Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

protest-6

ВМРО ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски порачува, македонско малцинство во Бугарија не постои, и директно го негира постоењето на македонскиот јазик

Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја ппсебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи бугари.Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата.Заев трга во последна офанзива за обезличување на државата.ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја.

Македонија | пред 5 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

„Акцискиот план кој го предложи Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија“, вели Димитриевски

Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ.  Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Куманово  Максим Димитриевски.Димистревски во објавата додава:Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.- Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.- Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев:"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како Македонскиот", напиша Димитриевски на ФБ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev33

Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ

Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев, се вели во соопштението од СДСМ.Тие додаваат:Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ. Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljubco

Љубчо Георгиевски предложи пет точки за подобрување на односите со Бугарија

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментираше актуелниот македонско-бугарски спор.-Гледам дека Македонско- Бугарските односи се движат кон нов ќорсокак, а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа. Затоа еве ќе дадам еден предлог, патна карта или акциски план за излез. Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политчко- дипломатски карактер, напиша Георгиевски.Неговото размислување наиде на бројни негативни коментари, а главното прашање кое се поставува е дали премиерот Зоран Заев преку Георгиевски пушта пробен балон- Бугарија да ја признае македонската нација како нација која настанала по 1944 година.-Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина, пишува тој меѓудругото.Во продолжение интегрален текст од објавата на Георгиевски:Гледам дека Македонско- Бугарските односи се движат кон нов ќорсокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа.Затоа еве ке дадам еден предлог,патна карта или акциски план за излез.Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политчко- дипломатски карактер:1.Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.И во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија.Погледнато од Скопје Пиринска Македонија секогаш била Источна.2.Северна Македонија да даде гаранција(најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.3.Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944,И дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина.(Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така,само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми.Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик,со босансакта и царногорската нација и јазик па дури и со македонскат нација и јазик.Но Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија.И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке србски општини.Ама српската наука историографија,лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи.Истата приказна е и со Македонија.Политиката максимално ја дава подршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печататкниги за Македонија како стара Србија,Како ја ослободиле Македонија во балканските војни.Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието,а изгледа ги има доста.Да не спонувам пак дека за Српската црква ние сме тотално срби а И изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.)4.Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ,заеднички без многу детали.И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно.Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест.Според бугрски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани.Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност.Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина.-Македонската страна да се задолжи Во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точна да га дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари.Секој фалсификат да биде финансиски санкционран.-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите,на пример Народна Федеративна Партија???– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности.На пример фактот дека Гоце,Даме,Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот.Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со штоа го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. .Дека официлно писмо и јазика на На сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо.Што се лесно проверливи факти.А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање.5.Инфраструктурните прашања.Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна да ги изгрдат патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда.И преминот Црна Скала мегу Делчево и Кустендил каде патот беше изграде но веке и руиниран.Македонскатта страна како поклон на Бугарија да и изгради втора лента на Преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник лугето чекаат со саати.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

klinika-678x292

Куќен притвор за малолетникот кој со џип удри во доктор на Клинички

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.Јавниот обвинител од судијата за деца побара за малолетникот да определи мерка куќен притвор со која ќе го обезбеди неговото присуство во текот на постапката, како и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа. Судијата го прифати предлогот на обвинителот, па на детето во ризик му определи притвор во траење од 15 дена и одземање на пасошот.

Скопје | пред 5 години

siluvanje

Тетин се обидел да ги силува внуките

Тетин се обидел да изврши обљуба врз своите внуки, соопшти полицијата.Случајот во МВР го пријавила мајката на девојчињата.„На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки“, соопшти МВР во дневниот билтен.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев до Заев: Како опозиционер велеше дека Мијалков украл милијарди евра, колку евра му конфискува досега од украденото?

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев се обрати до премиерот Зоран Заев. Обраќањето на Бачев ви го пренесуваме во целост:г-дине Заев,-„Слушам нешто од твоите фалби по пресудата за Сашо Мијалков дека со предметот Таргет-Тврдина кој бил симбол на борбата против криминалот, си го ослободил патот за правдата, дека правосудниот систем бил независен или како што велиш расцветан како пупка. Кажаното од твоја страна ми личи на еден епитаф на надгробна плоча во едно мало холандско гратче каде пишува - мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент.За кое расчистување со кримналот зборуваш кога твојот личен бројчаник во центарот на Скопје застаре и трокира. Како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитирам: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. Еве петта година имаш влада на СДСМ, а немаш одзмено еден денар од украденото.Да те потсетам, народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените милијарди останат нечепнати.Носител на грабежот кај претходната власт беше токму Сашо Мијалков. Затоа те повикувам Зоране Заев да кажеш колку од украдените евра му имаш конфискувано на Мијалков. Еве ти го и одговорот. Едно големо ништо - нула и тоа од оправдани причини: и јас и ти добро знаеме дека нема да конфискуваш ниту денар оти и твојата власт е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.Конфискација може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено“ - се вели во обраќањето на Бачев.

Македонија | пред 5 години

lisici

Контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и 18 странски државјанки

Ноќва  во 01.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово извршена е контрола во угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, на локалниот пат за с.Сараќино, по пријава дека работел спротивно од Одлуката донесена од страна на Владата на РСМ. При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик.Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

monstrum-8

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите и ќе спроведе постапки овие дела да бидат расчистени

Владата на Република Северна Македонија најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.Во демократски општества секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

721 нов заболен со Ковид-19, 7 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во:Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6, Кочани и Ресен по 5, Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1.Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 3.816 тестови преку: ИЈЗ-600, ЦЈЗ Скопје-96, Авицена-297, Биотек-480, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Систина-318, Лаор–385, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-194, Ремедика-13, ИБЗД Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1157, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 44818, активни 3681Куманово 5567, активни 264Тетово 5446, активни 277Прилеп 5384, активни 641Гостивар 3783, активни 149Штип 3656, активни 125Велес 3452, активни 270Битола 3436, активни 187Кавадарци 3356, активни 591Охрид 3242, активни 426Струмица 2712, активни 180Струга 2409, активни 182Кочани 1822, активни 71Кичево 1777, активни 74Неготино 1230, активни 214Гевгелија 1214, активни 183Свети Николе 1109, активни 26Крива Паланка 836, активни 92Ресен 810, активни 67Дебар 794, активни 43Радовиш 744, активни 26Делчево 742, активни 190Берово 642, активни 25Пробиштип 544, активни 28Виница 521, активни 25Валандово 368, активни 31Крушево 284, активни 74Кратово 277, активни 36Богданци 274, активни 48Демир Хисар 266, активни 16Македонски Брод 252, активни 7Демир Капија 241, активни 31Македонска Каменица 193, активни 3Пехчево 186, активни 4Дојран 95, активни 3

Македонија | пред 5 години

90402FD3-B0AA-4A1E-8EA3-05C4AE44697A

ВИДЕО: Гори “мерцедес” на автопатот Скопје-Велес

Екипа на ТВ21 регистрираже автомобил во пламен на автопатот Скопје – Велес.Според она што можевме да го забележиме на терен, во авотмобилот, а и околу него немаше патници.Причината е непозната, а на терен додека беше нашата екипа немаше ниту полиција ниту противпожарна единица.Станува збор за автомобил марка Мерцедес.

Македонија | пред 5 години

Aleksandar-Pandov

Пандов за приведувањето во полиција: Првпат влегувам во станица, не сум имал искуство

Во текот на вчерашниот ден при контрола на Државниот пазарен инспекторат и полицијата во угостителски објект приведени биле новинарите Миленко Неделковски, Александар Митовски (Инфомакс), но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи приведени се 18 лица затекнати во угостителски објект во Стајковци поради непочитување на мерките за заштита.Пандов за „360 степени“ потврди дека вчера заедно со Неделковски и Митовски биле на прослава по повод пензионирањето на Неделковски. Според него, во 21:25 часот тие веќе заминувале од локалот, но ги пресретнала полицијата и ги повикала да дадат изјави во полициската станица цо Гази Баба.„Точно е дека јас и мојата партнерка бевме во локалот по повод пензионирањето на Неделковски. Јас на себе немав часовник, но мислам дека беше околу 21:25 часот или можеби и 21:30 часот и веќе бевме надвор пред локалот кога полицијата нè повика да отидеме да дадеме изјава. Беа сосема коректни во односот, ние отидовме дадовме изјава и тоа беше тоа. Јас првпат влегувам во полициска станица, претходно сум немал вакво искуство“, изјави телефонски Пандов за „360степени“

Македонија | пред 5 години

milenkoEftov

Миленко Неделковски се огласи за вчерашното негово апсење од кафеана

Миленко Неделковски се огласи на прозивките дека заедно со Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митевски биле во кафана во Стајковци, каде биле уапсени. Според пишувањата, апсењата биле пораид прекршување на ковид-19 протоколите. Истите се случиле негде кон полноќ.„Реално, многу јака забава беше...“, искоментира Миленко Неделковски, без да негира дека биле апсени.Коментар за апсењата досега немаат дадено Владимир Панчевски и Александар Митовски.Инаку, полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“

Македонија | пред 5 години

Screenshot_50

Богојески за Пандов, Миленко, Панчевски: Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава

Првиот човек на „Македонски концепт“, Петар Богојески го искоментира апсењето на Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митовски.„Не е во ред да бидат апсени бидејќи биле на геј забава... и во услови на корона, нормално е да се практикува геј распаљотка! Лично ги познавам господата Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски, Александар Митевски... не е ок да се користи сексуалната ориентација за власта да се одмаздува врз нив! Влада на Република Северна Македонија не може да продолжите со дискриминација на сексуална основа! Срамно е! Не сме 19ти век!“, пишува Петар Богојески.Инаку, полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“.

Коментари | пред 5 години

Screenshot_48

(ВИДЕО) Саботажа на годината: Мијалков, Балашевиќ и 12 годишната казна

„Бистроока Саботажа“, емитувана на 26 февруари 2021 година (петок) на ТВ Алсат-М во емисијата „360 степени“.автор: Среќко Поповскимонтажа: Коста А.

Македонија | пред 5 години

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

„Добро утро господине Мијалков, повелете доручек - касни па ќе шетнеме кај 13часот едно 30 минути во двор“, реакции откако ексдиректорот заврши во „Шутка“

По 12 годишната казна за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи. Секој, различно ја доживува казната за Мијалков:https://twitter.com/sinisa_goliOtok/status/1365584511136899077https://twitter.com/ashe_wdc/status/1365581795589312514https://twitter.com/BORO9999/status/1365522887294205953https://twitter.com/emcheBt/status/1365410337714016259https://twitter.com/Strastniot/status/1365392022677430274https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1365330850536189953https://twitter.com/Azhdajche/status/1365284551824723971https://twitter.com/dzagdisha/status/1365266490807750656https://twitter.com/MKD_Otaku/status/1365265604878475266https://twitter.com/Goran_Man/status/1365265261608189953

Македонија | пред 5 години

mijalkov-protesti-monstrum

„Протести во исти ден со пресудата за Мијалков, за дефокус од 12-годишната казна“, актерот Тасевски со нови дилеми

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи објави дека протестите против пресудите за петкратното убиство на Смилковското Езеро, во исти ден со пресудата за Сашо Мијалков е само дефокус од 12 годишната затворска казна изречена на ексидректорот на УБК.„Туку, што требаше да дефокусира протестот на Албанците за Монструм. Во ист ден со пресудата на Мијалков. Го најавуваа како албанска инвазија. Па тоа мерки за безбедност, супер заштитени челници на државата, па снајперисти по зградите. А уствари заврши со вообичаениот декор и пароли, плус, фрлање камења на полицијата. Локализиран уште на Бит Пазар. Фрлаа камења колку да имаат медиумиве тема за дефокус. Но зошто? Што требаше да се скрие поврзано со пресудата на Мијалков? Кој доби најмногу со неговата пресуда?Изгледа Заев доби уште еднаш ветер во Сидрото од едни странци. Ама баш во Сидрото, зашто познат е по тоа што секоја предност знае максимално да ја покака. Сепак продолжуваме по патот кој води во голема непријатност со тешки тегоби“, напиша актерот Сашо Тасевски.

Македонија | пред 5 години

page

Ја спукаа Јоци и Левица за конфискацијата на имотот на Мијалков: Само ломоти во празно!

Јорданка Ивановска-Јоци со нова критика за „Левица“ чиј лидер е Димитар Апасиев, откако тие побараа конфискација на имотот на Сашо Мијалков. Таа посочи дека тие ломотат на празно, а и самите треба да знаат дека без да има кривично дело при стекнување на имотот, не може ниту да се одземе.„Еве го овој, црново кошулче, барал конфискација преку ФБ статус, ама на луѓето не им кажува дека заплената мора да е поврзана со кривичното дело. Само ломоти во празно! Што ќе му конфискувате вие од ,,Левица" на Мијалков пошто нели глумите ,,Робин Худ"- две коли од двор, од тие постарите? Пошто материјалната штета на Буџетот во ,,Таргет-тврдина" (1,4 милиони евра) - се подели на четворица. Секој треба да плати по 1/4 од сумата. Оштетените за нематеријалната штета беа упатени во граѓански парници да си бараат отштета“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци на „Фејсбук“.

Македонија | пред 5 години

stojance-angelov

Стојанче Ангелов: Иритира фактот дека се протестираше против пресуди за убијци, ова не е помирување!

За вчерашните случувања на протестот против пресудата за петкратното убиство на Смилковското Езеро, свој став даде и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.„Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето со мапи на “Голема Албанија“ и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме… Затоа треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите општествени фактори. Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца… Сето тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца. Затоа апелирам! Не треба така, не е добро така. Штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки помирувањето е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни, пишува на Твитер, Стојанче Ангелов.

Македонија | пред 5 години

pandov

„А1он“: Приведен Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски и Александар Митевски од скопска кафеана

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“„На 26.02.2021 година во 22.00 часот во УО ’Кај Џустра ‘ лоциран на ул.6 бб во село Стајковци, сопственост на Силвана Петковска. Во објектот се затекнати околу 20 лица кои се приведени во ПСОН Гази Баба поради непочитување на мерките за заштита од Ковид – 19,  за понатамошна постапка“, извести МВР.Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.Извор: „А1он“

Скопје | пред 5 години

57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

Ретро видео: Мицкоски пред три месеци кажа дека има антитела, а сега дека е заразен со коронавирус

Пред точно три месеци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телевизиско гостување кажа дека има антитела на коронавирусот, а денеска, објави дека е заразен иако ги почитувал мерките. Досега, нема податок во Македонија дека едно лице е двапати заразено во толку краток рок. Непознаница е како лидерот Мицкоски ем имал антитела, ем сега е заразен.„Имам антитела на вирусот. Можеби сум го поминал на нога што се вели, а да не сум знаел дека го имам. Кај мене двајцата родители беа позитивни. Што ми вели еден доктор, сега имам ковид штит“, рече Мицкоски на крајот од гостувањето во ТВ21 кон крајот на ноември 2020 година.Денеска, Мицкоски објави дека добил позитивен тест на коронавирус.„Иако, ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук. 

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски заразен со коронавирус: Ќе го поминам и ова

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19. Како што информира тој, по забележаните првични симптоми ги добил и резултатите од тестирањето кои поакжуваат дека е позитивен на вирусот.„Иако, ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Сепак пописот почнува: Во понеделник ќе се пребројуваат затвореници, иселеници и бездомници

Во понеделник, 1 март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.Шефот на дипломатијата Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа дека оваа активност ќе се спроведе во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која, како што посочи Симевски, е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана.Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.– ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата, рече Османи.Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за усулгите што им се потребни на иселениците.– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините заошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.Симевски посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.– Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината, истакна директорот на ДЗС .Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:www.stat.gov.mkhttps://popis2021.stat.gov.mk/default.aspxСамопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година.Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)Корисни линкови за ПОПИС 2021:https://www.stat.gov.mk/http://popis2021.stat.gov.mk/Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_44

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Полицијата турна и исклоца старец на протестите на Бит Пазар

На социјалната мрежа „Твитер“ е објавено видео од „Клан Македонија“ на кое се гледа како полицијата кога тргнува да се распоредува кон кордонот, повредува и повозрасен човек, кого го туркаат на земја. Наместо да застанат, тие продолуваат кон Бит Пазар. Видеото предизвика лавина од реакции.https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1365349610353528834На истиот профил на социјалната мрежа, објавена е и фотографија на која се гледа како полицаец му помага на човекот, кој беше турнат.

Скопје | пред 5 години

Screenshot_42

(ВИДЕО) Апсолутен хит од вчерашниот протест: Додека тие дивеат, него мува не го лази!

Видео на МИА направено за време на протестите против пресудите за „Монструм“ е апсолутен хит на социјалните мрежи. Имено, додека демонстрантите маваат по полицијата, фрлаат камња и разни предмети, чин што е за секаква осуда - повозрасен човек седи на клупа и витка тутун за цигара. Видеото наиде на позитивни коментари. Дел од корисниците на социјалните мрежи пишуваат: „Додека тие дивеат, него мува не го лази“.

Коментари | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања