Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-2

23,0% зголемен бројот на нови случаи со КОВИД 19 во однос на минатата недела, најмногу регистрирани случаи во Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 март 2021, тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3%), со неделна инциденца – 349,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 847,9/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7%, или во просек 20,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49 (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела.Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 1 до 7 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

taravari-1

Таравари: Јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разговараат за ново мнозинство

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за Слободна ТВ вели Точно е тоа дека подолг период нема стабилно мнозинство во Македонија.-Секојдневно имаме огромен број на луѓе кои од ДУИ преминуваат во Алијансата. Мислам дека во владејачката СДСМ има комплекс на нестабилност. Зошто инаку би се пребројувале? Одредени политички сигнали има, не е само БЕСА која што избега од мнозинството како пратеничка група, тука се ЛДП, Павле Трајанов. Тие бегаат од таму како да ќе се случи нешто. Слушаме и внатре во ДУИ што се случува, има огромно незадоволство и неслучајно нема кворум во парламентот. Мислам дека ќе имаме интересна и драматична политичка пролет, вели Таравари.-Точно е тоа дека подолг период нема стабилно мнозинство во Македонија. Никогаш немало мнозинство кое не може да направи кворум и да изгласа закон. Постојат индикатори кои покажуваат дека оваа влада е дисфункционална. Јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разговараат за ново мнозинство, рече Таравари.извор: Слободен пачат

Македонија | пред 5 години

sofijanova

Д-р Софијанова: Компликации од КОВИД 19 има и кај децата, вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето

Ковид-19 сѐ почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите. Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека само за два месеци со соочиле со пост-ковид компликации кај 42 деца коишто го прележале вирусот, објави Дојче Веле.– Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело. Тие немаат можеби симптоми како возрасните – висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за ДВ.Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека ковид-19 не остава последици врз нивното здравје. Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето.– Последиците допрва ќе се откриваат, вели Софијанова.Таа укажува дека изминатиов период имало десетина деца кај кои се појавиле проблеми со слепото црево, па голем дел од нив морале да бидат оперирани. Последиците од вирусот коишто го разоруваат детското тело, според лекарите, се причина повеќе да се посвети посебно внимание на децата заразени со ковид-19.Компликации има, но нема случаи со смртен исход.Според Министерството за здравство, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца во Козле во моментов има 26 пациенти. Според податоците на Институтот за јавно здравје објавени пред неколку дена, најмалку заразени има кај децата до 9 години (1,7%), додека во групата деца и тинејџери од 10-19 години биле 5,2% од вкупниот број тестирани.Иако и светските, но и домашните искуства покажуваат дека децата релативно полесно го поднесуваат и пребродуваат вирусот, сепак не се исклучок ниту случаите каде ковид-19 се појавува во сета своја разорна моќ и остава големи последици врз здравјето на децата.Во мај минатата година десетмечното бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба беше донесено на Клиниката за детски болести во Скопје. Бебето коешто имаше швајцарско државјанство со специјален авион беше пренесено во Швајцарија каде што по два дена почина. Швајцарските здравствени власти на прес-конференција информираа за прва смрт на дете со ковид (заразено во странство) и укажаа дека починало од можни компликации од инфекција на коронавирус. Позитивна на вирусот беше и неговата баба, кај којашто бебето било оставено на чување.Софијанова вели дека во светот има случаи на ковид-19 кај деца, коишто завршиле со фатални последици. Во С. Македонија имало посериозни случаи со компликации предивикани од короноавирусот, но за среќа нема случаи со смртен исход.Преземено од Дојче Веле.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski-23.02

Мицкоски: Денеска подобро се чувствувам, ќе помине мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски упатува јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови. Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност, напиша на својот ФБ профил Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

23032637_728527630690610_4042615511470689461_n

Луда журка се случувала вечерва во Гостивар, се играло и пеело по маски се додека не влегла инспекција

Забава со танчерки по маси и пејачки, затекнале пазарните инспектори доцна вечерва во гостиварски ресторан, дознава „А1он“. При контролата која била спроведена, биле затекнати 12 девојки, од кои 5 се странски државјанки.Ресторанот бил полн со гости, а забавата била веднаш прекината од инспекторите. Во локалот била интервенирала и полицијата, а приведен е газдата кој е спроведен во полициска станица.Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски ја потврдува акцијата на инспекторите и вели дека го затвориле ресторанот на 30 денови, а ќе поднесат и прекршочна пријава. Инспекторите ќе издадат и платни налози од над 5000 евра како казна за ресторанот каде е правена забавата.ФОТО: Илустрација

Македонија | пред 5 години

policija-4

И за претстојниот полициски час ќе важат ланските дозволи за движење

Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите, МИОА ќе им преиздаде нови.-Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. МИОА ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот, појасни Арсовски, задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.-Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите потадоци, исто како и минатата година. Oткако ќе го пополнат овој обрзаец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извруваат работни задачи, рече владиниот портпарол.Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.

Македонија | пред 5 години

za-korona

(ВИДЕО) Скопјанец раскажува што поминал по болниците: Луѓе умираат зaтоа што нема капацитет да се хоспитализирани навремено

Луѓе умираат зaтоа што нема капацитет да се хоспитализирани навремено, кажува во своето сведоштво млад скопјанец.-На лагите им се кратки нозете, викаат. Слободни капацитети и кревети во болниците нема и ништо не е под контрола. Луѓе умираат зошто нема капацитет да се хоспитализирани навремено зошто дополнителните болници не се отвараат кога се потребни туку 3 недели подоцна. НЕМАШЕ МЕСТО ЗА СМЕСТУВАЊЕ НИТУ ЗА СЛУЧАЕВИ СО БРЗА ПОМОШ ДОНЕСЕНИ. Јас се надевам дека нешто ќе успееме да смениме на подобро од ова дно што се наоѓаме во моментов. Видеово го снимив вчера, во однос на датите што ги спомнувам, но го споделувам денес, пишува на Фејсбук, Мартин Данчев. видео: ФБ

Македонија | пред 5 години

culev-2

Наќе Чулев за набавката на софтверот од страна на Рашковки: Не е прашано МВР и таков систем не е стигнат во МВР

„Во периодот додека ја извршував функцијата министер за внатрешни работи во ниту еден момент не бев информиран дека Генералниот секретеријат на Владата извршил набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, ниту пак е побарано од МВР спецификација за набавка на ваков софтвер, проблематика која е единствено во делокругот на надлежности на МВР, а не на други институции. Никаков софтвер не е примен во МВР во периодот додека бев министер“, напиша на својот ФБ профил поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.Чулев во објавата додава:Уште повеќе, никогаш на Влада или на било каква владина работна група не е дискутирано или имало било каква координација за законски промени со цел примена на наведениот софтвер.Ниту тогашниот премиер, ниту генералниот секретар или било кој друг не ме информирале дека ваков софтвер е набавен. Не ми е јасно зошто Генералниот секретеријат спровел набавка на вакво софтверско решение, со оглед дека Министерството за внатрешни работи, раководено од тогашниот министер, Оливер Спасовски, во истиот период спроведува постапка за набавка на хардверско и софтверско надградување на проектот "Безбеден град", кое вклучува и софтвер за сообраќајни прекршоци, посебно ако се има предвид дека производителот и одржувач на "Безбеден град" со кој МВР има склучен договор, не дозволува инкорпорирање на надворешни софтверски решенија.  фото: PRTSC ФБ

Македонија | пред 5 години

09032021_PVRSM_Intervju

Заев: Вртев и по тајните служби да помогнат да набавиме вакцини, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за телевизија Сител кажа што се птавела Владата за да обезбеди вакцини против КОВИД 19. Тој откри и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот.-Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот. Последните писма ги испратиме до АстраЗенека Австрија. Иако претходно контактиравме и со АстраЗенека Британија. Вртев и по тајните служби да помогнат, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6 и слично, рече Заев.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

09032021_PVRSM_Intervju

Заев: Пописот е многу потребен и нема одложување

„Треба да има попис. Никој не знаеме кога ќе заврши пандемијата. Правиме штета на државата, трошиме пари, а немаме 20 години вистински податоци за развој на економијата“, вели премиерот Заев во интервју за ТВ Сител во врска со прашањето за одржување на Пописот во услови на ковид кризата, додавајќи дека Пописот е алатка којашто секоја земја не случајно ја прави на секои 10 години, токму поради тоа што од таму извираат податоци на основа на коишто се прават најефикасни политики за да може да се развива економијата, за граѓаните, за стандардот.„Најлесно е нешто да одложите. Прашањето е дали ќе го прифатите предизвикот да го спроведете. Знаете како, одложувавме избори. Барањето на опозицијата беше да одложиме септември – октомври, ноември, какви беа бројките тогаш? Така да учиме од тоа дека никој не знае што би било после една година, после пола година или слично. Кога можеме да ја завршиме работата треба да ја завршиме денеска, да не одлагаме за утре, посебно вака важни работи“, истакна премиерот Заев.Тој додаде дека има земји коишто си дозволуваат да донесат одлука за одложување во 2022 година, но тие имаат податоци од 2011 година или од 2012 година.„Ние имаме последни податоци од 2002 година и апсолутно тоа е недозволиво посебно во време кога се случија големи миграции“, вели премиерот Заев во врска со спроведувањето на најобемната статистичка операција во Северна Македонија, попис на граѓани, домаќинства и станови која во прва фаза веќе започна со попишување на одредена категорија граѓани.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

misajlovski09032021

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ не преговара и нема да прифати заедничка влада со мафијата на Заев

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ниту ќе преговараме, ниту ќе прифатиме да си имаме работа и да правиме заедничка влада со мафија, и тоа веднаш го кажавме, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно“ на Алфа, за предлогот на Зоран Заев за широка влада.Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи некој како Заев кој ги продава идентитетот и историјата, а како што видовме на избори победи со поткуп, додека во меѓувреме врши прогон кон опозицијата.- Овој блеф на Заев беше и порака до неговите коалициони партнери, кон помалите партии во коалицијата. Имаат огромни проблеми во коалицијата и владата, не им функционираат органите, институциите, владата и Парламентот. Кворум за работа ни денеска немаа. Се фалеа дека обезбедиле големо мнозинство, а дојде на тоа да си ги превоспита своите пратеници и да провери дали има мнозинство, вели Мисајловски.Мисајловски посочи дека намерите на Заев како и секогаш се нечесни и тој со сите можни механизми, уцени и закани ќе се обиде да го задржи тоа купче на власт.Сите овие обиди на Заев ова е знак на очај и слабост. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи сите нив на купче. Но, треба многу работа, а резултатот ќе стигне за брзо и ќе има предвремени парламентарни избори. Единствената сила која може да го турне Зоран Заев и да ги зачува идентитетот и историјата е ВМРО-ДПМНЕ, рече Мисајловски.Тој нагласи дека Транспаренси кажува дека сме најкорумпирана земја во регионот, додека ЕУ гледа колку се злоупотребува европското знаменце и дека народот нема полза од тоа, затоа и сме далеку од датумот за преговори и затоа е потребна нова влада која знае како да работи.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

andonovski09032021

Андоновски: Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од Голема Бугарија, а Заев, Димитров и Османи не го осудуваат

Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од Голема Бугарија, а Заев, Димитров и Османи не го осудуваат.  Овие луѓе земаат плата од македонскиот народ. Заев и Димитров си молчат кога е нападнат територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додава:Попустливоста и бизнисите на Заев, нè доведоа до степен на понижување и потчинетост со Бугарија.Додека им дозволува да нè понижуваат сите, државниот врв си планира бизнис зделки со матни ликови во соседството.Што треба друго да се случи, какво ли друго понижување треба да се доживее од источниот сосед за Заев и Димитров воопшто реагираат.Значи за Заев не е за осуда што територија на Македонија се најде на карта објавена од бугарскиот вицепремиер. Некадарни да водат држава.Заев и Димитров треба да знаат дека за срамот кој и го приредуваат на Македонија ќе одговараат.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Владата обезбеди средства за бонус за здравствените работници за период од девет месеци

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од реструктуирање на Проектот за итно справување со КОВИД-19 во Република Северна Македонија, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката.Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници за зголемен обем на работа во борбата со КОВИД-19 во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година.Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bolnica-gostivar

Син на почината жена нападнал докторка и кршел инвентар

Во попладневните часови на 8 март, во гостиварската болница „Ферид Мурад“, за укажување лекарска помош била примена 78-годишната И. Р. од гостиварското село Сенокос, која набргу починала на интерното одделение.Според пријавеното, набргу потоа нејзиниот син, 51-годишниот Б. Р., физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.Увид во болницата извршила екипа од гостиварската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Krmov-2

(Видео) Борислав Крмов: Левица почна анти-попис кампања со мотото „НЕ ОТВОРАМ ВРАТА“

Денес пратеникот на Левица, Борислав Крмов, одржа прес – конференција од Собраниската прес – сала, по повод почетокот на кампањата на партијата против нелегалниот и наметнат Попис во услови на Пандемија.Доколку процесот на Попис не се прекине, Левица ги повикува граѓаните масовно да не отвораат врата на попишувачите!„Ние бараме, Пописот да се одложи на 12 месеци, т.е. да се одложи за во април 2022 година. Понатаму, да се донесе комплетно нов Закон, затоа што овој Закон има премногу недостатоци, а новиот Закон, којшто ќе се донесе да биде со широк консензус од парламентарните партии во Собранието.Аргументите за тоа зошто Левица ќе ја води оваа кампања се дека овој Закон беше истуркан насила во Собранието, прво беше пуштен во редовна, а потоа тајно беше пуштен во скратена постапка, без знаење на опозицијата. Понатаму, сите амандмани на опозицијата беа одбиени. Овој Закон исто така, крши многу од принципите препорачани од ООН и ЕУРОСТАТ. Покрај тоа што крши голем дел од законите, како најголем аргумент зошто не Попис е ситуацијата со Пандемијата. Во ситуација кога имаме една од најголемите смртности во регионот, имаме огромен број на заболени, по 300-400 дневно заболени, кога се најавени и рестрикции, да се турка ваков процес насила е апсолутно недозволиво, затоа ние ќе направиме се’, да го спречиме овој Попис.“видео: Левица

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев: Не се исклучуваат можностите за цели викенди и цели денови да има карантин, ако не паднат бројките

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека има логика полицискиот час да се воведе од 22 часот иако претходно угоститлските објекти се преполни.-Во кафаните има ред и поредок како треба да седат граѓаните, а дали се спроведува тоа треба самите институции да го казнуваат, односно и да го спроведуваат самите организатори на угостителските објекти без разлика дали се тоа кафетерии, ресторани, хотели или слично. Но, ако ги затворите, граѓаните се собираат пред објектот, во паркот, на Водно, пред колективната зграда, на плоштадот, на скверовите, насекаде и затоа треба барем после 10 буквално сите си седиме дома. Така што апсолутно мерката е издржана.Понатаму не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата, претседател на влада сум, не смееме да си играме играчки, животи се губат. Нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта.Да помогнеме сите овие мерки да останат само овие две седмици, за да нема причина да одиме на поригорозни мерки“, истакна премиерот Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

09032021_PVRSM_Zaev_ZPVRSM_Dimitrov_pres-konferencija-3

Заев и Димитров за „Агенда: Европа дома“: Го презентираме патоказот за европеизацијата на македонското општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, по владината седница на која беше усвоен документот „Агенда: Европа дома“, на прес-конференција информираа за деталите од оваа Агенда со која се потврдува владината одлучност да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент од нашето општество.На прес-конференцијата на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, премиерот Заев информираше дека планот е подготвен од вицепремиерот Димитров со тимот од Секретаријатот за европски прашања и во консултација со повеќе ресорни министерства и дека станува збор за агенда на Владата и за другите институции како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии, кои во соработка со Владата, ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како наши одредници.„Во „Агенда: Европа дома“ се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината „Акција 21“ со која ја потврдивме нашата одлучност да ги имплементираме европските стандарди и вредности во секој сегмент од нашето општество. „Европа дома“ е своевиден роковник со утврдени активности и носители на тие активности кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системите. Преку тоа граѓаните да добијат подобри услуги и подобар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија и дека природно припаѓа во европското семејство народи“, истакна премиерот Заев.Претседателот на Владата појасни дека документот е подготвен врз основа на обврските кои се преземени во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија и Европската Унија, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија, како и дека низ реализацијата на овие европски реформи ќе ги исполниме и препораките од Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, извештаите и препораките од групата високи експерти, од оценските мисии и од други меѓународни извештаи.„За секоја приоритетна област се наведени прецизни цели, активности, надлежни институции за спроведување на активностите и рокови за нивна реализација. Документот беше консултиран со граѓански организации кои работат во областа на европските интеграции, како и со Делегацијата на Европската Унија. Оваа граѓанска Влада успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Тој напредок е признаен од сите наши стратешки партнери. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна, безусловна одлука од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори“, посочи претседателот на Владата Заев.Осврнувајќи се на одложувањето на првата Меѓувладина конференција за официјално започнување на пристапните преговори, премиерот Заев нагласи дека Владата покажа одважност да се соочи со предизвиците, со посветена работа резултатите сигурно ќе дојдат, а прашањето со Бугарија се надминува со политички и дипломатски напори.„„Агенда: Европа дома“ е нашиот искрен влог во европската агенда како наша суштинска определба. Европеизацијата на македонското општество не смее да чека, а нашиот план за завршните процеси за оваа наша агенда очекуваме да ни донесе исто толку позитивен извештај и за оваа 2021 година. Јас само сакам да нагласам дека таа се надоврзува на досието на Северна Македонија во Брисел кое е кристално чисто според извештајот за 2020 година, со безусловна препорака за старт на преговорите. И за тоа македонските граѓани треба да се горди“, подвлече премиерот Заев.На прес-конференцијата беше информирано дека документот „Агенда: Европа дома“ во својата реализација се потпира на новата структура на Методологијата за пристапување кон ЕУ, односно на кластерот Темели, а при изработката се консултирани најдобрите европски практики со сите земји членки и од нив има безрезервна поддршка.Акцентот, со конкретни задачи, надлежни институции и рокови е ставен на изборните реформи, на правосудството, на борбата против корупцијата и организираниот криминал, на темелните човекови права, на реформи во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата на јавната администрација. Поради важноста на животната средина и климатските промени, не само во националниот контекст, туку и согласно Зелената агенда за Западен Балкан на ЕУ, вклучени се приоритетни цели и активности и за оваа област.„Во соработка со Собранието го продолжуваме консолидирањето на законската и институционална рамка за спроведување на изборниот процес согласно европските и меѓународните стандарди односно влегуваме во сеопфатна ревизија на законската рамка во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Со правосудните институции тргнуваме во насока на целосна имплементација на законската рамка и јакнење на капацитетите во правосудството. Првите чекори што ги предвидува агендата се донесување на подзаконски акти за ефикасна примена на Законот за јавното обвинителство; зајакнување на човечките и финансиските ресурси на Советот на јавни обвинители, усвојување на редовна пракса на транспарентни и образложени одлуки за избор и унапредување на судии и јавни обвинители и транспарентна евиденција за постапките за нестручно и несовесно вршење на судиската и јавно обвинителска функција и дисциплинска одговорност“, посочи премиерот Заев и дополни дека во борбата против корупцијата утврдени се роковите за екипирање и дигитализација на истражните центри во сите надлежни институции.Претседателот на Владата Заев истакна дека следува операционализација на Националната платформа за интероперабилност за потребите на надлежните органи за борба против корупција, како и нова Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023 за чија имплементација ќе одговара Национална комисија за следење на мерките од стратегијата.Во обраќањето вицепремиерот Димитров посочи дека целта на „Агенда: Европа дома“ не е да ги замени веќе постоечките стратегии, акциски документи и самата Програма за работа на Владата, туку напротив, тој е целосно комплементарен и ги отсликува реформските заложби.„Но, она што овој хоризонтален документ треба да го овозможи е мапирање на клучните чекори и нивно будно следење, заедно со притисок за исполнување на дадените рокови. Она што е важно во креирањето на секоја стратегија се механизмите за контрола на спроведувањето. Документот што го имаме дава јасна слика не само на сите задачи што се поставени во нашиот реформски план и што имаме обврска да ги исполниме, туку и точно делегира надлежности и одговорност“, истакна вицепремиерот Димитров и дополни дека станува збор буквално за патоказ што ќе треба да го следат сите надлежни институции спроведувајќи реформски чекори што СЕП ќе ги мониторира, турка и за чијашто динамика на исполнување или застој редовно ќе информира.Заменик-претседателот на Владата Димитров наведе дека во финална фаза на подготовка е Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија за периодот 2021-2025, во која детално се предвидува усогласување на сите поглавја од европско право во домашното законодавство.„Реформскиот процес, процесот на европеизација, е долг. Всушност, тој никогаш не запира, бидејќи секогаш ќе се стремиме кон подобро, прифаќајќи ги напредокот и развојот на европското законодавство, на вредностите, на технологијата. Затоа, никогаш нема да се откажеме од нашиот пат, од европеизацијата, од владеењето на правото и бескомпромисната борба против корупција, од почитување и заштита на демократските принципи и основни човекови права, од силна економија, од слободни медиуми. За да успееме на овој пат, мора да сме добро организирани, и координирани и да се осигуриме дека одговорноста ја чувствуваме сите, исто како што сите учесници во една штафета се подеднакво одговорни палката да стаса до целта“, подвлече Димитров.Вицепремиерот посочи дека СЕП ќе го следи спроведувањето на неделна основа и ќе ја информира Владата на секоја седница со неделен пресек на имплементацијата, дополнително, врз основа на податоците за спроведувањето ќе подготвуваат и до Владата ќе доставуваат Извештаи за спроведување на „Агенда: Европа дома“, и тоа во мај, во септември и во декември оваа година.На прес-конференцијата беше истакнато дека сите реформи се спроведуваат на принципиелна основа, низ темелно согледување на состојбите и систематско решавање на проблемите, а не со избрзани и половични решенија. Воедно беше посочено дека овoj момент нема да биде испуштен, бидејќи спроведувањето на обврските од „Агенда: Европа дома“ е во интерес на граѓаните и нашата земја.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Починати се 22 лицa и нови 872 лица позитивни на Ковид 19 денеска во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе - 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.Регистрирани се 412 оздравени пациенти од:Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.394 тестови преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-294, Биотек-354, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Систина-280, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.167, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 459, активни 4485Куманово 33, активни 355Прилеп 51, активни 704Тетово 31, активни 271Гостивар 28, активни 200Штип 24, активни 128Кавадарци 35, активни 531Велес 14, активни 235Битола 33, активни 228Охрид 33, активни 428Струмица 11, активни 175Струга 11, активни 152Кочани 6, активни 109Кичево 5, активни 43Неготино 15, активни 318Гевгелија 7, активни 267Свети Николе 3, активни 25Крива Паланка 13, активни 127Ресен 5, активни 64Дебар, активни 13Делчево, активни 45Радовиш 6, активни 20Берово 15, активни 44Пробиштип 6, активни 36Виница 1, активни 23Валандово 1, активни 25Крушево 9, активни 83Богданци 5, активни 66Кратово 1, активни 24Демир Хисар 8, активни 31Демир Капија 1, активни 32Македонски Брод 1, активни 6Македонска Каменица, активни 2Пехчево, активни 3Дојран 1, активни 2фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Адвокатот на родилката на која и беа извадени три органи: колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?!

Адвокатот на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајник и матка, за „А1он“ вели дека е невозможно по три извадени органи од сосема здрав човек да се тврди дека нема лекарска грешка.„Мојот став во поглед на ова прашање е изразен со поднесената кривична пријава против лекарите кои постапувале во овој конкретен случај, но исто така мојот став е и дека е природно и физички невозможно да отстраниш три витални органи на здрав и прав човек и притоа да тврдиш дека нема лекарска грешка. Па колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?! Очигледно едниот јајник што е оставен во телото на мојот клиент ги амнестира лекарите од сторена лекарска грешка. Се прашувам доколку го извадеа и овој, сега неупотреблив јајник, дали ќе имаше лекарска грешка? Ова е малку тажно за македонското здравство, зарем не?“, вели адвокатот Сашо Јанев за „А1он“.Родилката Веапоска за „А1он“ рече дека не ја изненадила ваквата одлука на Лекарската комора оти веќе и кажале дека Мухамед Асани заминал на ручек заедно со Комисијата од лекарската комора откако направиле увид во болницата.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

Fotografija-1

Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе во Собранието Закон за престанување на важење на Законот за попис

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, 09 март 2021 (вторник) во Собранието поднесе Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис на населението, становите и домаќинствата, 2021 година, по скратена постапка.Во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:-„Националниот Блок „Не отворам врата“ денес поднесе во Собранието Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, по скратена постапка.Сегашниот законот за попис не е усогласен со пописните стандари на ЕВРОСТАТ и меѓународните документи од оваа област а спроведувањето на пописот се одвива во услови на здравствена пандемија. Со законот се опфаќа резидентното и неризедентното население, се дава можност трети лица да попишуваат отсутни лица со покажување на нивен матичен број, попишување на етничката и религиозната припадност од трети лица иако овие определби се од строго лични и приватна природа, двоен потпис за пописот да биде важечки, што севкупно го прават пописот политичка наместо статистичка операција за реално пребројување на населението.Исто така, Светската здравствена организација на 11 март 2020 прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. За таа цел, во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите.Сега на повидок е ново воведување на полициски час на целата територија на државата по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести до владата за воведување на полициски час. Попис и полициски час не одат едно со друго. Надвор од секаква логика е во исто време да се спроведува попис и да важи полициски час. И за самата Комисијата за заразни болести како причина за полицискиот час е зголемениот бројот на заразени и починати од коронавирусот како резултат на непочитувањето на мерките за негрупирање.А токму армијата од 32.000 попишувачи во земјата која треба да посети повеќе стотина илјади семејства во 80 општини групирани во 50 пописни реони е директно кршење на мерките за негрупирање. Дотолку е поголема опасноста што оваа армија од попишувачи не се вакцинирани ниту имаат обврска да поседуваат негативен ПЦР тест.Затоа, веруваме дека ќе проработи совеста кај пратениците како народни избраници и ќе го прифатат нашиот закон за престанок на законот за попис. Апелираме власта да се вразуми и да го запре пописот кој би се одржал во некои подобри времиња со нула опасност од зараза со корнавирусот.Со усвојување на законот ќе се покаже државнички капацитет, одговорно лидерство и помирување меѓу политичките субјекти во државата во оваа сфера по што ќе се направи попис како статистичка операција со национален и политички консензус“ - истакна Бачев.фото: Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

policiski

Полициски час и задолжителен карантин за патниците од земјите од африканскиот континент, еве што изгласа Владата

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници, напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.Заев во објавата додава:За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат најмногу ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето на полициски при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна.Со заклучок на оваа седница на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана на движење.Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.За дополнителните исклучоците во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.Со оваа одлука на Влада се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин).За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Афричкиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање.фото: ФБ Зоран заев

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Владата донесе одлука - од утре полициски час

Од утре од 22 до 05 часот стапува на сила полициски час одлучи Владата, дознава ТВ21.Оваа мерка ќе трае во следните две недели, по што ќе се разгледува повторно и анализира епидемиолошката состојба.Како што информираше премиерот Зоран Заев, се воведува и задолжителен карантин за македонските државјани кои се враќаат од африканските земји, а државен карантин за странците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во ОУ "Григор Прличев" променета на дограмата, реконструирани подовите и тоалетите

Реализирани се низа инвестиции за подобрување на условите за учениците во ОУ "Григор Прличев".Во новиот училишен објект извршена е🔹Комплетна промена на дограмата во сите училишни простории,🔹Реконструирани се подовите во неколку училници,🔹Обновени и реконструирани се тоалетите на приземјетоВо старата училишна зграда извршено е молерисување на дел од внатрешните и надворешните ѕидови, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Тројца пратеници позитивни на КОВИД 19, собранието нема кворум за работа

Собранието  денеска без кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери.– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на Ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред.Во салата беа присутни 59 пратеници.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието, велат од ВМРО ДПМНЕ

Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието. Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално.Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Македонија е заложник на болна потреба на Заев за моќ и власт.Зоран Заев да не глуми и да не ја внесува Македонија во нови моменти на општествена и политичка криза.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања