Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

protest-obrazovanie-4

МОН: Апсурдно е да се протестира - промените мора да се случат

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана. Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества.Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот.Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од истиот, согласно планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од различни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува, земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците.Законското решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Всушност, ова е првиот недискриминирачки Закон за учебници кој ќе биде донесен во државата.Преку поставување на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, а воедно и со вклучување на граѓанскиот сектор во целиот процес се елиминира веројатноста за појава на несоодветни содржини и грешки од било каква природа. Во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите како вредности кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.Уште еднаш апелираме до сите кои сакаат да придонесат за унапредување на законското решение кое достапно на веб страната на МОН, можат да го сторат тоа преку повеќе канали за непосредна комуникација со Министерството за образование и наука кое продолжува да работи транспарентно, отворено и како и досега, сите промени да ги креира преку широка јавна дебата и инклузивен процес со учество првенствено на засегнатите страни и со бројни други општествени чинители.Потсетуваме дека промените во врска со материјалите за учење се дел од поширок план за реформа на националниот образовен систем, содржан во програмата за работа на Владата и на Министерството за образование и наука, кој пак е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации како ОЕЦД и УНИЦЕФ.Промените се и одговор на долгогодишните барања на наставниците и на многу генерации на ученици. Токму поради нивниот интерес и обезбедување поквалитетно образование, а со тоа и подобра иднина, да бидеме сплотени во заложбите и да им овозможиме развој и целосна реализација на личниот потенцијал во границите на сопствената земја.

Македонија | пред 5 години

kosta

(ВИДЕО) Општина Охрид додели 412 ученички и студентски стипендии

Еден од најважните услови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор е квалификуваниот кадар. , вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Оттука и потребата учениците уште во текот на образованието да стекнуваат практична настава во компаниите. Дуалното образование го нуди токму ова, практична настава во реални услови и стекнување квалификации за побрзо вработување.Општина Охрид ги поддржува сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта кои имаат за цел да придонесат за подобра иднина на младите.Во таа насока оваа година доделивме 412 ученички и студентски стипендии.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

w_56674011

Денеска починати 13 лица и нови 112 случаи на Ковид 19 - оздравени се 2.179 пациенти

Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово – по 3, Штип и Неготино – по 2, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово – 1.Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од:Скопје – 924, Куманово – 189, Битола – 166, Прилеп – 137, Тетово – 97, Охрид – 94, Велес – 76, Кичево – 65, Гостивар – 60, Штип – 55, Кавадарци – 43, Ресен – 41, Гевгелија – 28, Струмица и Струга –по 26, Неготино – 24, Кочани – 23, Делчево – 18, Свети Николе – 17, Виница и Демир Хисар – по 14, Радовиш – 9, Крива Паланка, Богданци и Крушево – по 8, Македонска Каменица и Валандово – по 3, Пробиштип – 2, Демир Капија – по 1Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.Направени се 4.196 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–69, МАНУ-98, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Авицена-351, Биотек-606, Систина-265, лабораторија Лаор-703, Синлаб-158, Ремедика-100, Плодност–74, Генеа–17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1024.Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68209, активни 1596Куманово 8776, активни 342Прилеп 8259, активни 168Тетово 7188, активни 135Битола 6265, активни 258Велес 5462, активни 101Гостивар 5155, активни 64Кавадарци 5144, активни 51Охрид 4980, активни 200Штип 4953, активни 84Струмица 4096, активни 118Струга 2969, активни 77Кочани 2774, активни 66Кичево 2535, активни 91Гевгелија 2190, активни 37Неготино 2179, активни 26Свети Николе 1518, активни 46Ресен 1233, активни 48Крива Паланка 1218, активни 14Радовиш 1136, активни 59Берово 1026, активни 12Делчево 967, активни 30Дебар 938, активни 8Виница 872, активни 77Пробиштип 789, активни 19Валандово 665, активни 9Богданци 493, активни 9Крушево 488, активни 26Демир Хисар 396, активни 22Демир Капија 396, активни 3Кратово 366, активни 14Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 266, активни 4Македонска Каменица 247, активни 18Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest-obrazovanie-4

Родителите против дигитализација: Одиме пред се првенствено на референдум, и тоа ќе одиме на задолжителен референдум

Неколку стотици родители протестираат против најавените образовни реформи и дигитализацијата на наставата. Покренаа иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.Протести се одржуваат во повеќе градови, а ги организираат родителите кои одбиваат нивните деца да учат од таблет.„Одиме пред се првенствено на референдум, и тоа ќе одиме на задолжителен референдум, не на консултативен и ќе ги видиме ставовите и мислењата на сите родители. Очајно ме молат пензионирани академици, професори, наставници, стручни лица, не молат нас родителите да ги спасиме нашите деца и тоа ни дава поттик да одиме понатаму со цел да го спречиме овој предлог закон. Се протестира во повеќе градови и ќе се чуе родителскиот глас. Политиката да се држи настрана од нашите деца, денес се слуша гласот на родителите. Не сакаме монолог, сакаме да се чуе нашето незадоволство, сакаме дијалог“, изјави еден од родителите, учесник на денешните протести.Протестот започна точно на пладне од пред Министерството за образование, од каде демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а крајна цел на маршот ќе биде Собранието.Освен во главниот град, се протестира и во повеќе други градови во земјава.

Македонија | пред 5 години

4

(ФОТО) Хортикултурно уредување на фонтаните во Аеродром

Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ денес доби сосема нов лик. Прерасна во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.„Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, изјави градоначалникот Златко Марин.Општина Аеродром останува посветена на создавање нови зелени површини и хортикултурно уредени катчиња. Вложувањето во животната средина е трајна придобивка на сите сегашни и идни генерации.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Срамота е што двајца градоначалници и премиер се појавија на реконструкција на улица од 2 километри кои ја градат и се уште не е завршена цели 2 години

Срамота е што двајца градоначалници, и премиер се појавија на секундарна улица од 2 километри кои ја градат и се уште не е завршена цели 2 години. Уште поголема срамота е што улицата не е во надлежност ниту на Шилегов ниту на Заев, но тие се појавија да се сликаат со градоначалникот Богдановиќ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Додека го правеа изборниот популизам Шилегов не кажа ниту збор за тоа што компанијата на зетот на неговиот секретар на градот добила 4 милиони евра државни тендери, тоа што градот Скопје плаќа дупло поскапа противпожарна скала од таа во Загреб и тоа што државните субвенции за инвертер клими постои основано сомнение за проневера на пари и делење по партиски клуч.Најголем срам е што Шилегов ветуваше подземни булевари, дупли кружни текови, тунел под Кале, а денес се фали со работа на општина Центар за уличе од 2 километри.Тоа значи дека мрзливиот Шилегов освен тендери ништо друго не сработил.1500 улици во Скопје, а тие се фалат со 2 километри тазе асфалт, дно. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ, Шилегов и Заев на увид во градежните активности на улицата „Орце Николов“

Заврши првата фаза од реконструкцијата на една од главните сообраќајни артерии во Општина Центар, но и во градот Скопје, улицата „Орце Николов“.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, денес извршија увид на градежните работи на улицата.“Улицата ‘Орце Николов’ со својот стар изглед е планирана уште во 2003-та и 2004-та година, а изведбата започнала во 2005-та година. Бил направен коловоз во двата правци и тротоари кои подоцна со одлука на тогашната власт во градот Скопје се доделени за паркинг, а само мал дел е определен колку да помине некој пешак. Асфалтот е изгребан и обновен само еднаш, при крајот на 2014-та и почетокот на 2015-та година но, само до половина. Неубавите слики кои што ги гледавме каде лица со посебни потреби со инвалидски колички се движеа по коловозот и мајки со деца во колички поминуваа само кога нема возила по улицата полека но сигурно стануваат минато. Благодарение на градот Скопје се донесе нов сообраќаен режим каде целосно се измени концептот и на динамичниот и на стационарниот сообраќај. Претходната власт на градот Скопје инвестираа само во десеттина канти боја и неколку знаци, а од ‘Орце Николов’, наплаќаа огромни средства без да помислат за безбедноста на пешаците и велосипедистите а уште помалку на паркинг места за станарите“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Целта на реконструкцијата е да се зголеми безбедноста на улицата „Орце Николов“ преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со самото тоа да се намали бројот на сообраќајни незгоди на овој потег. Со реконструкцијата ќе се даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста при нивното движење по цела должина на улицата.„Ако се сеќавате, пред 2 години заедно со Општина Центар го започнавме процесот на намалување на бројот на паркинг места кои беа обележани на дел од тротоарите на оваа улица. По целосната реконструкција на улицата, целосно ги ослободуваме коловозот и тротоарите од паркирани возила и со тоа на жителите на овој дел од градот им создаваме услови за олеснето движење по пешачките површини и велопатеките, што ќе доведе до општо намалување на сообраќајниот метеж на оваа улица. Со тоа на оваа исклучително фреквентна улица дополнително обезбедуваме услови за побезбеден сообраќај и поголем проток за сите учесници во сообраќајот“, рече градоначалникот Шилегов.Водејќи се од мотото „Здравјето и безбедноста на граѓаните пред профитот“, за заштита на пешаците, а особено децата, со новиот проект, ќе се стесни коловозниот дел на улицата, со задржување на двете ленти за возила и ќе се изведе нов кружен тек.Со реконструкцијата ќе се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт, со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени согласно Планот за развој на велосипедски патеки на Град Скопје.„Брзината на движење на оваа улица за моторните возила е ограничена на максималните 30 километри на час, а предвидените дополнителни зафати ќе обезбедат уште поголеми можности за безбедност на учесниците во сообраќајот и на пешаците. Тоа е одлика и одраз на најдобрите искуства од големите метрополи за пријателско опкружување на граѓаните на нивното урбано секојдневие. Со новиот проект ќе се стесни коловозниот дел на улицата, со задржување на двете ленти за возила и ќе се изведе нов кружен тек кај раскрсницата со улицата ‘Ленинова’, која е позната по честите сообраќајни незгоди“, додаде претседателот на Владата, Заев, потенцирајќи ја потребата од уште вакви зафати во сите општини во државата.Целосната реконструкција на улицата ќе биде поделена во шест посебни фази, од кои секоја ќе опфаќа посебен дел од „Орце Николов“. Реконструкцијата на улицата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.Реконструкцијата на „Орце Николов“ ќе опфати површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули.Целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Скопје | пред 5 години

26042021_PVRSM_Zaev_MP_Marichikj_pres-konferencija-1

Заев не се откажува од донесување на Законот за легализација на дивоградбите

Премиерот Зоран Заев не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски стави „вето“, законот повторно ќе се враќа во собраниска процедура.„Законот ќе се врати во собраниска процедура и предвид ќе се земат сите околности, посебно околностите кои претседателот ги наговестува во причините за непотпишување“, изјави денеска Заев.Законот беше предложен од Владата кон крајот на 2019 на предлог на градоначалниците и на ЗЕЛС.„Причината е едноставна, да се спасат 50 илјади градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија, поради неможноста да ги платат своите геометриски елаборати и другите трошоци за легализација. Новина во законот е тоа што за сите приматели на социјална помош бесплатно ќе се изработат геометриски елаборати и бесплатно ќе се легализираат тие 50 илјади објекти. Секој друг објект, освен за примателите на социјална помош и на сиромашните, се дава можност да се легализира, колективните згради не, дополнително ќе плаќаат 50 посто поголем надоместок отколку што би платиле при редовно добивање одобрение за градба. Со ова, се испраќа порака дека е неисплатливо да се гради на диво, односно ова е последно носење закон со конечна цел да заврши бесправното градење што го имаме од независноста на државата“, вели Заев.Тој изјави дека ако законот не се врати во Собрание, веднаш ќе треба да почмат да се рушат овие 50 илјади објекти на граѓаните.Претседателот на државата, Стево Пендаровски, вчера не го потпиша указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. На ваквата одлука од шефот на државата претходеа лавина реакции во јавноста од пратеници, професори, невладини организации, архитекти кои го критикуваа законот и го нарекоа штетен, потсетувајќи дека со него се мотивираат граѓаните да продолжат да градат дивоградби, па дури и во заштитени зони, за подоцна, државата да ги легализира. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mnr

МНР сугерира, македонските државјани да избегнуваат патувања во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во, или транзит низ таа земјата.Македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош може да се обратат до македонската амбасада во Тел Авив на мобилниот број +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб-страницата на Министерството.

Македонија | пред 5 години

SDSM-3

Шекеринска: Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери

Не сум од оние луѓе кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија само како фунционери, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе остане во СДСМ по најавата дека нема да биде дел од раководната структура на партијата.„Верувам во работа и сработено, а не во функции. Не мислам дека треба да помогнеме на државата само ако носиме значка на функционер, партиски или државен“, рече Шекеринска.На прашањето дали ќе прифати друга функција и дали ако не добие ќе остане тука или ќе замине во Вашингтон, Шекеринска одговори дека би било несериозно од едно место да се префрли на друго.„Сето останато три години го слушам и никако да се случи. Би сакала малку повеќе да зборуваме за суштински, реални нешта, а помалку да губиме време на дезинформации и кујнски сплетки“, истакна Шекеринска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gruevski-2

Разузнавачка операција тече во Македонија која има цел да го врати Никола Груевски, стои во предупредувањето

Македонија е мета на тајна разузнавачка операција наречена „Коњски скок“ која има цел да го врати Никола Груевски и да ја дестабилизира државата, предупредуваат аналитичарите од Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС) спроведена поради повторното одлучување за датум за отпочнување на преговори за влез на РСМ во ЕУ.Во текстот под наслов „Дали ЕУ е пред нова историска грешка“, институтот анализира дека Бугарија и Грција тандемски и договорно го блокираат влезот на Македонија во ЕУ, почнувајќи уште во 1991 година. Се наведува дека во тек е и тајна операција за симнување на актуелната власт и враќањето на Никола Груевски.„Тајната операција која во меѓународните кругови се нарекува „Коњски скок“ има крајна цел да го врати Никола Груевски во Македонија и да ја симне од власт актуелната политичка гарнитура. Поради ова интензивно се работи на дестабилизација на државата со постојано произведување на бројни афери.“, пишува во анализата. Како главен сојузник на оваа тајна операција, анализата покажува дека се близу 160 медиумски портали кои произведуваат лажни вести и афери со намера да предизвикаат хаос и дискредитација на премиерот Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поврзаноста на овие портали, велат аналитичарите е со „Адинамик медиа“, компанијата која менаџира веб страници и директно е поврзана со унгарската национална телевизиска мрежа која е наклонета кон премиерот Виктор Орбан.Од истиот центар на моќ на оваа тајна операција, според аналитичарите, се лансираат и „нон-пејпери“, а нападите кон министерот Спасовски ќе бидат интензивирани бидејќи тој разоткри дел од мрежата на одредени странски разузнавачки служби во Македонија. „Нападите кон Спасовски се осмислени како одмазда, бидејќи тој демонтираше дел од разузнавачката мрежа. Бугарија, Унгарија и некои други држави ќе мораат да ги повлечат своите разузнавачки служби од Северна Македонија и на разузнавачки план да соработуваат во согласност со потпишаните договори. Загрижува фактот дека ова доаѓа од држави кои се членки на НАТО, каде што е член и РСМ. Центарот на „Коњски скок“, се посочува во анализата, е во Будимпешта и во оваа операција се вклучени извесни челници на некои држави кои се сојузници на Груевски, главно од европската радикална десничарска страна.Аналитичарите велат дека аргументирано се поставува прашањето зошто НАТО го толерира делувањето на тајните разузнавачки служби, кога тоа е насочено кон нивна членка и со самото тоа против интересите на НАТО. Овој меѓународен институт вовел и мониторинг над случаите за Сашо Мијалков и Орце Камчев и утврдил дека јавната обвинителка Вилма Русковска имала неофицијални контакти со овие обвинети но сепак на крајот Русковска морала да побара притвор за нив. Казната изречена за Мијалков според аналитичарите е преблага. “Обвинителството и натаму претставува рак-рана на правосудниот систем и потребно е Судскиот совет да покрене постапки против обвинителите кои постапуваат спротивно на законот и етиката во случајот Сашо Мијалков“.Сепак, аналитичарите сметаат дека треба да се исправи историската грешка која е направена за време на германското преседавање со ЕУ и да се отпочнат преговорите со РСМ. Доколку не дојде до ова, аналитичарите сметаат дека РСМ и други држави од Западен Балкан може да го сменат геополитичкиот правец и да најдат други поинтересни политички сфери. 

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Верувам дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим, вели Филипче за гласините дека ќе стане потпретседател на СДСМ

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата.Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики.-Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега, истакна Филипче.Одговорајќи на новинарски прашања по приемот на донацијата од 100.000 вакцини, а во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, Филипче не кажа дали би ја прифатил функцијата – потпретседател на СДСМ ако му биде понудена.

Македонија | пред 5 години

vakcini-kineski-8

Пристигна уште една донација од 100.000 вакцини „Синофарм“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Народна Република Кина. На приемот на донацијата присуствуваа министрите за здравство и за одбрана, Венко Филипче и Радмила Шекеринска, како и кинескиот амбасадор Џанг Ѕу.-Ова е значајна количина вакцини која за бројот на население како нашето значително може да ја смени епидемиолошката слика. Со донацијата се потврдува партнерството меѓу двете земји. Се надевам дека соработката ќе продолжи, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Тој нагласи дека имунизацијата во земјава ќе продолжи по приоритет, согласно возраста на граѓаните. – Вакцинацијата е единственото оружје, повтори Филипче.Министерката Шекеринска рече дека помошта доаѓа во вистинско време.Кинескиот амбасадор Џанг Ѕу рече дека ова е уште една конкретна акција за помош на македонските граѓани и демонстрирање на духот на пријателство. 

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-66

Непречено се одвива масовната вакцинација - вчера се вакцинирале 13.482 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 лица, а вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани, информираат од Министерството за здравство.Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови низ државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани.„Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки, 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, соопштија од ресорното министерство.Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура.Здравствените власти посочуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Македонија | пред 5 години

Prv-do-vrv

Поради спортско-рекреативната трка „Прв до врв“ утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 16.05.2021 (недела), поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје.Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е: пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“), а трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин“, на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски крст“).Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.фото: Meta.mk 

Скопје | пред 5 години

policija-1-1

148 сообраќајни прекршоци во Скопје, 54 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Фото: Архива

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.Во Скопје, облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.Од недела ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен до засилен ветер од западен правец, освен во вторник кога ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

По труењето во Куманово, нема да има мајонез во оброците за децата од градинките

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.Со новите упатства за подготовка на оброците во градинките мајонезот целосно ќе биде исфрлен, посочуваат од министерството. Ова следи по труењето на 30 деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Причината за труењето е бактеријата салмонела во мајонез, кој се користел како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо.Како што наведуваат од министерството, под целосна ревизија ќе бидат и рецептите за подготовка на оброци за децата коишто ги користат установите за воспитание на децата, со цел да се унапредат и да се усогласат со најновите истражувања за здрава исхрана, но и за потребите на децата во делот на нутритивната вредност.„ Упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот Завод за домаќинство и за жал подолг период не се променети. Од тие причини, во соработка со експерти од областа, работиме на подготовка на нови упатства кои ќе значат отстранување на сите производи кои не ги задоволуваат стандардите за здрава исхрана. Внимателно го следиме случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и сме во постојана комуникација со надлежните институции“ велат од министерството.Оттаму додаваат дека внимателно го следате случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и дека се во постојана комуникација со надлежните институции.„ Првичните сознанија, утврдени од Центарот за јавно здравје, укажуваат дека причина за труењето е од мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување. Во однос на прашањето што се поставува во јавноста дали мајонез се користи во исхраната на децата, сакаме да информираме дека мајонезот воопшто не се користел како примарна храна туку во многу мали количини под 10%, како додаток во оброци од паштета со туна и од пилешко месо“ се наведува во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Vakcini

(ФОТО) Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека

Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот. Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. извор: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

nake-s

Почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник од СДСМ

Денеска на 71-годишна возраст почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ.Стојановски беше пратеник во Собранието во три мандата, од 1991 до 1994, од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2002 година.-Почина Наќе Стојановски, истакнат член на СДСМ, пратеник во три мандати, и вршител на други важни должности меѓу кои и директор на Централен регистар. Ќе ги паметиме неговата истрајност, смисол за хумор, скромноста и пред се другарството. Почивај во мир Наќе. Сочувство до најблиските, напиша на својот Фб профил министерката Радмила Шекеринска.

Македонија | пред 5 години

bomba

Скопјанец со рачна бомба им влегол во двор и им се заканувал

Педесет и петгодишен скопјанец ноќеска бил приведен од полицијата, откако претходно влегол во двор каде седеле две лица и им извадил бомба кашикара. Тие успеале да му ја одземат бомбата.Инцидентот се случил на улицата „Петар Драпшин“ во Скопје, соопшти МВР.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

carovska

Градоначалникот Георгиески и министерката Царовска ги посетија промотивните настани на Охридските средни стручни училишта

Градоначалникот Константин Георгиески и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска беа во посета на промотивните настани на ДУТУ “Ванчо Питошески” и ОЕМУЦ ” Свети Наум Охридски” кои се организираат за идните средношколци и ги запознаваат со придобивките од стручното образование.Градоначалникот истакна дека Општина Охрид е подготвена да ги поддржи сите реформи на Министерството за образование и наука, кои се во насока на унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта и кои  придонесуваат за подобра иднина на младите. – Ја поддржуваме кампањата на “Учи паметно, работи стручно” и процесот за унапредување на средното стручно образование, со цел истото да ја оствари својата примарна функција, а тоа е креирање на стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд. Многу е важно образовните профили во стручните училишта да бидат усогласени со потребите на компаниите и бизнис секторот. Квалификуваниот стручен кадар е еден од најважните предуслови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор. Во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Преку овој систем на образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со обучен кадар, кој е подготвен веднаш да одговори на работните задачи од соодветната струка, истакна градоначалникот Георгиески. Тој потенцираше дека во рамки на своите надлежности Општина Охрид континуирано инвестира во подобрувањето на условите за учениците во средните училишта. За таа цел во текот на изминатиот период беа реализирани значајни реконструктивни зафати во сите училишни објекти, а вакви активности се планирани и во иднина.

Македонија | пред 5 години

trifun

Костовски за Фокус: Имам амбиции да станам премиер

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје. Но, како што вели тој во изјава за неделникот Фокус, неговите амбиции се поголеми. Тој посочува дека има амбиција да стане премиер, навестувајќи можно учество на претстојни парламентарни избори.– Имам капацитет, искуство, знаење, чесен сум, се чувствувам чист и праведен и мислам дека народот ја заслужува мојата чесност. Не исклучувам кандидатура за градоначалник на Скопје, но јас имам поголеми амбиции, за премиер. За да формирам партија, немам финансиски можности, но може да се направи граѓански фронт, да се обединат граѓанските сили во едно движење – вели Костовски.извор: Фокус

Македонија | пред 5 години

pavle-trajanov

Демократски сојуз: Ја поздравуваме одлуката на Пендаровски да не го потпише законот за дивоградбите

Демократскиот сојуз соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.„ Доколку ваквото законско решение стапеше на сила, тоа ќе ги наградеше прекршителите на законот, правејќи огромна неправда и дискриминација на оние граѓани кои чесно плаќаат комуналии и ја почитуваат законската процедура при изградбата на објекти за домување. Истовремено, ќе беше сигнал за сите граѓани непречено да градат нови дивоградби, надевајќи се дека во иднина ќе има нова амнестија“ велат од партијата.Оттаму потсетуваат дека пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, заедно со независните пратеници на ЛДП и ДОМ, не гласаа за законот и побараа од претседателот Пендаровски да не го потпише.„ Демократскиот сојуз останува цврсто против легализација на дивоградбите и ја повикува Владата да го повлече законот и да не го доставува во Собранието на повторно одлучување. Доколку законот во иста форма се врати во Собранието, ќе ги искористиме сите деловни можности за да не се донесе зсконот во ваква форма и решенија, кои се спротивни на темелните Уставни решенија и повеќе други системски закони“ се наведува во соопштението на партијата.

Македонија | пред 5 години

Vejce-ploca

(ФОТО) Уништена спомен - плочата за убиените бранители кај Вејце

Не поминаа ни две недели, а спомен-плочата поставена на местото на убиството на 8-те бранители кај тетовското село Вејце, е отстранета и најверојатно уништена. На местото на убиството на 28 април 2001 за време на воениот конфликт, сега се наоѓаат само расфрлани цвеќиња кои беа положени при неодамнешното чествување на овој настан. Таблата со имињата на бранителите е искршена и фрлена, а на мермерната спомен-плоча ѝ се губи секоја трага. Од Здружението на бранителите по којзнае кој пат реагираат на ваквите настани, кои редовно се случуваат кога се поставува спомен-обележје за загинатите бранители од 2001, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Бранителите побараа првиот вицепремиер Груби да се погрижи да не се крши спомен плочата на осумте војници убиени од УЧК кај Вејце пред 20 години.„Откако ја упатив таа порака до вицепремиерот Артан Груби, досега никој не ми се јавил, но ова што во меѓувреме е направено кажува дека воопшто не е реагирано на ова што го бараме. Се надеваме дека надлежните служби овој пат ќе најдат сили да ги пронајдат и соодветно да ги санкционираат сторителите“, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители. Текстот вп целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања