Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

policija-skopje-koronavirus-4

Предложено е да се воведе полициски час во Македонија

Министерстeрот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Македонија | пред 5 години

2

(ВИДЕО) Пресечен меѓународенканал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

На 07.03.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава.МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана,а акциите продолжуваат и во наредениот период“, рече Ангеловски. видео и фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Foto.Vaska_.M

Посебен фонд за опоравување на женското претприемништво

Женското претприемништво може да даде значен придонес во поттикнување и развој на претприемништвото и економијата воопшто, но за таа цел неопходна е вистинска поддршка за преживување во услови на криза. Сојузот на стопански комори на Македонија, Здружението на бизнис жени и Федерацијата на фармери покренуваат иницијатива за формирање на посебен фонд за финансиска поддршка на женското претприемништво и истакнува барање да се овозможи изготвување на родово поделени статистики за справување со проблемите од кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на женското претприемништво.Валентина Дисоска претседател на Здружението на бизнис жени изјави дека во услови на пандемија, кога значително се променети условите за работа, женското претприемништво претрпе сериозни последици кои за жал не се комуницираат од институциите, а поддршката е недоволна и многу често недостапна за претпријатијата во сопственост на жени.„Деловната активност на жените е најчесто во микро и мал сегмент кој е на стаклени нозе и се покажа за особено ранлив во услови на криза како оваа предизвикана од пандемијата. Во изминативе години работевме на зајакнување и зголемување на овие претпријатија, некои имаа поголем, некои помал напредок, но тој напредок се изгуби со пандемијата. Дел не можеа да ги искористат можностите за користење на мерките бидејќи немаат знаење ни можности да се посветат на апликациите, додека дел не можеа да ги исполнат критериумите затоа што имаат намален број вработени поради ударот од кризата, и така се создаваат се поголем број затворени микро и мали претпријатија и уште поголем број невработени. Товарот на згрижување на фамилијата, учење од дома, и работа од дома најчесто паѓа на жените претприемачи кои водат микро и мали претпријатија.“, изјави Дисоска потенцирајќи дека се бара изготвување на родово поделени статистики за справување со проблемите од кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на женското претприемништво.Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери истана дека проблемите со кои се соочуваат жените од руралните средини како социјална исклученост, невработеноста, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, ограничени пристапи и понуда на образование, станаа многу видливи за време на пандемијата. Работата на жените од руралните средини е зголемена, а нивниот труд и понатаму не е вреднуван. Повеќе од 21% од жените велат дека го намалиле обемот на работа заради потреба од дополнителна грижа во домот. Околу 64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.“Сакаме уште еднаш да истакнеме дека бараме реализација на мерката 115 од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој која не е реализирана од 2019 година односно сеуште не се објавени резултатите од апликациите за 100 руралните жени кои треба да добијат грантови во насока инвестирање за јакнење на нивното земјоделско стопанство. Минатата година доставувавме дописи и низ разговори инсистираме на реализирање на оваа мерка, но за жал таа сеуште не е реализирана. Добро е што оваа мерка е влезена и во Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2021 година, но важно е да има реализација односно средствата да стигнат до претприемачките“, истакна Мојсовска.Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори истакна дека жените имаат потреба од ефективна поддршка сега повеќе од кога и да било.„Жените претприемачи краткорочно ја насочуваат, адаптираат и пренаменуваат својата деловна активност, но имаат голема потреба за подобри можности за обука, финансиска поддршка и помош при планирање и реструктуирање на деловните активности. Во таа насока по примерот на многу други земји бараме и кај нас да се формира посебен фонд за поддршка на женското претприемништво кое е значително погодено од ковид кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на претпријатијата раководени од жени. Во досегашните пакети за економска помош имаше многу скромна поддршка за овој важен сегмент на економијата“, изјави Кулабанова.На жените им е потребна поголема поддршка преку пристапот до финансии и фондови, до информации, пристап до знаење и стекнување на нови вештини, но и поддршка за ускладување на работните и семејните обврски.Фото: Сојуз на стопански комори

Македонија | пред 5 години

Zaklina-Peshevska

Пешевска: Денес е денот на нејзиното височество – жената, бидете горди, што сте жени, среќен 8-ми март

Ви се обраќам на овој посебен ден за нас жените, Меѓународниот ден на жената, кој се празнува низ целиот свет. Своевремено, Клара Цеткин во 1911 година за прв пат го организирала овој ден на жената, како резултат на нејзината борба за женски права. И во 21 век ние говориме и се бориме за женски права и рамнопра, истакна Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.Пешевска додаде:Бидејќи и покрај многуте закони во нашата земја, сепак во изминатиов период бевме сведоци на низа дискриминации на жените,• Како што беше случајот со родилката од Дебар.• Текстилните работнички ширум земјата во време на пандемијата.• Жените вработени во приватниот сектор, кои и во време на пандемија одеа на работа.• Мобингот врз вработените во општина Лозово и мобингот низ многу институции во државата.• Скандалот со групата „Јавна соба“ на телеграм, преку која се вршеше насилство врз жени и девојчиња и уште многу други случаеви.Пандемијата не уназади во женските права бидејќи откако се затворија градинките и училиштата, жените во поголем дел останаа дома, се грижеа за домот и семејството, некои ги загубија своите работни места и со тоа жената стана уште поранлива.Сите податоци покажуваат дека во време на пандемијата има зголемување на семејното насилство за 45%, од кои што најголем број жртви се токму жените.Владата носеше мерки, за кои немаше родова анализа и сите мерки допринесоа за устоличивување на родовиот стереотип дека жената треба да биде само мајка и домаќинка.Не можам, а да не ги спомнам здравствените работнички кои беа најизложени во борбата со короната, со што ја заслужуваат сета наша почит и благодарност. Тие се херои на ова време.Сите овие случувања покажуваат дека треба уште поревносно да се залагаме за женските права, треба да го кренеме гласот за секој еден случај на дискриминација или насилство, говор на омраза, па во таа насока, јавно ги повикувам сите женски политички организации да се обединиме и заедно да се избориме за заштитата и унапредување на правата на секоја една жена во Република Македонија.Ние, жените го заслужуваме тоа.Жената е таа која има дарба да дарува живот, жената го трасира патот на своите деца и ако таа е столб на семејството, тогаш можам слободно да кажам дека жената е столб на општеството.Ние жените покрај тоа што сме успешни мајки и домаќинки, сме успешни деловни, вработени жени, во сите сфери во општеството.Денес е денот на нејзиното височество - жената!Бидете горди, што сте жени.Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено нежни и внимателни.Среќен 8-ми март!фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

protest-4-1

ВМРО ДПМНЕ: Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев, криминалната влада на стаклени нозе

Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада.На криминалецот Заев треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз.Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира.Свесен дека секојдневно расте револтот во сопствената партија како наближуваат изборите, Заев се обидува преку лично храбрење и храбрење на неговите најблиски соработници да купи уште некој ден плус за да целосно ја опустошат Македонија.Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи.Никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат, ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

davkova

Сонувајќи вакцини, но и умирајќи без нив, вели Гордана Силјановска Давкова

Во САД се надеваат дека со вакцинацијата на 70-80 % од населението, летово може да се очекува колективен имунитет. Во Македонија, вакцините ретко доаѓаат, а кога ќе дојдат, лесно се бројат, заради минимални дози, како што тргнале работите, некој(а) очекува природно да стекнеме колективен имунитет до летото, напиша во својата објава пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.Силјановска Давкова во објавата додава:Имаше ли македонската власт стратегија и посегна ли по тактики во процесот на обезбедувањето вакцини? Не. Кога Русија, пред повеќе месеци ни понуди помош, „прозападниот“ премиер промтно го одби предлогот. Во него препозна „источна опасност“, а очекуваше „западна солидарна акција“? Не, во отсуство на капацитет ниту за рационална, ниту за инкременталистичка политика, владата и премиерот реагираат ИНТУИТИВНО!Откако нацијата „Чекан“ ни стана, чекајќи владина проактивна имунизирачка акција, при што, мнозина, за жал, ги изгубија животите, стигна помошта од Србија. Одеднаш, нашиот невиден владеачки СОЈ, на кој само соевите на Ковид 19 може да му конкурираат во мутирањето, сфати дека во битката со вирусот, нема место за Запад- Исток „ логика“!Белким по првите 3000 дози од „Спутник“ вакцината, ќе следат други и нови, без оглед од каде и кого. Сепак, едно знам: нова политика со оваа власт не бива, ама нови непристојни отстапки и скандали сигурно ќе има, напиша во својата објава пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.фото: ФБ Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.

Македонија | пред 5 години

Isceznat

72 годишниот Љупчо Илиевски излегол од својот дом по што му се губи секаков траг - семејството бара помош

ФБ Објава:На 07.03.2021 год во 16:00 часот,Љупчо Илиевски кој има 72 години, излегол од својот дом во Маџар маало и од тогаш му се губи секаков траг. Ве молиме за помош, ако некој го видел да не контактира на овие броеви 070-355-243 и 070-288-716Фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

rodova-ednakvost

Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува”

По повод Меѓународниот ден на жената, денеска со почеток во 15:00 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне петтиот Марш за женски права.-На овој протестен марш под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува” заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација, велат од Платформата за родова еднаквост, кои заедно со активистки за женски права го организираат осмомартовскиот марш.Оттаму велат дека маршираат бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираат за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба” и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираат за да ги потсетат институциите, МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанат додека не се исполнат навните барања.-Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба”, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени.Сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.  Професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции, се барањата на Платформата.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Растурена свадба во Тетово со стотина гости, затворен познат хотел

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, објави  „Плус Инфо“.Полицијата го привела управителот на ресторанот, поради непочитување на протоколите за забрана за големи собири и веселби.Повеќе детали за настанот утре.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Spasovski-Forum-na-Zeni-na-SDSM

Спасовски на онлајн трибина на Форумот на жени на СДСМ: Ќе формираме посебна единица за борба против родово насилство

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва се обрати на онлајн трибина организирана од Форумот на жени каде најави дека наскоро ќе се форимира посебна единица на Министерството за внатрешни работи која ќе се бори против родово базираното насислтво.„Горд сум што напорно работевме на подготвувањето на Законот за спречување на семејното насилство заедно со невладиниот сектор и надлежното министерство да ги елиминираме сите досега осознаени проблеми и кочници во постапувањето при откривањето и превенирањето на појавите на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство. Меѓутоа, ние сите знаеме, дека само усвојувањето на нови законски одредби не може во целост да го реши проблемот, потребна е силна комплексна активност на сите чинители во овој синџир на превенирање и постапување и тоа, од МВР, Јавното обвинителство, судовите, социјалните служби, образованието, граѓанскиот сектор, медиумите и сите други општествени чинители кои имаат надлежност и одговорност во оваа сфера. Во тој контекст МВР активно работи на барање нови форми за зеднички партнерски пристап со невладиниот сектор и граѓаните, особено девојчињата и жените кои најчесто се жртви на вакви подмолни облици на деградирање. За таа цел, Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави. Нашето искуство во министерството за внатрешни работи за формирањето и ефикасноста на делувањето на овие форми е исклучително позитивно и покажува дека вакви мешовите облици на стратешко и оперативно зедничко делување на повеќе надлежни институции секоја во својот делокруг, доведува до брзи реакции, брзи завршници. Исто така, оваа еднициа ќе креира стратегија и планови за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни оргаани, како и други адекватни активности во медиуми, образованието и во сите други области кои мора да бидат активни чинители во синџирот на постапување.Потпретседателот Спасовски потенцираше дека Министерството за внатрешни работи е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата, дека и полицијата е место каде жените можат да напредуваат и да извршуваат важни и одговорни позиции.„Горд сум на процентите кои покажуваат зголемување на учеството на жените во управувачката структура на министерството кое јас го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Во 2015 година нема ниту една жена командир на полициска станица, а сега има неколку, како на пример во Куманово, на најголемиот граничен премин „Богородица“ во Гевгелија, но и во други неколку градови“ посочи Спасовски.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

deve-bair

Уште една успешна акција на МВР - пресечен меѓународен канал за шверц на хашиш

Уште една успешна акција на МВР. Полицијата прекина уште еден канал за меѓународен шверц, овој пат на хашиш, кој од Албанија преку Македонија требало да заврши во Турција.Нашата полиција, според извори на порталот Центар упатени во истрагата, каналот го пресекла на граничниот премин Деве Баир, а приведен е и албански државјанин.Од МВР детали за акцијата најавуваат за утре.

Македонија | пред 5 години

denis

„Недостасуваат гласни смеења“, и на Денис од Центар за јавно здравје му е преку глава од цел ден корона, вакцини, ВМРО и СДСМ

Иако уште на самиот почеток на пандемијата предлагав и не се правев ниту паметен ниту видовит туку едноставно ја гледав ситуацијата на терен, еве и денес пак ќе прашам затоа што факт е дека уште ќе потрае ова лудило:Зошто ниедна телевизија не наоѓа време да одвои во својата програма да ги пушти филмовите Тесна кожа или Жикина династија, сите делови и други?Зошто ги нема Викенд на мртовци, Балкански шпијун, Ко то тамо пева, Маратонци трче почасни круг, Татко на одредено време и други?Зошто немаат време за Театарче лево ќоше или серијата Комедијанти, Балкан експрес, Камионџии, Бољи живот и други?Зошто не изнаоѓаат термин за К-15, Топ листа надреалиста или Монти пајтон, прашува Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје во објава на својот ФБ профил.Тој во својата објава додава:Навистина не ми е јасно како сите овие месеци, всушност година и кусур не увидоа дека она што многу премногу им недостасува на луѓето е да се насмеат во текот на денот. Пушти телевизија и цел ден е Корона, вакцини, ВМРО и СДСМ. Знам, јасно ми е дека тоа за жал ни е секојдневието ама и во такво секојдневие може да се најдат 2-3 саати во денот, време во кое луѓето ќе успеат малку да се одморат од притисоците, да одвојат време за себе и своето физичко и психичко тело кое ни е бајаги нападнато од многу страни.Во тие неколку саати ќе успеат да се ја вратат насмевката, онаа прекрасна душевна убавина очигледно многу исчезната.Недостасуваат комедии, недостасуваат опуштања, сами или во друштво на тие со кои живееме. Недостасуваат гласни смеења. Она гласно сите да те слушнат кога се смееш на Хер Шика .Апел до сите телевизии, отворете и прочепкајте во базите што ги имате, сигурно има нешто да се најде со што ќе им донесете дневна релаксација на вашите гледачи. Заменете една турска серија од тие 5 или 10 што ги пуштате со некоја комедија. Немам ништо против тие серии ама вметнете нешто смешно. Ем погледана програма ем сте го постигнале и тоа како потребниот ефект кај гледачите - насмевка на нивните лица.Можеби и нешто сте пуштиле ама пуштајте повеќе, пуштајте почесто. Пуштајте многу повеќе и уште почесто. Нема зијан има само огромна добивка .Има уште многу серии, филмови, скечеви, треба само да ви текне. Не се правам паметен, само сум реален , напиша на својот ФБ профил Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје .фото: ФБ Денис Јанкуловски

Македонија | пред 5 години

nikolov

Штипскиот градоначалник во седумдневна самоизолација, имал контакт со заболено лице

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата попладнево ја сподели на фејсбук профилот, а на кој пишува дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-07.03.2021

Ковид-19 може да предизвика сериозни крварења во гастроинтестиналниот систем

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се манифестираат и со обилни крварења или со акутно воспаление на панкреасот. Затоа е потребно лекарите да бидат внимателни и да не ги потценуваат или занемаруваат раните и благи гастроинтестинални симптоми. Ова се главните препораки од деветтата онлајн дебата која ја организираше Лекарката комора на РСМ со цел овозможување на подобра комуникација и размена на искуства меѓу здравствените професионалци за лекувањето на пациентите инфицирани со вирусот кој веќе една година го држи светот во пандемија.Научен соработник д-р Дафина Николова од Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија објасни дека најчест гастроинтестинален симптом кој го добиваат пациентите е дијареја која се јавува кај 30% од инфицираните, а потоа следува губење на апетитот кај 26.8% од пациентите. Пациентите чувствуваат и гадење и/или повраќање (3.9-10.1%), како и абдоминална болка/дискомфорт (1.1-2.2%).Таа потенцираше дека кај болните кои имаат само гастроинтестинални симптоми често е одложено дијагностицирањето на Ковид-19, што ги прави овие пациенти извор за расејување на вирусот.„Потребно е високо ниво на свесност кај клиничарите, бидејќи овие пациенти се хоспитализираат во не-КОВИД центри што може да претставува опасност за останатите пациенти и персоналот. Лекарите треба да бидат внимателни и да не ги потценуваат или занемаруваат раните и благи гастроинтестинални симптоми и да се сомневаат на можна Ковид-19 инфекција, дури и кај пациенти со претходна постоечка гастроинтестиналнa болест“, истакна д-р Николова.Пациентите со воспалителни цревни болести, иако имаат повеќе рецептори за поврзување со вирусот, сепак имаат еднакви шанси како и општата популација за инфекција."Потребен е индивидуален пристап кај секој пациент, а пациентите кои имаат влошување на цревните симптоми, потребно е најпрво да се тестираат за SARS-CoV-2 вирусот, за да се разграничи дали станува збор за Ковид-19 инфекција манифестирана само со гастроинтестинални симптоми или пак за влошување на воспалителнита цревна болест. Во однос на нивната хронична терапија во случај на инфекција со коронавирусот постојат прецизни препораки кои треба да се применуваат во консултација со лекар“, изјави д-р Николова.Во однос на вакцинацијата на пациенти со воспалителни цревни заболувања генерална препорака е дека пациентите треба да се вакцинираат кога ќе имаат прилика за тоа. Одложување на примањето на вакцина треба да се направи само ако болеста е во фаза на влошување. Употребата на имуносупресивна терапија не треба да ја одложи вакцинација, туку пациентот треба да се вакцинира кога прима најмала доза на системски кортикостероиди. Може да се прими било кој тип на вакцина во две дози. Вакцинација се препорачува и кај пациентите кои биле инфицирани со Ковид 19 и тоа 4 недели по почеток на симптоми или 4 недели по позитивен PCR кај асимптоматски пациенти.Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, потенцираше дека во третманот на пациентите со Ковид-19 се забележани случаи на обилни крварења во гастроинтестиналниот систем и кај пациентите кои немале претходно заболување.„Имавме случај на 17 годишна пациентка со обилно крварење од ректумот, која на клиниката беше донесена во многу тешка состојба со потреба веднаш да се даде трансфузија на крв. Пациентката добро реагираше на лекувањето и крварењето беше запрено. Вакви случаи на гастраинтестинални крварења сè почесто сретнуваме, без наод на видлива причина за крвозагуба, па се смета дека крварењето настанува како последица на Ковид-19 вирусот и примената терапија за негово лекување, пред се антикоагулантана терапија“, објасни проф. д-р Гривчева Старделова.Д-р Владимир Аврамовски од Клиниката за гастроентерохепатологија појасни дека болеста се јавува во три фази и во секоја може да се јават различни гастроинтестинални манифестации.„Лекарите мора да ги разликуваат фазите на болеста и точно да одредат пациентот во кој стадиум се наоѓа за да може да донесат правилна одлука за тоа која терапија е најадекватна. При одредувањето на терапијата мора да се има предвид и ризик стратификацијата според различни критериуми, како што се возраста, гојазност или присуството на други заболувања “, изјави д-р Аврамовски.До скоро немало докази дека корона вирусот може директно да ги инфицира клетките на панкреасот, но поновите студии докажале дека тоа е можно и треба да се внимава."Она што е важно е дека секогаш пред да се постави дијагноза за акутен панкреатит предизвикан од SARS-CoV-2 неопходно е да се исклучат сите други можни причини и доколку има основ за друга генеза на акутниот панкреатит, се смета дека инфекцијата со SARS-CoV-2 не е причинител, туку e коегзистирачка", објасни д-р Аврамовски.Во дискусијата лекарите опишаа и случај на млада родилка која во текот на инфекцијата со Ковид-19 добила сериозно воспаление на панкреасот, по што се утврдило дека причината била блокада на жолчните канали, а не директно SARS-CoV-2 вирусот. Пациентката била успешно излекувана со заеднички пристап на специјалистите од клиниките за гастроентерохепатологија и за инфективни болести.Фото: Лекарска комора

Македонија | пред 5 години

vakcini-sputnik

Пристигна првата пратка вакцини „Спутник V“

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник V“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин ги пречека вакцините.Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје.Вакцинацијата со руските вакцини ќе започне во среда.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска од КОВИД 19 починати 10 лица и нови 333 случаи позитивни на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 268 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Прилеп - 28, Куманово – 20, Крива Паланка – 14, Велес – 9, Тетово - 6, Битола, Кичево и Гевгелија – по 4, Кочани, Берово и Пробиштип – по 3, Гостивар и Богданци – по 2, Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево - по 1.Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,70г,70г) 2 пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по 1 пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.Направени се 2.529 тестови преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-315, Биотек-377, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина-319, лабораторија Лаор–555, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 240, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 182, активни 4327Куманово 20, активни 352Прилеп 9, активни 700Тетово 15, активни 271Гостивар 6, активни 181Штип 1, активни 117Кавадарци 22, активни 568Велес 7, активни 242Битола 11, активни 219Охрид 20, активни 463Струмица 3, активни 190Струга 2, активни 180Кочани 1, активни 101Кичево 2, активни 46Неготино 8, активни 318Гевгелија 4, активни 278Свети Николе 2, активни 25Крива Паланка 2, активни 128Ресен 7, активни 62Дебар 1, активни 18Делчево, активни 66Радовиш 1, активни 16Берово 1, активни 31Пробиштип, активни 34Виница 1, активни 23Валандово, активни 36Крушево, активни 81Богданци 1, активни 67Кратово 2, активни 28Демир Хисар 1, активни 27Демир Капија, активни 32Македонски Брод 1, активни 6Македонска Каменица, активни 2Пехчево, активни 3Дојран, активни 1фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев најави кадровски промени во раководството на СДСМ

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев најави кадровски промени во раководството кои ќе следат по изборите за претседател на партијата, на кои кандидиран е само тој.„СДСМ е партија во која владее демократијата но сакаме да дадеме шанса за уште поголема присутност на различни мислења, за дополнително да ја зајакнеме демократијата. Многу важен елемент е да ги отвориме вратите и за сите оние кои не мора да имаат книшка од СДСМ, но веруваат во социјалдемократските вредности и проевропските политики“, посочи Заев во интервју за Слободен печат.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

07032021_PVRSM_Zaev_intervju_Slobodna_TV-2

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината на државата кон нејзината цел. Ако одиме со 100 км на час, ќе одиме со 150“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на прашањето за соработката со опозицијата за важни прашања за граѓаните.„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Отидовме во Парламентот заради тоа што е ковид криза и преку закон да дефинираме заеднички да влеземе во реализацијата со опозицијата. Најголемиот проект, кој што го финансираме со наши пари и за коj ЕУ ни вели ако го спроведете ќе ви дадеме грант од 50% од вредноста. За да застанеме заедно и за да ја убедам опозицијата реков тие да бидат мнозинство во изведувањето на овој голем проект. Ние, ако сме власт, ќе бидеме малцинство. Плус да имаат и во контролната улога, во собраниската комисија која што ќе го следи проектот, и таму да бидат мнозинство. Од нашите редови е министерот за здравство и доволно е тоа. Значи првоодговорен за реализација и првоодговорен за контрола да бидат од опозицијата. Со 2.000 амандмани го блокираа законот“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.Тој додаде дека истата пракса опозицијата ја применува и за другите закони од интерес за граѓаните и за напредокот на земјата.„Тргнавме со Законот за бесправни градби. Гледам нашиот министер Бочварски се обидува со претседателот на собраниската комисија Мисајловски да тргне постапката за усвојување на законот. Законот за енергетска ефикасност, со 50 милиони евра од Светска банка, е исто така блокиран, а тој треба да биде наменет на болници, градинки, училишта. Проектот трамвај на тркала, еколошки проект за кој издвоивме 70 милиони евра, исто така закочен. Блокиран е и законот за земјоделците за откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица, што значи дефинитивно за сето ова ни треба човек од другата страна за разговор со чувство за овие работи“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

07032021_PVRSM_Zaev_intervju_Slobodna_TV-2

Заев: Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен за корупција

„Во борбата со корупцијата и криминалот важна е пораката од оној што е фатен на другите да не им текне да прават незаконски дејствија. Овие денови додека зборуваме на телефон, луѓето обично користат апликации, и јас им велам слободно зборувајте никој друг нема да се нафати да прави нешто за да лежи 12 години затвор. Пораката на санкцијата, на казната, е да не се повтори никогаш повеќе“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ и „Слободен Печат“.„Во кампањата „Вистината за Македонија“ објавивме 36 бомби и пораката на крајот секогаш беше никогаш да не се повтори. Расчистувањето со претходниот режим е сериозна активност на оваа Влада. Сите зборевме за стотици милиони или милијарди украдени пари. Тие пари „бушат“ системи. Не е лесно да придвижите процеси на најтранспарентен и отворен начин каде што новинарите очекуваат за секое рочиште да завршат процесите. Дали со ослободителна или осудителна завршница, процесите завршуваат. Најважниот за прислушувањето е пресуден. Вториот, делата за изборите кои што го викаат „Титаник“ е исто толку важен. И сите други“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.Тој додаде дека мора да бидат „впрегнати механизмите на реакција“ и граѓаните да пријавуваат, да го дадат својот придонес за да се добијат индиции, а институциите потоа имаат механизми како да ги процесираат сторителите.„Денеска пред правосудството имате исправено градоначалници од СДСМ, политичари од СДСМ и се борат за својата правда да докажат дека се невини. Законот мора да важи за сите. Дали се случува корупција на пониско или на високо ниво, таа еднакво е болна за општеството. Да му земеш 50 евра на сиромашен човек за нешто што му следува е катастрофа, тоа ја урнисува душата. Тоа болно и не е дозволиво за никого“, потенцираше претседателот на Владата Заев, и додаде дека правдата мора да ги опфати сите по хоризонтала во царината, во полицијата, во здравство, во образование, како и оние по вертикала, односно високата корупција.„Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен во државата. Ние мораме да се разбудиме сите и да знаеме. Домашни странски инвестиции ако постои корупција нема да има. Колку повеќе ја откриваме и колку повеќе доверба се враќа во системот, толку повеќе ќе има инвестиции. Затоа така ја структуриравме Владата со потпретседател за борба против корупцијата, и тоа генералниот секретар на СДСМ, за да има моќ да се бори и да се соочи со секој“, нагласи премиерот Заев за Слободна ТВ.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите седум дена имаме одличен резултат, Македонците во странство масовно не се попишуваат

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја известува јавноста дека во првата недела од пописот во странство имаме одличен резултат.Тие во соопштението велат:Македонците во странство масовно го пифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, досега се попишани околу 20.000 лица од кои дури 90 отсто не се Македонци.Браќа Македонци и сестри Македонки, продолжете со овој тренд и понатаму да не се попишувате. Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа Македонија дефинитивн го губи темелот на државноста, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати. Настрана фактот што бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство и податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје.Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.фото: Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објавувајќи статус на својот профил  на ФБ соопшти дека се лекува на Инфективната клиника, е стабилна, вели министерот за здравство, Венко Филипче.-Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, истакна  Филипче.Мицкоски е хоспитализиран на инфективната клиника. Тој синоќа се пожали дека има температура, јако главоболки и тешко дишење.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

pozar-tetovo-1-1

Пожар во Тетовското село Вешала, повреден еден пожарникар

Еден пожарникар е повреден при обидот за гаснење на пожар што избувна утрово во станбена куќа во планинското село Вешала во Тетово. Како резултат на брзото ширење на пожарот, пламените јазици зафатија три помошни објекти на куќата, при што сите делови се целосно изгорени, објави alsat.mk. Текстот во целост на: alsat.mk. фото:  alsat.mk. 

Македонија | пред 5 години

Goran-Milevski-1

ЛДП не се сложува со идејата за широка влада: „Ако си се сакат, нека си се земат“

Претседателот на Либерал-демократската партија, Горан Милевски ја отфрли идејата за широка Влада што вчера ја наметна премиерот Зоран Заев.-Ако си се сакат, нека си се земат. ЛДП на таква свадба нема да присуствува, напиша кратко Милевски на Фејсбук.фото: PRTSC ФБ Горан Милевски

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Досега попишани 32752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората.Оттаму велат дека бројот на попишани расте секој ден, а иселениците можат да се самопопишат до 21 април.„ Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено“ додаваат од ДЗС.Ги охрабруваат и мотивираат иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид, загина едно лице

Тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Охрид - Струга во близина на автобуска постојка.„Сообраќајна незгода се случи на стариот пат Охрид – Струга во близина на автобуска постојка, помеѓу автомобил и велосипедист. Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.Неофицијално дознаваме дека велосипедистот им подлегнал на повредите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања