Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

“Фокус”: Мијалков нуди гаранција од 7,5 милиони евра за да излезе од притвор од „Шутка“

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“, дознава „Фокус“ од свои извори.Засега, според медиумот обвинителството се уште не дало мислење по барањето, но сумата е доста висока, односно можеби и највисока која е понудена досега, поради што и се шпекулира дека е можно да се очекува согласност. Одлуката пак за тоа дали Мијалков ќе излезе на слобода за неколку дена треба да ја донесе совет во Кривичниот суд.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

evzoni

Грција ги отвори границите ова се условите за влез во Република Грција преку ГП „Евзони“

Денеска  од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП ,,Евзони“. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr  (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ,Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.Во продолжение е интегралниот текст на известувањето:Почитуван г. Џафери,Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со член 38, став 2 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија, Ве известувам дека одлучив да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 мај 2021 година.Мојата одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдив дека текстот на Законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на Законот нема општествена оправданост односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт.Текстот на Законот е спротивен на член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот каде што владеењето на правото е утврдено како темелна вредност на уставниот и, генерално, нашиот правен поредок. Имено, фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, коешто е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност. Таквата постапка е спротивна со член 9, став 1 од Уставот во кој што е определено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Дополнително, во член 51, став 2 од Уставот е определено дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Убеден сум дека усвоениот Закон не само што ги става граѓаните во нееднаква положба, привилегирајќи ги оние кои не ги почитувале правните прописи на штета на совесните граѓани кои при градење на објекти постапувале во согласност со важечките прописи, туку, уште повеќе, стимулира непочитување на правните прописи. Стимулирањето на непочитувањето на правните прописи нанесува трајна штета на сите напоринашата држава да ја изградиме како демократска држава заснована врз владеењето на правото и почитувањето на правата и слободите на човекот и граѓаните.Понатаму, особено спорен е член 41 од текстот на Законот со кој од денот на влегување во сила на Законот се предвидува „запирање на управни постапки кои не се завршени со спроведување на решенијата за отстранување на бесправно изградените објекти, како и управните и судските (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти кои се завршени или се во тек“. Оваа одредба е спротивна со член 8, став 1, алинеја 4 од Уставот каде што поделбата на власта на законодавна, извршна и судска власт е дефинирана како темелна вредност на уставниот поредок. Преку вака формулираното законско решение се врши упад во работата на судовите и се овозможува „затскриена“ амнестија за сторители на кривични дела поврзани со бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Неспорна е уставната надлежност на Собранието, во согласност со член 68 од Уставот, да дава амнестија. Но, амнестијата, како што налага законодавната пракса, треба да биде дадена со посебен закон за амнестија, а во образложението кон евентуалниот таков закон треба да се образложи општествената оправданост односно јавниот интерес за давањето на амнестијата. Преодните и завршните одредби на Законотза утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти не се местото кадешто на нетранспарентен начин ќе биде дадена амнестија.Донесениот Закон, исто така, е спротивен на член 43 од Уставот во кој секому се гарантира правото на здрава животна средина, а државата се обврзува да создава услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина. Донесениот Закон во член 17 предвидува можност за легализација на бесправно изградени објекти дури и во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“. Ваквата можност е прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина, адополнителноможноста за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни зони на вода за пиење потенцијално го загрозува јавното здравје, чијашто заштита е, исто така, законска обврска на државата. Можноста, во наведениот член, за легализација на бесправно изградени објекти во подрачје на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети) е повреда на законската обврска на државата да ги заштитува културните добра и културното наследство.Конечно, но не и помалку важно, како претседател на државата се заколнав дека ќе ги почитувам и штитам Уставот и законите. Таа обврска подразбира не само формално почитување и спроведување на Уставот и законите, туку, многу повеќе, промоција на правната култура. Правната култура е одлика на сите цивилизирани заедници, а владеењето на правото и заштитата на јавниот интерес е принцип на сите демократски држави. Впрочем, владеењето на правото е основниот услов за остварување на стратешката цел на нашата држава за интеграција во Европската Унија, за чиешто остварување работеле и работат сите досегашни претседатели, состави на Собранието и влади. Како убеден демократ и легалист верувам во водењето на политиката во границите на правото и затоа не можам да се согласам од неправото да создаваме право. За жал, усвоениот Закон е пример за такво поведение.Во таа насока, апелирам до сите пратеници, независно од политичката припадност, а водејќи се од словото на Уставот и јавниот интерес, уште еднаш, да размислат пред повторно да одлучуваат за овој текст на Законот.

Македонија | пред 5 години

14-05-2021-Vasev

Васев: Зад утрешните протести стои ВМРО-ДПМНЕ на оваа партија важни и се само партиските и бизнис интереси

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да дејствува против реформите во образованието, против интересите на граѓаните. Стана јасно дека зад стои зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и зад утрешните протести, стои ВМРО-ДПМНЕ. Партијата предводена од Мицкоски се обидува да манипулира со родители и ученици заради теснопартиски и бизнис интереси, истакна Стефан Васев од СДСМ.Васев додаде:Наместо да покажат конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена се обидуваат да го опструираат процесот на дигитализација на образованието.Фактот што опозициската партија наводно не била против дигитални учебници, н се спротивставува на законското решенија покажува дека ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и манипулации се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.Толку од интересот на ВМРО-ДПМНЕ за образованиот систем. На оваа партија важни и се само бизнис и партиските интереси и затоа секојдневно шират лажни вести и невистини и се обидуваат да ја манипулираат јавноста.ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секоја реформа, на сé што е во интерес на граѓаните и на државата.Токму поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.

Македонија | пред 5 години

14052021_PVRSM_Zaev_sredba_Bakacelos-2

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција донесе одлука да инвестира и во Северна Македонија

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во Северна Македонија за рециклирање на пластика. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.Компаниите изразија интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот како и заедничките проекти во полето на енергетиката.Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата, да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.На состанокот се дискутираше и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.Презентирајќи ги можностите за инвестиции премиерот Заев додаде дека позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.Претседателот на грчката АмЧам, Бакацелос искажа отворена благодарност што Северна Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.На средбата беа истакнати позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извоз, индустриско производство, внатрешниот промет како и раст на просечната плата.

Македонија | пред 5 години

krazba-na-kola-701x466

Обвинение против двајца косовски државјани за тешка кражба во Скопје

Обвинителен предлог против двајца државјани на Косово поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Како соизвршители, двајцата косовски државјани на возраст од 37 и 41 година, обвинетите влегле на територијата на државава преку граничниот премин Блаце на 19 април, по што со автомобилот се паркирале на паркинг простор пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Излегле од возилото и забележале како еден оштетен го паркира својот автомобил Ауди А6 на истиот паркинг. Кога оштетениот го заклучувал неговото возило со далечински управувач, еден од обвинетите со пресретнувач го блокирал сигналот на уредот за електронско заклучување. Откако сопственикот се оддалечил, обвинетите го отвориле возилото и од преградата одзеле нов неупотребен мобилен телефон во кутија, вреден 90.000 денари. Потоа истиот ден ја напуштиле територијата на Република Северна Македонија.​​

Скопје | пред 5 години

Kolarik14052021

Колариќ: Имаме сомнение дека парите за субвенции за инвертер клими се злоупотребени и се давани по партиски клуч, ДКСК да отвори случај

Денеска ќе поднесеме пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за кој постојат основани сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари, кои требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва,нафта или мазут, истакна Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје.Колариќ додаде:Субвенцијата која требаше да ја добие едно домаќинство е до 62 илјади денари. Сите пари не завршиле кај домаќинства кои требаше да ги заменат своите печки на дрва со инвертер клими. Од свиркачи во Град Скопје имаме информации дека се давани субвенции и на домаќинства кои не ги исполнуват бараните услови пропишани во Програмата донесена од Советот на Градот Скопје на 29-ти јануари 2020 година.Ова е класична злоупотреба која мора да биде санкционирана. Дополнително постои сомнение дека поделбата на субвенциите е вршена и по партиски клуч. Имено на некој од граѓани им било барано да достават потврда од БЕГ дека не се приклучени на градското парно, на други им била прифаќана и изјава на нотар, а на трети не им се барани никакви документи. Применета е произволност и самоволие на градската управа спротивно на Програмата донесена од Совет на Град Скопје.Дополнително не е испочитувана и постапката за заштита на личните податоци, ниту еден граѓанин нема потпишано изјава за согласност за обработка на лични податоци, ниту пак е запазена постапката за прием на апликации, а Градот Скопје се однесува сеуште незаконски со документацијата.Ова е фотографија која е доказ за тоа. Ова се вреќи во кои е сместена документација со податоци на скопјани. Дојавата е од совесни административни службеници кои работат во Градот Скопје.Ова е класична злоупотреба. Имаме сомнежи дека се злоупотребени народни пари, не се постапува согласно законите, но и дека е вршен поткуп пред избори, особено заради фактот што огласот за инвертер клими беше распишан 13 дена пред парламентарните избори во 2020 година.Бараме ДКСК во најбрз можен рок да отвори постапка и да го истражи овој случај до крај.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

kurumi

Рачни бомби, куршуми и алатки за мини пронајдени во училиште во Карпош

Директорка на училиште во Карпош пријавила во полиција дека додека расчистувале просторија во училиштето пронашле куршуми, рачни бомби и алатки за активирање на мини. Полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР ги подигнале истите и констатирале дека се работи за училишни предмети.– На 12.05.2021 во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети – соопшти МВР.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

trosoci-za-zivot-2

Македонците со најниска плата и со највисоки трошоци за живот

Со просечна македонска плата се купуваат 300 литри масло за јадење. Со просечна германска плата се купуваат 2820 литри од истиот производ. Споредбата на цените во земјава со земјите од регионот и Европа покажува дека овде плаќаме помалку за струја и гориво, но земјоделската Македонија може да се рамни со европските земји по цените на храната, објави Сител. На пример, литар млеко во земјава чини од 50 денари нагоре. Во Хрватска 40 денари, во Србија 47, во Словенија 66 денари.Слатките задоволства во земјава се двојно посапки отколку во Германија. 100 грма познат бренд чоколадо кај нас чини околу евро, во Германија околу 60 евроценти.Во македонија и платите се најниски исто така. Просечната плата во февруари во Македонија изнесуваше 27.948 денари, а просечниот трошок на едно домаќинство, според пресметките на ССМ изнесува 34.000 денари.Текстот во целост и видео на:  Сител. 

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Не се исклучува жива музика и свадби, Филипче дава надеж

В понеделник, Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи, објави СДК.МК. „Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила“, рече Филипче.Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението. 

Македонија | пред 5 години

evzoni

Дозволите за влез во Грција може да стигнат пред полноќ или изутрина - граѓаните се враќаат назад

Сите кои тргнаа кон Грција се враќаат назад, откако рампите на граничниот премин останаа спуштени. Грчката полиција не дозволи влез на оние кои немаа грчки пасош. Службениците не знаеја кога ќе добијат одобрение од Атина за влез на странци, а предвидуваа дека тоа ќе биде ноќеска на полноќ или утре изутрина. На границата имаше возила со македонски, српски, бугарски таблици кои чекаа во колоните, објави А1ОН. „Ни кажаа дека нема да добијат одобрение пред полноќ, затоа се вративме назад“, вели граѓанин кој утрово се обиде да ја помине границата со Грција.Освен оваа информација, грчките гранични службеници одбиваат да одговараат на други прашања. Велат дека ги известиле нивните власти и чекаат насоки и инструкции од таму. Засега, нема одговор од македонското Министерство за надворешни работи зошто настана овој проблем на грчката граница и дали одговор на ова прашање има од грчките власти.На граничниот премин „Богородица“ утрово се створија колони. Граѓаните беа затечени од одлуката на граничната полиција на Грција, која одби да ги пропуштат за влез во земјата. Македонската полиција ги пропушташе возилата и во меѓузоната, но сега, сите се враќаат назад.Инаку, од денес требаше да се отвори граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Константин Мицотакис во Атина.Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).извор:  А1ОН. 

Македонија | пред 5 години

evzoni

Грчкото министерството за туризам објави што треба да имате за да не ве вратат од граница

Границата меѓу Македонија и Грција се отвори од утрово, но на македонски државјани сепак не им е дозволено да влезат во земјата, па тие со часови седат во меѓуграничниот простор. Причина за тоа е што пред тргнување не го пополниле формуларот, кој може да се симне од https://travel.gov.grОва се најновите информации за влез на туристи во Грција, што ја објави Министерството за туризам на Грција. Само се очекува потврда дали старосната граница за децата за кои тестот не е задолжителен ќе се зголеми од сегашните 5 на 10 години.За да влезат во Грција, еве што се друго посетителите треба да имаат:1.Пополнет формулар заPCR најмалку 24 часа пред да влезете во Грција2.Потврда за вакцинација со која било вакцинаили– Негативен PCR тест, не постар од 72 часаили-Серолошки тест, т.е. потврда за антитела дека сте го порележале вирусотили-Дигитален зелен сертификат (GreenPass) од 1 јуни 2021 година.3.За деца постари од 5 години потребен е негативен тест, додека деца помали од 5 години не мора.Случајни брзи тестови се можни при влегување во Грција, кои ќе бидат бесплатни за туристите. Резултатите од овие тестови ќе бидат готови по околу 10 минути. Оние што ќе бидат тестирани се должни да бидат во изолација додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.Како што беше најавено во април, граничниот премин Евзони ќе биде отворен за сите туристи на 14 мај. Работно време на преминот Евзони е од 7 до 19 часот.PLF образец за  Грција – The Passenger Locator FormPLF образецот се пополнува најмалку 24 часа пред да влезете во Грција.Го пополнуваат сите што сакаат да ја посетат и престојуваат во Грција – без оглед на видот на превозот (автомобил, автобус, брод, авион) и државјанство.Извор: grckainfo.com

Македонија | пред 5 години

13052021PVRSM_sredba_Mitsotakis-4

Заев: Грција е еден од најпосветените наши пријатели, имаат неколку позитивни идеи за тргање на бугарската блокада

Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за МИА и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада.Во разговор со дописничката на МИА од Атина, премиерот вели дека грчката страна покажала дополнителна креативност, „на многу пријателски начин, на многу прагматичен начин“, а за блокадата од Софија коментира дека тоа е проблем и предизвик, не само за нас, туку и за Европската Унија и за Бугарија и за Грција како земји членки.Премиерот денеска ја завршува посетата на Атина, а освен за продлабочување на политичките односи, оствари низа средби и за продлабочување на економските врски и економската соработка.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

evzoni

(ФОТО) Граѓаните заглавени на граница откако Грција не ги крена рампите

Сите кои тргнаа на патување во соседна Грција, од утрово се заглавени на граница. Иако беше најавено дека граничниот премин „Богородица“ ќе биде отворен, сепак грчката полиција не ги пропушта возилата и граѓаните. Колона од десетици возила е пред границата, но и во меѓузоната.Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие се должни да ги пропуштат возилата кон Грција, бидејќи добиле известување од македонското Министерство за надворешни работи. Проблемот со непропуштањето на возила и граѓани кон Грција е бидејќи тамошните власти не испратиле известување до граничната полиција, дека влезот во нивната земја преку овој граничен премин е дозволен од денеска.Инаку, од денеска ќе треба да е отворен граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Константин Мицотакис во Атина.Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

Македонија | пред 5 години

policija-3-1

Во едно деноноќие - 144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 36 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.Изречени се пет санкции за нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 5 години

Skolo

Со почетокот на новата учебна година, повисоки плати за вработените во високото образование

Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат исто така се приклучи кон колективниот договор, информира денеска министерството за образование.„Со вклучувањето на Независниот академски синдикат во колективниот договор за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со МОН, без посредство на раководните структури на државните универзитети. Од синдикатите сметаат дека овој колективен договор е исклучително важен за правата на работниците, во однос на решенија на системски проблеми кои ги засегаат вработените во секторот со години, социјалниот дијалог и регулирањето на односите помеѓу различните чинители и препознавањето на што е значајно во политиката на високото образование и науката“, велат од МОН.Од таму појаснуваат дека со новиот Колективен договор е направен чекор во позитивна насока, да се реализираат барањата од првите две години на петгодишниот предлог план. Очекуваат унапредувања на правата на сите вработени и реализирање на зацртаните барања во целост и дека со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на здравствената криза со пандемијата.„Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн. Во договорот се дефинира начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата. Со овој начин на пресметка се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата, со што се оневозможува стагнирање на платите како во изминатиот период“, стои во известувањето од министерството за образование и наука.Дополнително, додаваат од таму во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови, како и исплаќање на прекувремената работа.

Македонија | пред 5 години

m1

47 санкционирани мотоциклисти во Скопје

Денеска спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 16 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Скопје | пред 5 години

13052021PVRSM_sredba_Mitsotakis-4

Заев - Мицотакис: Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис во Владата во Атина. На средбата присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи.Премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација. Беше заклучено дека Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија.Во однос на евроитеграциите на Северна Македонија премиерот Мицотакис порача до премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат.Заедничка беше констатацијата на премиерите дека Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и дека претпристапните преговори со ЕУ треба да почнат час поскоро.Земјата покажа дека има сериозен капацитет да склучува и исполнува договори за пријателство, заклучија Мицотакис и Заев.Дополнително на средбата беше подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнување на процесот на преговори со ЕУ.Поголем дел од состанокот премиерите на двете земји разговараа за искористување на потенцијалите за економска соработка, како и за деловните можности кои произлегуваат од соработката меѓу стопанските комори од двете земји. Премиерот Мицотакис истакна дека поради економски и геополитички причини Грција сериозно ја поздравува и поддржува одлуката на Северна Македонија за инвестициите во гасните проекти Александруполи.Во рамки на средбата, премиерот Мицотакис го извести премиерот Заев дека почнувајќи од утре, 14.5.2021 година, се отвора граничниот премин „Евзони“ за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела.

Македонија | пред 5 години

idrizi

Кој е Камер Идризи што вчера беше убиен: Вработен во Комунална хигиена, другар од детство на градоначалникот на Бутел

Полицијата со часови собираше чаури и траги во скопски Бутел, по бруталното убиство на Камер Идризи. Засега од МВР не даваат информации дали се знае кој го уби 43-годишниот скопјанец, а тешко го рани неговиот внук. Идризи и бил познат на полицијата, но и на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски. Зекири не одговори на повиците за да каже од каде се познаваат со Идризи. Смилевски, пак, за „А1он“ вели дека биле другари цел живот.Градоначалникот Смилевски вели дека биле блиски со Идризи, кој вчера беше убиен. За „А1он“ вели дека не знае за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа. Се дружеле, вели Смилевски, а за разлика од коментарите во јавноста каде Идризи е преставен како „лице познато на полицијата“, градоначалникот тврди дека не го познава како таков.„Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред“, вели Смилевски.Прашан дали знае зошто Идризи е Убиен, градоначалникот на Бутел, вели дека не знае.извор:„А1он

Македонија | пред 5 години

laze-velkovski

Началникот Велковски пензиониран со решение, без да се праша дали сака да продолжи да работи во МВР

Лазе Велковски повеќе не е началник на Одделот за сузбивање на организиран криминал. Министерството за внатрешни работи го пратило во пензија, за што изготвило и решение. Извори за „А1он“ тврдат дека за разлика од останатите службеници, на Велковски не му била дадена можност да се изјасни дали сака да се пензионира или да продолжи да биде вработен во МВР. Оваа можност, согласно Законот за внатрешни работи – постои.Праксата на МВР е да побара од службениците сами да се изјаснат дали сакаат да се пензионираат, а доколку прифатат, им се дава можност да го искористат годишниот одмор, па да им биде врачено решението. Доколку не прифатат, со писмена изјава бараат продолжување на договорот за вработување. Според извори во МВР, на Велковски не му била дадена оваа можност, туку му било изготвено решението. Но тој, сепак поднел писмена изјава.Иако нема одговор на писмената изјава од Велковски, од МВР веќе именуваа и нов времен началник. За началникот Велковски кој е во заминување, од МВР велат дека исполнил услови за да се пензионира. Оттаму нема информација за поднесената писмена изјава за барање на продолжување на договорот за работа, ниту, дали и како е одговорено на истата.Тој го исполни условот за пензионирање – 40 години работен стаж, со што работниот однос му престанува согласно Законот за внатрешни работи. На негово место, со времено решение, е поставен Ветон Кранлиевски, државен советник во Кабинетот на министерот и долгогодишен вработен во Министерството за внатрешни работи“, велат кусо од МВР.За информациите дека без да му се понуди да остане на работа му било дадено решение за пензионирање, началникот Велковски за „А1он“ кажа дека не може да зборува. Тој објасни дека без дозвола од МВР и министерот Спасовски, не смее да дава изјави во јавност.Со Законот за внатрешни работи е предвидено сите службеници кои имаат 40-годишен работен стаж можат да се пензионираат, но, и, да побараат да им се продолжи договорот за уште пет години. Дополнително, се наведува: „Министерството е должно по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување…“. Токму на ваков начин, илјадници службеници во МВР го имаат продолжено својот работен однос, бидејќи законот не остава простор за одлучување по автоматизам се продолжува договорот.Решението кое му е издадено на Велковски треба да стапи во сила од вторник, кога тој навршува 40 години работен стаж. Ако до тогаш не му биде продолжен договорот за работа согласно Законот, тој заминува од МВР и началничката функција.Исто така, Велковски е соработник на обвинителката Вилма Русковска во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Но од шефицата на оваа институција нема одговор дали ќе остане да ја извршува таа функција по одлуката на МВР да му даде решение за пензионирање.Велковски стана началник откако беше разрешен од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, по барање на министерот Оливер Спасовски и одлуката на Владата.извор: „А1он“

Македонија | пред 5 години

13052021_PVRSM_Zaev_ZPVRSM_Bitiki_sredba_2

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, „Атхекс груп“, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал.На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека заеднички вложувања и инвестиции се од особена важност за економскиот просперитет.На средбата беше истакнато дека пазарот на капитал е важен дел од економското функционирање на земјите и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи истакнаа дека државата гарантира и обезбедува пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ФОТО) Продолжува отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето

Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонија пат", во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку заедничко делување и на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

w_56674000

Денеска починати 17 лица и нови 123 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани се 3803 оздравени пациенти од:Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ.Пријавени се вкупно 17 починати лица: 3 од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.Направени се 2.598 тестови преку: ИЈЗ-378, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-10, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–155, МАНУ-107, Жан Митрев-107, Авицена-175, Биотек-430, Систина-160, Лаор-234, Синлаб-111, Ремедика-99, Плодност–26, Генеа–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 472.Досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68165, активни 2650Куманово 8759, активни 547Прилеп 8255, активни 307Тетово 7183, активни 244Битола 6257, активни 446Велес 5458, активни 185Гостивар 5154, активни 136Кавадарци 5141, активни 103Охрид 4974, активни 290Штип 4951, активни 146Струмица 4092, активни 146Струга 2969, активни 106Кочани 2768, активни 95Кичево 2526, активни 159Гевгелија 2189, активни 67Неготино 2177, активни 52Свети Николе 1517, активни 68Ресен 1233, активни 100Крива Паланка 1217, активни 23Радовиш 1129, активни 64Берово 1026, активни 16Делчево 964, активни 46Дебар 938, активни 10Виница 870, активни 95Пробиштип 785, активни 17Валандово 664, активни 12Богданци 493, активни 18Крушево 488, активни 34Демир Хисар 396, активни 37Демир Капија 396, активни 5Кратово 363, активни 11Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 266, активни 4Македонска Каменица 243, активни 17Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

13052021_PVRSM_Zaev_za-mediumot-Avgi

Заев за грчки „Авги“: Грција е силен лобист за нашиот пристапен процес за членство во ЕУ

„Убеден сум дека наскоро грчкиот парламент ќе ги ратификува меморандумите за поддршка за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и Спогодбата за надгледување на небото над нашата земја како дел од заедничките политики во НАТО, за уште еден нов, значаен придонес за унапредување на билатералните односи со Грција со која активно соработуваме на промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакнува во интервјуто за грчкиот медиум „Авги“ претседателот на Владата Зоран Заев.На прашањето на „Авги“ за актуелниот миг на евроинтеграцискиот процес на земјата, премиерот Заев нагласува дека за време на неговата европска агенда во Брисел изминатите два дена сите највисоки претставници на институциите на ЕУ јасно потврдија дека Северна Македонија ги исполни потребните услови за да ги започне преговорите за пристап и заслужува да продолжи во следната фаза на процесот без одложувања.„Темите што го одложија овој процес се билатерални прашања и како такви не треба да се најдат на масата за која се разговара за пристапување на нашата земја во членство во ЕУ. Нашиот идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде. Сé додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме. Ние ги исполнивме сите критериуми за отворање на преговарачкиот процес по поглавја, добивме безусловна препорака за почеток на преговорите, испорачавме и сега е на ред ЕУ да испорача“, нагласува ЗаевПремиерот Заев во интервјуто за „Авги“ говори за огромните придобивки од Договорот од Преспа кој „отклучи“ огромен потенцијал за соработка меѓу двете земји, меѓу кои и исклучителната лоби поддршка на Грција за нашата земја да го започне пристапниот процес за членство во ЕУ.„Имплементацијата на одредбите од Договорот тече според динамиката што ја имаат утврдено телата за соработка во различни сфери, особено во енергетиката. Ние продолжуваме со напорите да ги исполниме нашите обврски како што е предвидено во Договорот од Преспа. Важно е дека фокусот, добрата волја и одлучноста се свртени во таа насока и нема да дозволиме процеси кои можат да ги загрозат вредностите на Договорот од Преспа“, вели за „Авги“ премиерот Заев.Грчкиот медиум покажа интерес и за справувањето на земјата со пандемијата и премиерот Заев информираше дека во Северна Македонија сега има доволно количества вакцини за да се заврши до крај масовна имунизација со која се предвидува до крајот на летото да се постигне колективна заштита.„Имаме чести и редовни разговори со Атина, и формални и неформални, за пандемијата. Сега зборуваме главно за можните режими за патување во претстојниот период, бидејќи луѓето сакаат да ја посетат Грција, нашата традиционална дестинација за годишни одмори“, нагласи претседателот на Владата Заев во интервјуто на грчкиот медиум „Авги“.

Македонија | пред 5 години

dimce13052021

Арсовски: Секојдневно во градот се случуваат убиства како на мафијашки филмови, за тоа е директно одговорна Владата која што го штити криминалот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарско прашање околу убиството кое што вчера се случи во Бутел, истакна дека станува збор за човек со криминално досие кој е виден на повеќе слики на социјалните мрежи со лица од власта.-Нема што повеќе да се коментира за ваква власт каде што секој еден криминалец во Република Македонија веќе тоа доби и поголема димензија криминалци во рамките на светот да се сликаат со лица од власта предводена од СДСМ. Изминативе неколку години откако СДСМ е на власт Република Македонија, конкретно Скопје стана арена за пресметки, пукање, убиства на криминални и мафијашки банди и нарко дилери, посочи Арсовски.Она што го видовме вчера рече тој, на медиумите и социјалните мрежи е еден од убиените кој што има криминално милје е виден на повеќе слики со функционери на СДСМ, како што е Оливер Спасовски, Велимир Смилевски, Мухамед Зекири, Стево Пендаровски кој што е претседател на државата.-Невозможно е овие луѓе секојдневно да биле во друштво на криминалци. Ова е потврда дека државата ја води нарко мафија, односно крими мафија. Секој еден криминалец е сликан буквално со секој од власта. Затоа ова мора да прекине, оваа Влада мора да сноси одговорност, бидејќи повеќе не се безбедни улиците за никого. Сред бел ден, попладне, навечер во време кога има голем број на луѓе низ улиците, во сред центар на градот се случуваат убиства како на мафијашки филмови. И за тоа е директно одговорна Владата која што го штити криминалот. Затоа оваа влада треба да падне, да одговара и да сноси политичка одговорност, изјави Арсовски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања