Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pasosi-1

ВМРО ДПМНЕ: Пасош од Спасовски имал и лидерот на Кавачки клан баран за дрога и свирепи убиства

Како да беше малку меѓународниот блам со издавањето на официјални македонски исправи на криминалци од Шкаљарскиот клан, сега гледаме дека македонски исправи имал и водачот на ривалскиот Кавачки клан. Имено лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер кој е баран заради трговија со дрога и свирепи убиства, според медиумите во регионот имал македонски пасош, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Да потсетиме дека со аферата „Мафија“ беше разоткриен мега скандал во кој МВР издавал оригинални македонски пасоши на криминалци со злоупотреба на идентитет на македонски граѓани. Биле издадени 214 пасоши на мафијаши, нарко босови, убијци, терористи па дури и криминалци од завојувани кланови.Владата на Заев и Спасовски давале закрила на светската мафија, но очигледно поради нивната криминогеност успеале да ги обединат сите белосветски хоштаплери, криминалци и убијци околу себе, па макар биле тие ривалски и крвни непријатели.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pozarna

Доцна синоќа избувнал пожар во угостителски објект во старата скопска чаршија

Синоќа пожар избувнал во угостителски објект во старата скопска Чаршија.Според очевидци, пожарот настанал поради проблем со електричната енергија.Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот, не успеале навреме да влезат на опожареното место поради блокада од бројни паркирани автомобили.Пожарот е локализиран, а повредени лица нема.Извор/фото:TV 21

Скопје | пред 5 години

vasil

(ВИДЕО) Гарванлиев со неверојатно добро осмислен настап остави силен впечаток на Евровизија

Васил Гарванлиев вечерва со моќна изведба на песната „Here I Stand“ на полуфиналната ноќ на Евровизија во Ротердам. Македонскиот претставник настапи 6-ти по ред, а на сцената го донесе сето она што го вети – беспрекорна вокална изведба и тон емоции.Со неверојатно добро осмислен настап Васил остави силен впечаток. Одличните специјални ефекти дефинитивно ќе останат запомнети на годинешната Евровизија.

Македонија | пред 5 години

5-11

Владата ќе организира јавна расправа за законот за дивоградби

Владата ја отвори дебатата за утврдување насоки во врска со предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, кој е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на законот, одлуката, како што информираат владините служби, е донесена на 71. владина седница.Од таму додаваат дека во широката и темелна дебата било истакнато дека во согласност со законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на парламентот и на државата за да се дојде до најдобро законско решение.„Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите што се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите што се за лично домување и оние што се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните“, се посочува во владиното соопштение.

Македонија | пред 5 години

18052021_PRVSM_Zaev_od-Brisel_2

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска допатува во Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст на напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.Во изјавата што ја даде непосредно пред средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, премиерот Заев истакна дека доаѓа со пораките што лидерите на институциите на Европската Унија добро ги знаат, ги разбираат и одобруваат.„Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите“, нагласи претседателот на Владата Заев.Тој додаде дека Северна Македонија многу сработи, дека испорача и дека сега е време и ЕУ да го испорача ветеното кон нас и тоа без одлагање. Заев рече дека очекува одлука за прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа да го официјализираме почетокот на преговорите уште во мандатот на португалското претседателство со Унијата.„Претставници на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори. Знаат и разбираат дека тоа ниту било, ниту треба да биде на европската маса за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ“, потенцираше премиерот Заев во изјавата од Брисел.Заев дополни дека Северна Македонија во секој момент е подготвена и има апсолутно добра волја за прашања од билатерален карактер да разговараме со Бугарија во секое време без тоа да влијае на нашето пристапување во Европската Унија.Со лидерите на земјите од Западен Балкан имаме неподелен став, истакна премиерот Заев, дека ЕУ не може да смета дека е целосна без регионот и дека секое одлагање на процесот на вклучување на земјите од Западен Балкан ја доведува во прашање неколку пати повторуваната определба на ЕУ за проширување и кредибилитетот на Брисел меѓу нашите граѓани.

Македонија | пред 5 години

Plazi-ohrid

Георгиески: Во моментов работиме на расчистување на плажите од потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани

Со отстранувањето на бесправно изградените објекти на плажите овозможуваме нивно слободно користење без нелегално наплаќање на влез и лежалки. Лежалки ќе може да бидат поставени пред хотелските комплекси но влезот на плажите ќе биде слободен за сите посетители. Во моментов работиме на расчистување на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:‼️Апелирам, стопанствениците на објектите на плажите во опфат на ГУП-от да постапат по решенијата за отстранување од 2017 година и самостојно да ги отстранат објектите. Општина Охрид не отстапува од намерата да ги спроведе законите. Узурпацијата на државното земјиште и бесправното користење на овие објекти како вршење на дејност преку која стопанствениците се стекнуваат со профит претставува кривично дело.Општина Охрид и во следниот период продолжува со отстранување на бесправните објекти. Предмет на постапување ќе бидат бесправните објекти од траен или времен карактер покрај крајбрежјето во опфат на ГУП-от. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Итна одлука за детални проверки на сите објавени и необјавени информации за случајот „увоз на нафтени деривати"

Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија - ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.Владата со загриженост и внимателност им пристапи на изнесените информации и ја потврди силната и одлучна заложба дека нема да има компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина. Со цел расчистување на сите прашања, дилеми и сомнежи изнесени во јавноста, Владата, на предлог на заменикот-претседател во Владата задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси заклучи дека се неопходни брзи, темелни и детални проверки на сите објавени и необјавени информации за случајот во согласност со надлежностите на секоја од институциите за увоз, трговија и контрола.Владата ја задолжи Царинската управа да спроведе внатрешна контрола за конкретниот случај, односно да се испита колкави количини од наведените нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година и под која царинска шифра е извршен увозот и дали податоците во декларациите соодветствуваат со дериватот што е увезен.Државен пазарен инспекторат, во соработка со Бирото за стандардизација и метрологија и со помош на акредитираната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите што увезуваат, како и во институциите што користат вакви горива.Владата го задолжи и Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите увозници и корисници на мазут и на други нафтени деривати.Како заклучок за оваа точка е и задолжението за Министерството за економија да се побара што точно се испитува при увоз согласно Правилникот за квалитет на течни горива и дали одредбите од Правилникот се применуваат согласно европските стандарди.Како последен заклучок Владата наложи сите институции опфатени со овие задолженија контролите да ги направат веднаш, а информациите да бидат доставени во рок од 14 дена.

Македонија | пред 5 години

irena

Слободен печат ги објави последните пораки на починатата Ирена, дали во нив се крие вистината за нејзината смрт?

Откако „Слободен печат“ неодамна објави за смртта на 33 годишната пациентка, која првично беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, а потоа и беа направени три операции, сега стапи во контакт со нејзината сестра со која комуницирала во последните мигови пред смртта.– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана, сестра на починатата пациентка. Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.ИЗВОР: „Слободен печат“ 

Македонија | пред 5 години

Aneta-Simeska-Dimoska

Анета Симеска Димоска назначена за директор на Државниот пазарен инспекторат, на местото од Пауновски

Владата на денешната седница назначи нов директор на Државниот пазарен инспекторат, откако пред еден месец го разреши Стојко Пауновски дознава 24 инфо.За вршител на должност е назначена поранешната пратеничка од СДСМ, Анета Симеска Димоска.Димоска е од Прилеп и по професија е дипломиран инженер технолог.извор: 24 инфо.

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Доколку повторно го изгласа Законот за легализација, Пендаровски ќе го потпише

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека доколку законодавниот дом го изгласа втор пат законот за постапување по бесправно изградени објекти, тој ќе мора да го потпише указот бидејќи, како што рече, со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности.„Ако ме прашувате за мојата реакција доколку тој би дошол повторно кај мене, ставот е апсолутно јасен. Немам намера да не го почитувам Уставот, да изигрувам некаков претседател што има т.н. џебно вето, да не се произнесувам. Ако тој закон биде изгласан со потребното мнозинство втор пат, се разбира, истиот ден ќе го потпишам иако имам серија забелешки. Според она што го кажа премиерот, ќе бидат земени предвид, ќе се разговара за нив, меѓутоа тука завршува мојата уставна надлежност. Ако решат буквално истиот текст да го усвојат со потребното мнозинство, немам избор“, рече Пендаровски.Тој останува на ставот дека законот не е добар.„Нема да бидам задоволен, се разбира, јас тоа не го напишав само за да бројам дека сум ставил вето на некој закон. По долги консултации со истакнати наши правни експерти, ми беше сугерирано дека тоа практично не е одржливо во неколку позиции. Она што јавноста претпоставувам го знае, во повторната расправа во парламентот ако дојде до пленарна расправа, таму пратениците може да расправаат или да даваат амандмани само на она што јас сум го напишал во образложението. Тоа се три правни основи, не може на која било друга одредба или дел од законот“, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

debrca

Наставниците од ООУ „Дебрца“ работат со физичко присуство, бараат итна вакцинација

Наставниците од ООУ „Дебрца“ реагираат до надлежните дека се единствени на оваа територија кои работат со физичко присуство од прво до деветто одделение, а сепак се’ уште не се вакцинирани.Тие бараат итна вакцинација, и потенцираат дека сите процедури од нивна страна се испочитувани и дека мора да се стават на приоритетна листа затоа што покрај работата со физичко присуство доаѓаат на работа со организиран превоз, што е дополнителен ризик за нив, нивните семејства, но и за учениците и нивните пошироки семејства.– Првобитно од МОН побараа списоци кој сака да се вакцинира и општа здравствена состојба на пријавениот, за брзо да побараат списоци на наставници кои предаваат во прво одделение. Следеа списоци доставени до МОН на вработени од второ и трето одделение. Но, бидејќи кај нас е комбинирана настава т.е има наставници кои предаваат и во прво, и второ и трето одделение (ист наставник), па претпоставуваме дека тука настана општ хаос, па од сите вработени од 1 до 3 одделение да повикаат само една наставничка која предава во чиста паралелка (прво одделение, наставничка која предава англиски во истата паралелка и наставникот по ФЗО). Потоа повторно беа препорачани списоци на наставници до 5 одделение за на крај да се пратат списоци на сите наставници до 9 одделени кои сакаат да се вакцинираат, вели за Супер радио и OhridPress директорката Билјана Славевска.Таа информира дека од вкупно 68 вработени во 10 подрачни училишта, биле повикани само 3 лица, од кои биле вакцинирани само 2.– Првата недела од април од страна ја МОН добивме допис да дадеме информација за интерес за вакцинацина за наставен кадар над 50 години. После два дена добивме известување да доставиме дополнително интерес за вакцинација за сите вработени со физичко присуство со назнака за тоа кој ќе изведува настава во прво одделение во учебната 2021-2022 година. Следните денови добивме термини само за тројца наставници и до ден денес немаме никаква информација за термин за останатите наставници. Се обративме до МОН уште во неколку наврати со барање да ни дадат насоки и некое известување, но не добивме никаков одговор. По неколку телефонски разговори, од референтот добивме насоки да се регистрираме на порталот vakcinacija.mk, додава Славевска.Таа потенцира дека денеска се обратила и во вакциналниот пункт во Спортската сала„Билјанини извори“ во Охрид, каде разговарала со претпоставениот, по што и’ било кажано да се обратат до Министерката за образование Мила Царовска.извор: ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска се регистрирани 83 нови случаи на Ковид 19 и починати 2 лица

Во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Регистрирани се 259 оздравени пациенти од:Скопје – 128, Куманово – 25, Битола – 21, Тетово и Струмица – по 10, Виница – 9, Прилеп – 8, Штип – 7, Кичево – 6, Велес – 5, Гостивар – 4, Ресен, Радовиш и Дебар – по 3, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип – по 2, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар – по 1.Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.Направени се 2.704 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово – 8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–57, МАНУ-90, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-218, Биотек-406, Систина-212, лабораторија Лаор-304, Синлаб-42, Ремедика-26, Плодност–29, Генеа–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 718.Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68298, активни 1312Куманово 8784, активни 303Прилеп 8272, активни 160Тетово 7194, активни 116Битола 6271, активни 214Велес 5463, активни 86Гостивар 5159, активни 55Кавадарци 5148, активни 48Охрид 4989, активни 203Штип 4955, активни 67Струмица 4101, активни 89Струга 2972, активни 74Кочани 2776, активни 52Кичево 2540, активни 81Гевгелија 2190, активни 33Неготино 2179, активни 21Свети Николе 1519, активни 42Ресен 1233, активни 41Крива Паланка 1218, активни 7Радовиш 1140, активни 58Берово 1027, активни 8Делчево 967, активни 27Дебар 938, активни 5Виница 874, активни 58Пробиштип 789, активни 16Валандово 665, активни 6Богданци 493, активни 7Крушево 488, активни 22Демир Хисар 397, активни 21Демир Капија 396, активни 2Кратово 367, активни 15Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 267, активни 3Македонска Каменица 247, активни 17Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bocvarski

Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби

По одбивањето на претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот за законот за легализација на дивоградбите, власта ќе бара предлози од пратениците, експертите и јавноста за да се најде решение како да им се помогне на граѓаните, најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Според министерот законот не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.– Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше против Ковид-19 на вакциналниот пункт во Штип.Прашан дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само детални и генерални урбанистички планови.-Таму дополнително во тој регион има и план за управување којшто не секогаш се поклопува со деталните урбанистички планови, така што од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа дали одреден објект во тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој закон сакајќи да го заштитиме Охридскиот регион и културното и природното наследство на државата, изјави Бочварски.Според него, граѓаните, субјектите, институциите,… имаат право да поднесат барање за оспорување и за оценка на уставноста на законот во тој дел, но од тој аспект смета дека ова е правилно решение за да се заштити регионот под УНЕСКО и таа одредба во законот воопшто не е спорна. 

Македонија | пред 5 години

divogradba-2

ААМ: Бесправно изградените објекти ги проблематизираат реализациите на легалните детални планови и генерираат просторни, инфраструктурни, но и финансиски проблеми

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) реагира на повторно носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Оттаму велат дека овој закон ги поништува важечките прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и според нив, дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.Во продолжение, ви ја пренесуваме целосно пренесува реакцијата на ААМ:Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е против повторно носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти затоа што тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.Доколку сепак, и покрај сите наведени причини Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти биде донесен, инсистираме во законот задолжително да се вметне потребата од спроведување на сите постапки, неопходни за добивање дозвола за градба. Ги повикуваме и колегите од Комората на градежни инженери и другите струкови здруженија да не поддржат во оваа иницијатива.Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и законот за градење бидејќи истиот ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси.Дополнително, со ваквите законски решенија се поништуваат сите стручни процедури од план до градба, нешто кое треба да ги гарантира правниот, но и безбедниот статус на секоја градба, при што никако не смее да се елиминира аспектот на зачувување ниту на приватниот, ниту на јавниот интерес. Бесправно изградените објекти ги проблематизираат реализациите на легалните детални планови и генерираат просторни, инфраструктурни, но и финансиски проблеми во случај на нивно рушење и обесштетување на веќе легализирани објекти.Во нашата држава постои значајна правна легислатива со која се регулира обемната проблематика, а која се однесува на уредување на просторот. Конкретно со:– Закон за просторно и урбанистичко планирање– Закон за градење– Закон за градежно земјиште– Закон за катастар на недвижностиВо членот 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање е наведено дека:„Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на Просторен план, урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, регулациски план на генерален урбанистички план и урбанистичко-проектна документација, со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата“.Процедуралната некомпатибилност на сегашното предлог, законско решение за утврдување на правен статус на бесправно изградените објект се потврдува со членот 21 став 1 од законот каде со решението за утврдување на правен статус објектот се здобива со право да биде вклопен во планската документација независно од законските и подзаконските акти со кои се дефинираат начелата и се уредуваат правилата на урбанистичкото планирање. На тој начин, повторното амнестирање на, со закон санкционирани активности во просторот не само што нема да реши ниту еден проблем туку дополнително ќе ги заостри, со очигледно занемарување на владеењето на правото во делот на уредување и управување со просторот.Истовремено, со ваква декриминализација на бесправното градење се доведува во прашање и правната, материјалната, социјалната и финансиската еднаквост на учесниците во градбениот процес. Односно, државата покрај тоа што не успева да го менаџира просторот, не успева ниту во правниот сегмент од нејзиното правично владеење.Потсетуваме дека целиот процес на легализација на бесправно изградените објекти трае повеќе од 10 години и тука се поставува прашањето дали ќе се продолжи и со трет закон. Законот за легализација изгласан во 2011 година требаше да претставува трајно решение, нешто кое е спротивно на актуелните случувања со новиот закон (кој е во процедура) од кој се гледа дека решение повторно нема ниту на повидок.Во таа смисла ААМ апелира уште еднаш да се разгледа потребата од носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, бенефитите, но пред сé проблемите кои тој закон ќе ги предизвика, на долг рок.Просторот е необновлив извор кој треба многу внимателно и паметно да се планира. Сите непланирани повреди на истиот треба да бидат соодветно санкционирани.Бесправното градење треба да биде казниво!

Македонија | пред 5 години

Foto-2-1

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски прими вакцина против Ковид-19 

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ "Перо Наков", прими вакцина против Ковид-19. Во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација.„Термин за вакцинирање јас добив за вчера, меѓутоа бевме на еден службен пат кој беше одамна закажан, бевме и на регионален собир. Одлучив да се вакцинирам во друг град бидејќи има шпекулации, дезинформации наводно дека едни вакцини се даваат во Скопје, други вакцини се даваат во други градови. Затоа е добро да ја разбиеме таа шпекулација, мислам дека е добро и за другите, и за останатите што се на функција да го направат сличното. Јас сакам, на 8.06 кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж. Треба што побрзо да го направат тој чин затоа што е добро што побрзо да се вратиме во нормала и во приватните животи и во она што е професија“, рече меѓу другото во изјавата по вакцинирањето претседателот Пендаровски.извор: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

1-3

(ФОТО) Приведен дилер на дрога од Тетово, при претреси пронајдена дрога и пиштол

Денеска во 12.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово бил лишен од слобода Б.Б.(21) од Тетово.Имено, при извршени претреси во дом и помошни простории во с.Боговиње и на ул.„Штипска“ во Тетово била пронајдена поголема количина марихуана и пиштол , кој го поседувал без дозвола. Дрогата е предадена на вештачење, а Б.Б. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно чл.215 од Кривичниот законик. фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Град Скопје го отвори зелениот покрив на домот на градежници

Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот - покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри. Ова ново зелено катче денеска и официјално го отворија за посетители градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.- По фантастичното искуство што го имавме со отворањето на зелениот покрив на Градскиот трговски центар ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Таа се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што и тоа како ни е потребно зеленило. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летно кино, а граѓаните од околината можеле да уживаат во кино-претстави. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено „немо“ кино во кое со слушалки ќе се гледа претставата, за да не пречиме на соседството. Ем ќе ги вратиме спомените, ем ќе го облагородиме овој простор – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека Градот Скопје многу вложува во зеленилото, а деновиве почнува и сезоната на пролетно садење.- Сакам да упатам голема благодарност до амбасадата на Кралството Холандија и до заменик амбасадорот Роберт Декер за донацијата на муралот кој што го облагороди изгледот на овој објект – нагласи Шилегов.Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Скопје | пред 5 години

mnr

МНР прогласи руски дипломат за непожелна личност во С. Македонија

Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.извор: МНР

Македонија | пред 5 години

Brako

„Брако“ Велес: Ниту г. Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут

Генералниот директор на „Брако“ Велес, проф. д-р Кочо Анѓушев, како тенденциозни и невистинити ги отфрла наводите изнесени во емисијата „Редакција – Заговор против воздухот, Епизода 1, ИРЛ“, емитувана на МРТВ Програма 1, на 16.05.2021 година. Правниот тим на „Брако“ најавува тужба кон Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Скопје, под уредништво на Сашка Цветковска и категорично демантира дека на каков било начин е одговорен или поврзан со увоз или користење на токсични масла.Ниту г. Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут ниту, пак, „Брако“ Велес е голем потрошувач на мазут во Македонија. Вистината е дека „Брако“ Велес никогаш не увезол мазут, а минималните количини што ги троши за работа на погонот за цинкарата се набавуваат на пазарот во Македонија од увозници кои се занимаваат со таа дејност. Како илустрација на тоа дека „Брако“ учествува во потрошувачката на мазут во државата со промили, треба да се знае податокот дека „Брако“ Велес годишно троши околу 100 тони мазут, а вкупната годишна потрошувачка на мазут во РС Македонија, како што е наведено и во емисијата, е околу 30.000 тони. Впрочем и од вкупните годишни набавки на мазут кои се одвиваат преку секторот за набавки на Брако, само 15% од потребите се од добавувачот наведен во емисијата Евротим. А според Правилникот за течни горива, надлежен за контрола на составот и квалитетот на увезениот мазут во РС Македонија е Пазарниот инспекторат, што значи дека, штом предметниот мазут бил дозволен и пуштен во промет од надлежни органи, „Брако“ нема сопствена лабораторија за да го проверува квалитетот, се вели во демантот од Генералниот директор на „Брако“ Велес, проф. д-р Кочо Анѓушев.Во продолжение на истиот се додава:Впрочем со завршувањето на новата инвестиција во погонот за поцинкување во „Брако“, од следниот месец ќе биде комплетно изфрлен мазутот како енергенс.Новинарката Сашка Цветковска ова сето можеше да го дознае и да го изнесе во емисијата доколку имаше желба. Контактот со неа беше веднаш воспоставен по телефонскиот повик кој беше емитуван во емисијата, но и по 3 месеци од поканата да дојде во просториите на Брако и да се информира или да сними изјава од официјален претставник, таа не најде за потребно да сними или да испрати прашање, но напротив си даде за право да прави крајно непрофесионални и тенденцизни шпекулации, и со тоа да ѝ нанесува штета на една од поуспешните македонски компании.Што се однесува до наводната конспиративна средба во Владата на РСМ, Кочо Анѓушев изјавува дека навистина е остварена средба со г. Изудин Ахметовиќ, но и според официјалните документи достапни во архивата на Владата, на таа средба г. Ахметовиќ доаѓа као претставник на коморското здружение „Бизнис центар“ Тешањ – Јелавиќ од БиХ. На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Во времето додека беше потпретседател на Владата за економски прашања, г. Кочо Анѓушев има остварено преку 4.000 официјални средби.Истовремено, би сакале да ја истакнеме нашата почит кон слободата на изразување, како темел на демократското општество, меѓутоа слободата не подразбира непрофесионалност и клевета. 

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид: Упатуваме апел до јавноста, до родителите, раководниот и наставниот кадар да постапуваат достоинствено и да не ги злоупотребуваат темите за мултиетнички соживот во негативна конотација

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека има етничка селекција на ученици при уписите на првачиња во ООУ „Братство Единство“ и останатите основни училишта на територијата на општината, општина Охрид ја информира јавноста дека врз основа на член 63 од Законот за основно образование („Сл.весник на РСМ “ 161/19), член 36 од Законот за локална самоуправа(„Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 18 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на 8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), Советот на општина Охрид на седницата одржана на 29.05.2020 година има донесено одлука за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид, се вели во соопштението од Одделение за односи со јавност при Општина Охрид.Во продолжение на истото од Општина Охрид додаваат:Оваа одлука беше донесена врз основа на воочените недостатоци во делот на опфатот на реонот од училиштата и улиците во Одлуката за мрежата на основните училишта во општина Охрид од 11.05.1990 година (Службен гласник под бр.3 бр. 08 – 5953 донесена од Собранието на општина Охрид). Со новодонесената одлука за реонизација се направи соодветна измена и дополнување со што се овозможи упис на ученици во прво одделение во основните училишта на територијата на општина Охрид, согласно закон.Училишната мрежа на основното образование на подрачјето на општина Охрид ја сочинуваат 8 општински основни училишта во кои наставата се изведува на Македонски јазик. Припадниците на заедниците кои следат настава на Албански и Турски јазик, се запишуваат во училиштето ООУ „Братство Единство“, освен оние ученици кои сами ќе изразат желба да одат во друго училиште.Ова основно училиште отсекогаш било вистински пример за соживот, меѓусебно почитување и толеранција и повеќе од седум децении функционира врз принципите на мултикултурализмот како основна вредност за заедништвото во едно општество. Ова го потврдуваат генерациите успешни и реализирани ученици од сите етнички заедници, голем број признанија и награди, како и успешната имплементација на меѓународни проекти за интеграција во образованието.Упатуваме апел до јавноста, до родителите, раководниот и наставниот кадар да постапуваат достоинствено и да не ги злоупотребуваат темите за мултиетнички соживот во негативна конотација, преку која се создава погрешна слика и се остава лош впечаток за мултиетничкото живеење во нашиот град.Исто така, упатуваме апел до родителите да ја почитуваат одлуката за реонизација на основни училишта во Охрид, да ги запишуваат учениците во ренското училиште и без објективни причини да не бараат потврди за промена на реонското училиште. 

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев на собраниска говорница излезе со марама „палестинка“ во знак на солидарност со палестинскиот народ

Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, денес, во знак на поддршка и солидарност со палестинскиот народ, на говорницата во Собранието на излезе со препознатливата марама „палестинка“.-Во бомбардирањето на Газа од страна на Израел, деновиве животот го загубија стотици цивили меѓу кои и 40 деца! Кога зборуваме за 40 загинати деца лесно е на бројката да гледаме како на уште само една трагична статистика, но тоа се човечки животи, со своја приказна и не може да се сведат на бројка. Ова се нивните имиња:Јазин ал Масри, 2 годиниАмир ал Танани, 7 годиниИбраим ал Масри, 11 годиниАдам ал Танани, 4 годиниЈахја Калифа, 14 годиниМухамед ал Танани, 3 годиниЛина Шафер, 16 годиниИсмаил ал Танани, 8 годиниМустафа Обаид, 17 годиниАхмед ал Хаваџри, 14 годиниБашар Самур, 17 годиниМухамед абу Дија, 1 годинаИбраим Хасанајн, 16 годиниОур ал Замили, 2 годиниМухамед Сулејман, 16 годиниИбраим ал Рантиси, 1 годинаХусеин Хамад, 11 годиниФавзија абу Фарис, 17 годиниБара ал Гарабали, 6 годиниИслам ал Атар, 8 годиниРахат ал Масри, 10 годиниАмбер ал Атар, 6 годиниМавран ал Масри, 7 годиниМухамед ал Атар, 1 годинаХамза Али, 12 годиниАбдула Џавда, 13 годиниХала ал Рифи, 14 годиниСухаиб ал Хадиди, 13 годиниЗаид ал Талибани, 5 годиниАбдул Рахман ал Хадиди, 8 годиниАмаар ал Амур, 11 годиниУсама ал Хадиди, 6 годиниХамада ал Амур, 13 годиниМариам абу Хатаб, 8 годиниКалид ал Кану, 17 годиниЈаман абу Хатаб, 6 годиниЛина Иса, 14 годиниБилал абу Хатаб, 9 годиниБатена Абид, 6 годиниЈусуф абу Хатаб, 11 години, рече Апасиев.  

Македонија | пред 5 години

maslo-5

Левица: Олигархијата во спрега со власта го труе народот со токсично масло

Објавената сторија на ИРЛ, за увоз на опасно масло, кое е забрането во ЕУ, јасно покажа дека за приватниот капитал нема граници, ниту принципи, кога е во прашање максимизирање на профитот! Изминативе години, додека годишно над 3.000 животи беа жртви на загадениот воздух, социјал-демократската власт дозволувала увоз на токсично масло, под лажен назив “масло за горење”, преку анонимна фирма од Кичево, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Кичевската фирма „Евротим”, без никакво портфолио, преку босанска фирма увезувала опасно масло, со кое ги снабдувала, пред се, поранешната компанија Фени и велешката фирма Брако, поврзана со Кочо Анѓушев. Токму поранешниот вицепремиер Анѓушев, бил главниот посредник кој овозможил кичевската фирма да го увезува маслото преку босанската фирма Хулф Оил, која ја следат повеќе скандали на корупција.Со токсичното масло биле снабдувани дури седум болници, меѓу кои и кумановската болница за која и оваа година Владата не одвои буџетски средства за нејзина гасификацација. Токму Куманово рушеше рекорди на загаденост и го стигна приматот на најзагаден град во светот.Сепак, од токсичното масло најмногу профитирале приватните фирми, затоа што истото има енормно пониска цена, поради неговата забрана за користење во Европа. Додека Владата на СДСМ трошеше државни пари за скапа кампања за влез во ЕУ, истата со грубо кршење на европските регулативи, дозволила влез на канцерогено масло во државата, се вели во соопштението од Левица.Од Левица додаваат:Македонија со Владата на СДСМ стана депонија на отпад кој не може да се продаде во ЕУ, а алчната желба за профит на функционерите на СДСМ дури и во смртноста од загаден воздух гледаат можност за заработка. Покрај Брако, најголем увезувач на токсичното масло е поранешно Фени Индустри на актуелниот градоначалник Митко Јанчев, кое е познато меѓу Кавадарчани по неговите оџаци на смртта.За скандал од вакви размери, каде директно е доведено во прашање животот на граѓаните, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев уште вчера мораше да биде повикан пред истражните органи. Дополнително, Основно јавно обвинителство мора итно да покрене истрага и да утврди одговорност за сите институции кои биле запознаени со случајот и ништо не преземале. Пред се, мора да има кривична одговорност од поранешниот директор на Царинската управа - Ѓоко Танаскоски, во чие раководење се реализирал скандалозниот увоз. Дополнително, актуелниот директор Горан Сугаревски мора веднаш и неодложно да ги преземе сите чекори за прекин на увозот на ваквото опасно масло. Со секој изминат ден, животот на граѓаните се доведува во опасност и Сугаревски ќе се смета за соучесник во ваквиот криминал, за кој ќе биде гонет кога институциите ќе се ослободат од заробеноста на хибридниот режим.

Македонија | пред 5 години

EURO-himna

(ВИДЕО) Македонското знаме на спотот на официјалната химна за Европското првенство

Македонското знаме се наоѓа на спотот на официјалната химна за Европското првенство која ја изведуваат Мартин Гарикс и Боно Вокс.Нашето знаме се наоѓа на крајот на спотот каде навивачите пијат пиво во еден паб и гледаат спортски натпревар.

Македонија | пред 5 години

jutjuber

(ВИДЕО) Mлaд јутјyбeр глуми дека е КОВИД позитивен и на постари луѓе им нуди 100 евра за да се сокрие во нивниот дом!

За некои комична ситуација, за други недозволено однесување кое може да предизвика и страв кај граѓаните. Во земјава се почесто излегуваат нови јутјубери, а видеата кои се споделуваат на ТикТок и Јутјуб се далеку од она што може да се види на каналите на светските јутјубери.Сакајќи да привлечат што повеќе следбеници, некогаш самите јутјубери предизвикуваат страв и несигурност кај граѓаните.  Таков е примерот и со ова видео во кое се гледа како стари луѓе бегаат од млад дечко кој глуми дека е позитивен на коронавирусот, и кој им нуди 100 евра за да преспие кај нив односно да се скрие од институциите.Видеото е направено да биде шега од страна на струмичкиот јутјубер, но погледнете како реагираат граѓаните. 

Македонија | пред 5 години

rada

Шекеринска: Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите

Радмила Шекеринска, екс заменик претседател на СДСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ по завршениот Конгрес на владеjачката партија ги изнесе првите коментари во кои тврди дека не постои неединство на „Бихаќка“, туку разни идеи и концепти.-Тим е луѓе кои ги имаат истите вредности, понекогаш со разни идеи, но лојалноста не се мери колку пати ќе кимнете со главата, туку колку пати ќе говорите. Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите, рече Шекеринска.Министерката за одбрана демантира дека има „скопско крило“ и „бранковисти“ кои внесуваат несогласување во СДСМ.-Од 2013 се уморив на оваа тема, зарем во Скопје немаме разлики, јас повеќе со скопските колеги дискутирам и имам повеќе разлики со нив. Јас мислам дека тоа не е реално, и оваа тема 2013 и 2014 беше актуелна. Бев една од обвинетите дека сум против бојкотирањето на локалните избори. И тогаш ме повикаа да помагам на локалните избори на многу места, а потоа ми рекоа дека во ниту еден момент не сум ги оставила на цедило, беа дел од коментарите на Шекеринска. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања