Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Foto-21.04.2021

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста.„Помпезното најавување цела година на работна група за креирање нов Закон за вршење сметководствени работи, повторно се сведе на целосно нетранспарентно и нестручно подготвување на нов Нацрт Закон кој нема допир со реалните потреби на сметководителите. Револтирани од долгогодишната злоупотреба на позициите од овие лица, а по претходно доставена Реакција за која не добивме одговор, Комора на сметководители одлучи од утре, четврток, 22.04, од 12 часот, да се приклучиме на протестите пред Министерство за финансии, организирани од ТУК се до исполнување на нашите барања“, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.Првото барање кое го адресираат сметководителите се однесува токму на изготвување нов Закон за вршење сметководствени работи кој ќе обезбеди заштита на фелата ќе гарантира права наспроти обврските, но истиот да се креира и донесе во инклузивен и транспарентен процес без обиди за манипулации од структурите во Министерство за финансии.„Повеќе од една година како се справуваме со здравствено – економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид – 19, каде недостатокот на соодветна и навремена поддршка придонесе за илјадници компании да престанат со вршење дејност и десетици илјади загубени работни места. Со жалење констатираме дека истата судбина ги очекува и дел од над 1800 претпријатија од сметководствениот сектор доколку продолжи игнорантскиот однос од страна на институциите за надминување на проблемите. Имајќи предвид дека токму сметководителите се единствената врска меѓу државата и стопанството и спроведувањето на сите економски мерки во пракса беше реализирано токму преку нас, затоа е неопходна и потребата од директна финансиска поддршка за зачувување на дејноста. Сето ова затоа што ликвидноста ни е на алармантно ниско ниво поради намалената економска активност и тешката наплата на побарувањата “, истакна Митковски и објасни дека за надминување на состојбите се потребни неповратни финансии за сите друштва и трговци поединци од дејноста, поделени во 3 категории според број на вработени.Државните институции наметнуваат рокови до кои ригидно се држат ставајќи го прибирањето на статистичките податоци над дигнитетот и добросостојбата на фелата и граѓаните кои работат во оваа професија. Ограничените човечки ресурси и кратките рокови сред пандемија само дополнително ги акцентираат недостатоците на системот, па оставени сами на себе сметководителите вложуваат натчовечки напори и работат деноноќно да постигнат се во рок, по цена на сопственото здравје и живот. Со секое доцнење во носење на мерките и законите, со доцнење во имплементација на дополнителните обврски од страна на институциите, товарот за надоместување на времето да се аплицира во рок, повторно е на грбот на сметководителите.„Постапките што со месеци се одолговлекува со прибирање ситни политички поени во обиди за надмудрувања, сметководителите треба да го сработат во нереални рокови, притоа без наплата на трошоци и разни надоместоци затоа што не постои соодветна регулација на пазарот. Затоа бараме системско решение за пролонгирање на рокови за годишни сметки и даночни пријави, флексибилност и задолжителна консултација со експерти од дејноста за секоја дополнителна обврска со рок. Од овие причини и но и поради револтот акумулиран од непочитување на нашата професија, Комора на сметководители ги повикува сите сметководители и овластени сметководители, сите граѓани и здруженија кои ни даваат поддршка, во 12 часот пред Министерството за финансии да го изразиме нашиот револт до исполнување на нашите барања. Времето за преговори одамна помина, празните демагогии за задоволување на суетите ја доведоа сметководствената професија на маргините во општеството. Се што можеме е да го подигнеме нашиот глас и да се избориме со ригидноста на институциите за местото што ни припаѓа", изјави Андреева.

Македонија | пред 5 години

Micevski-1

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка да се изгласаат законите поврзани со пандемијата

На денешната седница во Собранието во своето обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат целосна поддршка на законите поврзани со КОВИД пандемијата.„На денешната седница број 39 покрај многуте законски решенија има неколку закони кои што се директно поврзани со КОВИД пандемијата. Точката број 20 предлог законот за гаранција на Република Македонија за обврските за финансиски договор со КОВИД-19 одговор на Северна Македонија и развојната банка на Република Македонија АД Скопје, 21 точка предлог законот за изменување на дополнување на законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона пандемијата, за откупот на грозје и винската индустрија по скратена постапка исто така 29 точка предлог закон за изменување на законот за добивка кој што е поврзан со зголемување на износот на прекршок за платени лабораториски тестови за КОВИД-19 да бидат признати во расходот на даноци, овие три закони се поврзани со КОВИД пандемијата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како за овие закони така и за сите досегашни пакети на мерки се изјасни дека ќе даде поддршка и максимално ќе ги поддржи“, истакна Мицевски.Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски упати апел до претседателот на Собранието во иднина точките кои не се поврзани со КОВИД пандемијата да се ставаат на посебни седници за да не се прави театар од Собранието.„Меѓутоа вие продолжувате овие законски решенија да ги вметнувате со други закони кои што немаат никаква поврзаност со ова или пак закони за прекршоци кои што немаат допирна точка. Затоа ве молам да ја организирате оваа институција, вие сте претседател овие точки да ги ставате на посебни седници па макар биле и со една две три точки. Како не би го дозволиле овој театар тука и да го претставувате како грешка на опозицијата. Да бидат точки на дневен ред, да бидат поддржани од опозицијата и истите овие законски решенија да бидат изгласани“, нагласи Мицевски.Мицевски додаде и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат во салата да дадат поддршка на законите поврзани со пандемијата.„Дополнително точката број 25 која што се однесува на законот за здравствена заштита закон кој што во најавата од владата имаше максимална партиципација од 5 илјади евра додека сега гледаме дека има нова состојба односно референтните цени и се разликува од првичната најава која што ја даде владата. Би сакал да кажам дека иако се работи за граѓаните најавуваме наш предлог на законот за надополнување на законот за здравствена заштита во кој што ќе имаме четири цели. Да се изедначи плаќањето на јавното и приватното здравство во време на криза за пациентите од КОВИД- 19, вториот столб пациентите што се повеќе од 60 дена на листата на чекање за било каква здравствена услуга да можат да се лекуваат во приватни здравствени установи по цени како во јавното здравство, третиот столб односно ПЦР тестовите да бидат бесплатни и пациентите кои што се лекуваат од КОВИД лековите и витаминската терапија да бидат по референтни цени кои што ќе ги утврди фондот, и четвртиот столб односно рефундирање на средствата на лица кои што се на лекување до сега во приватните здравствени установи по одреден процент односно по методологија кои што ќе ги направи министерството за здравство и владата“, нагласи Мицевски.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

instagram

Поведена постапка за злоупотреба на личните податоци во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостиварподнесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица. Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно име на социјалната мрежа Инстаграм и на тие профили ставил лични податоци и фотографии од оштетените, со цел да им наштети на нивните чест и углед.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

lumani

Еден месец дена нема ни трага ни глас од исчезнатиот Ислам Лумани

Еден месец солзите на семејството Лумани од преспанско Крани никако да престанат. Нивниот 27 годишен син Ислам, на 21 март исчезнал без никаква трага. Паркираниот автомобил и трагите од неговите чевли се пронајдени во кампот Крани во близина на езерото. Од тој ден жителите, полицијата и професионалните нуркачи се во потрага без прекин, но нема никаков резултат, објави ТВ 21.Таткото на Ислам низ солзи апелира доколку некој го види или доколку Ислам го следи овој прилог, да се јави и да каже дека е добро.Жителите на Крани, кои се во потрага по него секој ден во планините, езерото и полиња, се уште не се навикнати дека го нема Ислам. Велат дека нема да запрат додека не го пронајдат.ТВ21 контактираше и со Обвинителството во Преспа. Оттаму ни беше кажано дека работат на овој случај и дека досега нема никакви индиции дека се рабити за убиство.извор: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Draxlmaier-12

Потпишан договор за државна помош со Дрекслмајер – Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и управителите на Дрекслмајер, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, денес го потпишаа договорот за државна помош за реализација на новата инвестиција на оваа германска компанија, со кој се предвидуваат инвестиции од 16 милиони евра и отворање на нови 1000 работни места во Кавадарци и Куманово.Вицепремиерот Битиќи соопшти дека потпишувањето на овој договор за нова инвестиција на германската компанија Дрекслмајер, е уште една потврда за партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите. Тој потстети дека од септември 2020 година потпишани се 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а дополнително ова е вкупно петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во земјата (ВИК-втора фаза, Ипротекс, Пурпласт и Дрекслмајер и Магна) во овие 8 месеци.„Ова значи, дека од септември 2020, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра и отвораат околу 2.000 работни места за граѓаните. Денеска го потпишавме договорот за државна помош со компанијата Дрекселмаер за нов инвестициски циклус од 16 милиони евра и 1.000 нови работни места. Инвестициите на Дрекслмајер, направени изминатите 9 години, но и оваа нова инвестиција, покажуваат дека компанијата ги препознава добрите бизнис услови во нашата земја и искрениот однос на Владата кон инвеститорите“, нагласи Битиќи.Вицепремиерот се осврна на мерките за поддршка кои се наведени во договорот со Дрекслмајер.„Компанијата ќе добие поддршка во форма на ослободување од данок на личен доход за новите вработувања во компанијата, односно за оние кои ќе бидат дел од овој проект, за период до 10 години, како и ослободување од данокот на добивка кој се однесува на новиот инвестицискиот проект, за период од 10 години. Исто така ќе се изврши исплата кон Дрекслмајер во форма на готовински грант во износ од 10% од износот на оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, на годишно ниво, за максимум пет години, како и исплата форма на готовински грант во износ од 2.000 (две илјади) евра, по вработен, за креирање на нови работни места, а особено е важно што оваа поддршка се однесува за оние работни места, за кои континуирано се исплаќа месечна нето плата повисока за најмалку 50% од висината на минималната нето плата пропишана со Законот за минимална плата на Република Северна Македонија“, потенцираше вицепремиерот.Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.„Ова особено го потенцирам за Куманово, град кој припаѓа во Североисточниот плански регион, регион којшто има втор најмал бруто домашен производ по жител и најмалку учествува во создавањето на вкупниот Бруто домашен производ. Верувам дека гигант како Дрекслмајер ќе помогне оваа слика да се промени и во економска смисла да го раздвижи Куманово, кој е навистина на атрактивна локација, на спојот помеѓу двата паневропски коридори 8 и 10, но и целиот регион“, додаде вицепремиерот Битиќи.Управителите на Дрекслмајер, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, ја истакнаа добрата соработка со Владата на Република Северна Македонија, а се заблагодарија и на нивните меѓународни партнери Дајмлер (Daimler) и БМВ (BMW), која придонесе за реализација на новата инвестиција. Воедно тие изразија задоволство од соработката што ја имаат со домашните компании, при што истакнаа дека Дрекслмајер соработува со околу 700 компании во Република Северна Македонија. Во Куманово и Кавадарци ќе се инвестира двоцифрен милионски износ во новите производствени компании и ќе се отворат преку 1000 работни места, соопштија Кауфман и Мирингер.Компанијата Дрекслмајер е светски познат бренд во автомобилската индустрија, со главна дејност производство на кабелски сетови (комплетни електрични системи), а помеѓу нивните клиенти има многу кои припаѓаат на топ 100 автомобилски добавувачи, како што се Audi, BMW, Bugatti, Cadillac, Jaguar, Lamborghini, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, MINI, Porsche и Volkswagen. Оваа компанија е присутна во нашата земја од 2012 година и е еден од најголемите работодавачи во земјата.Со новата инвестиција се планира зголемување и проширување на производствените капацитети и опрема за потребите на проектот на Mercedez-Benz, E-Class во постоечкиот производствен погон во индустриската зона Телот во Кавадарци и зголемување на производствените капацитети со нов производствен погон и опрема во Куманово за потребите на нивните клиенти Mercedez-Benz и BMW за проектите E-Class, G-Class и BMW CLAR WE.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Загрозена и неизвесна иднината на илјадници вработени во Дрекслермаер од тиквешијата и почироко

Левица, по анонимни дојави од повеќемина поранешни и сегашни вработени во фабриката Дрекслермаер, лоцирана близу Кавадарци (ДММ), дојде до сознанија дека, во оваа компанија бројот на вработени во изминатиот период од околу една година е драстично намален - за околу 1000 луѓе. Односно, од поранешни околу 6000 вработени, сега се останати околу 5000, а овој тренд на намалување на вработените и понатаму продолжува со дополнителни отпуштања и непродолжување на договори за вработување на определено време.Оваа странска компанија, откако ги искористи државните бенефиции во првите години од своето работење (милиони евра субвенции од државни/народни пари) и евтината работна сила, сега ги отфрла луѓето како искористена роба и тоа среде светска пандемија и здравствено-економска криза.Повеќемина поранешни вработени, од лично искуство се имаат пожалено кај нас како политичка партија, дека отпуштањата ги прават на крајно нехуман и некоректен начин. Имено, последниот час од последниот работен ден од нивните договори за вработување луѓето биле повикувани на разговор во оддел човечки ресурси и им било соопштувано - од утре да не доаѓаат, дека не им се продолжува договорот.Дополнително ни пристигаат информации дека носечкиот проект во ДММ “Ц класа W205, GLC253“ е во план да се заврши до крајот на оваа 2021 година, а по завршувањето на тој проект бројот на вработени во наредната година ќе се намали за дополнителни 2000-3000.Владата, или општинските органи наместо да застанат на страна на работниците, си прават ПИ-АР кампања за наводни инвестиции и отворање на нов погон. Сето ова, додека до нас секојдневно пристигаат информации дека во оваа компанија често не се почитува Законот за работни односи на Република Македонија. Има доста вработени, кои биле повеќе од цели 5 години во непрекинат работен однос, но се’ уште немале добиено договор на неопределено и во заводот за вработување се’ уште се водат со договор на определено. Од друга страна пак, на голем дел од вработените не им било дозволено да користат годишен одмор во непрекинато траење од најмалку 2 недели во текот на претходните години пред пандемијата.Левица, како работничка партија, во име на вработените во компанијата и нивните семејства, бара итни одговори по овие прашања и превземање одговорност, како и решавање на нерегуларностите од страна на раководството на компанијата. Во спротивно нашиот правен тим ќе ги превземе сите можни ресурси за правно постапување по истите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

image008

Градот Скопје прв воведува брз автобуски превоз на Западен Балкан

Скопје како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан кој ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), благодарение на кредитот во износ од €70 милиони обезбеден од Европската банка за обнова и развој, за да ја поддржи клучна трансформација кон одржлив транспорт и ќе одговори на итните еколошки потреби на главниот град на Северна Македонија.Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување на приоритетни автобуски коридори кои ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, ќе го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво. Патниците ќе имаат корист од брз и чест јавен превозот, кој ќе можат да го следат преку информациите ажурирани во реално време. На тој начин градот Скопје ќе демонстрира како се користат паметните концепти за подобрување на услугите.Истовремено, новиот систем ќе придонесе и до значително намалување на оние емисиите на загадувачи во воздухот, за кои што транспортот е главниот во Скопје, град кој брои 550.000 жители. Согласно плановите, новиот систем на БРТ предвидува намалување на емисијата на јаглероден моноксид од над 95 отсто, на ПМ честичките за приближно 90 отсто и нитроген оксид и јаглероден диоксид за најмалку една четвртина.Ова претставува трет проект во Скопје под ЕБОР Зелени градови, иновативната програма за поддршка на одржлив урбан развој, каде главниот град на Северна Македонија се приклучи во 2019 година. Банката и градските власти развија сеопфатен Акциски план кој ги идентификува емисиите во воздух од урбаниот транспорт, како приоритет кој итно треба да се решава. Ваквата инвестиција во брз автобуски превоз се реализира согласно овој Акциски план.,, Кога‌ ‌иницијативите‌ ‌за‌ ‌создавање‌ ‌„зелена“,‌ ‌поинклузивна‌ ‌и‌ ‌одржлива‌ ‌економија‌ ‌ќе‌ ‌се‌ ‌совпаднат‌ ‌со‌ ‌напорите‌ ‌за‌ ‌економско‌ ‌заздравување‌ ‌од‌ ‌Ковид‌-19 ‌кризата,‌ ‌придобивките‌ ‌за‌ ‌македонската‌ ‌економија‌ ‌се‌ ‌повеќекратни.‌ ‌Во‌ ‌оваа‌ ‌и‌ ‌во‌ ‌следните‌ ‌години‌ ‌ќе‌ ‌инвестираме‌ ‌во‌ ‌проекти,‌ ‌кои што‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштита‌ ‌на‌ ‌животната‌ ‌средина,‌ ‌ќе‌ ‌го‌ ‌олеснат‌ ‌транспортот,‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштеда‌ ‌на‌ ‌време‌ ‌и‌ ‌енергетски‌ ‌ресурси,‌ ‌ќе‌ ‌овозможат‌ ‌раст‌ ‌на‌ ‌инвестициите‌ ‌и‌ ‌економскиот раст, како и нови работни‌ ‌места‌ ‌и‌ ‌ќе‌ ‌донесат‌ ‌подобрување‌ ‌на‌ ‌квалитетот‌ ‌на‌ ‌живот‌ ‌на‌ ‌нашите‌ ‌граѓани.‌ ‌Ја‌ ‌поддржувам‌ ‌зелената‌ ‌транзиција. ‌‌Сегашните‌ ‌и‌ ‌идните‌ ‌генерации‌ ‌треба‌ ‌и‌ ‌мора‌ ‌да‌ ‌имаат‌ ‌можност‌ ‌да‌ ‌дишат‌ ‌почист‌ ‌воздух‌ ‌и‌ ‌да‌ ‌патуваат‌ ‌побрзо‌ ‌и‌ ‌побезбедно“, истакна на потпишувањето на проектот, Фатмир Бесими, Министер за финансии на Северна Македонија.Благој Бочварски, Mинистер за транспорт и врски, додаде:,, Крајната цел на проектот е да се обезбеди нов градски превоз во Скопје, преку ефикасна и економска транспортна мрежа. Воведувањето на еколошки автобуси ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди брз, безбеден и квалитетен превоз. Нашата улога е да обезбедиме современа инфраструктура и услуги, преку кои овој концепт на брз превоз ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните“.,, Ни претставува задоволство што денес го правиме овој голем чекор во унапредување на транспортните услуги на Скопје. Проектот ќе ги поддржи напорите на градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуиран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност, кој ќе води кон подобрување на јавниот транспорт и ќе го направи поатрактивен, с# со цел да се намали користењето на приватните автомобили. Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект“, истакна Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје истакна дека треба да сме горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан кој го воведува БРТ.„За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот после 40 години. Добиваме подобар транспортен систем согласно нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен транспорт, кој ќе биде атрактивен, и ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж и аерозагадувањето”, истакна Шилегов.ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,13 милијарди преку 142 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-1-219117

Белгиска државјанка обвинета за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против една државјанка на Белгија за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.​​ фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Bojan-Stojanoski-21.04

Стојаноски: Вчера Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час

Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани. Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.Стојаноски додаде:Саша Богдановиќ, доколку имаше малку кредибилитет оставка требаше да дадеш уште вчера, но и сега не е доцна. Додека ти вчера кршеше полициски час и кафеана работеше само за тебе триесетина луѓе починаа од КОВИД-19.Аздисаноста на власта е шамар за граѓаните. Оваа аздисаност се случува додека близу 150.000 луѓе се заразија од КОВИД-19, над 4.600 ги загубија сопствените животи, 60.000 останаа без работа, 6.200 фирми се затворија. Оваа аздисаност е додека Македонија тоне заради нивната неспособност.Саша Богдановиќ да си напише оставка веднаш. Доколку имаше морал тоа ќе го стореше уште синоќа, но денеска е веќе обврска.Заради нереагирањето на институциите и обидот да се релативизира овој скандал, и да нема одговорност како што би имало кога се работи за секој еден друг граѓанин, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите.Прашање: За кафеана, во Центар се работи?Одговор: За кафеана во Центар, како што можевме да видиме од сликите и видеата кои што беа прикажани на социјалните мрежи, и навистина сметам дека нема апсолутно ништо и никаков протокол, никаков акт што би го заштитило градоначалникот на Општина Центар да не поднесе оставка и да не понесе одговорност за овој настан.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

dijaliza

Обвинение за В.И, се сомничи дека лиценцата за дијализа не и била за лекување, туку богатење

По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело предвидено и казниво по член 273 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетата В.И., како одговорно лице – управител на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, искористувајќи ги овластувањата, во 2013 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористила прилика како трговско друштво да учествува во постапка организирана од Министерството за здравство за добивање на лиценца за извршување здравствена услуга – дијализа. Целта на обвинетата не било да извршува здравствена дејност – дијализа, туку со здобивање на лиценца од 20 години, а со тоа и монополска положба на пазарот на овој вид здравствени услуги, да обезбеди повеќекратно зголемување на вредноста на уделот во правното лице.Откако ја основала приватна здравствена установа Диамед каде основач е ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, на 14.02.2014 година со Министерството за здравство склучила Договор за лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежа – дијализа, обезбедувајќи пазар на јавна услуга за дијализа во РСМ во траење од 20 години со загарантирано навремено плаќање на извршените услуги. Оваа околност на обвинетата и овозможила да постигне значително повисока цена за уделите на трговското друштво од запишаната вредност на уделот кој тогаш изнесувал 231.000,00 денари.По склучувањето на договорот во текот на 2015 година, обвинетата со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со странско правно лице шведската компанија Дијаверум Шведска АВ за продажба на удели во ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје.За да ја избегне обврската за добивање претходна согласност од Министерството за здравство за пренос на уделот, уделот го пренела на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје – основач на ПЗУ Диамед Македонија – носител на лиценцното договорно право во вршење на здравствена услуга во мрежа – дијализа. Без да овозможи Министерството за здравство, како јавен партнер, да утврди дали шведската компанија Дијаверум Шведска АВ ги исполнува истите тендерски услови како избраното ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, обвинетата на 31.10.2018 година склучила договор со Дијаверум Шведска АВ за пренос на удел. Со ваквите дејствија обвинетата вредноста од уделот во Метрополитен кој бил 231.000,00 денари го зголемила на 11.560.000 евра за колку и го продала на новиот правен субјект.Обвинетата во свое име и во име на правното лице на кое е управител и сопственик, паричните средства прибавени со сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 од Кривичниот законик, ги пуштила во оптек и тоа износ од 3.275.000 евра, на сметка отворена на име на обвинетата, во банка во РСМ и во износ од 8.281.000 евра, на сметка што гласи на правното лице чиј краен сопственик е обвинетата, во банка во Кнежевство Монако.фото: Cybermed 

Македонија | пред 5 години

Bogdanovic-3

Богдановиќ: Целосно ги демантирам информациите дека сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони

Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на КК Работнички, кој е најновото засилување во нашиот клуб.За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината, сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи.Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа, ќе покренам граѓански спор, се вели во реакцијата од  Градоначалникот на Општина Центар - Скопје Саша Богдановиќ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Bogdanovic-3

ВИДЕО: Богдановиќ седел во ресторан, слика објави и сам: Со протоколите што правиме?!

На денешната 66-та седница на Владата се донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).Но дали законите подеднаково важат за сите? На социјалните мрежи се споделува видео за кое не е познато кога е направено, но оние кои го постирале тврдат дека е за време на полициски час. На видеото се гледа како градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ седи во еден скопски ресторан.Инаку, според одлуката на Владата, рестораните мора да се затворени и внатре освен вработените, не смее да има други лица. Исклучок од ова се само рестораните во склоп на хотели, кои се отворени исклучително за пријавени гости.-Српче во кафана на Боемска кај Маџо за време на полициски час, кај е Проја и Специјалците на Спасовки, стои во објавата на Фејсбук.Градоначалникот пак пред неколку минути на својот ФБ профил објави фотографија на која напиша:-Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ. За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк“, напиша Богдановиќ на ФБ.Инаку според одлуката на Владата исклучок за дел од мерките ќе биде дозволено за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.Исклучок се однесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите. 

Скопје | пред 5 години

soobrakajka-kumanovec

Кумановец загинал откако излетал до патот паднал во провалија

44-годишен жител од кумановско Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија на патот Арбанашко – Кокино.Несреќата се случила кога 44-годишниот Д.П. со своето возило Голф 2, се движел кон Куманово, но од непознати причини изгубил контрола и излетал од патот, објави Сител.„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пренесува Сител.фото: Сител.извор:Сител.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Детали за убиството во Струга: Ја избодел сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја уби жената на возраст од 34 години.Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде што сопружниците биле во посета.По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1-1

МВР: 153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, пет за возење без возачка дозвола, 10 за некористење сигурносен појас.Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

pedofilie-1

(ФОТО)Маж преку социјални мрежи им пишува на 15 годишни девојчиња и се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги силува

Стоп педофилија на својот ФБ профил објавија пост со фотографија и делови од разговор:-Да го направиме славен човекот кој пишува вакви погани работи на 15 годишни девојчиња и се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Доколку некој од вас го има во пријатели избришете го заради ваша безбедност и безбедност на вашите деца, се вели во објавата.  Целиот разговор и фотографијата  може да ја видите на овој ФБ профил.

Македонија | пред 5 години

tepacka

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Во Велес 12-годишно девојче брутално нападнато од врсничка а останатите снимаат

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како  12 годишно девојче од Велес е физички нападнато во центарот на градот од својата врсничка. Додека бара помош и ја моли својата мајка по телефон да и каже да не биде малтретирана и тепана врсничката брутално ја напаѓа и ја тепа на земја пред останатите девојки кои наместо да и помогнат, снимаат со телефон и се смеат при што го поддржуваат насилствотото врз ова беспомошно девојче, објави veles365.com. извор: veles365.com. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Убиство во Струга

Вечерва во Струга на улицата „Ристо Крле“ се случило убиство. Според првите неофицијални информации се работи за убиство извршено од сопруг врз неговата сопруга, објави NEWS1.MK.Најпрво мажот со нож ја заклал сопругата, а потоа се обидел да се самоубие. Неофицијално сопругот е пренесен во болница и е во животна опасност.Во 19,15 часот пријавено е дека во Струга, на ул.„Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала ИМП, а Ј. Р. (1982 ) е повреден и е пренесен во ОБ Струга. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Донесени решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во Охрид

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и член 5 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр. 08-623/5 од 29.01.2021 година, донесена од страна на Советот на општина Охрид, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, ги донесе следните решенија.Повеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 5 години

Stojan-Alcorn-5

(ФОТО) Охриѓанецот Стојановски – најдобар тенисер на универзитетот „Алкорн стејт“ од Мисисипи, еве ги последните негови успеси

Универзитетот Алкорн стејт од Мисисипи, САД, каде студира охриѓанецот Стојан Стојановски, играа викендов во Њу Орлеанс плеј-оф во SWAC (Southwestern Athletic Conference).Конференцијата во првата NCAA Универзитетска лига. Во четвртфиналето во саботата победија против Преари Вју Универзитетот со 4:2, при што Стојановски победи и освои важни бодови за својот Универзитет и во сингл и дубл после 4-часовна борба. Следниот ден се играше полуфинале против Алабама А & М, и во драматичен меч загубија со 4:3, и не успеаа да се пласираат во конференциското финале. Стојановски прво оствари победа во дубл, но во одлучувачкиот меч во сингл, при резултат 3:3, играјќи повреден, загуби од поранешниот соиграч од репрезентацијата на Македонија од јуниорските денови и соиграч на Универзитетот Алкорн до минатата година, Ѓорѓи Поповски во 3 сета.Инаку. Стојан Стојановски за цело време на школувањето е избиран во најдобриот тениски тим на конференцијата, и е најдобар тенисер на универзитетот. Тој е апсолвент на Факултетот за компјутерски науки, со просек од 9,80. Ова беше последен меч на 22-годишниот Стојановски за Алкорн стејт Универзитетот, и во емотивното обраќање после мечот изјави дека со Ѓорѓи го одиграл првиот меч пред 15 години во Македонија, и судбината одлучила да го одигра и последниот меч во кариерата во САД против истиот противник и голем пријател. По завршувањето на студиите наесен, Стојан Стојановски ќе се посвети на професијата, и ќе работи во голема софтверска компанија во Вашингтон.КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Македонија | пред 5 години

vakcini-4

(ФОТО) Салата „Билјанини извори“ во Охрид, наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација. Во салата се поставени сите: -14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,-14 пункотви за 28 вакцинални места,-Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство,-Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните.-Според планираното истата треба да биде готова до петок.-Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија. Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Дебрца, Ресен и Кичево, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

vesna-1

Итен апел за помош! 45 годишна жена, мајка на две малолетни деца боледува од карцином на бели дробови, потребни се средства за лекување

Драги пријатели.. Ова е нашата Весна Стојановска 45 годишна жена, мајка на две малолетни деца која боледува од карцином на бели дробови! Поради влошената состојба, потребна е помош и финансиски средства за нејзино понатамошно лекување и за таа цел ви испраќаме еден апел сите кои сте во можност донирајте и споделувајте за Весна да може да ги собере потребните средства, пишува во објавата на ФБ на Здружението Јасмин. извор и фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

kaver-5

ИРЛ:Богдановиќ ја фрли првата лопата на Водно и го отвори патот до плацевите на Камчев и Ексико

Минатата недела до соседството на улицата „Питу Гули“ стигна допис од општина Центар. Всушност, писмото стигна само до жител кој повеќе не престојува на таа адреса. Општината го известува дека градоначалникот Саша Богдановиќ на 7 април ставил потпис на дозвола за изградба на куќа на парцела во парк шумата Водно, над нивните домови. До куќата нема пат, но ако се изгради, овој пат ќе води до спорните парцели на озлогласениот офшор “Ексико” и фирмите на семејството Камчеви и Груевски, објави ИРЛ.МК. Дозволата е издадена на име на приватна фирма „Маркеза ДООЕЛ“ од Скопје. Соседите имаат право да се жалат во рок од 15 дена, по кој период инвеститорот ќе добие правосилно решение.Сопственик на „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Име кое не е познато во елитните кругови на бизнисмени. Неговиот имот е опкружен со парцели чии сопственици се фирмата „Ексико“, „Кара“ на Орце Камчев, „Манд Интернационал“ на бизнисменот и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Но, Костиќ е првиот во ова друштво кому Богдановиќ го потпишал документот за градба.Теренот до неговиот плац од 1.226 метри квадратни е непристапен. Се наоѓа во шумата и дотаму нема улица. За да се стигне до локацијата треба да се помине низ мала слепа уличка, а потоа пеш низ дрвјата кои наскоро ќе треба да се исечат за да влезе багерот на Костиќ.Пред една година ИРЛ го постави истото прашање до општината. Дали до атрактивните плацеви ќе се гради пристапен пат? Тогаш добивме различен одговор.„До наведените градежни парцели во ДУП-от предвидена е „Пристапна улица 5“, која се надоврзува на улица „Питу Гули 2“, напишаа во одговорот на прашање на ИРЛ, лани на 19 јули.Криминален план со криминална реализација: Општината незаконски ја дала дозволатаПознатиот урбанист и универзитетски професор Мирослав Грчев без колебање вели дека ова е криминално дело.„Противзаконски е и не може да се издаде градежна дозвола без сообраќаен пристап. Ако овој пат се изгради ќе треба да минува низ други имоти, од кои и дворови на луѓе кои со децении живеат овде и со петиции и протести се обидуваа со години да го заштитат ридот од вакви криминални активности. Ова е криминален план донесен во време на Владата на Никола Груевска и бара уште покриминална реализација. Дозволата за изградба на објект на планината Водно е напад врз темелните вредности на општествениот поредок. Единствено може да се сече за јавниот интерес, а не за приватни криминални интереси”, коментира Грчев.На улицата „Питу Гули“ повеќе од шест децении живеат десетина семејства и низ годините успеваа да го одбранат ридот кој одамна го „меркаат“ функционери и богати бизнисмени и сакаат да живеат во височините над скопската котлина.Гранит Таќи на улицата „Питу Гули“ живее веќе 57 години, од кои вели 30 години постојано некој се обидува да гради на земјиште кое не е предвидено за градење. Раскажува дека низ годините доаѓале амбасадори, политичари и разни големци, но секогаш се откажувале затоа што шумата не смее да се уништи.Текстот во целост на: ИРЛ.МК. 

Скопје | пред 5 години

zena-skopje

Да помогнеме, да споделиме: Се бара 70 годишна жена во Скопје

ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ - ве молам помогнете со информација или споделете го постов, посто со овој апел се споделува на социјалните мрежи.Изгубена е жена, 70 год., Павлина, облечена во бели патики, црни пантолони, бела крем боја виндјакна, покрај трим патека Кисела Вода, Скопје или пешачка патека покрај Тутунски комбинат од нас. Пролет кон нас. Аеродром.Ве молам за било каква информација.071517307071586773Благодарам,Александар Ивановизвор и фото: ФБ

Скопје | пред 5 години

18012021_ME_Bektesi_pres-konferencija_1

Владата донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот с. Долно Коњаре со концесионерот Друштво за производство, трговија, туризам и рибарство „Еуро прогрес“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњаре, Петровец.„Според извештајот од Инспекторатот за животна средина, Министерството за економија утврди дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња“, напиша министерот Бектеши на својот „Фејсбук“.На 55. седница одржана на 18 март 2021 година Владата донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на селото Средно Коњари додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина поради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука во согласност со наодите на надлежниот инспекторат.Државниот инспекторат за животна средина, по налог на Инспекцискиот совет, спреоведе вондреден инспекциски надзор над концесионерот по што достави извештај до Министерството за економија, со кој се укажува дека тој не постапувал во согласност со договорот за концесија и експлоатација на минерална суровина – песок и чакал.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања