Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

nuredini-1

Нуредини: Со законот не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат

Уште во 2019г. кога овој закон беше во владин процес, ние како министерство побаравме во однос на легализацијата на дивоградбите во заштитените подрачја и особено целиот регион на Охрид, прво да се добие одобрение од министерството за животна средина пред да се легализира, што не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат, изјави за министерот за животна средина Насер Нуредини во гостувањето во Утрински брифинг, објави Слободен печат.-Сега тоа што ние го кажуваме е дека има три различни зони во заштитените подрачја, едната е строго заштитената зона, a втората е активен менаџмент што значи дека ниту една градба нема да биде легализирана во тие две зони. Третата е одржливата зона што значи дека има селани кои се во заштитеното подрачје, луѓето таму живеат, сега молбата од нас секогаш била, секако ако станува збор за фамилија каде примарна резиденција е тој дом а воедно станува збор за дивоградба која не го поминала процесот на градење по план, мора да се биде и полн со разбирање истотака бидејќи ова се економски и социјално предизвикани поединци од нашето општество, меѓутоа кога зборуваме за економски активности и економски градби или секундарни домови или викендици како што би кажале, овие се луксузни домови кои можеби не се изградени согласно законот. Ние не кажавме дека ќе ги легализираме и кога законот се врати во влада дискутиравме и повторно го изразивме мислењето како министерство, дека ако се овие втори, трети домови или како што би кажале викендици, ако тие добијат дозвола за легализација би требало да плаќаат многу повеќе од нормалната цена, меѓутоа оние кои се со социјални и економски потешкотии ја разбираат идеата зад владата и разбирливо е да им дадеме можност да си го легализираат домот. Тоа што јас го научив во последните речиси две години од кога сум тука е дека мнозинството на општините за жал имаат проблем со урбаното планирање, ова е нешто што мора да го погледнеме, вели Нуредини.Тој нагласува дека ако е заштитено подрачје и е незаконска градба, која била изградена илегално и е илегална и ќе продолжи да биде илегална.-Има причина зошто имаме заштитни подрачја. Се надеваме дека ќе помине законот за националниот парк Шар Планина и конечно да кажеме ова подрачје треба да биде заштитено и ние ќе мора да ги видиме сите индивидуални случаи и да дознаеме дали се примарни резиденции или секундарни или економски активности. Ако ние сакаме да се движиме напред како држава, ако сакаме да станеме дел од прекрасната ЕУ фамилија, сите ќе треба да почнеме да ги почитуваме правилата и законите на нашата држава и да се придржуваме до нив. Одредени луѓе, одредени индивидуи или економски активности мораат да ги почитуваат и евентуално, можеби некои ќе мораат да бидат уништени, некои градби кои се, ако се во заштитени области, вели Нуредини.Текстот во целост на:  Слободен печат.

Македонија | пред 5 години

1C0EA539-8F89-465F-A588-55EEEA2C6B81

Сите соседи влегоа во финалето на Евровизија, освен ние

Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска се десетте финалисти кои вечерва, на втората полуфинална вечер обезбедија влез во финалето на Евросонг во сабота во арената Ахој во Ротердам.Десетте финалисти од првото полуфинале завчера се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.Во финалето, в сабота, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 39.Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија, Шпанија, Англија и Холандија.Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Open Up“.Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“. Првите три фаворити се Италија со 22 отсто, Франција со 20 и Малта со 12 отсто.До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но состојбата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за костумите и перформансите.На четвртото место е Исланд, а следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Магазин | пред 5 години

lukarevska

Лукаревска за вработувањата по рамковен: Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме

Новата заменик-претседателка на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи го разрешувањето на Стојко Пауновски рече дека таа секогаш е за дебата и за различни мислења, но и вработените според Рамковниот договор,ќе бидат тестирани.-Тоа што се случи, тоа беше негова одлука. Кај мене (УЈП) е поинаква ситуацијата, затоа што ние имаме недостаток на кадар. Имаше законско решение, сите бевме консултирани, сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систаматизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора се поздравиме, вели Лукаревска.

Македонија | пред 5 години

zaev-paunovski

Пауновски и натаму му покажува заби на Заев: Кога ќе отспие, ќе сфати што направил

Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски во вечерашното гостување на ТВ 24 индиректно му порача на премиерот Зоран Заев дека одлуката за негово разрешување е избрзана и дека тоа и самиот ќе го сфати.-Иако имав покани, прв пат сега излегувам. Не сакав да испадне дека правам нешто политички, сакав да помине Конгресот во СДСМ. Дека сум херој не знам, но ме радува поддршка од граѓаните и стопанските комори. Пред да дојдам, во ДПИ имаше 800 неправилности забележано годишно, сега се 8.000. Ако тоа граѓаните го поддржуваат, значи дека инспекторите почнале правилно да си ја извршуваат својата работа. Пркос ниту сум сакал, тоа го рече претседателот. Само сум ја барал правдата и сум ја штител државата. Не сум можел до крај да ја заштитам. Но, несогласувањата даваат некогаш и напредок. Некој кога ќе отспие, ќе сфати што направил и ќе сфати дека не бил во право и погрешил. Велам никогаш немој да носиш избрзани одлуки. Ако е приватна партијата, може да ме истераат. Но, јас сум од основањето. Не го следев Конгресот, не ме интересираше, рече Пауновски.

Македонија | пред 5 години

valentina-bozinovska

Божиновска за А1ОН: Поради моите ограничени активности од здравствени причини нема да ја прифатам поканата да бидам дел од советот на Османи

Валентина Божиновска, ексфункционерка од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „А1он“ тврди дека во овој момент нема да може да придонесе со свој ангажман во Стратешкиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но дека се надева на идна соработка.„Почитуван министер, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да допринесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава“, вели Божиновска.извор: „А1он“

Македонија | пред 5 години

terasi-skopje

Граѓаните до Шилегов: Нели немаше да има волкави тераси и просторот ќе беше оставен на граѓаните?

Нели немаше да има волкави тераси и просторот ќе беше оставен на граѓаните?Па води ли некој сметка за квалитетот на животот на обичниот човек или само за богатењето на одредена група луѓе склона кон несебична взаемна поддршка? Зошто со пари од народот им ги поплочувавте терасите на кафеанџиите да тераат бизнис? Ало бре, народот ве бира и ве храни. Пушење дозволивте на терасите, тераси целосно ги заградија спротивно на правилата, уште со закон да го обврзете народот да мора да се храни по кафаните, кога веќе му го узурпиравте просторот!Народот кој го врти (да НЕ бидам вулгарен да кажам кој го Е..), пишува во објава на ФБ.

Македонија | пред 5 години

20052021_PVRSM_Zaev_intervju_Utrinski_brifing-1

Заев: Струјата ќе поскапува ако сакаме зелена енергија и да бидеме рамо до рамо со ЕУ и светот

Ако сакаме зелени програми, цената на струјата мора да расте, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за Утрински брифинг.-Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј – рече  Заев и се осврна на неодамнешната посета на Шпанија, каде се сретна со шпанскиот премиер.-Педро Санчез со кој што сум добар пријател ми вели, Зоран 142 милијарди добивме од рикавери планот на Европа. 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули. Имаме и компании кои се присутни во финални фази на инвестиции, ги отвораме нафтоводните можности, 25% сопственици таму, сакаме да го пуштиме во употреба. Го градиме гасоводниот систем кој не отвора само перспективи за Македонија, туку стануваме главна транзитна точка, и претставува геостратегиски плус за земјава – вели Заев.извор: vecer.press

Македонија | пред 5 години

kradat-cvekinja

МВР ќе трага по битолчаните кои ги обраа љубичиците од цветната леа пред Безистенот

МВР ќе трага по битолчаните кои ги обраа љубичиците од цветната леа пред Безистенот, откако Јавното претпријатие „Комуналец“ поднесе пријавa во полиција. Вчера, на социјалните мрежи битолчани поставија фотографаии на кои се гледа како четворица битолчани полнат кеси со цвеќињата што вработени од „Комуналец“ ги извадија од леите за да направат промена на расадот, објави СДК.МК.Ова предизвика критики, некои обвинуваа дека се работи за кражба, а други дека им било дозволено од вработените да земат од цвеќињата.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

izet-medziti-696x398

Раздор во ДУИ, Груби доби и предупредување, членството-револтирано

Во ДУИ нема клима за здрава и демократска комуникација помеѓу раководството, партијата е препуштена во рацете на Артан Груби, а членството е револтирано и незадоволно и ова ДУИ може скапо да ја чини, изјави Изет Меџити, потпретседател на партијата, за „А1он“. Како што вели тој, не му е јасно зошто лидерот Али Ахмети својот авторитет го троши на Груби, кој во последните неколку години се однесува како партијата да е негова, а не ужива добар рејтинг ниту меѓу членството ниту на терен. Според Меџити, доколку ДУИ не го надмине ова, не го помири револтираното членство, кое не се согласува со оваа ситуација, партијата ризикува да има лош резултат на изборите.„Зошто Ахмети го троши својот авторитет покривајќи го Груби – немам одговор. Тоа е еден затворен круг помеѓу Ахмети и Груби. Едноставно, Груби се однесува како партијата да е негова. Ова ги револтира членството, гласачите. Јас не зборувам од мое име, туку ја кажувам состојбата од терен. Не сум само јас кој е незадоволен условно речено, имате луѓе во ДУИ што велат дека не ја препознаваат онаа старата ДУИ. Ако до пред некое време недоразбирањата ги решаваме со дебата, на маса, сега тоа го немаме. Во партијата има луѓе што од 2002 година ја граделе, придонеле за многу нејзини успеси, а се истуркани настрана. Не може ДУИ да се идентификува преку еден човек, кој, да бидам искрен до крај, и не е човекот што бил дел од основањето, туку е дојден од надвор. Лично немам ништо против него, ние сме школски другари, но неговите постапки не ја водат партијата на добар пат“, вели Меџити.Потпретседателот на ДУИ пред извесно време се повлече од одредени активности на партијата, отворено рече дека не се согласува со чекорите што ги презема лидерот Ахмети, а побара и Груби да ја напушти функцијата. Смета дека за ДУИ најдобро решение е реформирање со нови кадри. Како што вели, не е во ред едни исти министри да седат во фотелјите со децении, а за сметка на тоа квалитетни луѓе да бидат во заднина затоа што не се лојални или послушни.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

gordana

Јанкулоска во затворската ќелија во Идризово се една осуденичка, а Спасов има четворица цимери

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во најголемиот затвор во Идризово ќелијата ја дели со една осуденичка. Во најголемиот затвор е и бегалецот Игор Спасов, кој е во просторија со уште 4 осудени лица. За него, иако беше во бегство нема посебни мерки за безбедност и важат истите правила како и за останатите осуденици, Објави МКД.МК.Јанкулоска е во женскиот дел на затворот, а Спасов е во делот каде што затворските казни ги издржуваат мажи. Кога двајцата влегоа во затворот во Идризово, поради состојбата со ковид-19, прво беа во карантин во приемниот дел, 14 дена.Јанкулоска е осудена на затворска казна од 4 години за случајот „Тенк“. Во затвор е од октомври 2020 година.Бегалецот Спасов е во затворот во Идризово од 5 март 2021. Тогаш со силно полициско обезбедување беше екстрадиран од Бугарија. Текстот во целост на: МКД.МК.

Македонија | пред 5 години

Bratstvo

Мехмед: Моето излагање во врска со уписот на првачиња воопшто не беше упатено со цел да се дискриминира ниту една етничка заедница

Сведоци сме дека во изминатиов период, во медиумите беа изнесени бројни интерпретации за функционирањето на ООУ,, Братство Единство” Како директор на оваа образовна институција“, а пред сѐ како човек сакам уште еднаш јасно да ја истакнам целта на моето излагање во врска со уписот на првачиња во нашето училиште. Одговорно тврдам дека воопшто не беше упатено со цел да се дискриминира ниту една етничка заедница. Напрoтив, училиштето во коешто работам, а во моментов сум негов раководител , повеќе од 7 децении работи на процесите на зајакнување на соживотот во нашата земја, се вели во Отвореното писмо на Џемал Мехмед, директор на ООУ ,,Бртаство Единство“-Охрид.Во продолжение на истото директорот додава:Особено сум горд што во ова време, во кое дури и најдемократските држави се соочуваат со меѓуетнички конфликти, ние како училиште покажавме дека мултикултурализмот не е изумрен концепт. Мојот апел беше упатен единствено до оние кои свесно го прекршуваат член 63 од Законот за основно образование(,,Сл.весник на РСМ” 161/19) , согласно одлуката на Советот на општина Охрид на седницата одржана на 29.05.2020 година за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид.Затоа, апелирам и го поддржувам ставот на општина Охрид упатен до родителите, да ја почитуваат одлуката за реонизација на основните училишта, да ги запишуваат идните првачиња во реонското училиште во коешто припаѓаат и без објективни причини да не бараат потврди за промена на реонското училиште.Воедно, се наближува и 25 Мај-Денот на нашето училиште, Денот на младоста, братството и единството. ООУ,,Братство Единство” продолжува со оваа своја значајна мисија, а од родителите на идните првачиња очекувам заедно да вложуваме во изградбата на овај храм на знаење , преку создавање генерации млади луѓе , кои низ животните патишта ќе се водат од највозвишените вредности како соработка, толеранција и почитување на различностите, се вели во дописот од Џемал Мехмед, директор на ООУ ,,Бртаство Единство“-Охрид.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Германија ни донираше 72.000 брзи тестови за коронавирус

Германската амбасада донираше 72.000 брзи антигенски тестови за Македонија. Од започнувањето на пандемијата, Германија преку амбасадата неколкупати е директно вклучена со техничка помош во активностите со цел успешно надминување на кризата.Министерот Филипче на прес-конференцијата упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката Анке Холштајн, велејќи дека ова е уште еден чекор напред во континуираната соработка во изминатите повеќе години.„Разговараме за следните чекори за соработка, веројатно некоја форма којашто Германија ја иницира на ниво на Европската Унија, а тоа е соработка во време на пандемија во којашто ќе бидат вклучени буквално сите аспекти на оваа криза – заштита, лекови, стратегија во однос на пристапот и, се разбира, вакцини“, изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција, во која заеднички ја соопштија донацијата со амбасадорката Холштајн пред модуларната болница на КИБФС.Во текот на изминатата година до сега амбасадата донираше значајна количина на ЛЗО, респираторни машини, специјални заштитни маски и друга медицинска опрема и сега оваа количина на брзи антигенски тестови. Германската донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку организацијата за помош и за справување и заштита од катастрофи THW е во вредност од 298.000 евра наменети за јавно-здравствените установи и ковид-центрите. 

Македонија | пред 5 години

w_56674011

Денеска 16 починати и 50 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.Регистрирани се 133 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.Направени се 2 533 тестови преку: ИЈЗ-237, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово – 18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–85, МАНУ-89, Жан Митрев (Филип Втори)-245, Авицена-336, Биотек-377, Систина-255, лабораторија Лаор-176, Синлаб-51, Ремедика-47, Плодност–28, Генеа–21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.Досега во земјата се направени вкупно 765 984 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154 937, бројката на оздравени пациенти е 146 632, на починати е 5 265, а бројот на активни случаи изнесува 3 040.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68344, Активни 1204Куманово 8795, Активни 287Прилеп 8280, Активни 130Тетово 7196, Активни 109Битола 6282, Активни 213Велес 5463, Активни 74Гостивар 5162, Активни 54Кавадарци 5149, Активни 41Охрид 4993, Активни 188Штип 4956, Активни 58Струмица 4105, Активни 83Струга 2976, Активни 70Кочани 2781, Активни 51Кичево 2544, Активни 78Гевгелија 2190, Активни 29Неготино 2182, Активни 23Свети Николе 1521, Активни 38Ресен 1233, Активни 39Крива Паланка 1219, Активни 8Радовиш 1149, Активни 62Берово 1027, Активни 6Делчево 970, Активни 30Дебар 939, Активни 6Виница 875, Активни 47Пробиштип 789, Активни 15Валандово 665, Активни 6Богданци 493, Активни 5Крушево 488, Активни 22Демир Хисар 397, Активни 20Демир Капија 396, Активни 1Кратово 374, Активни 22Македонски Брод 358, Активни 3Пехчево 267, Активни 2Македонска Каменица 247, Активни 16Дојран 132, Активни 0 Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickovski-mickoski-hristijan-5

Мицкоски: Заев не може да се договори со коалициони партнери по прашањето за една изборна единица, а камо ли со опозицијата

Заев не може сам да се договори со своите коалициони партнери по прашањето за една изборна единица, а камо ли со опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Штип.Мицкоски истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ таква точка се уште не дошла на дневен ред за разговори и преговори.- Ако има став на владата кој е спротивен на барањето на неговите коалициони партнери, повеќе би кажал дека тој со неговите коалициони партнери не може да се договори, а камо ли со опозицијата, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

20052021_PVRSM_Zaev_promocija_pechateno_izdanie_na_Proglas1

Заев за 24 мај: Мисиите на светите браќа пред 12 века биле обединувачки, исто како и денес

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев денеска имаше свое обраќање на промоцијата на печатеното издание на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил и на отворањето на изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, како дел од содржините за одбележување на празникот 24 мај – Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, што се организирани со Република Словачка.На настанот учествуваа и амбасадорот на Словачка во нашата земја Хенрик Маркуш, Архиепископот Кирил Васил, администратор на епархијата во Кошице, Република Словачка, Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, господин господин Стефан, професор доктор Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Стојан Лекоски приредувач на библиофилското издание на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил, како и други високи гости од Северна Македонија и Словачка.Во прилог ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:„Сите мисии на Светите браќа Кирил и Методиј биле мисии на обединување.Нивната мисија на обединување на словенските со другите народи на Европа пред нешто повеќе од 1150 години, покрај христијанизацијата на словенските народи, имала и извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење.Во пресрет на 24 мај, денот посветен на светите браќа како сесловенските просветители, нивната мисија повторно ја покажува далекусежната визија затоа што сѐ уште ги собира и обединува словенските и другите народи на Европа.Таков е и денешниот настан. Делото на Светите браќа Кирил и Методиј не собра уште еднаш. Oвој пат и по повод два големи јубилеја – 30 години од осамостојувањето на Северна Македонија и 100 години од раѓањето на основоположникот на современиот македонски јазик Блаже Конески.Како покровител на овој настан, ми претставува посебна чест да ве поздравам на промоцијата на публикацијата во која е содржано словото „Проглас“ на Константин Философ, односно Свети Кирил, во која се поместени и повеќе други текстови и коментари на богослови, историчари и хроничари на делото и животот на Свети Кирил и на неговиот брат и сопатник во значајните мисии – Свети Методиј.Како што реков, и овој настан во чест на Светите Кирил и Методиј, обединува. Овој пат ги обедини Република Северна Македонија и Република Словачка преку заедничкото издание на „Прогласот“ на Константин Философ – Свети Кирил. Но тука со нас се и гостите од Чешка и претставници на другите братски држави, обединети и преку род и преку заедничката писменост.Ова библиофилско издание, кое за прв пат беше објавено во Словачка по повод 1150 годишнината од Великоморавската мисија на сесловенските просветители, сега доживеа и второ, дополнето издание на старословенски, словачки и македонски јазик.Објавено е повторно од страна на Словачката народна библиотека, во соработка со издавачот Друштвото на писатели на Словачка и со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија.Посебна заслуга за ова издание му припаѓа на господин Стојан Лекоски, наш сограѓанин кој повеќе години живее и работи во Словачка и кој се јавува како составувач и преведувач на ова дело.Денешниот настан во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј е збогатен и со изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. На неа, низ фотографии и илустрации се прикажани животот и делото на сесловенските просветители и нивните мисии меѓу Сарацените, Хазарите, Брегалничката мисија, како и нивната најзначајна мисија за Словените - мисијата во Велика Моравија.Цел на мисиите во Европа, покрај ширењето на словото Христово, описменувањето и просветлувањето, била теолошката апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика – на латински, грчки и германски.Темелот на тој културолошки процес бил создавањето на првата азбука – глаголицата. Константин Философ, кој подоцна го добива монашкото име Кирил, за основа на создавањето на првото словенско писмо, глаголицата, ги зема говорните карактеристики на словенско население на територијата на Македонија, во околината на родниот град на Светите браќа – Солун.Намерата на нивната мисија е Библијата да биде достапна за сите Словени. Нивната мисија тогаш имала наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога.Со преведената Библија во ракопис, Светите браќа Кирил и Методиј на повик од царот Ростислав заминуваат во Велика Моравија и таму го распространуваат и утврдуваат христијанството на старословенски јазик сосема разбирлив за тамошното население. Ја развиваат препишувачката школа во тогашните манастири и ги умножуваат книгите за да им ги остават на свештениците за да ја продолжат нивната мисија.На повик од папата заминуваат за Рим, каде што Кирил се разболел и умира на 14 февруари 869 година.Методиј се враќа во Моравија и до смртта се посветил на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт, на 6 април 885 година, неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски се враќаат меѓу јужните Словенски народи. Свети Климент е испратен во областа Кутмичевица, на југ во Македонија, каде што во Охрид ја основа Свети Климентовата Охридска школа на ниво на прв Универзитет во Европа.Глаголицата на Свети Кирил, која верно ги предава словенските фонетски особености, е основата на подоцнежното кирилично писмо не неговите ученици, од кое неколку века потоа се кодифицирале современата македонска азбука и јазик.За тоа колку е големо делото на Свети Кирил и Свети Методиј сведочи и признанието кое им го оддава Папата Јован Павле Втори во неговото послание од 31 декември 1980 година, со која ги прогласува Светите браќа за патрони, заштитници, на Европа.Овој чин, само потврди дека мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Тоа е вредност на која ние и денеска се повикуваме, сеќавајќи се на нив и на историјата, истовремено свртени со поглед кон иднината за која велиме дека заедничките допирни точки не нè делат, туку нè поврзуваат. Оваа вредност, еве и после повеќе од 1150 години нè учи и нè инспирира.Во тој дух ние денеска можеме да кажеме дека почитувањето на делото на Светите браќа, заедно со сите останати словенски и други народи кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, и ја слават нивната цивилизаторска мисија со достоинство и чест, е обединувачки фактор толку значаен за нашата современост и иднина.“

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Затворен угостителски објект во Аеродром, приведени 9 лица

На 19.05.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на бул.„Јане Сандански“. При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик. За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Скопје | пред 5 години

kosta-2

Георгиески: Под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите од страна на локалната самоуправа

Две години посветено и одговорно работиме за обезбедување на подобри услови за развој на Охрид.👉Вашата доверба и поддршка е основниот мотив да продолжиме понатаму со реализација на исклучително важни проекти со кои ја подобруваме урбаната слика во градот и креираме можности за напредок на сите полиња.✅Иако тековно и редовно Ве информираме за сите детали од нашата работа, врз основа на принципите на транспарентност и отчетност од денес под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите и активностите кои како локална самоуправа ги имаме реализирано во текот на изминатата година (од април 2020 година до април 2021 година).✅Во финалниот дел од презентацијата на срботеното ќе биде објавена и соодветна публикација која ќе биде достапна во печатено и електронско издание, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

pozarnikari

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод 20 мај- Денот на пожарникарите

Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод 20. Мај – Денот на пожарникарите.Вашата професионалност, хуманост и пожартвуваност е од исклучително значење за обезбедување на заштита и сигурност во општествената заедница. Со вашето делување во кризни и опасни ситуации заради штитење на граѓаните, имотот и општото добро, ги изложувате на ризик сопствените животи. Затоа оваа благородна професија е достојна за голема почит и вреднување.Како Локална самоуправа континиурано сме посветени на обезбедување на подобри услови за работа и зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица. Во текот на изминатиот период инвестирани се значителни средства за набавка на нова опрема за пожарникарите и ваквите активности ќе продолжат и во иднина, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест за антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граница

Покрај тоа што беше најавено, засега Македонците кои имаат прележано ковид-19, сè уште не можат да влезат во Грција со тест за антитела, туку исклучиво тоа може да го направат со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа) и потврда за вакцинација 14 дена по примањето на втората доза, објави plusinfo.mk.Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест со кој се потврдува присуство на антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граничните власти на преминот „Евзони“.Ова за Плусинфо го потврдија од нашето Министерство за внатрешни работи.– Не е дозволен влез на македонски државјани во Република Грција со тест за антитела. Влез е дозволен само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и со потврда за целосна вакцинација – ни рекоа од МВР.Ваквата ситуација е навистина хаотична, поради тоа што според грчкото МНР во земјата може да се влезе и со потврда за прележан ковид-19 или да се покаже резултат од позитивна дијагноза со ПЦР или антиген тест, што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот.Истата одлука ја има и на интернет страната на македонското МНР за тоа на кој начин е дозволен влез кај нашиот јужен сосед.Текстот во целост на: plusinfo.mk.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бевме вратени од аеродром со полициска придружба, со две дечиња од осум и две годиним третирани како криминалци, раскажува скопјанка на социјалните мрежи

Елизабета Стефанова на социјалните мрежи го сподели своето, за жал, непријатно искуство кое го доживеале таа и нејзиното семејство при обид да заминат на патување надвор од Македонија.– Би сакала да споделам едно лично исуство. Колку повеќе луѓе го споделат, толку повеќе ќе бидат информирани тие што планираат да патуваат.Значи вака, за патување во странство, ако сте биле во карантин, освен што ви треба негативен ПЦР тест, ви треба и ПОТВРДА ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР дека сте завршиле со карантинот. Дополнително, барајте од епидемиологот од Центар за Јавно Здравје (ЦЈЗ) да ве излекува во системот и да пушти известување до МВР. Она што го вика Венко „асимптоматските случаеви автоматски излегуваат од изолација за 10 дена“ НЕ ФУКЦИОНИРА.Ова го пишувам од лично искуство, бидејќи бевме вратени од аеродром со полициска придружба, со две дечиња од осум и две годиним третирани како криминалци, само затоа што има некаква грешка во системот и нас не има во список на лицата кои несмеат да ја напуштат државата. Она што дознавме за нашиот случај е:– На сопругот воопшто Државен Санитарен и Здравствен Испекторат (ДСЗИ) не му изготвил решение за изолација. Го немаше ни во списокот на позитивни пациенти кај матичниот лекар– Јас во системот до кој што има пристап матичниот лекар бев излечена– Во ниедна полициска станица не немаа на список дека сме во изолација иако на секое излегување од дома уредно се јавуваме во полициска станица АеродромДа се надеваме дека текстов ќе допре до некој од надлежните и ќе излезе јавно и ќе ги извести луѓето дека „автоматски“ во Македонија значи дека треба да собираш потврди и да изгубиш еден ден во јавување до сите кои што на крај не се надлежни. Нас ова искуство нѐ чинеше 700 евра и ден куп нервози и трауми. Би ни било ептен мило ако успееме барем некого да спасиме од слични патешествија.П.С И покрај сите убедувања што ги добивме дека сме тргнати од системот на МВР и дека може слободно да патуваме, во понедeлникот повторно не имаше во списокот на лица кои несмеат да ја напуштат државата. За среќа, полициските службеници беа разумни овој пат и со потврдата од матичен лекар успеавме да излеземе. Вие што останавте, добро размислете, стои во нејзината објава.извор: ФБ Елизабета Стефанова

Македонија | пред 5 години

srdjan

Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на МНР

Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР). Денеска министерот Бујар Османи имаше состанок со членовите на кој кажа дека има имиња со различни мислења и токму тоа е важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.Како што кажа Османи членовите ќе работат волонтерски односно нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

pozarnikari

(ВИДЕО) Инцидент на прес конференцијата на штипскиот градоначалник

Поранешниот пожарникар Александар Ѓорѓиевски упадна при обраќањето на градоначалникот на Штип, Сашко Николов, при што побара да постави нејколку прашања.Пред тоа, Ѓорѓиевски имаше близок контакт и со еден од вработените во општината.извор и видео: ТВ 24

Македонија | пред 5 години

esma-redzepova-1439387826-65364

Метро станица во Брисел е именувана во нејзина чест на Есма Реџепова, а во родната земја повеќе од четири години не може да се реши случајот со нејзината куќа

Метро станица во Брисел, Белгија е именувана според легендарната кралица на Ромската песна, Есма Реџепова. Одлуката доаѓа со цел да им се оддаде почит на жените кои придонеле во обликувањето на историјата на Европа, пренесуваат белгиските медиуми, објави Фокус.-Ја редизајниравме мапата на метрото во Брисел, со цел да им оддадеме почит на овие жени, кои ја обликуваа Европската историја. Само две станици во Брисел беа именувани според жени, кога се улиците во прашање, дури 14 пати повеќе се сретнуваат имиња на мажи, отколку на жени, а во Париз само четири од вкупно 302 метро станици се именувани според жени – велат од здружението ,,Пријатели на Европа” кои стојат зад проектот.Музичарот Симеон Атанасов, кој е едно од децата кои ги одгледа Реџепова, и кој до крајот на нејзиниот живот и беше менаџер, вели дека е почестен од овој гест. Сепак, потенцира дека е истовремено и разочаран, бидејќи дочекал Есма да добие метро станица во нејзина чест во странство, но во родната земја повеќе од четири години не може да се реши случајот со нејзината куќа, која таа во тестамент и ја остави на Владата, со аманет да биде музеј.Текстот во целост на:  Фокус.

Македонија | пред 5 години

Zaev-Borisov-F

Заев го прашал Борисов: По науката сите сме настанати од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева, како само Македонците од Бугарите?

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека проблемот со Бугарија е смешен. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата.Заев се обидел на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов да му ја долови апсурдноста на ставот на Софија внесувајќи библиски мотиви.„ Кога сум разговарал со Бојко Борисов и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарав: ‘По науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева. И како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“, изјави Заев денеска за „Утрински брифинг“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во стариот дел на Охрид

Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат подолунаведената документација и тоа:За постојани  жители на стар дел од град ОхридКопија од лична карта и на нивно име и адреса да има регистрирано моторно возило со важечка регистрација (се докажува со копија од сообраќајна дозвола).Правни лицаЌе можат да добијат картичка за движење на возилата кои се регистрирани на иста адреса, на која адреса е и седиштето на правното лице , а кое е во стариот дел од град Охрид  (како доказ се приложува копија од сообраќајна дозвола и тековна состојба од Централен Регистар – не постара од 60 дена);Жители  кои немаат постојана адреса во стариот дел од градотКои во сопственост имаат станбен објект во овој дел ќе им биде издадена само една картичка за моторно возило регистрирано на нивно лично име (како доказ приложуваат имотен лист од објектот, копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола од сопственото возило).СтаноиздавачиСите станоиздавачи кои во склоп на својата КП поседуваат уреден простор за паркирање со повеќе паркинг места и кои до објектот имаат непречен пристапен пат ќе добијат онолку картички  колку што имаат обезбедено паркинг места (како доказ приложуваат  важечко Решение за категоризација издадено од Општина Охрид и потврда од Комисијата дека во склоп на објектот има паркинг места).ТуристиКои имаат резервирано сместување преку BOOKING со формуларот ќе може да влезат во Стариот дел од градот за сместување и во временски интервал  од 1 час возилото треба да излезе.Сите баратели кои ги исполнуваат наведените услови ќе може да извршат пререгистрација на картичките секој работен ден од 21.05.2021 до 04.06.2021 година во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, на посебен шалтер кој ќе биде поставен пред влезот на зграда од Општина Охрид.Покрај горенаведените документи, барателите со себе треба да ја носат и старата картичка за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид.На сите иматели на картички кои не ги исполнуваат условите од Правилникот, картичките ќе им бидат поништени.ПРАВИЛНИК ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАД ОХРИД    

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања