Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

dom

ЦО на ДОМ: Продолжуваме со подготовките за локалните избори

Денес Централниот одбор на ДОМ одржа седница со физичко присуство, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19. Во духот на демократијата и транспарентноста Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци.Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.ДОМ е демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности. Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности.

Македонија | пред 5 години

rada

Радмила и честиташе на Лукаревска, која го зазема нејзното место во СДСМ

Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните, напиша на својот ФБ профил досегашниот подпретседател на СДСМ Радмила Шекеринска.Шекеринска во објавата додава:Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат.Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно.Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.Да живее СДСМ!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

За потпретседатели на СДСМ избрани Филипче, Царовска, Битиќи и Спасовски

Венко Филипче, Мила Царовска, Фатимир Битиќи и Оливер Спасовски се избрани за потпретседатели на СДСМ на конгресот.Новиот состав на ЦО му даде уште еден мандат на досегашниот партиски секретар, кој е сега и вицепремиер за спречување корупција вицепремиерот Љупчо Николовски останува генерален секретар на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нови членови на ЦО на СДСМ се Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска

Сања Лукаревска е избрана за заменик-претседател на СДСМ, а меѓу новите членови на партискиот Централен одбор има и познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска,…, велат од СДСМ за МИА.Од СДСМ за МИА додаваат дека во Централниот одбор има многу нови имиња, повеќе од две третини. Меѓу избраните функционери застапени се лекари, спортисти,…, а се водела сметка и за родовата и возрасната еднаквост.Лукаревска е избрана со 682 гласа „за“ и два „против“, по предлог на партискиот лидер, Заев. Лукаревска доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која беше на оваа позиција два мандата, од 2013 година. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Инцидент во Сарај: Автомобил „голф“ насилно одземен од неговиот сопственик

Во попладневните часови на 15 мај полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Н.Д. (45) од селото Грчец, кој претходно истиот ден предизвикал инцидент на патот од Грчец кон Сарај.Како што информираат од МВР, 45-годишникот го пресретнал А.А. (20) од селото Крушопек, и со физичка сила и со закана му го одзел автомобилот „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.Според пријавеното од страна на А.А, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и Н.Д.Автомобилот бил пронајден, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

policija-1

Гостиварец пронајден мртов на работното место

Во СВР Тетово, во утринските часови на 15 мај било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат гостиварецот Ј.Г. (58).Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

hristijan-mickovski-mickoski-22

Радикални исламисти му се заканувале по живот на Мицкоски поради дадената поддршка на Израел

После поддршката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за правото на самоодбрана на државата Израел видовме дека се случуваат едни големи би рекол и организирани напади кон него од страна на радикални исламистички структури кои што се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство, а од МВР не видовме никаква реакција со цел да го заштити претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на општина Карпош.Тој направи и паралела за двојните аршини на МВР, и како министерството под водство на Спасовски во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев нема реакција.Во едни многу, многу поблаги ситуации кога обичен човек ќе го искритикува на пример Зоран Заев или ќе напише нешто за него на фејсбук, полиција влегува во домовите на граѓаните, врши претрес во нивните домови, им одзема лаптоп и мобилни телефони, а овдека каде што имаме директни закани по однос на животот и безбедноста нема никаква реакција, потенцира Николоски.Николоски го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тој тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.

Македонија | пред 5 години

sanja-l

Сања Лукаревска е втората заменик-претседателка на СДСМ

Делегатите, со големо мнозинство, го потврдија предлогот на партискиот лидер Заев за негова заменичкаСања Лукаревска е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата, објави 360stepeni.mk. Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.За разлика од Шекеринска, која пред изборот за заменик-претседателка, ги извршуваше највисоките функции во партијата, така што долги години беше потпретседателка, а од 2006 до 2008 и претседателка на социјалдемократите, додека во меѓувреме беше вицепремиерка за европски прашања, а потоа и пратеничка, Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.Текстот во целост на: објави 360stepeni.mk.  

Македонија | пред 5 години

w_56089446

14 починати и 62 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68242, активни 1475Куманово 8778, активни 339Прилеп 8262, активни 165Тетово 7189, активни 127Битола 6268, активни 243Велес 5463, активни 99Гостивар 5159, активни 64Кавадарци 5147, активни 54Охрид 4983, активни 203Штип 4953, активни 78Струмица 4100, активни 107Струга 2969, активни 77Кочани 2775, активни 59Кичево 2538, активни 86Гевгелија 2190, активни 37Неготино 2179, активни 26Свети Николе 1518, активни 44Ресен 1233, активни 47Крива Паланка 1218, активни 14Радовиш 1136, активни 58Берово 1026, активни 9Делчево 967, активни 28Дебар 938, активни 8Виница 872, активни 68Пробиштип 789, активни 19Валандово 665, активни 7Богданци 493, активни 9Крушево 488, активни 25Демир Хисар 396, активни 22Демир Капија 396, активни 3Кратово 367, активни 15Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 266, активни 2Македонска Каменица 247, активни 18Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protesti-za-palestina-vo-sk

Протести во Скопје за поддршка на палестинскиот народ

На плоштадот во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Групата која носеше транспаренти „Крај на опсадата“ , „Смрт на фашизмот“, „Слобода за Палестина“ беше организирана од социјалниот центар „Дуња“, од каде повикаа да престане иселувањето и узурпацијата на палестинските домови, објави 360stepeni.mk.„Стоп за окупацијата на Газа. Стоп за бомбардирањето и стоп за присилното иселување. Нема место во 21 век за етнички чисти територии. Големите идеи за големи држави, етнички чисти треба да сотанат во минатото. После Белград, Сараево, Приштина и Љубљана и тука во Скопје го дигаме гласот во заштита на обесправените народи“ порача еден од учесниците на протестниот собир.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Скопје | пред 5 години

186999017_2998501940371325_7164804685513158513_n

Лукаревска, Филипче, Битиќи ќе се првите луѓе на Заев

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска е избрана за заменик претседател на СДСМ на денешниот конгрес на партијата, тврдат извори од партијата за „Скопје1.мк“. На влегување во партиското седиште, Лукаревска за „360 степени“ само кратко рече дека очекува се да помине во најдобар ред на партискиот конгрес.На местото на Коста Петров и Мухамед Зекири како потпретседатели најверојатно ќе бидат Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче.Заев ѝ се заблагодари и на Радмила Шеќеринска, која била покрај него во најтешките моменти. Шеќеринска, како заменик претседател на партијата, веќе најави дека ќе се повлече од оваа функција бидејќи „не е од оние луѓе кои припаѓаат на некоја партија само поради функцијата“.Заев на денешниот Конгрес, кој поради пандемијата со Ковид-19 се одржува онлајн, пред сопартијците рече дека партијата е успешна и државнички успеси. Тој се пофали со досегашните успеси – дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, обезбедиле поврат на дел од ДДВ, ја укинале радиодифузната такса и изградиле преку 500 километри патишта.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев на 26. Конгрес на СДСМ: СДСМ носи државнички одлуки, за четири години постигнавме историски успеси

Во воведот во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ, претседателот Зоран Заев, се осврна на постигнатите успеси во последните четири години, но и потсети каде беше нашата држава во 2017 година.„Во изминатите речиси четири години, од последниот изборен конгрес во 2017 година СДСМ носи државнички успеси.И ќе додадам, тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат – тоа е нашата Северна Македонија, и мајка и татковина на нашиот македонски народ, на нашите сограѓани Албанци, на Турците, на Власите, на Ромите, на Србите, на Бошњаците и на сите други со кои тука живееме заедно. Успесите во овие четири години се заеднички, наши и на граѓаните, на нашиот народ.СДСМ е државотворната партија на независна Република Македонија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа Северна Македонија.Tој епитет „државотворна партија“ сме го потврдувале многупати и пред 2017 година, а во последниве четири години одново, повторно, повеќе пати. Не беше лесно, знаеме. Пред нас стоеја натрупани, сериозни предизвици. Но заедно со вас, со поддршката и волјата на социјалдемократите и со мнозинската волја на граѓаните - успеавме! СДСМ наш, СДСМ мој, ти си гордост, а ние сме горди што те имаме, што те развиваме. Горди сме сите што сме дел од државотворна, демократска, одговорна, модерна, европска партија посветена пред се на граѓаните и на државата. Граѓаните и државата, нема ништо поважно!“ порача претседателот Заев.Заев истакна дека во 2017 година државата беше опустошена, меѓународно изолирана со поделено општество и суспендирана правда со погазени слобода и демократија, но граѓаните ја препознаа чесната понуда на СДСМ и ја дадода довербата, режимот беше срушен.„Сите знаеме во какви услови ја добивме честа и довербата од граѓаните да ја водиме државата. Единаесетте години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ оставија огромни, несогледливи последици во тоа време.Државата ни беше опустошена. Додека граѓаните страдаа, државата одеше во погрешен правец, кон провалија.Во таков амбиент се исправивме, кренавме глас, ја покажавме Вистината и заедно со граѓаните одлучно газевме по улиците, во борба за слобода и правда.Излеговме со чесна понуда, со јасен „План за обезбедување нормален живот во Македонија“. Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, со сите сили на прав пат, кон интеграција, со постојана борба со режимските наследници, со одлучност за воспоставување на правна држава.Тоа граѓаните го препознаа и се приклучија! Го срушивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој цела деценија ја држеше земјата во заложништво. Нашата татковина тргна напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле.За нас, за мене, немало мирен мандат, немало мирно море. Не сум го ни очекувал тоа. Имало само пoстојана битка за доброто на нашата земја, за нашиот народ.Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава.Решававме и решаваме прашања за кои популизмот носи брзи политички поени, но истовремено и ќор сокак за идните генерации.Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес нашиот сосед е еден од нашите најсилни поддржувачи и сојузници. Ја обезбедивме сигурната иднина на државата и народот, и го потврдивме македонскиот идентитет заедно со македонскиот јазик!На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави се` за да ги спречува реформите, која прави се’ за да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење.Три големи борби водевме и се уште водиме во ова наше заедничко време:Борба против режимот и неговите остатоци!Борба за подобар живот, за повеќе пари кај граѓаните, за европски стандарди дома!Борба за безбедна и сигурна иднина, за НАТО и ЕУ!Со многу трпение и прецизно планирање, со мудри одлуки, со посветеност и над се’ со борбеност, ги добивме сите битка во изминатите четири години„ заклучи претседателот Заев.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-1

Богдановиќ за РСЕ: Против цела држава не можам сам да се борам, дозволата за градба сè уште не е потпишана

Јас пробав да ги сменам тие Детални урбанистички планови, дел сум ги и сменил, одлуката на Уставен суд еднаш не сум ја испочитувал, сум донел втора одлука, јас против цела држава не можам сам да се борам, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ,  неделното интервју на РСЕ.-Јас само сакам да ги запознам граѓаните дека без разлика што и да се случи, таму (кај Холидеј Ин) е предвидено некој развој кој го дозволува Општината и претходно со Детален урбанистички план, а и доколку дојде до одредени промени, повторно ќе има некој развој, дали во деловен или станбен простор, зависи како ќе заврши на крај планот. Ние до пред извесно време, пред одлуката на Уставен суд, односно решението за поништување на нашата одлука за неспроведување на Детални урбанистички планови, имавме начин како да не се постапува по тие Детални урбанистички планови. Но, за жал, Уставниот суд ни ја укинаа таа одлука и сега сме во една фаза каде што се дозволува на сопствениците на земјиштето да поднесуваат барања за одобрение, а ние се обидуваме со одредени мерки да исправиме тоа што може да се исправи, така што сè зависи од исходот на тие постапки коишто ќе се водат, вели Богадановиќ.Тој открива дека дозволата за градба сè уште не е потпишана, односно не е правосилна.-Чекаме да завршат сите управни акти, сè со цел да видиме каков ќе биде исходот, бидејќи се случува да се стигнати многу иницијативи, претставки, на крајот додека не се расчистат тие не може да има правосилност, вели Богдановиќ.

Скопје | пред 5 години

zabava-1

(ВИДЕО) Забавите во скопските локали продолжуваат – без заштитни маски и дистанца

Откако рестрикциите поради коронавирусот попуштија во Македонија, а полицискиот час се намали, забавите по кафулињата продожија. Изминативе два дена на социјалните мрежи кружат видеа од познат скопски клуб којшто претходно неколку пати беше затворен поради организирање на забави, иако истите се забранети поради пандемијата.На снимките може да се видат претежно млади лица како се забавуваат, а според снимките меѓу нив нема никаква дистанца, пренесува „а1он“ .На видеото може да се види дека заштитни маски носат само шанкерите и келнерите коишто се вработени во клубот.Од „а1он“ велат дека досега нема никаква информација дали инспекторите влегле во клубот, а од Државниот пазарен инспекторат за „а1он“  изјавиле дека инспекторите постојано се на терен.Инаку, во протоколите за работа на угостителските објекти има и забрана за огранизирање забави и гласна музика. Забрането е стоење на шанк и на високи маси, а на маса може да седат сам по четворица луѓе.

пред 5 години

Нема фотографија

Сите граѓани од Скопје кои до 30 април се пријавиле за вакцинација добиле термин, вели Филипче

Сите граѓани и граѓанки од Скопје кои до 30 април се пријавиле за вакцинација против ковид-19 на сајтот vakcinacija.mk добиле термин, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во наредните три дена, како што вели Филипче, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст и од другите градови кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање, објави СДК.МК.„Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација“, вели Филипче.Досега во земјава вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, вакцинирани се 176.909 лица, а ревакцинирани 26.415. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431. 

Македонија | пред 5 години

protest-3

(ФОТО) Протести во скопска Даме Груев, жителите пишани дека живеат во соседната населба наместо во нивната

Жителите на скопската населба Даме Груев попозната како Геге,  денеска на протест.  Тие ја блокираа главата сообраќајница.  Протестираат затоа што  во нивните лични карти е додадено дека живеат во Ново село, место кое се наоѓа веднаш до Даме Груев. Со тоа, сметаат дека се брише нивната населба и се припојува со соседното населено место.Драги сограѓани - почитувани медиуми, денеска ние граѓаните на населбата Даме Груев излеговме на мирна блокада со цел враќање на името на населбата Даме Груев во институциите и документите кои тие ги издаваат.Во последните 4 години името на населбата исчезна од личните карти, пасошите, изводите, венчаниците. Се тргнаа и таблите кои упатуваат или укажуваат дека тоа е населба Даме Груев.Се сомневаме во две сценарија, стои во објавата на Фб на Ѓорче Петров.1. Бришење на името на револуционерот Даме Груев како дел од договорот за усторијата со Бугарија.2. Дооформување на катастарска општина Ново Село - за полесно менување на деталниот урбанистички план за уцртување на зградиНие ќе продолжиме со протестите.Не го даваме името на населбата во која сме се родиле, пораснале, учеле, дружеле.Таа е дел од нашиот живот, се вели во објавата.Дека постои проблем, призна и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Тој на својот Фб профил објави известување до жителите од оваа населба.-По барање на жителите на населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров се обрати до Град Скопје како надлежна институција, барајќи да се изврши корекција во личните карти на жителите на Даме Груев, односно наместо населено место Ново Село да се впише името на улицата и бројот со населеното место Ѓорче Петров како живеалиште.Град Скопје од своја страна има доставено барање до Централен Регистар да се изврши бараната корекција (во прилог).-Согласно член 8 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти не може да се врши промена на имињата шест месеци пред одржување на редовните локални избори и една година пред планиран попис.✔Очекуваме дека по спроведувањето на пописот и локалните избори, во меѓусебна комуникација помеѓу Централен Регистар и Министерството за внатрешни работи, позитивно ќе се реши проблемот, согласно барањето на граѓаните на УЗ Даме Груев, напиша градоначалникот на ФБ.

Скопје | пред 5 години

policija-1

566 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (15.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 566 возачи. Од нив, 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 5 години

turist

ВИДЕО: „Добрите и лошите страни на животот во оваа луда балканска престолнина“, за Скопје говори турист од САД

Турист од САД ги опишува добрите и лошите страни на Скопје, откако пред еден месец бил во Македонија. Во видеото опишува што му се допаѓа како што е превозот, сообраќајот, тоа што е евтино за јадење и престој, но и тоа што е на добра локација и лесно се стигнува до Грција, Србија, Косово, Албанија.За архитектурата вели дека е „лажна“, поради барокот во главниот град. Погледнете ги сите негови импресии:

Македонија | пред 5 години

blendi-696x435

Се вакцинираше младиот Бленди Хоади од Сојузот на средношколци, добил термин преку вакцинација.мк

Лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, ја прими првата доза на вакцина и порача и останатите да се вакцинираат. По неговата објава на социјалните мрежи следеа низа коментар. Граѓаните прашуваат зошто постари лица пријавени уште од првиот ден на vakcinacija.mk сè уште не добиле повик за вакцинација, а се повикале средношколци да ја примат вакцината.-Кога има проблем мора да се делува, а не да се стои на страна. Проблемот е очигледен: многу луѓе се немаат пријавено за вакцинација, што е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Јас се пријавив уште пред 1-2 месеци на web порталот. Ме поканија и истрчав да ја примам вакцината. Ги повикувам сите средношколци, сите студенти, сите млади – говорете со вашите родители, роднини, баби, дедовци и соседи, објаснете им колку е важно да се вратите во школските клупи во септември, колку е важно животот да се врати во нормала. Тоа е единствено можно преку масовна вакцинација. Нека се пријават и вакцинираат. И себе ќе си го заштитат здравјето а нам ќе ни ги заштитат образованието и иднината, напиша Ходаи на „Фејсбук“.Инаку и покрај најавените протоколи и планови од министертвото секојдневно преку соцојалните мрежи се објавуваат негодувања за планот на вакцинација.  Дел од нив се здружението на родители на деца со ретки болести неодамна бараше да бидат вклучени меѓу приоритетните групи,  а вчера се огласи и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски  кој бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование.Независната угостителска комора (НУК) преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори. НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори.

Македонија | пред 5 години

w_56803989

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство.Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.Од ресорното министерство напоменуваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува а утрово до 8 часот имало 180 слободни места, се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, дополнуваат од здравство.Според нив, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

policija-4

166 сообраќајни прекршоци во Скопје, 78 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, пет за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат пешаците.Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Затворен угостителски објектво Дебар, приведен сопственикот

На 15.05.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба. За случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија".

Македонија | пред 5 години

Bratstvo

Земон: За изјавата од директорот на О.У. „Братство и единство“ Охрид ќе ги информираме сите државни и меѓународни тела, во Охрид нема етничка нетрперливост

Џемаљ Мехмеди директорот на О.У. „Братство и единство“ во јавноста пласира информации дека од ова училиште годишно се испишувале по 60 ученици Македонци, затоа што родителите на овие деца не сакале нивните деца да учат со ученици Египќани. Но, на оваа изјава од Мехмеди се спротиствавуваат угледни политичари и велат дека станува збор за политичка пропаганда.Директорот Џемаљ Мехмеди во изјава за ТВ21 вели дека родителите Македонци ги испишувале децата токму заради соучениците Египќани, а не заради соучениците Албанци и Турци кои исто така учат во ова училиште.фото: PRTSC ТВ 21Јавноста во Охрид во овој телевизиски прилог и изјавите на директорот Џемаљ Мехмеди веќе препозна политичка пропаганда осмислена од една политичка партија со цел да се креира лажна слика за постоење одредени тензии и нетрпение на Македонците кон Египќаните и сето тоа на три месеци пред Локалните избори и во период кога заедницата на Египќаните зајакнува како никогаш до сега, станува политички фактор, нејзината активност добива конкретна институционална форма, а во Охрид и во нашето општество Египќаните со сопствени сили и памет полека излегуваат од маргините на општеството и сами се менуваат и стануваат фактор во градот Охрид.Рубин Земон, поранешен пратеник и претседател на ПОЕН, по овие изјави во јавноста побара кривична одговорност за директорот Џемаљ Мехмеди и негово разрешување од оваа позиција.„Ова е типичен пример на поттикнување на етничка нетрперливост,гетоизација и стигматизација која е искажана преку јавен медиум. Веднаш треба да се разреши од позицијата директор на О.У. Братство Единство и да се превземат законските мерки за говор на омраза.“ - потенцира Рубин Земон,истакнат научник од областа на Етнологијата и припадник на Египќанската етничка заедница.Земон потенцира дека нетрпеливост меѓу Македонците и Египќаните никогаш немало, ни во поновата историја ни во подалечното минато и дека е симптоматично како и зошто се пласира оваа неточна информација во јавноста и која е крајната цел.„ Ако институциите не реагираат, ќе се информираат сите тела и механизми, државни и меѓународни за заштита на човековите права и борбата против расизмот и нетолеранцијата“ - вели Земон и додава:„Ученици нема ни во училиштето Свети Климент Охридски. Таму учат само Македонци, нема други, па и таму нема. Бројот на деца е намален во сите училишта и тоа е факт, се останато е неточно и злоупотреба со одредена цел“ потенцира Земон кој најави дека ќе се бара одговорност за директорот и ќе се алармираат сите надлежни институции од Локалната до централната власт.Од здруженијата на Египќаните велат дека ќе бараат смена на директорот и негова кривична одговорност за ширење на омраза преку медиуми,а исто така велат дека надлежните институции ќе мора да ги испитаат мотивите на овие изјави и ширењето омраза на етничка основа и која е краната цел на директорот.За скандалозниот настап на директорот Џемаљ Мехмеди информирана е и министерката Мила Царовска, а реагирно е и кај градоначалникот Константин Георгиевски.Од Локалната самоуправа до овој момент не ги искоментираа изјавите на директорот.

Македонија | пред 5 години

vakcini-1

Независната комора на угостители бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

Независната угостителска комора (НУК) преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори.НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори.– Ги прашуваме јавно и транспаретно и министерот Венко Филипче и претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора, која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период, повторно се игнорираат и деградираат. Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Северна Македонија ја искористи себично за лични интереси и само за своите членки донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори, се наведува во реакцијата.Од НУК бараат министерот за здравство јавно да им се извини на сите угостители, а Министерството за здравство во најкус рок да ги објави начините планирани за вакцинирање што се договорени на состанокот со коморите.

Македонија | пред 5 години

120190520_080018

Времето денеска сончево и потопло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.Во Скопје, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.Од УХМР најавуваат дека од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови.До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања