Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

policija-skopje-koronavirus-4

Спасовски: Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку целосно оптоварување на здравствениот систем

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека подобро е пократко време да има полициски час, отколку целосно да се оптовари здравствениот систем. За негативните реакции вели дека доаѓаат од граѓани кои ќе реагираат и ако не се воведат рестрикции и коронавирусот се распространи уште повеќе.„Ќе разговараме на Влада за одлуката и ќе видиме која ќе биде крајната одлука, габаритот, како и на кој начин ќе се реализира, но таа мора да се реализира и почитува, за сите заедно да си помогнеме. Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку целосно оптоварување на здравствениот систем. Оние кои сега реагираат на носењето на рестриктивните мерки, истите тие ќе реагираат многу повеќе во моменти кога ќе дојдеме до широка заразеност на населението, можностите за лекување и така натаму“, посочи Спасовски.Спасески уште еднаш апелираше до граѓаните да носат маски и да не се групираат.„Апелот да се почитуваат мерки за заштита од Ковид-19 е нешто што треба да го имаме сите предвид. Рестриктивните мерки не се популарни, но се неопходни за да можеме да го заштитиме населението, здравјето и животот на граѓаните. Има ли нешто потценето од здравјето и животот на граѓаните? Дали во моментите кога се носат вакви одлуки не мислите на починатите лица од Ковид-19? Дали кога седиме во кафеани, ресторани, правење домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност од ширење на вирусот? Одлуките кои мора да ги донесеме никој не ги посакува. Но, тие се резултат на нашето однесување. Ако не почитуваме, не носиме заштитна опрема, се групираме, правиме настани кои со сигурност значат ширење на вирусот, државата мора да реагира“, додаде Спасовски.Комисијата за заразни болести предложи воведување полициски час од 10 навечер до 5 наутро. Владата на седница треба да се произнесе дали мерката ќе биде воведена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Лекарската комора не пронашла пропуст во ординацијата на Асани кога на родилката и биле извадени матката бубрегот и јајникот

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, дознава „Слободен печат“.Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ ја потврди ваквата информација.– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-4

Затворен угостителски објект во Тетово во кој биле затекнати 13 гости, приведен сопственикот

На 08.03.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано непочитување на работното време, односно во објектото биле затекнати 13 лица – гости.Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а управителот на објектот В.Т.(30) од Тетово бил лишен од солбода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

158519245_578653176424577_4057425097531425331_n

За една недела санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 191 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 01.03. до 07.03.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

dragi-raskovski

ВМРО ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер, кој МВР не го користи, само за ова треба да лежи во затвор

Секој ден нов скандал. Драги Рашковски како генерален секретар на владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари, а МВР не знаат ниту дека истиот постои.Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кпј не само што не е приоритет во време на пандемија, туку истиот сега воопшто не е во функција. Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор.Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи.Драги Рашковски да каже, зошто го набавил софтверот, ако МВР не знаат за него, тоа значи дека воопшто не го ни побарале. Кого прашал Рашковски и врз база на која анализа и потреба е купен софтверот?Дали набавката на софтверот е уште еден "Леонардо вил вин"?Ја повикуваме МВР веднаш да каже дали нарачеле софтвер од Рашковски, и дали тој за тоа добил овластување од влада.Владата да каже како во време на пандемија воопшто дозволиле набавка на неприоритетна опрема?Колку вакцини можеле да се купат со парите кои Рашковски ги фрлил за софтверот кој никој не го користи?ЈО да го испита случајот и да се види целиот процес при набавка. А доколку се колеба и е во сорабтка со Заев тој ќе биде истражен по промената на власта наскоро. Одговорност ќе има.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

19133d7f-7d03-4f26-a7bf-374e1eab646d

Венко Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по повод денот на жената 8 Март беше во посета на органзацијата на жени на СДСМ во скопската општина Гази Баба каде говореше за женското здравје правата и можностите на здравствена заштита на жената. Филипче посочи дека со измените на законот за абортус, волјата на жената е ставена на прво место, односно жената има право на репродуктивна слобода. Правото на абортус е директно поврзано не само со репродуктивно здравје, на жената, туку и со општата добросостојба, затоа здравствениот систем е должен да одговори соодветно и да ја ѝ пружи сета потребна грижа.Министерот на трибината говореше и за воведувањето на нови терапии за жените кои имаат рак на дојка. Сега сите жени со рак на дојка имаат терапија, односно се набавуваат скапи цитостатици и сите жени после операција или без операција на карцином на дојка, ја имаат целата терапија што им е потребна. Изминатиов период обезбедени се и бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пацинетки.Министерот апелираше дека од голема важноста се превнтивните прегледи посебно за младите девојки. Посетата на гинеколог, како и рутински преглед на гради еднаш во годината, е најдобрата здравствена превенција бидејќи само така се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика но и висок процент на успешно лекување. Здравството е темелот на едно општество, затоа нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот, истакна Филипче.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 5 години

naum

Портпаролот од ВМРО ДПМНЕ Стоилковски го доби судскиот спор против Ивица Коневски

Именувањето со „Комшија“ на Ивица Коневски не е навреда, одлучи Граѓанскиот суд, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.Поранешниот градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски на 7 август 2020 година поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Коневски е навреден од статуси на социјалните мрежи. Коневски тогаш објави на Фејсбук дека поднел тужба за клевета против, како што пишува портпаролот на Христијан Мицкоски, „финансиран од партијата да шири лаги во интерес на својот шеф“ и беше сигурен дека за кратко време Стоилковски ќе му се извини за искажаните лаги.Стоилковски пишуваше дека во зградата кај Мајчин дом во Аеродром, Коневски има стан и деловен простор над 350м2 и затоа не ја критикува актуелната власт.Постапувајќи по тужбата на адвокатот Коневски судот одлучил дека именувањето „Комшија“ не се смета за навреда, а за тоа Стоилковски приложува доказ – имотен лист.Зошто бе комшија не кажуваш дека го изгуби процесот против мене за навреда и клевета? Ајде биди доблесен барем еднаш и онака како што ја најави тужбата на долго и широко, сега да ми се извиниш што ме тегнеше по судови и што ме навредуваше и омаловажуваше дека клеветам и лажам, да ми се извиниш што не вознемируваше мене и семејството. И пофали се комшија, ти успеала акцијата, си извадил Имотен лист за дуќанот кај Мајчин дом. И тоа сега, пред месец дена, мислејќи дека си заташкал трагите? А може и да се гледа како успех за адвокат со три години искуство, кој што ни сам не препознава на суд што е навреда, а што клевета, нели? Патем, Комшија, ќе гугнеш ли нешто за Заев, критика ли, фалба ли, види тој како ве фали, нов спонзор ли ви е во Мериот, се согласувате со сите ставови? Љубов ли е, интерес ли е? Или пак ли ќе се жалиш дека сум пишал дека три години збор за Заев не си пишал? Патем, јас нема да застанам да зборам и покрај заканите “продолжи да збориш, ќе видиш ти”.“Гугни бе, ќе ми снема лента”, пишува Стоилковски во обраќањето до Коневски.фото: ФБ Наум Стоилковски

Македонија | пред 5 години

vakcina-elizabeta

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓиргиевска прими вакцина против Ковид-19

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓиргиевска денеска прими вакцина против Ковид-19.Ѓоргиевска веста ја сподели на социјалните мрежи. објавувајќи и  фотографии.-Детска и превентивна стоматологија-вакцинирани!- напиша таа во описот на споделените фотографии.фото: ФБ Елизабета Ѓоргиевска

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Царовска: Главен столб на новата концепција на основното образование е родовата рамноправност којашто носи придобивки за сите

Борбата за родова еднаквост продолжува низ сите системи, низ семејниот образовниот и државниот апарат секојдневно се бориме да воспоставиме рамноправно општество, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на јавната трибина на тема "Безбедноста на жените во дигиталниот простор" : Моја слика, мое право, по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.Таа нагласи дека може да постигнеме рамноправно општество во целост само доколку имаме системи на заштита, но и системи на едукација паралелно и на момчињата и на девојчињата.„Родовата рамноправност е добробит за сите, затоа што таа не е борба меѓу девојчињата и момчињата или мажите и жените и едните и другите имаат рамноправна положба да дадат максимум во реализација на своите знаења, вештини и само такво општество може да биде развојно и прогресивно“ порача Царовска.Царовска додаде дека низ образовниот систем мора да се постават основите на рамноправност.„Затоа главен столб на новата концепција на основното образование е родовата рамноправност, инклузивноста и мултикултурата, затоа што тие вредности се граѓански, цивилизациска придобивка, а се европска стандард и мора да ги внесеме кај нашите деца од најмала возраст и од тие граѓани подоцна да очекуваме да се однесуваат согласно вредностите што се прифатени од нашата држава, порача потпретседателката Царовска. фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Свикана 57 седница на Советот на општина Охрид

Усвојување на Записниците од 53 та, 54 та, 55 та и 56 тата седницаПредлог – одлука за донесување детален урбанистички план во УЗ 8, УБ 8.3, општина ОХРИД, плански период 2016-2026.Предлог – одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти.Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работата на Територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година за периодот од 01.01.2020 – 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програма за детска заштита за 2020 година, за период од 01.01.2020-31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита за периодoт од 01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог- одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2019 – 2021 година за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за други комунални услуги   за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило  за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка  на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2020 година и Извештајот за годишниот  попис за 2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07.2020 до 12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2019 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Братство – единство“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОМУ„Методи Патче“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2019/2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот извештај и Годишниот извештај за работењето на ЈП ВОДОВОД Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2020година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Грaдски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до  12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештај од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар – Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020.  

Македонија | пред 5 години

dete-vardar

Маж паднал во Вардар кај ПИОМ - не го нашле, МВР вели пронајдено починато лице во Долно Лисиче

Маж вчера попладне паднал во реката Вардар во близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, по што се претпоставува дека се удавил, а телото се уште не е пронајдено, соопшти полицијата.„На 07.03.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на ПИОМ, машко лице паднало во водата. Од извршените пребарувања, телото не е пронајдено,“ се вели во полициското соопштение.Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.Во денешниот полициски билтен се јавува и за тело на починато лице на брегот на Вардар во скопското село Долно Лисиче, кое било пронајдено вчера околу 15 часот. Од МВР не откриваат ништо повеќе за овој случај, освен дека по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Османи во Ватикан на средба со монсињор Пол Ричард Галагер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Рим оствари средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.Централно место во разговорите зазеде перспективата на меѓусебните релации и проактивна улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласија дека историското апостолско патување на Папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година, донесе нова димензија во речиси тридецениското односи, исполнети со пријателство и взаемна почит.„Сите дипломатските напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот Регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација.“, истакна Османи, при што беа поздравени нашите напори и споделенанадеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.Беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.фото: Министерство за надворешни работи

Македонија | пред 5 години

osmani

Османи во Рим се сретна со иселеници, пописот главна тема на средбата

Во рамки на работната посета на Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средби со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората на Република Северна Македонија во Италија.Се разговараше за различни теми од интерес на дијаспората, за нивните загрижености, потребите, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за унапредување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Северна Македонија.Секако посебен акцент на средбата беше ставен на спроведување на Пописот 2021, кој од 1март оваа година, се спроведува за оваа категорија на наши државјани.„Ова е за прв пат да се спроведе операција за попишување и на дијаспората, што претставува дополнителен предизвик, но и обврска да имаме успешен процес. Стекнувајќи се со правилни податоци, ние ќе добиеме вистинска слика за бројноста и распоредот на нашите граѓани во странство, што ќе овозможи да ги креираме и политиките со кои ќе овозможиме поквалитетни услуги и за претставниците на нашата дијаспора.“, истакна Османи, информирајќи ги нашите граѓани за деталите и можноста да се само-попишат, или самостојно да се регистрираат, преку он-лајн апликацијата изготвена од Државниот Завод за Статистика.„Сите капацитети на Амбасадата во Рим и Конзулатот во Венеција, Ви се на располагање. Попишувањето е лесно, едноставно и брзо, достапно на осум јазици, меѓу кои и македонски, албански и англиски. Ние отворено ја бараме и очекуваме вашата поддршка за да ја пренесеме информацијата до нашите граѓани во странство за важноста на овој процес. Отворивме и активни телефонски линии кои се поставени на веб страната на Министерството за надворешни работи, а кои се соодветно опремени и со современите дигитални алатки како што се Вајбер и Ватсап, за полесен пристап од било каде и од било кого“, истакна Османи.Во рамките на средбите Министерот информираше и проектите кои Министерството за надворешни работи ги презема за унапредување на комуникацијата со дијаспората, како што е проектот „Е-конзулат“ со кој се предвидува дигитализација на поголемиот број услуги кои им се од важност за нашите граѓани кои се наоѓаат во странство.

Македонија | пред 5 години

izet-medziti

Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Пратеникот Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Тој вели дека продолжува да биде гардиан на политиките и идеалите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ.Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото на Меџити до претседателот на Собранието, Талат Џафери.Почитуван претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери,Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РСМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволува, туку и ја промовира и иницира дебатата, а со тоа и различното мислење, не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект.Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво двоумење во себе, на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело.Различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, додека силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа.Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и заради не создавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.Продолжувам да бидам гардиан на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ, кои во сите изборни циклуси ни го дадоа најсилното оружје во наши раце, за да го оствариме она што го ветивме и за што сме се заложиле пред нив. Ова беше и ќе остане мој идеал, а не личните позиции и привилегии.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kina-korona-2

Денеска 11 починати и 316 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.Регистрирани се 681 оздравени пациенти од:Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп - 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод - по 1.Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.Направени се 1.562 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-0, Биотек-247, Жан Митрев (Филип Втори)-138, Систина-304, лабораторија Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-28, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 164, активни 4215Куманово 16, активни 345Прилеп 34, активни 690Тетово 12, активни 259Гостивар 10, активни 182Штип 6, активни 109Кавадарци 13, активни 496Велес 8, активни 228Битола, активни 208Охрид 9, активни 440Струмица 5, активни 177Струга 5, активни 175Кочани 5, активни 104Кичево 1, активни 42Неготино 13, активни 304Гевгелија 7, активни 270Свети Николе 1, активни 22Крива Паланка 1, активни 118Ресен, активни 61Дебар, активни 16Делчево 1, активни 50Радовиш 1, активни 14Берово, активни 29Пробиштип, активни 34Виница 2, активни 24Валандово, активни 24Крушево, активни 75Богданци 2, активни 62Кратово, активни 25Демир Хисар, активни 23Демир Капија, активни 31Македонски Брод, активни 5Македонска Каменица, активни 2Пехчево, активни 3Дојран, активни 1Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

raskovski

Скандал: Рашковски купил софтвер за полицијата кој МВР не знае ни дека постои

– Владиниот Генерален секретаријат, во времето на Драги Рашковски, набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба и осум месеци откако е платен. Рашковски вели дека се координирал со надлежни институции, но во МВР не само што не знаат за набавката туку и не планираат да ја користат, објави „360 степени“.Емисијата „360 степени“, ќе се емитува вечерва.

Македонија | пред 5 години

lidija-dimova

Поради коронавирусот, се одложуваат сослушувањата на Димова, Гочев и Павлиду, кои се гонат за проневера на Националната агенција

Поради коронавирусот, се одложуваат сослушувањата на осомничените Лидија Димова, Александар Гочев и пензионираната благајничка Ана Павлиду, кои се гонат за проневери на европски пари преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вели дека постапката е во тек, но оттаму не прецизираат дали истата ќе се прошири и на други лица, како и дали во скоро време ќе биде поднесено обвинение. Според сознанија на „А1он“, причината што досега не се ислушани сите осомничени е решението за изолација кое го добиле Димова и Павлиду.„Истражната постапка за која покажувате интерес е во тек и е согласно законскиот рок предвиден за истрага. Освен прибирање материјални докази до сега е сослушано едно од осомничените лица, додека сослушувањето на другите две осомничени лица беше одложено поради примена на здравствените прописи. Овие осомничени ќе бидат сослушани откако надлежниот обвинител ќе добие потврда за нивната здравствена состојба и способност да дојдат и да дадат исказ“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „А1он“.Досега, од осомничените исказ пред обвинител даде само Зоран Златковски, сопственик на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, која доби над 270.000 евра пари за едукација. Но, исплатата на парите е стопирана од новиот директор Марко Ѓоргиески. Освен Златковски, неофицијално, исказ во Обвинителство давале и соработници на Националната агенција, кои се поврзуваат со апликациите на Златковски, односно „В.Е.З. Трејд“. На сите осомничени лица, освен Павлиду, им се одземени пасошите со одлука на кривичниот суд.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

ВМРО ДПМНЕ: Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од африкански сој на КОВИД 19 и дали е во карантин?

Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо д-р. Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на КОВИД 19 и дали после тоа отишол во карантин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.Тие во соопштнието додаваат:Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на КОВИД 19, исто како што беше Цаца Билјановска?Додека народот се мачи со КОВИД, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации.Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во Битола и Охрид

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид на 06.03.2021 го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Битола и Охрид.По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела. Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce

(ВИДЕО) Филипче: Полицискиот час засега ќе трае две недели, но ќе видиме дали ќе има нови препораки

Полицискиот час засега се предлага за две недели колку што трае еден епидемиолошки циклус, но тоа може да се измени, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.– Евидентно беше дека во текот на изминатите десетина дена се зголеми инциденцата на нови случаи во Скопје, Кавадарци, Неготино и во Охрид и тоа се одрази со зголемен прием во болниците. Во Кавадарци е исполнето одделението и почна да работи модуларната болница, исто е и во Прилеп, а во Скопје се врати во функција модуларната болница, сите интерни клиники се спремни како што беа во ноември. Ударот не е толку нагол како во ноември и тоа е значајна разлика. Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се постигне некое плато, но мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла е препораката на Комисијата да се ограничи движењето после 22 часот – истакна Филипче.Засега нема да има целосно затворање за време на викендите.  Тој уверува дека има доволно слободни болнички кревети и дека ситуацијата не е толку критична и ризична.видео: МИА 

Македонија | пред 5 години

15

Будете мудри, храбри, и достоинствени, вели Георгиески во 8 мо мартовската честитка

Им го честитам 8ми Март, Меѓународниот ден на жената на сите жени во нашата држава. Будете мудри, храбри, и достоинствени. Вие сте нашата поддршка и водилка кон подобра иднина.Во таа чест денеска им подарив каранфили на жените во новиот затворен пазар во нашиот град. Тоа е само мал гест за нивната големина.Ви благодарам што не бодрите и секогаш покрај нас.Честит 8 Март, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

avtobus

140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај

Вкупно 140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај.Од нив 41 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 99 апликации за меѓународен превоз на патници.Врз основа на прелиминарната распределба:- За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 16 апликации и 25 се одбиени.- За меѓународен превоз на патници одобрени се 67 апликации, 10 апликации се делумно одобрени и 22 се одбиени.Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-belgrad

Снаата го претепала свекорот, несреќниот маж пренесен во болница

Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село синоќа бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа.Тетовкста полиција работи на расчистување и документирање на случајот.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

Kastriot-besa

И БЕСА против предлогот на Заев за широка Влада со опозицијата

Од партијата БЕСА, коалиционен партнер во Владата, не гледаат причината за формирање широка влада најавена од премиерот Зоран Заев. Пратеникот Кастриот Реџепи, ја коментираше можноста за широка влада најавена од премиерот Зоран Заев. Тој вели дека не гледа причина за широка Влада.„Не гледаме причина за широка влада за која пред два дена зборуваше Заев. Таква влада треба само кога има криза. Засега мнозинството е стабилно“, рече Реџепи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев до сите 120 пратеници: Талат Џафери ме извести дека ви го доставил нашиот закон за амнестиј за 27 април, има ли сега храбар пратеник да го стави на дневен ред

-Единствена Македонија на 17 февруари 2021 во Собранието поднесе предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка. Во својство на претседател на Единствена Македонија, Талат Џафери повратно ме информираше дека согласно Деловникот за работа на Собранието, предлог - законот е доставен до сите 120 пратеници. Инаку, станува збор за целосен законски текст кој сега е потребно да биде процесуиран од овластен предлагач на закони, вели во своето обраќање до пратениците Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Бачев во продолжение додава:Сега се е во ваши раце како народни избраници. Според член 71 став 1 од Уставот на Република Македонија, право да предлага закон има секој пратеник. Значи секој од вас 120-те пратеници може да го стави законот на дневен ред..Затоа, се обраќам до вас, било кој пратеник или пратеничка група да започне законодавна иницијатива во Собранието по предлог законот за амнестија. Со ваквиот чин ќе дојде и до своевидно помирување во земјата дотолку повеќе што во историјата на земјата е давана амнестија за лица кои учествувале во напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на државата, додека пак, сега се бара амнестија за активности на лица во одбраната на уставниот поредок откако непромислено политичката криза во која беше заглавена земјата од криминалниот се префрли на етничкиот терен со промовирањето на т.н. сеалбанска платформа за редефинирање на уставниот поредок на Република Македонија.Лицата на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова добива на тежина ако се знае дека на своевиден начин е потврдено при давањето на мандатот за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност.Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината.Очекувам од вас како народни избраници да бидете на висината на задачата, дотолку повеќе што во јавноста излегоа и доволно податоци дека лицата за настаните од 27 април се осудени врз основа на изјава на лажен заштитен сведок.Ние во Единствена Македонија како вонпарламентарна партија можеже до тука. Има ли сега храбар пратеник во Собранието кој ќе го стави на дневен ред и усвојување законот за амнестија, со што, неправедно осудените лица за 27 април ќе си заминат дома кај своите семејства!? - потенцираше Бачев.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања