Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Arsovski-05.03.2021

Арсовски: Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски, ги укинува катедрите по македонски јазик и македонска книжевност

Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна Бугарија. Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци, иистакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Документот објавен во медиумите од филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ги потврди тврдењата на Претседателот на МАНУ, господин Коцарев и професорката Котеска, дека Зоран Заев на најдрзок и најбезобразен начин преку своите инсталации сака да ги укине македонските катедри за македонска книжевност и македонски јазик.Со ова Зоран Заев сака да го обезличи и осакати македонскиот народ, укинувајќи му ги катедрите по македонски јазик и македонска книжевност.Намерата да се укинат катедри за македонски јазик и книжевност значи целосна капитулација на државата и народот, со што директно остава простор да се избрише македонскиот јазик од официјален јазик.Ова значи целосна демакедонизација на македонскиот народ и држава, во насока на изјавите на Бучковски и Георгиевски кои пак се аминувани од Заев дека немаме сопствена историја и јазикот ни е вештачки, што е спротивно на реалноста.Лудилото на власта и Заев е веќе повеќе од очигледно, а ние ја повикуваме јавноста будно да ги следи делувањата и изјавите на оваа тројка Заев, Бучковски, Георгиевски, и секогаш кога ќе има опасност за идентитетските прашања заедно со нас бурно да реагира.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот

Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот.– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, изјавија за „Слободен печат“ од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.извор: „Слободен печат“

Македонија | пред 5 години

sobranie

Измените на Законот за државјанство, не се изгласаа

На денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност пратениците не гласаа за Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, бидејќи нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани за текстот, кои се дадени на превод.Дополнително, пратениците од СДСМ и коалицијата се изјасниле дека нема да го поддржат Законот истакнувајќи поголем број причини за тоа.Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека тие се екслицитно против овој закон поради поголем број причини, меѓу другото и поради фактот дека не е во согласност со Европската конвенција за државјанство. СДСМ, како што кажа, не поднесе амандмани, но предлага општа расправа за темата за државјанства.Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативе ќе го блокираат секој закон што ќе дојде во Собрание, без разлика за каков закон и да станува збор. Ова денеска од собранискиот прес-центар го изјавија претседателите на партиите, Зијадин Села и Африм Гаши.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

kino-kultura

Кино Култура под клуч, поради финансиски проблеми

Од почетокот на годината Кино Култура е под клуч. Причините за затворањето на објектот , во кој настани одржуваа претставници на нашата прогресивна уметничка и општествена сцена, се финансиски проблеми.  Отворен пред пет години како одговор на режимската култура на поранешната власт, Кино Култура сега веќе е историја, објави Телма.Подршката од Општина Центар што започна за време на градоначалникот Андреј Жерновски, а продолжи со Саша Богдановиќ, се кратела од 4 на 2 милиони денари низ годините, велат од „ Локомотива“, кои делуваа во објектот.Во Кино Култура работеше и независниот „ Театар на Навигаторот Цветко“, на режисерите Слободан Унковски и Ацо Поповски.Текстот во целост на: Телма.фото: Frontline.mk 

Скопје | пред 5 години

05032021_PVRSM_Zaev_novinarski-prashanja

Заев: Повеќе од 30% од произведената енергија е од обновливи извори - блиску сме до европскиот просек

„Сите хидроцентрали кои ги имаме, ветерниците кои ни се поставени, во моментот 30% од државата што произведува енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек. Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија“, рече премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема енергетика.„Фокусот кон just transition или целосно прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производство на енергија со обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во државата. Насочени се сериозни капацитети и ресурси, впрочем тоа се најголемите инвестициски потенцијали што се случуваат во моментов и ќе се случуваат во следните години. Секој објект што се гради во државата или се реконструира е енергетски ефикасен. Максимално користиме поставување на фотонапонски централи на крововите веќе во некои општини, во некои државни институции се работи на геотермалните пумпи, се повеќе се воведува природниот гас дури не почне развојот на мрежата некаде со компримиран гас се загреваат одредени институции со конечна цел нафтата и мазутот да бидат колку што е можно брзо променети. Се што инвестираме во државата од нови објекти се со енергетска ефикасност но тенденцијата е сериозен фокус со сопствени ресурси да преминуваат комплетно на замена на системот со енергетски ефикасни системи“, рече премиерот Заев и ги наброи како примери затворот во Скопје, болницата Букурешт и струмичката болница.Премиерот Заев објасни дека најбрза инвестиција за најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливите извори на енергија.„Овде спаѓаат фотоволтаиците за кои во моментот најмногу се инвестира. Сакам да знаат граѓаните дека тие не одат веќе со фидинг тарифи, ниту со премиум тарифи, туку одат слободни на пазар.Вториот аспект се ветерниците во државата каде се постави инвестиција вредна преку 500 милиони евра. Издадовме три лиценци за коишто се извадени веќе одобренија за градба, односно 30 мегавати во Богданци, 36 во Свети Николе и во Демир Капија уште 30-тина мегавати, значи некаде околу 100 мегавати се произведуваат само преку ветерници. На потегот Куманово - Крива Паланка има потенцијал од 400 мегавати со можна инвестиција без било каква фидинг тарифа“, рече премиерот Заев и додаде дека очекува тендерот за Чебрен овој пат да биде успешен поради добрите условите кои ги дава државата за обновливи извори на енергија.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

korona-2

Нови 843 нови случаи на Ковид 19 денеска и починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово - 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16,Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе,Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.Регистрирани се 333 оздравени пациенти од:Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп - 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија- по 1.Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.519 тестови преку: ИЈЗ-818, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-308, Биотек-306, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина-306, лабораторија Лаор–248, МАНУ-0, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-59, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1056, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-15, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 360, активни 3988Куманово 51, активни 349Прилеп 66, активни 704Тетово 26, активни 254Гостивар 18, активни 159Штип 12, активни 105Велес 30, активни 243Кавадарци 44, активни 539Битола 9, активни 188Охрид 25, активни 428Струмица 33, активни 182Струга 5, активни 168Кочани 16, активни 100Кичево 6, активни 44Неготино 54, активни 305Гевгелија 22, активни 255Свети Николе 2, активни 21Крива Паланка 20, активни 126Ресен 4, активни 50Дебар, активни 17Делчево, активни 65Радовиш, активни 10Берово 2, активни 28Пробиштип 6, активни 37Виница, активни 23Валандово 3, активни 35Крушево 8, активни 81Богданци 11, активни 62Кратово 2, активни 26Демир Хисар 3, активни 25Македонски Брод 1, активни 5Демир Капија 4, активни 30Македонска Каменица, активни 2Пехчево, активни 4Дојран, активни 1фото: Архива

Македонија | пред 5 години

spasov-igor1-1536x864

Игор Спасов обвинет за убиството на Мартин Нешковски, денеска итно бил есктрадиран од Бугарија

Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешковски, денеска итно бил есктрадиран од Бугарија, и веднаш завршил во затворот Идризово на отслужување на казната. Спасов беше уапсен во Софија, по пријава за семејно насилство, по што властите во нашата земја побараа екстрадиција.Тој есента во 2019 година избега, откако му било одобрено болничко лекување. Беше недостапен за властите, а уапсен дури оваа година.Спасов беше осуден на 14 години затвор за ова дело.фото: Канал 5

Македонија | пред 5 години

05032021_PVRSM_Zaev_MTSP_Shahpaska_poseta_gradinka-6

Заев и Шахпаска: Наместо со стиропор сега градиме енергетски ефикасни јавни објекти

„На годишно ниво, заштедите на електрична енергија на енергетски ефикасна градинка одат до 140 илјади денари, средства кои остануваат за градинката, за унапредување на условите за грижа и воспитување на децата“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната посета во градинката „Мајски цвет“ каде заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и пратеничката во Собранието, Марија Георгиевска направија увид на инсталираната опрема за фотоволтаици и фотонапонски систем.Посетата по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност беше токму во градинката „Мајски цвет“ која освен што како новоизградена ги исполнува сите услови за згрижување на децата од предучилишна возраст, е целосно енергетски ефикасен објект.„Паралелно со доградувањето, проектот ги следеше сите критериуми за енергетска ефикасност и за енергетска само-одржливост и денеска оваа градинка си ја произведува струјата за сопствените потреби преку фотонапонски панели кои обезбедуваат во секој момент 3,2 киловати електрична енергија и 300 литри топла вода. Вишокот струја преку двосмерно броило се пренасочува кон мрежата на ЕВН, а хибридните колектори заменуваат 4 стари, енергетски неефикасни бојлери“, рече премиерот Заев и додаде дека е проширен капацитетот на градинката за уште 95 деца со дополнителни 150 метри квадратни.„Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата но и на локалните самоуправи. Во текот на оваа година ќе бидат довршени уште 14 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на проекти за изградба на нови објекти за згрижување на деца. Сите овие градинки, како и другите јавни објекти, целосно ги следат нашите политики за енергетска ефикасност. За здрава животната средина, за префрлување на зелени горива, за намалување на загадувањето, за создавање на зелени зони и за заштеда на трошоците за енергија. Наместо стиропор сега фасадите и другата опрема во јавните објекти се енергетски ефикасни. Секој заштеден киловат-час придонесува кон намалување на количините на изгорен јаглен во термоелектраните, а инвестирањето во енергетска ефикасност создава услови за отворање на нови зелени работни места“, подвлече премиерот Заев и додаде дека досега се конвертираа и изградија повеќе од 100 енергетски ефикасни објекти кои носат финансиски бенефит и подобра животна средина.Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека Министерството има два пристапи, прво, при градењето на установите за сместување на деца од предучилишна возраст, кои ги градиме согласно принципите на енергетска ефикасност и вториот пристап ,учење и воспитување на најмладите, како треба да постапуваат со животната средина.„Сите десет детски градинки отворени изминативе шест месеци го исполнуваат принципот на енергетска ефикасност. Тоа воедно значи дека се почитуваат принципите на најсовремените европски стандарди во поставувањето на хидроизолација, термоизолација, столарија, ПВЦ прозорци, но и користење на енергенси, кои не ја загадуваат животната средина, а се користат за затоплување“, рече министерката Шахпаска.„Општина Карпош е првата локална самоуправа која неодамна постави хибридни колектори на јавен објект“, рече градоначалникот Стефан Богоев и најави инсталирање на мини-фотоволтаична централа, со што ќе ја добиеме и првата енергетска задруга во нашата држава.жфото: Влада

Македонија | пред 5 години

Kostovski

(ВИДЕО) Костовски: СДСМ е за една изборна единица

СДСМ е за една изборна единица, измените на Изборниот законик треба да се донесат со консензус од сите, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на прашање дали неговата партија ќе го поддржи предлог-законот за измени на Изборниот закон на малите политички партии или ќе чека исход од работните групи?„Малите политички партии што се дел од коалицијата на СДСМ со ова барање докажуваат уште еднаш за демократичноста и за ставот дека секој има право на определени свои мислења, ставови и политички влијанија. Ние како СДСМ и во предизборието ветивме дека треба да биде една изборна идиница, меѓутоа за ваква тема треба консензус од сите, а не со надгласување и со расправии. Се надевам дека во една општа, генерална дебата на опозицијата, позицијата, големите, малите, парламентарни, вонпарламентарни партии, ќе се најде консензус за ова прашање“, рече Костовски.Видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Охрид поставивме велосипедски постојки на девет локации

Поставивме велосипедски постојки на девет локации во градот.🔹На улица „Македонски Просветители“ кај трговскиот центар „Амам“,🔹На улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар,🔹Кај меѓуградската автобуска станица во Охрид ,🔹Пред „Маларична“,🔹Кај Факултетот за туризам и угостителство,🔹Во непосредна близина на поштата🔹Пред општинската зграда.🚴‍♀️🚴Градиме здрави животни навики и го редуцираме сообраќајот во градот. Проектот е во вредност од 600.000 денари и општината го реализираше во соработка со ГИЗ и ЗЕЛС, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 5 години

Doc3

Аеродром го одбележува Светскиот ден на енергетската ефикасност

Денеска е Светскиот ден на енергетска ефикасност и добар повод да се потсетиме што и колку енергетската ефикасност значи за нашата општина.  За ефикасно користење енергија во Општина Аеродром говорат многубројните проекти спроведени досега, но и планирани за претстојниот период. Ги заменивме прозорците на училиштата, детските градинки и спортските сали, доделивме субвенции за печки на пелети, инветер-клими и за чистење оџаци.Ги заменивме старите линии за јавно осветлување со нови енергетско-ефикасни и поставивме соларен систем во градинката „Бамби“ како грант од проектот „Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“, што ѝ овозможува на градинката да заштеди дури 65 отсто енергија. Го променивме системот за греење и котелот за нафта го заменивме со печка на пелети во ПОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче во соработка со Бирото за регионален развој.Во рамките на зелената агенда на Општина Аеродром преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“ што е во тек, стотина жители на населбата Лисиче ќе добијат по 10 000 американски долари во денарска против вредност, со цел да воведат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови. Исто така, во Општина Аеродром се изготвени проекти за поставување фотоволтаици на покривите на сите основни училишта, а е изработена и тригодишна програма за енергетска ефикасност 2021-2023.Оваа програма опфаќа енергетска контрола на сите објекти што се под Општина Аеродром, односно за секој објект на детските градинки и училиштата е изготвен сертификат и тие добиваат енергетски пасош. Општина Аеродром веќе една година е вклучена и во проектот „Риплејс“ што е финансиран од Програмата за истражување и развој на Европската унија „Хоризонт 2020“. Овој проект има цел преку различни кампањи и размена на знаење и демонстрација на предностите на ефикасни системи за греење да ги мотивира луѓето да ги сменат своите стари, неефикасни системи за греење со зелени алтернативи.Согласно со стратегиската платформа за локален економски развој 2021 – 2025 на Општина Аеродром, се планира проект за енергетска ефикасност „Замени!“ и заедно со заедниците на станари ќе се заменуваат неефикасните системи за греење и ладење, енергетски ефикасни фасади, како и промена на покривите. Овој проект е планирано да се реализира преку активно партиципирање на Општина Аеродром во EU UrbanMobility програмата.Продолжуваме да работиме на унапредување на концептот на енергетска ефикасност.фото:  Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

studenti-medicina

Медицинска сестра обвинета за примање награда - од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката.Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

smetkovoditeli

ССК: Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји

Сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси. Анкетата што ја направи Комората на сметководители меѓу своите членови покажа дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството. Во такви услови е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија и да се ризикува со добивање на податоци чиј квалитет не може да се гарантира поради условите под притисок под кои работат сметководителите. Од овие податоци во голема мера зависи креирањето на финансиските политики на национално ниво.Изминативе денови Комората на сметководители спроведе онлајн анкета, која покажува дека дури 49.2% од испитаниците биле заболени од корона од почетокот на пандемијата, од кои 54,1% се токму во најкритичниот период за нас, од декември 2020 до март 2021. Или, ако овој податок го проектираме според репрезентативниот примерок на вкупниот број од регистрираните сметководители кои се околу 10.000, заболени биле 4.920 колеги, од кои 2.660 токму во критичниот период. Воопшто не е за занемарување бројката на оние колеги кои иако не биле заболени, биле во изолација поради контакт или заболен член од семејството.„Сумарните бројки покажуваат дека дури кај 64,8% од сметководители, се изјасниле дека се соочиле во сериозно нарушување на текот на работењето поради вирусот. За какви статистички податоци кон Европската Унија зборува министерот, кога поради нивната игнорантност години наназад цела професија тивко умира и просекот на возраст на лицата во професијата е над 50 години“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.Пренесуваме дел од коментарите кои ги добивме од сметководителите на анкетата:Во врска со Вашиот повик за доставување решенија за изолација поради Ковид-19, во прилог Ви доставуваме решенија за 2 од 3 вработени.Од 16.02 сум хоспитализирана и сеуште сум во болнички услови вработена во сметководствоВрз основа на Вашиот апел за крајно сериозната ситуација во која се наоѓаме ние сметководителите, од вкупно 7 вработени, 5 сме во изолација и со тоа сме оневозможени непречено да функционираме во период на истек на рокот за поднесување годишни сметки.Оваа ситуација веќе станува алармантна. Од 6 луѓе останавме на тројца, едноставно физички не се стигнува!Вчерашниот ден ќе биде запаметен. Во 17 часот на само 46 годишна возраст беше погребан наш колега, жртва на Ковид19.„Вака звучат само неколку од многу бројните пристигнати пораки до Комората на сметководители. Она од кое се плашевме и за кое Комората апелира уште од ноември 2020 година кога баравме средба со министерот за економија, за жал секојдневно се остварува пред наши очи. Средбата до денес се нема случено, а институцијата остана глува за сите аргументирани барања на сметководителите“, изјави Андреева.Да потсетиме дека спроведувањето на сите економски мерки за справување со последиците од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид – 19, беше токму на товар на сметководителите. Обврските многукратно се зголемија, а и самите соочени со болеста, знаевме дека навременото, точно и квалитетно изготвување на овие годишни сметки ќе биде претешка мисија. Од овие причини во неколку наврати од Министерството за економија, Владата и сите пратенички групи, се бараше промени во Законот за трговски друштва, во делот на роковите за поднесување годишни сметки, но ниту една од повиканите институции не одговори на барањето. Откако помина разумно време за спроведување на законски измени, повторно се побара од Министерството за економија да се пролонгираат роковите согласно член 477 од Законот за трговски друштва. Одговор се уште нема иако минатата година институциите се повикаа токму на овој член кога на 13.03 го продолжија рокот за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи до 24.03.„Дали и оваа година, како знак на демонстрирање политичка сила повторно ќе се чека до 13.03 за да се донесе одлуката за одложување, а во меѓувреме ќе трае процесот на изживување врз сметководителите, газење врз нивниот дигнитет изложувајќи ги на континуиран стрес“, изјави Андреева.фото: Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија

Македонија | пред 5 години

mavrovo

Засилени инспекции во Маврово: Голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. Досега се инспектирани 18 објекти и утврдено е дека девет не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина.Од ДИЖЗС наведуваат дека голем број угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како на пример хотелите „Радика”, „Бистра”, „Спорт”, „Лодге” и „Алпине”.Помали погони, велат од Инспекторатот, како на пример „ЕуроЕдил”, „Новитет” и „Техно Блок”, сите лоцирани во село Скудриње, исто така, немаат Елаборати за заштита на животната средина и испуштаат отпадни води во реципиент без пречистување.„Сите субјекти кај кои се најдени неправилности се задолжени, согласно закон, најпрво да ја обезбедат потребната документација, одобрени Елаборати за заштита на животната средина, дозволи за испуштање на вода во реципиент, проекти за изведба на пречистителни станици и слично, а потоа ќе добијат соодветни рокови за да ги применат сите неопходни мерки за спречување на загадувањето. До крајот на март ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на сите неправилности“, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.Од таму најавија дека ќе продолжат со активности што ќе овозможат вистинска заштита на природното богатство во Националните паркови.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

koronasvadba

Прекината свадба во Тетово, приведен сопственикот на угостителскиот објект

На 04.03.2021 во 16.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_4400

Спасовски по повод Меѓународниот ден на енергетска ефикасност направи увид во градежните активности на објектот на СВР Куманово

,,Со денешнава посета на СВР Куманово покрај редовниот работен карактер имавме за цел непосредно да направиме увид во досега сработеното во поглед на реконструкцијата и санацијата на објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово. Ова е еден од најстарите објекти можеби и во најлоша кондиција во државата кој што започнавме да го реконструираме и навистина работиме на една темелна и квалитетна реконструкција, особено што мораме да имаме во предвид дека еден дел од зградата е изграден во 1929 година , а во последните 50 години немаме скоро никакви реконструкции или многу мали реконструкции во овој дел. Тоа покажува дека треба навистина сериозно да се зафатиме со реконструкција и токму поради тоа сме посветени во овој период, покрај другите објекти кои што ги работиме на територијата на целата држава, да го завршиме и објектот на СВР Куманово“.Ова денес, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Куманово нагласувајќи дека до сега министерството, за овие три и пол години, реконструирало некаде околу 54 објекти, додека во моментов се работи на реконструкција и санација на четири објекти и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен и Полициските одделенија Маврово-Ростуше и Дојран.“За сите овие објекти се изведува темелна реконструкција. Овде веќе еден дел од објектот е завршен, и ние очекуваме, во рамки на предвидените рокови, некаде најдоцна до први август да заврши целосната реконструкција на објектот на СВР Куманов“, потенцираше министерот Спасовски.Министерот Спасовски ја искористи приликата и во контекст на денешниов Меѓународен ден на енергетска ефикасност, исто така нагласи дека при реализацијата на овие програмски приоритети се водевме од потребата за домаќинско, економично трошење како на вложените средства така и во поглед на користењето материјали што ќе гарантираат значителна енергетска ефикасност и заштеда, без притоа да се намалува на квалитетот или потребните стандарди.“Најголемиот дел од зградите кои што ги реконструираме ги реконструираме со квалитетни материјали, односно материјали кои одговараат на заштитата на животната средина и на здравјето на граѓаните, и материјали кои што нудат енергетска ефикасност. Таков е случајот и со оваа зграда денеска, впрочем се трудиме, покрај создавањето на добри услови за полициските службеници, да користиме и вакви материјали кои што ќе бидат во функција на енергетска ефикасност и заштеда на МВР, меѓутоа даваме и придонес во заштитата и на животната средина и токму затоа конкретен пример може да биде и СВР Куманово каде што започнуваме со гасификација на целиот овој објект а на тој начин допринесуваме и кон оваа цел – да ја заштитиме животната средина“, рече министерот Спасовски .Министерот Спасовски најави дека и натаму ќе продолжиме со вакви активности - создавање подобри услови за работа и поголема опременост на македонската полиција, се со цел подобрување на сигурноста и безбедност на граѓаните.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Енергетската ефикасност и заштитата на животната средина – приоритети во работењето на Општина Центар

Општина Центар во изминатите години активно работи на зголемување на енергетската ефикасност, истовремено водејќи сметка за зачувување на чистата и здрава животна средина.Заложбите на општинското раководство се зголемување на парковското зеленило и зелениот фонд во општината секаде каде што тоа е можно, што е видливо и од досега усвоените планови, каде како обврска, покрај задолжителниот паркинг, се наведува и обврската за вметнување на 20% зеленило во секоја градежна парцела.На последниот повик за реконструкција на кровови на колективни станбени објекти на подрачјето на Центар, за оваа година беа избрани проектите за 25 кровни конструкции и лифтови. Со реализацијата на последните проекти, во соработка со жителите од зградите се поставуваат современи и енергетски ефикасни кровови, а вкупната бројка за изминатите три години изнесува 77 поправени кровови и лифтови.Општината во моментов работи на изготвување проектна документација за поставување на фотоволтаици во сите основни училишта во општината, со што значително ќе им се намалат сметките за струја и греење во зимските месеци, а ќе се подигне степенот на заштитата на животната средина.Досега енергетски ефикасни фасади и покриви, покрај новото ООУ „Киро Глигоров“, се поставени во основните училишта „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“, но и во детските градинки „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка, кој беше целосно реконструиран во соработка со Проектната единица на Министерство за финансии и МСИП проектот, финансиран преку Светската банка.Зелената еко зона, која се наоѓа на скверот Јадран, а е проект на невладината „Go Green“, во соработка со Центарот за развој на скопски плански регион, а финансирана од општината и Амбасадата на Швајцарија во РСМ, во рамки на Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен развој преку Швајцарската агенција за развој и соработка, многу наскоро ќе биде достапна за користење на граѓаните. На скверот се поставени нови бехатон и гранитни плочки, три нови смарт клупи, обновено е зеленилото и поставена е нова урбана опрема.Заложбите за намалување на загадувањето на воздухот, паметното користење и заштеда на енергија, вклучително и заштитата на животната средина се видливи и од секојдневните активности на општината поврзани со одржувањето на хигиената на уличната мрежа, но и со замената на оштетеното и исушено парковско зеленило, кое е под општинска надлежност.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

makedonski-braniteli

На денешен ден пред пред 20 години во близина на Танушевци беа убиени тројца војници на АРМ

На денешен ден пред пред точно 20 години во близина на селото Танушевци на подмолен и кукавички начин беа убиени тројца војници на АРМ. Од подметната мина на албанските терористи загинуваат двајца војници, а од снајперски оган еден војник. Загинатите се:– КАПЕТАН КИРЧО ДИМИТРИОВ (†33) од Виница, капетан на АРМ. Кирчо беше вљубеник од најрана младост и посветен на војската, почитуван и авторитетен старешина. Тој беше поборник за ред, дисциплина, војничко другарство и дружељубие на чесната и одговорна задача на која и ја подари младоста и ги подреди сите други обврски во животот и во семејството. Задачата го однесе на границата кај Танушевци. Зад себе ги остави сопругата Сузана и синовите Дејвид и Даниел.– ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ (†25) од Куманово. Дејан со својата работливост и ангажираност самиот си го одбра професионалниот возачки предизвик и тоа во елитната безбедносна единица на АРМ Шкорпионите. Беше омилен и почитуван од другарите кои со верба влегуваа во возилата со кои управуваше насекаде па и по стрмните гранични меѓи. Беше оженет и татко на две деца.– ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ (†24) од Драчево, граничар во АРМ. Неизвесноста на животот и патриотизмот беа пресудни и Теодор да се пријави и да стапи во редовите на македонските безбедносни сили, како војник по договор. Сметаше дека тоа од него и од младите го бара татковината. Бргу се вклопи во војничкиот строј на АРМ. Немаше за него задачки кои не можат да се завршат. Патролирајќи во граничните меги, од височините на Скопска Црна Гора, крај Танушевци, мислите му беа во Драчево кај неговата ќерка и семејството.ВЕЧНА ВИ СЛАВА ХЕРОИ! МАКЕДОНИЈА И БРАНИТЕЛИТЕ НЕ ЗАБОРАВАТ!Извор: Македонски бранители

Македонија | пред 5 години

protest-6

ВМРО ДПМНЕ: Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје

Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје. Со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град. Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа.  Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на Рузвелтова, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото.Во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

monstrum-8

Покренато обвинение против седуммина учесници на протестот за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. Сите се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Заедно со обвинителниот предлог, скопското обвинителство предложи и да им биде продолжена притворската мерка со цел нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.Имено, Основното јавно обвинителство Скопје ги гони седумтемина обвинети, бидејќи на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver-sasovski

Спасовски: За Сашо Мијалков се води целосна истрага, деталите ќе ги кажиме кога ќе има законска можност

Министерот за внатрешни работи оливер Спасовски на новинарско прашање во врска со истрагата за случајот на Сашо Мијалков  вели дека целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство.– Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

FILIPCE-VAKCINI

Филипче: Навремено пристапивме во преговори со сите компании за набавка на вакцини

Владата од самиот почеток ги користи сите механизми за набавка на вакцини против Ковид 19, не постојат никакви пропусти во административните процедури од наша страна, ги користиме сите можности за набавка на вакцини, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во емисијата „И што сега“ на МРТВ. Министерот рече дека набваката на вакцини во цел свет оди тешко, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини. Филипче посочи дека состојбата е толку неизвесна и толку флуидна што секој ден имаме нови информации, променети рокови или количини и тоа е така секаде во светот.-За вакцни се бори целиот свет, за што поголеми количини на вакцини, а секаде ги нема доволно. Ги нема кај производителите кои први ги завршија клиничките студии, нема доволно количини и кај оние кои нешто покасно ги завршија клиничките студии. Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија Фајзер стигнаа 8000 вакцнини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здрасвтвени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од ковид 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4000 вакцинирани здравствени работници, а од 11 март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината - рече Филипче.Министерот истакна дека компаниите целиот овој период се под огромен притисок од сите земји во светот, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација. Европските земји имаат навистина мал опфат 2,5% вакцинирани во Австрија, под 5% вакцинирани во Германија, во Универзитетската болница во Фракнкфурт од 8000 вработени, вакцинирани се само 500, објасни Филипче, посочувајќи дека во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини.-Целиот овој период отворено и транспарентно споделувавме информации, онака како што ги добивавме од производителите на вакцини. Свесни сме дека и тие компании беа под огормен притисок буквално од сите земји во светот. Конкретно за Фајзер, ни беше најавено дека ќе стигнат дозите во месец февруари и ние тоа го споделивме со јавноста, меѓутоа очигледно под огромен притисок е и самата компанија од буквално сите земји во светот недоволен капацитет дури и во месец февруари и нешто намален за да производствените капацитети се надградат за да може до крај на годината да се испорачат 30% повеќе од тоа што иницијално било планирано. Тоа ја зафати и нашата земја и во таа смисла во првиот квартал во месец март, најавија околу 20 000 вакцини понатаму до 800 000 вакцини распределени во следните три квартали. Тие се информациите кои сега ги знаме и искрено се надевам дека компанијата ќе може да постигне и да го исполни ова што денеска ни стигна како информација. Навистина долго го чекавме договорот, меѓутоа сме исто така свесни дека огромен број на земји го прават истото - рече Филипче.Министерот посочи дека имунизацијата на населението сигурно ќе биде во текот на овој месец, ако се водиме според најавите и на производителите со кои сме во директни преговори, но и според најавите од Ковакс механизмот.-Ги очекуваме вакцините преку КОВАКС системот, и ги очекуваме и руските вакцини имаме иницијална најава од денешните состаноци дека тоа може да се случи викендов. Но потенцирам дека сега имаме искуство, и сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, односно тоа што иницијално им беше ветено и укажано од компаниите едноставно не се случи. И механизмот на солидарност на земјите членки на ЕУ не профункциниора токму поради тоа. Австрија на пример од планираните 230 000 дози за месец јануари, доби 23 000. Бугарија бара вакцини од Германија, но веќе во вториот квартал производствените капацитети на фабриките значајно се зголемуваат и мислам дека огромен број земји ќе го решат проблемот со почетокот на имунизацијата - рече министерот.Филипче потенцираше дека од самиот почеток сите постапки и набавки кои зависеа од нашите институции беа направени во најкус можен рок, како што и во најкус рок ги доставивме сите барања, документи до сите компании, институции со кои комуниицраме и од кои зависи набавката на вакцини. Значи воопшто не станува збор за некаков застој заради наша неподготвеност, туку заради едноставно сложените процедури, одлуките и дозволите на партнерите, објасни министерот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-4

Детали за двојното убиство во Топанско Поле

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „А1он“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пуштил и автоматска пушка.Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.Текстот во целост на: А1он“.

Скопје | пред 5 години

bujar

„Ако треба Бугарите ќе ги додадеме во Уставот“, истакна Министерот Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, синоќа во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека ако им значи на Бугарите, би можеле да бидат додадени во Уставот, иако тоа никој не го побарал во официјалните разговори.„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи.видео: ТВ21,

Македонија | пред 5 години

policija-traka

Двојно убиство во Топанско Поле - изрешетани со калашников

Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје.Жртвите се застрелани во автомобил.. Бројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за убиството.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања