Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pendarovski-i-radev

Пендаровски и Радев со бугарски авион ќе патуваат за Рим на заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј

Македонска и бугарска делегација на 26 овој месец со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.Според програмата македонската делегација, предводена од Пендаровски и бугарската, предводена од Радев ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск.Црковната делегација на МПЦ-ОА, пак на 24 мај, на Денот на сесловеснките провестители, предводена од владиката Пимен, ќе замине за Рим, каде ќе чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил во чест на сесловенските просветители.Пендаровски и Радев лани ја откажаа посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј поради влошената состојбата со пандемијата на Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

divogradba2

360° истражува дивоградба во Бутел: Во саботата градежни активности, по снимањето истите се срушени - но кој гради?

Во Скопје се гради на секој чекор. Но, не секаде е по пропис. Еден куриозитет, пред очите на сите, се случува на улицата „Ферид Бајрам“ 48 во скопски Бутел. Пред зграда на таа адреса, на паркингот, во неколку наврати некој се обидува да го „присвои“ просторот и да гради во продолжение на дел од станбениот објект. Не само што намената на спорната парцела 551/2 е за зеленило, според деталниот урбанистички план, туку и земјиштето е државно, објави 360stepeni.mkАдвокатот на еден од засегнатите сопственици на имот во станбената зграда, Еленко Миланов, вели дека обидот да се гради трае од 2019 година со тргни-застани динамика. Последен пат работници на терен се забележани во саботата, по празникот Рамазан бајрам.Појавувањето на камерата на 360stepeni.mk како да ја смени целата приказна која трае повеќе од две години, и тоа за само три дена.Во саботата се регистриравме градежните активности на парцелата за која со увид во податоците од катастарот утврдивме дека навистина е во државна сопственост. Неколкумина мајстори работеа на изградба на бетонската плоча, откако веќе ги изградиле столбовите.Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека имале интервенција по пријава при крајот на минатата година и дека било легитимирано едно лице. Неофицијално, извори од МВР велат дека полицајците од СВР Чаир го легитимирале лицето Агрон Халими, во јавноста познат како сопруг на градоначалничката на Арачиново, Меликие Халими. Во телефонски разговор со „360 степени“, Халими негира дека гради на посочената локација и вели дека неговото име никаде не фигурира како инвеститор на градба. Кој точно гради, прашавме и во Општина Бутел. Но, и градоначалникот Велимир Смилевски тврди дека не знае. Иако, додава, не е првпат да има обид да се постави бетонска конструкција на оваа локација.Текстот во целост на: 360stepeni.mkфото:  360stepeni.mk

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска умерено облачно, потопло и стабилно време дури за викенд

Времето денеска во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени Целзиусови.Во Скопје, во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.Утре ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер. Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бугарска болница ќе вакцинира Македонци во меѓуграничниот простор

Медицинскиот центар „Комак Медикал“ на д-р Милен Врабевски со помош на повеќе бугарски министерства и Царинската агенција, започна со вакцинирање против Ковид-19 на граѓани од Македонија на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село на бугарско-македонската граница, јави дописникот на МИА во Софија.Оние кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа само по претходна резервација на телефон: +359 886 800 264 (Viber) и +359 882 516 981 (Viber). Откако ќе изјават желба за вакцинирање на овие телефони, тим на „Комак Медикал“ ќе контактира со луѓето за конкретен датуми и време за вакцинирање. Кампањата започна по одобрение добиено од поранешната бугарска влада на Бојко Борисов.Како што изјави Врабевски за МИА, граѓаните на Македонија нема да имаат потреба од ПЦР тест, бидејќи вакцинацијата ќе се врши во пограничната област на двете земји. Тој минатата среда најави дека отвора зелени коридори за вакцинација, а на пунктовите ќе се користат сите вакцини одобрени од ЕУ.

Македонија | пред 5 години

panovski

Доктор Пановски советува: Не брзајте да проверите антитела по вакцинацијата има лица кои на вакцината реагираат само со клеточен имунитет

Не брзајте да проверите антитела по вакцинацијата. Oва категорично го тврди докторот Никола Пановски кој во изјава за Скопје Инфо вели дека проверката на антитетела по вакцинација не се препорачува во светски рамки, а и кај нас, иако тоа не е штетно, напротив е корисно.Ако се препорача од здравствените власти, треба и да се обезбеди бесплатно тестирање. Тоа е веќе сериозен трошок, сличен на трошокот за вакцината. Ако вакцинираме по 15000 лица дневно, верувајте многу посложено е на тие 15000 по месец дена од втората доза, во еден ден, да им се земе крв, истата да се центрифугира, во рачни процедури да се оддели серумот, па потоа да се стави во апарат. Скоро неизводливо, а и реков скапо колку и вакцината, додава Пановски.Тој вели дека тестот за антитела може даде јасна слика за тоа дали делувала вакцината, но има лица кои на вакцината и на инфекцијата реагираат само со клеточен имунитет.Ако има антитела над референтните вредности, особено ако се тие многу над референтната вредност, јасно е дека вакцината „се фатила“. Организмот ја препознал и реагирал на неа, вели Пановски.Текстот во целост на: Скопје Инфо

Македонија | пред 5 години

brdo-brioni

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на процесот Брдо-Бриони на самитот, укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за целиот регион на Западен Балкан, а не за одделни земји.Лидерите на Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина присуствуваа на состанокот по повод 10-годишнината од иницијативата.Заедничката изјава го поздравува усвојувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан од октомври 2020 година, како и фактот дека, како што се наведува, е придружен со значителни финансиски средства.Документот нагласува дека, како составен дел на Европа, Западен Балкан има права и обврски да го следи развојот на земјите-членки на ЕУ што е можно повеќе, со олеснет пристап до Унијата.Лидерите на процесот Брдо-Бриони истакнаа дека се посветени на заедничката стратешка визија за Европа и ја истакнаа нивната посветеност на мирот и стабилноста, вклучително и добрососедските односи.„Западен Балкан е дел од Европа и обединувањето на Европа не е целосно без Западен Балкан. Со членството во ЕУ, границите меѓу земјите-членки стануваат помалку важни, што создава поширок простор за соживот и плуралност на националните интереси”, се вели во документот .„Ја повикуваме ЕУ да го забрза процесот на пристапување многу брзо и да го вклучи целиот Западен Балкан во Унијата, имајќи го предвид напредокот што го направи секоја земја“, порачаа политичките лидери.Тие изразија јасен став за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, без натамошно одложување.Во однос на предизвиците на пандемијата Ковид-19 и нејзините економски и социјални последици, тие ја истакнаа потребата да се искористи закрепнувањето како можност за зелена и дигитална транзиција што ќе доведе до одржлив развој и ќе им понуди можности на помладите генерации.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(АУДИО) Нова „бомба“ од конгресот на СДСМ: Го сменивме Стојко Пауновски затоа што работеше по словото на законот

Нова снимка на социјалните мрежи се појави попладнево од вчерашниот затворен дел од 26. конгрес на СДСМ. Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот конгрес на СДСМ го критикувал раководството на партијата поради разрешувањето на Стојко Пауновски.https://twitter.com/reformivosdsm/status/1394242870123581440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1394242870123581440%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmk.tv21.tv%2Fvideo-nova-bomba-od-kongresot-na-sdsm-go-smenivme-stojko-paunovski-zatoa-shto-raboteshe-po-slovoto-na-zakonot%2F „Нека извини пред хиерархијата, меѓутоа ако хиерархијата тера да правам нешто што четири години сум го зборувал дека сум против тоа. Имајќи во предвид дека вработените не мора да идат на работа, што сме направиле? Од шупље во празно. Ве молам таа грешка колку што може да се исправи, поради тоа што да кажеме едно образложение пред луѓето, пред граѓаните дека нема да ги менуваме тие што навистина работат по словото на закон. А човекот работеше по словото на законот бидејќи го познавам долги години уште како претседател на општинската во Тетово, каде што за време на изборите, активности имав и ги знам луѓето“, се слуша како вели Митревски.

Македонија | пред 5 години

kosta

Георгиески за ТВ 24: Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба

Константин Георгиески градоначалникот на Охрид во емисијата 24 анализа во однос на диовоградбите во Охрид, рече дека со овој закон е предвидено целокупниот регион кој е заштитен од УНЕСКО да се изземени од законт за легализација.„Има тука различен момент за граѓаните кои живеат на заштитените подрачја. На територијата на Охрид имаме јасна слика на сите беправно изградени објекти. Точната бројка се шпекулира за околу 20 000 градби, но тоа не е така, бидејќи во општината имаа 16 000 предмети за легализација, како резултат на незапишани права во минатото. Имаме и добар дел на објети кои се класични дивоградби. И сега имаме две опции, или рушење или легализација, Проблемот не е во законот за легализација, туку што ние не работиме на превенција. И сега да донесеме закон за легализација, што после носењето на тој закон да не ни се појават пак дивоградби? Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба.“ - вели Георгиески.извор: ТВ24.мк

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има, и дека следните ќе се одржат во 2024 година.– Тесното мнозинство ја држи Владата будна. Сметам дека време е да одработиме до крај, така што следните парламентарни избори би биле во 2024 година. После сериозни процеси, како што беа уставните измени, новата методологија на ЕУ, ние излеговме на избори за да провериме дали имаме поддршка од граѓаните, дали одиме по добар пат.Граѓаните одлучија дека сме на добар пат и тоа е доволно, имаме мандат четири години. Северна Македонија пати од предвремени избори. Еднаш треба да одработиме цел мандат за да ги видиме резултатите од Влада со мандат од четири години. Предвремени избори имаат влијание врз економијата, тоа значи заостанување. А сите тие договори од Преспа, со Бугарија се за економија, за работни места и избор, повисок БДП, Европа да ја донесеме дома – потенцираше Заев во интервју во дневникот на Јавниот сервис.

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Упатувам порака до нашиот сосед Бугарија да покаже европска големина, да продолжиме да градиме пријателство и да ја градиме историјата сега

Премиерот Заев во интервјуто за вестите на Националната радиотелевизија истакна дека верува дека ќе се најде решение за отворените прашања со Бугарија, и упати порака директно, до претседателот Радев и до техничката Влада во Софија да покажат европска големина кон еден од своите први соседи, Северна Македонија да дадат шанса да го продолжи процесот за нашата земја за членство во ЕУ и се повика на консензуалната одлука на сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија, дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите.Тој додаде дека очекува да се одржи првата меѓувладина конференција, откако ќе се одржи состанокот на Советот на министрите кога ќе се донесат одлуките и ја повика Бугарија да продолжи во духот на европските манири и да го сврти повторно вниманието на Европската Унија кон овој регион.„Да продолжиме да градиме пријателство, важно е каква историја пишуваме сега, нашите млади луѓе сакаат да ги отвориме вратите и можностите за соработка, а не да бидеме заглавени во минатото“, оцени премиерот Заев.Тој додаде дека со неговата посета на Брисел минатата недела соопштено е на сите европски институции и сите европски земји дека додека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се на маса, нема да преговараме.„За идентитетот и јазикот не се преговара. Тоа што треба да го знае нашиот народ, е дека Европа должи. Ние испорачавме сѐ. Северна Македонија е земја која најмногу чекала од сите кои што сакаат да го продолжат европскиот пат. Од сите земји што некогаш биле кандидати денес се членки или се уште се кандидати ние чекаме најмногу, 16 години“, рече премиерот Заев во интервјуто и порача дека без Северна Македонија е загрозено проширувањето на ЕУ која самата таа го прогласи за своја стратешка цел.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Приведено лице на скопскиот аеродром, запленети марихуана и хашиш

На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш.К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

Foto-2

Стево Пендаровски и Вјоса Османи разговараа за зголемување на соработката на повисоко ниво

Во рамки на учеството на процесот Брдо - Бриони, во Брдо кај Крањ, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.Претседателот Пендаровски упати честитки до претседателката Османи за стапувањето на функцијата и изрази подготвеност за засилена соработка на највисоко ниво во следниот период.На средбата соговорниците го реафирмираа интересот за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес и порачаа дека продлабочувањето на добрососедските односи меѓу двете земји ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.Покрај ова, беа разменети мислења за актуелностите поврзани со евроинтеграцијата, процесот на вакцинација и справувањето со последиците од пандемијата на Ковид 19 во двете земји.Од своја страна, претседателот Пендаровски ги поздрави најавите на новото косовско раководство за сеопфатна борба против организираниот криминал и корупцијата, подвлекувајќи дека таквиот процес ќе даде огромен придонес, како за развојот на Косово, така и за целиот регион.Соговорниците разговараа и за најновите моменти на дијалогот помеѓу Косово и Србија, при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека тоа е дијалог помеѓу две суверени држави и дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон зајакнување на регионалната стабилност.

Македонија | пред 5 години

kumanovo

(ВИДЕО) Две жени сметот го фрлаат во река

Еколошката свест кај граѓаните на многу ниско ниво.  Снимка на социјалните мрежи за која објавувачот вели дека е во Куманово го докажува тоа.му тоа.Имено на снимката се гледа како две жени едната со количка, а другата во ќебе носат многу смет и истиот го фрлаат во реката.Погледнете го видеото во продолжение...извор: ФБ

Македонија | пред 5 години

14566359_1743750159207476_462513656011741540_o

Ременски: МВР сеуште од Сиљан пензионерот не ги бара 41-ата плата назад, а Лазе пензионерот заврши во пензија со дискреционо право на работодавачот

Сигурно началникот на Одделот за организиран криминал во МВР, сега пензионерот Лазе Велковски "америчкиот професионалец" се смеел кога на 25 Мај минатата година ги објавив документите и пријавите со лажгите во парламентарен надзор за Сиљан Аврамовски - "америчкиот професионалец" за кого 41 месец не важеле законите за пензионирање на оваа држава, туку важел "законот по Мијалков", напиша на својот Фб профил Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Наместо тогаш, пензионерот Лазе да засука ракави и по службена должност да отвори постапка по оваа пријава во МВР, тој избра да го прикрива незаконскиот претрес во мојот дом на кои кумуваа "удбаши со паднати панталони", а раководен од неговата довчерашна шефица Вилма.Денес кога е впрегната медиумска ергела во одбрана на Лазе пензионерот, чиишто права биле прекршени и кога се бројат закони кои биле прекршени намерно ќе отсуствува мојот стручен аргумент за оваа тема. Прво, затоа што Лазе мижеше на очигледниот криминал во МВР кој беше должен да го расчисти и кога беше директор на БЈБ и кога стана началник на организиран криминал и кога отиде истражител кај Вилма.Но, за сметка на тоа се зафати со прикривање на незаконски претрес со другарите од внатрешна контрола, се смееја дека ја откачиле професорката од конкуренција и тој и тие околу него и продолжи да прави финти "ала Диме Спасов и Бранко" со сообраќајките. Лазе едно време прикриваше и сообраќајки на видни функционери, за тие што не знаат.Да беше Лазе професионалец немаше да ја премолчи оштетата на Буџетот на МВР од над 250.000 евра во незаконски плати и бонуси на пензионерот Сиљан, туку ќе го расчистеше и немаше да се смее, зошто не беше и не е смешно.Е сега, МВР сеуште од Сиљан пензионерот не ги бара 41-ата плата назад, а Лазе пензионерот заврши во пензија со дискреционо право на работодавачот кое за време на Сиљан не важело, ама тогаш важел "законот по Мијалков".Така му иде тоа Лазе - на криминалот на кој вчера си се смеел, денес велиш дека е криминал.Штета што ЈО Бундалевска што за Сиљан рече дека "овој криминал не е криминал" по "америчка" заслуга отиде во Вишото ЈО, во спротивно ќе ти го решеше и твојот проблем.ММЕ кој прв почна, напиша Ременски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Натепани три лица во својот дом во Илинден поради долг

Три лица биле натепани во својот дом во населбата Илинден поради долг.Нападот доцна синоќа го извршиле С. В. (21), П. Ѓ. (19), С. М. (26) и Н. П. (26).Тие со употреба на сила влегле во домот на З. П. (52) во населбата Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З. П., К. П. и Л. П.. Според пријавеното, З. П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н. П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З. П., К .П. и Л. П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К. П. кон напаѓачите.Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ пониска цена само на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на одлуката од 10.5.2021 година.Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.5.2021 година.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.Од 18.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин еуросупер БС – 95 68,00 (денари/литар)Моторен бензин еуросупер БС -98 70,00 (денари/литар)Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,596 (денари/килограм) 

Македонија | пред 5 години

kosta-4-1

Проектот „Обуки за напредни технологии во автомобилската индустрија“ кој ОЕМУЦ ќе го имплементира во соработка со „Костал“ со поддршка на Амбасадата на Швајцарија

Проектот „Обуки за напредни технологии во автомобилската индустрија“ кој ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ ќе го имплементира во соработка со компанијата „Костал“ и со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија е од исклучително значење за создавање на подобри услови за практична настава во техничките струки, но и за креирање на квалификуван кадар кој ќе може да одговори на потребите за стручна работна сила на компаниите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на соработка.Особено сум горд што преку голема посветеност на локалната самоуправа и раководството на училиштето, успеавме ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ да го претвориме во репрезентативно училиште со значително подобрени услови за настава, се со цел да се зголеми бројот на ученици кои ќе се одлучат за стручно образование.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Javen-povik-Velosipedi-2020

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Охрид за купување велосипеди во 2021

Опис на јавниот повик1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои купиле или ќе купат нов велосипед.https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/%D0%88%D0%90%D0%92%D0%95%D0%9D-%D0%9F%D0%9E%D0%92%D0%98%D0%9A-%D0%97%D0%90-%D0%A1%D0%A3%D0%91%D0%92%D0%95%D0%9D%D0%A6%D0%98%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%A0%D0%90%D0%8A%D0%95-%D0%97%D0%90-%D0%9A%D0%A3%D0%9F%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95-%D0%92%D0%95%D0%9B%D0%9E%D0%A1%D0%98%D0%9F%D0%95%D0%94%D0%98-%D0%92%D0%9E-2021-%D0%93%D0%9E%D0%94%D0%98%D0%9D%D0%90.pdfПовеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 5 години

tocak-1024x1024

Објавен повикот за субвенции на велосипеди за граѓаните на подрачјето на Општина Охрид

Од денеска е објавен повикот за субвенции на велосипеди за граѓаните на подрачјето на Општина Охрид. Субвенциите се однесуваат на купени велосипеди од 1.01.2021 година и истите опфаќаат покривање на:70% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 8.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за невработените лица, лицата кои имаат право на социјална парична помош или лицата кои се приматели на постојанасоцијална помош. 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за лица кои се во работен однос и чии месечни нето приходи не ја надминуваат просечната месечна исплатена нето плата за месец февруари 2021 г, во износ од 27.948,00 мкд.Јавниот повик трае 5 работни дена од денот на објавување на официјалната веб страна на општина Охрид. Прочитајте повеќе: https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0…/

Македонија | пред 5 години

protest-obrazovanie-4

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ достави предлог за референдум против Законот за учебници

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска до Собранието достави предлог за покренување на граѓанска иницијатива за распишување на референдум. Оттаму бараат можност граѓаните да се изјаснат за нацрт-законот за учебници и наставните материјали за основно и средно образование, објави радио МОФ.мк.Досега за овој предлог во Скопје собрале околу 600 потписи, но потребни се 10.000 за распишување референдум. Според Драгана Спасевска, претставничка на иницијативата, тие имале голема поддршка и од останатите градови.Таа посочи дека во рок од три дена ако од Собранието не добијат одговор, ќе сметаат дека нивниот предлог е прифатен и ќе продолжат со собирање потписи.„Очекуваме работна средба на актуелната тема со претседателот на Собранието и неговите советници за образование. Доколку не бидеме соодветно примени на работната средба продолжуваме со мирни протести и мирни маршови низ сите градови во државата“, рече Спасевска.Викендов иницијативата организираше протести во повеќе градови низ државата против новиот закон и најавената дигитализација на учебниците. На ова претходеше и бојкот на наставата во неколку училишта.Иницијативата се создаде по објавувањето на новиот Предлог закон за учебници, со кој се предвидува децата до трето одделение да учат од печатени учебници, а за погорните одделенија постепено да почнат да се воведуваат дигитални учебници. Според најавите од Министерството за образование, веќе од следната година треба да се почне со воведување на дигиталните учебници за децата од четврто одделение.извор: Радио МОФ.мк.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска починати се 19 лица и нови 27 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1.Регистрирани се 192 оздравени пациенти од:Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-132, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-36, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Авицена-127, Биотек-134, Систина-199, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–3, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 329.Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68261, активни 1404Куманово 8778, активни 322Прилеп 8264, активни 160Тетово 7189, активни 121Битола 6268, активни 232Велес 5463, активни 91Гостивар 5159, активни 59Кавадарци 5147, активни 50Охрид 4983, активни 198Штип 4955, активни 74Струмица 4100, активни 98Струга 2970, активни 72Кочани 2776, активни 54Кичево 2538, активни 85Гевгелија 2190, активни 35Неготино 2179, активни 23Свети Николе 1518, активни 42Ресен 1233, активни 44Крива Паланка 1218, активни 8Радовиш 1136, активни 57Берово 1026, активни 9Делчево 967, активни 27Дебар 938, активни 8Виница 874, активни 67Пробиштип 789, активни 18Валандово 665, активни 6Богданци 493, активни 8Крушево 488, активни 22Демир Хисар 396, активни 21Демир Капија 396, активни 2Кратово 367, активни 15Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 266, активни 2Македонска Каменица 247, активни 17Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци за Шекеринска: Го бутна БЦ, ќе го бутне и Заев - Ја бива за деструкција и одмазда

Рада, као тајно била снимана (со добросмислен говор, а не некој неврзан муабет), па као таааајно денеска осамна на опозициски портали, хехехе...Рада ја проширила мрежата, напиша на својот Фб профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Го бутна БЦ, ќе го бутне и Заев. Ја бива за деструкција и одмазда.Ова другиве дилајли на БЦ, кои, три години само се ,,чукаа у грудима" и на крај пушеа, т.е ништо не направија, може само да учат од неа.извор: ФБ Јорданка Ивновска Јоци

Македонија | пред 5 години

motori

93 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 93 возачи. Од нив, 41 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 5 години

policiski-cas-policija-policaec

Падна одлука од медицинарите, за какви рестрикции да имаме до следната недела

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе препорака да нема промена на рестриктивните мерки, потврдуваат утрово од Министерството за здравство.Полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро и работното време на угостителите до 23:30 остануваат на сила уште две недели.Засега нема потврда кога ќе се решава за можно олеснување на рестриктивните мерки и покрај намалениот број на новозаразени и хоспитализирани лица од коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policija

Неофицијално: Полицискиот час се укинува од среда?!

Во моментов во Македонија на сила е забраната за движење, односно полициски час од 24 до 4 часот по полноќ, а по опаѓањето на бројката на активни случаи и бројот на хоспитализирани, се очекува и дополнително опуштање на мерките. Поради овие причини од среда најверојатно полицискиот час ќе се укине, пишува Фактор.Други мерки исто така се очекува да го продолжат работното време на угостителите, додека олеснувања се очекуваат и во други области, каде што се применуваат ограничувања.Тексто во целост на: Фактор.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања