Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

policija

(ВИДЕО) Ноќниот радар на МВР „лови“ несовесни возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи, изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.Видео: МВР

Македонија | пред 5 години

zurka-6

Прослави, свадби, приватни журки во клубови зад заклучени врати, инспекторите неможат да постигнат

Голем дел од угостителите не ги почитуваат протоколите за работа на кафулињата и рестораните. Ретко каде масите се оддалечени 1.5 метар и само со 4 гости. Се организираат прослави, свадби, приватни журки во клубови зад заклучени врати, се работи и после полноќ, објави СДК.МК.Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат велат дека имаат полни раце работа откако пред месец и половина на угостителите им беше дозволено повторно да работат до 21 часот.Во Инспекторатот имале дојави и за организирање на журки во клубови од Скопје, иако тие имаат забрана за работа. Преку Вибер група се праќаат пораки, а потоа журката со стотина гости зад заклучени врати се одвива до утринските часови.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

ljubco

Љубчо Георгиевски: Јас не сум ништо друго освен Македонец

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели дека тој не е ништо друго освен Македонец.Одговарајќи на прашање како ќе се определи на претстојниот попис во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Георгиевски вели дека и тука и во Бугарија кажал дека тој не може да се определи како ништо друго освен како Македонец.-Јас тоа секаде сум го кажувал, дури и во Бугарија а последен пат токму на нивното радио Фокус, пред три дена ми го поставија истото прашање. И ним и на сите им велам, јас освен Македонец, не можам никако да се определам, изјави тој.Во емисијата тој уште еднаш ги повтори своите позиции во однос на историските спорни прашања со Бугарија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

МВР - Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица. Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

158039427_4016450318411458_8684290030944678325_n

Една минута молк - да одадеме почит на загинатите полициските службеници

По повод 7 март, Меѓународниот ден за сеќавање на загинатите полициски службеници, Македонскиот полициски синдикат репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи на Република Северна Македонија се придружува во подршката на овој ден - кога ИНТЕРПОЛ ја повикува глобалната заедница да запре и да оддаде почит на полициските службеници кои ги загубиле своите животи заштитувајќи го мирот,безбедноста и уставниот поредок во државата, велат од полицискиот синдикат.Тие ги повикуваат сите членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија,денес со едноминутно молчње да одадеме почит на нашите загинати колеги.Истовремено ги повикуваме сите релевантни фактори во Република Северна Македонија да оддадат почит на загинатите полициски службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.Како репрзентативен синдикат во Министерсвото за внатрешни работи активно работиме на заштита на нашите членови и сите вработени во Министерството во делот на иницирање на итна набавка на заштитна опрема и униформа за нашите колеги.Од полицискиот синдикат истакнуваат дека имаат издвоивме значителна сума на средства од синдикалната членарина за да секој од членовите биде дополнително осигуран во Осигурителната компанија ТРИГЛАВ 24 часа за несреќа при работа, проект со кој се единствен синдикат во репубиката.Во чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места, во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и локалната самоуправа организираме меморијални турнири, и останати спортски активности .Секоја година традиционално нашите синдикални преставници по повод 8 март денот на мајката ги посетуваат мајките на нашите загинати колеги и со скромен подарок им се заблагодаруваат што родиле син херој!!Македонскиот полициски синдикат воедно го изразува своето длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи.Нашите херои кои положувајќи го , сопствениот живот носејќи ја полициската униформа, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат.Генерации на кои им останува обврска да водат грижа за тие ХЕРОИ , никогаш да не бидат заборавени, велат од полицискиот синдикат.фото: Македонскиот полициски синдикат

Македонија | пред 5 години

mijalkov-sud-2-1

ВМРО ДПМНЕ: Две недели молк за бегството на Мијалков, дали намалувањето на казната на Мијалков е дел од договорот со Заев?

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена. Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата?Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор?Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија?Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна.Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zemjotres

Земјотрес од 3 степени синоќа во Маврово

Земјотрес со јачина од 3 степени бил почувствуван вечерва во мавровскиот регион, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот кој е регистриран во 22.43 часот, е 14 километри јужно од Гостивар, на длабочина од 1 километар.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

marihuana

На ГП „Богородица“ запленет камион со марихуана

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР.Во Гевгелија денеска се одвива и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица.Од МВР повеќе детали за овие две акции најавуваат за утре.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-2

Голема акција на МВР во Гевгелија, запленета голема количина на дрога

Во Гевгелија во тек е акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога. Неофицијално запленети се околу 200 килограми марихуана, а има и приведени лица.Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mickoski-111

Мицкоски поминува низ пекол со короната: Тешко дишам, глвата ми пука од температура

По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа изборен законик на пет минути пред почеток на кампања, во услови на пандемија, карантин, пакети, ја задожија државата за повеќе од една милијарда евра, пљачкаа и пљачкаат сѐ уште и што ли уште не… Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник, напиша на својот ФБ профил предмалку претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците , на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам.Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас.Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!фото: PRTSC ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

ginekologija-1

Лекар нападнал медицинска сестра на Гинекологија

Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор.На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од 33 годишен охриѓанец, вработен како доктор.Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.фото: 24Vesti 

Скопје | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска нови 722 нови случаи на Ковид 19, а оздравени 186 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:Скопје – 50, Прилеп - 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово - 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип - по 1.Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.701 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 375, активни 4309Куманово 20, активни 353Прилеп 44, активни 719Тетово 22, активни 262Гостивар 23, активни 177Штип 15, активни 118Кавадарци 35, активни 549Велес 11, активни 245Битола 25, активни 212Охрид 16, активни 444Струмица 10, активни 187Струга 10, активни 178Кочани 10, активни 104Кичево 5, активни 48Неготино 13, активни 310Гевгелија 29, активни 278Свети Николе 5, активни 24Крива Паланка 14, активни 140Ресен 5, активни 55Дебар, активни 17Делчево 2, активни 66Радовиш 5, активни 15Берово 5, активни 33Пробиштип 2, активни 37Виница, активни 23Валандово 3, активни 36Крушево 5, активни 82Богданци 9, активни 68Кратово 1, активни 27Демир Хисар 1, активни 26Демир Капија 2, активни 32Македонски Брод, активни 5Македонска Каменица, активни 2Пехчево, активни 4Дојран, активни 1фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nikola-srbov

Кога го слушам Љубчо Георгиевски ми станува јасно зошто ВМРО ДПМНЕ после него стана најмоќниот политички субјект, вели Србов

Кога го слушам Љубчо Георгиевски денес ми станува јасно зошто ВМРО ДПМНЕ после него стана најмоќниот политички субјект. Никола ги прекина сите овие кафански муабети за историја и почна да води политика, така станавме моќни пошто народ гласа за политика, па дури и за националните прашања (каде е засегната историјата) треба политика со знаење а не прераскажување на раскази за 45-та и што ти ја знам, напиша на својот ФБ Никола Србов, од ВМРО ДПМНЕ.Србов во својата објава додава:Не знам каква била дневната политика во 90-те пошто тогаш ме интересирало - што ќе правиме денес со другарите у маало, но ако било вака како што кажува Љубчо дека на секое видување они зборувале за комити и војводи тогаш јасно е зошто ВМРО после него стана најголема политичка партија.Фото: PRTSC ФБ Никола Србов

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Ахмети не се сложува со Заев: Опозицијата треба да е критичар на власта

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ,  коалицискиот партнер во власта,  не се сложува со ставовите искажани од премиерот Зоран Заев во кои ја отвори можноста опозицијата да стане дел од власта. Амети денеска во тетовско Доброште изјави дека нема дијалози за создавање на, како што рече, некое партнерство за коалиција.–Мислам дека овие се некои настани кои произлегуват од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција. Опозицијата како и секогаш има цел да ги кажат нивните забелешки бидејќи улогата на опозиција секаде е иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес и нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството, истакна Ахмети.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

ВМРО-ДПМНЕ би преговарала за експертска влада до предвремени избори, но само ако Заев не е премиер

Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада.Заев денес потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори.А, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

sputnik

Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда

Имунизацијата со руската вакцина „Спутник В“ која во нашата земја треба да пристигне утре, се очекува да започне в среда, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче. Тој објасни дека завршени се сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.-Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови, многу веројатно е дека вакцинацијата ќе започне во среда. Од рускиот прозиводител нашата земја има потпишано договор за купување на 200 000 дози вакцини - рече Филипче.Исто така завршени се сите административни работи, размена на документите и во постојана комуникација сме околу испораката и на кинеските вакцини од производителот Синофарм, посочи Филипче. Во нашата земја, во месец март според најавите на прозиводителот Фајзер треба да бидат испорачани 21.060 дози вакцини, а исто така треба да пристигнат и вакцини од прозиводителот Астра Зенека, кои се обезбедени преку Ковакс механизмот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Antonijo-Milososki-06.03

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и е потребна нова Влада, сегашното мнозинство е неефикасно, а власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на прашањето колку е прифатлив предлогот на Заев за широка влада, Милошоски истакна дека Заев со денешната изјава потврдил дека на Македонија и е потребна нова Влада, како и дека ова мнозинство е неефикасно, а ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска влада која ќе организира локални и предвремени парламентарни избори.Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира, истакна Милошоски.Милошоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

Заев им понуди коалиција на вмро, двете партии што се најголеми џелати на Македонија, вели Божиновски

Заев им понуди коалиција на вмро. Двете партии што се најголеми џелати на Македонија. Почнувајќи од криминалната приватизација, 10 години режим на вмро, систематско пљачкање на народот и државата сакаат да се здружат, напиша на својот Фб профил Божидар Божиновски.Божиновски во својата објава додава:Што имаме од тие 30 години? Имаме 455.000 сиромашни кои живеат со под 100 денари на ден. Имаме генерации млади избркани од својот дом во странство. Имаме најниски плати во Европа, најлошо образование, здравствен систем кој убива, канцероген воздух поради нечии профити да се гори тука ѓубрето од Европа, имаме робовски систем од двете партии да имаат свои поданици кои за да преживеат мораат да се послушни, имаме владеење на неправдата и закони кои важат само за сиромашните, имаме тајкуни и ебиветри кои ги создадоа двете партии, локални шерифи кои владеат со секој град, имаме партизирани јавни институции, живееме во земја која троши најмногу лекови за смирување по жител во Европа. Имаме и броеви за лечење деца на кои им се потребни сум колку што чини една нивна вечера. Имаме и хибриден режим, криминалци и на слобода и на власт, местени тендери...Ваква коалиција би била најдобра за македонскиот народ. Двете партии наеднаш да заминат во историја, напиша Божиновски на ФБ.фото: PRTSC ФБ Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.Тој рече дека се анализираат зголемените бројки во текот на оваа недела и согласно тоа од понеделник здравствените власти ќе го кажат својот став дали ќе има нови мерки или не.„Ги следиме бројките и на почетокот на следната недела ќе излеземе со став. Засега во ниеден град не се исполнети условите да треба да има ограничување на движењето“, рече Филипче.Министерот информира дека според анализите, голем број од новите случаи се должат на т.н. британскиот вурис, над 70 проценти, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.Според него, денеска треба да се стави во функција модуларната болница во Скопје, до Инфективната болница. Кадарот е подготвен и ќе работи по принципот на ротација.Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничуивање на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, во предвид доаѓаат и такви мерки.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско

На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вoТетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години. Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pavle

Богоевски: Додека Сашо бил во бегство, му пратил смс порака на Геро, дали непријавување на таквата комуникација е помагање?

Додека Сашо бил во бегство, му пратил смс порака на Геро. Сигурно поради општопознатата објективност, непоткупливост и непристрасност на вториов, напиша на својот Фб профил Павле Богоевски.Тој во објавата додава:Шегите на страна, дали Героски ја пријавил пораката и комуникацијата со лице кое тогаш било недостапно за органите на прогонот во надлежните институции?Вештачењето на пораката може да укаже на локацијата од која е пратена. Дали евентуалното непријавување на таквата комуникација може и треба да се смета за помагање???Е, Геро, Геро...

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев со понуда до опозицијата: Ајде заедно во Влада

Во интервју за Слободен печат премиерот Зоран Заев за прв пат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата.„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Прв пат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас -премногу ни е поделен народот.Второ, да ја департизираме администрацијата, а тоа е можно ако двете страни се внатре. Клиентелизмот во судството и во администрацијата ќе исчезне.  Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Вакцинацијата со Спутник ќе почне следната недела, здравствениот систем е спремен и за оваа вакцина

Во вчерашното гостување на Сител ТВ во Дневникот, министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. Оваа вакцина се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашиот здравствен систем е веќе подготвен."Најавата е дека ќе стигнат во недела со специјален транспорт преку компанијата DHL со соодветно пакување, ладен ланец со запазување на тие температури. Ова е вакцина која за разлика од Фајзеровата се чува на температура на -18 до -20 степени за што нашата структура е спремна. После преземањето, ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на имунизација во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи и дозволите коишто треба да се добијат од страна на агенцијата Малмед за коишто треба да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите добивме, така да очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано еве во текот на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник Б." - изјави министерот Филипче.Министерот за здравство Венко Филипче ја најави динамиката на пристигнување на вакцината Спутник Б во нашата држава. За почеток вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде наменера за 3000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација."Овој момент меѓу другото исто како и на почетокот разговаравме за тоа како понатаму ќе оди испораката, ова е вакцина којашто ќе биде наменета за 3000 граѓани, заради тоа што првата вакцина и ревакцина се практично со различен вектор, зема обврска компанијата да за најмногу 3 недели односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација, стигнати дополнителните 3 од ревакцините, а се разбира во меѓувреме чекаме информации за останатата динамика." - кажа министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

geroski

Героски: Се зголемува паниката кај власта, не му е лесно на Заев

Притворот на Мијалков, му помага на Мицкоски. Според информациите што ги добив од одредени уредници од медиумите според нивните анкети, партијата ВМРО-ДПМНЕ стои подобро од СДСМ, релевантен е истражувачот, тој што ја спровел анкетата, а тоа би било добра вест за приврзаниците на опозицијата, истакна Бранко Героски во гостувањето во емисијата „Само интервју“.Героски додаде дека со тоа се зголемува паниката кај власта, не му е лесно на Заев.„Да се разбереме и таму не е лесно, затоа што имам некои информации дека, не знам колку се тие точни ќе видиме, љубопитен сум дали ќе се остварат таквите прогнози дека на претстојните локални избори ќе има многу независни листи, има доста структури кои што не се задоволни од партијата СДСМ“, појасни Героски.извор: Канал 5 

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Надминати проблемите со документацијата за кинеските вакцини, сите ќе пристигнат одеднаш

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Сител истакна дека надминати се проблемите со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.-Ние тоа го направивме со цел да ја забрзаме постапката. Отпосле не информираа дека се потребни на нивно барање, некои дополнителни документи и за наша сигурност се врати уплатата. Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш, истакна Филипче. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања