Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pedofil1-960x469

Полицијата го приведе: Мажот кој се закануваше дека ќе силува малолетнички има 59 години

Приведен мажот кој им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува, и им праќаше еротски фотографии од половиот орган. Станува за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе,  извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР за „А1он“

Македонија | пред 5 години

mavrovi-anovi-debar

Обвинение за тешката сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, српски државјанин, заради кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 13 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи товарно возило – влекач МАН со полуприколка, не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и предизвикал опасност за животот на луѓето.Движејќи се на регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови-Дебар, по десната страна од коловозот, не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбите на патот, имајќи ги предвид атмосферските услови, видливоста, прегледноста, густината на собраќајот и состојбата на возилото. Со влекачот пристигнал на 410 метри пред Ростушки мост со брзина од 60 километри на час, што е поголема од ограничената брзина на таа делница. На влажниот коловоз изгубил контрола врз полуприколката, која се излизгала и преминала на левата сообраќајна лента, косо аголно удирајќи во патничко моторно возило Хјундаи кое доаѓало од спротивна насока. Од ударот автомобилот излетал надвор од коловозот. Од повредите здобиени во сообраќајната несреќа на лице место почина Атанас Ѓорѓиевски, возач на автомобилот Хјундаи, додека неговиот сопатник Гоце Тековски еден ден подоцна им подлегна на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Уште двајца сопатници во патничкиот автомобил се здобиле со тешки телесни повреди заради кои се пренесени на скопските клиники.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за 52-годишниот српски државјанин, особено заради опасност од бегство и како нужна мерка за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.​​

Македонија | пред 5 години

skopje

Филипче: Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час за Велигден

Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашното гостување на „Сител“.Тој рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Одлуката, како што посочи, ќе биде донесена во текот на следната недела.Филипче нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што сè уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период.

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Во Грција од 14 мај со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест

Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, изјави министерот за здравство Венко Филипче.Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од дваесетина овластени лаборатории кои стручната Комисија на Министерството за здравство и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба, изјави Филипче во интервју за ТВ Сител.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

dzaferi-3

Џафери не застанува, туку продолжвуа: Не бре брате, јас не се оптоварувам со овие прашања

Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични пријави, но Собранието не се базира на Кривичниот законик туку на Уставот и Деловникот, вели за ТВ21 собранискиот спикер, Талат Џафери.„Кривичните се прашање на дневна политика, неосновани“, посочи ЏафериНа прашањето на новинарот за двете кривични пријави поднесени од попозицијата поради пратениците кои позитивни на ковид влегоа во собранието и го загрозија здравјето на другите пратеници, Џафери истакна дека воопшто не се преоптоварува со овие прашања.„Не бре брате, јас не се оптоварувам со овие прашања. Јас сум фокусиран на моите обврски како претседател на Собранието, го спроведувам Уставот и деловникот на работата на Парламентот“, вели Џафери.Со Устав, објаснува Џафери, пратеникот не сноси одговорност за ставовите и неговиот став во Парламент, затоа не може да има ниту кривична одговорност. Тоа е уредено и со протокол, пратеникот кој е позитивен на коронавирус да дојде на седница и да овозможи функционирање на Собранието.„Доколку општата здравствена состојба не е тешка и е во домашни услови, со посебни протоколи за движење од домот до Собрание и обратно, не го става никого во опасност, не се исклучува можноста тој да учествува бидејќи е Уставна определба и санкција“, посочи Талат Џафери.Кривичните пријави на двете опозициски партии се покренати врз основа на тоа дека е прекршен Кривичниот законик и Законот за заштита на населението од заразните болести.По седницата во неделата, Државниот трудов инспекторат направи вонредна инспекција во законодавниот дом. Констатирал дека Собранието работи врз основа на усвоените протоколи од Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, затоа нема нерегуларности во присуството на заразените пратеници на пленарната седница под посебни услови.

Македонија | пред 5 години

filipce-venko-25

Иако доби понуда од Србија да ги земе дозите, Филипче за ревакцинација со „Астра зенека“ ги праќа граѓаните кај соседите

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „Астра зенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата, тоа може да го сторат во соседна Србија, рече министерот Венко Филипче, истакнувајќи дека Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „Астра зенека“ кај лица помлади од 60 години.-Оние кои сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „Астра зенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме ревакцина од „Астра Зенека“ кај сите кои се на возраст под 60 години – рече Филипче.Тој посочи дека, сепак, има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и затоа треба да се биде внимателен.

Македонија | пред 5 години

bekjarovski

Опседнати сме со подобрување на имунитетот, Беќировски за апчињата и цинкот

Од почетокот на пандемијава сите сме опседнати со потребата за “подобрување на својот имунитет”. За таа цел како главно оружје е зголемениот внес на суплементи, односно витамини и минерали, пишува професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил.-Цинкот како микроелемент неопходен за преку 300 ензимски процеси во организмот, е еден од најчесто користените суплементи во изминатата година. Максималните дозволени дневни дози одат до 40мг, а вообичаено најголем дел од нас внесуваат таблети од 15 мг, со што сме убедени дека нема да настане предозирање, односно труење со цинк. Тоа што го забораваме, а за жал и голем дел од моите колеги забораваат да Ви го кажат е да го вкалкулирате и внесот на цинк преку храната, појаснува тој.Според Беќаровски малкумина знаат дека 100 грама црвено месо задоволува 44% од дневните потреби на цинк. 100 грама морски плодови, ракчиња, школки, остриги може да задоволат 130-430% од дневните потреби, 100 грама леблебија, леќа, грав, грашок ќе задоволат третина од Вашите дневни потреби, а 100 грама семки од тиква, ленено семе, различни јатки ги задоволуваат во целост Вашите дневни потреби од овој есенцијален микроелемент. САМО 3 жолчки од јајца комплетно ги задоволуваат дневните потреби.-Токму поради сето горе напишано и големата хронична употреба на суплементи од цинк може да дојде до предозираност односно труење со цинк.Веднаш да напоменам дека при внес само на храна не може да дојде до предозираност со цинк, без оглед на внесената количина, бидејќи организмот има создадено механизми за отстранување на евентуалниот вишок. Исклучок е внесот на школки, каде се опишани труења со цинк при екстензивен внес. Сите труења со цинк се поврзани со внес на суплементи и храна, пишува Беќаровски.Според Беќаровски знаците за предозираност со цинк се мачнина, гадење, повраќање, течни столици, замор, малаксалост, субфебрилни температури, главоболка, метален вкус во устата, сува кашлица. При подолготрајна предозираност, може да доведат и до сидеропенична анемија, намалување на добриот холестерол (HDL) и супримираност на имунитетот.-Наједноставен начин да ја спречиме оваа појава е деновите, кога имате доволен внес на храна богата со цинк, заборавете го апчето, пишува Беќаровски .

Македонија | пред 5 години

raskovski55

По апсењето на Рашковски: „Готвачот во Шутка сега гугла 'how to make tortillas'“

По вчерашното спроведување на ексгенералниот секретар во Владата, Драги Рашковски од дома во затворот во Шутка, социјалните мрежи вријат со коментари. Дел од нив пренесуваме:https://twitter.com/johnqqqqqqq/status/1384984629518684160https://twitter.com/posleDIKnaPIK/status/1384974093624258565https://twitter.com/BORO9999/status/1384968722348224516https://twitter.com/EdnaRakija/status/1384910766374019074https://twitter.com/msoldieroflove/status/1382974680768917508 

Коментари | пред 5 години

Нема фотографија

Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата

30 години СДСМ води храбри, визионерски државнички политики што водат напред. Од вонвременскиот 8 септември 1991 година на плоштадот во Скопје, до историскиот 30 март 2020 на платото пред седиштето на НАТО во Брисел, СДСМ е нераскинлив дел од секој успех на државата и граѓаните. Не било лесно во тие историски премрежја на Балканот да се гради сопствена независна држава, да се води процес на меѓународно признавање и неизвесната иднина да се преземе во сопствени раце. Но народот е среќен што токму СДСМ ги водеше овие историски државнички процеси кои резултираа денес да имаме модерна, независна и меѓународно признаена држава која е партнер и сојузник со демократскиот свет, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на онлајн настанот по повод 30 години СДСМ.Заев додаде:Затоа со право денес велиме дека СДСМ е државотворна партија и тој епитет постојано го потврдуваме.Меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па се до кандидатскиот статус за ЕУ, Договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавање едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ се трајните државотворни печати на СДСМ. Секогаш без задршки и без калкулации СДСМ работела работи и ќе работи во интерес на граѓаните и државата. Така беше и кога тргнавме да рушиме режим. Кога пред целата јавност преку проектот Вистината за Македонија до срж го разголивме режимот. Кога со илјадници граѓани со месеци ги преплавувавме улиците низ градовите борејќи се за правда, слобода и еднаквост. Така беше и на крвавиот четврток, на 27 април 2017 кога не потклекнавме пред оние беа жедни за крв и влегоа со оружје во Собранието, кои не дозволуваа да се испочитува волјата на народот. Со храброст и визија ја презедовме одговорноста да ја водиме новата Влада и веднаш покажавме огромна разлика, истакна Заев.Според Заев, СДСМ ги вратила слободата и демократијата, ги отворила институциите, се посветила на мерки и политики кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард.-Воведовме нов принцип на работа, ја отворивме партија за нови идеи и нова енергија. Влеговме во процес на дигитализација ги следиме модерните текови за уште повеќе посветено и поефикасно да им служиме на граѓаните и државата. Први во државата организиравме внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата, поставивме нов стандард во внатрепартиската демократија. Промените ќе продолжат и со Конгресот кој ќе се одржи во мај, со нова енергија со нова политика ќе продолжиме во реализација на зацртаните цели што носат напредок. Уште една голема и вредна карактеристика ја краси СДСМ, а тоа е дека никогаш не се воздржува од акции за подобра иднина. Стремиме секогаш кон повеќе затоа што застапуваме принцип дека статус-квото е непријател на прогресот. Минатото и сегашноста се нашиот темел, нашата сила за чекори кон иднината, истакна Заев и додаде:-Пред нас е важен период особено во надминувањето на последиците од корона-кризата, ставање конечен крај на пандемијата и раст на нашата македонска економија. Како и досега, СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност. Заедно со граѓаните ќе ги надминеме предизвиците што стојат пред нас. Заедно со граѓаните, повторно ќе бидеме на победничката страна, на светлата страна на македонската историја. И токму затоа, чест и одговорност е да се биде дел од СДСМ, да се биде дел од прогресивното семејство што води напред. Одлучни сме да продолжиме да работиме посветено и одговорно во интерес на нашите сограѓани, на нашата татковина која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани, истакна Заев.видео: СДСМ  

Македонија | пред 5 години

Osmani

Османи: Содржината на нон-пејперот е стара тема, нема ништо ново во темата размена на териториии со различни цели

Новинарот Боби Христов од ТВ Телма на синоќешниот разговор со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи неколку пати се обиде да извлече одговор од министерот Бујар Османи за тоа дали е за или против прекројување на границите на Балканот, но не доби јасен и прецизен одговор.Османи во емисијата секогаш вешто го избегнуваше одговорот велејќи дека македонската дипломатија не сака да влезе во стапица со отворената тема која има друга заднина и цел, дека единственото решение за проблемите на Балканот е евроатлантската интеграција на сите шест земји на Западниот Балкан, дека влезот во ЕУ ќе ги реши сите проблеми… За него содржината на нон-пејперот е стара тема, нема ништо ново во темата размена на териториии со различни цели, но иднината на регионот е евроинтеграцијата и нема друга алтернатива.„Нашиот став во однос на содржината на нон-пејперот е јасен, но многу е важно да се види чија е идејата и што е целта. Не треба да се брза во констатацииите и шпекулациите и тоа може да скапо да ја чини Северна Македонија да стане предмет на тие дебати. Ние сметаме дека решението со границите на Балканот е со релативизирање на границите во интеграцијата во ЕУ. Единствена алтернатива е проширување на НАТО и членството на целиот регион во ЕУ. Не сакаме да бидеме дел од дебати за кои не ја знаеме целта и авторството. Може многу лесно да паднеме во стапица“, рече Османи.видео: ТВ Телма

Македонија | пред 5 години

raskovski

Рашковски насочувал друг осомничен да зборува “стручно” пред обвинителите, бидејќи биле глупи

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, од куќен, попладнево е во ефективен притвор во Шутка откако кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја прифати жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој никој не го користи.„Никогаш не сме аргументирале толку педантно и толку обемно дека првоосомничениот е имотен, може да бега и спокојно да живее во бегство и оти може да влијае врз сведоците во постапката што се води против него. Истото се однесува и за второосомничениот“, ни изјави Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.Преиначена е одлуката и за второосомничениот, сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчески, кој исто така оди во Шутка, место во куќен притвор.Од судско-обвинителски извори, САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека четвртоосомничениот во истрагата не успеал да го форматира телефонот пред да му биде одземен и во една од пораките, првоосомничениот Рашковски му вели: „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.Дополнително, САКАМДАКАЖАМ.МК доби потврда од очевидци, професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, дека претрес во истрагата против Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластувањата се вршел и таму, бидејќи фирмата „Инвока“ ја користела и канцеларијата на Рашковски, кој во Владата дојде од Правниот факултет.Во одземените компјутери на „Инвока“ бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

SDSM-3

Шекеринска нема да се кандидира за заменик-претседател на партијата: На СДСМ му требаат нови кадри

Министерката за одбрана и актуелен потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, соопшти дека нема да се кандидира за заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај.– Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.Министерката за одбрана изјави и дека во ниту еден момент не учествувала во дискусија поврзана со кандидатот за амбасадор на Република Северна Македонија во Вашингтон.– Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра, истакна Шекеринска. рече Шекеринска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Рашковски го носат во затворот во Шутка, таму ќе остане 30 дена

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и сопственикот на „Инвока Груп“, Даниел Станчев им одреди ефективен притвор. Тие треба да се спроведат од своите домови во истражниот затвор во „Шутка“, каде ќе останат 30 дена. Ова доаѓа по жалбата на обвинителката Ивана Трајчева, која сметаше дека Рашковски и Станчев и од дома можат да влијаат на сведоци, како што, веќе имало обид.„Ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во одлуката на судот.Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korpus1-1024x683

Денес поставуање на прв асфалтен слој на улицата “15-ти Корупус” во Охрид

Активно продолжуваат градежните активности на улицата „15 Корпус“. Денес поставуваме прв асфалтен слој на дел од коловозот, а потоа следи асфалтирање на тротоарите. Претходно таму се изврши тампонирање и поставување на рабници како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето.На улицата веќе се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.Овој капитален инфраструктурен проект според динамиката на работа треба да заврши до крајот на месец мај.Општина Охрид и во иднина продолжува инфраструктурно да го развива градот, да ги решава проблемите и потребите на граѓаните, напипа градоначалникот Георгиески во својата објава на ФБ.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

w_56803989

47 лица ја изгубија битката со корона вирусот од нив 22 лица се од Скопје

Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.Регистрирани се 765 оздравени пациенти од:Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови.*Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.Направени се 2.865 тестови преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–70, МАНУ-108, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-254, Биотек-236, Систина-181, лабораторија Лаор-209, Синлаб - 57, Ремедика-47, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 65884, активни 8209Куманово 8184, активни 1200Прилеп 7981, активни 901Тетово 6965, активни 651Битола 5878, активни 1225Велес 5261, активни 667Гостивар 5035, активни 462Кавадарци 5035, активни 469Штип 4788, активни 457Охрид 4757, активни 890Струмица 3837, активни 543Струга 2887, активни 263Кочани 2618, активни 290Кичево 2377, активни 294Гевгелија 2143, активни 324Неготино 2122, активни 223Свети Николе 1452, активни 153Крива Паланка 1187, активни 87Ресен 1176, активни 206Радовиш 1051, активни 124Берово 979, активни 63Делчево 936, активни 102Дебар 918, активни 61Пробиштип 757, активни 39Виница 754, активни 111Валандово 642, активни 96Богданци 475, активни 72Крушево 461, активни 102Демир Капија 392, активни 31Демир Хисар 366, активни 58Кратово 354, активни 17Македонски Брод 351, активни 31Пехчево 256, активни 20Македонска Каменица 227, активни 14Дојран 132, активни 14Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje

(ВИДЕО) Скопје е првиот град на балканот кој го воведува БРТ- системот

Следејќи ги светските трендови и користејќи ефективни решенија од метрополи со слични сообраќајни проблеми, го воведуваме БРТ (Bus Rapid Transit) во Скопје.Она што на нашиот главен град веќе со децении му недостасуваше е сообраќајно решение кое ќе придонесе за намалување на градските метежи, чекањето на семафори и загадувањето кое произлегува од згуснатиот автомобилски сообраќај. Овој модерен и брз систем ќе овозможи траса која ќе биде физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот, со што и самиот транспорт на патниците ќе биде максимално ефикасен и побрз, овозможувајќи им да стигнат од едниот до другиот крај на Скопје за само 35 минути.Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно со условите кои ги овозможува денешно Скопје. Горди сме што Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот, туку е успех и за целата наша држава. Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен и ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа индиректно ќе се намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Подигнувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт несомнено ќе значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје. Исто така, во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година.Дополнително, БРТ системот претставува и еколошка алтернатива за транспорт, со што позитивно ќе влијае на намалување на аерозагадувањето, а најважно од сѐ, реализацијата на целиот проект изнесува околу 70 милиони евра, што претставува една десетина од вкупната сума од 700 милиони евра потрошена на Скопје 2014.видео: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

mvr-1

Кривична пријава за едно лице од Шишево поради загрозување на животната средина

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.С. од с. Шишево, општина Сарај и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик.Првопријавениот, во својство на сопственик на пријавеното правно лице, во периодот од крајот на мај и почетокот на јуни 2020 година преку правното лице организирал транспорт на повеќе поврзани пратки на отпад (градежен шут и смет) од Инфективната болница при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје до локација на втора заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец" во општина Карпош.Тој отпад заедно со веќе постоечкиот затекнат на дивата нелегална депонија, спротивно на прописите за заштита на животната средина и спротивно на прописите и одредбите од Елаборатот-Експертизата за заштита на бунарската зона „Нерези-Лепенец" и без поседување на дозвола, бил закопан под површината на земјата, со што го сторил кривичното дело.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

Заев и Царовска по средбата на ПМФ: Постигнавме согласност за Колективниот договор, повеќе пари за наставно-научниот кадар

Премиерот Зоран Заев, заедно министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на Природно-математичкиот факултет остварија средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите на факултетот на која беше дебатирано за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука.Во изјавата за средбата премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор којшто неколку претходни Влади не успеја да го остварат.„Ние во последните две-три години, низ инклузивна размена на мислења со управите на високо-образованите институции и со синдикатите, успеавме да го доведеме до неговата завршница. Со Колективниот договор е предвидено и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во 2021 година и во 2022 година. Со стабилизацијата на економската ситуација од последиците од панедмијата со КОВИД-19, ваквата динамика на раст на платите ќе продолжи и до 2025 година“, истакна претседателот на Владата Заев.Со овој Колективен договор за прв пат по 30 години се уредува системот на плати во високото образование и се спречуваат неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование. Дополнително колективниот договор за прв пат ја уредува и основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование.„Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи тешкотии од страна на високообразовните установи“, нагласи Заев.Министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека продолжуваат инвестициите во науката.„Оваа година во споредба со минатата година имаме 12% повеќе финансиски средства за наука и во идниов период ќе работиме на системско финансирање на лабораториите коишто се акредитирани, а оние кои не се акредитирани да успееме да станат акредитирани на факултетите и да продолжат да создаваат наука којашто е апликативна и ќе приденесе за целокупниот развој на нашата држава“, рече Царовска.Колективниот договор, како што рече Царовска, е големо достигнување и очекува наредната недела да биде потпишан со синдикатите.„Овој Колективен договор за првпат ја уредува основната бруто плата во високото образование, којашто 30 години не била утврдена и ги утврдува коефициентите на сложеност на работните места коишто се во високото образование. На тој начин се обезбедува квалитет во високото образование, но и конечно да имаме поорганизиран систем којшто тековно ќе може да се опслужува со согласности за вработување и да не се доведуваме во ситуација во којашто кога одреден процент на професори ќе се пензионираат да немаме можност за нивна замена, за да одредена научна дисциплина да продолжи да се остварува на факултетите“, потенцираше министерката Царовска.Деканот на Природно-математичкиот факултет Скепаровски рече дека е остварена средба на којашто се разговараше за прашања кои се исклучително важни како што се инвестициите во високото образование кои се особено важни за континуирано финансирање во инфраструктурата на факултетите и истражувачки капацитети, и дека тоа што започна минатата година, ќе биде процес кој ќе тече и следните години.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Да излеземе масовно на 25 април, да и покажеме на власта што мисли народот за осудата на уставобранителите

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, среда, 21 април на прес конференција го соопшти ставот во врска со Семакедонскиот собир на 25 април за слобода на осудените за настаните од 27 април 2017 година.На прес конференцијата претседателот на Единствена Македониј Јанко Бачев рече:Како што е познато во јавноста Извршниот комитет на Единствена Македонија на седницата од 11 април донесе одлука да го подржи народниот собир што ќе се одржи во недела на 25 април за слобода на осудените за настаните од 27 април 2017 година.Денеска имам задоволство дас оопштам дека и Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации одлучи да го подржи протестот на 25 април.Повикуваме на масовно учество за да и покажеме на марионетската власт што мисли народот за драконската осуда на два века затвор за уставобранителите.Осудените лица на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок, истакна Бачев и додаде:Ова на своевиден начин беше потврдено и при давањето на мандатот за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки со што и претседателот ја потврди општествената опасност.Бараме потполно ослободување од натамошното извршување на казната затвор.Да потсетам, после Татковинската војна во 2001 имавме слобода за припадници на албанското малцинство за многу потешки кривични дела, за лица кои го нападнаа територијалниот интегритет и суверенитет на државата.Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода за лица кои понесени од силни емоции влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок заради што сметаме дека е несправедлива и апсурдна осудата на лица за настаните во Собранието од 27 април.Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерна љубов кон Татковината.Осудени се во наместен и монтиран судски процес со лажен заштитен сведок Ц1.Затоа, слобода за неправедно осудените за 27 април.фото: Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

image0

По катастрофалниот пожар во ТЦ Глобал, првиот целосно реновиран дуќан

Во големиот пожар кој избувна ноќта на 2 јануари во ТЦ Глобал Струмица, беа оштетени една третина од пазарот, голем дел од дуќаните на приземјето и на првиот кат, како и дел од оние лоцирани на вториот и третиот кат, додека пак покривот целосно се урна. Според барањата за оштета на тезги и продавници, беа оштетени приближно 50 правни субјекти. Над еден милион евра штета беше пријавена од физичките и правните лица до општинската комисија во Струмица.Осигурувањето на имот, во зависност од осигурителната компанија и опсегот на полисата, во овој случај беше единственото брзо решение за сопствениците чии дуќани беа зафатени од пожарот.Ова се фотографиите пред и потоа во дуќан во ТЦ Глобал што беше зафатен со пожарот што се случи на 2ри јануари оваа година. Ова е единствен дуќан од целосно опожарените во трговскиот центар, што е целосно саниран и веќе вратен во првобитниот изглед и повторно отворен. Брзата постапка на осигурителната компанија Кроациа осигурување овозможи брзо санирање на објектот за што беше исплатена сума за оштета од над еден милион денари, за деловен простор со површина од 130м2.“Беше исклучително важно што побрзо да го вратиме објектот во првобитната состојба и да почнеме со работа, за мене како сопственик но и за вработените. Благодарение на брзата реакција на осигурителната компанија тоа се случи во најкус можен рок, со минимални процедури и целосна поддршка од Кроациа Осигурување. Ние сме единствениот објект од сите целосно опожарени дуќани што денес работи”, вели Зоран Василев, сопственикот на дуќанот.Со соодветен избор на осигурување во случај на незгода ќе ја зачувате вредноста на вашиот имот а воедно ќе си обезбедите посигурна иднина. Направете избор на осигурување со коешто ќе го осигурате вашиот имот пред опасностите кои секојдневно ве загрозуваат.фото: Element PR and Corporate Communication

Македонија | пред 5 години

pretepal-do-smrt

Четири лица обвинети за насилство, го удирале оштетениот со метална шипка во пределот на главата, а потоа продолжиле да го удираат

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против четири лица од Чегране, на возраст од 18-19 години кои се товарат дека извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 9 јануари, обвинетите, во група заедно со уште двајца малолетници, извршиле грубо насилство врз едно лице, а ја загрозиле и сигурноста на други сведоци на настанот. Најпрвин еден од обвинетите го удрил оштетениот со метална шипка во пределот на главата, а потоа откако паднал, сите заедно продолжиле да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди – нагмечувања и расцепни рани.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

opstina

Општина Охрид ќе го поддржи кандидатот за олимписките игри Јован Стојоски

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, денес имаше средба со атлетичарот на АК “Охрид“ Јован Стојоски. Стојоски е државен првак и рекордер во пет дисциплини и најсериозен кандидат на нашата земја за престојните Олимписки игри во Токио.Стојоски е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, а Општина Охрид финансиски ќе го поддржи во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Влада: Позитивниот тренд од 2017 година во извештајот на „Репортери без граници“ е показател дека состојбата со медиумите постојано се подобрува

Најважен индикатор во извештајот на „Репортери без граници“ е што за време на оваа Влада од 2017 имаме позитивен тренд, што не беше случај со минатата Влада. И тоа треба да ни биде показател дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува, се вели во соопштението од Владата.Во истото од Владата додаваат:Иако ова охрабрува, во документот се посочени и случаи на притисоци врз новинари и медиуми, што Владата го зема сериозно предвид и со целиот капацитет ќе се насочи кон тоа вакви појави повеќе да нема.Во оваа прилика сакаме да напоменеме дека Владата реагираше во случаи кога неколкумина претставници на институциите од извршната власт имаа непримерна комуникација со новинарите и за нивните постапки беа преземени соодветни мерки, а дел од нив беа отповикани од вршењето на функциите.За мал дел од случаите беше побарана постапка од МВР, како во случајот со заканувачот кон две новинарки што институциите експресно го расчистија. Затоа го повторуваме апелот секој случај да биде пријавен во полиција и ова е најсигурниот и најбрзиот начин да се сузбие оваа појава.Владата ќе продолжи и понатаму најенергично да реагира на појавите на закани кон медиумските работници, но треба да се има предвид и дека свој придонес за перцепцијата за слободата на медиумите, своја еднаква одговорност носат и сите други чинители како што се политичките партии и останатите фактори во општеството активни во сферата на јавните комуникации.Во оваа насока, Владата ги повикува сите да бидат на висината на сопствената одговорност и да учествуваат во натамошното подобрување на состојбата и да го дадат својот придонес во нагорниот тренд на медиумските слободи во нашата земја. Го охрабруваме и обвинителството и судството побрзо да ги процесуираат случаите.

Македонија | пред 5 години

21-04-2021-Kuzeska

Кузеска: Со шеститот пакет мерки обезбедуваме поддршка од 9.9 милиони евра за над 6.000 угостители кои вработуваат над 17.000 лица

Владата предводена од СДСМ е целосно посветена на креирање мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот, за спас на работни места, плати за работниците финансиска поддршка на граѓаните и компаниите од различни дејности. Владата го усвои шестиот пакет економски мерки , во којшто се предвидени 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 граѓани, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:На сите угостителите ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ којшто ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година.На ист принцип со исти критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1200 компании, категоризирани како ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.На овие компании исто ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ којшто ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, а дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.Со шестиот пакет мерки со 1,4 милиони евра ќе бидат поддржани и туристичките агенции, притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.Дополнително, во пресрет на туристичката сезона, како поддршка и помош за домашниот туризам, како и за угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојуваат во државата.Во вој шести пакет антикризни мерки е предвидено финансиска поддршка од 30.750 денари да добијат сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцирани туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, согласно овој пакет мерки ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.Економските пакет мерки ги даваат очекуваните резултати, спасуваат работни места, ја подобруваат ликвидноста на стопанството.Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за стопанството и повисок животен стандард за сите граѓани.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Bogdanovic-3

ВМРО ДПМНЕ: Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, што е дупло кршење на законите

Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час. Оправдувањата на Саша Богдановиќ за кршење на закони и полициски час се неоправдани. Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Оттука неиздржани се оправдувањата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Дополнително не е и не може да биде оправдување седењето во кафеана во полициски час, која е отворена специјално за него, работи само за него, и келнерите служат само за него.Однесувањето на Богдановиќ е показател за целата аздисаност на СДСМ и е само продолжување на низата по возењето мотори на Заев и Филипче додека народ умира, летањето со хеликоптер, додека за народот нема ни болничко возило. Ова е забеганост од реалноста, која народот ја гледа и ќе ја казни.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања