Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sv-nikola

Денес е летен Свети Никола: Помолете се на големиот светител - На овој ден бродови, каде и да беа, ги испуштија своите сидра

Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека се случуваат многу чуда од неговите чудесни мошти. Овој светител спасил заробени и изгубени бродови, па затоа се смета за заштитник на морнарите. Затоа морнарите често го повикуваат во опасни ситуации или бродски бродоломи.На овој датум, сите бродови, каде и да беа, ги испуштија своите сидра и почиваа до следниот ден, давајќи слава на овој светител. Денес чамците често застануваат додека морнарите му се молат на светителот и потоа продолжуваат со своето патување.Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се излеваше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

Македонија | пред 5 години

evzoni

Продолжен викенд - Македонците заминаа за Грција

Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден, потврдија утрово за МИА од дежурната гранична служба.– Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1300 до 1400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3500 патници од кои 2020 македонски и 1480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија, соопштија од дежурната гранична служба.И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.Според новиот протокол за влез во Грција, нашите државјани треба да знаат дека им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Македонија | пред 5 години

kanabis-medicina

Пронајден канабис во Карпош, приведено едно лице

На 21.05.2021 полициски службеници од Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, на подрачје на Карпош го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".Полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис. По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот Закон.

Скопје | пред 5 години

kosta-ivan-jone

Георгиески: Со задоволство ја прифатив поканата од „Охрид трчат“да учествувам на традиционалната Панел дискусија, посветена на спортскиот туризам

На 6 ти јуни, Охрид по петти пат ќе биде домаќин на Спортската манифестација „Охрид трчат“.Со организаторите на овој спортски собир разговаравме за подготовките на овогодинешното издание како и за деталите на сите предвидени настани во рамки на програмата.Со задоволство ја прифатив поканата да учествувам на традиционалната Панел дискусија, посветена на спортскиот туризам на која ќе дискутираме за значењето на ваквите манифестации во насока на развој на туризмот, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Геогиески. Извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Kolarik-22.05

Колариќ: Една недела ДКСК молчи за распределбата на субвенции за инвертер клими од Шилегов

Една недела ДКСК молчи за начинот на распределбата на субвенции за инвертер клими од Шилегов. Една недела откако поднесовме претставка и документација. Од ДКСК ни трага ни глас.Имаме сомнежи дека субвенциите се делени по партиски клуч, а изнесовме и информации дека субвенции добивале лица со живеалиште во централното градско подрачја, кои живеат на улиците „Народен Фронт“ и улица „Македонија“, каде што има приклучок на градска топлификациона мрежа, или се греат на струја, но не се греат на дрва, истакна Светлана Колариќ, советничка од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.Колариќ додаде:Во исто време запоставени се жителите на Лисиче, Ѓорче Петров, Драчево и други населби, кои се греат на тврди горива и во текот на зимскиот период влијаат на зголемено загадување на воздухот. Шилегов го најави проектот како помош за нив, а заврши како помош за луѓе кои воопшто не се во зоните извор на загадување.Уште поголем сомнеж фрли и произволноста на службите кои работат под диктат на Шилегов, а кои прифаќале за едни апликанти потврди од БЕГ, а за други изјави од Нотар. Никаква заштита на личните податоци на граѓаните и немало никаква унифицираност при нивната работа.За сите овие сомнежи поднесовме претставка до ДКСК, но од таму нема реакција кога станува збор за Шилегов. Зошто се молчи?

Македонија | пред 5 години

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

Пратениците на ЛДП, Зајкова и Мојсоски бараат точни информации за употребата на мазутот во С. Македонија

Поради бројните реакции во јавноста, имајќи ја предвид надзорната улога на Собранието врз институциите пратениците на ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски испратија писмо до надлежниот министер задолжен за пуштање во употреба на течни горива во Република Северна Македонија.- Очекувам дека ние и сите граѓани ќе добиеме навремена и соодветна информација која ќе опфаќа јасен преглед за квалитетот на мазутот кој се внесува и користи во земјата. Секој човек има право на здрава животна средина и сите заедно треба да придонесеме за истата, вели Зајкова.Тие во писмото бараат да се достави итна Информација до Собранието на РСМ во која ќе се наведат објаснувања и веродостојни анализи за можните (не)намерни пропусти по однос на обвинувањата изнесени во првата епизода на „Редакција“ на МТВ1 во однос на отровниот карактер на опасните хемикалии употребени како „мазут“ или „течно гориво“.- Во најкус рок треба да се направат измени на член 8 и член 9 од Правилникот за течни горива кои се однесуваат на квалитетот на мазут, односно да се намали граничната вредност на количество сулфур од 1.00% на 0.5%, а воедно и да се проверува количество на други параметри без одлагања, бараат Зајкова и Мојсоски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пронајден канабис во битолско, приведени три лица

На 21.05.2021 полициски службеници од СВР Битола, во с.Мусинци,битолско ги лишиле од слобода В.А.(21), Г.А.(28) и В.А.(26), бидејќи по претходно издадена судска наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Битола бил извршен претрес во нивниот дом и биле пронајдени стебла со канабис и околу 1000 семки од канабис. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

skolo-izrael

Објавен огласот за автори за изработка на новите наставни материјали за четвртоодделенците

Објавен е повик за искусни практичари за изработка на нови материјали за учење и прирачници за реализирање на наставата во четврто одделение, кој може да се погледне на следниот линк.Материјалите за учење се однесуваат на предметите Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик, Српски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки и Историја и општество, додека прирачниците се наменети за изведување на наставата по Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование.Како што нагласуваат од Министерството за образование и наука, сите содржини во материјалите за учење и во прирачниците за наставниците треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин и авторски јазик кој ќе биде интересен за учениците и соодветен нивната возраст.МОН соопшти дека материјалите треба да ја промовираат еднаквоста и почитувањето на различностите, инклузивноста, да ја поддржуваат мултиетничката интеграција и да придонесат секој ученик да ги постигне очекуваните резултати од учењето и да ги стекне компетенциите дефинирани во новите наставни програми за четврто одделение.„Силно веруваме дека повикот ќе го поттикне интересот за пријавување кај соодветната стручна и експертска јавност, затоа што и самата иницијатива за крупни промени во образованието која ја покрена актуелната Влада и раководствата на институциите на системот, но и отворената можност за учество на сите заинтересирани, создадоа мотивираност особено кај засегнатите ученици, наставници, стручни соработници, граѓански организации и здруженија да дадат свој придонес кон конкретизацијата и спроведувањето на планот за реформа на основното образование“, велат од МОН.Минатиот месец беа изработени и наставните програми за прво одделение, а воедно и објавени повиците за автори/авторски тимови за изработка на материјалите за учење и за ликовни илустратори/графички дизајнери за изработка на детски илустрации.

Македонија | пред 5 години

vakcini-1

Македонија е меѓу земјите во кои има најмала заинтересиранот за вакцинација против Ковид-19

Македонија е меѓу земјите во кои има најмала заинтересиранот за вакцинација против Ковид-19. Ова го покажува анкетата на Галуп спореведена на глобоално ниво за тоа кои се земјите во кои има најмал, а во кои најголем процент население кое сака или не сака да прими вакцина.Вакцината против коронавирус, доколку е достапна и бесплатна, би ја примиле 68 проценти од возрасните во светот покажува анкетата. Сепак, како и на глобално ниво, во повеќето земји процентот е под 70-90, што според експертите е неопходното ниво на иминизација за да биде постигна колективен имунитет.Подготвеноста на луѓето да примат вакцина варира од земја до земја, од високи 96 проценти во Мјанмар до многу ниски 25 проценти во Казахстан.Повеќето од балканските и поранешните советски републики се на дното на списокот земји во кои населението сака да се вакцинира.Според анкетата во Македонија, 35 проценти од возрасното население покажало подготвеност за вакцинација. Речиси идентична стапка имаат и соседите, Србија 35, Албанија 34, Црна Гора 33, Косово 32 и Босна и Херцеговина 30 проценти.Повеќе од половна од возрасните Македонци не сакаат да ја примат вакцината против Ковид-19 покажуваа оваа анкета. 53 проценти од возрасното население во земјава се изјанило дека не сака да биде дел од имунизацијата.52 проценти од возрасните Албанцие не би се вакцинирале, на Косово 56 проценти одбиваат вакцинација, а од земте во регионов, најлоша е ситуацијата во Босна и Херцеговина каде 61 процент од возрасното население не сака да прими вакцина против коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

dijabetes

Нема инсулин, игли и терапија: Дијабетичарите бараат решение за нивните проблеми

Сојузот на здруженија на дијабетичари, денеска јавно ќе се обрати до Министерството за здравство и до Мој термин, со барање да се решат проблемите со недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија.-Како пациентска организација и како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија, да се префрла од едни на други во здравствениот систем, а притоа во пракса нашите членови се приморани по неколку пати во месецот да се обратат во центарот за дијабатес, по неколку пати во месецот да отидат до аптеките за да проверат дали инсулинот го има и дали ќе може да се издаде, дали веќе во систем е ставена замената…, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.Со надеж дека ќе поттикнат решение на тековни проблеми поврзани со дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари, апел до МЗ и Мој термин денеска пред Здравствениот дом во Штип јавно ќе упати претседателот на Сојузот, Диме Велев. (МИА)

Македонија | пред 5 години

zatvor

Годишно државата троши 9.500 евра за еден затвореник

Според податоците од Управата за извршување на санкции до кои дојде МИА, вкупната сума што се издвојува за сите казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом Тетово во земјава изнесува 1.119.634.000 денари или 18,2 милиони евра. Од нив, половина се наменети за затворска полиција и затворските службеници 555.675.000 денари, а околу 18 проценти или 199.500.000 денари за подобрување на условите во затворите.Во 2020 година во затворите низ земјава имало вкупно 1.901 затвореник или пополнети биле 89 проценти од вкупниот капацитет на затворите, кој што, според податоците од Управата за извршување на санкции е 2.113 лица – со тоа што за секое лице просечно да има најмалку 4 метри квадратни или девет метри кубни простор.Според тоа, државата годишно секој затвореник во просек ја чини 588 илјади денари или 9.500 евра.МИА дознава дека, додека вкупниот капацитет на сите затвори низ државата во 2020 година не бил целосно искористен, пренатрупаност има во три затвори, и тоа во Затвор Штип, каде биле сместени 225 лица или 161 процент од неговиот капацитет од 139 лица, потоа Затвор Тетово, кој има капацитет за 48 затвореници, а биле сместени 70 лица или 145 проценти, и Затвор Прилеп, со пополнетост од 102 проценти на неговиот капацитет од вкупно 108 затвореници, а биле сместени 111 затвореници.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

kiril-ii-metodij-1

Во Охрид свечено одбележување на солунските браќа Кирил и Методиј

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, во понеделник 24 мај, ќе биде одбележан денот на овие двајца големи просветители. Потоа е предвидена културна програма во црквата Св.Софија, со почеток од 17 часот.Словенските просветители, браќата Кирил и Методиј се првите мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. 

Македонија | пред 5 години

legendi-fudbal

Фудбалските легенди од поранешна Југославија, гости на градоначалникот Георгиески

Чест ми е што денеска мои гости беа фудбалските легенди од поранешната Југославија, Бошко Ѓуроски, Станислав Караси, Јован Аќимовиќ и Милош Шестиќ.Во Охрид деновиве ќе престојуваат повеќе од 40 поранешни фудбалери, како и членови на управата од клубот „Црвена Ѕвезда“.Предвидено е во сабота на Градскиот плоштад во Охрид, точно на пладне гостите да остварат неколку часовно дружење со фановите, додека за 18 часот е закажан ревијален натпревар помеѓу ветераните на „Црвена Ѕвезда“ и ветераните на фудбалскиот клуб „Охрид“. Натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“.Иницијатор на средбата е Здружението на фудбалски ветерани на ФК „Охрид“, каде членови се дваесеттина првотимци од сите генерации на клубот. Гостувањето се поклопува со јубилејот што го одбележува ФК „Охрид“ кој оваа година прославува стогодишнина од формирањето на 18-ти април 1921 година, напиа во својата ФБ објава градоначалникот.

Македонија | пред 5 години

grehrjtdzdk-196814

Фокус: Фирмата „Ексико“ - најактуелна офшор фирма за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, не впишала вистински сопственик

Вкупно 69.284 субјекти или близу 90 проценти од правните субјекти во сопственост на странски компании впишале физички лица во Регистарот на вистински сопственици, обелоденија неодамна од Владата, посочувајќи дека на тој начин се разбиваат комплексни и слоевити сопственички структури на нашите фирми, во функција на борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, објави ФОКУС. Но, податоците што Фокус ги обезбеди од Централниот регистар, кој е надлежен за евидентирање на вистинските сопственици, покажуваат дека меѓу оние 10 отсто што не ја исполниле обврската за пријавување на вистински сопственик во предвидениот тримесечен бесплатен период е и фамозната „Ексико“, која беше најактуелна офшор фирма за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од најголем број правни лица во сопственост на странски субјекти, каде е наведен македонски или странски државјанин како вистински сопственик, во тековната состојба за вистински сопственик на „Ексико“ се наведува дека за ова правно лице „не се евидентирани податоци во Регистарот на вистински сопственици“.Инаку, компаниите во сопственост на други странски компании, што не ја искористиле можноста да пријават вистински сопственик во рокот, ќе треба да платат глоба кон Централниот регистар, но и кон Управата за финансиско разузнавање, која има надлежност да врши контрола врз околу 6 илјади субјекти со обврска за идентификација на вистинските сопственици – банки, адвокати, сметководители…Текстот во целост на:  ФОКУС. 

Македонија | пред 5 години

w_56674000

15 починати и 46 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга по 2 и по еден случај во Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево.Регистрирани се 89 оздравени пациенти од Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен по 2 и по еден во Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица.Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г, 57г, 64г, 85г, 91г, 91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.Направени се 3.487 тестови преку: ИЈЗ-356, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово – 16, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-10, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–95, МАНУ-58, Жан Митрев (Филип Втори)-399, Авицена – 721, Биотек-584, Систина-218, лабораторија Лаор-323, Синлаб-51, Ремедика-51, Плодност–50, Генеа–32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 349.Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:Скопје 68.370, Активни 1.172Куманово 8.803, Активни 285Прилеп 8.281, Активни 131Тетово 7.196, Активни 106Битола 6.283, Активни 212Велес 5.463, Активни 71Гостивар 5.162, Активни 53Кавадарци 5.149, Активни 39Охрид 4.995, Активни 189Штип 4.956, Активни 55Струмица 4.105, Активни 80Струга 2.978, Активни 72Кочани 2.782, Активни 49Кичево 2.545, Активни 77Гевгелија 2.190, Активни 29Неготино 2.182, Активни 23Свети Николе 1.521, Активни 37Ресен 1.233, Активни 37Крива Паланка 1.219, Активни 8Радовиш 1.149, Активни 59Берово 1.027, Активни 6Делчево 971, Активни 31Дебар 939, Активни 6Виница 876, Активни 47Пробиштип 789, Активни 14Валандово 665, Активни 5Богданци 493, Активни 3Крушево 489, Активни 23Демир Хисар 397, Активни 20Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 22Македонски Брод 358, Активни 3Пехчево 267, Активни 2Македонска Каменица 247, Активни 15Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 5 години

denari

Просечната плата во март пораснала за околу 6 проценти во однос на лани

Континуирано расте просечната месечно исплатена нето-плата по вработен, велат од Владата повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика. Имено, според овие податоци, во март 2021 година просечната плата изнесувала 28.217,00 денари, што е околу 6 проценти повисока од истиот месец во 2020 година, или зголемувањето изнесува 1.795,00 денари за една година.Според денешните податоци на ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %) и Информации и комуникации (12.1 %).Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.3%) и Градежништво (4.0 %).„Oд почетокот на годината се забележуваат позитивни движења во економијата. Тоа најдобро може да се види преку приходната страна на буџетот. Владата континуирано креира поволен деловен амбиент за раст и развој на стопанството, како и на севкупната економија. Покрај растот на просечната плата, расте и извозот, индустриското производство, внатрешната трговија, дополнително расте и кредитирањето како на домаќинствата, така и на корпоративниот сектор“, велат од Владата.Како што додаваат, ваквите позитивни движења во економијата, даваат сигнал на стабилизирање и раст, кој согласно владините проекции ќе изнесува 4,1 отсто за 2021 година.

Македонија | пред 5 години

avtopat

Бочварски – Рустеми: Интензивно работиме на автопатот Кичево - Охрид со преку 360 машини и преку 720 работиници

Имаме силен интензитет на работа на автопатот Кичево – Охрид, секојдневно работат преку 360 машини со преку 720 работници. Сите дополнителни работи се проектирани, дваесетина инфраструктурни проекти се завршени и дополнително е отворен фронт за нови работи. На две клучки на Арбиново и Издеглавје веќе интензивно се работи, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид во изградба на автопатот Кичево - Охрид.Министерот Бочварски истакна дека експропријацијата на земјиштето на главата траса е завршена, конструкцијата на тунелот е исто така завршена, изградени се 3,5 километри потпорни ѕидови, а ископот на цела траса е завршен со 53 проценти.Во однос на прогрес на градежните работи, тој се движи од 63 проценти на вкупниот проект.“Можам слободно да истакнам дека дваесет инфраструктурни проекти се готови што значи дека на нови дваесетина позиции може непрекинато да се работи што ни дава дополнителен стимул да го забрзаме темпото на изградба. До сега се асфалтирани 31 % од прв слој на асфалт од вкпуната траса, а завршени се дополнителните проекти за 9 –те клучки. Во меѓувреме се работи на алтернативните пристапни патишта, на ископите, на изградба на мостовите и вијадуктите, на тампонирање и останати земјени работи каде позициите тоа го дозволуваат.Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, би истакнал дека таквите информации не се точни. Цената е утврдена уште од 2018 година на 598 милиони евра и не станува збор за дополнително поскапување”, изјави министерот Благој Бочварски.Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми истакна дека се работи со силен прогрес а сите дополнителни работи се завршени.“ Се работи на земјени работи, поголем број на вијадукти, клучки, пристапни патишта, потпорни ѕидови, надпатници и подпатници и се друго што е предвидено согласно со проектот на изградба. Изведени се градежни работи во тунелот со две тунелски цевки во двата правци во вкупна должина од 4 км, кои ќе бидат опремени по најсовремени европски стандарди, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.На новинарско прашање кога ќе биде завршен автопатот, министерот Бочварски истакна дека во овој момент се преговара со Изведувачот за нов анекс на договорот со кој ќе се продолжи изградбата на автопатот, без дополнителни средства.

Македонија | пред 5 години

21052021_PVRSM_Zaev_sredba-vo-Klub-na-pratenici_4

Заев за предлог решенијата на Силва и Вархеји: Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги примија и одржаа работна средба со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји.На средбата во Клуб на пратеници министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји ги презентираа предлог решенијата за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кои имаат за цел да гo деблокираат отворањето на преговорите на земјата со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција.Веднаш после состанокот премиерот Заев даде изјава за јавноста и медиумите којашто ви ја пренесуваме во целост:„Министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји денеска донесоа предлог решение чија цел е надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам и на двајцата, министре Силва, еврокомесаре Вархеји, за вашата професионалност, посветеност и одлучност да помогнете на Северна Македонија, на Бугарија, на целиот Западен Балкан, а со тоа и на цела Европа, за сите заедно да продолжиме на патот кон прогресот и просперитетот.Јас, со тимот во Владата задолжен за овие преговори, пред сѐ со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, сериозно и одговорно ќе ги разгледаме сите детали од предложеното решение.Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија.За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија.После ова, сметаме дека сме во вистинскиот момент да одиме чекор понатаму, да се вложиме сите и час поскоро да постигнеме договор во интерес на заедничката европска иднина.Тоа го очекуваат и го бараат граѓаните на нашите две земји, тоа го очекуваат европејците, тоа си го должиме себеси, тоа му го должиме на народот.Ја имаме добрата волја, внимателни сме и имаме разбирање за нашите соседи, ги имаме нашите јасни идентитетски македонски позиции за кои не преговараме, а за кои Брисел покажа разбирање, и се надевам дека со ист таков пристап ќе се сретнеме со Софија за доброто на двата народа и за заедничката иднина на двете земји како соседи и пријатели, како членки на НАТО и како идни партнери и членки на ЕУ.“

Македонија | пред 5 години

raskovski34

Рашковски има лаптоп, мобилен и интернет во Шутка, тврди Божиновски

Зоран Божиновски-Буревесник на социјалните мрежи повторно ја разбранува јавноста со неговите тврдења. Овој пат, повторно поврзани со ексгенералниот секретар Драги Рашковски, кој издржува притвор во затворот во Шутка.“Драги Рашковски располага со лаптоп, смарт мобилен и интернет врска, одземете му ги”, пиша Божиновски со барање да му се одземат.Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет.

Македонија | пред 5 години

Gradiste-inspekcija-1

(ФОТО) Општина во Охрид ќе урива дивоградби во Градиште, извршен вонреден инспекциски надзор во автокампот

Градежните инспектори од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид на 19.05.2021 година извршија вонреден инспекциски надзор во автокампот „Градиште“ со увид на лице место согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор. Извршен е комплетен надзор на 15 автокамп приколки, при што се затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Затекнати се недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија, се велат од Општина Охрид.Во дописот од локалната самоуправа додаваат:Изготвен е записник и фотодокументација за надзорот, при што е констатирано дека субјектот кој стопанисува со автокампот „Градиште“ не поседува одобрение за поставување на времени објекти, решение за изведба на платформи изведени од дрвена и метална конструкција и решение за изведба настрешници кои се поставени над автокамп приколките.Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи. Врз основа на тоа, Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти, платформите, настрешниците, армиранобетонските плочи, плочите од бекатон плочки, според член 134 и член 135 став(1) алинеа 3 од Законот за градење Сл.Весник на РСМ( од бр.130/09 до 279/20).Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли во автокампот „Градиште“ како и на останатите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои се наоѓаат на локации кои се на територија на општината.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

gak

ГАК: 33-годишната родилка починала од автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

Наодот на починатата 33-годишна родилка оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево, информифраа од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.Клиника вчера попладне го добила хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена во 1987 година.Пациентката почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а како што соопштија од Клиниката, била примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.„Наодот оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостиг на мускулниот слој на тенкото црево, што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург. Оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната, но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно“, наведува ГАК во соопштението.Понатаму се додава дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Македонија | пред 5 години

Slika-Remenski

Ременски бомбардира по Османи и Валентина со ножевите

Јавноста има право да знае, а министерот Бујар Османи е должен да каже кој бил критериумот и мотивот за вклучување на Валентина Божиновска во тој "стратегиски совет"?Дали "просветлувањето" на актерката за европските вредности се должи на некакво простување на сите нејзини анти-стратегиски испади и говоранции или пак, се должи на "абер из Београда"?Ако мисли некој дека, ни е потребно потсетување на фашизоидните говори и подривањето на меѓуетничките и меѓуверските односи како "стратешки интереси и столбови на националната безбедност на Македонија" кои ги држеше актерката со закани за бесилки и куршуми, грдо се лаже. Секој свесен граѓанин не заборавил ништо, напиша на својот ФБ профил Фросима Ременски.Ременски во објавата додава:Не го заборавивме ниту "шишето полно со евра фатени во шверц" на Срѓан Керим и затварањето на неколку печатени медиуми  за сметка на удбашко-пропагандни интернет сервиси!Нека се осмели некој да каже за кои стратегиски интереси можат да помогнат овие ликови и каде беа кога многу попаметни граѓани маршираа низ улиците токму против вакви ликови и структури за европските вредности кои за нив и денес се недостижни, заради омразата кон напредокот на државата против кој се бореа од петни жили.Две исти прашања за вчерашните вести:Според кои критериуми, низ каква проверка и процедура, и според кои "олеснителни околности", ОЈО ценеше да даде согласност Сашо Мијалков да се брани од слобода што Судот не ги прифати ⁉️Според кои критериуми, низ каква проверка на придонесот кон стратегиските интереси на државата министерот Бујар Османи одлучи да ја повика Валентина Божиновска да го советува ⁉️Тоа што тој ја поканил, а она сега одбива нека не биде димна бомба за непримислениот потег на министерот за надворешни работи кој очигледно ги заборавил некролозите на амбасадорите и сите "стратегиски" достигнувања на актерката.извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

kursumi-ubistvo-butel

Ѓурчески за РСЕ: Две банди владеат со скопското подземје

Криминалните пресметки се борба за превласт во скопското подземје на две криминални групи, вели поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески. Тој вели едната делува на територија Сарај- Грчец, а втората Чаир и Сингелиќ и се поврзани со политички партии. Партии без коментар за таквите обвинувања, објави  slobodnaevropa.mk. Две испразнети рамки од автоматско оружје и испукани 90 куршуми за убиство на една цел- Камер Идризи. На ова му претходеше упад на вооружени напаѓачи кои влеатаа со фантомки и во скопски хотел. Ова не се сцени од холивудски акционен филм. Ова се реални криминални пресметки за кои поранешните инспектори велат дека се поврзани и се одвиваат меѓу двете најголеми криминални банди кои владеат со македонското подземје.Професорот и крим техничар Кебир Азвиу вели дека начинот на кој дејствувал убиецот, како го испланирал и реализирал убиството покажува професионализам.„Но, бројот на испукани куршуми кон жртвата покажува гнев и одмазда, ова се индикации дека организацијата стои зад овие убиства и дека со ова се пренесува порака кон ривалната криминална група. Можело и со еден до два куршума да умртви човек, но веќе 90 испукани се гласна порака“ вели Азвиу.Дополнително со овие настани ја поврзуваат и престрелката на скопската улица „Рузвелтова“ каде што беше убиен Наим Ајети, братот на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој, пак, беше изрешетан во чајџилница во Сингелиќ пред пет години.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Скопје | пред 5 години

monstrum-8

Непозната организација на македонски Албанци најавува протести за албанската кауза и национално надпартиско обединување

Досега непозната организација на македонски Албанци најавува дека во месеците мај и јуни ќе се случат протести и активности поврзани со албанската национална кауза.Според најавата на протестите ќе се бара промена на преамбулата на македонскиот највисок правен акт кој според организаторите бил извор на дискриминација на македонските Албанци.„Во мај и јуни годинава ќе бидат одржани протести и ќе бидат реализирани некои други активности поради националната кауза“ – објавува весникот на албански јазик „Лајм“.Според „Програмата на активности“ обиавена во текстот потпишан од Блерим Ахмеди наведен во име на „Организацискиот совет на протестите“ се истакнува дека причини за протестите ќе бидат:„1.Српскиот геноцид во Косово и Босна, со изложба со фотографии од српскиот геноцид;2.Политички монтирани случаи3.Преамбулата на Уставот на Македонија – генератор на повреда на правата на Албанците… ..“.Организаторот им упатува повик на Албанците „да се обединат во овие активности и да се оттргнат од партиските синџири, оти нацијата е над партиите“ – пишува весникот „Лајм“.Во најавата не се наведени точни датуми на одржување на споменатите протести.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев: Не се сеќавам пред Заев да имавме официјален меѓудржавен "спор" со Бугарија

Поправете ме ако грешам, ама ја не се сеќавам пред Заев да имавме официјален меѓудржавен "СПОР" со Бугарија!? Напротив, Бугарија прва не' призна под уставното име, од сите соседи.Ова што ни се случува денес е директна последица на штетната, сервилна и вазалска надворешна политика на дуото Заев&Димитров - за која тие ќе понесат не само историско-политичка, туку и правна одговорност, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.извор: ФБ Димитар Апасиев

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања