава одбележувањето на 20-годишнината од Рамковниот договор - објавен оглас за организација на серија настани

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од првиот вицепремиер на Владата Артан Груби, објави оглас за организација на серија настани и продукција на разни материјали по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, објави Фокус.мк.Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, тендерската постапка се однесува на набавка на билети за превоз, рекреативни, културни и спортски услуги, хотелски услуги, услуги за организирање на настани и печатени предмети и сродни производи.Притоа, самата јавна набавка е поделена на 4 дела – организирање на настани и културни манифестации, креатива, авио билети и сместување и превоз, со тоа што секоја компанија ќе може да учествува на еден или повеќе дела, доколку ги исполнува специфичните услови за квалификација.Текстот во целост на: Фокус.мк.

Македонија | пред 4 години

ginekolog

Обвиниение против струшкиот гинеколог Асани, во дивата ординација работел седум години

Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој го сторил кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа од член 304 – а од Законот за здравствена заштита.Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа. Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1000,00 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.

Македонија | пред 4 години

Zelen_pojas_05252021004

Нов зелен појас на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“

Се засадува нов зелен појас од украсно зеленило на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“. Во делот на подготвителните  активностите за засадување на зеленилото беа ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.Покрај уредување на зелениот појас се врши и партерното уредување на просторот од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ и ЈП  „Градски гробишта“. Според планираното, ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.  

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања