Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Мицкоски со писмо до меѓународните фактори- масовна имунизација, консензус и одложување на пописот во септември, локални избори во октомври

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава осврнувајќи се на пописот, локалните избори и ковид пандемијата.Тој во писмото до меѓународниот фактор пишува дека Македонија, како и остатокот од Светот се соочува со нов бран на КОВИД 19. Но во исто време државава се наоѓа на дното во Европа по број на вакцинирани.-Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостаток на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје.Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред се на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот, стои во писмото.Тој подвлекува дека проблемот во немањето на консензус во врска со прашањето околу пописот е само во владата на Заев.-Прашања како пописот, во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус. Немањето на ваков консензус, не донесе до слепа улица, при што единствена солуција која останува е одлагање на пописот.Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде КОВИД кластери.Како лидер на опозицијата смета дека има обврска кон граѓаните и дека треба да се најде решение за ситуацијата.Како дел од решението тој предлага:- Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември, стои во писмото на Мицкоски.Тој напоменува дека низ лично искуство најдобро знае низ што поминуваат заразените од Ковид како и информациите за личните трагедии на илјадници семејства што треба да биде аларм за државата суштински да делува.-Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме, стои во писмото.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР фати крадец при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од куќа

На 10.03.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип затоа што околу 15.10 часот на ул.„Сремска“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од куќа. По целосно документирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

22-4

Тасева за набавката на вакцините: Сите јавни документи треба да се ставени на увид на јавноста, па да се утврди дали има место за кривична одговорност

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во „Студио 10“, ги коментираше натписите на италијанскиот весник „Ла верита“ кои во денешното продолжение откриваат детали за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини.-Треба да се разјасни на кој начин се тргнало во постапка за набавка на вакцини. Сите овие информации не се добри, сите овие случување укажуваат на една несериозност при набавката на вакцини, коишто се приоритет за било кој дел на активностите на владата. Начинот треба да биде транспарентен бидејќи е од голем интерес на граѓаните и се трошат јавни пари. Во ситуацијава со набавката на вакцини, има јасна одредба во Кривичен законик. Зачудува инертноста на ЈО, дека во ваква ситуација кога има афери и случаи, тие не се организирани да проверат. Мора да ги расчистат сите аспекти. Сите јавни документи треба да се ставени на увид на јавноста, па да се утврди дали има место за кривична одговорност, вели Тасева.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ivanoska

Ивановска: Не изненадија информациите дека постоел неорганизиран процес за набавка на вакцините

Нè изненадија информациите дека постоел неорганизиран процес за набавка на вакцините, рече утрово претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во Студио 10 на ТВ24.Ризикот за корупција доаѓа на високо ниво. Се набавува од приватни фирми. Можеби најдобри биле намерите, но се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Има работа и за Антикорупциска, но и за Обвинителството. Повеќепати сме разговарале за односот на ЈО кон моменталните случувања, треба да излезат и да кажат каков е нивниот став, дали ќе се истражува, ова се поголеми случаи кои заслужуваат внимание. Антикорупциска комисија има надлежност да ги утврдува системските слабости, но сите злоупотреби треба да ги фати ЈО, рече Ивановска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа кратка седница на која е донесен заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или ТИР карнет, или пак, извозен придружен документ ИПД.На денешната седница е донесена и препорака за дообјаснување на делот од одлуката на Владата кој се однесува за дозволениот период за движење/транзитирање на транспортерите, со што се посочува дека за овие економски оператори важат претходно воспоставените правила, односно транзитниот период се определува од три до пет часа и го одредува граничниот службеник врз основа на изјавата на економскиот оператор за транзитирање низ земјата, од влезен граничен премин до излезен граничен премин.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките

На 10.03.2021 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово. При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното.Сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

12 лица не го почитувале полицискиот час

Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

11032021_PVRSM_sredba_AMamb-1

Средба на премиерот Заев со амбасадорката на САД Брнз: Искажана поддршка за борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Кејт Брнз.На средбата се разговараше за неодамна усвоениот владин План за борба против корупцијата.Во таа насока премиерот Заев истакна дека Владата е целосно посветена на неговото спроведување како системски организиран процес за зајакнување на капацитетите и за синхронизирање на активностите на институциите за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите, а амбасадорката ги поздрави ваквите напори.Премиерот Заев и амбасадорката Брнз разговараа и за реформите предвидени со „Агенда: Европа дома“, во која, освен утврдените чекори за борба против корупцијата, се вклучени и мерки за обезбедување европски стандарди за изборните реформи, за правосудството, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економско владеење, реформа на јавната администрација, како и за реформите во областа на животната средина и климатските промени.Со посебно внимание премиерот Заев и амбасадорката Брнз се задржаа на можностите за унапредување на економската соработка и за пројавениот интерес на некои компании од САД да инвестираат во Северна Македонија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

policija-6

Засилените контроли на МВР продолжуваат: 197 санкционирани возачи во Скопје, 30 без возачка, 13 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30, санкционирани се 13 возачи за непочитување на брзина на движење, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за управување под дејство на алкохол, девет за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 38 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид со превентивни мерки за заштита од КОВИД 19 - опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки

Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска 11.03.2021 (четврток), опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки.Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат.Оваа мерка се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот КОВИД 19 и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот.Општина Охрид упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kineski-vakcini

СДСМ: Потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема ништо незаконско во набавката на вакцини

Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно се уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии. Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина, се вели во соопштението од СДСМ.Во продолжение на истото се додава:Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dokument

„Ла верита“: Филипче се согласил за кинеските вакцини ризикот да биде на наш грб

Италијанскиот весник „Ла верита“ во денешното продолжение за скандалот за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, ги објавува писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“, но преку една компанија од Хонг Конг формирана во 2017 година. Оваа фирма „Стабри“, е сосема друга од она што премиерот Зоран Заев го изјавуваше деновиве, дека се работи за компанија блиска до „Синохидро“ чија компанија мајка е „Пауер Чајна“.Во писмото на министерот Филипче испратено на 25 јануари до кинеската компанија „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓунариодни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.„Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишива новинарот на „Ла верита“ Џовани Каподистрија.Вчера италијанскиот весник пишуваше дека причина за враќање на авансот платен од Македонија од страна на кинеската држава е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом посредничка фирма, со седиште во Хонг Конг, која немала стабилни темели, но имала големи финансиски депозити во германската „Дојче банк“.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, авторските права се во целосна сопственост на Владата

При набавката на софтверот не е прекршена ниту една процедура за јавни набавки и не е констатиран никаков конфликт на интерес.Владата при набавка на авторски дела, како на пример набавка за изработка на софтверски решенија, секогаш има обврска да осигура дека добавувачот, заедно со предаденото авторско дело ги предава сите авторски или индустриски права на договорниот орган и во овој случај таа обврска е испочитувана во целост. Соодветно на тоа, Владата како сопственик на софтверот и на авторските права, може, без услови, да го модификува и надградува софтверот, по сопствено наоѓање. Изворот на авторски права никогаш не е и во овој случај не бил критериум при оценувањето на понудите на јавните набавки.Владата работи по највисоките професионални, правни, етички и законски постапки и нема да дозволи нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност, без разлика за која набавка станува збор.Затоа, ги повикуваме надлежните институции, вклучително и ДКСК да ги извршат сите неопходни проверки вклучително и тоа дали при обезбедувањето на овој софтвер и на авторските права за овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, стандарди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес.Софтверот, изработен од „ФИНКИ“ и Друштво за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „ИНВОКА ГРОУП“ ДООЕЛ Скопје е целосно оспособен, тестиран и предаден со изворен код кој е наменет за следење на сите прекршоци. Создаден е за различни камери, не фаворизира ниту еден хардвер и може да детектира многу широк спектар на различни сообраќајни прекршоци. Тој претставува автоматизиран систем кој го елиминира човечкиот фактор при одлуката за санкционирање на сообраќаен прекршок и со оваа функционалност значајно ќе го подобри регулирањето и почитувањето на сообраќајните правила.Набавката на софтверот за контрола на просечната брзина на возилата во сообраќајот е спроведена со сите детални процедури низ отворена и јавна тендерска постапка во која заради повеќе учесници односно наддавање од три компании, предвидениот буџет за проектот од 8 милиони, е намален на околу 5 милиони денари.Извршено е тестирање на софтверот при што констатирано е дека е целосно функционален и ефикасен, а за тестирањето на софтверот имало претходни известувања од службите на Генералниот секретаријат на Владата до Министерството за внатрешни работи односно до Бирото за јавна безбедност.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bogdan

Илиевски: Весникот „Ла Верита“ е истиот медиум кој што објави за скандалот во СЈО, не би го потценил неговиот кредибилитет

Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија вели дека никако не смее да се потцени весникот Ла Верита кој што денеска објави нов скандал поврзан со владата на СДСМ околу набавка на кинеските вакцини, бидејќи како што рече токму истиот медиум објавувајќи скандали со поранешното Специјално јавно обвинителство го урна истото.Ла Верита беше истиот медиум кој што го урна СЈО, така да не би го потценил кредибилитетот кој што го има виз а ви оние работи кои што ги објавија и ова што го прочитав утринава е прилично скандалозно, вели тој.Илиевски посочи како е можно фирма медијатор да има кредибилитет да посредува за набавка на вакцини на Македонија од Кина, а не владата на СДСМ.Скандалозно е според мене што досега мислев дека немаме вакцини во Македонија затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денеска и една имаме и една друга опција како можна а тоа е дека дури и со набавката на вакцини не се калкулира само со оние геополитички мненија на премиерот и на луѓето околу него, каква земја сме биле, во кој сојуз сме членувале, па дали требало да набавуваме вакцини од ваму и таму, туку дека за жал и трагично може и бизнис е во прашање, нагласи тој.Па добро може не се случило зделка но можеби имало обид да се случи зделка. Јас еве би го поставил како прашање како е возможно преку фирма медијатор, некоја фирма од Хонг Конг која што не ја знаеме, таа фирма да има поголем кредибилитет од влада на една држава. Тогаш дај таа фирма од Хонг Конг нека ни ги води сите други работи, сите други ресори ако е поспособна од влада на една суверена држава да набави вакцини. Значи тука е првиот црв на сомнеж, вели Илиевски.Во однос на набавката, Илиевски изјави дека според она што го слушнал е дека за доза од 200.000 кинески вакцини се планирало да се исплатат над 12 милиони евра или поделено по 60 долари за доза, а како што нагласи тој од она што го пребарал по интернет за поголема набавка на вакцини од Синофарм вакцините чинеле 30 долари.Уште една работа што ја слушнав е дека се работи за договор од околу над 12 милиони евра, ако имаме предвид дека првично ќе набавиме 200.000 вакцини од Синофарм или 12 милиони поделено со 200.000 околу 60 долари по доза. И по едно мало пребарување на интернет од неколку извори најдов дека во поголеми дози набавени вакцините чинат 30 долари од Синофарм и тука ми се јавува сомнежот и не сакам да верувам но во Македонија мораш да си спремен да веруваш во се дека некој сакал дупло повеќе да ги набави кинеските вакцини и затоа се наоѓани и измислени некакви фирми од Хонг Конг, изјави Илиевски.фото: PRTSC Канал 5

Македонија | пред 5 години

igor-spasov

И докторите кои кажаа дека Игор Спасов има уролошки проблеми го победија системот!

Штипското обвинителство одлучи да не гони никој од лекарите во болницата во Штип кои лани летово му пишале наод на Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, по што Спасов избега надвор од државата. По барање на обвинителството, Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ извршиле стручен надзор врз медицинската документација во Штип и утврдиле дека нема пропусти и Спасов навистина имал уролошки проблеми, објави telma.com.mk. Во подготвувањето на документацијата, свое лекарско видување за Спасов доставил и негов близок роднина. Според медицинската документација, осудениот за убиството на Нешковски, го одолжил враќањето во затвор затоа што лекарите сметале дека поради здравствените проблеми и хируршката интервенција не може да се движи по што судот му издал дополнителни три месеци на слобода.Иако Спасов имал задолжение преклани во септември да се јави во судот со нова документација за да се провери неговата здравствена состојба, тој не се пријавил во судот. Но, наместо да се врати во затвор, од лекарите прогласен за „тешко подвижен“ Спасов избегал во непознат период и во февруари оваа година е пронајден во Бугарија по што во понеделник е есктрадиран назад во татковината да дослужи преостанатиот дел од затворската казна (околу половина од 14 пресудени години).Текстот во целост на: telma.com.mk. 

Македонија | пред 5 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Вишото јавно обвинителство е против Мијалков да излезе од притвор

Вишото јавно обвинителство – Скопје се изјаснило дека е против укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков, изречена по усното соопштување на првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ каде тој е обвинет. Својот став, обвинителството го соопштило во одговорот на жалбата на Мијалков во која екс-директорот на УБК бара укинување на притворот, предмет кој се наоѓа пред Апелациониот суд, објави  360stepeni.mk. „Мислењето е негативно, во насока да се одбие жалбата“ одговорија кусо од Обвинителството за „360 степени“Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

arben

По две години безживотното тело на Арбен најдено во водите на реката Лепенец

Безживотното тело на исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, по две години беше пронајдено во водите на реката Лепенец во населбата Бардовци, општина Карпош, објави ТВ21. Бекир, таткото на Арбен, вели дека телото го пронашол еден локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Таткото истакна дека е разочаран од институциите кои, како што уверува, не преземале мерки за да откријат кој го однел неговиот син. Пред две години безбедносните камери на раскрсниците го снимиле Арбен како се качува во еден автомобил и оттогаш му се губи секаков траг.Погребот на Арбен ќе се изврши во недела. Таткото на Арбен вели дека конечно го пронашол и може да го погреба синот.Од Основното јавно обвинителство, велат дека ќе го чекаат извештајот од обдукцијата на телото со цел утврдување на причините за смртта.извор: ТВ21.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска 913 нови случаи на ковид-19, од нив најмногу во Скопје 440, починати се 16 лица

Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 440-Прилеп 64-Кавадарци 50-Куманово 45-Тетово 35-Гевгелија 33-Неготино 31-Гостивар 29-Охрид 26-Велес и Битола по 24-Струмица 21-Крушево 11-Кочани и Крива Паланка по 10-Ресен 7-Струга и Свети Николе по 6-Кичево и Демир Капија по 5-Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 4-Делчево, Берово и Валандово по 3-Дојран 2-Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево по 1Починати се 16 лица, по 7 пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г), 6 пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г) и по еден пациент од Гостивар (87г), Гевгелија (71г) и Крушево (40г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Регистрирани се 351 оздравени пациенти од:-Скопје 173-Охрид 37-Прилеп 28-Кавадарци 16-Велес и Струмица по 12-Куманово 11-Неготино 9-Тетово и Гевгелија по 8-Струга 7-Кочани 5-Штип и Битола по 4-Крива Паланка и Берово по 3Виница, Богданци, Кратово и Демир Капија по 2-Гостивар, Делчево и Валандово по 1Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 .фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче демантира: Нема никаков скандал со набавката на кинеските вакцини!

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги демантираше тврдењата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини. Според него, имало обид набавката на вакцините да се изврши преку приватни фирми, но, се покажало дека тоа не е правилниот пат, по што крајната одлука била да се набават преку кинеската амбасада и кинеското МНР.Министерот Филипче гостуваше во Канал 5 и изјави:„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“ истакна Филипче.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

prst-6

Даштевски ги повика партиите побрзо да се договорат за гласање со отпечаток на прст

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека локалните избори ќе треба да се одложат за еден месец ако политичките партии до крај на март не се договорат за земање отпечатоци од прст при гласањето.„Од она што го слушаме постои политичка волја да се заврши таа работа“, истакна Даштевски.Според него, итно треба да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР. Парите, за намената, како што посочи тој, се обезбедени.Извор/фото:Слободна Европа

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Според извештајот од Патологија органите од родилката Веапоска биле извадени здрави

Повеќе медиуми објавија извештај од Патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска која по породувањето од страна на директорот на струшката болница остана без три органи, матка, бубрег и јајник.Телма јавува дека Веапоска тврди дека без да бидат прашани таа и нејзиниот сопруг, д-р Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на Патологија.-Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка, пишува Телма.Од Обвинителството,  уверуваат дека активно се постапува по двата предмети. И за илегалната ординација и за случајот со Веапоска.Појаснуваат дека се сослушуваат лица кои можат да дадат податоци, се прибираат материјални и вербални докази, а откако сето тоа ќе се комплетира, ќе се направи анализа и ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за двата предмети.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

10032021_NK_Alagozovski_sredba_3

Алаѓозовски и претставници на бошњачката заедница: Одговорноста за успешен Попис 2021 е на сите

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, денеска оствари средба со претставници на бошњачката заедница во Северна Македонија, кои учествуваат на различни нивоа во општествените и граѓански процеси.На средбата, присуствуваше и Јасмина Ѓорѓиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика, која присутните ги информираше за процесот на попишувањето и за сите детали кои од страна на Заводот се преземени за успешно спроведување на Пописот 2021.Координаторот Алаѓозовски истакна дека податоците кои ќе се добијат од најобемната статистичка операција која веќе е започната во прва фаза, а која повеќе од 19 години не е направена во нашата земја ќе помогнат за рамномерен регионален развој, кој треба да е инклузивен и да ги опфати сите општини каде живеат етничките заедници, со цел да се насочат правилни политики и мерки за планирање успешен економски и социјален развој.Беше истакнато дека успешно спроведената методолошка операција ќе помогне и во динамизирање на целите интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот донесени од Владата за 2020-2022 година, односно на Акцискиот план кој помага за поуспешно остварување на овие заложби.Присутните претставници на бошњачката заедница информираа дека и формираното Координативно тело на Бошњачките организации за Попис 2021 е со цел да се поддржи Пописот и да се оствари успешна транспарентна и инклузивна операција, со што помасовно учество на сите граѓани.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

krov2

Целосно нова кровна лимена конструкција на ОУ “Христо Узунов”

Овозможивме подобри услови за учениците во ОУ „Христо Узунов“ преку инвестиции од околу 9 милиони денари. Инвестиравме во:Промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач во вредност од 3,2 милиони денари;Комплетна реконструкција на тоалетите во вредност од 2,9 милиони денари;Комплетна промена на дограмата во вредност од 3 милиони денари;Наскоро треба да започне реконструкција на подовите во сите училници, напиша во фејсбук објавата градоначалникот Георгиески.ФБ: Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

10032021_PVRSM_Zaev_poseta-na-Ist-Gejt-Mol_2

Заев во „Ист Гејт Мол“: Најголемиот трговски центар во регионот ќе донесе светски брендови и нови вработувања

„Ист Гејт Мол“ ќе прерасне во модерен трговски центар од новата генерација кој ќе го претставува светот на едно место. Со својата големина од 160.000 м2 површина, разновидност и содржини, Скопје го има најголемиот трговски центар во регионот. Горди сме што „Ист Гејт Мол“ носи реномирани трговски марки во нашата земја: 250 локални и меѓународни брендови. Тоа значи отворање на голем број на работни места, што е и наша заложба да креираме поволен деловен амбиент за добро платени работни места и привлекување нови инвеститори. Градежништвото развива 70 дејности и поддејности и претставува економска гранка која силно учествува во БДП, во создавање работни места со квалитетни плати за граѓаните. Сите што донесоа одлука да се спротивстават на пандемијата со инвестиции посебно во градежништвото, убеден сум дека направија одличен избор кој ќе им врати успех“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната посета на „Ист Гејт Мол“ во Скопје каде со засилена динамика се одвиваат градежните активности за официјално отворање оваа есен.Премиерот Заев заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши и менаџментот на „Скопје Ист Гејт” направија обиколка на локацијата и се информираа за инвестициските активности до финална реализација на проектот.„Скопје Ист Гејт инвестира и во услови на пандемија. Севкупната значајна инвестиција изнесува над 350 милиони евра за нашата земја. Комплексот развива бруто површина од 500.000 м2, во кои покрај трговскиот центар се содржани 10 станбени и 5 деловни згради. Она што дава позитивен сигнал за инвеститорите кои сакаат својот капитал да го вложат во регионот е извештајот на почитуваната американска фондација „Херитиџ“ за 2021 година кој беше објавен минатата недела.Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобро рангирана во регионот и е на 46-то место во светот, пред Словенија, Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. За уште подобри економски резултати посветено работиме на реформа на судството и јавниот сектор, справување со корупцијата и креирање на поволен економски амбиент.Владата како никогаш досега го поддржува стопанството. Заклучно со 5-ти март од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници. Поточно, исплатени скоро 97% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија. Стопанството е поддржано и со низа други мерки. Донесени се 5 пакети економски мерки за задржување на ликвидноста и поддршка за сите сектори. Позитивен сигнал во услови на пандемија е и континуираниот раст на просечната плата, која за декември 2020 година изнесува 28.294 денари, поточно со солидна годишна стапка на раст од 5,4%“, изјави премиерот и додаде дека планот на Владата е јасно зацртан и заеднички со сите чинители во општеството, стратешки се работи на просперитетен и стабилен економски развој на среден и долг рок.Игор Давков, извршен директор на „Скопје Ист Гејт“ истакна дека „Ист Гејт Мол“, е ,,Новото срце на градот Скопје” кој за само неколку месеци, ќе биде најатрактивната дестинација.„Видливо е дека трговскиот центар е во последна градежна фаза. По готовата и затворена карабина како и завршените машински и електрични системски инсталации, започнати се занаетчиските активности и останува да се доработи внатрешниот ентериер. Ист Гејт Мол ќе се простира на 5 нивоа и ќе располага со 57.000 м2 вкупна површина за изнајмување. Со објект од вакви димензии, Скопје добива најголем мол во регионот кој ќе биде новото место за излегување, забавување и шопинг. Припаѓа на таканаречените „центри-дестинација” заради тоа што нуди повеќе содржини на едно место: широк избор на мода и уникатни брендови, услуги, игротека, 8 кино сали,7 фини ресторани, оддел за брза храна со 800 места, хипер маркет, салони за мебел и бела техника, и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови кои чинат површина од 12,000 м2. Воедно со проектот се развиваат инфраструктурни добра како нови улици, нови приоди кон автопатот, осветлување, зелени појаси и паркови“, истакна Давков.„Ист Гејт Мол“ носи реномирани трговски марки во нашата земја: 250 локални и меѓународни брендови. Шпанскиот моден гигант „Индитекс“, со брендовите „Зара“, „Зара Хом“, „Масимо Дути“, „Ојшо“, „Страдивариус“, „Бершка“, „Пул анд Бер“, како и полската модна групација „Ел пи пи“ со брендовите „Ризрвд“, „Мохито“, „Хаус“, „Синсеј“ и „Кроп“, се само дел од брендовите кои доаѓаат, а следат и трговски марки од други западно-европски земји.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

higi-6

Аеродром промовираше европска методологија за одржување јавна хигиена

Општина Аеродром воведе нова интерактивна европска методологија за одржување на јавната хигиена во општината, брифираа на денешната средба со новинарите Александар Ѓоргиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот, и Дејан Антовски, раководител на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина.„По теркот на градот Љубљана и јавното претпријатие „Снага“, воведуваме нова европска методологија за одржување на јавната хигиена во Општина Аеродром. Ние сме прва општина во државата и во регионот што имплементира ваква практика и не случајно е избран градот Љубљана како пример, со оглед на фактот што тој веќе неколку години е прогласен за зелена престолнина на Европа. Ние сакаме да спроведеме европски стандарди, вредности и проекти за чист и зелен Аеродром, затоа што зеленилото за кое се грижиме сите треба да остане застапено дури и повеќе од пропишаните европски стандарди. Чистотата, мирот и безбедноста се и ќе бидат наш заштитен знак“, рече Георгиевски. Според него, Општина Аеродром ќе бара активно членство во европската еколошка мрежа „Нула отпад Европа“ (Zero Waste Europe).Раководителот Антовски објасни дека граѓаните преку веб-страницата www.higi-aerodrom.mk ќе можат интерактивно, да комуницираат со општината и да пријавуваат проблеми со хигиената, каде што локалните власти ќе постапуваат и ќе ги решаваат овие проблеми согласно со можностите и надлежностите на општината. „Секој жител на општината, преку оваа страница, преку телефон или преку електронска пошта, ќе може да пријави проблем со хигиената. Во најбрз можен рок како општина ќе се организираме со сите расположливи капацитети да го решиме проблемот. Во пораката очекуваме само да се објасни проблемот и доколку е можно, да се прати фотографија. По решавање на проблемот, секој граѓанин што пријавил ќе добие известување и фотографија за решениот проблем. Секако, ние секојдневно сме на терен и ги извршуваме нашите обврски за чист и зелен Аеродром.Само заедно може да го направиме Аеродром уште почист и уште позелен и да се гордееме со воведувањето на европските вредности“, додаде Антовски. Општината ќе постави календар на редовни активности за чистење на Аеродром, ќе постави распореди за вонредни чистења на кабаст отпад и постојано ќе ги ажурира сите наведени термини за да бидат информирани граѓаните кога ќе се чисти во нивниот реон, населба или улица. Општина Аеродром освен со новата методологија, аплицираше и за ЕУ-проект за селекција на отпад од куќен праг „Clean AirDrom“ финансиран од Европскиот фонд за локални самоуправи. Проектот е насловен како „Zero Solid Waste in Municipality of Aerodrom“. Континуирано ќе реализираме акции за собирање и обезбедување микролокации, „урбани простори“ за одлагање кабаст отпад, почнуваме со изработка на проект за селекција и компостирање органски отпад и изработка на студија на загадувачи во Општина Аеродром, што ќе опфати и субвенционирање за нивно неутрализирање. Наскоро општината ќе ги повика станбените заедници да креираат „енергетски задруги“ во соработка со бизнис-заедницата.Општина Аеродром, исто така, веќе една година е вклучена и во проектот „Риплејс“ (Replace) што е финансиран од Програмата за истражување и развој на Европската Унија „Хоризонт 2020“. Овој проект има цел преку различни кампањи и размена на знаење и демонстрација на предностите на ефикасни системи за греење да ги мотивира луѓето да ги сменат своите стари, неефикасни системи за греење со зелени алтернативи.Фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања