Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

12032021_PVRSM_Zaev_Tiranski_ekonomski_forum-2

Заев: ЕУ да ги исполни ветувањата за Западен Балкан додека ние го европеизираме нашето општество за да ги постигнеме стандардите за нашите граѓаните кои природно се дел од европското семејство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска учествуваше на утринскиот панел на Тиранскиот економски форум 3 на темата „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долго очекуваните ветувања“, кој заради пандемијата со КОВИД-19 се одржа онлајн.На панелот зедоа учество и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Зоран Заев:„Дозволете ми на самиот почеток да се заблагодарам на организаторите за денешниот настан кој несомнено ќе предизвика размрдување на европските текови за кои имам чувство дека во моментов стагнираат. Причините се повеќедимензионални.Основната е дека сме исправени пред планетарна криза предизвикана од КОВИД-19. Криза која постојано ги менува приоритетите и тековите на мултилатералните процеси. Исправени сме и пред предизвици кои ретроградните сили на целиот континент ги наметнуваат неевропските вредности, постојано девалвирајќи ги цивилизациските придобивки чии темели ги поставија Аденауер, Шуман и Де Гаспери.Во вакви моменти и во моменти кога дневната политика ги поткопува основните вредности треба да си го поставиме прашањето: Што ако пред точно 70 години погледот беше свртен кон разурнатиот континент, а не кон иднината која денес ја живееме.Република Северна Македонија беше првата земја од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година. Само 4 години подоцна станавме и земја кандидат на членство во ЕУ, а веќе во 2009 ја добивме и првата позитивна препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. И, еве не 16 години подоцна се уште сме во чекалната на ЕУ.Како премиер мојата задача е да носам тешки и храбри одлуки, да работам во најдобриот интерес на моите граѓани и да работам заедно со Владата која ја предводам, да работам за онаа посветла иднина и визија која ја предложија пред 70 години втемелувачите на денешна современа, просперитетна и обединета Европа.Токму и затоа пред 4 години ги отворивме најгорливите дипломатски прашања со нашите соседи и истите ги затворивме во духот на добрососедството, современата мултилатерална политика и желбата за обединет регион кој просперира храбро напред.Изминативе година и половина поминавме нов процес кој ја редефинираше методологијата за преговарање но и се исправивме пред нови непринципиелни прашања и бирократски ставови кои не може и не смее да бидат камен за сопнување на просперитетот на Северна Македонија.Мојата земја била, е, и ќе биде крстосница на многу цивилизации, на многу етиникуми и на многу културолошки вмрежувања кои го оставаат најдоброто од себе за идните генерации кои го градат својот живот тука, дома.За жал овој мал балансиран политички екосистем кој сме го создале низ вековите, е ранлив. Ранлив е затоа што граѓаните не може да продолжат да живеат само од идеја. Потребна е и храбра политичка акција. Потребно е повеќе од секогаш покажување на визија, храброст и одлучност во носењето на одлуките кои го стабилизираат континентот.Северна Македонија никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникум во Европа. Но, да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара. А тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик.Би сакал да ја искористам приликата и да им се заблагодарам на комесарот Оливер Вархеjи и сите политички и административни чинители кои постојано се тука со нас во овој процес, посебно околу помошта која ни беше дадена и која допрва треба да стигне во справувањето со економските последици кои ги доживеавме заради кризата со КОВИД-19.Владата на Република Северна Македонија пред три дена го усвои планот: „Европа дома“. Со овој план ние јасно и гласно декларираме што оваа влада ќе прави во однос на евроинтеграциите и процесите кои истата ги носи. Независно од расположението во соседството или во Брисел, ние сме посветени на доброто на нашите граѓани. Ги земаме најдобрите европски практики и ги вткајуваме во националното ткиво.„Европа дома“ е своевиден роковник со утврдени активности и носители на тие активности кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системите, преку тоа граѓаните да добијат подобри услуги и подобар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија и дека природно припаѓа во европското семејство народи.Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги презеле во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија и Европската Унија, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската Комисија.Низ реализацијата на овие европски реформи ќе ги исполниме и препораките од Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, извештаите и препораките од групата високи експерти, од оценските мисии и од други меѓународни извештаи.За секоја приоритетна област се наведени прецизни цели, активности, надлежни институции за спроведување на активностите и рокови за нивна реализација. Документот беше консултиран со граѓански организации кои работат во областа на европските интеграции, како и со Делегацијата на Европската Унија.Ковид кризата не забави, но нема да не запре. Мојата Влада има чист политички легитимитет потврден на парламентарни избори кои се одржаа пред нешто повеќе од 6 месеци и тој легитимитет ќе го впрегнеме во полна сила да работи за доброто на нашите граѓани.Остануваме отворени како и што сме биле до сега но нема да чекаме некој да ни каже каде треба да се подобриме. Доволно сме капацитетни да го направиме тоа сега и веднаш.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

oliver-varhei

Вархеји: Албанија е спремна за преговори, Македонија да го реши спорот со Бугарија

Македонија го одржува темпото на спроведување на реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатераните прашања со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји од Економскиот форум што се одржува во Тирана,  објави МКД.МК. Северна Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече во обраќањето Вархеји.Реформите, како што кажа, некогаш се одвивале бавно, што беше причина некои од земјите членки да го доведуваат во прашање процесот на проширување и да не се согласуваат тој да продолжи.„Од друга страна, многу често ЕУ не успеваше да одговори позитивно и едногласно кога партнерите од регионот покажаа резултати во реформите“, призна Вархеји.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Затвореник се обидел да прикрие 20 пакувања со хероин

Затвореник од Кочани бил затекнат во затворот во Штип, обидувајќи се да прикрие 20 пакувања со хероин.Случајот синоќа го пријавил вработен во Казнено-поправната установа.Извршен е увид од полициски службеници од СВР Штип, за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ojo

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин. Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на УБК.Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работа верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК.​Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

eleonora-4.1-1

Потребни повеќе од било кога: Ние можеме да ја запреме голготатата на Елеонора

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „LIV hospital“ уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17.400 евра за првите третмани.За Елеонора да може да има подобро детство и живот, потребна ни е вашата помош за семејството да може да го плати лекувањето. Со донациите, помагате таа да може повторно сама да се храни и да биде дете како сите останати, а со надеж дека и повторно ќе застане сама на нозе.Доколку сте во можност, вашиот придонес можете да го дадете преку телефонските броеви:За корисници на Телеком: 143138За корисници на A1:  143480Трансакциската сметка во Тутунска банка на име Сања Тодоровска: 210501555959395Донирате, за малиот борец да ја добие големата битка со болеста! Секој ден е од исклучителна важност за да заедно го стопираме прогресирањето на болеста и да помогнеме за подобрување на здравствената состојба.

Македонија | пред 5 години

Antonijo-Milososki-06.03

Милошоски: По неуспешниот обид Фрчковски да стане амбасадор во САД, сега Владата се обидува да го протурка за амбасадор во ОН

Утринава во емисијата на радио „Лидер“ гостуваше пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој што говореше за актуелните скандали кои што ја тресат владата. Но, исто така се осврна и на одбивањето од страна на САД, Фрчковски да стане амбасадор, со што истакна дека тоа е шамар за македонската дипломатија.„Без разлика дали станува збор за амбасадор или слично треба да се одбере најквалитетниот кадар во моментов. Тука би се осврнал и на дипломатијата, во изминатиов период, би го искоментирал и тој актуелен случај кој што не е врзан со квоти, повеќе би рекол дека е врзан со политика, но не дава добар пример за Македонија, а тоа беше примерот со номинацијата на Фрчковски за амбасадор во Вашингтон“, истакна Милошоски.Милошоски додаде дека МНР и Владата доживеаја прво да нема три години амбасадор во Вашингтон што само по себе е голем пропуст за Македонија во најважното дипломатско место да немаш амбасадор. И второ номинираат за амбасадор човек кој што после кратко време после номинацијата стигнува вербална порака по дипломатски канали од Вашингтон дека истиот го сметаат за неподобен за амбасадор во Вашингтон.„Информацијата јас ја добив од дипломатски извори кои што се ангажирани во македонската дипломатија, кои што споделија едно такво сознание, добронамерна сугестија стигнала од високи дипломатски кругови во Вашингтон кои сметаат дека г. Љубомир Фрчковски не е соодветен, не е подобен да биде амбасадор во САД. И сметам дека е тоа голем сигнал, за жал и голема бламажа за Владата и македонската дипломатија. И мислам дека Владата не смеела да си дозволи да оди со таква номинација, пред истата да ја провери“, рече Милошоски.Милошоски посочи дека има разлика помеѓу зборовите и делата на секој кандидат за амбасадор или дипломат. Посериозни држави како Америка имаат подолга архивска меморија што се случуваше кога беа санкциите против Србија, што се случуваше со шверцови на нафта, фрее шопови и сл. Што се случуваше по однос на загрозување на правата на луѓето со следење и прислушкување, потпишување на лични наредби за такви случаи, се тоа знае и памети Америка.„Најчесто државите кои што треба да бидат домаќини на некој кандидат за амбасадор пред да дадат агреман проверуваат две клучни работи, а тоа е дали зад кандидатот за амбасадор постојат некакви безбедносни афери условно кажано, соработка со служби кои што се пријателски кон нив, вакви некои безбедносни афери кои што се однесувале на оваа споменатата со атентатот на покојниот Киро Глигоров и сл. И ги истражуваат исто така и можните коруптивни афери“, нагласи Милошоски.Милошоски кажа дека семејството на Фрчковски беше многу ангажирано во одбрана на Катрица Јанева за коруптивен скандал кој што ја потресе Македонија.„Фрчковски не би бил ниту подобен за ОН. Зошто? Затоа што во ОН имате пет постојани земји членки на Советот за безбедност. А, тоа се Америка, Кина, Русија, Франција и Велика Британија. И ако САД кажале „НЕ“ за Фрчковски, дека тој за нив е неподобен, тогаш и во ОН, таков амбасадор не би бил употреблив“, истакна Милошоски. Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Обвинение за силувањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

22 лица не го почитувале полицискиот час

Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје.Во текот на изминатото деноноќие пак (11/12.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

smetkovoditeli

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.По барањата пристигнати до Владата на Република Северна Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови.Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности. Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Во рамки на одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, претседателот Стево Пендаровски попладнево се обрати на комеморативниот настан организиран од Италијанската амбасада во нашата земја, а во соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија.Подвлекувајќи дека на овој ден во 1943-тата година речиси целата еврејска заедница била насилно собрана и депортирана во Треблинка, претседателот Пендаровски потенцираше дека половина од убиените 7144 македонски Евреи биле деца.„За време на Холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени“, истакна претседателот Пендаровски.Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски разговараше со Ензо Мерло, режисер на документарниот филм „70072: Девојчето што не знаеше да мрази“ и со главната протагонистка Лидија Максимович, една од неколкуте илјади преживеани од логорот на смртта, Аушвиц.„Пораката на преживеаните е многу јасна. Тие не поттикнуваат омраза, бидејќи омразата го уништува најмногу оној што мрази. Тие не бараат ниту одмазда, бидејќи одмаздата ја продлабочува неправдата. Тие бараат да се сеќаваме на вистината за Холокаустот, за никогаш да не се повтори“, додаде претседателот Пендаровски.На онлајн настанот се обратија и претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, како и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.Во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот Треблинка денеска во дворот на Кабинетот, претседателот Пендаровски симболично засади садник од даб, а беше поставена и спомен плоча со порака „Простуваме, но не забораваме“. Дрво беше засадено и во Ерусалимската парк шума на мирот, Амандав.фото: кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

karakacanov

Каракачанов за Сител: За еден од нив кој не е пратеник и кој е најзлогласен, имам 1.000% информација дека има бугарски пасош

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во изјава за Сител вели дека Македонските политичари одамна станале за мајтап, откако тој денеска објави листа на имиња слични на македонски истакнати политичари кои имаат двојно државјанство, односно кои поседуваат и бугарски пасош.-Јас си поиграв малку и почнав да ги прегледувам списоците на лицата кои можат да гласаат во Ќустендил, Благоевград, во Софија каде има најмногу регистрирани Македонци со бугарско државјанство. И излегоа тие интересни имиња. Јас како што можете да видите во моето соопштение не сум кажал дека тоа се пратеници или бивши министри на ДПМНЕ. Тие сами се препознаа, но списоците се јавни и информацијата е јавна и вие како македонски новинар исто така можете да влезете на сајтот на општина Ќустендил, Софија, Благоевград и секоја друга општина во Губарија и да ги прегледате списоците на избирачите. Јас никаде во моето соопштение не сум пишал дека тоа се пратеници, бивши министри или политичари на какво било ниво. За еден од нив кој не е пратеник и кој е најзлогласен, како што се вели, имам 1.000% информација, дури и неговата адреса и матичниот број му ги имам. Но, тоа е друга тема, вели Каракачанов за Сител, додавајќи дека името го има во тој список, појаснувајќи дека такво презиме не постои во Бугарија, истакна Каракачанов за Сител.извор: Сител

Македонија | пред 5 години

sofija-640x437

Разрешената судијка Лаличиќ за ТВ 24: Ме разрешија за бенигна работа

Судијката од Основниот кривичен суд во Скопје, Софија Лаличиќ, која денеска беше разрешена во изјава за ТВ24 вели дека е разрешена за бенигна работа и таквата одлука е срам за Судскиот совет.„Дали за ваква бенигна работа за казнување на адвокат за што одлуката е укината на двостепен суд, ако за ваква работа се разрешува судија јас поставувам прашање-тогаш поблагите санкции за што служат?“, вели Лаличиќ за ТВ24.Претставката за нејзино разрешување ја поднесе адвокатот Асмир Алиспахиќ откако таа го казни со 2 000 евра за напишан статус на социјалните мрежи во која ја нарекува „сваровски судијка“.Текстот во целост на:  ТВ24

Македонија | пред 5 години

borce-dimoski

(ВИДЕО) Евровизиската песна „Here I stand“, која ќе не претставува на Евровизија доби видео запис

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со којашто македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам, Холандија. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Видео записот за евровизиската песна го сними Охриѓанецот Борче Димоски.На спотот работеа Борче Димоски и Ѓорѓи Вацев Снимано е на локации низ Скопје, Даут Пашин Амам и студио FamesProject.Македонскиот претставник Васил Гарванлиев евровизиската разгледница, ја сними годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм.Инаку, што се однесува до подготвките на годинашниот фестивал „Евровизија“, организатирите се одлучија на реалистичен пристап, фокусирајќи се во моментов на реализација на сценариото Б, според кое фестивалот ќе се организира според усвоени протоколи за заштита од ковид-19, што подразбира настан со присуство на делегациите во Ротердам, но со примена на социјална дистанца, чести тестирања во арената, редуциран капацитет на публика, кој може да се движи до 80 проценти, во зависност од моменталната состојба и пропишаните закони на локалните власти. За непречено одвивање на шоуто и во услови на неопходни промени во последен момент, секоја национална телевизија мора да обезбеди претходно снимен настап од својот претставник, кој евентуално ќе се искористи во зависнот од потребите на даденото сценарио.

Македонија | пред 5 години

francija-korona

21 починато лице и нови 947 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино - 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.Регистрирани се 397 оздравени пациенти од:Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Пријавени се вкупно 21 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.Направени се 3.450 тестови преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-381, Биотек-324, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Систина-261, лабораторија Лаор–191, МАНУ-0, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1092, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 453, активни 5017Прилеп 65, активни 757Куманово 26, активни 393Тетово 29, активни 316Гостивар 21, активни 244Штип 30, активни 154Кавадарци 41, активни 572Велес 56, активни 285Битола 21, активни 255Охрид 19, активни 436Струмица 22, активни 202Струга 12, активни 162Кочани 17, активни 130Кичево 2, активни 47Неготино 44, активни 367Гевгелија 18, активни 299Свети Николе 2, активни 32Крива Паланка 9, активни 129Ресен 7, активни 73Дебар 4, активни 17Радовиш 4, активни 28Делчево 5, активни 48Берово 6, активни 45Пробиштип 2, активни 34Виница 2, активни 24Валандово 2, активни 27Крушево 9, активни 98Богданци 4, активни 66Кратово 6, активни 24Демир Хисар 2, активни 36Демир Капија 5, активни 38Македонски Брод, активни 7Македонска Каменица, активни 2Пехчево 2, активни 6Дојран, активни 4 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

goran-gavrilov

Почина Горан Гаврилов , сопственикот на Канал 77

На педесет и четиригодишна возраст почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77. Гаврилов почина по кратко боледување. Тој беше познат медиумски работник, основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија и човек кој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава.Гаврилов го основа Радио „Канал77“ во 1991 година кое прво работеше како локално радио, а во средината на деведесетите години изгради мрежа за покривање на целата територија на земјата. Кусо време беше и директор на МПМ.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

cento-pozar

(ФОТО) Голем пожар во скопската населба Ченто

Голем пожар изби во скопската населба Ченто попладнево, на улицата Сава Михајлов. На местото на настанот во моментов има четири противпожарни екипи кои се обидуваат да се справат со огнената стихија.Засега нема официјални информации која е причината за пожарот.фото: РRTSC видео Слободен печат

Скопје | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Приведен криумчар на мигранти, во неговото возило пронајдени 25 лица

На 11.03.2021 во 08.55 часот на автопатот Скопје- Гевгелија, после Миравци, возач на возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, откако видел полициска патрола го оставил возилото и се дал во бегство. При контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземени мерки, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето У.Р.(20) од Чучер Сандево - Скопје. Известен е јавен обивнител и по целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sofija-640x437

Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ од судиската функција. 11 членови на Судскиот совет се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а двајца биле „против“.Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја започнала на 28 години.Таа беше истражувана и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и смс комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.фото: Агенции

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

АА и Алтернатива: Министерот за здравство учествуваше на операција на мозок со цивилна облека, без униформа, без маска, без ракавици, ова е скандал

Вчера бевме сведоци на скандалозен настан во Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, каде министерот за здравство учествуваше на операција во мозокот со цивилна облека, без униформа, без маска, без ракавици, без хируршка капа, едноставно од улица директно во операциона сала, со што се кршат сите основни протоколи и правила за одржување на стерилитетот и хигиената во операциона сала, се вели во соопштението од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Тие во продолжение на соопштението додаваат:Не зачудува фактот што првиот човек на белите мантили со ваквото каубојско однесување испраќа лоша порака и ја навредува професијата и најхуманите професионалци, го деградира звањето доктор, па дури и им пренесува лошо искуство на помладите генерации, дека “ако си министер за тебе не важат правилата и животите на луѓето “.Ние, Алијансата за Албанците и Алтернатива, остро реагираме на овој скандалозен настан и бараме институционална и професионална одговорност, бидејќи станува збор за кршење на законот и висок ризик за здравјето и животот на пациентот.Било како, уште еднаш се уверивме дека оваа влада е најслаба и најскандалозна што ја имала Северна Македонија откако постои како држава. Затоа, бараме од министерот Венко да рефлектира и без двоумење да си замине, бидејќи ова ги надминува сите граници на нормалното, хуманото и професионалното. ВЕНКО, ОДИ СИ, велат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.фото: PRTSC ФБ Љупчо Палевски

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Почна изградбата на новиот урбан парк покрај булевар „Трета македонска бригада“

Почна изградбата на новиот урбан парк што ќе се протега меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“ на улица „1615“.Аеродромци наскоро ќе добијат современ парк со површина од 2 500 квадратни метри, кој ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште.„Почнуваме со изградба на нов парк покрај булеварот „Трета македонска бригада на површина од 2 500 квадратни метри. Ова место коешто претставуваше див паркинг, неуреден и неосветлен простор, прераснува во прекрасно уреден урбан парк приспособен за сите генерации. Се радувам што и жителите на овој дел од Аеродром ќе добијат свое катче за рекреација и дружење. Паркот ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.Ова е еден од низата паркови што ги изгради Општина Аеродром во изминатиот период. Нови урбани паркови се изградија во населбата Мичурин, каде што во соработка со Град Скопје е уреден и делот покрај Железничката станица, кој со години претставуваше запуштено и заборавено место.Општина Аеродром изгради нов парк и на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, а во тек е изградбата и на паркот на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром. Пред извесен период беше комплетиран и современиот парк „Бојмија“ во населбата „Острово“.Неодамна Град Скопје ја уреди и зелената запуштена површина меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „23 Октомври“.Општината продолжува да ги претвора сите простори што го дозволуваат тоа во прекрасни уредени места каде што граѓаните ќе можат да минуваат пријатни моменти.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

11032021_Vladinadeleg_komemoracija-1

Владини делегации присуствуваа на комеморативните настани за одбележување на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

По повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, владини делегации денеска присуствуваа во Скопје на комеморативните настани, организирани од Еврејската заедница во нашата земја.Во спомен на овој трагичен настан, владина делегација предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ положи свежо цвеќе на споменикот во чест на 7.144 македонски Евреи, кој се наоѓа во поранешниот скопски Монопол („Империал тобако - ТКС“), од каде во 1943 година биле депортирани кон нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“.Владина делегација предводена од министерката за култура Ирена Стефоска положи свежо цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба (НОБ) на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.Во Република Северна Македонија и годинава на пригоден начин со низа активности и настани се одбележува споменот на жртвите од холокаустот за никогаш да не се заборави оваа голема трагедија, но и како потврда на заложбите за борба против антисемитизмот и сите форми на зло и неправда.Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

deve-bair

Уапсени двајца Бугари, кои со автомобил ги искршиле рампите на „Деве Баир“ и влегле на територија на Македонија

Во кривопаланечкото село Жидилово на 10 март, околу 3 часот по полноќ, полицајци од граничниот премин „Деве Баир“ ги уапсиле бугарските државјани Г.Г.Х.(51) и Р.С.Г.(45), поради тоа што претходно околу 1:20 часот на „Деве Баир“ нелегално ја преминале државната граница.Како што информираат од МВР, во наведеното време, тие со автомобил „бе-ем-ве“ со бугарска регистрација, кој го управувал Р.С.Г., не застанале за пасошка контрола и гранични проверки и со возилото удриле во спуштените рампи, ги скршиле и влегле во државава.Според информацијата од бугарските погранични служби, лицата со возилото излегле од Бугарија, исто така, без да застанат за гранични проверки.По преземени мерки лицата и автомобилот биле пронајдени и Бугарите биле приведени. Подоцна, тие биле предадени во полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vapovska

Родилката Веаповска: Ми праќаат луѓе да сме се смиреле со Aсани, но што да се смирам, не сум лута - јас си ја барам правдината

Во врска со поднесената кривична пријава во јавното обвинителство во Струга за д-р Асани за породувањето после кое остана без матка, бубрег и јајник, дебранката Јалдз Веаповска за „Слободен печат“ изјави дека добивала повици да се смири со докторот кој воедно е и директор на болницата во Струга каде се породила.-Од страна на фамилијата, пријатели, роднини на д-р Асани добивам повици да се смириме. Но што да се смирувам, не сум лута, јас си ја барам правдината. Барам да кажат зошто се тргнати тие органи, со која причина, децидна е Веапоска која денеска од Институтот за патологија ги подигна парифинските калапи од извадните органи за дополнителни вештачања со кои уште еднаш ќе докаже дека биле здрави во моментот кога при породувањето со царски рез и се извадени.Видео изјавата од Веаповска за „Слободен печат“  на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

11032021_MTSP_prezentacija-4

Презентиран Оперативниот план за 2021 година - За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информираа на прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.„Со вкупен буџет од околу 24,5 милиони евра, овогодинешниот Оперативен план ќе го зајакне и поддржи пазарот на трудот во земјава за надминување на последиците од Ковид кризата“, истакна заменик-претседателот Битиќи.Тој посочи дека важно при имплементацијата на овогодинешниот Оперативен план е тоа што тој ќе биде поддршка на оние кои ги изгубија своите работни места во кризата, нивното враќање на пазарот на трудот е инклузивно и поттикнува рамномерен регионален развој.„Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории на граѓани. Владата ги креира економските мерки за спас на секое работно место, но никој нема да биде оставен сам. Оние кои во оваа криза ги изгубија своите работни места ќе бидат опфатени со овој Оперативен план, но и не само тој. Во моментов здравјето на граѓаните е приоритет, се останато ќе надокнадиме заедно“, истакна Битиќи.„Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот“, потенцираше министерката Шахпаска.Таа посочи дека во соработка со Агенцијата за вработување годинешниот Оперативен план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите, со единствена цел да се обезбеди поголема вработливост и намалување на невработеноста, како и вадење на граѓаните од социјален ризик.„Преку мерката „Економија на грижа“, односно Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари. Со оваа мерка се опфатени 150 лица“, посочи Шахпаска.„Програмата за развој на Обединетите нации оваа година ќе се вклучи во реализацијата на Оперативниот план со сет нови иновативни мерки фокусирани на економијата на грижа при што на најранливите категории невработени лица ќе им се понудат механизми за активирање на пазарот на трудот. Екомонското зајакнување на жените е важна област во работењето на УНДП, и токму затоа овие активности ќе опфатат нови начини за зајакнување на позицијата на жената на пазарот на трудот. Во исто време ќе се понудат подобри социјални услови за најранливите, а од друга страна ќе се отворат нови работни места за жени кои претходно биле оптоварени со неплатена работа“, истакна Нарине Сахакјан, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации во државата.Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири истакна дека Агенцијата за вработување во целост е подготвена за имплементацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година кој содржи програми и мерки кои ќе обезбедат создавање и поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.„Почнувајќи од денес невработените лица и работодавачите ќе може да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои утрово ги објавивме јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи“, информираше Демири.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Stipendii

Доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии

Општина Охрид оваа година додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии, за кои се наменети 8.426.000 денари од овогодинешниот општински буџет.Вкупно 270 доделени стипендии се наменети за ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината од кои: 213 стипендии за основци и средношколци кои живеат во потешки социјални услови; 37 стипендии за ученици со посебни постигнувања и 20 стипендии за талентирани основци и средношколци. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 1.500 денари.Вкупно 142 од доделените стипендии се наманети за редовни студенти на додипломски студии кои студираат на државните универзитети во нашата држава. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 3.000 денари.Веќе е започната исплатата на стипендиите и до сега се исплатени 1.242.000 денари буџетски средства.Доделувањето на стипендиите кое беше извршено врз основа на јавни конкурси е во насока на мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.Општина Охрид во текот на изминатата 2020 година додели вкупно 288 стипендии од кои 185 беа наменети за ученици од основни и средни училишта, а 103 стипендии беа наменети за студенти.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања