Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

20052021_PVRSM_Zaev_intervju_Utrinski_brifing-1

Заев: Под покровителство на Португалија и ЕУ очекуваме решение до крајот на јуни на кое се работи веќе пет-шест месеци

Премиерот Зоран Заев за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, говорејќи за интензивните меѓународни средби изминатиот период, за процесот на остварување на аспирациите на нашата земја за членка на Европската Унија, оцени дека е сосема јасно дека се гради стратегија како Унијата да го врати својот кредибилитет.„Со лидерите на ЕУ зборувавме за Западен Балкан и перспективите. „Kабаетлукот“ на ЕУ е недвојбен и се градат стратегии како конечно Европа да го врати својот кредибилитет овде. Сите знаат дека ниту една земја, аспирант за членка на Унијата не чекала толку долго како нас. Шеснаесет години“, вели Заев, кој изрази оптимизам дека во наредниот период во разговорите на челниците на Португалија која претседава со Унијата и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со двете страни, нашата и на Бугарија, ќе се направат чекори и ќе се оствари Првата меѓународна конференција кон крајот на јуни.Премиерот Заев во утринското интервју, подвлече дека Брисел е запознаен со црвените линии поставени од наша страна и нема отстапување по однос на јазикот и интегритетот.„Граѓаните треба да ја согледаат реалноста. Бугарија има техничка влада, но тоа не значи дека не треба да направиме сѐ за да се најде решение. Мислам дека и за бугарската страна е добро да се изнајде решение. Граѓаните на изборите им порачаа дека политики кои носат непријателство, блокади и кочници не се поздравени и подржани. Впрочем и претседателот Радев кој многу често зборува за европеизација, европските манири треба да ги направи овие чекори. Не сакам да ги креваме нереално очекувањата па после пак да бидеме скршени, но оваа година треба да направиме пробив“, рече Заев за Слободна ТВ.Тој истакна дека, новината е дека португалското претседателство разработува цела една стратегија со која што ќе настапи пред Софија и пред Скопје.„Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се случи. Ги знаат нашите црвени линии, бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонски идентитет и јазик тргнете нѐ од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал“, ги повтори премиерот Заев ставовите на македонската Влада, притоа изразувајќи надеж дека во Бугарија на изборите ќе се формира влада со која што ќе може да разговара, иако како што нагласи тоа не значи дека за разговори треба да се чека терминот во септември кога се очекува формирањето на владата во Софија.„Ние и сега треба да разговараме. Двајцата претседатели ќе разговараат. На 26 мај се заедно во Ватикан. Ние преку португалското претседателство и еврокомесарот Вархеји разговараме како влади. Очекувам до крајот на неделата министерот за надворешни работи на Португалија која што е претседавач со ЕУ и комесарот да одат во Софија и да дојдат тука и да соопштат решение на кое што работат веќе пет-шест месеци“, истакна премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-6

Во сабота авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.05.2021 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24.05.2021 година терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, односно:1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22.05.2021 (сабота) и на 23.05.2021 (недела), во раните утрински часови.2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 24.05.2021 (понеделник) до 28.05.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Актуелно | пред 5 години

20052021_PVRSM_Zaev_intervju_Utrinski_brifing-1

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети

„Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети”, изјави во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, посочувајќи дека при неодамнешната посета на Грција и средбите со неодамнешното раководство во фокусот на средбите биле поддршката на странските инвеститори и проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата.Притоа тој ги спомена нашата инвестиција во терминал за течен гас во Александропули, гасната централа 400 милиони евра, 370 милиони евра вреден гасниот терминал, како главни геостратегиски приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените инвестиции и гасоводниот систем кој е важен за Северна Македонија како главна транзитна точка за гасот од Грција, Северна Македонија, Србија, Косово и оди кон Западна Европа, со што, како што беше нагласено, ќе се надмине монополот во областа на снабдување со гас.„Сето ова влијае на намалување на цената на гасот, на стабилизирање на цената на електричната енергија, но и на потрошувачката, екологијата дома, заменувањето на фосилните горива. Огромни се проектите кои се развиваат со соседна Грција и тоа во сите области, треба да знаат граѓаните дека веќе развиваме програми во кои создаваме Фонд за обновливи извори на енергија и следуваат сериозни предизвици за да го намалиме влијанието на климатските промени“, посочи премиерот Заев во денешното утринско интервју, оценувајќи дека во сферата на енергетската транзиција Северна Македонија е понапред од повеќе европски земји во постапките за затворањето на централите кои работат на јаглен.

Македонија | пред 5 години

bebe

(ВИДЕО) Штотуку родено бебе почна да чекори, сите останаа вчудоневидени

Штотуку родено бебе од Бразил почна да чекори. Видеото ги изнанади ни и насмеа многумина.Ова видео е многу невообичаено. Овие чекори не ги гледаме многу често кај новороденчиња. Видеото е снимено од бабица и го погледнале над 80 милиони луѓе. Овие бабици останаа во стравопочит откако видоа дека бебето сака да оди.Бабицата ја држеше и таа направи чекори. Бабицата сакала повторно да го завитка бебето во ќебе, но бебето не се откажало.Видеото може да го погледнете на овој линк.

Магазин | пред 5 години

plaza-3

(ФОТО) Шокантно, фекалии завршувале во Охридско Езеро

Во Охрид се рушат дивоградбите кои со години се поставени на плажите. Охрид, втора недела по ред, од Метропол до Пештани ги руши бетонските градби, каде до минатата година, се извршуваа услужни дејности спротивно на законите. Меѓу останатото, беа пронајдени и канализациски цевки, преку кои од импровизираните шанкови и тоалети, отпадните води завршувале во Охридското Езеро. Пластичните цевки биле откриени откако бил отстранет дел од бетонот и започнало уредувањето. Неофицијално, станува збор за плажата „Немо“, чие уривање се реализираше минатата година, а сега се средува.По уривањето, Општина Охрид работи и на средување на местата во пресрет на летната сезона. Градежна механизација во наредниот период ќе го собира и шутот кој е направен по уривањето на бетонските дивоградби. Досега, плажата „Горица 3“ е целосно исчистена, а од утре, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ќе почне со хортикултурно уредување на просторот. Со овие активности, се исполнуваат дел од препораките на УНЕСКО, а со цел, да се стави крај на урбаното дивеење.Активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. За разлика од минатата година, сега средствата во износ од шест милиони денари се обезбедени од Владата.

Македонија | пред 5 години

kursumi-ubistvo-butel

Почина и втората жртва по вооружениот инцидент во Бутел

Второто лице кое беше тешко повредено по пукањето во Бутел 2, не ги преживеа сериозните повреди што ги доби во вооружениот инцидент во скопската населба, дознава 4NEWS.mkВо меѓувреме, нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за можни траги за тоа кој би можел да биде извршител на убиството во Бутел.Извор 4NEWS.mk

Скопје | пред 5 години

Havarisani-vozila

Општина Охрид: Да се отстранат хаварисаните возила од јавните површини

Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба , на трошок на сопствениците.Воедно се упатува апел до сите охриѓани да испраќаат фотографии од хаварисани возила оставени на јавни површини на адреса inspektorat@ohrid.gov.mk со цел истите да бидат отстранети од комуналните служби при општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

novi-vozila

Владата ќе се поднови со 45 службени возила во кои ќе се возат премиерот, министрите и странските државници

Владата ќе се поднови со 45 службени возила во кои ќе се возат премиерот, министрите и странските државници. Но, автомобилите нема да се купат туку ќе се изнајмуваат преку оперативен лизинг во нередните три години. Според претходните вакви набавки – тоа ќе значи дека граѓаните за 36 месеци ќе плаќаат за рати за лизинг по најмалку 1.000 евра месечно, или околу 40.000 евра по возило за 36 месеци. Сума што е приближно иста колку што би чинело возилото да се купи од авто салон. По три години 45-те возила наместо да се паркираат во владата- ќе треба да се вратат назад на лизинг компанијата. Ова ќе биде 4- ти ваков тендер за 9 години, втор на оваа влада. А до сега се потрошени околу 4,6 милиони евра само за рентање на владините возила, објави Телма. Јавноста на нож ја дочека владината одлука. Од антикорупциска ќе побараат од СОЗР подетални информации за да видат која е оправданоста на набавката. За експертите пак ова е еклатантен пример за нерационално трошење на парите на граѓаните.Од Владата пак оцениле дека оперативниот лизинг бил најповолното решение Деновиве ќе биде објавен тендерот и ќе се знае точно колку пари ќе се потрошат.Текстот во целост на:  Телма. фото: Телма. 

Македонија | пред 5 години

kiracoski

Кирацовски за Мијалков: слободата нема цена тогаш кога нема со што да се плати, Обвинителството падна на тестот

Слободата нема цена, само тогаш кога нема со што да се плати. Инаку, скоро 11 милиони евра!Обвинителството падна на тестот во случајот со Мијалков, а Кривичниот Суд ќе потврди дали воедно и правниот систем, напиша на својот ФБ профил Александар Кирацоски.Кирацоски во објавата додава:Неприфатлива е кауција кон граѓаните (преку судот) со нешто земено токму од нив, кое очигледно во притворот ја губи сета своја моќ, а на слобода ќе биде бескрупулозно употребена.извор: ФБ Александар Кирацоски

Македонија | пред 5 години

kradat-cvekinja

(ФОТО) Битолчани крадат љубичици од парковите

Твитерции објавија битолчанки како крадат љубичици. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како во раце држат жолти ќеси полни со цвеќиња.https://twitter.com/TheZokiPoki/status/1395042769857564673?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395042769857564673%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-bitolchani-zavrshija-na-zidot-na-sramot-tviterdhiite-gi-fatija-kako-kradat-lubichiczi%2Fhttps://twitter.com/snowgirly2/status/1395046878992084995?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395046878992084995%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-bitolchani-zavrshija-na-zidot-na-sramot-tviterdhiite-gi-fatija-kako-kradat-lubichiczi%2Fhttps://twitter.com/TheZokiPoki/status/1395042769857564673?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1395060141939118085%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-bitolchani-zavrshija-na-zidot-na-sramot-tviterdhiite-gi-fatija-kako-kradat-lubichiczi%2F

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ЦУК: Продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризни и итни ситуации

Денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со замениот директор Екрем Зендели и кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели, имаше работна билатерална средба со високи претставници од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации. Генерално се разговараше за три основни теми: продолжување на досегашната соработка, за учеството на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата во Македонија и за можната соработка и менување искуство при воспоставување на Единствениот европски број за итни ситуации 122. Притоа беше нагласено дека секоја држава во практичната надоградба ќе и помага на другата, со менување на искуствата особено во дел каде што едната држава е понапред во одредени области при имплементацијата и развојот на совремемениот менаџмент во системот за управување со кризи. Тоа е особено важно заеднички да се надоградува, беше нагласено од Ангелов, бидејќи кризите и катастрофите не признаваат и државни граници и соработката меѓу двете држави ќе спасува животи.Делегацијата на Република Албанија престојува во дводневна работна посета на Македонија и дел од неа беа: генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Република Албанија, господин Алфред Кристули, Шкрким Гоџај – директор и Албан Љачи, главен раководител од истата служба за Општина Тирана, а од Националната агенција за цивилна заштита на Р. Албанија беа директорите Клоџи Никола и Роберт Хисенлари. При оваа работна посета ќе бидат остварени и слични средби и со други институции и дирекции во нашата држава.Инаку, да потсетиме дека во февруари годинава, во Тирана, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели, имаше работна билатерална средба со високи претставници и од Владата и од институциите од областа на кризниот менаџмент на Република Албанија во рамки на продолжување на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризни и итни ситуации.Тоа беше конкретно настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност (NATO SPS). При тоа, во своите воведни обраќања, заменик министерот за одбрана и генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита на Република Албанија, изразија задоволство со пофални зборови за спроведувањето и соработката за проектот.В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во своето воведно обраќање, заблагодарувајќи им на домаќините за организацијата на настанот и посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за персоналот во Р. Албанија, речедека: „Веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан кој се имплементира во рамки на Програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност (NATO SPS) и дека NICS претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Северна Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година. Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, NICS овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците. Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Северна Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко.Тогаш, Ангелов, посакувајќи успешна реализација на претстојната NICS обука наменета за вашиот персонал посочи дека очекува понатамошна плодна соработка со Центарот за управување со кризи.“

Македонија | пред 5 години

Mickoski-09.05

Апелација на страна на Русковска, Мицкоски тврди дека ДПМНЕ не се плаши

Доаѓаат изборите, и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството. Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон, напиша на ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Тужбата на Русковска за видео спот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациониот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелациониот суд очигледно ја уважува “душевната болка и претрпен страв” од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши се уште хараат низ Светот со пасошите на Спасовски, тоа што парите од рекетот никогаш не се дозна каде завршија, тоа што нема пари за лекување на граѓаните, а има за милионска противпожарна скала на Шилегов.Ако мислат дека ќе не исплашат, се лажат.Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат!Правдата ќе ги стигне и нив. извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

19052021_PVRSM_Zaev_Sredba-vo-Brisel

Заев и Мишел: Треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на ЕУ од март минатата година за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори за овие две земји.Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел изразиле надеж дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема политичка волја, ќе биде отворен патот што ќе овозможи Бугарија да се приклучи на консензусот за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошно одлагање.На средбата беше истакнато дека за време на словенечкото претседателство, во октомври оваа година, ќе се одржи Самит ЕУ - Западен Балкан кој се очекува да биде заедничка инвестиција за поинтензивна меѓусебната поврзаност и соработка на линија на клучните вредности и принципи на ЕУ за посуштинско вклучување на регионот во тековните значајни проекти на Унијата поврзани со климатската и дигитална трансформација.Поддршката и соработката на ЕУ со земјите од Западен Балкан во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и социо-економското закрепнување, споделија Заев и Мишел, ќе продолжи со несмалена динамика, вклучително и во поглед на вакцинацијата каде ЕУ забрзано вложува во зголемување на производството и достапноста на вакцини.Премиерот Заев и претседателот на ЕС Мишел како добредојдена ја оценија заложбата за вклучување на земјите од регионот во дебатата во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, како особено важна прилика за да се слушне гласот на младите и граѓанското општество од Западен Балкан.

Македонија | пред 5 години

lisici

Истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром

Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице донесе Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека осомничениот 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло.Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Наскоро пристигнуваат 500 илјади вакцини од “Синовак”

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција пред СЦ „Борис Трајковски“ истакна дека наскоро во земјава ќе пристигнат нови количини на вакцини против ковид-19.Тој посочи и дека во моментов тече вакцинацијата на хронично болните лица.„500 илјади вакцини од „Синовак“ ќе пристигнат на почетокот на јуни како и 100 илјади вакцини од Фајзер преку КОВАКС системот. Имаме најава дека на крајот на месец мај, ќе пристигнат и руските вакцини, но немаме се уште потврда. Има сосема доволен број на вакцини за да се задржи ова темпо на вакцинација“, објасни Филипче.На новинарско прашање за тоа дали би имало проблеми за нарачката на руските вакцини со оглед на протерувањето на дипломат од нашата земја, Филипче одговори дека засега нема такви информации, а нема ни најава за политизација.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Одлуката за протерување на руски дипломат е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа

Марионетската власт во Скопје длабоко го вознемири македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со антимакедонската и антидржавна одлука за протерување на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија. Зоран Заев и Стево Пендаровски невешто се обидоа да ја навредат интелегенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е заради заштита на безбедноста на Македонија, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Но, марионетите Заев и Пендаровски очигледно го изгубиле компасот, бидејќи безбедноста на Македонија во никој случај не е загрозена од Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја.Исто така, во ова тешко време на здравствена криза Русија помага со вакцини, бидејќи, Русија секогаш помага во болка. Тоа е во националниот карактер на Русите. Помошта е секогаш искрена и чесна.Одлуката за протерување е тешка провкација спрема Русија и преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси. Антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството, меѓутоа, марионетската власт во Скопје испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени.Единствена Македонија како и македонскиот народ упатуваат извинување до Русија и цврсто го уверуваат рускиот народ дека зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта, корумпирани и со изгубено национално чувство.

Македонија | пред 5 години

05-2

Спасовски: Принципот на владеење на правото, како еден од столбовите на нашата земја, е наша обврска и кон ЕУ и кон нашите граѓани

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на почетниот настан за проектот „ЕУ поддршка за владеењето на правото“, финансиран со средства од националната ИПА програма за 2020 година.Целта на овој настан беше презентација на проектот, кој што е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош Европската Унија (ИПА) и е спроведен од страна на Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (АЕИ), хрватското Министерство за правда и јавна администрација, австриското Федерално министерство за внатрешни работи и Институтот за основни човекови права „Лудвиг Болтцман“.На овој состанок, покрај министерот Спасовски, учествуваа и г-ѓа Вeра Јурова, потпретседател на Европската Комисија за вредности и транспарентност, министерот за правда Бојан Маричиќ, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, претставници од институциите корисници на овој проект, проектниот тим и медиумите.На почетокот од своето обраќање министерот Оливер Спасовски упати благодарност до претставниците на Европската Унија за конкретната и видлива помош што земјава ја добива, потенцирајќи дека владеењето на правото, како една од заедничките вредности за сите земји - членки на Европската Унија, претставува врвен приоритет кон чија практична имплементација се насочени сите земји кои целат кон воспоставување на модерна и функционална држава, независно од различните национални идентитети, правни системи и традиции.„Република Северна Македонија како земја аспирант да стане рамноправна членка во европското семејство, вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите. Зајакнувањето на правната држава и правото во континуитет е идентификувано како предизвик и клучен услов за земјите кои го чекорат својот пат кон членството во ЕУ. На ова прашање во последниве години се посветуваше големо внимание во сите фази на пристапниот процес, во согласност со обновениот консензус за проширување“, рече министерот Спасовски.Имено, Инструментот за претпристапна помош (ИПА) беше воспоставен токму со цел да им се помогне на земјите при процесот на пристапување, при што министерот Спасовски посочи дека досега во нашата земја преку овој механизам беа спроведени голем број на проекти, со чија помош видливо се зајакна капацитетот на демократските институции и владеењето на правото, реформите во јавната администрација, спроведувањето на економските реформи, подобрувањето на човековите и малцинските права, промоција на половата еднаквост и развој на граѓанското општество. Еден од тие проекти е токму проектот „Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“, финансиран со средства од Националната ИПА програма за 2020 година, чија цел е јакнење на владеењето на правото во Република Северна Македонија, преку зајакнување на капацитетите на системите во областите правда и внатрешни работи и почитување на човековите права.„Во следните пет години, преку спроведување на активностите во рамките на овој проект, предвидено е да се адресираат клучните приоритети во областа на владеењето на правото, и тоа: подобрување на капацитетите на правосудниот систем, борба против организираниот криминал и тероризмот, борба против корупцијата и промовирање на малцинските и фундаменталните права. Ова ќе се постигне со обезбедување на советодавна експертска поддршка, управување со поддршка, помош за понатамошен развој на системите, обуки за вработените на сите вклучени засегнати страни, кои ќе бидат скроени за да им помагаат и во нивната секојдневна работа и да ги подобруваат нивните работни процеси“, посочи Спасовски.Притоа, Министерството за внатрешни работи е главен координатор на активностите во рамките на компонентата 2, насловена како „Јакнење на капацитетите за ефикасно спроведување на современите истражни техники во борбата против организираниот криминал“.Министерот Спасовски истакна дека со постигнувањето на бројните резултати кои се предвидени со овој комплексен и за Министерството за внатрешни работи важен проект, значително ќе се зајакнат капацитетите на институциите во борбата со организираниот криминал и ќе се придонесе кон зајакнување на владеењето на правото во земјава.„Би сакал да изразам уверување дека со несмален интензитет ќе продолжиме да работиме кон остварување на принципот на владеење на правото и градење на силни институции, како еден од столбовите на нашата земја. Тоа е обврска која си ја поставивме и при процесот на пристапување кон европското семејство, но и како должност кон граѓаните на Република Северна Македонија“, порача Спасовски на крајот во своето обраќање.

Македонија | пред 5 години

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

Обвинителот Ајро, наместо објаснување зошто дал позитивно мислење Мијалков да излезе од притвор вели дека не е платен да одговара на новинарски прашања

Обвинителот Артан Ајро, наместо објаснување зошто дал позитивно мислење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да излезе од притвор, за „А1он“ вели дека не е платен да одговара на новинарски прашања. За разлика од останатите обвинители, Ајро на висок тон и дрзок начин, не даде одговор на ниту едно прашање за притворот на Мијалаков, туку кажа дека тој си знае што е точно, а што не е точно од информациите кои се пласираат на јавност, а меѓу кои се и обвинувањата за потплатување со цел Мијалков да излезе од затвор.„Ќе ве замолам да не ме барате. Има прес-служба, се што сакате, барајте таму“, рече Ајро, а по укажувањето дека од прес-службата ги немаат информациите кои ги бараме, тој на висок тон одговори: „Ако не знаат од прес-службата, ќе разберат, не сум платен јас да одговарам на новинарски прашања“.Прашан дали е точно дека тој дозволува Мијалков да излезе од Шутка, тој кажа: „А бе, јас што е точно си знам за себе, вие барајте официјално преку институција, не преку телефон, ајде пријатно“.Заедно со Артан Ајро, предметот „Трезор“ во кој Сашо Мијалков доби ефективен притвор, го застапува и обвинителот Трајче Пеливанов. Ниту од него немаше објаснување кој и зошто го дал позитивното мислење за Мијалков да излезе од притвор со парична гаранција од над 7 милиони евра. Тој кажа дека во моментот не може да разговара и да го побараме подоцна.Текстот во целост на: „А1он“ 

Македонија | пред 5 години

w_56089451

Денеска починати17 лица и нови 87 случаи позитивни на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.Регистрирани се 197 оздравени пациенти од:Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.Направени се 2.953 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово – 32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–93, МАНУ-86, Жан Митрев (Филип Втори)-239, Авицена-296, Биотек-315, Систина-260, лабораторија Лаор-379, Синлаб-41, Ремедика-58, Плодност–47, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 540.Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68323, активни 1241Куманово 8789, активни 294Прилеп 8277, активни 139Тетово 7196, активни 114Битола 6275, активни 208Велес 5463, активни 79Гостивар 5161, активни 56Кавадарци 5149, активни 43Охрид 4991, активни 191Штип 4956, активни 63Струмица 4105, активни 90Струга 2974, активни 70Кочани 2780, активни 53Кичево 2544, активни 81Гевгелија 2190, активни 29Неготино 2182, активни 24Свети Николе 1521, активни 41Ресен 1233, активни 40Крива Паланка 1219, активни 8Радовиш 1149, активни 67Берово 1027, активни 6Делчево 970, активни 30Дебар 938, активни 5Виница 874, активни 55Пробиштип 789, активни 16Валандово 665, активни 6Богданци 493, активни 6Крушево 488, активни 22Демир Хисар 397, активни 21Демир Капија 396, активни 2Кратово 373, активни 21Македонски Брод 358, активни 3Пехчево 267, активни 2Македонска Каменица 247, активни 17Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mijalkov-sud

Обвинителството прифатило Мијалков да излезе од притвор

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор, пренесува телевизија Телма. Официјално од прес службата на Кривичниот суд велат дека се уште не е комплетиран предметот со позитивното мислење на судот и дека најверојатно и покрај најавите нема да има одлучување.Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

aerodrom-1-219117

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана исправа​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 55-годишник од Скопје со место на живеење во Истанбул, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 14 мај, при излез од Република Северна Македонија преку граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје прикажал лажна исправа – фалсификуван сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинита, со што го сторил наведеното дело.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Регистриран земјотрес со епицентар во Гостиварско

Синоќа околу 1 часот и 20 минути по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистриралa земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со епицентар на 65 километри југозападно од Скопјe и со локална Рихтерова магнитуда од 2,8.Според досегашните податоци, овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 5 години

boki-2-1

Директорката на МАА: Бојан Јовановски над 15 години примаше хонорари преку агенцијата што јас ја водам

Директорката на Македонска авторска агенција, (МАА) Нина Старделова, денеска беше сослушана како сведок во предметот „Меѓународен сојуз”. Предложена од одбраната таа објаснуваше како функционира агенцијата што ја води, а за соработката со невладината „Меѓународен сојуз” наведе дека била според закон, објави Фокус.За овие два договори сведокот Стардалева, посочи дека УЈП утврдила дека данокот бил добро пресметан.Директорката на МАА, рече дека Бојан Јовановски, повеќе од 15 години примал хонорари преку агенцијата што таа ја води.Текстот во целост на: Фокус. 

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Уште едно ново дело му најдоа на Рашковски, Обвинителство тврди дека го оштетил буџетот и со друг софтвер

Постапувајќи во предметот против четири лица за набавка на софтвер и работи за потребите на софтверот, од прибраниот доказен материјал произлезе дека тројца од веќе осомничените лица сториле уште две кривични дела за што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова Наредба за спроведување истражна постапка против три лица. Првоосомничениот се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка потпомогнат од останатите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување. Исто така, првоосомничениот со умисла помогнат од второосомничениот во периодот од 2019 – 2021 година за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ со што двајцата сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.Имено, во периодот од 2017-2019 година, првоосомничениот, како службено лице при спроведување на постапка за јавна набавка искористувајќи исти прилики, со умисла извршил две временски поврзани дејствија со помош на останатите двајца осомничени. Со преземените дејствија спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, за економски оператор прибавиле корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор за истата на износ од 6.455.816,00 денари со вклучен 18% ДДВ. Воедно, без да се испочитуваат одредбите од Законот за јавни набавки, во втората половина на 2017 година, без спроведена постапка за јавна набавка, првоосомничениот извршил плаќање по разни основи на правно лице сопственост на третоосомничениот во вкупен износ од 168.100,00 денари или 2.720 евра. Со дејствијата е нанесена штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 6.623.916,00 денари.Во временскиот период од месец мај 2019 година до месец февруари.2021 година, првоосомничениот го искористил службеното овластување и со умисла помогнат од второосомничениот склучиле два авторски договори за кои на месечно ниво на второосомничениот му бил исплаќан нето износ од 80.000,00 денари. Согласно претходен договор меѓу двајцата осомничени, паричните средства биле делени во сооднос 5:3 во корист на второосомничениот, со што првоосомничениот за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ од вкупно 590.000,00 денари.Заедно со Наредбата, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, достави и Предлог за продолжување на претходно определените мерки спрема осомничените.​

Македонија | пред 5 години

policija-policaec-3

Жител на струшко Ливада настрадал во сообраќајка кај селото Делогожда

На 18.05.2021 година во 19.40 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожда, забележано е превртено возило „Нисан Примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот. Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања