Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev5

“Ти кажаа дека државата не ти е фабрика за ајвар па да ти ќутат?”, реакција откако Заев побара директорите да не даваат отпор

“Порака до сите директори кои прават отпор, да не прават” - ЗаевКопито, сине, брат ти кажаа дека државата не ти е таа фабрика за ајвар па да ти ќутат сите, се вели во објавата на ФБ од Божидар Божиновски.Инаку откако директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, порача дека по ниедна цена нема да го потпише решението за примање на 35 „рамковно вработени“, бидејќи не се соодветни за неговата институција, премиерот Зоран Заев упати порака дека директорите не треба да правцат опструкции.„Сакам да истакнам порака до сите оние директори што прават отпор, да не прават отпор. Зошто имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шанса чесно да ја работи својата работа односно да работи. Ако не му се работи дали тие што ги преземаат сега или се досега вработени да им се заблагодариме да си одат дома. Така да испраќам порака пред се до директорот на Државниот пазарен инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба, зошто ова е нешто што народот го очекува од нас“, рече денеска премиерот Заев.Тој очекува во наредниот период, за 15-20 дена да се најде решение за преостанатите 350 вработени во јавната администрација кои со години не одат на работа, а земаат плата.

Македонија | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_borba_protiv_terorizam-2

Заев лупна по Пауновски, директорот кој казнува без резерва: Тој е доста гласен

Откако директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, преку Фактор порача дека по ниедна цена нема да го потпише решението за примање на 35 „рамковно вработени“, бидејќи не се соодветни за неговата институција, премиерот Зоран Заев упати порака дека директорите не треба да правцат опструкции.„Сакам да истакнам порака до сите оние директори што прават отпор, да не прават отпор. Зошто имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шанса чесно да ја работи својата работа односно да работи. Ако не му се работи дали тие што ги преземаат сега или се досега вработени да им се заблагодариме да си одат дома. Така да испраќам порака пред се до директорот на Државниот пазарен инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба, зошто ова е нешто што народот го очекува од нас“, рече денеска премиерот Заев.Тој очекува во наредниот период, за 15-20 дена да се најде решение за преостанатите 350 вработени во јавната администрација кои со години не одат на работа, а земаат плата.Текстот во целост на: Фактор

Македонија | пред 5 години

Ile-1

Мајка три недели си го бара синот: Јави ми се дете, каде и да си, не ме измачувај, само гласот да ти го чујам

Иле ти се молам како твоја мајка јави ми се дете каде и да си до утре вечер ќе направеше три недели откако те снема. јави ми се бе дете да ти го слушнам гласот, не ме измачувај, јами се те молам дојди дома те молам мислам на тебе бе дете ...., напиша на својот Фб профил мајката на Иле.  Извор: ФБ 

Македонија | пред 5 години

12-godisna-devojka

Апел за помош: 12 годишно девојче боледува од тумор на малиот мозок, условите во кои живее се катастрофални

12 годишно девојче боледува од тумор на малиот мозок. Девојчето заедно со семејството живеат во едно трошно куќиче во с.Трубарево кое едвај има покрив.На социјалните мрежи се споделува апел за помош на ова семејство. Во објавата меѓу другото се вели:Родителите не се вработени затоа што нашата држава ги смета за неспособни.Јас со моите родители им помагаме колку што сме во можност ама не е доволно за да живеат од ден за ден. Ќе ве замолам сите да го споделите овој пост за да можеме да допреме до институциите за помош и за лекување!!!!НАПОМЕНА: ДЕВОЈЧЕТО ИМА САМО 12 ГОДИНИ И ЗАСЛУЖУВА ДА ИМА ДОСТОЕН ЖИВОТ!!!ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ЗА ПОМОШ МОЖЕ ДА МЕ КОНТАКТИРАТЕ - КЛИК ТУКА!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана.Според твдењето на девојката во полицијата, зад присилниот брак стоел татко ѝ, кој ја омажил за Р. М. (26) од Шуто Оризари. Таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба, соопшти МВР.Од полицијата пријавија дека за настанот се приведени две лица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zarina

ВИДЕО: Од „Распукала Шар планина“ до „Јовка кумановка“ отпеана на Алпите - Зарина воодушевува!

Зарина Првасевда е девојче од Демир Хисар кое живее во Скопје. За неа ќе каже „Го барав патот до ова кое сега го правам“. Таа вели дека музиката и е љубов, во тој дух и растела. Музичар е и татко и. Има 26 година и куп препеви на стари македонски песни по кои е препознатлива. Ќе рече: „Знам што е моја страст и за што живеам, музиката е мојот пат“.На социјалните мрежи има илјадници лајкови и воздишки на нејзините композиции. Позната е како „девојката која пее на планини“. Зарина сака и да ја подигне еколошката свест кај луѓето, но и грижата за природата.„Сакам да размислуваме. Видеата кои ги споделувам, ги користам своите пет минути за да кажам ‘чувајте и сакајте ја природата’. Кога човек ќе си ја најде врската со природата, светот станува мал. Да си направиме да ние убаво нам и нашите деца, поколенија“, вели Зарина во едно неодамнешно интервју.„Медиасет“ веќе сподели едно нејзино видео каде таа ја изведува „Распукала Шар Планина“ и наиде на илјадници позитивни реакции. Сите се воодушевени од тоа што Зарина го прави. Но, тоа не е единствената композиција која ја има препеано Зарина.Од „Праша ли Тинке мајка ти“, „Ајде слушај слушај Калеш бре Анѓо“, „Билбил пее во планина“, „Прошета се Јовка Кумановка“, „Градел Илија манастир“ и десетици други.Прасевда пеела и свирела и во швајцарските Алпи. Со друштво и музички иструменти ја извела познатата „Прошета се Јовка Кумановка“, додека наоколу, сите ја слушаат и скијаат.

Магазин | пред 5 години

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: Бараме оставки од Венко Филипче и Илир Хасани

Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Северна Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние од регионот, не може а да не бидеме загрижени за тоа што се случува во нашата земја.Стануваме прва земја со највисока стапка на смртност во Европа, а последна за вакцинирање, се вели во соопштението од Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА – Скопје.Во продолжение на истото од коалицијата додаваат:Според еден извор на Блумберг, кој ја претставува анализата на тековната вакцинација на населението за поединечни земји, јасно е дека со ова темпо како што започна, Северна Македонија заостанува далеку од земјитеод регионот, дури ако се земе во предвид претходната фаза и тоа што следува, излегува дека за целосна имунизација на населението во нашата земја ќе мора да почекаме уште цели 10 години.Од друга страна, трагикомедијата продолжува. Пред не повеќе од десет дена, вицепремиерот Артан Груби се пофали во една емисија дека во било кое време може да обезбеди до 5 милиони вакцини, можеби не знаејќи кое еточното значење на таа бројка. Да не беше трагедијата, бидејќи бројот на смртни случаи се зголемува секој ден, изјавите на експонентите на ДУИ ќе беа комедија.Останувајќи на милост и немилост на судбината, значи без никаква поддршка од Владата, граѓаните почнаа да се борат кој како знае и умее против пандемијата Ковид 19: некој оди во Србија за вакцинација, а некојво Албанија.Ова е причината зошто коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА ги смета за одговорни раководните лица на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, кои сенајодговорните лица за овој неуспех и оваа трагедија на смртни случаи и инфекции во РСМ. Затоа, оставката би била најмалиот чекор што тие би можеле да го понудат, барем морално да се надеваат на оправдување.За крај, повторуваме дека нам како држава ни треба гаранција дека Северна Македонија ќе обезбеди вакцини за целото население, така што имунизацијата на целото население ќе се изврши што побргу. Во спротивно,иако не би сакале да се случи најмрачното сценарио, но фактите покажуваат дека иднината може да биде со уште поголема човечка и материјална штета, велат од Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА – Скопје. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

lence

Против Ристеска - обвинителката која го го „спакува“ Мијалков, гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители, таа е разочарана од одлуката

Против промоција на Ленче Ристоска во виш јавен обвинител гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители: државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, тројцата членови Албанци – Иџет Мемети, Фаик Арслани (и двајцата поранешни министри) и Арбер Исаку, поранешниот претседател на Советот, Коле Штерјев, како и членовите Јасна Жежова и Ангел Солев, објави 360stepeni.mk.Обвинителката што го истурка до пресуда предметот „мајка на сите предмети“ против ексдиректорот на УБК, во изјава за „360 степени“ вели дека е разочарана од одлуката, по работата на предметите на СЈО и пофалбите од „Еуроџаст“ (Агенцијата на ЕУ за соработка од областа на кривичното право).Пред два месеца цела домашна јавност беше „залепена“ пред екраните. Оној чие име до пред неколку години не смееше да се изговори, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, ја чекаше првостепената пресуда во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“. Во преносот во живо сите слушнаа како некогаш семоќниот Мијалков доби 12 години затвор.Сликата што ќе остане врежана во колективната меморија од ова судење е како Мијалков заминува кон „марицата“, со која беше префрлен во затворски притвор во затворот во Шуто Оризари.Она што најголем дел од јавноста веќе го заборави е дека одењето на Мијалков во Шутка, а веројатно и во затвор, професионално го одработи Ленче Ристоска, обвинителка од поранешното СЈО. Таа беше највидливата од тројца обвинители во предметот и токму таа побара Мијалков да оди во затворски притвор откако му беше изречена пресудата од 12 години. Не смее да се заборави дека Мијалков дојде да си ја слушне пресудата за „Таргет-Тврдина“ од домашен притвор, иако претходно беше во бегство.Текстот во целотс на:  360stepeni.mk.

Македонија | пред 5 години

zid

(ФОТО) Со изградба на потпорен ѕид во Варош, се решава долгогодишниот проблем на жителите

Со изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи.Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот.На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување.Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

22042021_PVRSM_FotovoltaiciBrvenica-1

Заев, Бектеши и Нуредини: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок, со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори

„Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките“, изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на фотонапонската централа во Теново, Општина Брвеница и најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година.Премиерот Заев истакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важните енергетски проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.„Успешно заврши и постапката за изградба на две фотонапонски електрани во Осломеј, со моќност од по 50 MW, преку модел на Јавно–приватно партнерство. Благодарение на транспарентната и конкурентна постапка, на одржаната аукција, најповолните понудувачи на ЕСМ, ќе му исплатат 18,5% и 18% од остварениот приход од продажба на електрична енергија. Дополнително изградбата на фотонапонската електрана на Осломеј од 10 MW, која е сопствена инвестиција на ЕСМ, веќе е во крајна фаза и пред почеток на градба. Меѓу приоритетите годинава е и хидроелектраната Чебрен, за која минатата година се појавија неколку заинтересирани инвеститори. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, десет компании беа понудени, девет ја поминаа првата фаза со нивниот капацитет и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мега-вати. Истовремено, определивме 477 хектари од порано проектираниот аеродром во Општина Штип да бидат наменети за фотоволтаици каде има можност за 300-350 мегавати. Определивме и локации за повеќе од 120 мегавати во Битола на старите јагленокопи на РЕК Битола и 100 мегавати во Кавадарци како потенцијали за инвестирање. Со ова Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто“, информираше премиерот Заев и упати честитки за инвестицијата токму денеска кога е и меѓународниот Ден на планетата земја.„Уште еднаш честитки за инвестицијата, а Владата останува посветена на имплементирањето на реформите во енергетскиот сектор. Денес е и меѓународниот Ден на планетата земја и оттука уште еднаш испраќаме заедничка порака за грижа на нашата земја од која црпиме енергија. Грижејќи се за животна средна, се грижиме и за себе“, заклучи премиерот Заев.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите односно граѓаните и индустријата.„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи кои што се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја. Но не застануваме тука. Заедно со нашите државни и јавни претпријатија и согласно Законот за стратешки инвестиции се подготвуваат инвестиции кои ќе ја надминат инсталираната моќ од 300 мегавати во нашата држава само од фотонапонски централи“, рече министерот Бектеши и ги повика сите заинтересирани инвеститори да ги следат јавните повици од Министерството за економија и од Владата, бидејќи, како што рече, за кратко време ќе бидат објавени дополнителни повици со цел да се изградат што повеќе вакви инвестиции.Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што денеска сме на отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, ја испраќа вистинската порака за тоа како треба да се грижиме за нашата планета.„Оваа централа, која е обновлив извор на енергија, изградена како дел од повикот на Министерството за економија, на приватно земјиште, од приватен инвеститор, е практичен пример на конкретно остварување на политиките на нашата Влада, за одржлив развој и здрава животна средина.Ние денес тука гледаме како со вистинскиот стимул, приватниот сектор може да ни биде партнер во стратешките определби за остварување на зелената агенда“, кажа Нуредини и додаде дека се работи и на други сегменти на заштита на животната средина во полошкиот регион.„Министерството за животна средина во фаза на одобрување во рамки на ИПА програмата има проект за изградба на пречистителната станица за третман на отпадни води и надградба на канализационата мрежа во Општина Тетово во вредност од преку 30 милиони евра, за кои договорите за градба се планира да се склучат до крајот на годинава. Во моментов веќе се имплементираат брзите мерки за санација на депонијата Русино, меѓу кои дел е и собирањето на исцедокот кој ја загадуваше околната почва до сега. Понатаму, со оглед на тоа што еден од приоритетите на оваа Влада е чиста вода за пиење за секој граѓанин, како и соодветно управување и прочистување на водите, Министерството за животна средина е во фаза на аплицирање за нови 50.000.000 евра од Европската инвестициона банка за финансирање на реализацијата на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи на територијата на земјата. Најголемиот дел од општините веќе доставија проекти, а секако проектите за оваа намена во Полошкиот Регион се едни од приоритетните“, истакна Нуредини.Владе Пазарџиевски управител на „Енерго Р ДООЕ“ рече дека е горд што централите се добар пример и поттик за нови инвестиции во „зелена енергија“, како на фирмите така и на Владата.„Оваа централа е дел од триделниот фотоволтаичен парк, со вкупна електроенергетска моќност од 2200kw, при што се вградени вкупно 6.170 панели, со различен капацитет и три трафостаници. Трите централи ќе дадат вкупно производство ориентационо 3,1 гигават часови, што би ја задоволило потрошувачката на електричната енергија на приближно 450 домаќинства. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20.000 м2, на неплодно и некорисно земјиште, кое е откупено од државата, со вкупната вредност од 1, 6 милиони евра за овој фотоволтаичен парк", изјави Пазарџиевски.Фото: Влада

Македонија | пред 5 години

w_56089446

Денеска починати 39 лица и нови позитивни 603 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 641 оздравени пациенти од:Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија – по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип – по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово – по 2, Пехчево – 1.Пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г , 62г, 66г, 71г, 71г ,73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по 3 починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по 2 лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74г), Велес (79г), Штип (77г), Кочани (71г) и Пробиштип (63г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.Направени се 2.596 тестови преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–118, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-221, Биотек-238, Систина-166, лабораторија Лаор-128, Синлаб - 46, Ремедика-28, Плодност – 32, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 686.Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66093, активни 8203Куманово 8246, активни 1225Прилеп 8012, активни 889Тетово 6992, активни 655Битола 5916, активни 1224Велес 5280, активни 651Гостивар 5048, активни 453Кавадарци 5046, активни 477Штип 4807, активни 452Охрид 4793, активни 825Струмица 3876, активни 553Струга 2894, активни 222Кочани 2639, активни 302Кичево 2391, активни 293Гевгелија 2147, активни 320Неготино 2125, активни 226Свети Николе 1455, активни 154Крива Паланка 1192, активни 89Ресен 1181, активни 207Радовиш 1059, активни 126Берово 981, активни 63Делчево 938, активни 104Дебар 919, активни 62Виница 760, активни 112Пробиштип 760, активни 36Валандово 646, активни 100Богданци 476, активни 73Крушево 463, активни 104Демир Капија 392, активни 31Демир Хисар 370, активни 62Кратово 354, активни 17Македонски Брод 352, активни 32Пехчево 259, активни 22Македонска Каменица 227, активни 14Дојран 132, активни 14 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

a

Георгиески:Пратеникот Таневски донираше два персонални компјутери за потребите на министерството за здравство

Денес со пратеникот во Собранието, Лазе Таневски ги следевме активностите во спортската сала „Билјанини Извори“ која е во подготовки да стане Регионален центар за вакцинација.Таневски донираше два персонални компјутери за потребите на министерството за здравство. Искрено му благодарам, а граѓаните ги повикувам на масовна вакцинација со цел да го заштитиме нашето здравје и што побргу да излеземе од оваа пандемија, напиша на својот ФБ профил градоначалнокот на општина Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 5 години

SDSM-3

Заев по повлекувањето на Шекеринска: Треба да ја прашате дали се обидува да се дистанцира од мене

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека не знае дали Радмила Шекеринска сака да се дистанцира од него со најавата дека нема повторно да се кандидира за потпретседател на СДСМ. Според него, таа е негов најблизок соработник и е една од најзаслужните за членството на Македонија во НАТО.„Радмила Шекеринска не поднесе оставка, таа најави дека нема намера да се кандидира за заменик претседател во следниот мандат. Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Шекеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработувам. Шеќеринска ќе ја прашате дали се дистанцира од мене, таа е многу најблизок соработник. Еден од првите мои соработници. Немаме разговарано за амбасадорско место бидејќи таа е министер за одбрана. Би било невнимание да се разговара за тоа. Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила. Јас и Радмила, како и огромен процент на раководството се договоривме да го возобновиме, да дадеме шанса на нови ликови. Луѓето сакаат во 21 век нови инвентивности кои ќе го забрзаат растот на државата“, рече Заев.Инаку, Шекеринска вчера соопшти дека добила прашање од општинската организација дали е кандидат за потпретседател и кажала дека не е. Таа објасни дека смета оти СДСМ и државата би оделе напред кога ќе продуцираат нови кадри.

Македонија | пред 5 години

carovska

Од први мај стартува електронски упис на првачиња

Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачињата. Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето. Новата дигитална услуга денес ја промовираше министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со претставникот на британската амбасада во Скопје Ричард Малион, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска - Сачмароска и со Стефан Богоев градоначалникот на општина Карпош при посетата на ОУ „Вера Циривири Трена“.„Оваа година благодарение на Центарот за управување со промени и Британската амбасада голем дел од услугите кои ги нуди МОН се дигитализираа, а посебно сум горда на оваа услуга која го олеснува пристапот на родителите кон упис на нивните деца и наши ученици во образовниот систем. Тоа ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик“ рече Царовска.Услугата за електронски упис на првачиња е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во ЕСАРУ системот на министерството каде се води евиденција за сите училишта во државата. За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.За оние родители кои поради било каква причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.Царовска информираше дека процесот на дигитализација на услугите во образованието е поддржан од Центарот за управување со промени, Владата на Обединетото Кралство, Британската амбасада во Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација. Во рамки на истиот досега се дигитализирани неколку услуги, односно постапки, како постапката за нострификација на дипломи за основно, средно и високо образование стекнати во странство, аплицирањето за сместување во ученичките и студентски домови и за остварување на правото на ученички и студентски стипендии, како и аплицирањето за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти од страна на општините.Министерката најави дека во следниот период ќе се дигитализираат и низа други услуги поврзани со основното и средното образование, но и во делот на науката.Градоначалникот Богоев изјави дека е среќен што новата услуга и системот за електронски упис на првачиња се промовира токму од општина со која раководи и која воедно е прва општина што започна со дигитализација и воведе онлајн настава со почетокот на пандемијата.Претставникот на британската амбасада Ричард Малион рече дека со поддршката која ја даваат на процесот на дигитализација на услугите во земјава, всушност воспоставуваат услуги од кои корист имаат многу семејства, додека извршната директорка на ЦУП Неда Малеска-Сачмароска потенцираше дека досега изработиле голем број дигитални административни услуги и дека задоволство е што процесот на дигитализација го почнале во образованието со неколку значајни постапки кои се од голема важност за граѓаните.Фото: МОН

Македонија | пред 5 години

Car_Samoil

Цар Самоил на дневен ред на новиот состанок на Заедничката македонско-бугарска историска комисија

Заедничката македонско-бугарска историска комисија одржува онлајн сесија денес и утре, јавуваат бугарските медиуми.Ова е втор состанок оваа година и 14-ти од формирањето на Комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година.Вкупно 5 состаноци се очекува да се одржат оваа година. Поголемиот дел од изминатата година, Комисијата не работеше поради изборите во РС Македонија, кои се одржаа минатото лето, анализираат тамошните агенции.Според информации од таму, на денешната средба историчарите од двете страни уште еднаш разговараат за прашањето за царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостатокig на чекор напред во историските прашања, стои во извештаите на медиумите.Новинар на БГНЕС потсетува дека пред околу две години, бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за царот Самоил, кој, како што пишува новинарот, создал голема бугарска држава и бил наследник на бугарската кралска династија.

Македонија | пред 5 години

bogomil

Почина академик Богомил Ѓузел, поет, писател, преведувач

Македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач, академик Богомил Ѓузел, почина на 82 години по кусо боледување.Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист – припадник на третата повоена генерација македонски писатели, што се појавува во втората половина на 1950-те години на минатиот век и која со своето дејствување изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската книжевност.Ѓузел важи за најзначаен македонски преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. На македонски јазик во негов превод се достапни најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир.Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија. Негова сопруга беше писателката Лилјана Дирјан која почина во 2017 година. По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал.Во 1963 завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е избран на 4 јуни 2012 година. Неговиот творечки опус опфаќа повеќе од 230 библиографски единици. 

Македонија | пред 5 години

car-fire

Скопјанец обвинет за тешки дела - запалил Ауди, предизвикал експлозија, а во домот му нашле оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едо лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, опожарил паркирано патничко возило Ауди. Притоа употребил запалива дериватна течност – бензин која ја активирал со запалка и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се развил обвинетиот предизвикал значителна опасност за имотот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило Форд мондео. Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното возило Ауди, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил Форд мондео.При претрес во домот на обвинетиот на 5 февруари во село Варава кај обвинетиот било пронајдено огнено оружје – полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршуми во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар.Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.Советот денеска за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.Обвинителите Стефанова, Ајро и Пеливанов беа дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, Наташа Поп Трајкова е од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица, а Катерина Колариќ од ОЈО Скопје.Четворица од кандидатите беа избрани едногласно до 11 гласа од членовите на Советот, а еден обвинител со 10 гласа „за“.На огласот за избор на пет обвинители во Обвинителството предводено од Вилма Русковска беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители.На денешната седница Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР, кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој утрово, избегал при излез од рочиште во кривичниот суд, додека бил спроведуван од страна на затворската полиција.Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во полициската станица Центар за понатамошна постапка.Претходно, настанот го потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснија дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ribi

Ендемични видови пред исчезнување, нема мониторинг на рибниот фонд

Најмалку три ендемични видови риба во Македонија може да исчезнат, а тоа никој да не го примети. Нашата држава дваесет години доцни со воспоставување систем за постојан мониторинг на рибниот фонд, што е обврска од европската Директива за води. Истовремено, не се одвојуваат доволно пари од државниот буџет за континуирани истражувања на состојбата со рибниот фонд и доколку не би биле странските донатори и повремените проекти не би располагале со нови податоци за состојбата со рибите во земјава, објави doma.edu.mk. Според податоците од Националната стратегија за билиошка разновидност 2018-2023 во Македонија има вкупно 85 видови риби од кои 66 се автохтони, а 19 се алохтони.„Проценката на вистинската бројност на видови во ихтиофауната на Македонија е отежната поради мноштво на нерешени таксономски проблеми, посебно помеѓу пастрмките (Salmonidae). Фауната на рибите во Македонија арбитрарно брои 85 видови (19 интродуцирани), кои припаѓаат на 15 фамилии. Најбогато со ендемични видови риби се Преспанското Езеро (8 од 11 автохтони видови се ендемични) и Охридското Езеро со 8 ендемични видови од 21 автохтон вид. Ихтиофауната на овие две езера е сериозно загрозена со внесување на алохтони видови (12 во Преспанското и 7 во Охридското Езеро). Ихтиофауната на Дојранското Езеро брои 14 видови, од кои само еден е ендемичен, а два вида се интродуцирани“, пишува во документот.Се додава дека од автохтоните видови, три се сметаат за критично загрозени (Acipenser sturio, Anguilla anguilla и Alburnus macedonicus), два се загрозени (Pelasgus prespensis и Salmo peristericus), 10 се чувствителни, еден е близу засегнат и 10 се без доволно податоци за нивниот степен на засегнатост (IUCN 2014). Согласно националното законодавство, 10 видови риби се строго заштитени, а 20 заштитени (два вида се вклучени во двете листи).Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека согласно член 76 од Законот за рибарство и аквакултура следењето на состојбите во рибарството, процени на сосотојбата со рибите, предлагање на мерки за заштита и унапредување на риболовот вршат овластени установи од областа на рибарството.„Овластените установи изработуваат и стручни студии – риболовни основи за секоја риболовна вода во Република Северна Македонија. Риболовните основи претставуваат стручни студии за начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода. Сите риболовни основи се објавуваат во Службен весник. “, велат од Министерството.Последните риболовни основи се изработени за периодот 2017-2022 година и во нив се дадени прецизни податоци за видовите риби во реките, природните езера и вештачките акумулации.Текстот во целост на:  doma.edu.mk. 

Македонија | пред 5 години

foto-2

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Третата лента на автопатската делница Петровец - Катланово се гради со силен интензитет. Покрај изградбата, вршиме и комплетна рехабилитација на оваа делница како дел од Коридор 10, истакна министерот Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи.Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница Петровец-Катланово, инвестиција од 7,2 милиони евра.Со проектот се предвидува проширување со трета лента по трасата како и целосна рехабилитација.“ Ова е делница од Коридорот 10, дел од Европските коридори, за нас многу значајна транзитна патна врска и ова е начинот како да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат ако сакаме да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзит на овој Коридор.Претходно се реконструираше дел од десниот коловоз, поставен е прв слој на асфалт. Во моментот се работи на левиот коловоз, а како што може да се види се работи и на изградба на уште една нова коловозна лента”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.“ На левиот коловоз се руши постоечкиот мост над Ржанички канал од причина што мостот е со две коловозни ленти и ќе се изгради нов со 3 коловозни ленти. Во моментов се одвиваат работи и на рехабилитација со проширување на левиот коловоз. Исто така, пред клучката Катланово, во должина од околу 460 метри ќе се изврши проширување на коловозот со уште една лента. На целиот потег што се рехабилитира ќе се замени постоечката еластична oграда”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8.видео: министерство за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

centar-skopje

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар

Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора.Ваквото постапување ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата. Доколку постои спорен случај институциите да си понесат одговорност за грешките и да најдат начин како истиот спор да го разрешат, без да ги оштетуваат сите останати на кои им се загарантирани правата на сопственост и обезбедување подобри услови во живеалиште во оваа општина. Во изминатите три години, градежниот сектор беше жртва на два мораториуми кои беа поништени од Уставниот суд, а кои предизвикаа огромна штета врз граѓаните, градежништвото и економијата воопшто. Со вакви постапки на работење директно се попречува работењето на претпријатијата и се ограничува правото на сопственост и стекнати права на имот. Преку механизми кои се бараат а се спротивни на позитивните прописи, се нарушуваат правата на граѓаните и претпријатијата, а со тоа се создаваат ненадоместливи штети по однос на имотот и економијата.Во оваа прилика сакаме да предупредиме и точно да информираме за последиците од евентуални нови суспензии на ДУП-ови или блокирање на целосно легалните процеси и уставно загарантирани права. Имено, градежните претпријатија кои во моментов имаат стекнати права на имот и целосно легални процедури за добивање на дозволи за градба, ќе бидат приморани да поведат правни постапки против институции и лица кои ќе иницираат вакви дејствија, а се целосно спротивни на законот. Предупредуваме дека судските исходи од ваквите постапки ќе значат милионски казни и штети врз буџетот на централните и локалните институции. Градежниот сектор во изминатиот период делуваше конструктивно, со многу разбирање за политиките, кои поради погрешна имплементација де факто направија огромна штета врз градежниот сектор. Постапките на незаконско носење на мораториуми и слични дејствија не може повеќе да се толерира, а градежништвото тој товар ни финансиски не може да го издржи. Градежниот сектор е двигател на економијата и со себе движи дополнително уште 26 стопански гранки, меѓутоа во изминативе години е доведен во состојба да се бори со ликвидност. Дури 80% од претпријатијата се соочуваат со потешкотии во организација на работата и намалена деловна активност. Апсолутно е недозволиво преку противправни процедури да се попречува работењето на градежништвото, а со тоа и да се воведува економијата во стагнација. Апелираме до сите надлежни институции да се придржуваат до правните процедури и своите одлуки да ги носат во согласност со законите и Уставот. Се што бараме е почитување на законите, правото на сопственост, почитување на слободата на пазарот и сите останати права кои законски следуваат, а не се спроведуваат. Веруваме во спроведување на законски и уставно загарантирани права со кои ќе се надмине настанатата тешка ситуација во која градежништвото се наоѓа.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Економските мерки даваат резултат, продолжува помошта за граѓаните, платите растат, се реализираат нови инвестиции

Економските мерки и политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст. Во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата со што продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството. Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Костадинов додаде:На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени.Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година.Според истите критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1200 ресторани за свадби, компании за организирање настани, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.Конкурентноста на македонската економија повторно е на високо ниво. Последна потврда за тоа е новата инвестиција на Дрекслермајер во вредност од 16 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места во Кавадарци и Куманово.По надминувањето на првичните шокови од пандемијата, деловната клима во државата денес е поволна за нови инвестиции.За осум месеци, од септември 2020 до денес, ова е петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во Република Северна Македонија.Дека мерките на Владата предводена од СДСМ даваат резултат потврдува и растот на платите. И во време на пандемија не застана растот на просечната плата.Според последните информации на Државниот завод за статистика, просечната плата за месец февруари е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и истата изнесува 27.948 денари.Преку одговорен, инклузивен и домаќински пристап спроведуваме мерки што ја раздвижуваат економијата и обезбедуваат поддршка за работниците и стопанството.Градиме динамична, конкурентна и развојна економија.видео: СДСМ 

Македонија | пред 5 години

Stojanoski-22.04

Стојаноски: Богдановиќ фатен во лага? - Играчот кој наводно си го сместувал во хотел во сред полициски час, играл за Работнички уште на 17 април

Новиот играч на Работнички Аска, првпат игра за Работнички на 17-ти април на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Тој е играчот кој требаше да му биде алиби на Богдановиќ за кршењето полициски час, кога беше фатен како седи сам во затворена кафеана која само за него работи. Но како и на Заев, така и на Богдановиќ муабетите им држат неполни 24 часа. Ова е извадок од листа на играчи кои дале кош, а тука е името и на Аска, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.Стојаноски додава:Богдановиќ да каже, како тоа го сместувал Аска, кој четири дена претходно веќе играл за Работнички, ако рогаш го сместувал, каде престојувал Аска тие четири дена, кај него дома или во друг хотел? И зошто преместувањето од едно во друго престојувалиште го правеле во полициски час? Или сепак не се работи за сместување, туку за алиби за кршењето на законите?Молчи Богдановиќ, ама молчи и Пазарна инспекција, ја нема да излезе на терен, и да утврди дали и зошто кафеаната работеше за Богдановиќ и како тој се шеташе во полициски час? Го нема ниту МВР, а ниту директорот на БЈБ.Сите молчат, затоа што Богдановиќ, миленикот на Заев е фатен во дупло кршење на законите.И наместо да си поднесе оставка и да се извини, Богдановиќ молчи, и мисли дека јавноста ќе заборави. Не Богдановиќ, јавноста нема да заборави, зошто секој ден умираат 30-тина наши сограѓани и уште илјада се заразуваат, а вие се забавувате по кафеани, нема да заборави затоа што нема вакцини, а вие отворате кафеани во полициски час. Нема да заборави, затоа што 4.600 луѓе веќе не се помеѓу нас.Оставка веднаш!видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

sud-krivicen

Драма пред Кривичен: Избега лице спроведено до судот

Лице кое утринава било спроведено до Кривичниот суд успеало да и избега на затворската полиција, дознава Курир.Според неофицијални информации на Курир, лицето било спроведено до судот за рочиште, но најверојатно ја искористило гужвата пред Судот и избегало.Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда за Курир.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања