Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

LIDE-LIDE

Лиде Лиде се пријавила за вакцина но има една желба: Сакам да ме боцне со „Спутник В“, тоа „В“ ме асоцира на Венко

Љубовната сага на скопјанката во јавност позната како Лиде Лиде нема крај. Сега Лиде призна дека се пријавила за вакцинација и јавно го замолува министерот Филипче, ако може тој лично да ја вакцинира.-Пред околу една недела се пријавив на сајтот за вакцинација, сакам да се имунизирам, не сакам веќе да живеам во страв од зараза. Јас еднаш прележав, но кога разговарав со тие што прележале по втор пат велат било пострашно и затоа ме фати паника. Ама сакам да се вакцинирам со „Спутник В“, некако тоа „В“ме асоцира на Венко. И сакам тој да ме боцне, вели самоуверено и со надеж Лиде за ММССе обидовме да и објасниме дека тој е министер и стручен хирург, но Лиде е категорична.-Па, веројатно го бива да вакцинира, не само да оперира. Лекар е зошто да не може. И тој е мулти таксинг како мене. Мене како ме бива за пет работи – водителка, пејачка, па знам да имитирам и плус обезбедување и што не. Дури и маски си смислив со слоганот „Лиде на Венко“. Мултикреативец сум. Така и тој, што е страшно да земе шприц во рака, вели таа.Текстот во целост на: ММС

Македонија | пред 4 години

w_56674000

Денеска регисрирани нови 15 починати и 37 заразени со коронавирус

Денеска се регистрирани 37 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.063 Оздравени се 69 пациенти, а починати се 15 лица.Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани се 69 оздравени пациенти од: Битола – 15, Скопје – 13, Струга – 6, Кичево – 5, Куманово – 4, Охрид – 3, Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови.Направени се 3.143 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово – 16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-15, Институт за микробиологија–80, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-250, Авицена-284, Биотек-376, Систина-234, лабораторија Лаор-679, Синлаб-23, Ремедика-46, Плодност–78, Генеа–87, Никоб лаб-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 282.Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68412, Активни 1149Куманово 8805, Активни 272Прилеп 8283, Активни 125Тетово 7203, Активни 108Битола 6286, Активни 191Велес 5467, Активни 73Гостивар 5164, Активни 48Кавадарци 5150, Активни 38Охрид 4994, Активни 186Штип 4956, Активни 52Струмица 4106, Активни 78Струга 2979, Активни 65Кочани 2785, Активни 51Кичево 2550, Активни 76Гевгелија 2190, Активни 25Неготино 2182, Активни 22Свети Николе 1522, Активни 36Ресен 1233, Активни 33Крива Паланка 1219, Активни 7Радовиш 1150, Активни 59Берово 1027, Активни 4Делчево 971, Активни 27Дебар 939, Активни 6Виница 881, Активни 50Пробиштип 789, Активни 14Валандово 665, Активни 5Богданци 493, Активни 3Крушево 489, Активни 23Демир Хисар 397, Активни 19Демир Капија 396, Активни 0Кратово 373, Активни 21Македонски Брод 358, Активни 2Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 14Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Neloski-23.05

Нелоски: Игнорантскиот однос на Шилегов и Градот Скопје кон фудбалскиот клуб „Вардар“ донесоа клубот да навлезе во финансиска криза и испадне од Првата лига

Точно една година на едно телевизиско соочување му порачав на Петре да се обединиме, и леви и десни, и власт и опозиција, околу прашањето за фудбалскиот клуб „Вардар“. За жал, тој тогаш таа понуда ја одби, и во овој момент фудбалскиот клуб „Вардар“ е во втората македонска лига, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.Нелоски додаде:Што се случуваше од мај 2020-та до денеска? Најпрвин, „Вардар“ навлезе во финансиска криза, не му беше дадена лиценца за настап на европските натпреварувања. Потоа се случи егзодусот на сите фудбалери кои што беа поискусни од клубот, во клубот останаа оние кои што се најверни и се разбира најмладите. Потоа започна првенството, и за жал, „Вардар“ со слабите резултати не успеа да се избори да остане во првата лига.Испаѓањето од еден во друг ранг не е ништо страшно во спортот, тоа е нешто нормално. Она кое што е страшно е игнорантскиот однос на сите институции, Петре Шилегов и Градот Скопје кон фудбалскиот клуб „Вардар“ кој што претставува симбол не само на градот Скопје, туку и на Република Македонија.Петре Шилегов можеше во изминатава година да најде начин наместо да се занимава со некои т.н. бугарски инвеститори, катарски спонзори итн. да најде вистинско решение за фудбалскиот клуб „Вардар“ бидејќи тоа беше тука. Но, за жал немаше желба.Она кое што треба Петре Шилегов да го направи во наредниот период е да побара од сопственикот на клубот, најпрвин да се обврзе да ги подмири сите долгови кои што се настанати до овој датум заклучно со 31.12.2021 година. Потоа да побара од сопственикот да ги даде на располагање и на користење овој комплекс позади мене и комплексот за првата екипа во Гази Баба на фудбалскиот клуб „Вардар“. И подоцна Град Скопје да си го преземе тековното финансирање на нашиот ценет и сакан „Вардар“.Се надевам дека конечно ќе го тргне егото и својата суета на страна Петре и ќе најде решение како да седне на маса со сопствениците. Доколку не го направи тоа, скопјани единствено кое што ќе имаат можност е во октомври најпрвин да го казнат Петре Шилегов, а подоцна да очекуваат подобри времиња за симболот на градот Скопје. Времиња каде што повторно ќе се радуваме на шампионските титули на „Вардар“, повторно на Градски стадион позади мене ќе доаѓаме во голем број да го бодриме „Вардар“ на фудбалските натпреварувања итн.И драги пријатели, не заборавајте, „Еден живот, една љубов“.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

Venko-Filipce-intervju-1

Венко Филипче за Нова: Кога СДСМ греши, партијата прифаќа и се менува - кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за порталот Нова вели дека како потпретседател на партијата останува посветен на здравствените политики и реализација на програмата на партијата во сопствениот ресор кој е столб на државата. Тој пососчува дека СДСМ е реформска партија која секогаш гледа напред и се води од интересот на граѓаните. Токму тоа го мотивирало да ја прифати одоговорната партиска позиција.„Без разлика дали е тоа надворешна политика, крупни проекти како Клинички центар, борба со пандемија, економски мерки за спас на стопанството – СДСМ при креирањето на политиките го има во фокус државниот и граѓанскиот интерес“, вели Филипче.На прашањето дали ќе биде успешен политичар како што е успешен неврохирург, Филипче истакнува дека успешен политичар е оној кој ќе докаже дека знае да работи и менаџира на позицијата која ја добил во владата или партија. Тој вели дека модерниот политичар го одликува професионалност и успешна реализација на зададените задачи и планови, а не безполезни политички препукувања и дебати кои веќе не ги интересираат граѓаните.„Празни политички флоскули и итроштини, дворски игри и неполезни дебати веќе не се на цена кај граѓаните, ниту треба да бидат карактеристики на модерниот политичар. Оттаму, прашањето дали ќе бидам успешен политичар за мене значи дали успешно, совесно и професионално ќе ја работам секоја зададена работна задача. Без разлика дали е тоа министер за здравство, претседател на партиска комисија или пак друга позиција за време на изборите, јас кон сите обврски пристапувам сериозно и се трудам да ги исполнам максимално одговорно. Така и ќе пристапам кон сите идни предизвици во рамки на партискиот ангажман“ - истакнува потпретседателот на СДСМ.Филипче верува дека главна стратешка цел на партијата и новото раководство треба да бидепривлекување на квалитетни кадри кои се докажани професионалци во различни полиња бидејќи тоа е основен предуслов за успешно работење на партијата и градење доверба кај граѓаните. Тој истакнува дека мора силно да се вложува и во младината која мора да биде поактивна и организирана.„Во политиката одамна нема место за импровизација, како со кадар така и со реализација на ветеното пред граѓаните. Политичкиот менаџмент е сериозна работа која бара професионалци и одговорни луѓе на сите позиции кои ќе работат по јасно утврдени стратегии и цели. Нивната работа мора да се следи и соодветно евалуира како целиот систем би функционирал добро, а краен бенефит од тоа би имале граѓаните. Ефикасноста во работењето и реализацијата на ветувањата треба да бидат топ приоритет на партијата“ - вели Филипче.Потпретседателот силно го критикува ВМРО-ДПМНЕ за своите деструктивни политики коментирајќи дека партијата има единствена цел, а тоа е како да се докопа на власт дури и по сметка на правење големи штети на граѓаните блокирајќи ги сите проекти и политики во нивни интерес. Филипче верува дека граѓаните ја прпознаваат разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе ја казнат опозицијата на избори.„Јас навистина не можам да ја разберам таа неконструктивност и неверојатната неспоосбноста да се препознае тронка државен интерес во моменти на криза или за суштински важни прашања. Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едноставно имаат само една единствена цел, а тоа е како да се докопаат до власт небирајќи ниту метод, ниту начин. Најстрашно од се е што воопшто не се грижат дали со своите методи им штетат на граѓаните. Јас сум свесен дека се случуваше СДСМ да донесе одлуки или политики кои можеле и морале да бидат подобри, но да се разбереме, постои суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ греши, партијата прифаќа, се менува, се унапредува и најважно од се, се бори и работи за стратешкиот интерес на граѓаните и државата. Кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои, таму постои само интерес за власт и личен односно тесно партиски интерес“ - заклучува Филипче.

Македонија | пред 4 години

Atletska-Federacija-na-Makedonija-I-den-Kup-na-MK-seniori-ki-32

Војнеска: По 20 години повторно имаме одлични резултати во атлетиката и на тоа треба сите да сме горди

Севкупен пласман меѓу првите три клуба освоија АК Делта, Ак Работнички и АК Куманово на првиот ден од Купот на Македонија на сениори/ки во организација на Атлетска федерација на Македонија на националната арена „Тодор Проески“. На настанот вчера и денеска има натпревари во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 10.000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје.- Би сакала на сите спортисти да им честитам што настапија затоа што во услови на Ковид имавме затворени стадиони и намалени можности за тренинзи така што тие постигнаа извонредни резултати. Инаку, имавме четири резултати кои се над 1000 бода во IAAF таблица, имавме трка над 400 метри во машка конкуренција каде првите шест учесници постигнаа одлични резултати после 20 години а сето тоа многу ме радува и ме прави горда како претседателка на Федерацијата. Денеска очекувам исто да се постигнат и други резултати во повеќе дисциплини и ќе биде радост за Федерацијата, клубовите и самите спортисти, а некои од нив ќе не претставуваат на претстојните меѓународни натпревари, истакна претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.Според селекторот на Федерацијата купот сениорски е најважен како домашно натпреварување.Имавме одлични резултати на купот, настапуваат најдобрите атлетичари Јован Стојоски и Дрита Ислами, имаме нов атлетичар Андреас Трајковски кој настапува вон конкуренција во скок на далечина, така што за три недели од сега ќе има селекција кој ќе настапува од АФМ на Олимписките игри, изјави Кристијан Кајчевски, селектор во АФМ.Еден од фаворитите атлетичарот Јован Стојоски повторно со свој личен рекорд на Купот.- Повторно поставив два лични рекорди и тоа на 100 метри 10’ 69” и на 400 метри 46 82, во супер  форма сум за почетокот на сезоната. Приоритет ми е Олимпијата која претставува голем мотив за мене и ќе ја претставувам Македонија, така што напорно ќе тренирам и ќе се подготвувам во следниов период, вели атлетичарот Стојоски.Атлетичарката Дрита Ислами ги освои првите места во 100 метри со пречки, на 400 метри и штафета.Навистина сум среќна што трчав на 100 метри со пречки кое ми беше приоритет а со тоа освоив и 6 бода за Клубот, исто така трчав на 400 метри кои го освоив првото место, така што за мене солидно е што имав добар резултат. Ќе продолжам со напорни тренинзи и очекувам што повеќе жени да се вклучат во Атлетиката за да имам одлична конкуренција, додаде атлетичарката Ислами.Атлетската федерација на Македонија оваа година имаат полн календар и ќе одржи домашни натпреварувања, државни натпреварувања, како и екипни и индивидуални, до крајот на сезоната ќе има речиси секоја недела натпревар.

Македонија | пред 4 години

vlasi

Градоначалникот Георгиески со честитка по повод националниот ден на Власите, 23 мај

По повод Националниот ден на Власите, во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадниците на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба.Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција.Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации, стои во ФБ објавата на Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

39 илјади граѓани ги примиле двете дози вакцина против Ковид-19

Според податоците на Министерството за здравство досега аплицирани се вкупно 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Досега преку веб платформата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавени 395.776 граѓани.Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден кај нас беа регистрирани се 84 оздравени пациенти. Вчера беа регистрирани 51 нов случај на Ковид-19 и тоа во Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по еден, а пријавени беа вкупно 16 починати лица од кои седум од Скопје.Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, починати се 5.296 лица, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19. Има околу 559 празни болнички кревети во ковид – центрите, а поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти

Македонија | пред 4 години

soncevo-vreme-vremenska-ohrid-lugje-turisti

Денеска сончево и топло време со температури над 30 степени

Вренето денеска ќе биде сончево и топло. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 31 степен.Во следните денови ќе преовладува значително топло време. Утре и во вторник времето ќе биде сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе се зголемуваат условите за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, јави УХМР.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пендаровски: Се гордееме што карактеристиките и традицијата на Власите се вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.Во честитката се вели:Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.Токму на овој ден, пред 116 години, Власите за првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Република Северна Македонија и понатаму ревносно, како и за сите етнички заедници, ќе ја афирмира и промовира влашката историја и култура.Секој наш граѓанин, како впрочем и секој човек насекаде низ светот, повеќе од една година се соочува со опасноста од Kовид-19, стравувајќи за својот и за животот и здравјето на своите најблиски. Со почетокот на масовната имунизација во нашата земја конечно се наѕира крајот на пандемијата. Да продолжиме да бидеме одговорни и дисциплинирани, солидарни и посветени, и што поскоро да се вратиме на нормалното секојдневие.Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

ВМРО ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати од корона!

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати.Затоа Филипче ќе одговара!

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-policija-1

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

189285855_10159336852963007_8392540298567672900_n

Италија победи на Евровизија

Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“ победија на Евровизија 2021 година.Победникот освои 524 гласа, втора е Франција, а трета Швајцарија.Оваа година, 39 земји учествуваат на Евросонгот.

Магазин | пред 4 години

zabava-1

(ВИДЕО) Забава во Скопје без заштитна маска дистанца

Синоќа во центарот на Скопје, во дворот на Музејот на Македонија се одржала забранета забава на која не се почитувале мерките за заштита од ковид-19, односно гостите не носеле заштитна маска и не одржувале дистанца.Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за  „А1он“, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс.Од Министерството за внатрешни работи за порталот истакнале дека веќе постапуваат за овој случај и најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од Ковид – 19.

Скопје | пред 5 години

dijana-2

Принцот Хари си ја отвори душата: Призна дека консумирал алкохол и дрога, а имал и дека имал панични напади по смртта на неговата мајка

Принцот Хари не престанува да раскажува детали од неговиот живот. Сега тој се осврна и на познатото интервју на Би-Би-Си со принцезата Дијана кое деновиве повторно е актуелно откако стана извесно дека новинарот, Мартин Башир, пред повеќе од 20 години фалсификувал документи за да ја убеди принцезата да ја интервјуира.Во разговор со водителката, Опра Винфри, во новата серија за ментално здравје, тој зборуваше за вознемиреноста и паничните напади со кои се соочувал како член на кралското семејство, како и за погребот на принцезата Дајана.Хари призна дека една деценија по смртта на неговата мајка дека пиел лекови, алкохол и консумирал дрога за да ја ублажи болката.„Јас пиев толку многу за една ноќ, колку што би пиел секој за една недела“, рече Хари.Дајана, принцезата од Велс, почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, обидувајќи се да избега од папараците.Во новиот сериал „The Me You Can’t See“, принцот Хари рече дека периодот од 28-та година до 32-та година е неговиот најголем кошмар и дека тогаш се борел со напади на вознемиреност и паника.„Едноставно, психички бев во многу лоша ментална состојба. Секојпат кога ќе облечев костум и вратоврска…требаше да играм улога. Ќе го прилагодав изразот на лицето кон јавноста и гледајќи се во огледало си велев: ‘Одиме’“, рече тој.На погребот на неговата мајка, принцот Хари чекореше зад ковчегот заедно со неговиот брат, татко, чичко и дедо.„Она што најдобро го паметам се звуците на копитата на коњите. Се чинеше како да сум надвор од моето тело и да го правам она што другите го очекуваа. Покажав само една десетина од она што го чувствував. Тоа беше мајка ми, а вие никогаш не сте ја ни запознале“, вели принцот.Хари минатата недела изјави дека е решен да го „прекине циклусот на болка“ што го чувствувал на својата кожа како дете. Тој рече дека сака неговите деца да растат на поинаков начин и откри дека посетувал терапија.Хари ја коментираше целокупната ситуација со Би-Би-Си и нивното извинување по 26 години. Како што вели, му е жал што неговата мајка не открила дека е измамена.„Нашата мајка беше неверојатна жена која својот живот го посвети на службата. Таа беше издржлива, храбра и несомнено искрена. Ефектите од бранот на културна експлоатација и неетички практики на крајот и’ го одзедоа животот. На оние кои презедоа некаква форма на одговорност, Благодарам. Тоа е првиот чекор кон правдата и вистината. Сепак, она што длабоко ме загрижува е дека ваквите практики и денес се распространети“.  Во контроверзното интервју, принцезата рече: „Бевме тројца во тој брак“. Тоа беше првпат некој од кралското семејство толку отворено да зборува за животот во палатата, а гледачите внимателно следеа како таа раскажува за нејзиниот несреќен брак со принцот Чарлс, нивните работи, за најинтимните детали од семејството.Лејди Ди тогаш призна дека имала афера. Таа рече дека поради аферата на принцот Чарлс со Камила Паркер (денес негова сопруга) се чувствувала безвредна. Откри дека имала булимија и се повредувала.Британската телевизија „Би-би-си“, пред два дена се извини поради начинот на кој Башир го извел интервјуто со принцезата Дајана. Фото: Geo.tv 

Магазин | пред 5 години

pozarnikari-1

(ФОТО) Скопските пожарникари спасуваа повредена жена со скршеници

Пожарникарите денеска спасуваа повредена жена.Според објавата на ТППЕ Скопје на социјалната мрежа Фејсбук, интервенцијата се одвивала во скопската населба Автокоманда на улицата „Ташко Караџа“.„Дојава за интервенција техничка, Ташко Караџа Автокоманда. Падната повредена жена со скршеници повикано Брза помош“, посочуваат од скопската пожарна.

Скопје | пред 5 години

190148295_2959261417646261_1046133746047039482_n-1

Потпишан договор за концесија со Преспанското Езеро

Денеска, на брегот на Преспанското Езеро во Претор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, на новиот концесионер официјално му го врачија договорот за концесија.Согласно Законот за рибарство и аквакултура, МЗШВ неодамна објави Јавен повик за доделување концесија, за вршење стопански риболов на риболовното подрачје Преспанско езеро, како и за организирање рекреативен риболов, на рекретативната зона Преспанско езеро. Постапката за доделување на концесија беше спроведена согласно одлуките за започнување постапка, донесени од Владата на Република Северна Македонија. Формираната комисија спроведе постапка за избор, пришто како најповолен понудувач беше избран субјектот Преспафиш увоз-извоз ДОО с.Асамати Ресен.„Во име на Владата на РСМ, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпишав договорот и денеска еве сме овде, на брегот на Преспанското Езеро, каде официјално му го врачив договорот на новиот концесионер. Со ова започнува шест годишен период на користење на рибите од оваа риболовна вода од страна на концесионерот. Со доделувањето на концесијата пред се ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода како и негово економско користење на одржлив начин. Се надевам на плодна соработка со концесионерот заради остварување на позитивни резултати во областа на рибарството од аспект на користење на рибниот фонд“ изјави министерот ХоџаТој ги потенцираше и обврските кои треба да ги исполни новиот концесионер кој треба да работи на риболовната основа, согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најодговорно да ги спроведува обврските утвредени во договорот за концесија.Како концесионер за стопански и рекреативен риболов, Преспафиш ќе биде должен да организира рибочуварска служба, преку лиценцирани рибочувари а како обврска во делот на рекреативниот рибплиов, ќе сегрижи за обновување на рибниот фонд преку редовно порибување на риболовната вода.Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски изјави дека доделувањето на концесијата ќе придонесе за одржливо управување со рибниот фонд и за зголемена грижа за зачувување на животната средина, што сериозно ќе помогне во развојот на туризмот на крајбрежјето на Преспанското Езеро.Министерот Хоџа му честиташе на новиот концесионер Песпафиш и изајви дека очекува одговорно работење кое ќе придонесе и за зачувување на биодиверзитетот на ова езеро, преку управување со риболовното подрачје на одржлив начин.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Организирањето на Македонија во една изборна единица е првиот чекор во зауздувањето на трибалистичките влијанија во политиката!

Воопшто не е изненадување тоа што Владата, предводена токму од партијата која имаше предизборно ветување за една изборна единица, го одби Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик во насока на една изборна единица, поднесен од група пратеници. Напротив, оваа власт предводена од СДСМ, исполнува исклучиво ветувања кои никогаш ги нема споменато пред народот туку ги има дадено на терти страни во служба на туѓи интереси, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на ситото се додава:Но, крајот на оваа претстава, која големите партии ја приредуваа многупати досега, е веќе познат - поддршка на иницијативата поради популизам но знаејќи дека другите тоа нема да го сторат. Ваквата лажна поддршка целосно го минира успехот на самата иницијатива.Изненадува тоа што пратениците, кои се коалициони партнери на Владата, а истовремено го сочинуваат и најголемиот дел од пратениците – предлагачи на оваа иницијатива, се’ уште остануваат верни поддржувачи на политиките на власта и покрај тоа што таа истата Влада недвосмислено ја одби оваа нивна иницијатива. Крајно време е помалите партии во Собранието конечно да се надминат себе си и да престанат со играње на улогата на приврзок на владејачките партии. Имено, токму сега, кога фунционирањето на Парламентот и опстанокот на Владата зависи од помалите партии, особено оние кои се во власта, имаат можност да покажат дека го застапуваат јавниот интерес, а не своите лични привилегии како коалициони партнери на Владата.Територијалната поделба на Македонија и постојниот изборен модел се кроени за задоволување на етничките интереси на албанските партии. Оттука, промената во насока на организирање на целата територија на Македонија, како една изборна единица, не само што ќе доведе до поправична застапеност на волјата на народот и разбивање на хегемонијата на двете партии, туку и ќе го заузда етно-центризмот и трибализмот кој е вкоренет во сите пори на политичкиот систем на државата.Сегашниот изборен модел, фаворизирајќи двопартиска хегемонија резултира со брзо заробување на секој нов политички субјект во гравитационото поле на некоја од големите партии, обично таа партија која ја предводи власта. Оттука, секоја можност за промена во политичкиот систем која може да доведе до губење на нивниот комодитет е неприфатлива и таа бидува уништена уште во самиот нејзин зародиш.Суштински проблем во нашата држава е непостоењето на дефинирани, етаблирани и негувани државни и национални интереси, а тоа е последица на поединечната и групната приватизација на партиите, а со тоа и на државата и власта. КАПИТАЛИСТИЧКИОТ ПОРЕДОК Е СУРОВ, БЕЗМИЛОСЕН, А СО ТОА И БЕЗ ОПШТОЧОВЕЧКИ ВРЕДНОСТИ, такви се неговите партии, такви се и раководствата на партиите.Одбивањето на предлог измените на изборниот законик за една изборна единица, јасно укажува на карактерот на власта, неспремноста и неволноста да се направат промени корисни за државата и народот. Промените на иборниот модел се неопходни, власта мора да се уцени по секоја цена, и тука клучна улога имаат токму коалиционите партнери на Владата.

Македонија | пред 5 години

dijabetes

МЗ: Пациентите не се оставени без инсулин

Пациентите не се оставени без инсулин. Во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, тие не се издаваа, соопшти Министерството за здравство.Напоменуваат дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надминува и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите.-Од почетокот на пандемијата до денес Министерството за здравство се погрижи во секое време терапијата за пациентите со дијабетес да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имаше недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка. Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава, стои во соопштението.извор: MИА

Македонија | пред 5 години

maraton

(ВИДЕО) „Скопје е нашиот маратон”, првиот виртуелен маратон

Заедно со Sportsmaster го започнавме проектот „Скопје е нашиот маратон”, првиот виртуелен маратон за сите оние кои сакаат да трчаат и се грижат на своето здравје, пишува во објавата на ФБ од Град Скопје.Во продолжение на објавата се додава:Потребно ви е само на вашиот мобилен телефон да симнете која било апликација за трчање (наш предлог е Strava), да ја истрчате патеката на мапата која може да ја најдете на https://sportmaster.mk/maraton, да го пополните формуларот со вашите податоци и да направите скриншот од истрчаната рута.Сите учесници кои што ќе пријават резултат на www.sportmaster.mk/maraton добиваат награди, а најбрзите тројца добиваат Sportmaster Premium месечен пакет.Да градиме култура на здрави навики!

Скопје | пред 5 години

pozarna

Се запали локомотива на патнички воз на Железничката станица„Смоквица“

Локомотива на патнички воз се запали вчера на Железничката станица„Смоквица“.Станува збор за воз којшто сообраќа на релација Скопје-Гевгелија. Од МВР соопштија дека на машиновозачот му била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош.Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Гевгелија и извршен е увид на местото на незгодата.

Македонија | пред 5 години

22052021_PVRSM_Sredba_MNR_Avstrija_Slovenija_Ceska_1

Министрите за надворешни работи на Чешка, Словенија и Австрија до премиерот Заев: Дојдовме за да кажеме јасно - Европската Унија мора да испорача

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек, кои се во еднодневна работна посета на нашата земја.На разговорот за време на средбата во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа премиерот Заев ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што овие земји ни ја даваат во евроинтеграцискиот процес и на проширувањето на ЕУ и се осврна на значењето на европскиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан како значаен за постковид економија и за закрепнувањето на земјите од последиците од пандемијата.„Како земја кандидат за членство чекаме веќе 16 години и како влада со секоја наша постапка, со секој гест, со секоја политика што ја реализираме, покажуваме почитување на сите европски вредности. Преземаме чекори за големи реформи во економијата и образованието како меѓусебно врзани процеси, но работиме на интензивни реформи во секоја сфера на општеството“, истакна Заев.Премиерот Заев се задржа и на можностите за деблокирање на процесот на нашето пристапување во ЕУ и истакна дека нашата цел - членството во Европската Унија нема алтернатива.„Ние сме силно посветени на наоѓање на решение за проблемот што го отвори Бугарија, притоа потенцираме уште еднаш дека ние за идентитетските прашања нема да разговараме, затоа што станува збор за темелна европска вредност и сме благодарни за разбирањето на кое што наидовме во Брисел и во останатите земји членки на ЕУ во однос на ова прашање“, додаде Заев.Премиерот Заев ја искажа и својата почит кон португалското претседателство со ЕУ и за нивните напори да се реши овој проблем со предлогот решенија со кои министерот за надворешни работи Силва вчера ги презентираше во Скопје и Софија, кои ние како Влада го оценуваме како добра основа за решавање на прашањата што Бугарија ги отвори во однос на Северна Македонија.На средбата тројцата министри децидно застанаа зад предлогот на португалското претседателство оценувајќи го како клучен чекор со кој ќе се засили темпото во евроинтеграциските процеси. Министрите се согласија дека Северна Македонија успешно ги заврши сите предвидени реформи кои треба да гарантираат одржување на првата меѓувладина конференција и сега на ред е Европската Унија да го испорача ветеното.Фото: Влада

Македонија | пред 5 години

unnamed

IN MEMORIAM: Почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство

Во Скопје денеска, на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Петровски беше роден на 16.11.1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 година бил заменик во Окружно јавно обвинителство Скопје. Од 1989 година до 26.03.1997 година е основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.Во годините што следуваа Петровски беше избран најпрвин за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, а потоа и за обвинител во републичкото Јавно обвинителство.Во 2008 година беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители, а по завршувањето на мандатот се враќа на позицијата во Јавното обвинителство на РМ, од каде заминува во пензија.Коста Петровски е основач на Здружението на јавни обвинители, а во периодот од 2002 до април 2006 година тој е претседател на ова здружение.Погребот ќе биде утре, а телото ќе биде изложено во Капела 1 на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Македонија | пред 5 години

durlovski-1

ФОТО: Дурловски го поздрави чекорот на Шеќеринска

Секое некористење на придавката #северна во името го поздравувам макар било и од кумовите на истото, напиша на својот ФБ профил Игор Дурловски.извор: ФБ Радмила Шекеринска

Македонија | пред 5 години

w_56102301

51 нов случај на коронавирус во земјава и починати 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани се 84 оздравени пациенти од:Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.Направени се 4.060 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-105, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-15, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–67, МАНУ-75, Жан Митрев (Филип Втори)-283, Авицена -447, Биотек-527, Систина-245, лабораторија Лаор-660, Синлаб-97, Ремедика-69, Плодност–66, Генеа–89, Никоб лаб-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 757.Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68393, Активни 1145Куманово 8804, Активни 277Прилеп 8283, Активни 128Тетово 7201, Активни 109Битола 6286, Активни 209Велес 5464, Активни 72Гостивар 5164, Активни 51Кавадарци 5150, Активни 40Охрид 4995, Активни 189Штип 4956, Активни 53Струмица 4105, Активни 78Струга 2978, Активни 72Кочани 2784, Активни 51Кичево 2546, Активни 77Гевгелија 2190, Активни 27Неготино 2182, Активни 23Свети Николе 1521, Активни 37Ресен 1233, Активни 35Крива Паланка 1219, Активни 7Радовиш 1149, Активни 59Берово 1027, Активни 4Делчево 971, Активни 28Дебар 939, Активни 6Виница 879, Активни 50Пробиштип 789, Активни 14Валандово 665, Активни 5Богданци 493, Активни 3Крушево 489, Активни 23Демир Хисар 397, Активни 20Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 22Македонски Брод 358, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 248, Активни 14Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Власта да го покаже потеклото на 11-те милиони евра судска гаранција на Мијалков

Единствена Македонија ја повикува марионетската валст во Скопје јавно да го покаже потеклото на 11-те милиони евра кој Сашо Мијалков ги понуди како гаранција да излезе од притвор.Некои прашања заслужуваат одговор, а потеклото на 11 милиони евра судска гаранција несомнено е прашање за кое народот мора да го знае одговорот, се вели во соопштението од Единствена Макеоднија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитираме: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. А токму Сашо Мијалков е носител на грабежот кај претходната власт.Но, за жал, Единствена Македонија однапред изразува скептицизам дека власта јавно пред народот ќе го покаже потеклото на богатството на Мијалков и тоа од оправдани причини: И марионетската власт во Скопје длабоко е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.Потеклот на имотот во изминатите 30 години може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања