Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Bogdanovic-3

Попов до Богдановиќ: Според записник на Пазарна, гостин во хотел си бил од полноќ, а снимката е пред тоа, не си смеел да бидеш во кафеаната

Лагите на Саша Богдановиќ се со кратки нозе. Според записник од Пазарната инспекција, тој се чекирал во хотелот во 12 часот, односно точно на полноќ. А, снимката која излезе од него, како седи во кафеана и го служат келнери е 2-3 часа пред тоа. Дали во обид да го правдаат институциите на Заев, тие всушност го дозакопаа Богдановиќ?Записникот на Пазарна е крунски доказ дека Богдановиќ не смеел да седи во кафеаната затоа што не бил гостин на хотелот, а гостин станал по полноќ, кога веќе јавноста реагираше на социјалните мрежи за случајот, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Попов додаде:Очекуваме институциите до крај да постапат и да го казнат градоначалникот. Не може граѓаните да плаќаат по 2.000 евра казна за кршење на полицискиот час и казни за неносење на заштитна маска, а Богдановиќ да аздисува по кафеани во полициски час.Пропаднаа во вода сите обиди за вадење. Богдановиќ до гуша си во лаги, не се плеткај повеќе, признај, извини се, понеси одговорност и поднеси си оставка.Залудни се сите обиди за релативизирање, не поминуваат!Не може законите да важат за граѓаните, а за функционерите на СДСМ тие да не важат.Градоначалник кој седи во кафеани во полициски час, додека народот умира не е градоначалник. Оставка веднаш.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

23042021_PVRSM_Zaev_sredba_Gir-1

Средба на Заев со европскиот амбасадор Гир: Поддршка од ЕУ за развојните и интеграциските процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.На состанокот e изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата држава, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели.Посебен акцент е ставен на активностите што се преземаат за неселективна борба против криминалот и корупцијата, на владеењето на правото, за ефикасно правосудство, слобода на медиумите, функционалност на институциите.Заеднички е заклучено и дека е потребно висока свест од сите политички субјекти за функционален Парламент, во полза на потребите на граѓаните и на спроведувањето на европската агенда.„Покажавме дека нема недопирливи кога се работи за владеењето на правото и во таа насока ќе продолжиме да ги мотивираме да работат сите надлежни институции и органи. Цврсто сме фокусирани на борбата против организираниот криминал и корупцијата и во соработка со нашите меѓународни партнери. Посветени сме на инклузивно работење со сите политички субјекти и општествени чинители. Се грижиме за здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите. Зголемен е бројот на странски инвестиции во земјава. И, со сите овие чекори што ги правиме, очекуваме економскиот развој да продолжи, имплементација на европските вредности дома, но и исчекор во европските интеграции“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев упати благодарност до еврокомесарот Вархеј, за неговите големи заложби за финансиска помош и за распределба на вакцините и кон земјите од Западен Балкан, како дел од заедничките напори за справувањето со последиците од пандемијата.Фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Perinski12112020

Златко Перински: Бетонизацијата го гуши Аеродром, граѓаните заслужуваат домаќинско и одговорно управување на општината

Златко, Аеродром е дел од градското живеење, и нераскинлив дел на градот Скопје. Аеродром се гради, но и сега е актуелно градењето во Центар кај Холидеј Ин, кое е твоето размислување за тој чекор, што е приоритетно за тебе?Секој град треба да има динамика на развој, тоа не треба да се доведува под прашање, но тој развој мора да биде плански, и најважното со согласност на жителите кои се непосредно засегнати со тој план. Секое градење кое е во согласност со законите, еколошките барања, урбаните потреби и најважно во согласност со волјата на жителите кои веќе живеат на тој простор е оправдано, во спротивно се доведуваме во ситуација бетонизација која ја гуши секоја педа слобода на граѓаните. Затоа велам дека е исклучително важно да се прашаат граѓаните, истакна Златко Перински за порталот Нетпрес.Нетпрес: Дали може да се каже дека и Аеродром ја доживува на некој начин бетонизацијата за која говорите?Секако дека да. Да не се разбереме погрешно,како што веќе споменав, секоја општина, секој град во Светот има свој план на развој, но поразително е кога гледате дека бетонизацијата некој премногу скапо ја наплаќа и ги полни приватните џебови, на сметка на комодитетот и живеењето на граѓаните. Треба да се сруши стереотипот кој постои за градоначалниците кои наместо po сработени проекти се препознаваат по бројката на станови кои ја спечалиле во еден мандат. Народот не треба да се потценува, и треба да се сменат работите. Аеродром има се помалку паркови, а се повеќе згради. Не можам да ја сватам потребата секоја педа парк да се стави во употреба на градежните апетити. Никако не треба да се дозволува инвеститорите да бидат тие кои ќе ги цртаат деталните урбанистички планови, туку ДУП-овите треба да се во функција на интересите на граѓаните. Има простор за градење доколку се планира просторот, но не треба да се чепкаат парковите и слободата на граѓаните.Нетпрес: Како ја оценувате досегашната работа на градоначалникот Марин?Како незабележителна, недоволна и без план. Мрзеливоста не е само карактеристика на градскиот татко, туку и карактеристика за градоначалникот Марин. Проста е математиката, Марин потроши буџети во вредност од околу 70 милиони евра за 4 години, а аеродромци не видоа никаков бенефит. Бетонизацијата со урбанистичките планови кои ги планира општината, фингираните јавни расправи, како и приватните бизнис интереси кажуваат дека жителите на Аеродром ќе имаат се помалку простор за рекреација и разонода. Проблемот со паркинг простор останува исто така отворен особено во тесните грла на општината. Многу мачку се посветува внимание на урбанизација на населбата и селото Лисиче, додека заеднички именител е загадениот воздух. Знаете пред да биде градоначалник, Марин се удираше во гради дека ќе има мораториум за градење, велеа дека ќе го исчистат воздухот, и ред други работи. Сега на тоа заборавија, нема работа за која критикуваа, а која не ја повторија и не ја направија десетпати полоша од тоа што јавно негодуваа.Нетпрес: Аеродром стана позната по тоа што Градоначалникот ветуваше голф терени, звучи примамливо. Кој е вашиот коментар?Голф теренот е последната работа на која Аеродромци би се сетиле, или која би ја побарале во услови кога има цела редица на проблеми кои се отворени и нерешени. На крајот Марин имаше 4 години да направи голф терен, но тоа не се случи. Граѓаните да бидат внимателни бидејќи следува период кога политичарите како Марин ќе ветуваат се и сешто, но веќе знаеме дека неисполнуваат. Воедно идејата за голф терен е проследена и со низа скандали, кои се поврзуваат со финанскиски дубиози, како на пример тоа што се формираше претпријатие за Голф што значи посебен буџет, посебни вработување и повеќе пари за нешто што не е приоритет за Аеродром.На крај на ден базирана е на нездрава економска логика бидејки голф терените би требало да се градат во соработка со бизнис секторот,во услови на пандемија кога бизнисот едвај преживува,а планирано е преку спонзорства да се обезбедат 1,5 милиони евра за негова изградба. Еве јавно го прашувам колку компании најде кои се расположени да инвестираат во голф терените на Марин и која сума досега е обезбедена???Во меѓувреме добро би било да се прочешлаат и јавните набавки во општината. Знаете само корпите за отпадоци на Марин вредат 300 евра, додека во другите општини се половина од таа цена. Една чешма чини над илјада евра, додека обрач за кош околу 20 илјади денари. Ваквото ситничарење покажува дека коруптивноста отишла до последните пори во работењето и тоа мора да запре и се искорени. Граѓаните очекуваат работа, а не грабеж.--

Македонија | пред 5 години

Kosta-1

Георгиески за 70 годишнината од основањето на Државниот архив: Оваа институција е вистински чувар на нашата историја и култура

По повод 70 годишнината од основањето на Државниот архив на Република Северна Македонија, остварив средба со директорот на архивот д-р Емил Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, д-р Никола Митровиќ, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Заедно потенциравме дека оваа значајна државна институција е вистински чувар на нашата историја и култура. Архивот поседува илјадници оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати историски личности, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности кои со своето дејствување и работа оставиле трага во минатото.Разговаравме и за можностите за продлабочување на соработката со Локалната самоуправа како и за можнoстите за креирање и имплеметирање на заеднички проекти кои би биле од големо значење за нашиот Охрид, како еден од најважните културно историски центри во нашата држава.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

pavle-trajanov

Трајанов реагира: Најавено беше дека пратениците ќе се вакцинираат со „Фајзер“, а сега се вакцинираат со „Спутник“

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешното вакцинирање во арената „Борис Трајковски“ реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи немале право на избор, што важи за останатите граѓани и дополни дека тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската вакцина Спутник В.- Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, напиша Трајанов на својот ФБ профил.извор: ФБ Павле Трајанов

Македонија | пред 5 години

zaev-paunovski

Заев очекува предлог за разрешување на Пауновски, вели секојдневно да се препукувата со претседателот и потпретседателот на Владата е недозволиво

Премиерот Зоран Заев порача денес дека е недозволиво јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, при што порача дека му е пријател, но има доволна основа за негово разрешување, за што ќе решат службите.„Се прераспрередени согласно планови за нивна вклопливост во институциите. Секојдневно да се препукувата со претседателот и потпретседателот на Владата е недозволиво. Очекувам да биде донесен предлог за негово разрешување, и тоа од Љупчо Николовски. Јавно да правите коментари да ги понижувате претпоставаените за нешто што е транспаренто и поставено на искрени основи, на самите институции е недозволиво. Ако нема систематизирано место, не мора а биде примено. Но ова е прашање кое народот очекува да го решиме. Минуваат месеци, минуваат години, затоа што се дават плати, а не работат ништо. Самиот податок кој го имам, и ред е да го сооопштам: 1349 луѓе беа дел од процесот, 1182 прифатиле распоредување. Важно е да прифатат, а не само институцијата дали ќе ги прифати или не. 38 одбиле и одат на трансфер листа, 13 сами си дале отказ. 87,62% е успешен планот досега. Сите граѓани се наши граѓани. Земале плата а не работеле. Сега треба да ги распоредим. Некаде и други институции не ги прифатиле, но секој ден да водите полемика е пркос кон не е дозволен. Таа хиерхија мора да се почитува. Стојко Пауновски ми е пријател, чесно зборувам во делот на своите очекувања. Мислам дека ова е доволна основа за негово разрешување. Очекувам службите да отворат постапките, доколку постои како што јас мислам, дека има основа за негово разрешување“, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

evra-falsifikat

Кривична пријава за инспекторот кој примил поткуп од 200 евра

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 22.04.2021, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра, со цел да му изготви записник за инспекциски надзор во фирмата во кој ќе констатира дека нема неправилности во нејзиното работење. Второпријавениот, во просториите на неговата фирма со седиште во Кичево, му овозможил на А.Р. да ги земе парите од поткупот по што ги скрил во својата канцеларија.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

SMK_7184

Подготвена физбилити студијата за Закон за потекло на имот, за прв пат ќе се проверува нелегално стекнат имот и капитал

Домашни и странски експерти ја подготвија физибилити студијата за подготовка на Предлог Закон за потекло на имот. Студијата која е подготвена со експертска и техничка помош од Советот на Европа, денеска беше презентирана пред заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, од страна на меѓународни експерти од Советот на Европа.Физбилити студијата дава покомплетна слика за потребата од носење на вакво законско решение, односно ќе треба да се докажува на кој начин е стекнат имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека стекнатиот имот и капитал ги надминува редовните одданочени приходи.„На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, е подготвена физибилити студијата, којашто е првиот чекор за подготвка на овој закон, што е од исклучителна важност за сузбивање на корупцијата и криминалот, преку испитување на потеклото на имот и капиталот. Очекуваме со овој закон да се надминат и досегашните системски пречки за проверка на имотот на актуелните функционери и оние фунцкионери на коишто им истекол мандатот. Со Законот за потекло на имот, за прв пат ќе се воведе контрола на капиталот, со што се отвара патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните. За прв пат носиме ваква храбра одлука, за спроведување на системски реформи, за создавање на функционален систем, со транспарентни институции во служба на граѓаните“, рече вицепремиерот Николовски.Подготвената студија, содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение. Веќе е формирана работна група во чиј состав се домашни и меѓународни експерти кои започнуваат со подготовка на законските одредби. На денешната презентација присуствуваа претставници од Советот на Европа, од надлежните институции во земјава, како и домашни и странски експерти, кои ги искажаа своите мислења и предлози за физибилити студијата и за потребата од носење на Закон за потекло на имот.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

gradezen-otpad

Гостиварец обвинет за загрозување на животната средина, во близина на Вардар истоварил земја, иверици и отпад

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно 52-годишно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.На 19.07.2020 година во селото Балиндол, обвинетиот на трактор со приколка натоварил поголемо количество земја, иверици и отпад, како и еден стар кревет, па ги истурил во близина на коритото на реката Вардар со што можел да предизвика загадување на почвата и водата. Во тој момент бил забележан од полициски службеници во Гостивар кои направиле записник и го обезбедиле местото.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

cinar-1

Георгиески: Под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет, започна санација и ревитализација на Чинарот

Преземаме конкретни мерки за заштита и зачувување на природното и културното и наследство на Охрид. Под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје, започнаа предвидените активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

ВМРО-ДПМНЕ треба да му плати 1 денар за клевета и навредa на Димитриевски

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција побара извинување од ВМРО – ДПМНЕ и повика да му го вратат долгот од еден денар. На овој начин тој очекува опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ да покаже колку се почитуваат судските одлуки, а според него домаќинско однесување е да извинат оние кои навредуваат.– Ако после оваа прес – конференција нема извинување од страна на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател на општинскиот комитет за последните обвинуваања ќе мора да се видиме повторно на суд за да се утврди вистината, рече Димитриевски. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

23042021_AMS_Mojsovski_pres-konferencija-1

Наумче Мојсовски: 3 милиони евра за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти во услови на КОВИД-19

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за континуираното вложување и обезбедување услови за квалитетни спортски можности од страна на АМС и Владата.На прес-конференцијата Мојсовски информираше подетално за одлуката на Владата да одобри 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од програмите за ковид мерките за спортистите и спортските федерации за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на директорот Наумче Мојсовски:„Задоволство ми е што денеска од тука, од Владата на Република Северна Македонија имам можност да зборувам за поддршка на спортот и спортските работници.184,5 милиони денари, односно 3 милиони евра , пари од државниот буџет ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти досега добиле спортски ваучер. Ова е бројот на субјекти кои се опфатени со оваа мерка. Средствата од Буџетот на Република Северна Македонија, се дел од програмите за справување со последиците од КОВИД-19 кризата. Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето заради коронавирусот и финансиска поддршка на спортските чинители во државата е еднакво потребна.Со оваа владина одлука, усвоена на 65-тата седница, на наменските сметки на спортските субјекти на кои им се издадени ваучери за 2021 година, ќе им бидат уплатени најмногу до 30% од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена во официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.Процедурата е едноставна и брза. Управата за јавни приходи до Агенцијата за млади и спорт, ќе достави листа на спортски субјекти кои се корисници на спортскиот ваучер и кои имаат поднесено и одобрено барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти.Веднаш потоа, Агенцијата за млади и спорт ќе изврши евалуација на листата и до УЈП ќе достави листа на спортски субјекти и износ за користење на остатокот од ваучерот кој им издаден за 2021 година, по што конечната листа ќе биде доставена до Генералниот секретаријат на Владата и ќе следува исплатата.Драги спортисти и вљубеници во спортот, Владата и Агенцијата за млади и спорт, континуирано вложуваат во спортот, со што се создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти.Тука сме со поддршка и сега, во време на пандемија, да направиме сѐ за да овозможиме развој, поголем простор и повеќе средства за нови спортисти и рекреативци. Ветивме дека спортот ќе го добие своето заслужено место и поддршка и тоа го остваруваме.И во време на здравствена и економска криза, силно сме посветени на изнаоѓање решенија со коишто спортот и сите спортски работници, во континуитет ќе бидат поддржани со цел да може да функционираат непречено.“Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

23-04-2021-Mitreski

Митрески: Според програмата за имунизација на населението, денеска се одвива вакцинација на пратениците, граѓаните кои се повикани да го искористат терминот и да се вакцинираат

Денеска според протоколот и програмата за вакцинирање на населението, покана добивме сите пратеници од сите пратенички групи да се јавиме во определено време во текот на денешниов ден за да го завршиме процесот на вакцинација на пратениците. Знаете дека пред десетина дена заврши процесот на вакцинација на собраниските служби, денеска по покана на здравствените власти како пратеници се појавивме, другите во текот на денот ќе се појават, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.Митрески додаде:Можам да кажам дека процесот на вакцинација се одвива одлично, гледам одлична организација. Од она што го имам како информација, здравствените власти вакцините дополнително како што доаѓаат и како што се набавуваат количините така ќе бидат повикани граѓаните. Сакам да ја искористам приликата, сите граѓани да се појават во времето во кое ќе бидат повикани за што поуспешно и подобро го завршиме овој процес во интерес на здравјето на сите граѓани на нашата земја.Пратеникот одговараше и на новинарски прашања:Прашање: Дали по она во неделата и оние поделби неколку месеци, дали ќе биде ова вакцинација на помирување повеќе да не гледаме дека не може да се присуствува, дека се откажуваат седници?Јован Митрески: Оваа вакцина според информациите коишто ги имам се однесува за друго, но се надевам дека ќе помогне и во тој процес за да излеземе заедно од кризата којашто се случува во Собранието со единствена цел да работиме во интерес на граѓаните и на оние којшто не избрале.Прашање: Какво е расположението меѓу пратениците од владејачкото мнозинство за да ја примат вакцината со оглед на тоа што господинот Талат Џафери рече дека сите се ставени на список, од вашата партија колку има заинтересирани?Јован Митрески: Од нашата пратеничка група сите пратеници денеска се тука присутни, прават консултации и со лекарите и со сите здравствени работници кој се тука во смисла на тоа кои се тие коишто го прележале вирусот дали треба да примат денес вакцина или треба да одложат за следен период со оглед на тоа што не знам како ги кажуваат стручно имаат одреден број на антитела . Од информациите што ги имам од другите пратенички групи дека ќе се појават сите пратеници со истите консултации, знам дека и другите пратенички групи ќе се појават исто така во текот на денот и ќе го завршат процесот на вакцинација или ќе го почнат со оглед на тоа што треба да има и втора вакцина во следниот период.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

marija

Потресно сведоштво: Мојата сестра пред да почине, пушти две солзи–една за нероденото дете, друга за најмилите

„Ние бевме две срца, а иста душа. Таа беше мојата кротка убавица, на која можев да се потпрам за сѐ. Мојата хероина, весела и полна со живот. Од малечка ми беше поддршка, ми ја подаваше топлата рака да ја споделам радоста или да ми биде како утеха. Бевме едно, врзани и испреплетени на свој начин“. На овој начин Марија Дојчиновска Спасовска ја опишува својата сестра Ирена, која ја изгуби битката со короната. По 40 дена борба за живот, почина на 16 декември 2020 година. Ја погребаа на 18 декември, денот кога требаше да го прослави 40-от роденден, објави zenskimagazin.mk.Ирена Дојчиновска Милошевска, дипломирана медицинска сестра, работеше во ЈЗУ Спец.болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје. Со појавата на ковид пандемијата меѓу првите го облече скафандерот. Застана на првите редови од фронтот во борба со „невидливиот непријател“. Колегите ја опишуваат како голем човек, секогаш позитивна и насмеана. Никогаш работата не и била оптоварување, туку радост и предизвик. Пациентите ја обожавале. Со својата грижа и насмевка им била мелем на болната душа. Иако имала финансии, да се откаже од работата и да се посвети на потомството, одбила тоа да го стори, без да размислува за своето здравје.Женски магазин: Лани, во овој период пандемијата почна да го зема својот прв замав. Се појави ли страв кај вашата сестра за своето здравје, се пожали ли на исцрпеност од работата?- Со појавата на пандемијата, болест за која тогаш многу малку се знаеше, нормално беше да се јави прикриен страв кај сите. Но, некој мораше да се грижи за болните. Ирена, која многу ја сакаше својата професија и поседуваше големо знаење, а истовремено беше и многу храбра меѓу првите го облече скафандерот. Застана на првите редови од фронтот во борба со „невидливиот непријател“. Вложуваше сѐ од себе да им помогне на пациентите кои беа позитивни на ковид. Не се плашеше да им се доближи и да ги допре со визирот на глава, за да ги утеши и да им даде надеж дека прават сé за да оздрават. Беше среќна кога со колегите ќе излекуваа пациент. Еден ден ми се јави и ми рече „Марија, многу сум среќна, баба од 90 години оздраве од ковид.“ Иако имаше можност да се префрли во друга клиника, одбиваше. До последен ден остана да се грижи за стари, изнемоштени пациенти. Тоа се случи и за време на пандемијата. Беше личност која никогаш не покажа слабост. Колку да ѝ беше тешко, тоа не го искажуваше. Ниту пак сакаше да се откаже од намерата да помогне, тогаш и таму каде што е најпотребно.До последен миг велеше дека ќе оздравиЖенски магазин: На кој начин ве извести дека има ковид? Веруваше ли дека ќе ја добие борбата?- Нејзиниот карактер беше таков, да ги поштеди најмилите и секогаш да ги истакнува само убавите работи. На многу смирен начин нѐ извести дека е позитивна. Само рече: „Тоа е.“ И се насмевна, само за да не внесе немир и паника во семејството. Беше многу храбра, а таа нејзина особина беше највидлива кога лежеше во болница. Единствена комуникација со неа ни беше телефонот. Секое утро преку камера ќе ни мавнеше и ќе ни кажеше: „Добра сум.“ Иако здравствената состојба ѝ се влошувала и знаела дека животот ѝ е во опасност, не покажа слабост и секогаш нѐ охрабруваше дека сé ќе заврши добро, само за да не ни нанесе болка.Женски магазин: Кога последен пат се слушнавте и што ви кажа?- Се слушнавме два дена пред кобниот ден. Се видовме на камера, ѝ пратив фотографии од децата и си кажавме една на друга колку се сакаме. Во текот на разговорот ја сврте камерата, само за да не ја видам со солзи. Кога ситуацијата стана критична и итно требаше да ја префрлат во одделот за интензивна нега, со неа беше сопругот. Успеа да собере сила и да им се јави на родителите. На мајка ми ѝ рекла: „Добра сум, мамо.“, само за да не ја загрижи. Потоа се јавил татко ми и успеал да ѝ каже само „Бори се, Ирена, заради тато!“ А таа му возвратила: „Добро, ќе се борам, тато.“ Дента пред да почине, во нејзината соба влегол болничарот, нејзин пријател. Ја послужил со вода. Во еден момент забележал две солзи на нејзиното лице. По кратко време, засекогаш ги затвори очите. Почина на 16 декември, од постковид компликациии. Доби тешка пневмонија, со која храбро се бореше 40 дена.Ја погребавме на 18 декември, на денот на нејзиниот 40 роденден. И покрај пандемијата, на погребот дојдоа многу луѓе, нејзини пријатели, колеги. Гробот ѝ беше покриен со многу цвеќиња. Како рајска градина.Женски магазин: Каде Ирена остана недоречена, неисполнета? Што најмногу посакуваше да ѝ донесе иднината?- Сестра ми беше полна со живот, енергија, имаше многу желби кои веруваше дека ќе ѝ се остварат. Ирена беше жена борец, голема другарка. Имаше искрена и чиста душа. Желба ѝ беше да стане мајка. Професионално планираше да се запише на постдипломски студии. Сакаше да се надоградува во работата, да патува и да го живее животот како што само таа умееше. Кога болничарот ни кажа што се случило пред да нé напушти засекогаш, знаев за кого беа наменети двете солзи. Едната за нероденото дете, другата за најблиските.Текстот во целост на: zenskimagazin.mk. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Џафери ги пријавил сите 120 пратеници да се вакцинираат: Нели дел беа заразени и имаат антитела?

Џафери нема информации колку од нив ќе се вакцинираат. Тој испратил целосен список и секој од пратениците си добил термин, а колку од нив ќе се појават, како што вели, е нивна одлука. Во салата А1 Арена во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје утрово почна вакцинацијата на пратениците. Тие, како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, се имунизираат со вакцината „Спутник В“.„Денеска како дел од вработени во критична инфраструктура ќе се вакцинираат пратениците и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат. Ќе ја примаат вакцината на ’Спутник‘ и денеска процесот е организиран во три групи. Паралелно со нив, во салата тече и вакцинацијата на постарите граѓани над 73 години“, рече Филипче.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува дека по имунизацијата понатаму и со втората доза, работата на законодавниот дом да се врати во нормала.„По втората доза која ќе ја земат ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието и се надевам од втора половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието секако почитувајќи ги и понатаму одлуките и протоколите“, вели Џафери.Тој нема информации колкав е интересот кај пратениците односно колку од нив ќе се вакцинираат. Како што рече, тој испратил целосен список и секој од пратениците си добил порака и термин во која група и на кој пункт треба да се вакцинира.„Нивна одлука е кој ќе дојде. Сите се предвидени, а кој како ќе одлучи е нивно“, вели Џафери.

Македонија | пред 5 години

zaev-paunovski

ФОТО: Пауновски го сметаат за херој, откако му „покажа“ заби на Заев

Откако се разгоре огнот меѓу премиерот Зоран Заев и директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски за „рамковните вработени“, почнаа и коментарите на социјалните мрежи. Критики за премиерот и пофалби за Пауновски е досегашниот епилог.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 „рамковно вработени“, кои на инспекторатот му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како дел од К-5 програмата, со која овие вработени кои со години земаа плата, а не одеа на работа, беа распределени по државни институции и по општини. Премиерот Заев му порачува да не биде толку гласен и да го спроведува она што е договорено.Еве ги коментарите на „Твитер“:https://twitter.com/v1adimir7/status/1385511093175455745https://twitter.com/Vlatko_Werder/status/1385510184211058690https://twitter.com/Emmyllija/status/1385508956597014528https://twitter.com/voyoob2/status/1385503252993687553https://twitter.com/voyoob2/status/1385487126096121863https://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/1385316115996418048https://twitter.com/erbaphostapler/status/1385296428919054338https://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/1385295556671586306https://twitter.com/LazhenProfil/status/1385282405402038278https://twitter.com/MaterPatriae/status/1385504399485718537

Македонија | пред 5 години

stojko-paunovski

Стојко му покажа заби на Заев за „рамковните“: Ако не ме разбра, нека ме разреши

Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој не сака да прими 35 рамковни вработувања што му биле прераспределени, затоа што не ги исполнуваат условите за пополнување потребни работни позиции.По изјавата на Пауновски дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 административци од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, премиерот Зоран Заев вчера му рече да не прави отпор.Повеќе на сдк.мк

Македонија | пред 5 години

rocista

Одложена главната расправа за „Моќник“ поради смртен случај во семејството нa еден од обвинетите

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека главната расправа по предметот познат како „Моќник“ насрочена за денеска се одлага поради смртен случај во семејството нa еден од обвинетите.Следното рочиште е закажано за 17. мај.За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено информирани, соопшти основниот кривичен суд Скопје.Во случајот „Моќник“ се обвинети пратеникот Антонијо Милошоски и уште 12 лица. Милошоски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за измама. Прво и второобвинети во случајот се таткото на пратеникот Милош Милошоски и ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески. Меѓу обвинетите има и членови на некогашната Лустрациска комисија.Според обвинението, Милошоски се товари дека како пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.„Во текот на 2011 година прво и второобвинетиот заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист, ги довеле во заблуда советниците во Советот на Општина Македонски Брод со лажно прикажување и со прикривање факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување недвижен имот за кој советниците сметале дека е поранешниот задружен дом, а всушност одобриле отуѓување зграда со корисна површина од 157 м2 со дворно место од 3.920 м2 во с. Ижишта, општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од Обвинителството“, стои во обвинителниот акт.

Македонија | пред 5 години

penzija

Етапната исплата на априлските пензии почнува од понеделник

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии.Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда); за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април(понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Министерството потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Македонија | пред 5 години

senat-grbovikj

Уште еден доктор ја загуби битката со коронавирусот

Починатиот 53-годишен лекар Сенат Грбовиќ од јануари годинава работел во приватната лабораторија „Биотек“. Тој денес почина како последица од Ковид– 19. Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, вели дека Грбовиќ си заминал од кај нив поради подобри услови.„Грбовиќ беше исклучителен лекар. Постојано напредуваше. Кај нас беше вработен до јануари годинава. Побара да си оди оти му дале поголема плати и подобри услови. Тој е еден од ретките кој врати пари од специјализацијата. Специјализираше биохемија и минатата година, побара од Итна помош да го префрлиме во лабораторија. Без двоумење му го исполнивме барањето оти беше навистина добар лекар. Стана раководител на биохемија во Јане Сандански. Околу шест месеци остана таму и во јануари не извести дека сака да си оди. ’Биотек’ ни го украде, му даде поголема плата“, вели Исјановски за „А1он“.Во Итната помош во Скопје останала да работи сопругата на починатиот лекар.Колегите на Грбовиќ денес на социјалните мрежи се збогуваат од него, а веста дека вирусот Ковид – 19 однел уште еден лекар ја објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.извор: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени, соопшти УХМР.Во Скопје облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне 15 степени.И в сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови, особено во југозападните и јужните делови од земјава. Дневната температура дополнително ќе се намали, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Министерството за здравство соопшти дека утре во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид-имунизација.Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот. На 14 овој месец беа вакцинирани собраниските служби.„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, во согласност со Националната стратегија, таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.Во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови во државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела, со доаѓањето нови дози вакцини, ќе има измена на приоретизацијата и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.Министерството за здравство апелира до граѓаните што сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk

Македонија | пред 5 години

Susica_04222021002

(ФОТО) Се уредува дел од коритото на реката Сушица

Општина Охрид со поддршка на проектот на ГИЗ – Адаптација кон климатските промени и управување со ризикот од поплави во Дримскиот слив, ја реализира адаптивната мерка за заштита од поплави, уредување на дел од коритото на реката Сушица, со цел зголемување на неговата пропустна моќ. Согласно проектот, ќе се изврши чистење на депонираниот отпад на бреговите на реката, како и чистење на речното корито, со хортикултурно уредување на просторот.извор: ohrid.gov.mk

Македонија | пред 5 години

blato1-1024x1184

Го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја

Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид ги заврши активностите за изградба на екотуристичка инфраструктура во блатото и неговата околина. Изградена е набљудувачница за птици,видиковци за одмор иинформативни знаци.Изградената инфраструктура ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се запали камион во Автокоманда

Скопските пожарникари вечерва интервенираа во населбата Автокоманда каде се запалил камион, објави 24 Инфо.Пожарот е локализиран, но од Противпоарната бригада уште се на терен и немаат информации за опожареното возило и причините за опожарувањето.фото: 24 Инфо.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања