Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

carecev-1

(ВИДЕО) Пробиен снежниот навев на превојот Царевец, утре се продолжува кон Смрдливи Вирови

Денес е пробиен снежниот навев на превојот Царевец. Утре се продолжува кон Смрдливи Вирови, стои во објавата на ФБ од МЗ Галичник.фото и видео: МЗ Галичник

Македонија | пред 5 години

20042021_ZPVRSM-Bytyqi-MF-Besimi-ME-Bekteshi-RBRSM-Naumov_Sesti-paket-6-1

Владата го усвои шестиот пакет на економски мерки: Таргетирана поддршка од 17,8 милиони евра за 10 илјади фирми и 60 илјади вработени

Шестиот пакет на мерки, усвоен на денешната 66-та седница, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60 илјади граѓани, соопштија заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов на заедничката прес-конференција.Вицепремиерот Битиќи нагласи дека од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, се со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните. Тој додаде дека пред точно две недели, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за делумно затворање на угостителските објекти, заради заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.„Уште тогаш најавивме дека истата одлука ќе ја следат соодветни мерки за поддршка и помош и денеска истите ќе ги презентираме. Уште еднаш на дело покажуваме дека државата е партнер на граѓаните и стопанството. Почитувани, денеска ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности. 17,8 милиони евра со кои ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени, наши сограѓани“, потенцираше Битиќи.Вицепремиерот ги презентираше сите мерки од шестиот пакет.„На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра. На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година“, соопшти вицепремиерот Битиќи.Битиќи соопшти дека категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра. Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.Околу два милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки. Преку бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од еден милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.„Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата“, рече вицепремиерот.Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека дел од мерките имаат и развојна компонента, во насока на раст на ликвидноста и поттикнување на инвестициите.„Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Оттаму и мерките кои се предлог на Министерството за финансии се во таа насока. Едната е Поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 годинa преку субвенционирање на камати на кредити. Втората мерка е Кредитната линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот КОВИД-19, преку посебна кредитна линија во износ од 61,5 милиони денари или 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка. Изминатите пакети мерки покажаа дека даваат резултати. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии, истиот е амортизиран за 4,2 процентни поени, односно без мерките падот ќе достигнеше дури 8,7%“, посочи Бесими.Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека Туристичко-угостителскиот сектор е најпогодениот сектор од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата и токму затоа Министерството за економија во првите пет сета на мерки се фокусираше на поддршката токму на овој сектор.„Досега овој сектор е поддржан со над десет милиони евра и тоа преку ваучери за домашен туризам со вкупно 6,2 милиони евра, со враќање на уплатена туристичка такса со вкупна вредност од 950 илјади евра, со грантови за туристички агенции во вредност од 1,2 милиони евра, со средства за кофинансирање на настани и конференции со финансиска поддршка од државата каде беа наменети 24 илјади евра, преку грантови за категоризирани ресторани за свадби со 906 илјади евра, грантови за игротеки во вредност од 222 илјади евра, грантови за туристички водичи со лиценца кои добија 82 илјади евра, како и со мерката за продолжување на лиценци за работа на дискотеките и ноќните клубови, мерка која изнесуваше 97 илјади евра“, подвлече министерот за економија.Бектеши се задржа на дел од мерките од шестиот пакет кои ќе ги спроведува Министерството за економија, пришто посочи дека за поддршка само на туристичко-угостителскиот сектор со шестиот пакет мерки се предвидени мерки во вкупна вредност од 14,8 милиони евра.„Планирана е финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритет на дејност: 56.10 (ресторани и останати објекти за подготовка на храна), 56.29 (останати услуги за подготвување и служење на храна), 56.30 (подготовка и послужување на пијалаци). Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 6.000 компании, со околу 17.000 вработени за што се наменети 9,9 милиони евра. Со оваа мерка ќе се додели финансиска поддршка на сите регистрирани активни субјекти од оваа дејност. Како основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, на кои се аплицира месечен износ за компензација од 30%, кој ќе биде помножен со соодносот на бројот на денови колку што овие дејности се затворени. За сите субјекти од наведените дејности кои се регистрирани после 2019 година како основ за пресметка ќе бидат земени просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2020 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект од овие дејности ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021 година“, соопшти Бектеши.Главниот извршен директор на Развојна Банка на Северна Македонија, Кире Наумов, ја поздрави Владата која го препозна капацитетот на РБСМ преку која се реализираа повеќе мерки од сите пет економски пакети.,,Вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка пласиравме до 186 домашни компании преку деловните банки. Воведовме нов производ - царинска гаранција, за да им го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Компаниите од преработувачката индустрија можеме да ги поддржиме со царинска гаранција до 390.000 евра, додека сите други мали и средни компании сме спремни да ги поддржиме со царински гаранции до 250.000 евра. Преку трите бескаматни кредитни линии со 44,1 милиони евра поддржавме 4.087 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 лица”, нагласи Наумов.Преку РБРСМ ќе се реализираат и две од седумте мерки предвидени во шестиот пакет - нова бескаматна кредитна линија за субјектите во дејноста на емитување на радио и телевизиски програми, и мерка за субвенционирање на трошокот за камата на компаниите кои ја реинвестирале остварената добивка, а ќе овозможи овие компании да имаат ефективно каматна стапка од 0% за новоодобрени кредити за тековни средства од деловните банки.

Македонија | пред 5 години

akvadukt-1

Аквадуктот прогласен за споменик со највисок степен на заштита

Владата на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.фото: Macedonia Sightseeing 

Македонија | пред 5 години

bitola-1

ИЈЗ: Битола ново жариште на ковид-19, неделниот процент на позитивност е околу 22%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 12 до 18 април 2021, тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намување од 20,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 24,3% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во БитолаПроцентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.921 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1% во споредба со минатата недела.Пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, 25,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Истите беа одбрани од периодот 01-31.03.2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот UK variant кај 98% од тестираните пациенти.Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891-Pfizer/Biontech и 2.895- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

turisti

ПЦР-тестовите за странските туристи ќе ги плаќа државата

За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, односно, туристите кои што ќе ја посетат нашата земја да немаат дополнителен трошок, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше претставен шестиот пакет мерки.– Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено, дополни вицепремиерот.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

velika

Баба Велика низ солзи го раскажува својот суров живот: „И по три дена не јадам ништо, душата ми е жедна за вода“

Минатото и сегашноста си поигруваат со Велика Спасовска,оваа 83 годишна жена од с.Говрлево, скопско е заборавена од најблиските и роднини и пријатели и е препуштена сама на себе.  А таа е толку желна за друштво за разговор, во овие години на баба Велика и треба баш некој за да ја праша како е и дали и треба нешто, но тоа го нема баба Велика, а за своите маки раскажуваа оваа напатена бабичка во емисијата ,,Срце на дланка”, објави klaster.mk.Таа живее во мала собичка од 10 квадратни во селот Говрлево, родена е во семејство со шест сестри и двајца браќа, но уште од најмали години таа пати и животот не ја милува.– Јас сум родена 1938 година, година пред да се родам јас по чинува сестра ми, по мојта раѓање пак брат ми, две години подоцна другиот брат. Јас на 25 години се мажам, јас имав две деца синот Љупчо и ќерката Аница.– Поради свекрвта која не се трпеше и немаше простор за соживот, јас и споругот со детето бевме приморани да се иселиме. Почнавме се од нула и во тешки услови заминавме за Припор, таму живеевме 30 години.Најголема болка во животот ќе и биде кога нејзината ќерка ќе посегне по својот живот, а потоа и цело семејство и се распаѓа– Ќерка ми неможеше да издржи притсоците, што и љубомореа многу,и заврши како заврши, втор удар во животот кој ме промени е синот.-Тој беше припадник на полицаец и случајни повреди негов колега, а поради тоа тие го ставија зад решетки, таму беше 3 месеци, потоа го избркаа од работа а после овие случувања тој губи контрола вели низ солзи баба Велика.-10 години сум без струја, а уредно плаќам, дедото бидејќи беше склерозен го фрлил струјомерот и незнам како е и така остана. Ми се има случено 3 дена да не јадам, често јадам сув леб.Доколку саката на било кој начин да и помогнмете на баба Велика, тоа може да го сторите на 075-304-405Текстот во целост на:  klaster.mk.

Македонија | пред 5 години

w_56102301

Денеска 31 починато лице и нови 766 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од:Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1.Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.Направени се 3.171 тест преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, МАНУ-136, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-171, Биотек-264, Систина-236, лабораторија Лаор-149, Синлаб - 44, Ремедика-53, Плодност – 58, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 65667, активни 8401Куманово 8130, активни 1183Прилеп 7951, активни 910Тетово 6945, активни 655Битола 5812, активни 1211Велес 5242, активни 679Гостивар 5020, активни 458Кавадарци 5019, активни 512Штип 4770, активни 457Охрид 4735, активни 870Струмица 3816, активни 533Струга 2879, активни 258Кочани 2605, активни 294Кичево 2362, активни 284Гевгелија 2131, активни 320Неготино 2118, активни 245Свети Николе 1443, активни 148Крива Паланка 1184, активни 90Ресен 1170, активни 212Радовиш 1049, активни 131Берово 970, активни 61Делчево 932, активни 98Дебар 911, активни 54Пробиштип 753, активни 38Виница 748, активни 106Валандово 637, активни 91Богданци 473, активни 73Крушево 461, активни 103Демир Капија 392, активни 38Демир Хисар 362, активни 57Кратово 351, активни 15Македонски Брод 348, активни 30Пехчево 252, активни 17Македонска Каменица 225, активни 12Дојран 132, активни 14фото: Архива

Македонија | пред 5 години

lukarevska

Лукаревска откри дека 54.662 работници сè уште не ја добиле мартовската плата

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска откри дека 54.662 работници сè уште не ја добиле мартовската плата, најмногу поради неисплатената помош од петтиот економски пакет кој беше заглавен во Собранието.-До законски предвидениот рок, 15 април, бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица, рече Лукаревска.За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници.Од денеска во УЈП започнува аплицирањето за државната помош за исплата на платите за февруари и март, откако законите беа изгласани во Собранието.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-1.20.04.2021

ТУК: Ќе можете ли да ни помогнете ?

Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, денеска на пладне пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикуваат надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска поддршка.„Угостителскиот сектор од почетокот на кризата минатата година се до денес работи под бројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосен прекин на активноста, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Ние во изминатите години докажавме дека знаеме и можеме да работиме, и од нула изградивме претприемачки извор на егзистенција преку кој чесно ги издржуваме нашите семејства. Сега без наша вина, не сме во можност да работиме, а тоа ја доведува во прашање не само иднината на деловните субјекти туку и егзистенцијата на нашите семејства. Затоа и ги повикуваме надлежните институции да се потсетат на нивниот изборниот слоган „Можеме“ и да покажат дека навистина можат и да ни помогнат кога тоа навистина ни е потребно за спас на дејноста на правните лица и егзистенцијата на нашите семејства. Денеска сите ние од тука јасно и гласно ги прашуваме „Ќе можете ли?“ да одговорите на барањата и да ни ја обезбедите помошта која е потребна“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора.Се бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош, не само за зачувување на работните места туку немаат никаква помош ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители. Под помош не сметаме понуди од владата за користење на кредити од Развојна банка, тоа е само дополнително задолжување од еден кредит да имаме два. Бараме еднократна финансиска помош за секој од регистрираните категоризирани објекти, кои повеќе од една година се затворени во целост, а со цел покривање на досегашните трошоци и долгувања акумулирани поради забраната за работа. Исто така бараме и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и Развојна банка се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор.Помош за опстанок бараат и туристичките агенции, кои поради состојбата со корона кризата не може да jа извршуваат дејноста.“Не бараме поддршка за да заработиме, туку помош за опстанок. Неизвесноста на ситуацијата и зголемениот број на заболени, затворените граници, немањето туристи и падот на прометот од речиси 100 отсто во 2021 година ја оневозможува нашата егзистенција. Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021, бараме ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам и бараме да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени од туристичките агенции според Одлуката на Влада за нереализираните патувања во 2020 година, до 31.12.2022година “, изјави Ана Марија Алексова, член на Управниот одбор на ТУК.Димитар Кавраков претседател на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници истакна дека туристичките водичи се заборавени и со месеци воопшто немаат никакви примања за егзистенција поради кризата.„Ние сме амбасадори на македонската култура и знаменитости, не може овој сектор да биде оставен на немилост сред пандемија“, истакна Кавраков.Поради големиот број на заболени во незавидна состојба се наоѓаат и игротеките.„Бројот на заразени е голем поради што и воопшто нема интерес за славење на роденден во игротеките, поради што и бараме финансиска поддршка се додека не се создадат услови за работа. Веќе 14 месеци сме без деловни активности, без помош ќе згаснат нашите деловни субјекти“, изјави Трајко Николовски од Групацијата на рекреативни дејности.Протестот на Туристичко угостителската комора продолжува и утре и ќе трае се до исполнување на барањата.фото: ТУК

Македонија | пред 5 години

gragani-vakcinacija-s1

Во Србија вакцината „АстраЗенека“ ја примиле околу 15.000 македонски државјани, Лончар вели за ревакцина можеме да ви ја дадеме таа количина

Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија, кажа денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава, објави СДК.МК.Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“ која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.„На граѓаните кои што примија прва доза од вакцина против ковид-19 во Србија она што најмалку можеме да направиме е да им обезбедиме ревакцинација тука. Тоа е наш принцип, но секогаш може да се договориме, бидејќи имаме евиденција на тие граѓани. Ако се договориме и на тој начин е полесно, тие дози може да ги отстапиме на Северна Македонија и таму да се организира вакцинирањето. Тоа дополнително ќе го договориме, има уште 12 недели до ревакцинација“, рече Лончар.Министерот Филипче денеска во Белград имаше средба со институтот „Торлак“ каде се произведува руската „спутник“.„Ние за оваа година го имаме обезбедено и нарачано потребно количество вакцини. Но, со оглед на тоа што многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска, во иднина институтот ‘Торлак’ ќе биде првото место каде што ќе се обратиме за набавка на вакцини“, кажа Филипче.извор: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

Dimche-Arsovski-20.04

Арсовски: Од Шилегов за сопругот на Мила Царовска еден милион денари за детекција на болни растенија

Молкот од страна на Град Скопје за тендерот за дронска детекција на болести кај растенија и вегетација е показател дека се работи за нелогична, несвојствена и ненормална набавка во ова време во Градот Скопје.Мрзеливиот Шилегов е должен да им објасни на граѓаните како и зошто ќе ги троши нивните пари, односно што ќе работи фирмата на сопругот на Мила Царовска „Флај Кем“ и како ќе ги троши тие еден милион денари од Градот Скопје доделени?Ако се земат предвид условите кои ги нуди фирмата „Флај Кем“, тоа е само дронско летање, а таму има еден вработен во таа фирма, тоа е сопругот на Мила Царовска. Ако се земе предвид мислењето на експертите, не постои дрон што може да детектира болест кај вегетација и растенија. И на крај ако се земе фактичката состојба во предвид, не постои служба ниту пак експерти во Градот Скопје кои би направиле испитување на тие болни растенија, за да има конечен резултат градот од што се болни и како се болни, и како да се третираат. Впрочем за тоа најверојатно се прави овој проект, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Очигледно е, еден милион денари одат на контото на семејството на Мила Царовска, за работа која ќе остане недовршена, односно на крајот од проектот Градот Скопје пак би немал извештај од што се болни и како да се третираат растенијата. Нешто како имплементацијата на проектот за кој што во моментов Драги Рашковски е во притвор, откупен а не е завршен и имплементиран до крај. Истото би се случило и со оваа јавна набавка во Градот Скопје.Еден милион денари во џебот на сопругот на Царовска за проект кој е класично лудило во време кога скопјани имаат еден милион нерешени проблеми заради неспособноста и мрзеливоста на Петре Шилегов и градската управа.Како и безброј други тендери и овој е сомнителен за испумпување на парите на граѓаните. Додека Мила Царовска го уништува образованието, нејзиниот сопруг со мрзеливиот Шилегов го уништуваат градот Скопје.Очекувано е да продолжат и понатака да молчат, од едноставна причина што ова им се последните месеци да распишуваат сулуди тендери за измислени проекти како што е овој за детекција на болести на вегетација со дрон, а потоа кога ќе си заминат, верувајте дека сите оние кои што се огрешиле пред законот и кои што сториле криминал ќе одговараат.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Eli-Panova-20.04

Панова: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе кривични пријави за прекршување на Кривичен законик од страна на Џафери и пратениците во скафандери

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Ели Панова.Панова додаде:Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.Панова на прес конференцијата одгоараше и на новинарски прашања.Прашање: За кого се овие кривични пријави, и што е суштината? Како е сторено делото, на кој начин?Ели Панова: Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.Прашање: Очекувате дека ќе постапи?Ели Панова:Со оглед на тоа што сметаме дека Македонија мора да биде држава во која што ќе работат институциите особено Јавното обвинителство и судството, се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се издигне над притисоците од страна на власта и ќе постапи истото.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vrabotuvanje

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје, двајцата вработени во Агенција за вработување, поради злоупотреба на службена положба и овластување.„Пријавените, во периодот од 20.11.2020 до 22.1.2021 изготвиле и издале 14 образци за пријава на работа на странци на територијата на Република Северна Македонија на правно лице, со што всушност легализирале нелегален престој и работа на вкупно 87 лица странски државјани, без да добијат дозвола за легален привремен престој заради работа на странец и без да засноваат легален работен однос според законската регулатива согласно Законот за работните односи“, велат од МВР.На тој начин, вработените ѝ овозможиле на фирмата да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума фирмата прибавила противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje

Скопјанец обвинет за непочитување на полицискиот час, предложена парична казна

Предлог за издавање казнен налог против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите се кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест. На 11 април, за време на важечкиот полициски час, бил затекнат како се движи по улицата „Аугуст Цезарец“ во Скопје без да поседува дозвола за тоа.Јавниот обвинител му предложи на Судот за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

akcija-diler

Обвинение за струмичанец фатен со дрога на патарината Миладиновци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен струмичанец, кој се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Рашковски веќе се обидел да прикрива траги, обвинителката Трајчева за А1 Он вели и дека веќе влијаел врз сведоци

Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.„Анализирајќи ги сите факти и околности, оцени дека постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство, особено ако се земе предвид дека тој неодамна се врати од патување во Мексико, а Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не може да знае дали посетата на таа држава била туристичка или со цел да се создаде простор за евентуално бегство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција прибра доволно докази кои беа презентирани пред судијата на претходна постапка дека осомничениот се обидува да влијае врз сведоци, како и дека прави обиди за прикривање на трагите од стореното кривично дело“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „А1он“.Текстот во целост на:  „А1он“.

Македонија | пред 5 години

Sudenje-Divo-Naselje

Претрес во ќелиите на осудените во „Диво насеље“, пронајдени мобилни и други недозволени средства

При претрес изутрината во 5 часот во затворот во Идризово во ќелиите на осудените од „Диво насеље” се пронајдени мобилни и други недозволени средства.Од Управата за извршување на санкции за МИА информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

За еден ден исцрпени повеќе од половина од субвенциите за велосипеди и тротинети

За еден ден се исцрпени речиси половина од предвидените средства за субвенции за граѓаните за купување на велосипеди и електрични тротинети. Во текот на вчерашниот ден, преку системот за електронско аплицирање пристигнаа повеќе од 1.200 пријави за субвенции за велосипеди, како и 142 пријави за субвенции за електрични тротинети.Доколку продолжи големиот интерес за субвенциите, можно е исцрпување на средствата превидени за субвенциите за електрични тротинети и затворање на јавниот повик на крајот на денот.За потсетување, Градот Скопје објави повици за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година.Граѓаните можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден - прв услужен“.Право на учество на овие повици имаат жителите на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет во Република Северна Македонија од 01.01.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавните повици.Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 527 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.На двата повика за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети граѓаните можат да се пријавуваат електронски, преку Интернет-страниците на Град Скопје и Скопје лаб, www.skopje.gov.mk и aplikacii.skopjelab.mk или директно на линковите https://aplikacii.skopjelab.mk/velosipedi/ и https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti/ 

Скопје | пред 5 години

Krivicna

Левица поднесе кривични пријави против спикерот на парламентот и против двајцата пратеници кои дојдоа заразени во Собранието

Политичката партија Левица и нејзините пратеници во Собранието на Република Македонија (Димитар Апасиев и Борислав Крмов) поднесоа пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат – со известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и КРИВИЧНА ПРИЈАВА до Основното јавно обвинителство – Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието – Талат Џафери.Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина!Очекуваме од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, велат од Левица.фото: Левица.

Македонија | пред 5 години

slavjanka

Ако Бисера и Мирослав сториле кривично дело, тогаш опозицијата ги поттикна да го сторат тоа, вели Славјанка Петровска

Ако Бисера и Мирослав сториле кривично дело, тогаш опозицијата ги поттикна да го сторат тоа, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, коментирајќи ги најавените кривични пријави кон заболените пратеници, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, кои влегоа во Собранието по скафандери од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.https://twitter.com/SlavjankaPetrov/status/1384216976302567427?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1384216977988677635%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fslavjanka-petrovska-prizna-deka-pratenicite-vo-skafanderi-storile-krivichnio-delo%2FКолегите од опозицијата кои најавуваат кривични пријави за колегите Бисера и Мирослав, еве да ги потсетам, дека согласно Кривичниот законик треба да си поднесат кривични пријави и за себе и за нивните сојузници од Левица.Со блокирањето на измените на Деловникот, тие оневозможија онлајн работење на Собранието.Или да им преведам, ако Бисера и Мирослав сториле кривично дело, тогаш тие ги поттикнале да го сторат тоа, напиша таа на „Твитер“.Извор: Твитер

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-5

36 лица не го почитувале полицискиот час, а 412 лица добија казна за неносење маска

Од 20.00 часот (19.04.2021) до 05.00 часот (20.04.2021) констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (19/20.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 412 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filipce-fajzer

Стигнаа 10.530 вакцини на Фајзер, купени со директни преговори со производителот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која МЗ ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, велат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација. Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично, напиша на својот ФБ профил поранешниот премиер Никола Груевски.Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Груевски во целост:Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”.Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено. Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот.Списокот на лица на кои се вршеле и понатаму се вршат тортури во овој правец е долг. Немајќи друг избор подготвени се дури и да водат незаконска постапка за обвинение иако не сум дал исказ во обвинителството што е обврска согласно Законот и без што неможе да започне судска постапка а истото планираат или незаконски ќе се обидат да го покријат со дадени мои изјави за други предмети каде ми земале изјава под иста квалификација но за сосема друг случај што и јавно го посочија во изјава и што не кореспондира ниту со закон ниту со логика или што сум дал изјава за само еден случај во фаза на прибирање информации а не во фаза пред обвинение, што исто така е спротивно на Законот. Значи, прогон по секоја цена, макар и незаконски.Во време на пандемија со која власта е пример за неспособност за справување во светски рамки, во време на тешки криминални афери каде тие се клучните актери, власта се занимава со мене со надеж дека народот нема да се занимава со нив.Немаат било каков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не непостои.Затоа, како што стојат работите, повторно како во комунизмот ќе водат постапки со неколку уценети и од нив преплашени сведоци, кои се под големи закани и на кои подолг период им се барани слабости, грешки, или било што со што можат да бидат уценети, во смисла да не им се покрене прогон за истите а за возврат тие да ги потврдат конструираните тези на обвинителството.Како што веќе споменав дел од овие лица не ги ни познавам лично, други пак не сум ги познавал во време кога се обидуваат да фингираат наводни купувања имот.Очигледно не им е доволно што ми го прават целиот овој прогон низ годините наназад бидејќи сваќаат дека не им поминаа во поголем дел од јавноста монтираните и ступидни обвиненија па со ова помеѓу останатото имаат цел за нов обид за моја дискредитација во очите на јавноста.Ова меѓудругото и од причина што свесни се за сеќавањето на народот од блиското минато во врмето кога јас ја имав одговорноста за тоа како треба да се работи и води држава, како ефикасно треба да се решаваат проблемите и да се организира системот и во услови на кризи, како треба да се поставуваат амбициозни цели за развој на државата и истите да се реализираат, како треба да се води и унапредува економијата и речиси сите сектори, како треба да се привлекуваат инвеститори и отвораат нови работни места кои ќе го јакнат стандардот на населението, како треба да се бранат националните интереси, како може да се набавуваат стотици апарати и опрема за здравството годишно, и ред други нешта кои актуелните властодршци ги прави гневни и нервозни.Наместо таа лоша слика за нив да ја променат со макотрпна работа и подобри резултати од оние кои ги постигнавме јас и мојот тим, тие одбраа политички прогон, со монтирани случаи, уценети сведоци и обид за моја јавна дискредитација. Имајќи во обзир дека сеуште имаат доволна контрола на судско-обвинителскиот систем, свесен сум дека може секоја нивна “болна” идеја која ја наумиле, да ја реалзиираат.Ќе дојде време кога на сето ова беснеење ќе има ревизија, но и ревизија на нивното работење и криминал.Власта е влезена во тежок криминал и имаат со криминални методи заработени огромни суми пари. Тие неделно на нелегален начин и со криминал заработуваат повеќе од земјиштата и становите кои ми ги монтираат. Опкружени и здружени со тешки криминалци околу себе од земјата и од странство, на чија услуга се ставени и со кои секојдневно ги гледаме на фотографии со нив, неможат да се помират со фактот дека ветувањето “живот” од нивна страна се покажа како едно тешко фијаско и големо разочарување а неспособноста и криминогениот стил на работење се гледаат секој денОд ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не лажни или уценети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив.Извор: ФБ Никола Груевски

Македонија | пред 5 години

zgrada

Зградите кај „Холидеј Ин“ идентични со светски наградено дело, дали е совпаѓање или украден проект?

Ова проектот во Грац, Австрија, а ова во центарот на Скопје. Украден проект или совпаѓање на идеи?Планот за изградба на објектите кај „Холидеј ин“ е идентичен со идејата на Томас Пухер за кој светскиот архитект веќе имал добиено награда токму за тој проект. Го прашавме архитектот на објектите Мартин Пановски дали овој план е пресликан од тој на Пухер, но тој ја отфрла таквата можност, објави mk.tv21.tv. Трите згради кај Холидеј ин сепак се на само една парцела од просторот на паркингот, додека на другите две парцели во ДУП-от се заведени да се градат 60-катници.Но, засега останува неизвесно дали Советот на Општина Центар ќе поведе расправа за суспензија на планот на изградбата на висококатниците спроти Холидеј Ин.Текстот во целост на:  mk.tv21.tv. 

Скопје | пред 5 години

Komisija

Од утре 14 дневен карантин за македонски државјани кои ќе влезат во Албанија

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција.Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.-Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.Додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања