Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Naum-Stoilkovski-24.04

Стоилковски: Златко Марин на тендери купува сијалица за 48.000 денари, 10 за 480.000, додека граѓаните седат затворени во полициски час!

Нема крај на арамилакот на мафијата на власт среде најголемата здравствена, економска, општествена криза во Македонија. Мафијата нема срам ниту кочница. Без усул се зема од државата и од буџетите на општините, додека народот станува се посиромашен, без заштита и без работа. Златко Марин градоначалникот на Аеродром од СДСМ, е пример за тоа како се однесува СДСМ, Марин е пример за лукративноста на мафијата на власт во време кога веќе втора година е вонредна состојба! Златко Марин, според објавените документи, прави општински набавки на производи по десеткратно поголеми цени и тоа во малопродажба, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Документите кои што излегуваат во јавноста за набавките и тендерите на Златко Марин ги минуваат сите граници на пристојност.На пример, Златко Марин плаќа една ЛЕД сијалица за улично осветлување - за 48.000 денари! Внимавајте, сијалица - 48.000 денари, една! Само со едно брзо пребарување на интернет, лед сијалици за улично осветлување со истите карактеристики за кои што Марин плаќа 48.000 денари може да се најдат за 2,3,4, па еве и 5.000 денари. Колку овие 48.000 денари за сијалица се неверојатни, колку овие 800 евра за сијалица се набилдани, покажува и споредбата дека бандерата, столбот од 4 метри, со сите карактеристики и потреби за на неа да се стави сијалицата од 800 евра - чини 15.000 помалку, односно 33.000 денари. Бандера, 33.000, сијалица 48.000 денари.Одиме понатаму, Златко Марин набавува обрач за кош! Само обрач, без табла, без мрежа - обрач за кош, без сите оние други елементи за да можат да играат деца. И за него плаќа 15.000 денари, точно 14.900 денаеи! Златко Марин, професор по физичко, набавува обрач за кош за 15.000 општински денари. Во време на епидемија, луѓето кога се оставени без заштита, седат затворени во полициски час, а тој дава 250 евра за еден обрач, а во продавница обрачи за кош се продаваат за 4.000 денари. Значи не на тендер, туку во продавница, во малопродажба.Одиме понатаму, Златко Марин со пари од Општина Аеродром плаќа метална чешма за пиење вода за 65.000 денари! Над 1.000 евра за една чешма. Славина, вели замена на оштетена славина со таканаречена цуцла, со механизам за затворање односно „копче на притискање“ тоа чини 7.000 денари. Само за отворање на вентилите на чешми наплаќа 6.600 денари! Отворање на вентил 6.600 денари. 65.000 денари чешма, отворање вентил 6.600 денари, славина со копче 7.000 денари! И така натаму, и така натаму. Сешто може да се најде во набавките на Златко Марин со Буџетот на Општина Аеродром.Ова е срамно. СДСМ нема ден да не е некој нејзин функционер фатен во криминален скандал. Златко Марин само пред некој месец беше фатен како се обидува да поткупи медиуми и новинари под превезот на наградна игра, што беше осудено од јавноста и од новинарско медиумските организации.Ова е недозволиво, ова е нечовечки, Златко Марин на тендери да купува сијалица за 48.000 денари, 10 за 480.000 денари, додека граѓаните седат затворени во полициски час!Оттука, уште што треба да се случи за институциите да почнат да си ја работат работата?По смената на власта во Аеродром, сите овие набавки ќе одат на ревизија, одговорност ќе има, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.Стоилковски на денешната прес конференција одговараше и на новинарски прашања. На прашањето, да даде коментар во врска со најавата за укинување на печатени учебници, односно со дигитализација на учебниците, Стоилковски истакна:- Лажните социјалдемократи, во функција на мафијата на власт си го покажуваат вистинското надмено лице. Вистината е дека нови учебници нема со години, а мафијата на власт сега ги укинува бесплатните учебници! Уште потрагично е што без решение за сегашната ситуација, актуелната со онлајн настава се оние 10% од учениците, односно 25.000 деца сега не следат настава, а по се изгледа вака како што тргнало мафијата на власт го укинува, односно би требало да го укине и законот за задолжително образование! Новата милионерка смета дека тие што немаат - нема потреба ниту да учат. 25.000 деца сега се исклучени од настава заради немање на компјутери, речиси една третина од нив немаат ниту струја дома!Ама Мила Царовска ја докажува својата неспособност за грижа и сочувство за оние кои што немаат.Мила Царовска не мисли на нив туку ги правда буџетските тендери за нејзиниот партнер во домот, истакна Стоилковски.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Приведен крадец од Велес, фатен при извршување тешка кражба во возило

На 23.04.2021 во 04.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

inspektorat-1

Разрешени инспектори - дајте им ги клучевите од државата на ДУИ, толку беше, коментираат на социјалните мрежи

Просветниот инспектор кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ - разрешен.Овој сега затоа што не сака да вработи рамковки џабелебари во ионака преполна администрација - разрешен.Дајте им ги клучевите од државата на ДУИ. Толку беше, се вели во објава на Инстаграм.

Македонија | пред 5 години

crn-drim

Нивото на котата на Охридското Езеро ќе се мери на радарски принцип

Деновиве од наша страна е поставена една од најмодерните автоматски хидрометеоролошки станици на Балканот. На кратко да доловам: Котата на Охридското Езеро преставува еден од основните параметри за бaлансирање на производството на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Со цел осовроменување на овој процес инсталирана е автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридското Езеро, а се мерат уште 30 директни и 15 индиректни метролошки параматри (количина на врнежи, снег, температура на водата, темпрература на воздухот, испарување, ветар и друго), потребни за хидролошки анализи, напиша на својот ФБ профил Коркут Сашо, директор на подружницата ХЕС “Црн Дрим” Струга.Иаку станицата е од германскиот производител ОТТ и преставува најсовремен тип на хидрометролошка станица, единствена не само во Македонија туку и во целиот Балкан. Мерењето на параметрите е на радарски принцип.Заради транспарентност и во интерес на граѓаните, поставени се две информативни табли (дисплеи) за приказ на нивото на водата во Охридското Езеро, темепратура на водата во езерото и температура на воздухот. Овие табли се поставени на Управната зграда на ХЕС Црн Дрим во Струга и зградата од Министерството за одбрана во близина на истеткот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Ажурирањето на податоците е автоматски од мерењата на хидрометролошката станица на секои 15 минути.Сакам јавно да се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој проект, ќе продолжиме и понатаму во интерес на стружани!фото: ФБ Коркут Сашо

Македонија | пред 5 години

gruevski-mala

СДСМ: Зад утрешните протести стои Груевски, Мицкоски е само негов извршител

Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој, велат од владејачката СДСМ.Според нив, утрешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на осудени лица за тероризам покажуваат дека Христијан Мицкоски е само потрчко, извршител на желбите на Груевски.„Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека и покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научил лекцијата и не сфатил дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Македонија на големо се кршат работничките права - над 80.000 поплаки за неисплатени плати и откази

Или се неисплатени плати или откази без постапки, дури 80.000 поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати, потврдуваат оттаму. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски вели дека кај повеќето имало некоја интервенција и контакт со инвеститорот. Има поплаки и за исплата на плати под минималецот-Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот инспекторат за труд. Се постапува, редовно не известуваат, добиваме каде се врачени решенија и каде се исплатени глоби. Најголем дел од работниците со тие решенија се вратени на работа, онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува бесплатна правна помош, ги застапува пред судовите за да докажат дека им се нарушени тие работнички права, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.Во периодот од јануари и март 2021 година, Државниот инспекторат за труд направил 3.738 надзори по претстваки пријавени од граѓани кои што сметаат дека им е повредено одредено право од работен однос или право од заштита и безбедност при работа. Покрај овие вонредни надзори, има 541 контолен надзор, и 267 редовни надзори.Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, подржани од Меѓународната организација за труд и Европската Унија, во изминатиот период работеле на креирање на апликација преку која граѓаните на брз и едноставен начин, преку своите мобилни телефони ќе добијат директна информација за своите права, и можност за пријавување случаи кога се прекршуваат законите. Станува збор за мобилна апликација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: БРТ ќе придонесе за позелено, попаметно и похумано Скопје

Висококвалитетниот јавен превоз е насушна потреба на скопјани веќе со децении, а на таа потреба Град Скопје одговара со воведување систем за брз автобуски превоз (БРТ) со што Скопје станува позелено, подинамично и попаметно, вели градоначалникот Петре Шилегов, во колумна за „Слободен печат“.- Како да не бидеме горди што Скопје е првиот град во овој дел од Европа кој воведува БРТ (Bus Rapid Transit) систем? Тоа е успех не само за градот, туку и за целата наша држава. Европската банка за обнова и развој го промовира овој проект како зелен проект, во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година. БРТ е токму она што на нашиот главен град веќе со децении му недостасува - сообраќајно решение за намалување на градскиот метеж, чекањето на семафори и аерозагадувањето. Новите енергетски ефикасни автобуси обезбедуваат поквалитетни и почисти услуги кои значително ги намалуваат емисиите на аерозагадувачи. Подобриот јавен транспорт значи зголемување на бројот на патници, а намалување на употребата на приватни возила. Помалку возила значи помал сообраќаен метеж и помалку аерозагадување од сообраќајот. Токму затоа БРТ се промовира како зелен проект од ЕБОР, а Град Скопје добива признание за спроведување на еколошки политики. Со БРТ Скопје ќе продолжи да паѓа на листите на аерозагадување, каде што беше на највисоки места кога властите спроведуваа нездрави сообраќајни политики – стимулирање увоз на загадувачи и криминални набавки на 200 двокатни дизелаши кои годишно трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку МАН-овите на CNG – пишува Шилегов.Со БРТ, објаснува понатаму Шилегов, се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси - од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.- Модерниот БРТ систем овозможува траса физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот. Со тоа, транспортот на патници станува максимално ефикасен и побрз, овозможувајќи им да стигнат од еден до друг крај на Скопје за само 35 минути. Тоа значи 35 минути не само од Ѓорче до Ново Лисиче и обратно, туку и од Ѓорче до Бутел и од Пинтија до Ѓорче, со менување на линијата во центар, со иста карта. Зголемувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје.Затоа што во повеќето случаи БРТ автобусите се побрз начин на транспорт од приватните автомобили. Според првичните проценки, вкупниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса е околу 65 илјади луѓе дневно, или околу 24 милиони патници годишно. Целиот систем за новиот јавен транспорт ќе биде дигитализиран. Паметниот систем на регулирање на сообраќајот го намалува времето меѓу две БРТ станици. Компјутерскиот чип во автобусот им сигнализира на сензорите на патот, кои ги предупредуваат патниците на следната станица дали автобусот пристига навреме. Преку „при-пејд“ системот на билети ќе може да се купи единствена карта за еден час и да се користи во останатиот систем на ЈСП и БРТ, кој ќе биде интегриран во системот на јавен транспорт. Издигнатите платформи овозможуваат побрзо влегување и излегување од автобусите кои се движат по свои ленти, што ја зголемува брзината и безбедноста на транспортот – вели Шилегов.Градоначалникот е убеден дека брзиот автобуски превоз на двата коридора ќе значи поквалитетен живот за скопјани - за средношколците, зашто БРТ линиите ги поврзуваат повеќето скопски средни училишта; за студентите, зашто двата коридора на БРТ ги поврзуваат повеќето факултети во Скопје; за пензионерите кои сакаат да испазарат, зашто двете траси ги поврзуваат повеќето пазари и трговски центри; за малите бизниси кои гравитираат околу двата коридора, зашто БРТ значи поефикасно водење бизнис, а намалувањето на времето на транспорт и намалувањето на градскиот метеж значи поефикасно работење и поуспешен бизнис.- Кога е нешто добро, треба да се каже дека е добро. Започнувањето на реализацијата на БРТ проектот е историски ден за Скопје и скопјани. БРТ ќе биде костурот на јавниот транспорт во Скопје во наредните 100 години. Реализацијата на целиот проект изнесува околу 70 милиони евра - една десетина од вкупната сума од околу 700 милиони евра потрошена на „Скопје 2014“. Претходниот градоначалник на Скопје имал обид да донесе трамвај по истата траса на која денес работиме. Само трасата од Ново Лисиче до Ѓорче би чинела 150 милиони евра. За среќа, не успеа, зашто е прескапо. Затоа, кога е нешто добро, треба да се каже дека е добро. ДПМНЕ работеле на нешто што чини 150 милиони евра само за една траса, а ние работиме на нешто што чини 70 милиони евра за две траси. Како може да им е во ред трамвај за 150 милиони евра во еден правец, а да не им е во ред БРТ за 70 милиони евра во два правци? И зошто, најпосле, не го изградија трамвајот кој им остана пуста желба, додека имаа мнозинство во Советот во Скопје повеќе од две децении? Криво ми е што ДПМНЕ не успева да препознае што е добро за градските политики. БРТ е добро за Скопје и скопјани. Со БРТ, како модерна алтернатива на трамвајот, градот ќе се движи побрзо напред. Со брзиот автобуски превоз, Скопје добива посовремен, похуман, позелен, подинамичен и побезбеден транспорт, по мерка на граѓаните – заклучува Шилегов, во својата колумна.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

skopje-1

35лица не го почитувале полицискиот час, 513 лица се казнети за неносење маска

Од 20.00 часот (23.04.2021) до 05.00 часот (24.04.2021) констатирано е дека 35 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (23/24.04.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

raskovski34

ВМРО ДПМНЕ: Дали Рашковски тргувал со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители, колку судии и обвинители се плод на измама?

Во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители. Што бараат прашањата за судии и обвинители кај Рашковски?Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, а каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Во јавноста се појавија низа сомнежи кога дел од кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители имаа 100 од вкупно 100 можни поени на испитот.Самиот факт што сега прашањата се најдени во кабинетот на Рашковски фрла дамка врз целиот процес и ЈО треба во целост да го испита претходните неколку конкурси, кои се спроведувани додека Рашковски бил на функција.Постои сериозна опасност за нарушување на кредибилитетот на идните судии и обвинители, и ЈО мора да реагира.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kuce

(Вознемирувачко ФОТО) Кученце обесено на дрво во Демир Капија, се бара монтрумот кој го сторил ова!

За тој сто го направил ова нема да употребам друг збор освен да го нарецам" МОНСТРУМ". После оваа страсна глетка која денес ја видов во насата Демир Капија е стварно загризувачки и овој случај не е за да се премолчи и да се прекрие под тепих. Бидејки тој што го сторил ова е опасен не само за животните, туку и за околината,бидеќи овој монструм кој го направил ова може да посегне и по други животни, а исто и по нечии живот,бидејки ова е убиство со умисла, се вели во објавата на Маја Пандова.Таа во објавата додава:Монструмот мора да биде пронајден и да одговара пред законот и да се поднесе кривична пријава против него. Пријавено до сите надлежни инспектори за заштита на живитните известена е и полицијата.Овој случај не завршува тука. Овој пат одам до крај. Со мојот тим ќе се бориме се додека не видам дека има кривична пријава за овој бездушник кој ќе одговара. Кој и да си ќе те пронајдат верувај. Слуцајот е предаден.Секоја подрѓка многу би ни знацела, се вели во објавата на ФБ.Од срце за животните.извор: ФБ Маја Пандова

Македонија | пред 5 години

tepacka-1

(ВИДЕО) Неможеле да се разминат на улица во Кисела Вода па си разменаа боксови

Жална и тажна Општина Кисела Вода луѓе се тепаат по улици бидејќи неможат да се разминат на улиците од паркирани возила од причина што нема паркинг. Ова е сликата за Расадник ужас без крај, се вели во објава на ФБ. извор: ФБ

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Реконструкција на дел од улицата „Богомилска“ во Охрид

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, на 24.04.2021 година (сабота) ќе отпочне со градежни активности за реконструкција на дел од ул. „Богомилска“ на потегот од јавната чешма кај стамбените згради до крстосницата со „Булевар Туристичка“. Градежните активности ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга .Се молат сите учесници во сообраќајот и станарите да ги отстранат паркираните возила и да ја зголемат внимателноста заради безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на активностите.

Македонија | пред 5 години

kosta-ambasador-2

Георгиески се сретна со амбасадорот на Австрија: Изразивме подготвеност за зацврстување на пријателските односи

Денеска се сретнав со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас и неговиот асистент Александар Палмер. Амбасадорот Вуцас го запознав со тековните проекти во општина Охрид како и постапките и динамиката при нивно реализирање. Општина Охрид по навистина долга пауза ја посетува Австриски амбасадор и на мое големо задоволство и двајцата изразивме подготвеност за зацврстување на пријателските односи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски од Будимпешта повика на протестот во недела во Скопје

Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан. Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години, напиша на својот ФБ профил екс премиерот Никола Грувески.Тој во објавата додава:На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот.Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ.А зошто?За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење.За да го држат народот во страв кој гледајќи како со леснотија се апси, притвора и се делат казни по 10-15 години затвор на видни лица и авторитети во државата, да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен грабеж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ.извор: ФБ Никола Груевски

Македонија | пред 5 години

grubi-nikolovski-paunovski

Николовски и Груби „плачат“ од Пауновски: Ако не ни ги почитува одлуките, предвидено е разрешување

Со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата владина седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните. Согласно Законот за преземање административни службеници, 1.349 вработени според програмата за правична застапеност конечно се распределуваат на конкретни работни задачи во вкупно 237 институции. Тоа не се нови вработувања туку станува збор за решение со кое државата конечно обезбеди конкретни ангажмани за вработени лица кои со години беа причина за незадоволство кај јавноста од една страна, а кои во исто време не добиваа никакви работни задачи од институциите, од друга страна.Спроведувањето на решението е распределено хоризонтално и солидарно со вклученост на дури 237 институции и до сега ниту една не одбила да учествува во решението, туку се барале модалитети и начини истото да се спроведе.Процесот е започнат и досега се распоредени 635 лица кои имаат конкретни ангажмани, за конкретна јавна служба и кои конечно се внесени во систем на оценување и мерење на нивниот ангажман.Од почетокот на следниот месец, започнува распоредувањето на друга група по утврдениот план и тоа: 18 во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар. Исто така, 143 се во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР, а 101 во УЈП. Од вкупната бројка на лица што се распоредуваат, 1.182 прифатиле распределување, 38 одбиле и се на трансфер листа, 13 самите дале отказ, а останатите ги исполниле условите за старосна пензија. Според овие податоци, успешноста на планот е речиси 90 проценти.Вработените се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува. Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии, и согласно Планот, по распределбата во конкретните институции, нивната работа ќе биде оценувана според критериумите на мерит системот.Административните службеници кои се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадри кои ги имаат институциите, како на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите.Побарувањата за нови вработувања одат низ засебна, целосно одвоена процедура врз која никако не влијаат овие распоредувања.Согласно тоа, Владата на 43-тата седница има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено Министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат. Станува збор за нови вработувања кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност.Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на различни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок.Затоа, не треба да се манипулира јавноста дека ова распоредување кое е согласно усвоен закон и согласно одлуки на Владата, ја заменува потребата од нови кадри.За секое несогласување околу владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми истото да се оствари низ институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата. Воедно, ја известуваме јавноста дека премиерот Заев во текот на вчерашниот ден имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.Со истапувањето од јасно утврдени канали за комуникација во рамките на владините институции експлицитно се прекршува членот 4 и членот 6 од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.Според членот 4 носителите на извршни функции ги вршат своите јавни овластувања и должности согласно Уставот, законот и другите прописи донесени врз основа на закон.Согласно членот 6 носителите на извршни функциите слободно и отворено ги изразуваат ставовите во врска со предложените политики, но солидарно ги поддржуваат владините политики и одлуки откако тие ќе бидат донесени, а во своите јавни настапи политиките ги презентираат во согласност со овој Кодекс.Според членот 10 од Законот за државен пазарен инспекторат, со работите на инспекторат со кој раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија, а според член 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот.Исто така, согласно член 6 од Закон за организација и работа на органите на државна управа самостојниот орган на државната управа, каков што е Државниот пазарен инспекторат, за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија, а во законот се предвидени постапки за непочитување на одлуки на Владата, меѓу кои и предлог за разрешување. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stojko-paunovski

„Случувањата со Ленче и Стојко покажаа дека власта е нетолерантна кон интегритет и професионалност“ вели актерката Спировска

Покрај многуте говна, вчера и денес се издвоија две, особено вознемирувачки кои треба да го запалат алармот кај граѓаните на најјако. Случувањата со Ленче и Стојко покажаа дека власта е нетолерантна кон интегритет и професионалност. А ако тоа доаѓа од млада жена е уште пострашно.Добро, има некој да му каже на Зоќе да не јаде говна? Ама озбилно. Со овие зборови. Премиере ај бе не јади говна.Се извинувам до небо ако повеќе ве вреѓаат говна од едноумие, се вели во ФБ објава.извор: ФБ Симона Спировска

Македонија | пред 5 години

afrim-1

Косово одбива да го испорача Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.На Исмаиловиќ, како и на неговиот брат Агим и на Алил Демири, на 23 февруари оваа година повторно му беше досуден доживотен затвор за масакрот кај Смилковско Езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, добија 15, односно девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Љута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.И Исмаиловиќ и Демири се во бегство уште од убиствата на Велики Четврток, април 2012 година.На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.Според официјалните податоци од македонското Министерство за правда, до сега во период од 8 години испратени се две барања за екстрадиција во кои е содржана и доставена целокупната документација за екстрадиција на бегалците. Испратени се и замолници, но на нив ниту имаат обврска, ниту дале одговор косовските власти.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bitola-prof-tome_naumov

СДК.МК: Академскиот професор Томе Наумов по 39 години стаж отпуштен од работа, отказот му бил соопштен пред студентите

Академскиот професор Томе Наумов од Битола по 39 години професорски стаж е отпуштен од работа во Високата медицинска школа во Битола. Тој се пожали дека незаконски и без негово знаење Школата го одјавила во Агенцијата за вработување откако наполнил 64 години, иако потпишал изјава дека ќе продолжи со предавање до законскиот максимум, односно до 67 години, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.„Се затекнав во една непристојна ситуација во текот на вчерашниот ден, при држење испит пред студентите ми беше соопштено дека сум одјавен во Агенцијата за вработување. Бев вчудоневиден. Надвор од Законот за високо образование сум одјавен во Агенцијата иако исполнувам 64 години. Правото на професорот е со изјава да продолжи до 67 години. Ќе поднесам кривична пријава против директорката, од нејзиното доаѓање институцијата постојано е на суд“, рече проф. Наумов.Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска вели дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.фото: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

zivka-2

Цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов

По повод одбележување на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето во градскиот парк во Охрид. Воедно претседателката Ангелоска им го честита патрониот празник на учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ што годинава се одбележува согласно здравствените протоколи поради пандемијата од КОВИД 19.извор: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Kosta-111

(ВИДЕО) Георгиевски: Сите плажи од Метропол према Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници

„Можеме да се откажеме од надоместок на паркирање, така да излеземе во пресрет. Не сум оптимист во однос на туристичката сезона која претстои. Оваа година исто така пандемијата е далеку од завршување. Досега се дистрибуирани милијарда вакцини, значи за околу 7 милијарди вакцините не се достапни. Минатата сезона беше не така добра сезона, согласно условите. Очекувам домашните туристи да се тука и оваа се зона. Разговараме за тековните проблеми кои ги имаме во текот на летната сезона, како што е плажите, урбаната опрема, Стар Град, разноразните објекти на кејот“, рече Георгиевски кој кажа дека објектите за храна на кејот, од сега ќе има куќарки со довод на топла вода, одвод, а ќе се овозможи со Агенцијата на храна.„Во најскоро време ќе продолжиме со расчистување на крајбрежјето. Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, вели Георгиевски.Градот 20 години, секој градоначалник ветувал катна гаража, вели актуелниот градоначалник Георгиевски и додава дека проектот за катната гаража во Охрид е готов. Се чека одобрение и ќе се спроведе постапка за јавно-приватно партнерство за да се почне реализацијата. Тој потенцира дека крупни проекти се во тек. За директорите на јавните претпријатија, вели дека секогаш може подобро, потенцирајќи дека ни на нив не им е лесно бидејќи јавните претпријатија имаат стари долгови, лоша продуктивност, превработеност.„Препораките на УНЕСКО се и за албанскиот дел од крајбрежјето. Дивоградбите се само дел од комплексниот проблем кој е креиран претходните 40 години. Ние покажавме волја, но не можеме да изрушиме толку колку што луѓето можат да изградат. Другите институции се неми посматрачи. Општината е само една алка во спроведувањето на законите. За ние да постапиме по сите објекти, потребни ни се огромни средства. Овде не е само крајбрежјето. Бесправната градба е бесправна градба и треба подеднакво да се третира. Општината во соработка на општината, треба да има активен тендер од околу 60-70 милиони денари. Општината треба да има урбанистички планови, општината ќе треба да биде поажурна за одобрување на урбанистички планови. Треба на повеќе точки да се делува на проектот“, вели Георгиевски за препораките од УНЕСКО.За реконструкцијата на улиците, Георгиевски вели дека работата на терен оди добро. Се прават и потпорни ѕидови во Стар Град, се спрема постапка за промена на пумпите кај Канео и Александрија. „Улицата ‘Абас Емин’ мислевме ќе ни е најголем проблем, бидејќи долги години никој не се нафаќал да ја работи таа улица, и со право. Станува збор за поставување на фекална, водоводна и атмосферска линија, ископот по цела улица е четири метри. Огромна работа е. Таму работите си зедоа тек, сега сме стигнати до последната третина во поставувањето во подземните делови на канализациите. Добро оди таму. Улицата „Петнаести корпус“ изненадувачки излезе тежок проект се јавија доста имотно-правни спорови. Во носењето на одобрението, тие ги немавме. Експропријации кои се во тек. Инсталациите кои не знаевме дека се присутни. Атмосферската канализација е исто четири метри длабочина. Завршуваме со тие проекти“, додава Георгиевски според кого втората улица ќе е завршена кон 15 јуни и вели дека и реконструкцијата на „Јане Сандански“ оди добро“ вели Константин Георгиевски градоначалник на ОхридТој смета дека проблемот со долговите кои ги има Охрид го стопирале да не може да реализира големи проекти како што е ново школо и градинка.„Нешто што ми е мака што не успеав да го реализирам е прочистителната станица во Трпејца кој е важен проект. Изработен е еден проект од претходната власт но е тежок и несоодветен. Има 57 пумпи кои треба да ја испумпуваат водата. Со тоа треба да се позанимаваме. Мора да изградиме ново школо и градинка. Но, од општина која беше милијарда и шесто кога станав градоначалник, сега сме на 350 милиони стигнати. Не можеш да размислуваш на такви големи инфраструктурни проекти. И реализацијата на овие планови е ваква бидејќи паралелно се раздолжуваме.Интервјуто со градоначалникот Константин Георгиевски  во целот може да го погледнете во продолжение.

Македонија | пред 5 години

inspektorat-1

По најавата на Заев дека ќе го разреши Пауновски, „врие“ во пазарниот инспекторат

Врие во Државниот пазарен инспекторат, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, од владините служби кои се за тоа задолжени. Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот. Тие бараат итно средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе побараат од него да ја преиспита ваквата своја најава за смена на Пауновски, објави Фактор.Фактор објави дека  дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава. Текстот во целост на:  Фактор. 

Македонија | пред 5 години

5m

(ФОТО) Џафери се вакцинираше со „Спутник V“

Пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, вклучително и претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се вакцинираа со вакцината што беше на располагање, односно со „Спутник“.Со градењето на колективниот имунитет, се придонесува кон успешното справување со пандемијата. Тоа е секако заедничка одговорност, и успешноста лежи во масовното вакцинирање. Должност на секој од нас е да придонесе за што поскоро надминување на предизвикот КОВИД - 19, се вели во соопштението од Собранието.фото: Собрание

Македонија | пред 5 години

w_56437755

Денеска починати 33 лица и нови 489 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 155, Битола - 52, Куманово - 47, Прилеп – 27, Струмица - 25, Охрид – 21, Тетово и Велес – по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница – по 10, Гостивар и Струга – по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Валандово – 2, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани се 905 оздравени пациенти од:Скопје – 375, Охрид – 92, Битола – 70, Куманово – 66, Велес – 35, Гостивар – 34, Штип – 27, Тетово – 26, Струга – 21, Струмица и Кочани – по 20, Прилеп – 19, Гевгелија и Валандово – по 16, Кичево – 12, Ресен – 8, Радовиш и Свети Николе – по 7, Берово и Делчево – по 5, Виница, Богданци, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кавадарци и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.Пријавени се вкупно 33 починати лица: 15 од Скопје (47г , 52г , 56г , 63г , 68г , 68г, 70г, 77г , 78г , 84г ,84г, 84г, 84г, 85г и 91г), 5 од Прилеп ( 59г, 68г, 75г, 78г и 87г), 3 од Охрид ( 74г, 76г и 87г ), по 2 од Куманово ( 56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по 1 починат е пријавен од Битола (65г), Гостивар (81г), Штип (80г), Свети Николе (67г), Кавадарци (80г) и Демир Хисар (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.Направени се 2.841 тестови преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–6, МАНУ-126, Жан Митрев (Филип Втори)-129, Авицена-333, Биотек-423, Систина-203, лабораторија Лаор-210, Синлаб - 32, Ремедика-39, Плодност – 35, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 595.Досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66248, активни 7968Куманово 8293, активни 1204Прилеп 8039, активни 892Тетово 7011, активни 646Битола 5968, активни 1205Велес 5299, активни 635Гостивар 5055, активни 425Кавадарци 5052, активни 480Штип 4825, активни 442Охрид 4814, активни 751Струмица 3901, активни 558Струга 2901, активни 208Кочани 2655, активни 298Кичево 2406, активни 296Гевгелија 2151, активни 308Неготино 2128, активни 228Свети Николе 1456, активни 147Крива Паланка 1197, активни 93Ресен 1184, активни 202Радовиш 1069, активни 129Берово 985, активни 62Делчево 939, активни 100Дебар 919, активни 62Пробиштип 761, активни 33Виница 770, активни 118Валандово 648, активни 86Богданци 481, активни 74Крушево 464, активни 105Демир Капија 392, активни 31Демир Хисар 374, активни 63Кратово 354, активни 17Македонски Брод 352, активни 28Пехчево 259, активни 21Македонска Каменица 228, активни 14Дојран 132, активни 14фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-gruevski

Заев: Груевски да си дојде дома, од тука да коментира ако има што да каже

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта.-Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев.Според премиерот, се што почна минатата Влада и што е добро, сегашната го продолжи.-„Скопје 2014“ не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На почетокот на јули ќе се одржи подготвително рочиште за раскин на договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“

На 5.7.2021-ва година во просториите на Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање.Договорот кој ќе биде предмет на раскинувањето се однесува на просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градскиот Ѕид.Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012-та година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и НИКОФОН Дооел.Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија од декември 2018-та година, овој договор беше предаден на надлежност на Општина Центар-Скопје.Одговарајќи на прашањата во вчерашното гостување на Само Вистина на Канал 5, но и на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскин на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд.Од причини што реализацијата на договорот со тек на време стана неизвесна и невозможна, преземени се чекори за раскинување на договорот.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања