Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grigor

Реконструирани подовите во ходничните простории на ООУ „Григор Пррличев“

Во завршна фаза се активностите за реконструкција на подовите во ООУ „Григор Прличев“. Нови подни облоги од линолеум се поставени во ходничните простории на приземјето и првиот кат од новиот училишен објект.Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 748.162 денари.Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, во текот на изминатиот период, со средства од Општина Охрид беше извршена промена на дограмата во новиот објект, беа реконструирани подовите во неколку училници и беше извршена реконструкција на дел од тоалетите.  

Македонија | пред 4 години

w_56674000

Денеска починати 13 лица и нови 14 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена -159, Биотек-345, Систина-121, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-30, Плодност–44, Генеа–0, Никоб лаб-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 568.Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68413, Активни 1087Куманово 8806, Активни 251Прилеп 8283, Активни 117Тетово 7207, Активни 103Битола 6286, Активни 181Велес 5466, Активни 65Гостивар 5164, Активни 42Кавадарци 5151, Активни 31Охрид 4994, Активни 180Штип 4956, Активни 49Струмица 4106, Активни 68Струга 2979, Активни 65Кочани 2785, Активни 45Кичево 2550, Активни 73Гевгелија 2189, Активни 23Неготино 2182, Активни 20Свети Николе 1522, Активни 32Ресен 1234, Активни 34Крива Паланка 1219, Активни 6Радовиш 1150, Активни 54Берово 1027, Активни 1Делчево 971, Активни 24Дебар 939, Активни 5Виница 881, Активни 41Пробиштип 789, Активни 10Валандово 665, Активни 3Богданци 494, Активни 4Крушево 489, Активни 22Демир Хисар 397, Активни 18Демир Капија 396, Активни 0Кратово 373, Активни 16Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 12Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

veaposka-700x521

Веапоска: Предолго се молчи за мојот случај

Медицинската сестра од Дебар, Јалдз Веапоска, која остана без матка, бубрег и јајник откако отиде да се породи со царски рез во струшката болница, уште чека комисијата назначена од министерот за здравство Венко Филипче да излезе и да образложи зошто и биле извадени овие органи објави  slobodenpecat.mk. -Зошто уште се молчи и која од институциите сака да го заташка случајот? Комисијата беше составена на 13 март и јас бев повикана на сослушување само еднаш. Министерот Филипче соопшти дека на почетокот на мај ќе излезат јавно да го соопштат наодот, но крај на месец мај дојде и уште нема одговор. Одговор немам ни од струшкото обвинителство кое кажа дека за неколку дена ќе излезат со соопштение. Нема одговор ни од Министерството за здравство, ниту од Обвинителството во Струга. Многу долго време се молчи за мојот случај, изјави Веапоска за Слободен печат.текстот во целост на:  slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 4 години

Skolo

МОН: Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата на образованието

Правото на поднесување иницијатива за референдум е легитимно затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокираат напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку, напротив, заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, реагираат од Министерството за образование и наука на најавите за собирање потписи за референдум за граѓаните да се изјаснат за предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.Од ресорното Министерство нагласуваат дека законското решение, кое се однесува на материјалите за учење, е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат и за повеќето од нив примената на електронски уред за совладување одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика, која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.„Новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од него, во согласност со планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од разни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците. Законското решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Всушност, ова е првиот недискриминирачки закон за учебници, кој ќе биде донесен во државата“, е потенцирано во соопштението од МОН.Oд таму дообјаснуваат дека во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите, како вредности, кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, ќе значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.Од МОН уште апелираат до сите што сакаат да придонесат за унапредување на законското решение, кое е достапно на веб-страницата на МОН, дека тоа може да го сторат преку повеќе канали за непосредна комуникација и сите промени да се креираат преку широка јавна дебата и инклузивен процес со учество првенствено на засегнатите страни и со многубројни други општествени фактори.„Потсетуваме дека промените во врска со материјалите за учење се дел од поширок план за реформа на националниот образовен систем, содржан во програмата за работа на Владата и на Министерството за образование и наука, кој, пак, е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации, како ОЕЦД и УНИЦЕФ“, се нагласува во писмениот допис од МОН.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Бочварски: Отвораме широка дебата за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

Министерството за транспорт и врски ги започна консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.Денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средби со Асоцијацијата на архитекти а исто така учествуваше и на дебатата што ја организираше Државната комисија за спречување на корупцијата а во однос на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.На средбите се разговараше за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието на Република Северна Македонија.На средбата се понудија дополнителни предлози на законското решение во насока на подбрување на условите за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.“Како што најавив, веќе ја отворивме стручната дебата околу Законот за утврдување на правен стстус на бесправно изградените објекти. Денеска имавме одлична средба со Асоцијацијата на архитекти а учествува и на јавната расправа во организација на ДКСК. Се дадоа предлози во насока на подобрување на Законот и во следните денови сите предлози детално ќе ги разгледаме и ќе ги усогласуваме заеднички. Нашата намера е преку оторена дебата со сите заинтересирани страни, ЗЕЛС, граѓански здруженија и Асоцијации, пратенички групи, да го подобриме законското решение и да понудиме подобри и фер можности за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

Здружението на музичари го демантира МВР

Клуб на музичари Скопје – Здружение за заштита, едукација и афирмација на музичарите го демантира соопштението на Министерството за внатрешни работи објавено на 20 мај, во кое се велеше дека при контрола во угостителски објект во населбата Аеродром биле затекнати 9 лица, двајца од нив вработени во МВР, кои одбивале да бидат легитимирани. Објектот бил затворен, а лицата однесени во полициска станица каде добиле соодветни пријави. Здружението вели дека тоа не е вистина и ќе бара заштита пред судски инстанци и ќе ги извести амбасадите.Во прилог Ви го пренесуваме демантот на Клубот на музичари Скопје за настанот случен на 19.05.2021 год. на бул. Јане Сандански бр.9а во Скопје.

Македонија | пред 4 години

eurostandard

Уставниот суд одлучи во корист на штедачите од „Еуростандард банка“

Уставниот суд денеска го укина ставот 3 од членот 163 од Законот за банките со кој се овозможува приоритет на побарувањата на Фондот за осигурување на депозити, при прогласување на стечај на банка.Иницијатива за оценување на уставноста на ставот 3 од членот 163 од Законот за банките поднесоа оштетени штедачи од „Еуростандард банка“, а ставот кој тие го оспоруваа, гласи:„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“.Токму на оваа одредба реагираа штедачите и бараа да се измени, односно Фондот да нема приоритет.„Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека ДЕНЕС УСТАВНИОТ СУД ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНА МЕРИТОРНА ОДЛУКА ПО ОДНОС НА ОВА ПРАШАЊЕ. Имено, како што е наведено во извадокот погоре од официјалното соопштение на Судот, истиот со донесената одлука го укина членот 163 став 3 од Законот за банки“, велат од здружението „Правда за штедачи“.Како што соопштуваат штедачите, се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем.Согласно актуелното законско решение, кога банка ќе отиде во стечај, прво се обесштетува Фондот за осигурување депозити, кој, пак, е формиран за да ги обесштети граѓаните со штеден влог до 30.000 евра, што е максимален влог кој е гарантиран со закон. Ако некој има заштеда над таа сума, како во случајот и со „Еуростандард банка“, мора да чека од стечајната маса да му бидат вратени парите.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Нови цени на горивата: Сепак не треба да се трча кон бензиските

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % .Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,977 ден/кг и сега ќе изнесува 33,619 ден за кг.Од РКЕ информираат дека од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 67,00 денари за литарМоторен бензин Еуросупер БС -98 69,00 денари за литарДизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 59,50 денари за литарМасло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 денари за литарМазут М-1 НС 33,619 денари за килограм.

Македонија | пред 4 години

collage-1

Фондот за здравство си купи две возила од 82 илјади евра, а матичните немаат добиено пари за март, деца се лекуваат со донации

Матичниот доктор од Скопје, Ненад Лазаров, жестоко реагираше на веста дека двајцата директори на Фондот за здравство купија два автомобили од по 41.300 евра.„Матичните лекари за Март немаат добиено пари, стоматолози исто, еден денар помош не добивме во цела криза, ниту еден денар, приватни коли искршивме од возење... Со смс се собираат пари за интервенции, пари за клексани оди рефундирај, ксарелто и други лекови све на приватно строго, ограбени се луѓето, ама за нови аута за директори мора да има! Нели ви е срам бе, нели ви е малку срам?“, напиша Лазаров.Инаку, Фокус објави дека Фондот за здравствено осигурување пред неколку дена се подновил со две возила, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра.Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20 мај, помеѓу Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_393219

Бугарија по секоја цена настојува да прифатиме дека се е бугарско, повторно нова провокација

Македонските историчари изгубија 3 години во неподготвеноста да ја прифатат формулацијата на договорот за пријателство и добрососедство, со што станува јасно дека Бугарија и РС Македонија имаат заедничка историја. Ова во интервју за бугарски медиуми го изјави Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата комисија за историски прашања од бугарска страна.Димитров истакнува дека не е сериозно македонската страна да ја обвинува Бугарија за недостиг на напредок поради политичките процеси во таа земја поврзани со парламентарните избори. Во интервјуто Димитров вели дека токму македонските историчари ги искористиле изборите во нивната земја како изговор за блокирање на работата на Мешовитата комисија и дека оваа блокада продолжила под изговор дека постои пандемијата на коронавирусот.Тој е дециден дека надворешниот притисок од сите земји членки на ЕУ, на кој се надеваат и политичарите и историчарите во Скопје, нема да доведе до промена на позицијата во Бугарија.„Јас не сум политичар, далеку сум од политичките сфери, но како личност со одредено дипломатско искуство можам да кажам дека не постои начин да бидеме под притисок доколку јасно ги браниме бугарските позиции“, рече историчарот, кој беше бугарски амбасадор во Северна Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.Според него, најголем проблем е што Мешовитата комисија е заглавена сè уште во раниот среден век, т.е. македонската страна, како што вели, го оспорува бугарскиот карактер на Самуиловото Царство, што, според Димитров, е во спротивност со историските извори и современите достигнувања на светските студии.„Нашите колеги не се согласуваат со историските извори. Тие шпекулираат со оние од општествените науки, а не од историјата. Според нив, во средниот век не била формирана националност и царството на Самуил не било бугарско, туку велат дека е македонско и дека веќе е формирана македонска нација. На овој начин тие си противречат на самите себе“, вели Ангел Димитров.„Кога имаме целосно разидување во ставовите, тогаш се губи довербата во колегијалната и професионална работа на заедничката комисија“, додава Димитров.Тој најави дека за речиси две недели, односно во јуни, ќе се одржи 14-тиот состанок на Мешовитата историска комисија.„Почнав да се прашувам дали нашите македонски колеги се однесуваат повеќе како чувари на митовите, но сега почнав да размислувам дека тие почнуваат да се однесуваат како идеолози на антибугарската позиција, на која сме сведоци од минатото лето“, вели Димитров.

Македонија | пред 4 години

ucebnici

Иницијаторите за запирање на Предлог законот за учебници собираат потписи за референдум

Од денес до четврток, граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе собираат потписи за да се прифати иницијативата за распишување референдум за дигиталните учебници.Според информацијата од Иницијативата, собирањето на потписите ќе се организира во подрачно одделние во Центар (за општините Центар и Аеродром) во Скопје, и во подрачното одделние на ДИК во Битола за општините Битола, Новаци и Могила.Од иницијативата закажаа за вo среда протести во целата држава. Тие се спротивставуваат на предлогот на Министерството за образование и наука за реформи во образованието, во делот на дигитализацијата на учебниците.

Македонија | пред 4 години

neloski25052021.jpg

Нелоски: Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што Шилегов и СДСМ го дозволуваат

Владимир Нелоски претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер вели дека мора да се стави ред на градежното дивеење кое што локалната власт и градоначалниците на СДСМ го дозволуваат во Град Скопје.Нелоски истакна дека кога се гради тоа треба да се прави според долгорочен план, а градењето на згради треба да биде сразмерно со парковите и зеленилото, со градење на градинки и слично, се со цел да се задржи квалитетот на живот на граѓаните.Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што во овој момент го има. Мора да се стави крај бидејќи на секој чекор никнуваат згради и треба да се направи некој план кој што долгорочно ќе се знае каде, што, колку и како ќе се гради. Ние во Скопје имаме една аверзија кон самата градба, но градот мора да се развива, а тоа пред се треба да биде плански направено, рече Нелоски.Нелоски потенцираше дека моментално во Скопје никнуваат згради како наполитанки без да има план за водоводна мрежа без услови за градинка и дека ваквиот градежен хаос кој го дозволува Шилегов и градоначалниците на општините од страна на СДСМ мора да сопре.Пред да се гради да видиме каде и колку има потреба од градинки, од водоводна мрежа. Ние во овој момент гледаме згради како никнуваат како наполитанки, значи 10 згради една до друга од 8 до 10 ката без терен за водоводна мрежа без да има услови за градинка и слично, објасни Нелоски.

Скопје | пред 4 години

policija-3-1

793 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 793 возачи. Од нив, 94 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Владата разгледува прогресивен, но и кризен данок

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави можност за воведување прогресивен данок, но, како што вели, за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок.-Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување. Јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните – велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено – вели Битиќи.Од опозицијата, пак, обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на граѓаните.Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти – вели, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски. 

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-66

Се зголемува интересот за вакцинација против Ковид-19, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Досега 400.284 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk . На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил објави дека пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, посочува министерот, ја координира Австрија.-Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk , напиша Филипче.Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.Бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19 во државава континуирано опаѓа. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје. Регистрирани се 71 оздравени пациенти и 18 починати лица, од кои седум од Скопје.Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројот на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а на активни случаи изнесува 2.798 од кои 1129 се во Скопје.

Македонија | пред 4 години

120190520_075956

Денеска сончево и топло со температура до 33 степени, од утре дожд и пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.Утре попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од утре ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

Македонија | пред 4 години

258B0D41-DCB5-498A-BCF4-F7A79B456C8B

ФОТО: Тешка сообраќајка во Ѓорче, има повредени

Во несреќата која се случила на улицата Ѓорче Петров учествувале неколку возила, а возилата се пренасочуват по споредните улици.Според првичните информации, има повеќе повредени лица.Детали за несреќата од МВР се очекуваат утре.фото: Ѓорче Петров/Фб

Скопје | пред 4 години

koloni-vozila

(ФОТО) Колони возила се враќаат од Охрид

По продолжениот викенд граѓаните денеска се враќаат во своите домови. Повеќето празнуваа во Охрид па неизбежни се долгите колони возила вечерва. Колоната започнува од кеменоломот па се до Гостивар.фото: ФБ Денис Шибаковски

Македонија | пред 4 години

vodno

(ФОТО) Скопјани вознемирени прашуваат: Ќе се бориме ли за Водно?!!!

Вознемирени водњанци...Вознемирени скопјани.Вознемирени сме сите...Знаете ли колку предмети стојат во фиока и чекаат Водно да го декларираат како "заштитен предел" со некое си таму планче за управување и за да бликнат конечно во легални градби со сета своја раскош (читај грдотија) на нашето Водно?, пишува во објавата на ФБ на Го сакам Водно. Знаете ли дека сега се крои иднината на Водно, не само во подножјето, ами низ 40% од Парк Шумата?!Допрва вознемиреноста ќе расте ако силно не застанеме и не се спротивставиме на масакрирањето на Водно во името на урбанизација... Секако под закрила на ''заштитата ".Простете генерации и генерации кои имавте визија за Водно и со гордост го пошумувавте Водно...!Ќе се бориме до крајЗошто Водно се сака со срце!Петре Шилегов , се слушаме ли?!!!Ќе се бориме ли за Водно?!!! фото: Фо сакам Водно

Скопје | пред 4 години

tele

(ВИДЕО) Во битолското село Лажец се роди двоглаво теле, има еден мозок и хранопровод и две вилици и два пара очи

Веста за двоглавото теле кое се роди на 16 април во битолското село Лажец, се рашири насекаде низ светот. Сите се прашуваа дали ќе преживее, колку ќе живее. Денес, после 40 дена, телето Брауни е живо, весело теле, кое многу сака луѓе и обожава да пие млеко. Васил Поповски, на чија фарма беше родено, вели дека кравата е отелена природно, со помош на ветеринарите, објави Сител.После извршениот преглед, ветеринарите му рекле дека телето има еден мозок и еден хранопровод. Има две вилици и два пара очи кои и го прават единствениот проблем со рамнотежата.-Се има случено да отелат вакво теле, имало израсток главата со вратот, но тие не живеат. Ова е нормално. Кога го прегледаа рекоа има една глава, еден мозок, има израсток на вилицата, има еден хранопровод, нема други маани. Секој може да го види, ова е природно, не е феномен, вели Васил Поповски.Текстот во целост на:  Сител.видео:  Сител. 

Македонија | пред 4 години

delegacija-opstina

Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот положи цвеќе пред споменикот на Св.Кирил и Методиј

По повод одбележувањето на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, положи свежо цвеќе пред нивниот споменик на кејот „Македонија”.Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.Во чест на празникот со поддршка на Општина Охрид и во организација на КУД „Гердан” беше одржана пригодна свеченост во старото училиште „Свети Кирил и Методиј” во населбата „Кошишта”. Исто така со поддршка на општината денеска ќе биде организиран и свечен концерт во црквата „Света Софија” со почеток во 17 часот.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Денеска пристигнаа нови 10.530 вакцини на „Фајзер“

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер“, соопшти попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.Од новите вакцини, 5.850 се набавени преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.Филипче информираше дека количините на вакцини постојано се дополнуваат, и упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинција.

Македонија | пред 4 години

vakcini-5

Петличковски за Фокус: Трета доза од друга вакцина за граѓаните кои нема да развијат антитела од кинеската?

За граѓаните кои нема да развијат антитела и после примањето на втората доза на кинеската вакцина „Синофарм“, треба да се размислува да примат и трета доза од друга вакцина, вели за „Фокус“ Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.Дебатата за трета доза ја отвори објавеното истражување на Институтот за медицински истражувања во Белград, според кое петина од вакцинираните со кинеската вакцина во Србија не развиле антитела, а тоа се главно лица постари од 70 години. На прашањето од Фокус, што е со клеточниот имунитет којшто исто така го создаваат вакцините, Петличковски објаснува дека кинеската вакцина, доминантно создава хуморален имунитет, односно антитела, додека клеточниот имунитет не е јака страна на оваа вакцина.Микробиологот, Никола Пановски на прашањето дали ако не се развијат антитела од кинеската вакцина тоа значи дека лицето не е заштитено од несакани последици од болеста, тој вели дека тоа не се знае, бидејќи нема доказ за имунитет.-Можеби има клеточен имунитет кој не може да се докаже со вообичаени тестови, вели Пановски кој објаснува дека повозрасните потешко создаваат имунитет од било која вакцина.Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 4 години

Pozar-1

(ФОТО) Голем пожар во скопска зграда: Уметница раскажа случка од гаснењето

Уметницатата Касиопеја Наумоска ракажа интересна случка при гаснењето на пожарот кој избувнал во нејзината зграда, во стан под нејзниот.Вчера имавме добра журка. Станот под мене букна, чад и гареж од стиропор, лепаци за изолација, мераци, полн балкон. Среќа без жртви, но стрес за деца и цела баботека во зграда.На цела мака, Павел на сите пожарникари, а дојдоа 4 возила, им рече -Добар ден!Едниот му намигнал и ми вели- мама, тој што ми намигна личи на Џемс Бонд ама со Пирс Броснан филмовите.Кај и да е ќе сака да биде пожарникар.За белите мачки ич да не кажувам какви се сиви.А другар му Илин од што се израдувал дека го гледа, извикал- Павел жив сииииии, напиша Наумоска на својот ФБ профил. 

Скопје | пред 4 години

soob-1

Детали за сообраќајната несреќа во Охрид: Има повредени...

Сообраќајна несреќа кај Рача, над Хидробилоскиот завод во Охрид. Автомобил со охридски регистрарски таблици е превртен на кров.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски  ја потврди несреќата. Димовски за Скопје 1 вели дека во моментов увидни полициски екипи ги истражуваат причините за несреаќата и додава дека автомобил Рено клио изгубил контрола и се излизгал на патот. Во несреќата возачот е лесно повреден.  

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања